1 нед.
media-librarydbtsv7dgnctu5orRl1Q

Филипче: Пораките на Делчев се потсетник дека Македонија мора да да се движи кон напредок, а не кон изолација

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, испрати порака со оддавање почит кон делото на македонскиот револуционер и визионер, Гоце Делчев."Денеска одбележуваме 154 години од раѓањето на македонскиот великан и револуционер Гоце Делчев, еден од  визионерите кој ги постави темелите на македонската државотворност.Делата на Делчев се нашиот  потсетник дека Македонија се гради со храброст, солидарност и заедништво.Неговата порака за  "светот како поле за културен натпревар на народите“  и денес е јасен повик дека Македонија мора да оди напред, кон  модерна, просперитетна и европска држава, а не назад во изолација.Во време кога државата повторно се соочува со сериозни предизвици, да не дозволиме националните интереси да бидат заложник на дневна политика. Да го продолжиме аманетот на Делчев, да градиме напредна, праведна, демократска и економски силна држава, во која младите и сите граѓани ќе гледаат перспектива. Нека е вечен споменот на великанот Гоце Делчев", стои во пораката на претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-library18kkjg0qj20858jwwpR

Документите за транспортираните мозоци во САД можеби и не се чуваат во целост, вели Алиу кој не верува дека има злоупотреби при извозот кон САД

Министерот за здравство Азир Алиу изјавува дека е побарана детална анализа на сите достапни податоци поврзани со случајот во кој мозоци на починати македонски државјани со психијатриска дијагноза биле транспортирани како чекиран багаж на комерцијални летови во САД и Канада за медицински истражувања.„Барав да ги анализираат податоците поврзани со случајот. Ние не сме надлежни за истражувањата, бидејќи станува збор за истражувачки проект. Секој проект почнува со меморандум. Ние сме надлежни да дадеме дозвола за извоз или увоз на материјал од страна на некоја наша институција и токму во тој дел се фокусираме“, вели Алиу.Тој појаснува дека случајот датира од пред околу 30 години, период во кој, како што нагласува, не постоела Агенцијата за лекови и медицински средства, туку дозволите за ваков вид активности ги издавало директно Министерство за здравство. Според него, токму поради временската дистанца не треба да се брза со информации и заклучоци.Алиу оценува дека постои многу мал простор за злоупотреби, особено имајќи предвид дека, како што вели, втората држава вклучена во процесот е САД, а институцијата која го спроведувала истражувањето е престижен универзитет со научници со светска репутација.„Почнувајќи од себеси, не верувам дека таа држава, таа лабораторија или тој универзитет би дозволиле незаконски внес на материјал“, истакнува министерот.Тој додава дека од работната група конкретно побарал да утврди како бил испратен материјалот и по кои процедури, со цел да се добие јасна и документирана слика за целиот процес.Во однос на документацијата, Алиу укажува дека и според стариот и според новиот закон, постои реална можност дел од документите да не бидат достапни. „Ако земеме предвид дека станува збор за документи стари 30 години, страв ми е дека институциите можеби и ги немаат сите документи“, вели тој, објаснувајќи дека според старите законски решенија документацијата за изнесување биолошки материјал се чувала 15 години, додека според новите законски одредби рокот е 25 години.Министерот потенцира дека јавноста ќе биде информирана откако работната група ќе ги заврши анализите.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryudhg867h5flfdqXFLJB

Мицкоски: Чествувањето на Гоце Делчев нека ни биде пример како треба да ја градиме нашата Македонија

Денес го одбележуваме денот на раѓањето на македонскиот великан Гоце Делчев, човек којшто оставил нераскинлива трага и денес се сеќаваме и исполнуваме на неговото дело коешто го направил и за македонскиот народ но и за Македонија како држава, но и генерално за сите граѓани, изјави премиерот Христијан Мицкоски. „Неговата борба за независна македонска држава, за држава во срцето на Балканот, јас би рекол е епска, за жал прерано го загубил својот живот на 31 година, имал уште многу што да каже доколку преживеел, но за жал не успеал повеќе од 31 година да живее и го положува својот живот повторно со идеалите за македонската држава. Така што уште еднаш денес да си го спомнеме неговиот лик и дело, да го чествуваме и да го сеќаваме и тоа нека ни биде пример како понатаму треба да ја градиме нашата заедничка татковина Македонија“, додаде Мицкоски

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarygpsjqjjgpfhk4GfGY0B

Мицкоски за случајот со транспортираните мозоци: Да почекаме истрагата и Обвинителството да дадат одговор

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека нема јавно да коментира додека не добие поконкретни информации во врска со објавите дека мозоци на починати македонски државјани со психијатриска дијагноза биле транспортирани како чекиран багаж на комерцијални летови во САД и Канада за медицински истражувања.„Не би коментирал јавно додека не добиеме поконкретно. Ова е состојба која се случувала пред неколку децении. Да оставиме истрагата и Обвинителството да дадат одговор на многу прашања“, рече Мицкоски.Во одделна изјава, одговарајќи на прашање што очекува од новиот јавен обвинител кој допрва треба да биде избран, Мицкоски истакна дека приоритет мора да биде расчистување на сите случаи кои со години биле запоставени.„Прво што треба да направи е сите оние документи и случаи кои стоеле во фиока да се истражат. Каде што има дело и докази – да има случај, каде што нема – да се затвори“, изјави премиерот.Тој додаде дека од идниот јавен обвинител очекува да биде „заштитник на правото, генератор на правда и правдина“.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryeb79874sfn40ev4Bmi3

Сејф сити: Од 650 прекршоци, 590 се за пребрзо возење

Во текот на 03.02.2026 година, системот „Безбеден град“ регистрираше вкупно 650 прекршоци. Од нив, 36 биле за минување на црвено светло, 590 за возење со брзина над дозволеното, а 24 за нерегистрирани возила.Дополнително, изречени се 61 забрана за управување со моторно возило.Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и пропишите, со цел да се обезбеди безбеден сообраќај низ целата држава.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-library7efnc1dq4rhedkld1Xc

(Видео) Мицкоски најави жесток одговор за заканите и нарушувањето на јавниот ред на протестите организирани од тие кои немаат возачки дозволи

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека побарал решителна и силна реакција од полицијата за сите кои го прекршиле законот, упатувале јавни закани и го загрозиле мирот и безбедноста на граѓаните за време на вчерашните протести поврзани со одземањето на возилата на лица кои управувале без возачка дозвола.„Разговарав утрово со министерот за внатрешни работи. Тоа што го побарав од него е оној кој го прекршил законот, јавно упатил закани, го загрозил мирот и безбедноста на граѓаните – жестоко да се одговори. И ќе се одговори за да не се повтори тоа дивеење вчера што се случи“, рече Мицкоски.Изјавата на премиерот доаѓа по серијата протести и блокади на патишта, при што дел од демонстрантите палеа и гуми и отпад и влегуваа во вербални конфликти со полициските службеници. Протестите се реакција на примената на измените на Законот за прекршоци, со кои е предвидено задолжително одземање на возилата на лица затекнати како управуваат моторно возило без положен возачки испит.

Настани | пред 1 седмица

1 нед.
sar-planina-2

„Еко свест“ бара итен нов Закон за природа: Постојниот е застарен и нештитен за природните богатства

„Еко свест“, заедно со уште 14 граѓански еколошки организации побара од новиот министер за животна средина Муамет Хоџа итно да се донесе нов закон за природа. Во писмото упатено до министерот, граѓанските организации го потенцираат проблемот со неефикасните механизми за заштита на природата и притисокот од инфраструктурните и другите развојни проекти врз природните предели и вредности и нагласуваат дека прашањето за заштитата на природата не се третира како приоритет во државата.„Природата секогаш била предмет на уништување на сметка на профитот и инвестициите. Сведоци сме дека граѓаните сѐѐ почесто се принудени самостојно да се обидуваат да спречат штетни проекти во нивната средина, бидејќи постојните механизми на актуелниот закон не успеваат навремено да ги идентификуваат или спречат штетите врз природата. На ова значително придонесуваат несоодветните законски решенија, кои не нудат суштинска имплементација и функционална заштита на терен“, велат од „Еко свест“ и посочуваат дека голем број законски и подзаконски одредби во доменот на заштитата на животната средина се во судир поради дисперзираноста на институтциите надлежни да постапуваат во оваа област.Граѓанските организации потсетуваат дека измени на Законот за заштита на природата беа направени уште во 2018 година, тие никогаш не беа усвоени. Во меѓувреме, во европското законодавство се усвоија нови Директиви и се променија практиките на управување со ресурсите кои се директно поврзани со Законот за заштита на природата. Заради тоа неопходно е донесување на нов Закон за природата, кој согласно европските практики ќе претставува конзистентен систем на процедури, решенија и мерки кои несомнено ќе ги подобрат затекнатите услови во областа на заштита на природата.„Новиот Закон за природа е приоритет поради неопходноста за заштита на реките и езерата, планините и шумите, растенијата и животните, нашата природа е светско наследство, а нејзината заштита е одговорност кон нас и кон помладите и земјата. Секое одложување на новиот закон за природа придонесува кон уназадување на природата, која веќе е во загрозувачка состојба“, посочуваат екологистите.Природата во Македонија се соочува со системски предизвици кои директно ја загрозуваат биолошката разновидност и опстанокот на нашите највредни природни подрачја. Без итна и сеопфатна реформа, ќе продолжи деградацијата и трајното губење на природните ресурси од кои зависиме сите ние. Постојниот Закон за заштита на природата е застарен, нефункционален и не обезбедува соодветна, долгорочна заштита и управување со нашите природни богатства.Недостасуваат јасни забрани, нема конкретно наведени забранети активности и забрана за изградба на инфраструктурни проекти во заштитените подрачја, оставајќи ги ранливи на штетни интервенции и развој на инфраструктурни проекти, има политизација на управувањето, а директорите на националните паркови се политички функции, а не стручни кадри, што го поткопува професионалното управување.Организациите посочуваат и дека во институциите за заштита на природата и управувачките структури на заштитените подрачја нема доволно стручни кадри како биолози, еколози, хидролози и други, а нема ниту научно тело, Завод за заштита на природата, кое би вршело оценка, следење и институционална координација. Недостасуваат и инспектори за спроведување инспекциски надзор врз природата, а царинските и полициските службеници се недоволно подготвени. Ренџерските служби во заштитените подрачја немаат соодветни овластувања и не постои добра меѓусекторска соработка.Управителите на заштитени подрачја немаат соодветни капацитети и ресурси да обезбедат ефикасна заштита, што резултира со губење на најголемите природни вредности поради нивно искористување за економски цели, а заштитените подрачја немаат системско финансирање од државниот буџет.Слабостите на постојниот закон дозволуваат подрачја кои треба да бидат заштитени според закон, не се прогласуваат, а прогласените подрачја не се активно заштитени поради непостоење на Планови за управување и соодветен кадар. Биолошката разновидност нема висок степен на заштита и сè уште не е приоритет во државните политики. Недостасуваат и студии за причините за загуба на биолошката разновидност, и веродостојни, систематизирани и отворени податоци за дивиот свет, а значајните видови како мечката, рисот и волкот немаат соодветна заштита преку национални акциски планови.„Бараме итна акција од страна на Владата и Министерството за животна средина и просторно планирање, итно донесување на нов Закон за природа, кој ќе одговори на тековните потреби и долгорочно ќе обезбеди заштита. Со новиот Закон да се предвидат забранети активности за секоја категорија заштитено подрачје. Мора да воведе членови со кои ќе се забранат геолошки истражувања, експлоатација на минерални суровини и изградба на хидроелектрани во заштитените подрачја и ќе воспостави Завод за заштита на природа“, велат од Еко свест.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryi74sgg7bee2a9a5IPKE

Уапсени седум возачи: Управувале без дозвола, со забрана или под дејство на алкохол

Во текот на 03. и 04.02.2026 година, полициски службеници од Дебар, Пробиштип, Тетово, Велес, Кавадарци и Кичево лишија од слобода повеќе лица поради управување со моторни возила без положен возачки испит, со активна забрана или под дејство на алкохол.Во Дебар, на 04.02.2026 околу 00:30 часот, А.Л. (28) и А.Л. (23) од Дебар биле лишени од слобода откако претходно учествувале во физичка пресметка со други лица, а при контрола било утврдено дека 28-годишниот управувал возило под дејство на алкохол (1,65 промили) и без возачка дозвола. Возилото било одземено.Во Пробиштип, Ж.К. (57) од с. Трипатанци бил лишен од слобода поради управување со „југо“ без регистарски ознаки и без положен возачки испит. Во Тетово, А.И. (43) бил лишен од слобода за управување со возило за време на активна забрана, а возилото привремено одземено.Во Велес, Б.П. (22) од Неготино управувал „сеат толедо“ без да поседува возачка дозвола, а во Кавадарци, С.Ф. (43) управувал „фолксваген пасат“ без дозвола, при што и на двете лица возилата и документи биле одземени.Во Кичево, Ф.Т. (21) од с. Стрелци и Џ.А. (32) од Прилеп биле лишени од слобода за управување со возила без положен испит.По целосно документирање на сите случаи, против сите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
Nastavnicka-go-dovede-Bil-Gejts-na-cas-vo-Negotino-1

Бил Гејтс: Се каам

Еден од најбогатите луѓе на светот, Бил Гејтс, го прекинал молкoт откако во најновиот пакет објавени документи се појавија обвиненија поврзани со осудениот сексуален престапник и педофил Џефри Епстајн.„Секогаш фокусот беше на тоа дека тој познава многу многу богати луѓе и тврдел дека може да ги убеди да донираат пари за глобално здравје“, рече Гејтс во интервју за Nine News.Милијардерот продолжи: „Знаете, гледано наназад, тоа беше ќор-сокак и бев глуп што поминував време со него. Бев еден од многу луѓе кои се каат што некогаш го познавале. Наводно, Џефри напишал е-пошта самиот на себе. Таа е-пошта никогаш не била испратена. Таа е-пошта, знаете, е неточна. Не знам што му беше во главата тогаш. Секој момент што го поминав со него – затоа се каам и се извинувам што го направив тоа“, навел Гејтс.Тој додал дека бил присутен „само на вечери“, но никогаш не отишол на островот и дека, според информациите, никогаш не запознал ниту една жена.„И, знаете, што повеќе информации излегуваат, тоа ќе биде појасно дека, иако тоа време беше грешка, тоа немаше никаква врска со таков вид однесување“, истакнал Гејтс.Најновиот сет документи содржи обвиненија против повеќе познати личности, вклучувајќи и Гејтс, кој се сретнал со Епстајн неколку пати за да разговараат за проширување на неговите филантропски активности.Една е-пошта која Епстајн си го пратил самиот на себе во 2013 година покажува негово разочарување поради одлуката на Гејтс да го прекине нивниот однос, а во неа се тврди дека Гејтс добил полово пренослива болест и побарал совет од Епстајн како тајно да и даде антибиотик на својата тогашна сопруга Мелинда.Мелинда, која се разведе од Бил Гејтс во 2021 година, изјави дека оние кои се споменати во документите, вклучувајќи го и нејзиниот поранешен сопруг, имаат што да објаснат.Таа додала дека чувствува длабоко сочувство кон жртвите на Епстајн и дека е среќна што е „далеку од сета таа нечистотија“.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarykpeftbj8hn8v3ouwmof

Сиљановска: Кога ги усогласуваме нашите закони со европските стандарди, градиме систем во којшто правилата ја надживуваат власта

Регулативата не е само за контрола, туку станува збор за создавање предвидлив простор каде што општествената доверба може да расте, рече претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во своето обраќање на Глобалниот форум за владини регулативи и правда, во рамки на Светскиот самит на владите во Дубаи. Во обраќањето на тема „Законодавството како овозможувач на владеењето на правото“ таа посочи дека наместо да се потпираме на институционален илузионизам и да веруваме дека совршен закон на хартија е крајот на патот, треба да се фокусираме на напорна работа во годините пред нас - да изградиме институции што дишат, што се адаптираат и што им припаѓаат на луѓето. Го претстави македонскиот случај и посочи дека државата веќе 25 години по потпишувањето на Договорот за стабилизација и асоцијација со Европската Унија, формално и правно се усогласува со Европската Унија, со нејзините институции, правила и регулативи, но и покрај тоа сме меѓу најдолгогодишните кандидати за полноправно членство во Европската Унија.Но, усогласувањето, според претседателката, не го правиме само заради Брисел, туку и поради фактот што процедурите се гаранција за еднаквост. Кога ги усогласуваме нашите закони со европските стандарди, градиме систем во којшто правилата ја надживуваат власта, рече претседателката, истакнувајќи дека ова е разликата меѓу владеењето на човекот и владеењето на правото.Посочи дека македонските институции остануваат инклузивни и посочи дека Националната стратегија за развој 2024 ‒ 2044 помага да ги калибрираме политиките и законите.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
megafoni

Закани кон новинарот Александар Видиновски, ОЈО отвори предмет

Во насока на заложбите за заштита на безбедноста на новинарите и итно постапување за секое загрозување на медиумските слободи, Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, оформи предмет по допрен глас за утврдување на идентитетот и испитување на кривична одговорност кај повеќе лица кои преку коментари на социјалната мрежа Фејсбук упатиле сериозни закани кон новинарот и уредник во Канал 5 Телевизија – Александар Видиновски.„Коментарите биле објавени под видео прилог на новинарот кој се однесува на непрописно паркирани возила пред објектот на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје и во себе содржеле сериозни закани, говор на омраза, ксенофобични пораки и пораки што поттикнуваат национална нетрпеливост.Имајќи во вид дека во конкретниов случај станува збор за новинар и уредник кој врши дејност од јавен интерес и професионални задачи, прдметот е доставен на надлежно постапување на Основното јавно обвинителство Скопје со цел да преземе дејствија за испитување на индициите за евентуално постоење на елементи на кривично дело за кое се гони по службена должност“, се

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryblmbp08nqnd45AhZeAG

Обвинителство отвори предмет за случајот со „извоз на мозоци“ во САД

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, врз основа на повеќе објавени информации во медиумите, оформи предмет по допрен глас поради наводите од објавените документи во случајот за Џефри Епштајн кои упатуваат дека примероци од мозоци на починати лица од земјава наводно биле транспортирани за научно-истражувачки цели во САД.„Имајќи ја во вид природата на наводите, кои вклучуваат обработка, замрзнување и меѓународен транспорт на човечки ткива, како и евентуални прашања за усогласеноста со законските и етичките стандарди за експерименти со човечки ткива и примероци, Јавното обвинителство оформи предмет со цел да ги испита сите индиции за евентуално постоење на елементи на кривично дело кое се гони по службена должност.Предметот е доставен на надлежно постапување на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција кое треба да преземе дејствија на прибирање официјални информации од надлежните органи, институции и здравствени установи, во насока на утврдување на евентуално нелегално постапување со човечки ткива и биоматеријали, пропусти или злоупотреби при добивање дозволи и согласности“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
najcevska

Најчевска: Чекам да се одземе џип и на богатун или функционер чие дете вози без дозвола, како кај Ромите

По вчерашните протести на групи граѓани од ромска припадност кои се побунија да возат возила без возачки дозволи, на социјалните мрежи се огласи професорката Мирјана Најчевска.„Секое возило е потенцијално моќно оружје кое може да доведе до повреди или смрт на едно или повеќе лица. И како такво треба да биде третирано.Јас сепак чекам кога ќе биде одземен џип од некој богатун или функционер чие дете вози без дозвола на ист начин како за Ромите. Од Верушевски наваму гледаме дека токму тие “нечии“ деца дивеат по улиците на градовите и поминуваат со никаква или минимална казна. Да не ги спомнувам купените дозволи.Она што во случајов треба да се направи е да се даде рок од неколку месеци да се регистрира автомобилот и да се полага возачки испит. За одреден период треба да се даде и поддршка (финансиска) од државата за ова на сите кои немаат соодветни средства.На тој начин ќе се разбие монолитноста на групата. ќе се отапи острилото и ќе се испрати пораката дека станува збор за безбедносна мерка а не казна за сиромаштијата.Во целата работа треба да се вклучат невладините организации (со објаснувања, алтернативни решенија и поддршка во спроведување на законот на начин кој нема да биде егзистенцијално загрозувачки за Ромите).И секако и партиите на Ромите кои треба да седнат со своите гласачи да ги разгледаат можните решнија кои нема да го девалвираат еднаквото важење на законот“, вели Најчевска.

Коментари | пред 1 седмица

1 нед.
vojska

Трилатерален состанок на т.н. Косово, Албанија и Хрватска: Почнува забрзано вооружување

На основа на Заедничката тристранска декларација, која во 2025 година ја потпишаа министрите за одбрана на Косово, Албанија и Хрватска, се одржа состанок на ниво на директори за одбранбена политика и вооружување.Состанокот се одржа во Хрватска, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана на Косово.„Делегацијата на Република Косово ја предводеше директорот за одбранбена политика Фарук Гечи, а разменети беа мислења за можностите за унапредување на заедничката соработка во областа на одбранбените капацитети, соработката помеѓу одбранбените индустрии на потписничките земји, како и понатамошните чекори за спроведување на Декларацијата“, се наведува во соопштението.Декларацијата одредува четири главни области на понатамошна соработка, кои вклучуваат: промоција на соработка во областа на одбранбените капацитети и одбранбената индустрија, зголемување на интероперабилноста преку образование, обука и заеднички вежби, справување со хибридни закани и јакнење на отпорноста, како и обезбедување континуирана и целосна поддршка на евроатлантските интеграции.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
2

Уапсен бегалец од затвор, спроведен во „Идризово“ за доиздржување на казната

Денеска (04.02.2026) во 09:15 часот на бул. „Кочо Рацин“ во Скопје, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка го лишија од слобода А.Ј. (25) од Гостивар, кој бил баран со потерница по судска наредба поради бегство од Затворот „Идризово“.А.Ј. е осуден на затворска казна од пет години и еден месец за сторени кривични дела по членовите 236 и 215 од Кривичниот законик. По лишувањето од слобода, тој е спроведен во Затворот „Идризово“ за доиздржување на казната.

Скопје | пред 1 седмица

1 нед.
zdravko-colic-koncert

Полицијата дојде до снимките од нападот на куќата на Здравко Чолиќ: Камерите ги уловија напаѓачите

Сигурносните камери на вилата на Здравко Чолиќ на Дедиње го забележале моментот кога двајца непознати мажи вчера, точно во 5 часот наутро, фрлиле рачна бомба на домот на пејачот.Елитната населба Дедиње вчера беше место на драматичен инцидент кој, за среќа, помина без човечки жртви. Според неофицијални информации на „Телеграф“, полицијата веќе располага со видео материјал на кој се гледа како двајцата напаѓачи приоѓаат до оградата и ја активираат експлозивната направа.Бомбата, според неофицијални информации, експлодирала на терасата кај самата влезна врата. Токму снимките од видео-надзорот се во фокусот на истрагата што ја води Високото јавно обвинителство, бидејќи на нив се гледа движењето на напаѓачите пред и по детонацијата.Иако во моментот на нападот никој не бил повреден, материјалната штета на имотот е голема. Фасадата околу влезните врати е уништена, а од силата на ударот испукале прозорите и е оштетена влезната капија.Мала штета претрпела уште една куќа во близина каде што исто тка испукале прозорите.Инспекторите од криминалистичката полиција и обвинителството моментално работат на идентификација на лицата од снимката. Се проверуваат и базните станици на мобилната телефонија, како и другите камери во околината за да се утврди дали напаѓачите имале соучесници кои ги чекале во автомобил во близина.Овој невиден напад врз една од најголемите ѕвезди на регионот ги подигна на нозе сите безбедносни служби, а мотивот засега останува непознат.Здравко Чолиќ се огласи за „Уна“:„Се наоѓам во Загреб, каде што завршувам последни песни за новиот албум. Во Белград е се во ред, фала му на Бога што сите се добро“, изјави тој, додавајќи:„Разбирам го интересот на медиумите, но морам да истакнам дека некои изјави во текстовите се протолкувани на начин кој не одговара на вистинската состојба. Мислам дека е важно информациите да се дистрибуираат одговорно и врз основа на проверени факти. Истражувањето е во тек и чекаме полициски извештај“, изјави Чолиќ за Уна.За време на истрагата ќе се утврди дали Чолиќ бил мета и каков е мотивот, а вчера се појавија информации дека бомбашите можеби „погрешиле“. Полицијата ќе оствари разговор со Чолиќ кога ќе се врати од странство.

Магазин | пред 1 седмица

1 нед.
media-library8apjuql2insb1u0WJaW

Усвоен Кварталниот извештај: Макроекономските движења се во согласност со очекувањата на Народната банка

Советот на Народната банка, на седницата одржана на 3 февруари 2026 година, го усвои Кварталниот извештај, во кој се наведува дека макроекономските показатели упатуваат на стабилни остварувања во најважните сегменти на економијата и во најголем дел се во согласност со октомвриските проекции на Народната банка. Домашната инфлација очекувано забави под влијание на забавувањето на базичната инфлација, а домашната економската активност умерено забрза. Банкарскиот сектор и натаму остварува солиден раст на депозитната база и кредитната активност, а девизните резерви се задржуваат на соодветно и сигурно ниво.„Народната банка продолжи со унапредувањето на својот оперативен инструментариум заради поддршка на ефикасното спроведување на монетарната политика. Во последниот квартал од 2025 година, таа изврши приспособување на оперативната монетарна рамка заради подобрување на управувањето со ликвидноста и зајакнување на монетарната трансмисија. Со измените се става посилен акцент на инструментите со пократок рок на достасување и на почестите операции, што овозможува поефикасно пренесување на монетарните сигнали до краткорочните каматни стапки на пазарот на пари, без да се менува поставеноста на монетарната политика.Во Кварталниот извештај се наведува дека во четвртото тримесечје од 2025 година годишната стапка на инфлација изнесуваше 4,2%, што претставува очекувано забавување. Инфлацијата за целата 2025 година, во просек, изнесува 4,1%, што е близу до октомвриските согледувања. Според октомвриските оцени, за 2026 година и на среден рок се очекува забавување на инфлацијата и постепено враќање кон историскиот просек. Сепак, и понатаму постојат одредени ризици, при што главните извори на неизвесност се поврзани со движењата на цените на примарните производи на светските берзи, геополитичките тензии и процесите на трговска фрагментација, како и со одредени домашни фактори што влијаат врз побарувачката.Во третиот квартал од 2025 година, реалниот годишен раст на бруто домашниот производ забрза и од 3,5% во претходното тримесечје се искачи на 3,8%, што е малку повеќе од оцената во рамките на октомврискиот циклус проекции. Според основното сценарио од октомври, за целата 2025 година се очекува забрзување на економскиот раст којшто би изнесувал 3,5% (3,0% во 2024 година), а во 2026 година, како и на среден рок дополнително би се засилил и би достигнал 4,0%.На крајот на 2025 година, нивото на девизните резерви достигна 4.920,5 милиони евра и според сите релевантни показатели, обезбедува соодветна поддршка за одржување на стабилноста на домашната валута.Податоците од монетарниот сектор укажуваат на натамошна солидна кредитна поддршка за економијата и зајакнување на депозитната база на банките. Во четвртиот квартал од 2025 година, годишниот раст на вкупните кредити изнесуваше 13%, при годишен раст и на депозитите од 10%, што е малку над нивото проектирано за крајот на годината.На седницата, Советот на Народната банка разгледа и повеќе други точки поврзани со тековното работење на Банката“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ се закани со тужба: Ако СДС има докази за некаква вмешаност на поединци од власта во случајот со 5 тони дрога нека ги достави до ЈО

СДС веќе ја претера. Навикнати сме на лаги, манипулации, шпекулации и ширење на невистини од нивна страна, но ова веќе ја прели чашат, вели ВМРО-ДПМНЕ„Ги повикуваме доколку имаат било какви докази за некаква вмешаност на поединци од власта во случајот со 5 тони дрога веднаш да ги достават до ЈО, во спротивно ќе добијат тужба.На СДС најлесно им е да растураат пердуви во јавноста, и потоа да немаат никаква одговорност.Провери ли СДС во фабриката за марихуана кај Заев? Зошто имало камиони без таблици во таа фабрика? Зошто Заев лично ѕвонел на телефони во царинската управа и се интересирал за случајот со марихуана? Каква е улогата на Вице во целиот случај?СДС мора да разбере дека ако они крадеа, ние не крадеме. Ако тие даваа пасоши на криминалци, ние не даваме. Ако тие договараа тендери во 4 очи и добиваа автомобили за истото, ние не правиме така. СДС е синоним за криминал, корупција и неспособност, ВМРО-ДПМНЕ е синоним за чесност, работа и дела“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryd4q9bph1c8v64FT9cOO

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

Трет ден по ред власта молчи за огромниот картелски скандал со заплената на 5 тони дрога во соседна Србија, која дошла од Македонија, вели СДСМ.„Нема ниту еден одговор, како толкава количина дрога имало во Македонија, како поминала граница, скенери, камери...?Молкот е јасна потврда дека скандалот оди до самиот врв на власта.Ваков криминал не може да се случи без поддршка, логистика и заштита од луѓе на високи позиции во власта.Уште колку вакви пратки, уште колку тони дрога вредна милиони евра ја поминале границата?Каде завршуваат огромните пари од шверцот на дрога и што се финансира со овие пари?СДСМ со денови говори дека постои поврзаност на криминални структури во Македонија и Србија. Овој случај е уште една потврда за тоа.Криминални тендери, 5 тони дрога, фотографии на Мицкоски со криминалци, луксузни часовници од 65.000 евра. Како во мафијашки филм.Молкот мора да престане.  Обвинителството мора да се разбуди, да спроведе целосна истрага и да лоцира одговорност за картелскиот скандал со 5 тони дрога, без разлика кој на која функција се наоѓа.Нема бегање од одговорноста.Сите ќе одговараат“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
Screenshot-2025-03-11-at-12.43.30

ВМРО-ДПМНЕ: Се откри театарот на Трендафилов нарачан од СДС и Левица

Излезе на површина несериозноста, неодговорноста и поигрувањето на Слободан Трендафилов со чувствата и иднината на работниците. Откако се постигна договор и се закажа средба меѓу Владата и гранковиот синдикат УПОЗ за зголемување на платите на административните службеници и до 40%, претседателот на ССМ се јави на социјалните мрежи, велат од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.„Во стил на инфлуенсер, Трендафилов објави статус со фотографија како седи сам во празните простории на синдикатот, при што пишува дека чекал да дојде претставник на Владата за да се потпише договор за зголемување на платите.Ова е само уште една потврда на тезите дека барањата на Слободан Трендафилов не се барања од и за работниците, туку се барања со политичка заднина и дека зад оваа раководство на ССМ стојат СДС и Левица.Ваквото однесување на Трендафилов, не е ништо друго освен обичен театар за широката маса, во која тој изигрува жртва, а виновна е владата. На него никогаш не му било до зголемување на платите на работниците, туку целта единствено му било да се наштети на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, што е иста политичка агенда со таа на СДС и Левица.Оттука се јавува потреба да се постави прашањето, дали СДС и Левица му ги пишуваат барањата на ССМ и Трендафилов?Изминатиот период Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ потпиша нови колективни договори и ги зголеми платите во образование, здравство, полиција, одбрана, социјала и другите сектори, но за тоа Трендафилов ништо не кажа.Исто како што збор не изусти за ценовните шокови во време на власт на СДС и ДУИ, кога инфлацијата рушеше двоцифрени рекорди, кога сметките за струја се зголемија за над 50% и молчеше кога во неколку државни институции со месеци немаше плати.Исто така, потсетуваме дека во изминатите години на власт на СДС, се потпишаа колективни договори во разни државни институции и сектори, без одобрение од министерството за финансии. Тоа значи, СДС и ССМ си потпишале договори без претходно одобрени средства, што е спротивно на условите за потпишување на колективен договор и уште едно изигрување на работниците за политички цели.Со овие политички игри и лицемерие Трендафилов и ССМ покажуваат дека не се борат за работниците, туку соработуваат и работат во корист на СДС и Левица против власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ.За разлика од нив, Владата е посветена на изнаоѓање одржливи економски решенија во разговор со сите засегнати страни, за подобрување на економската состојба и подобрување на стандардот на граѓаните“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања