1 нед.
media-library8g2m8nfc4hf28BWnv7p

Од денеска нов јавен портал со листа на закажани хируршки интервенции

Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска на прес конференција го промовираше новиот модул за електронска евиденција за елективни хируршки интервенции во јавните здравствени установи, со кој на јавен портал е достапна листата на закажани елективни хируршки интервенции.-     Првпат воспоставуваме ред и јасен протокол на транспарентен начин да се води електронска евиденција на закажаните интервенции. Целта е секој пациент да ја добие услугата по принцип „прв дојден, прв услужен“. Порталот овозможува пребарување и приказ на податоци преку повеќе комбинирани параметри за да биде корисен и за граѓаните и за креаторите на политики. Корисниците на јавниот портал можат да пребаруваат по: специјалност на лекар, хируршка интервенција, јавна здравствена установа, лекар специјалист, број на пациенти кои чекаат, посочува министерот Алиу.Тој наведе и дека во моментот евиденцијата за елективни хируршки интервенции се води во системот Мој термин преку издавање упат со тип „болнички упат за операција“, но утврдени се недоследности, меѓу кои дека упатите не се издаваат веднаш при утврдување на потребата за операција, туку пред самата интервенција, дел од установите и лекарите користат друг тип упат (конзервативен третман) за евиденција на пациенти на листата, а лекарите листите ги водат во хартиена форма, додека листите на чекање не се редовно прочистувани и тоа создава неточна перцепција за времето на чекање и реалните потреби.-     До јавните здравствени установи кои вршат хируршки интервенции веќе се испратени поединечни известувања со податоци од спроведената анализа. На установите поединечно им е посочено дали и колку се разликува бројот на извршени интервенции, со бројот на реализирани упати за операција во системот Мој термин. Со оваа новина ја унапредуваме транспарентноста, овозможуваме реално мерење на времето на чекање, а со тоа и подобро планирање и распределба на ресурси, како и примена на европските практики во оваа област, заклучи министерот.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-library2usa516otu319IXcNE8

ССМ со иницијатива: Намалување на функционерските плати за 80%

Сојузот на синдикати на Македонија поднесе иницијатива за намалување на функционерските плати за 80%.„Член 11 од Законот за плата и другите надоместоци на пратениците во Собранието на Република Македонија и другите избрани и именувани лица во Републиката се менува и гласи:„Основица за пресметување на платата на пратениците во Собранието на Република Македонија и другите избрани и именувани лица во Републиката е минималната плата во Републиката, според податоците на Државниот завод за статистика.“Дополнително, коефициентите за утврдување на надоместокот на плата и на плата утврдени во Закон за плата и другите надоместоци на пратениците во Собранието на Република Македонија и другите избрани и именувани лица во Републиката се намалуваат за 40%.Ова значи за 80% намалување на функционерските плати.Врз основа на Уставното право, оваа законска иницијатива Сојузот на синдикатите на Македонија ја темели на принципите на еднаквост, недискриминација и правна сигурност за сите граѓани содржани во Уставот како највисок акт во државата, како и во меѓународните трудови стандарди, Европската социјална повелба, Универзалната декларација за човековите права и други меѓународни документи.За да бидат граѓаните на Македонија еднакви пред националните закони, како и за да бидат еднакви според и пред меѓународните акти и принципи, потребно е појдовната основа за градење на платите на сите работници и граѓани во нашата држава да биде еднаква. Во конкретниот случај треба да се поаѓа од висината на минималната плата како основица за пресметување на сите плати, затоа што анализите на Владата и анализите на Работодавачите, за разлика од анализите на ССМ, покажале дека вредноста на минималната плата е доволна за да ги задоволи елементарните потребите на граѓаните, па оттука и имајќи го предвид горенаведеното ССМ се залага и инсистира на еднаков третман на сите плати во државата и смета дека е потребно да се измени горенаведениот член 11 и основицата за пресметка предвиден во Законот за плата и другите надоместоци на пратениците во Собранието на Република Македонија и другите избрани и именувани лица во Републиката.ССМ заедно со Владата на државата во 2023-та година потпишаа и предвидоа во Општ колективен договор за јавен сектор во кој се поаѓаше од просечната плата како основица за градење на платите на вработените во јавниот сектор, поаѓајќи токму од законското решение за платите на функционерите, избраните и именуваните лица, но Владата како потписник на истиот и спротивно на Закон и без оправдани причини не го почитува Општиот колективен договор за јавниот сектор и не ги уреди платите на вработените на овој начин, а дополнително бара и укинување на ваквото право на работниците“, велат од ССМ.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryo5mjprjblclqeFWWRBD

Над 2 милиони евра се платени на некој што имплементирал нефункционален систем во ЈСП, рече Ѓорѓиевски

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на седница на Град Скопје изјави дека над два милиони евра се исплатени на субјект кој имплементирал нефункционален систем во Јавно сообраќајно претпријатие Скопје, нагласувајќи дека токму поради тоа претпријатието со години трпи сериозни финансиски загуби.Според Ѓорѓиевски, најголем дел од загубите во ЈСП настануваат поради ненаплата на билети, што директно произлегува од нефункционалниот систем кој, како што вели, мора целосно да се замени. Тој посочува дека во моментов состојбите во претпријатието постепено се нормализираат и дека се работи на воспоставување поефикасно и одржливо функционирање.Во текот на расправата, градоначалникот е прашан од советничка како е можно Ленин Јовановски да биде ангажиран како надворешен консултант во ЈСП, а советничката на Левица го нарече „кралот на приватните привозници“. На тоа, Ѓорѓиевски одговара дека не му е познато за кого станува збор и дека нема сознанија дека таква одлука е донесена од страна на директорот на претпријатието.

Скопје | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryacnna9semak4fLReoac

По години чекање, Скопје за еден месец ќе почне со изградба на Луна паркот: се бара и враќање на парите за старите реквизити

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира дека тендерската постапка за изградба на Луна паркот влегува во финална фаза и дека неговите очекувања се во рок од 30 до 40 дена да започнат градежните активности на терен.Според Ѓорѓиевски, станува збор за проект кој со години е меѓу најбараните од граѓаните, а кој конечно треба да добие реализација. Тој нагласува дека изградбата на Луна паркот ќе претставува значаен чекор во збогатувањето на јавните содржини и простори за деца и семејства во главниот град.Паралелно со подготовките за новиот проект, градоначалникот посочува дека сериозен правен тим работи и на расчистување на состојбите околу претходната набавка на реквизити за Луна паркот. Како што вели, уште во минатото комисии утврдиле дека квалитетот на набавените реквизити бил незадоволителен, но институционална реакција тогаш изостанала.„Верувам дека ќе има правна разрешница, со цел да се вратат парите на Градот за реквизитите набавени во минатото, а кои ниту едно дете ги нема видено во Градот“, истакнува Ѓорѓиевски, додавајќи дека одговорноста за ваквите пропусти мора да биде утврдена.Со најавата за почеток на градежните работи и со отворањето на правните постапки, градските власти порачуваат дека Луна паркот не само што ќе стане реалност по долгогодишни најави, туку и дека ќе се направи обид да се исправат претходните неправилности и да се заштитат интересите на граѓаните и на буџетот на Град Скопје.

Скопје | пред 1 седмица

1 нед.
media-library4sci5rpe5ie48DEAjbs

ЕБОР го откочи БРТ: Скопје оди кон набавка на 130 автобуси, наместо најавените 80 - дел ќе стигнеле и до крајот на годината

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, изјавува дека наместо првично најавените 80, за Скопје ќе бидат набавени вкупно 130 нови автобуси. Тој информира дека утрово пристигнува писмо од ЕБОР со кое конечно се откочува проектот за брзиот автобуски превоз БРТ и неговата изградба.„Наместо 80 автобуси, ќе бидат набавени 100 автобуси. Од ЕБОР утринава стигна писмо со кое конечно се откочува проектот со БРТ и изградба на истиот“, вели Ѓорѓиевски, додавајќи дека обврска на Градот е да формира проектна единица и да изврши измена на планот за јавни набавки.Покрај 100-те автобуси кои ќе ги обезбеди Влада на Република Македонија за Скопје, градоначалникот најавува дека преку БРТ-проектот ќе се обезбедат уште најмалку 30 автобуси за градот. „За брзо ќе ја започнеме постапката за тоа. Сега ќе бидат 130 автобуси, иако сум ветувал 80 автобуси“, посочува тој.Според информациите со кои располага, набавката најверојатно ќе се реализира по моделот влада со влада, што, како што вели, ќе ја забрза испораката. Во однос на роковите, Ѓорѓиевски нагласува дека најголемиот дел од автобусите треба да бидат испорачани во текот на оваа година, но не може да гарантира дека сите 100 од првата набавка ќе пристигнат до крајот на годината.„Во најголем дел автобусите ќе треба да бидат испорачани оваа година. Но дали сите 100 ќе стигнат оваа година, не можам да гарантирам – не го правам јас тоа“, изјавува градоначалникот, додавајќи дека динамиката ќе зависи од постапките и од партнерите вклучени во набавката.Со оваа најава, како што оценува Ѓорѓиевски, јавниот превоз во Скопје влегува во фаза на значително засилување, при што се комбинираат директна владина поддршка и долгорочно решение преку БРТ-системот.

Скопје | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryslpbj58lkr05fqfiBwx

Пушењето водечка причина за рак на белите дробови: Во 2024 година починале 860 лица

По повод Светскиот ден за борба против ракот, Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје потсетуваат дека пушењето претставува ризик фактор за малигни заболувања, а посебно за рак на белите дробови.Според податоците на Институтот за јавно здравје водечка причина за смрт во државава во 2023 и 2024 година се малигните неоплазми на бронхиите и белите дробови.- Употребата на тутун е водечка причина за рак кој може да се спречи. Статистичките податоци покажуваат дека вкупниот број на починати лица од малигни неоплазми на бронхиите и белите дробови во 2024 година изнесува 860, од кои бројот на мажи е поголем, во однос на бројот на жени. Откажувањето од пушење значително го продолжува животниот век и квалитетот на животот, и токму на Светскиот ден за борба против ракот, уште еднаш апелираме на важноста од донесување на новиот предлог-закон за заштита од пушењето, со цел заштита на здравјето на сите граѓани, појаснува министерот за здравство, Азир Алиу.Покрај употребата на тутун, други ризик фактори за малигни заболувања се и прекумерна дебелина, употреба на алкохол, недоволна физичка активност, неправилна исхрана.Според податоците од Институтот за јавно здравје, вкупниот број починати лица од малигни неоплазми во 2024 година изнесува 3.958, од кои 2.325 се мажи, а 1.633 се жени. Во истата година, бројот на починати од неоплазми на возраст над 65 години е речиси двојно поголем од бројот на починати до 64-годишна возраст.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarynbqnl1fa558vd8P9eUD

Полицијата со официјална информација за протестите на Ромите: Нема инциденти на вчерашните јавни собири

Од Министерство за внатрешни работи за Скопје1 информираат дека во текот на вчерашниот ден се одржуваат јавни собири на граѓани на повеќе локации низ државата, при што ниту еден од нив не резултира со нарушување на јавниот ред и мир.Според информациите од МВР, собири се одржуваат на патниот правец Ресен–Прилеп, како и во Струмица, Прилеп, Ресен, Штип и Кочани. Од Министерството наведуваат дека сите јавни собири се одвиваат и завршуваат мирно, без инциденти и без потреба од интервенција за воспоставување ред.Во соопштението се додава дека МВР, во координација со Јавното обвинителство, презема соодветни мерки и активности за понатамошно постапување, во рамки на своите законски надлежности. Од институцијата нагласуваат дека состојбата постојано се следи и дека приоритет останува зачувувањето на безбедноста на граѓаните и јавниот ред.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
marihuana

Уапсени осум лица кои имале дрога, меѓу нив и двајца малолетници

Во текот на 3 и 4 февруари 2026 година, на повеќе локации во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода осум лица поради поседување наркотични средства.Приведени се А.Л. (24), А.А. (32), А.А. (38), Д.И. (18), А.М. (35), 17-годишно момче и 16-годишна девојка, сите од Скопје, како и А.К. (45) од селото Морани, општина Студеничани. При полициските контроли кај нив била пронајдена и одземена прашкаста материја и марихуана.По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
dokumenti

Измамена фирма од Велес: Уплатиле 21 илјада евра за фалсификувана електронска фактура

Фирма од Велес измамена за над 21 илјада евра преку фалсификувана електронска фактураНа 3 февруари 2026 година во 07:15 часот, во СВР Велес, 60-годишна жена од Велес пријавила финансиска измама во фирмата каде што е вработена, при што биле оштетени за вкупен износ од 21.111 евра.Според пријавеното, фирмата извршила уплата на средства по фактура кон деловен партнер, но откако на службената електронска адреса добиле известување дека уплатата не е реализирана, стапиле во контакт со банката и со деловните партнери. По извршените проверки било утврдено дека фактурата била пресретната и фалсификувана, а парите биле префрлени на друга сметка.Од полицијата информираат дека се преземаат мерки и активности за целосно расчистување и документирање на случајот.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
tepacka-4

Партнерот ѝ го одзел телефонот, ја нападнал со остар предмет и ѝ го демолирал возилото

На 3 февруари 2026 година околу 20:50 часот, во СВР Скопје била пријавена сериозна семејна расправија со елементи на насилство, која се случила во дом на подрачјето на Кисела Вода.Според пријавата поднесена од 31-годишна жена, нејзиниот партнер Љ.З. ѝ го одзел мобилниот телефон, по што физички ја нападнал и ѝ се заканувал со употреба на остар предмет. Како што е наведено во пријавата, инцидентот продолжил и надвор од домот, каде што во дворот со тврд предмет било оштетено и нејзиното возило.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат соодветни мерки и активности за целосно расчистување и документирање на случајот.

Скопје | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryi578dcc7dc8fbrSJbFT

Ромските протести продолжуваат: Блокиран Плетвар, протест и пред полициската станица во Битола

Протестите на припадниците на ромската заедница продолжија и денеска, при што беше предизвикан застој во сообраќајот на планинскиот превој Плетвар, откако демонстрантите го блокираа патот.Покрај блокадата кај Плетвар, протестен собир се одржа и пред полициската станица во Битола, каде учесниците јавно ги изнесоа своите барања и незадоволство.Засега нема информации за интервенција од полицијата, а сообраќајот на Плетвар беше отежнат во периодот на блокадата.Претходно премиерот Христијан Мицкоски изјави дека побарал решителна и силна реакција од полицијата за сите кои го прекршиле законот, упатувале јавни закани и го загрозиле мирот и безбедноста на граѓаните за време на вчерашните протести поврзани со одземањето на возилата на лица кои управувале без возачка дозвола.„Разговарав утрово со министерот за внатрешни работи. Тоа што го побарав од него е оној кој го прекршил законот, јавно упатил закани, го загрозил мирот и безбедноста на граѓаните – жестоко да се одговори. И ќе се одговори за да не се повтори тоа дивеење вчера што се случи“, рече Мицкоски.Од АМСМ информираат дека од 11:30ч. започнат е најавен јавен собир на околу 150 лица од ромска националност поради измените на ЗБСП на крстосница за с. Ореовец на планински превој Плетвар на магистралниот пат А1 Прилеп – Градско, патниот сообраќај е во прекин во двата правци. На блокадата има поставено возила, гуми и други предмети.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-library4s1qcqgul2qt8QYuGnD

„Центар е казино-општина“: „Шанса за Центар“ ја мапираше секоја кладилица и казино во општината

Граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“ алармира дека во општина Центар бројот на казина, автомат-клубови и кладилници го надминува бројот на детски и спортски игралишта. Тие објавија и мапа од центарот на градот на која се обележани сите казина и кладиници, како начин да се истакне несразмерната застапеност на објекти за коцкање во однос на јавните простори за спорт и рекреација.„Oгледалце огледалце, колку јавни спортски терени останаа во Центар на кои децата не треба да плаќаат за да играат?Огледалце: Уште неколку.Огледалце, огледалце, па каде да играат и спортуваат децата и луѓето?Огледалце: Имаат скоро 60 казина и кладилници. Така ќе ги научат и овошјата...Центар е казино-општина.Лани ги мапиравме казината, автомат-клубовите и кладилниците покрај кои поминувавме.Ги има повеќе отколку сите детски и спортски игралишта заедно.Како што имаме извори на загадување на воздухот, имаме и извори на загадување на духот“, стои во објавата.

Скопје | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryo6t200pvub8cagzXVWK

Мицкоски ги повика да излезат „од партиската прегратка неколкумина од раководството на ССМ“

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на утрешната средба со УПОЗ и очекувањата од истата, изјави:„Па очекувам да излезат од партиската прегратка тие неколкумина во раководството на Сојузот на синдикати и да се договорат со Владата во интерес на работниците, односно во интерес на административните службеници, бидејќи уште тие, како што многу пати кажав во минатото, уште тие 7.700-7.800 наши колеги немаат со Владата договорен Колективен договор, сите останати имаат. Така што со ова, Владата како работодавач ги заокружува односите до истекот на мандатот на оваа Влада, до 2028 година, со сите оние на чии што работодавач директен или индиректен е Владата.“

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarylll0puuioffl0abTAOw

Песков: Арктикот е наш

Русија е арктичка држава и е отворена за соработка на Арктикот, изјави портпаролот на претседателот на Руската Федерација, Дмитриј Песков.„Тоа е нашиот регион. Ние сме арктичка држава, за разлика од огромното мнозинство земји на Европската унија. Отворени сме за соработка и за заедничко делување“, рече Песков пред новинарите.Тој додаде дека ако политиката на Европската унија биде насочена кон соработка на Арктикот, Русија тоа ќе го поздрави.„Ако претставниците на Европската унија имаат предвид нова политика насочена кон меѓународна соработка, тоа може да се поздрави. Ако пак се мисли на конфронтација, што моментално е многу модерно во Брисел, тогаш тоа, се разбира, тешко може да се поздрави и тешко дека ќе има каков било позитивен ефект“, истакна Песков.Според неговите зборови, Русија има големи интереси на Арктикот и ќе ги брани, користејќи го целиот арсенал на меѓународното право.Претходно, Каја Калас, шефица на европската дипломатија, на конференција во Норвешка изјави дека Европската унија има потреба од нова безбедносна политика на Арктикот.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarypjeis215gbjr8iYgPP6

Доволно е власта да се откаже од криминални тендери и ете пари за минимална плата од 600 евра, вели Цветаноски

Имајќи ја предвид тешката економска положба на работниците, намалениот животен стандард и барањата на синдикатите, СДСМ поднесе закон за зголемување на минималната плата на 600 евра. И наместо да ги покачи платите на работниците и да обезбеди пари, ВМРО тргна во медиумски напади врз СДСМ, а потоа и врз синдикатите, вели Симона Цветаноски, членка на Извршниот одбор на СДСМ.„Владата вели за работниците „нема пари“. Но има пари за криминални тендери, има пари да се планира купување нов владин авион и туристички патувања, како оние во Давос, со државни пари.Затоа веднаш се стави во погон партиската говорница на ВМРО и медиумските кујни под контрола на Орбан.Секојдневно се напаѓа СДСМ.Вистината е тешка за власта. СДСМ беше конструктивна, СДСМ поднесе закон неколкупати за покачување на платите, за стандардот на граѓаните, за минималната плата. Власта одби.ВМРО и Мицкоски си поигруваат со достоинството на работниците. ВМРО тера црна кампања, Мицкоски јавно се шегува, им поставува услови, им дели задачи, им порачува кого „ќе чекал во четврток“.Ова е ароганција кон оние што едвај врзуваат крај со крај.Наместо да ги напаѓа работниците и СДСМ, Владата треба да обезбеди пари за поголеми плати.Доволно е да се откаже од криминалните тендери и ете ги парите.600 евра минимална плата не е луксуз – тоа е минимум за достоинствен живот“, додава таа.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-library05ol27tftfj1crMAwXz

Уапсен скопјанец, во домот му нашле марихуана, дигитална вага, пиштол, рамка со куршуми и пари

На 03.02.2026 во 22:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Ѓ.С. (23) од Скопје.При претрес со судска наредба извршен во неговиот дом на подрачјето на Центар, пронајдени и одземени се марихуана, дигитална вага, пиштол, рамка со куршуми, пари и други предмети.По целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 1 седмица

1 нед.
mkd-566762

Москва: Русија продолжува со војната

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Украина сѐ уште не се согласува на повлекување на трупите од Донбас и дека затоа Русија ја продолжува својата специјална воена операција.„На Украина ѝ се отворени вратите за мирно решение на конфликтот, но додека официјален Киев не донесе соодветни одлуки, Русија ја продолжува својата специјална воена операција“, изјави Песков.Тој додаде дека ставот на Русија е кристално јасен и дека тоа добро го разбираат и киевскиот режим и американските посредници, на кои Русија им е „благодарна за вложените напори“.„Русија останува отворена. Нашиот став е кристално јасен. Добро го разбираат и киевскиот режим и американските преговарачи. Додека режимот во Киев не донесе соодветни одлуки, специјалната воена операција продолжува, а нашите единици напаѓаат цели за кои се верува дека се поврзани со украинскиот воен комплекс“, истакна Песков.Песков додаде дека Кремљ нема намера денес да објавува какви било соопштенија за резултатите од трилатералните преговори во Абу Даби.„Времето за почеток на работата на трилатералната група во Абу Даби го одредуваат делегациите на терен“, рече Песков.Преговарачкиот процес во трилатерален формат – Украина, Соединетите Американски Држави и Русија – се одржува денес во Абу Даби. Преговорите се одвиваат зад затворени врати, без присуство на новинари, изјави извор за РИА Новости.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
Rusija-ruska-policija-1-620x350

Напад во руско училиште: Ученичка запалила пожар и со чекан нападнала деца и наставник

Во Краснојарск, Русија, ученичка од осмо одделение вооружена со чекан подметнала пожар во училиште и нападнала други ученици, при што има повредени лица, објавија руските медиуми.Ученицата фрлила запалена крпа во училницата, а потоа удрила неколку ученици со предмет сличен на чекан, соопшти Министерството за внатрешни работи, пренесува агенцијата RIA Novosti.Пет деца и еден наставник се повредени во нападот, јави изворот, пренесува агенцијата TASS.Ученичката, чии постапки предизвикале несреќа во училиштето во Краснојарск, е задржана во притвор, соопшти Главната истражна управа на рускиот Истражен комитет, пренесува агенцијата RIA Novosti.Според изворот, повредените не се во животна опасност.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-library1d94i7nmlvg9cd6YDA5

Oколу 25 милиони евра ќе бидат распределени во културата, вели Мицкоски

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали се планира поддршка за проекти од национален интерес во културата, изјави:„Да, оваа година имаме зголемен буџет за половина милијарда денари, културата е наш приоритет. Програмата е отприлика негде околу 25 милиони евра, средства којшто ќе бидат распределени во културата.“

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-library0pb28cn9gdrb05pzy6u

(Видео) Трендафилов да застане на страна на работникот, а не на страната на неговите наредбодавци од СДС, вели Манасиевски

На ССМ и Трендафилов уште малку им фали за да се официјализираат како орган на партијата СДС, со оглед на начинот на којшто функционираат сега и во минатото, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ„Да ја потсетиме јавноста на едно неубаво време кога СДС насилно и спротивно на волјата на граѓаните го менуваше името на државата, поддршка за да излезат и да гласаат граѓаните даде токму ССМ.Тие во видеото кое ќе го проследиме, велат дека тоа ќе донесе голем економски бенефит, нивната социјална положба ќе се подобри и ќе имаме поголема безбедност“, вели Манасиевски.https://youtu.be/Ih7pWbBH8TY„Поврзаноста на ССМ и Трендафилов со СДС не е од денес, туку од поодамна. Впрочем СДС преку Јованка Тренчевска го постави Трендафилов за претседател на ССМ. ССМ и Трендафилов се уклучуваат како на утикач кога СДС е во опозиција, а се исклучуваат кога се на власт. Платите се големи и добри и убаво живеат граѓаните кога СДС на власт, кога имаме национални предавства, кога инфлацијата достигнуваше и до 20%, а зголемување на платите едвај околу 10%, кога јавниот долг се зголеми за 5 милијарди евра за само 7 години, кога полицајци се удираа самите од возила пајаци, кога државата беше на раб на банкрот за ССМ и Трендафилов во овој период убаво се живееше, ама денес со 3% инфлација, повисоки плати во секторите каде Владата е работодавач, со поголем дијалог и разбирање, не се живее убаво за Трендафилов и ССМ.Дволичноста и лицемерието на ССМ и Трендафилов е огромно. Наместо водење политика и работење во прилог на СДС, треба да почне да се работи во прилог на работниците“, додава тој.

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања