Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
6 год.
Нема фотографија

СДСМ: Предвидени се нови дополнителни вработувања, со плати на повисоко ниво до досегашното

Реформите во здравството не се на штета на граѓаните како што лаже ВМРО-ДПМНЕ, тие се во интерес на здравствениот системОчигледни се фрустрациите и незадоволството во ВМРО ДПМНЕ по поразот на изборите, на кои граѓаните им кажаа НЕ на нивните политики, велат од СДСМ.„Очаен е обидот на ВМРО ДПМНЕ да манипулира со граѓаните, здравствените работници и пациентите дека формирањето на јавното приватно партнерство за менаџирање на стерилизацијата ќе биде на нивна штета.Вистинита е токму спротивна, промената од досегашниот модел на функционирање и преминот кон јавно приватно партнерство нема директно да ги засега пациентите во поглед на финансии, односно пациентите нема да имаат дополнителни трошоци.ВМРО-ДПМНЕ лаже дека ќе има отпуштања  од работа на моментално вработените, напротив, не само што ќе нема, туку предвидени се нови, дополнителни вработувања, со плати на повисоко ниво до досегашното.Очајни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ, реформите и унапредувањето на здравството да ги прикаже дека се на штета на граѓаните. Серија на вакви и слични прес конференции полни со невистини за јавните набавки во здравство ВМРО-ДПМНЕ објавуваше и во минатото, но на крајот институционално се потврдија како класични лажни вести.Трошоците за стерилизација кои досега се издвојуваа од сметката на Фондот за Здравство и беа исплаќани на паушално ниво кон Болниците кои имаа потреба од стерилизација за хируршки интервенции, со воведувањето на принципот на јавно приватно партнерство ќе бидат оптимизирани и контролирани, по број на реализирани стeрилизации, обновена опрема, дезинфекција и потрошен материјал.Квалитетот на опремата која ќе се користи ќе биде зголемен, а сегашната опрема која е стара предизвикува проблеми, истата ќе биде сменета со нова.Владата предводена од СДСМ останува посветена на унапредување на здравството, преку подобрување на здравствените услуги и условите  за работа на медицинскиот персонал и докторите“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 6 години

6 год.
2-6

Заев: Мора да сториме повеќе за поголема инклузија на лицата со попреченост во општеството

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев денеска учествуваше и се обрати на Меѓународна научно – стручна конференција „70 години – организирана едукација, рехабилитација и вработување на лица со попреченост во Република Македонија“.Пред министрите за труд и социјална политика, за образование и наука и за здравство, Мила Царовска, Арбер Адеми и Венко Филипче, но и пред истакнати експерти, доктори од областа, Премиерот Заев го искажа своето задоволство што ја има честа да биде покровител на оваа меѓународна научно – стручна конференција.Во продолжение ви го пренесуваме во целост текстот на неговото обраќање:„Можам и би сакал да повикам на зголемување на свесноста на целокупното општество за овие луѓе.Тие се исти како и сите нас, само им е неопходна поголема поддршка за да можат и тие да се школуваат, да добиваат соодветен третман од институциите, а потоа и да се вработат.Верувам дека сите знаете дека во библиотеката на Владата работи Нина, којашто е девојка со Даунов синдром. Но тоа воопшто не е пречка таа да ја извршува својата работа одговорно, професионално и посветено.Знам дека Владата не е исклучок. Знам дека и во други државни, но и во приватни институции, па и кафулиња работат лица со некаков вид на попреченост. Но за жал ваквите примери се малку.Малубројни се и примерите за вклученост на децата со попреченост во образовниот процес.И во овие сфери едноставно мора да сториме повеќе. Но, се почнува и зависи од нашата свест.Министерката Царовска спомена дека со новиот Закон за социјална заштита за лицата со попреченост, меѓу другото, се обезбедува лична асистенција. Тоа во голема мера им помага и им го олеснува функционирањето на овие луѓе. Но ако при една прошетка со личен асистент овие лица ги погледнуваме како да не се луѓе, тогаш тие пак ќе се чувствуваат непријатно, без разлика што полесно се движат.Ист е случајот и со неприфаќање на дечињата со попреченост од нивните врсници во училиште. И овде потфрлуваме ние возрасните бидејќи не ги учиме нашите деца да ги прифаќаат различностите.Исто така, не случајно националната стратегија за деинституционализација го носи името „Тимјаник“. Се сеќавате каква беше реакцијата на жителите кога се обидовме во мали групни домови да сместиме деца со попреченост. Истите тие луѓе, кога одблизу ги запознаа дечињата, веднаш го сменија својот став.Почитувани,Ова мало општество, како што е нашето, навистина треба да се ослободи од стигмата и дискриминацијата кон лицата со попреченост, но и кон сите останати кои на овој или на оној начин се разликуваат од нас.И тоа зависи од секој од нас. Пораките коишто секојдневно ги пренесуваме како едукатори, како доктори, експерти или како политичари допираат до сите. Затоа тие пораки треба да бидат пораки за заедништво, за прифаќање и почитување на различностите“.

Македонија | пред 6 години

6 год.
IMG_0769

Шампионска игра на Карпош во одбојка во Кисела Вода

Одбојкарките на oпштина Карпош се нови шампионки на ,,Купот Св Ѓорѓи“. Во финалниот натпревар избраничките на проф. Александра Николовска беа посупешни од своите врснички од oпштина Гази Баба, со резултат од 2:0. Со идентичен резултат заврши и средбата меѓу екипите на Центар и Кисела Вода.Овде гледавме динамичен и неизвесен натпревар, каде одбојкарките на oпштината Центар беа поуспешни особено во финишот на двата сета, притоа освојувајќи го третото место.Пехарите и дипломите на најуспешните, ги додели претседателот на Советот на Општина Кисела Вода, Дарио Шимиќ. Со завршувањето на одбојкарскиот турнир, практично заврши годинешното издание на ,,Купот Св Ѓорѓи“, кој изобилуваше со ревија на спортски таленти во футсал, кошарка и одбојка, од општините Кисела Вода, Карпош, Центар и Гази Баба.

Спорт | пред 6 години

6 год.
han

Хан: Македонија направи многу и неправедно е некој, кој силно се ангажирал да биде казнет

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, во интервју за „Дојче веле“, истакна дека нашата држава направила многу во полето на надворешна политика и треба да се одржи ветувањето кон Македонија.„Мојата цел е двете земји истовремено да добијат датум за почеток на преговори, затоа што истовремено го претставуваме и извештајот. Но не можам да го предвидам процесот на донесување одлуки во земјите-членки. Факт е дека Северна Македонија направи многу и притоа, не само во рамките на она што ние го баравме, туку исто така и со решавањето на спорот за името, но и со решавањето на билатералниот конфликт со Бугарија. Северна Македонија создаде еден предуслов со што стана единствената земја во регионот која нема конфликт со ниту еден сосед. Нашиот став отсекогаш е дека секој одделен процес, односно преговорите за проширување, се процес кој се базира врз заслуги и постигнувања на секоја одделна земја. Нема да биде фер доколку една земја треба да чека некоја друга, ако таа не испорачува. Тоа е основата. Секако, би било идеално, кога сите шест (земји од Западниот Балкан, н.з.) се приклучат во исто време, но тоа е нереално. Истовремено, неправедно е некој, кој силно се ангажирал, кој изнаоѓал решенија, кој е подготвен на компромис, кој донесува тешки одлуки, сега да биде казнет, затоа што е подобар“, истакна Хан.

Македонија | пред 6 години

6 год.
gjorge-ivanov

Собранието усвои три закони кои Иванов не сакаше да ги потпише

Собранието на Република Македонија денеска во рамки на 97. седница усвои три закони во трето читање што беа вратени во Парламентот зашто поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов одби да ги потпише указите за нивно стапување во сила.На седницата беа усвоени Законите за Судскиот совет на Република Северна Македонија, Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и Закон за инспекциски надзор.

Македонија | пред 6 години

6 год.
369514-vo-sreda-kje-se-prska-protiv-komarci-129781

Викендов ќе се прска против комарци во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека првата фаза од авионската и терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе започне на 18.05.2019 (авионско) и 19.05.2019 (терестрично), односно:Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива на 18.05.2019 (сабота) и на 19.05.2019 (недела), во раните утрински часови.Терестричнатадезинсекција, на подрачјето на Град Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе започне на 19.05.2019 и ќе заврши најдоцна до 23.05.2019(од недела до четврток), во период од 23 до 04 часот, наредниот ден.Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин, а согласно на тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите. 

пред 6 години

6 год.
pendarosvki3

На страницата на претседателот новото име на државата е напишано на три јазици

Официјалната интернет страница на новиот претседател Стево Пендаровски ќе биде тројазична и со новото име. Таа ќе биде на македонски, албански и англиски јазик, а на неа веќе стои и новото име- Северна Македонија.До последниот ден од мандатот на експретседателот Ѓорге Иванов, името на државата на сајтот остана непроменето.

Македонија | пред 6 години

6 год.
60362500_350289752296066_943653634040659968_n

Николовски: Заеднички со фармерите создаваме мерки за развој на млекопроизводството

Денеска по повод манифестацијата „Ден на фармери рекордери“, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски присуствуваше на доделување на плакети на најуспешните фармери за 2018 година организирано од компанијата „Бимилк“.Компанијата им додели признанија на најуспешните фармери за нивната професионалност, посветеност во работата и активен придонес во одржувањето успешна соработка со млекарницата. Наградите што беа доделени се во согласност со високите стандарди за квалитет на Бимилк и се доделуваат во повеќе категории: испорака на најголема количество млеко за комерцијални и за семејни фарми, најдобар микробиолошки и хемиски квалитет на млекото, повторно во категоријата комерцијални и семејни фарми, како и специјални признанија за најстариот, најмладиот и најлојалниот фармер на Бимилк.Министерот Николовски посочи дека МЗШВ посебно внимание посветува на примарното производство, подобрување на квалитетот на суровото млеко и поттикнување на млечната индустрија за што од особено значење е генетскиот потенцијал на добитокот.„ Преку Програма за рурален развој токму на барање на фармерите со промените кои ги направивме во Програмата за Рурален развој значително ја зголемивме финансиската поддршка за мерката за набавка на приплоден добиток и за оваа намена досега се ипланирани 1,5 милиони евра, но може да најавам дека ќе обезбедиме во текот и постапката во следните неколку недели и дополнителни финансиски средства токму заради зголемениот интерес за оваа мерка. Повикот го направивме токму како што беше и барањето со променети услови по барање на фармерите, односно прво да се склучуваат договори, а подоцна да се прави набавката. Оваа мерка е важна за подобрување на генетскиот потенцијал, што крајно ќе влијае и на квалитетот на финалниот производ“, изјави Николовски.Неодамна, заврши јавниот повик за мерката и до Платежната агенција пристигнаа 73 барања со кои се побаруваат околу 220 милиони денари.На настанот присуствуваа голем број фармери, а генералниот директор на Млекара АД Битола Ѓорѓи Петрушев , им порача на фармерите дека еден од условите за развој на млечната индустрија се добрите кооперантски односи на што компанијата посветува сериозно внимание.„Блиската соработка и поддршка на млекопроизводителите, која опфаќа вложувања во современа опрема и технологија за преработка на млеко, едукација, поддршка при набавка на сточна храна, механизација и опрема, па сè до иницирање стимулативни мерки за развој на сточарството, отсекогаш била и ќе биде еден од главните стратешки приоритети за нашата компанија. Затоа, денес, овде сме за да им дадеме почит и признание на најдобрите од најдобрите, оние што остваруваат рекорди во производството на сурово млеко на територијата на цела држава и оние што придонесуваат Бимилк веќе 6 и пол децении да испорачува квалитетни производи што ги задоволуваат потребите, но и ги надминуваат очекувањата на повеќе од еден милион потрошувачи во земјата“, изјави Петрушев.Николовски потенцираше дека за развој на млекопроизводството од исклучително значење е ефикасната искористеност на средствата од европската ИПАРД 2 програма. Мерките „Инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства“ и „Инвестиции во материјални средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи“ овозможуваат  кофинансирање на трошоците за инвестиции во изградба или реконструкција на фарми за добиток, објекти за добиточна храна, складишта за храна, опрема за земјоделство, инвестиции во преработувачки капацитети, како што е изградба на млекарници. За овие две мерки во Јануари и Февруари стигнаа околу 1250 апликации. Овие две мерки значително ќе придонесат во создавање на рентабилно и конкурентно сточарско производство.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Slika-Pavle-25-02

Законот за Богоевски не важи, според обвинителство купување дрога не е кривично дело

Пратеникот од шарената револуција Павле Богоевски – Пајо денеска бил во скопското Јавно обвинителство да се пријави откако призна дека набавувал, наводно, масло од канабис за негов близок пријател. Според извори на „Фокус“ во скопското Обвинителство одбиле да му земат исказ на Богоевски и да покренат постапка, бидејќи сметаат дека нема кривично дело во случајот.Со ваквата постапка Обвинителството покажува дека законот сепак не важи за Пајо. Иако тој ја потврди автентичноста на снимката и кажа дека набавувал наводно масло од канабис, иако целата јавност се соменева дека станува збор за кокаин, Обвинителство одлучило да не му земе исказ. Но без разлика дали стануав збор за марихуана или кокаин, сепак очигледно кривично дело е сторено, кое и сторителот го призна. Богоевски истакна дека набавувал на нелегален начин масло од канабис, што е казниво со закон.

Македонија | пред 6 години

6 год.
mnr12m

Димитров и принцот Едвард во Националната филхармонија

Mинистерот за надворешни работи Никола Димитров заедно со Неговото Височество, принцот Едвард грофот од Весекс, присуствуваше на настан во Националната филхармонија во Скопје, организиран во рамки на кралската посета на Неговото Височество на Македонија.  Настанот претставуваше дел од одбележувањето на богатата билатерална соработка и пријателството меѓу двете земји. По тој повод, Министерот и високиот гостин присуствуваа на неколку презентации на проекти и концепти од страна на ученици и студенти од цела Македонија на повеќе теми – одржлив развој на градовите во државата, поодржлива мода и модни дизаjни од текстилен отпад, како и презентација на електронски и програмерски транспортни информациски системи, изработени од ученици од 10 до 15 години.По презентациите, министерот Димитров, Неговото Височество принцот Едвард, грофот од Весекс, амбасадорот на Обединетото Кралство Галовеј, министрите Манчевски и Царовска како и претставници на дипломатскиот кор присуствуваа на настап на инклузивното танцово студио „Еурека“ со претставата „Пепелашка“.

Македонија | пред 6 години

6 год.
missing

Полицијата трага по невенчана сопруга

На 15.05.2019 година во 21.30 часот во СВР Куманово, И.С.(35) во с.Кокино, кумановско, пријавил дека на 11.05.2019 година од домот во непознат правец се оддалечила неговата невенчана сопруга В.М.(48).Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Во автобус на ЈСП, група млади нападнале момче

На 15.05.2019 година околу 13.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Александар Македонски“, во автобус на ЈСП кој сообраќал во правец од Бит Пазар кон Автокоманда, група млади лица физички го нападнале Ф.S.(18) од Скопје, по што побегнале. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. 

Скопје | пред 6 години

6 год.
pistol-vperen

Со пиштол се заканувал во угостителски објект во Горно Лисиче

На 16.05.2019 година во 02.27 часот во СВР Скопје, А.П. пријавил дека во угостителски објект во Горно Лисиче, Д.Д.(26) од Скопје му се заканувал со пиштол. Исто така, според пријавата, А.П. со негови пријатели успеале да му го одземат пиштолот и да го задржат Д.Д. до доаѓањето на полиција.Лицето било приведено и предадено во Полициска станица Аеродром, а пиштолот бил одземен. По целосно документирање на случајот против Д.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Capture-6

Арсовски: Тест за сите функционери за наркотични средства

Портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Димче Арсовски, одговори на новинарско прашање.Прашање: Дали се согласува вашата партија со ставот на ДУИ, на Артан Груби поточно да има испитување - тест на сите функционери, носители на јавна функција?Димче Арсовски: Апсолутно дека се согласуваме. Практично ние тоа и го побаравме вчера. Се согласуваме, мора да се расчистат сите дилеми околу конзумирањето на такви наркотични средства, како што тоа во јавноста излезе случај со пратеникот Пaвле Богоевски, којшто е носител на јавна функција, и е гласан од граѓаните, односно поддржувачите на СДСМ на тие избори.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Huawei-P30-lite-photo-White-Black-Blue

Реакција на Huawei на најновите мерки на Доналд Трамп

„Huawei е неспоредлив лидер во 5G технологијата. Ние сме подготвени да соработуваме со американската влада и да изнајдеме ефикасни мерки за да ја достигнеме ултимативната безбедност на производите.Ограничувањето на Huawei од бизнисот во САД нема да ги направи посигурни или посилни. Наместо тоа, ова ќе служи само за ограничување на САД на инфериорни, но поскапи алтернативи, оставајќи ги да заостануваат во распоредувањето на 5G и на крајот да им наштетат на интересите на американските компании и потрошувачи.Покрај тоа, неразумните ограничувања ќе ги прекршат правата на Huawei и ќе предизвикаат други сериозни правни прашања“.

Свет | пред 6 години

6 год.
arsovski-za-filipce

Арсовски: Филипче и самиот нема идеја што сака да постигне со тендерот за стерилизација

Бледиот настап на Венко Филипче на вчерашното негово гостување на еден национален медиум и повеќе од доволно покажува дека тој и самиот нема идеја што сака да постигне со тендерот за стерилизација, освен да воведе монопол на стерилизацијата во здравството. И нормално парите на граѓаните да завршат во нечиј џеб, идните 15 години, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Тендерот вреден над 13.700.000 евра уште во првиот момент е сомнителен за јавноста и тие нејаснотии мора да бидат расчистени. Венко Филипче како доктор со искуство треба да е свесен дека околу ваквиот начин на стерилизација се поставуваат неколку односно многу важни прашања на кои Министерството треба да одговори пред воопшто да го започне овој процес, кој секако ќе биде на штета на пациентите, на здравствените работници и нормално на буџетот на државата, односно парите на граѓаните.Венко Филипче да одговори ако се централизира и регионализира службата, што ќе се случи со вработените кои веќе работат во постоечките служби за стерилизација дали ќе бидат дислоцирани или ќе влезат во составот на некоја регионална служба за стерилизација, и кој им гарантира дека тие воопшто ќе останат да работат на истото работно место?Што ќе се случи со постојните вработени здравствени работници и помошен персонал?Дали ќе останат на своите работни места или ќе има отпуштања и преместување на работници од една во друга институција, односно од еден во друг град, каде што ќе биде регионалниот центар?Тендерот по овој терк е планиран да воспостави монопол во наредните 15 години за стерилизација на клиниките.Дали се свесни Венко Филипче и СДСМ дека со овој принцип на централизирано стерилизирање постои можност да се доведе до прашање здравјето на граѓаните, кое е најважно во овој здравствен систем?Планирано е целата опрема што ќе се стелизира да се превезува до клиниките и болниците со возила и оттука нормално постои можност дополнително да има инфицирање и бактерии на инструментите.Експертите коментираат дека на овој начин неколкукратно односно до 5 пати ќе се зголеми цената на стерилизацијата, сето тоа ќе падне на товарот на граѓаните, а услугата нормално нема да е ништо повеќе од сега, односно ќе биде само полоша.Така да уште еднаш апелираме Венко Филипче да се преиспита и да го повлече тендерот и веднаш потоа да си поднесе оставка, и да ги спаси граѓаните од неговите погрешни политики во здравството, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

6 год.
DSC_4442

Франкофонска вечер во Кисела Вода

Вчера по повод Меѓународниот ден на Франкофонијата во ООУ „Невена Георгиева - Дуња“ во Кисела Вода се одржа франкофонска вечер.Градоначалникот Филип Темелковски, претседателот на Советот на Општина Кисела Вода, Дарио Шимиќ, амбасадорот на Франција во Република Северна Македонија, Кристијан Тимоние, јазичното аташе за развој на францускиот јазик при Францускиот институт во Скопје, Љупка Димова и директорот на училиштето, Хари Стојановски ја проследија културната манифестација насловена „На француски, ве молам“.Учениците од повеќе скопски основни училишта пред присутните изведоа прекрасни бројни ритмички и музички точки, интерпретираа познати француски шансони, а читаа и литературни дела на француски јазик.Терминот „Франкофонија“ првпат е употребен од францускиот географ Onesime Reclus во 1880 година и истиот ги опфаќа сите луѓе и држави што се служат со преубавиот француски јазик кој заради милозвучноста нарекуван е јазик на љубовта.Нашата држава на 28 септември, 2006 година, за време на Самитот на Франкофонијата што се одржа во Букурешт, Романија стана полноправна членка на Меѓународната организација на Франкофонијата. Франкофонијата ги застапува вредностите кои соодвествуваат со европските определби: залагање за мир во светот, човекови права, демократија, поддршка на образованието, науката и истражувањето, млади и спорт, афирмација и заштита на културната и јазичната разновидност и солидарност.

Скопје | пред 6 години

6 год.
maxresdefault-2

Ристиќ: "Шарени лидер и његово право" или "Дух паланке"

Актерката и активистка Ирена Ристиќ се огласи на социјалната мрежа фејсбук и сподели свој кометар за последние случувања. Ристиќ на ФБ напиша:Ми се свиѓа последнава поделба која се дешава...Баш е онака слатка...Баш онака се гледа кој не разликува бои иако се обоил, кој побелел, кој е зелен, кој е премачкан со сите, а кој бил и останал шарен...Меџутим...Пошто не верувам дека ќе се деси правда и по последниот еклатантен пример на скрнавење и злоупотреба на позиција и мачкање очи со патетики и пошто нема да се десат анализите за присуство на забранети супстанци кои ги сугерираат стручни лица, а кои во случајов се поише од пожелни и многу брзо би ги решиле дилемите со кои ние малограѓаниве со недоволен интелектуален капацитет се ашкаме, јас нема више да губам време на темата.Немам време!Имам за метење, пафкање и шмркање, прашина која, истини за вољу, по боја варира...И не пола, туку цела!!Увек добро напраена, и од граѓани, гратис даена!!#мрш 

Македонија | пред 6 години

6 год.
655-402-bebe

Мајката која си го остави новороденчето во парк е малолетна е и неможе да се грижи за бебето , еве ги деталите

Полицијата ја пронашла мајката која го остави своето новороденчето во парк до скопската населба Топанско Поле. Таа е малолетна и рекла дека неможе да се грижи за бебето. Според нејзината изјава бебето нема друг родител. Во присуство на нејзината мајка која и е законски старател, девојчето било однесено на лекар, објавува Слободен Печат.– Малолетната мајка даде изјава дека не е во можност да се грижи за своето дете поради што, откако ќе се стабилизира неговата здравствена состојба, тоа ќе биде префрлено во згрижувачко семејство. Мајката има рок од три месеци да се предомисли, а ако тоа не се случи, бебето ќе биде дадено на посвојување – вели Наташа Станојевиќ, директорка на Цетарот за социјални работи во Скопје.Полицијата треба да се изјасни дали мајката ќе одговара затоа што детето го оставила во паркот веднаш по породувањето.Инаку бебето пред два дена беше пронајдено во парк во Топанско Поле од случаен минувач. Потоа беше пренесено на Клиниката за детски болести каде му е дадена неопходната медицинска грижа и тоа е во добра општа состојба. 

Скопје | пред 6 години

6 год.
corapi-minister

(ФОТО) Австриски министер по чорапи во парламентот

Австрискиот министер за европски прашања Гернот Блимел испровоцира „модна“, но и политичка бура, откако прошета без чевли, само по чорапи низ салата на парламентот.Блимел во текот на вчерашната седница ги извадил чевлите и се прошетал низ салата по чорапи, кои биле во боите на неговата Народна партија “OVP”.Кај опозициската Социјалдемократска партија “SPO”, таквото однесување предизвика големо негодување.

Свет | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања