Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
6 год.
Нема фотографија

Владата застана зад министерот Филипче – во училиште само вакцинирани деца

Министерот за здравство венко Филипче, на својот фејсбук профил објави дека Владата донела одлука според која  во училиште да можат да се запишат единствено деца кои се вакцинирани и за тоа имаат соодветен документ/потврда.-На денешната 135 седница, Влада на Република Северна Македонијадонесе заклучок во било кое училиште да можат да се запишат единствено деца кои се вакцинирани и за тоа имаат соодветен документ/потврда. Во сите училишта да се примаат пријавите за упис во училиштата и на оние деца кои не се вакцинирани, но да не се врши упис на истите се додека не биде приложен соодветен документ/потврда за вакцинација.Вкупниот број на вакцинирани лица на возраст до 14 години со МРП вакцина од почетокот на епидемијата во Република Северна Македонија изнесува 24.023. Во Скопје, бројот на вакцинирани деца изнесува 13,684 од вкупно 16,361 невакцинирани деца. Од останатиот дел од државата, бројот на вакцинирани деца до 14 години со МРП вакцина изнесува 10,339 деца. Само со стапка на вакцинација на над 95%, ќе обезбедиме колективен имунитет и ќе биде оневозможено ширењето на вирусот меѓу популацијата.Здравствените установи не смеат да издаваат потврди ако детето не ги примило задолжителните вакцини. Потврдите кои се приложуваат при упис на дете во основно училиште се издаваат во здравствените домови каде што има вакцинални пунктови и истите се бесплатни, напиша министерот на ФБ. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
1-2

(ВИДЕО) „Канал 5“ објави снимка од разговорот меѓу пилотите на Папата и контролата на летање во Скопје

„Канал 5“ објави снимка од разговорот меѓу пилотите на Папата и контролата на летање во Скопје. Во  разговорот се пренесува порака од папата со благодарност за гостопримството. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
655-402-bebe

Почина едно од двете предвреме родени бебиња, се бориме за Искра- донирајте на овие броеви

Едно од двете предвреме родени бебиња во Скопје, малата Ведрана почина. Останува сите да донираме и да и помогнеме на нејзината сестричка Искра, да и дадеме шанса за живот.Ведрана и Искра беа предвреме родени сестри близначки. По 13 дена од нивното раѓање кај Ведрана настанало влошување на состојбата, по направени бројни иследувања се поставила дијагозна – вродена аномалија на дебелото црево ( Dg. Colon Agangionalis ) и сомнение за Цистична фиброза. Индицирана била хирушка интервенција – лапаратомија и истата била реализирана на ден 07.05.2019 година.Родителите и натаму имаат потреба од финансиска помош која може да ја донирате со следните броеви:Телеком: 143144ВИП: 143600Финансиска помош за родителите можете да ја донирате на следната сметка:Број на сметка: 200003447571470Стопанска банкаНазив: Маргарита Блажевска- ХУМАНИТАРНА СМЕТКА.

Македонија | пред 6 години

6 год.
IMG_0643

Општина Центар на купот Св. Георги освои прво место во кошарка

Во рамки на купот Св.  Георги денес во спортската сала „Независна Македонија“ се одиграа финалните кошаркарски натпревари.Учениците од Општина Центар во борбата за првото место убедливо ја победија екипата од Гази Баба, со резултат 61-35. Додека, момчињата од Општина Карпош во пресеметката за второто место го надиграа тимот на Кисела Вода со резултат, 55-33.Пехарите и дипломите на најдобрите им ги подели шефот на кабинет на градоначалникот на Општина Кисела Вода, Горан Петковски.Утре на купот Св. Георги ќе се игра женска одбојка. Воедно, денес во Кисела Вода на шаховската лига за пензионери се одиграа 11, 12 и 13 коло. Лигата ќе заврши во петок. 

Спорт | пред 6 години

6 год.
BUJAR-OSMANI

Османи: Не сум пресадил коса, иако би сакал

Веќе неколку месеци наназад во медиумите и на социјалните мрежи е актуелна веста дека вицепремиерот Бујар Османи најверојатно бил на пресадување на коса, естетски зафат кој што станува се популарен кај нас. Фотографии од заменик – претседателот на Владата, од типот пред и потоа, каде се прават споредби со неговата постара фризура и со сегашната, редовно можат да се видат на социјалните мрежи.И додека едни тврдат дека Османи пресадил коса, други дека носи надградба или пак перика, „Фокус” реши да ја открие „мистеријата”.Не станува збор за пресадување на коса, иако кога би имал можност, би сакал – се смее вицепремиерот. Имам нов бербер, од Скопје е, задоволен сум од тоа како ми ја средува косата. Станува збор за едноставна работа, единствено косата ми е пуштена подолго, значи потпорасната. Немам комплекси за косата, само новиот бербер се докажа како многу вешт, раскажува Османи.

Македонија | пред 6 години

6 год.
naum-zemjodelstvo

Стоилковски: СДСМ е симбол за уништување на земјоделството во Македонија

СДСМ е симбол за уништување на земјоделството во Македонија. Во најлошата сезона за земјоделството - владеењето на картелот на Заеви, наместо на помош и вртење кон земјоделците - власта си замина на одмор. И премиерот и министерот, поважни им се фотографии од странство - кој на мотор кој со старлети, од проблемите на земјоделците, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Пари за ресенските овоштари нема, ама има за обезбедувањетo на Заев при неговите лудории во странство. Се сечат јаболкниците, а килограм јаболка чини половина денар! Нема гранка во земјоделството, нема земјоделец чиј што труд не остана на отпад! Ама на Заев поважно му е да вози мотори по соседните држави.Ништо поразлично не е однесување кон земјоделците ниту од ресорниот министер, Љупчо Николовски. Наместо да ги решава проблемите на пример на оризопроизводителите од кочанско, да го решава проблемот со водоснабдувањето на оризовите полиња, тој ја исполнува задачата - да ја анимира, да ја шета кумашинката на Заев. Па така, наместо да се фотографира со оризопроизводителите, кои што ги излажа и им ветуваше дека цената за откуп на арпата ќе биде 25 денари, а белиот ориз 60 денари сега наместо да е со нив, тој низ Европа шета и се фотографира со струмички старлети!Николовски се слика со старлети, Заев се вози со мотори по планини, а оризопроизводителите немаат вода за да ја почнат навремена својата сеидба.Тоа е односот на владата кон производителите на храна. Владата не направи ништо, за барем оваа година да им помогне на земјоделците, наместо за подобрување на откупот и поголеми откупни цени, премиерот и министерот се посветени на шетање.Земјоделието нема да мрдне ниту милиметар, а земјоделците ќе се соочуваат со истите проблеми, се додека оваа ненародна влада на чело со Зоран Заев и на чело со Љупчо Николовски со секторот земјоделство е на власт, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

6 год.
arsovski-pred-antikorupcika

Арсовски: Додека Заев си тера одмори, министри од владата си тераат екскурзии на државен трошок

Додека Зоран Заев си тера одмори, а другите министри од владата си тераат екскурзии на државен трошок, Тевдовски денеска ги задолжува граѓаните за нови 49 милиони евра. За само 5 месеци СДСМ ја задолжува државата и граѓаните за над 317 милиони евра, истакна Димче Арсовски -   Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Ова е третина милијарда за само пет месеци. Очигледно нема пилот во авионот. Замислете, освен задолжувања и криминал ништо друго не работи оваа влада на СДСМ.Пробиена психолошката граница од над 5 милијарди, граѓаните секој ден се позадолжени за над 2 милиони евра. 2 милиони евра секој ден ново задолжување во просек директно од Тевдовски и Зоран Заев.Наспроти тоа нема нови капиталните инвестиции, само 6% во првиот квартал, нема нови инвестиции, нема повисоки плати, нема повисоки пензии. Нема ништо од ветувањата од економската политика од пред изборите. Наместо ГУГЛ и ФЕЈСБУК, од странски инвеститори останаа само бизнис партнерите во бизнисот со марихуана на Заеви, а за жал граѓаните тонат во сиромаштија.Очигледно е дека СДСМ не знае да ја управува државата. СДСМ со ваквите политики ја носат државата во провалија. Доказ за тоа е и оставката на почитуваниот нивен советник во финансии, Бранимир Јовановиќ кој на време препозна дека овој брод на СДСМ тоне и избега од министерството за финансии, нејќеше да им ги гледа маките. Самите кадри на СДСМ препознаваат дека Тевдовски и Заев не знаат што прават.Граѓаните се на раб на егзистенција. Од една страна се задолжуваат државата и граѓаните, а од друга страна се покачуваат даноци, акцизи и сите останати режиски трошоци.Апелираме, да прекине задолжувањето уште веднаш! Ова не смее да продолжи, се задолжуваат, а нема ниту еден реален проект.Подготвени се за метла и Тевдовски и Заев и целиот економски тим на Владата.Оваа Влада на СДСМ се покажа како најнеспособна до сега. Затоа, што побрзо си замине, толку подобро за граѓаните, истакна Димче Арсовски -   Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

6 год.
vozila-funkcioneri

ЦИВИЛ бара да се укинат неразумните и прескапи повластици и привилегии на сите функционери

ЦИВИЛ - Центар за слобода бара од законодавната и извршната власт да стават крај на расипништвото и повластиците во кои уживаат функционерите. Почнувајќи од поранешните претседатели, завршувајќи со раководителите на државните агенции и други институции, сите повластици мора да се укинат, односно да се редуцираат до ниво што е прифатливо за една сиромашна земја која се декларира како социјална држава, според Уставот.Бесмислено е да се трошат огромни суми пари за доживотни повластици на поранешните претседатели на државата, без оглед на тоа дали тие биле на висината на својата функција или биле криминалци. Едноставно, нема ниедна логична причина тие доживотно да живеат во раскош на сметка на сиромашните граѓанки и граѓани на Република Северна Македонија.Функционерите во законодавната и извршната власт, а секако и локалната самоуправа, мораат да се откажат од луксузните автомобили, од патните трошоци, од репрезентативните издатоци, прескапи патувања за кои имаат слаби изговори, луксузниот мебел, набавки на уметнички дела за „декорирање“ на нивниот работен простор и сите останати удопства на кои полагаат право врз основа на закони зад кои стојат сомнителни, па и криминални мотиви.Сѐ што е до сега набавено, мора да се продаде, а средствата да бидат наменети за подобрување на образованието, здравството и безбедноста. Наместо локалните шерифи да се возат во автомобили од над 50.000 евра, треба да се набават противпожарни и амбулантни возила, или автобуси за учениците. Наместо да се прејадуваат по ресторани, функционерите мораат да работат на борбата против корупцијата и сиромаштијата во земјата.Апанажите мора да се укинат или да се сведат на минимум. Во оваа земја социјалната помош му се укинува на примателот, ако заработи екстра приход од собирање пластични шишиња во вредност од 300 денари. Неприфатливо е да се креираат, а потоа и до максимум да се користат сите прописи според кои функционерите, практично, не мораат во ниеден момент да посегнат по својот џеб. Секоја чест на исклучоците за кои знаеме дека ги има и чесно и одговорно се однесуваат кон јавните ресурси. Но, поединечните добри примери меѓу функционерите не се доволни!ЦИВИЛ бара да се ревидираат сите законски регулативи според кои им се даваат прекумерни повластици и на актуелните и на функционерите во заминување. Во време кога ни умираат деца поради лошото здравство, кога младите во огромен процент се функционално неписмени, кога луѓе гладуваат и се мрзнат по своите домови, не може да се трошат 165.000 евра годишно за некого, па нека е тоа и поранешен претседател.ЦИВИЛ бара воведување стандарди според кои набавките ќе бидат не само транспарентни, туку и рационални! Возилата не смеат да бидат луксузни, ни во голем број, туку да одговараат на практичните потреби на институциите и луѓето што ги раководат. Истото се однесува на сите останати аспекти од нивното трошење.Доколку властите не почнат итна постапка за корекција на законските регулативи според кои се трошат вртоглави суми пари за повластици на функционерите, граѓанките и граѓаните треба да го искористат и своето право на протест.    

Македонија | пред 6 години

6 год.
laborant

Со лажна диплома за лаборант се стекнала со 140.000 денари

СВР Битола поднесе кривична пријава против лицата M.М.(43) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“, против Д.М.(40) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“ и „злоупотреба на службената положба и овластување“ и против приватна фирма поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“.На 09.10.2018 година второпријавениот, како член на одборот на директори на третопријавеното правно лице му издал потврда со невистинита содржина дека првопријавената претходно била вработена како лаборант во правното лице. По ова, М.М. потврдата ја приложила во документацијата која ја доставила до Биотехничкиот факултет во Битола, а по објавен конкурс за вработување како лаборант.На овој начин таа се стекнала со противправна имотна корист од 140.000 денари.

Македонија | пред 6 години

6 год.
kurumi

Во автомобил пронајдени куршуми од различен калибар

Надворешната канцеларија за криминалитички работи Кичево поднесе кривична пријава против Д.А.(23) од село Визбегово, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.На 09.05.2019 година околу 14.40 на магистралниот пат Кичево-Гостивар полициски службеници при преглед на патничко возило „Сеат Ибица“, управувано од А.И.(19) од Скопје, во кое како сопатник бил Д.А. пронашле 100 куршуми калибар 38 мм, 200 куршуми калибар 7,65 мм, 150 куршуми калибар 7,62 мм и 162 куршуми калибар 9 мм.

Македонија | пред 6 години

6 год.
suga-emuc

Ученик од Охрид конзумирал дрога, за време на настава му се слошило - била побарана лекарска помош

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.А.(22) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.На 16.11.2018 година во Охрид, ученик во ОЕМУЦ на друг ученик му дал да конзумира рачно изработена цигара, која претходно ја набавил од пријавениот.По ова, двајцата се вратиле на настава, по што на ученикот што ја конзумирал дрогата му се слошило и била побарана лекарска помош.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Кај кумановец пронајдени хероин и марихуана

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.Ц.(35) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.На 07.11.2018 година во Куманово полициски службеници извршиле преглед над В.Т. од Куманово, при што пронашле и одзеле хероин и марихуана што претходно ги набавил од пријавениот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
krazba-kradenje

Разбојништво во трговски центар во Кочани – украдени пари, клучеви од патничко возило и лични документи

Надворешната канцеларија за криминалитички работи Кочани поднесе кривична пријава против Р.Џ.(21), Б.Р.(23) и Ш.А.(20), сите од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“.На 11.05.2019 година околу 06.00 часот во Градскиот трговски центар во Koчани пријавените со употреба на физичка сила од оштетениот З.Л.(48) од село Спанчево, кочанско, одзеле пари, клучеви од патничко возило и лични документи.

Македонија | пред 6 години

6 год.
policija-123

Кривична за жители на Крива Паланка – го оштетиле буџетот на државава за 10.372.580 ден

Надворешната канцеларија за криминалитички работи Крива Паланка, до Основното јавно обвинителство Крива Паланка, поднесе кривична пријава против М.М. (69) од Крива Паланка и С.Р.(62) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ како и против П.В.(68) од Крива Паланка и неговата приватна фирма поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.Во периодот од 2011 до 2016 година, М.М. – директор на СОУ „Ѓорче Петров“ од Крива Паланка, без да обезбеди одобрение за градба, согласност и потребна техничка документација од општина Крива Паланка, склучил повеќе договори за изведување на градежни работи во СОУ„Ѓорче Петров“ со избраниот најповолен понудувач, приватната фирма, сопственост на пријавениот П.В. Управителот П.В., како изведувач склучил договори за вршење на стручен надзор со С.Р. – управител на приватна фирма за  проектирање и инженеринг.На тој начин М.М. на П.В., на неговата фирма и на С.Р. им овозможил да се стекнат со противправна имотна корист на штета на Буџетот на Република Северна Македонија во вкупен износ од 10.372.580 денари.

Македонија | пред 6 години

6 год.
brza-pomos

Претепан ученик во училишна спортската сала

На 13.05.2019 година во 15.12 часот во СВР Скопје од Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив бил донесен повреден 13-годишен ученик од основното училиште „Петар Здравковски Пенко“ во Чаир.По преземени мерки било утврдено дека во спортската сала во училиштето ученикот бил физички нападнат од повеќе ученици од истото училиште.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

6 год.
pistol-vperen

Со шипка удирал по патничко, па се заканувал со пиштол

На 13.05.2019 година околу 13.30 часот било пријавено дека во село Росоман бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.С.(24) од Скопје и М.Н.(39) од Градско. Според пријавата, во еден момент М.Н. со шипка почнал да удира по патничкото возило „Сеат Леон“, сопственост на Д.С., во кое биле и И.Д.(23) и П.И.(23), двајцата од Скопје.Притоа Д.С. со пиштол му се заканил на М.Н. По преземени мерки, двајцата биле приведени во Полициската станица Кавадарци за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
ribocuvari

Нападнати лиценцирани рибочувари

На 13.05.2019 година во 11.10 часот во Полициската станица Ресен, Н.С.(61) од Ресен пријавил дека на 12.05.2019 година околу 23.00 часот тој и М.Т., двајцата вработени како лиценцирани рибочувари, на местото викано „Пиргон“, физички биле нападнати од страна на лицата С.Н. и Г.Н двајцата од Ресен.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
ploca-karpalak

Искрешена спомен плочата за загинатите војници кај Карпалак

Искршена и искорната е спомен плочата за загинатите војници во масакрот кај Карпалак.Фотографиите кои граѓани ги објави порталот Лидер, покажуваат дека малата спомен плоча поставена на банкината од Автопатот Скопје – Тетово, е извадена и веќе не е единствен потсетник за масакрот. Оваа плоча беше единствен потсетник за масакрот кај Карпалак, кој е најброен масакр врз војници во воениот конфликт во 2001 година.

Македонија | пред 6 години

6 год.
dete-siluvanje

Битолчанка го обљубувала својот малолетен син

Педесетидвегодишен битолчанец вчера пријавил дека наводно во текот на 2018 година се до март 2019 година, во повеќе наврати, неговата поранешна сопруга извршила обљуба и други полови дејствија врз нивниот малолетен син.За настанот бил известен Јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
aerodrom-ohrid

Охридскиот аеродром - рангиран во најдобрите три во Европа

Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид е рангиран во најдобрите трите аеродроми во Европа што постигнале највисок раст во првиот квартал од 2019 година, во групата аеродроми со под пет милиони патници годишно.Според Меѓународниот совет на аеродроми (ACI), охридскиот аеродром бележи 63.9 проценти пораст на патничкиот сообраќај во првиот квартал од 2019 година, а 96,9 отсто пораст на патничкиот сообраќај во март 2019, споредено со март 2018 година. Во категоријата аеродроми со помалку од пет милиони патници годишно, поголем раст бележат само италијанскиот аеродром во Таранто и грузискиот аеродром во Кутаиси .Споредено со просечниот пораст на патничкиот сообраќај на европските аеродроми од 4,4 отсто, порастот на аеродромот во Охрид е поголем за 60 проценти. Со стапка на раст од 5,6 отсто во првото тримесечје од 2019 година, Меѓународниот аеродром Скопје, исто така во првиот квартал од 2019 бележи повисок просек од оној низ Европа.„ТАВ Македонија“ ја заврши 2018 година со вкупно 2,3 милиони патници на двата аеродрома, што претставува 16 процентен годишен пораст, и со реализирани 19.750 летови односно деветпроцентен годишен пораст.Извор: МИА 

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања