Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
6 год.
sterilizacija

Централизација на бизнисите со стерилизацијата во здравствените установи

Министерот Венко Филипче подготвува централизација на бизнисите со стерилизацијата во здравствените установи. Кој ќе го превземе овој бизнис?Во моментов во министерството за здравство е активен тендерот за стерилизација во здравствените установи, но она што е сега интересно тој е под нови услови, односно наместо секоја здравствена установа посебно да ангажира сервисна компанија за стерилизација, министерот Филипче објавува тендер кој ќе го добие една фирма и ќе ги опслужува сите здравствени установи во државата, објави lider.com.mk.По кратката анализа која ја направи „Економски Лидер“, разговарајќи со луѓе од фелата, една стерилизација на инструменти во моментов чини 500 денари, а со новиот тендер преку централизацијата ќе чини најмалку 2500 денари, а како што велат соговорници на lider.com.mk, можно е да биде и поскапо.Текстот во целост на: lider.com.mk

Македонија | пред 6 години

6 год.
gdu-press

ГДУ: Кога веќе се најавува „метлата“, ние предлагаме да се почне со „метење“ во јавната администрација

Над 780 илјади евра месечно се исплаќаат на вработените по Рамковниот договор. Повеќе од 1600 лица земаат плата поголема од 450 евра, седејќи дома, во оваа држава или во странство. Администрацијата ни е неефикасна и полна со фиктивно вработени. Операцијата за „активирање“ на лицата кои беа вработени по Рамковниот договор и кои со години земаа плата, а не одеа на работа остана само најава, велат од ГДУГДУ постојано укажува на тоа дека е потребно деполитизирање но и професионализирање на јавната администрација. Го потсетувавме и вицепремиерот Хазби Лика на Законот - „три дена ако не се појавиш на работно место без образложение, автоматски добиваш отказ“. Според правилата во европските држави за исплаќање на лажни плати и за непочитување на закони има одговорност. Но кај нас немаше ниту одговорност, ниту се вложија напори за вистински реформи.Па сега кога веќе се најавува „метлата“, ние предлагаме да се почне со „метење“ во јавната администрација. Прво да се реши проблемот кој со години се провлекува. За почеток „заметувањето“ да биде во делот со најпривилегираните административци, а потоа метлата да го фати и вицепремиерот Лика, кој исто така не одеше на работа, а и со години се крие од јавноста без да даде одговор дали вака ги следи европските правила.Реформите во администрацијата се неминовни, не заради ЕУ, пред се заради самите нас, а потоа за Брисел . Патот води од зајакнување на капацитетот на институциите па до персонално подигнување на стандардите на административците.Премиере Заев, дел од администрацијата сѐ уште пие кафенце нога преку нога, што би рекле вие „хахаха-хихихи и ајде по кафичите“. Камшикот што го спомнавте не го видовме, ајде да ја видиме метлата, ако сакаме да ја видиме Европа, велат од ГДУ.

Македонија | пред 6 години

6 год.
devizi

(ФОТО) Запленети девизи, лекови, козметика, возила, санитарни производи и хелиумски балони

Во текот на минатите три недели, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани девизи, лекови, козметика, патничко возило, полуприколка, санитарни производи и балони.Девизи– 11.250 евра, откриени на Интернационалниот Аеродром Скопје, при контрола на багажот и личен претрес на македонски државјанин, кој имал намера да отпатува со лет за Варшава. Во плик, пронајден во ташната на патникот, биле откриени 13.250 евра за кои не поседувал документ за потекло. Согласно законските прописи, на патникот му биле вратени 2.000 евра, износ што резидент може слободно да го изнесе од државата, а за сторениот девизен прекршок ќе биде поведена прекршочна постапка.Лекови– 2.950 таблети Tagretol од 200 mg и Trileptal од 600 mg, откриени при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Непријавените лекови, за кои е потребна посебна дозвола за увоз во државата, биле пронајдени во 3 кеси сместени под возачкото и совозачкото седиште на возилото. Истите се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.Возила– 1 патничко возило со швајцарски таблички, марка PEUGEOT 206, откриено при обид за излез од државата на граничниот премин Јажинце. Возачот, македонски државјанин кој не поседувал швајцарски документи, изјавил дека сопственикот на возилото е надвор од царинското подрачје на Република Северна Македонија. Со таквата постапка возачот направил царински прекршок, поради што против него ќе биде поведена прекршочна постапка.– 1 товарна полуприколка со бункер, откриена при контрола на македонски камион, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Бункерот бил откриен во подот по целата должина на приколката. Согласно законските одредби, приколката е привремено задржана, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.Санитарни производи, ламинати и балони– 4.500 хелиумски балони, откриени при контрола на српски автомобил, управуван од српски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Непријавените балони, пронајдени под седиштата и во багажниотпростор на возилото, се привремено задржани, а против возачот е поднесено барање за поведување прекршочна постапка.– поголема количина кади со џакузи, стакла за туш кабини, капаци за WC школки и лајсни и фолии за ламинатни подови, откриени при контрола на стока со потекло од Турција, наменета за увозник од Струга, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Струга. Непријавените производи, кои не биле опфатени со царинските документи, се привремено задржани, а против увозникот ќе биде поведена соодветна постапка.Козметика– 690 парчиња разни козметички препарати (креми, тоници, пудри и регенератори за лице, креми за раце, балзам за после бричење, кармини и римел) и 440 тестери од парфеми, откриени при контрола на бугарски влекач, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Ново Село. Непријавените производи, пронајдени во кабината позади совозачкото седиште, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
kuca-struga-1

Струга ќе ја изгуби најстарата и најавтентичната куќа во струшката чаршија, надлежните молчат

Еден од сопствениците на стара семејна куќа во чаршијата во Струга, познатиот адвокат Глигор Ќато, на својот ФБ профил објави фотографии од куќата, која се наоѓа во очајна состојба. Тој бара да добие пристап до неа за да спречи натамочно руинирање на еден од најстарите и автентични објекти во во старата струшка чаршија.„Почитувани како сопственик на 1/4 идеален дел од оваа куќа ми претставува обврска да се обратам. Оваа е куќа е најстарата и најавтентичната куќа во струшката чаршија. Истата е во состојба како што можете да ја видите на сликите. Се бројат деновите, односно месеците кога чардакот од оваа куќа ќе се сруши. Доколку тоа се случи Струга најверојатно ќе ја изгуби најстарата и најавтентичната куќа во струшката чаршија и со тоа и нејзино културно богатство. Дополнително, она што најмногу ме плаши и фактот што самата куќа претставува опасност по животот на пешаците во чаршијата. Огромна е веројатноста денот кога ќе се сруши чардакот дел од граѓата да падне врз некој од пешаците и со тоа да настанат повреди опасни по живот.Мене не ми се дозволува пристап во куќата од страна на жената која живее таму и во моментот имам поведено судска постапка со цел пристап во куќата и со тоа пристап до местото каде треба да се санира куќата.За оваа ситуација известена е и надлежната Komuna e Strugës / Општина Струга / Municipality of Struga со слики од терен притоа наведувајќи дека ситуацијата е критична, а опасноста по животот на луѓето кои поминуваат по струшката чаршија од ден на ден е се поголема.Известен е и НУ Завод за заштита на спомениците на култура и Музеј -Охрид како надлежен орган за заштита на културните добра.Сакам да Ве известам дека ниту еден од надлежните органи нема превземено никаков чекор ниту во заштита на културната вредност на самата куќа, а што е најважно ниту во заштита на здравјето и животот на пешаците кои минуваат покрај оваа куќа.Како индивидуалец ми останува да постапам како што постапив. Поставив импровизирана ограда која би требало да го изолира местото каде би можело да се сруши чардакот. Поставив и писмени предупредувања со напомена до пешаците да не се приближуваат до куќата. Во меѓувреме надевајќи се дека нема да се случи некој трагичен настан очекувам разврска во судската постапка и конечно реакција од надлежните органи“, напиша Ќато на ФБ.

Македонија | пред 6 години

6 год.
siluvanje

Поднесено обвинение за обид за разбојништво и силување во Струга

Основното јавно обвинителство Струга поднесен Обвинителен акт против две лица кои се товарат дека како соизвршители се обиделе да извршат кривични дела – Разбојништво од член 237 став 1  и Силување од член 186 став 1 од Кривичниот законик.Настанот се случил на 31 декември 2018 година  кога обвинетите, од кои едниот е државјанин на Република Албанија, влегле во обложувалница во Струга. Тие најпрвин чекале да заминат другите гости од објектот, по што физички нападнале вработена во обложувалницата, обидувајќи се да извршат силување и да и го одземат клучот од касата. Оштетената силно се спротивставила и успеала да се оттргне од двајцата напаѓачи. Поради силното викање на оштетената тие побегнале од местото на настанот и не успеале во обидот.Против обвинетиот 46-годишен македонски државјанин се води постапка и од Основното јавно обвинителство Гостивар, кое го гони за кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот тоа делото го извршил на 29 декември 2018 година, кога со умисла од живот го лишил оштетениот – сопственик на угостителски објект во Кичево, нанесувајќи му убодни рани во пределот на градниот кош. 

пред 6 години

6 год.
sostanok-1

Надлежните контрибуираат во изработката на Планот за сливот на Охридско Езеро

Во рамките на изработката на Планот за управување со сливот на Охридско Езеро денес во Охрид се одржаа средби со институции, кластери, невладини организации. На средбите преставниците на интересентите ги изразија своите гледишта околу главните проблеми, идеите за решавање и финансиските и туристичките импликации од преземањето на мерки за решавање. Планот за управување со сливот на Охридско Езеро е наменет да биде билатерален мастер план кој ќе ја детерминира иднината на охридскиот регион во контекст на заштита и управување со водите, но и како социо економски контекст за развојот на туризмот и економските бенефити.Планот се изработува со финансиска поддршка од ГЕФ Драмскиот Проект.

Македонија | пред 6 години

6 год.
bliznacki-2

(Видео) Хрватски хирурзи успешно изведоа комплицирана операција - раздвоија сијамски близначки

Сијамските близначки Валентина и Кристина од Загреб, успешно беа одвоени по 15 часовна операција, што е историски успех. Родителите Марија и Петар, се одлучиле за ваков чекор, и не се откажуваа од близначките.Зафатот се изведе во Клиничко-болничкиот центар „Ребро“ во Загреб. Операцијата ја излеве 14 лекари.Валентина и Кристина се родени споени во долниот дел од градниот кош и имале  заеднички црн дроб и црева. Нивното одделување, според лекарите, било една од најкомплицираните медицински процедури. За само два месеца од операцијата, девојчињата добро напредуваат – нивната тежина е двојно зголемена.

Магазин | пред 6 години

6 год.
katica-janeva

Јанева: Барањето на ВМРО-ДПМНЕ за мое разрешување е политичка изјава која, „ниту држи вода, ниту е на место “

-Додека можам да бидам специјален јавен обвинител ќе останам до крај, не поради тоа што сакам, туку затоа што сметам дека заслужувам да бидам на чело на оваа институција, рече денеска Катица Јанева одговарајќи на новинарско прашање пред почетокот на денешниот панел „Реформски бенч-мракови. Дали имаме реформи и зошто не?Јанева не сакаше да го коментира прашањето дали е потребна лидерска средба со која треба да се реши идниот стстус на СЈО.Според Јанева, барањето на ВМРО-ДПМНЕ за нејзино разрешување од функцијата во СЈО е политичка изјава која, како што рече, „ниту држи вода, ниту е на место и нема основа“. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
59981182_10157384676964726_586535981075660800_n

(ФОТО) Вака изгледа местото кое волонтерите од „Не биди ѓубре“ го исчистија пред два дена

Волонтери од движењето ,,Не биди ѓубре“, пред два дена одржаа уште една волонтерска акција за чистење на сметот низ градот. Овојпат нивна цел беше околината на Железничката станица.Вчера актерката Ирена Ристиќ на својот Фејсбук профил објави фотографија од истата локација, каде што околу контејнерите„Како изгледа денес, локацијата која ја чистевме вчера“, напиша Ристиќ под фотографијата.Овие фотографии за жал само потврдуваат дека еколошката свест на граѓаните е на многу ниско ниво. Имено колку и да се чисти, сликата на градот повторна е иста.

Скопје | пред 6 години

6 год.
Civil

ЦИВИЛ: Креативна работилница „Обединети против насилството“ во Гази Баба

ЦИВИЛ организира креативна работилница „Обединети против насилството“ во Домот на културата „Димитар Влахов“, Автокоманда, Гази Баба, на 15 мај, среда, со почеток во 12 часот, како дел од проектот „Заедниците против насилниот екстремизам“.Работилницата е дел од заедничките заложби на ЦИВИЛ, основните и средни училишта од Гази Баба, локална самоуправа  и полицијата за јакнење на јавната свест и граѓанска едукација на локално ниво против насилниот екстремизам.На работилница се предвидува учество на околу 20 деца од повеќе средни и основни училишта во Гази Баба    што заеднички ќе сликаат на теми „Човекови права и слободи“, „Мир и ненасилство“, односно сѐ што симболизира мирно и здружено решавање на конфликти преку дијалог и разбирање.Работилницата ќе биде проследена со видео проекции, музика, доделување симболични награди за учесниците на работилницата, како и благодарници до учесниците во проектот од Општина Гази Баба.Свои обраќања ќе имаат и градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски, како и претставници на ЦИВИЛ и СВР Гази Баба, во завршниот дел од работилницата по 14 часот.ЦИВИЛ го спроведува проектот „Заедниците против насилниот екстремизам“ со поддршка од Амбасадата на САД во Скопје. 

Скопје | пред 6 години

6 год.
Koco-Angjusev-vlada

Анѓушев: Цените што нафтените компании ги дефинираа на пазарот, се исти или слични какви што би биле

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев одговарајќи на новинарско прашање во врска со малопродажните цени на нафтените деривати, истакна дека цените што нафтените компании ги дефинираа на пазарот, на нивните бензиски пумпи се исти или слични какви што би биле и по методологијата што до скоро се применуваше.Според него тие направиле  коректен пристап кон пазарот, со тоа што не ги зголемијале цените, иако пазарот во овој период е либерален.-Основниот предзнак на законот за енергетика што го донесовме е повторно конкурентност и либерализација и државата нема да се меша во тоа. Напротив државата единствено само ќе постави максимален праг на цените на горивата, а под тој праг им е дозволено на сите нафтени компании или компании што се занимаваат со продажба на нафтени деривати да воспостават свои пазарни цени. Максималниот праг е со цел да ги заштити граѓаните од евентуалното монополско здружување кое не можам да кажам дека постои, рече Анѓушев .

Македонија | пред 6 години

6 год.
izjava-zaev.Still072

Очекувам Груевски да обајви книга за неговото "храбро" бегство, вели Ременски

Денес истекуваат 6-те месеци неоправдано отсуство од работата на Собранието на пратеникот азилант Никола Груевски, напиша пратеничката Фросина Ременски."Пред сериозен тест и одговорност на сите пратеници е спроведувањето на процедурата за одземање на мандатот со 80 гласа “за”.Пред сериозен тест е Обвинителството и Врховниот суд – ОЈО да даде одговор за истрагата за бегството, а Врховен суд да одолее да не ја укине пресудата за затворската казна.Во меѓувреме, бидејќи се распишал азилантот очекувам да објави книга за неговото “храбро” бегство, како лекција – модус операнди за криминалистите, а роман за сите останати … “-напиша Ременски.

Македонија | пред 6 години

6 год.
aircraft-15265671280-830x0-620x350

(ФОТО) Комбе удри во авионот на Меркел

Комбе марка „рено“, без возач, се заби во авионот на германската канцеларка, Ангела Меркел, пренесуваат германските медиуми. Според пишувањето на весникот „Билд“, пред инцидентот канцеларката седела во комбито на аеродромот во Дортмунд и разговарала со жената којашто го возела. Се претпоставува дека од преголема возбуда од средбата со Меркел, жената по излегувањето заборавила да го закочи.За кратко, возилото што останало на аеродромот, тргнало и удрило во предниот дел на владиниот авион.Леталото е оштетено, но нема повредени. Се очекува Меркел да се врати во престолнината со хеликоптер.

Свет | пред 6 години

6 год.
Sportski-igralista1

Општина Аеродром ги обновува спортските игралишта

Општина Аеродром деновиве врши поправка и обновување на реквизитите на сите спортски игралишта, вклучително и на оние во рамките на основните училишта.„Се поправаат и се обновуваат кошевите, а на спортското игралиште во непосредна близина на градинката „Лале“ во населбата Јане Сандански се поставени стаклени табли и зглобни обрачи.Овие активности продолжуваат и во наредниот период на целата територија на Општината“, се вели во соопштението.

Скопје | пред 6 години

6 год.
auto_fadil-zendeli-804x3801549094964

Зендели: Отсуството на Заев и Мицкоски на инаугурацијата го гледам како пропуст

Пратеникот Фадил Зендели, на отсуството на премиерот Зоран Заев и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ на инаугурацијата на претседателот на државата, гледа како пропуст. Исто така тој додаде дека требало да бидат поканети и Силјановска, Река, Касами.„Беше место премиерот да бида на инаугурацијата на претседателот на државата. Го гледам како пропуст неговото отсуство од една таква церемонија каде што имавме гости, претседатели на држави од соседните земји, а премиерот на државата го нема. Пропуст секако е и да не биде лидерот на опозицијата, без разлика каква била праксата во Собранието. Требаше да бидат поканети Силјановска, Река, Касами. Сите тие беа актери во целиот претседателски процес“, истакна Зендели.

Македонија | пред 6 години

6 год.
angusev-22

Анѓушев за „метлата“ на Заев: Комлетно сум релаксиран од тоа прашање

Вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев вели дека е релаксиран кога станува збор за најавената „метла“ од страна на премиерот„Мислам дека тоа прашање е во ингеренции на премиерот и не би си земал слобода да го дискутирам. Несериозно е од кој било друг да дава одговор на тоа прашање. Чест е да се биде дел од Владата, но исто така е и напор. Јас можам слободно да ви кажам дека сите тие кои заземаат државни функции треба да бидат свесни дека еден ден ќе ги напуштат. Јас комлетно сум релаксиран од тоа прашање и тоа е исклучиво во ингеренциите на премиерот“ изјави вицепремиерот Анѓушев.

Македонија | пред 6 години

6 год.
marihuana2

Уапсена 31-годишна жена од Полска која продавала марихуана

Против 31-годишната М.Р. од Полска, која престојувала во Куманово, полицијата поднесе кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.Од полицијата соопштија дека на 10 мај годинава полициски службеници извршиле претрес во домот каде живеела пријавената, при што пронашле и одзеле марихуна, мешавина од тутун и марихуана и повеќе предмети со остатоци од марихуана.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Трговците од денеска сами ги определуваат цените на горивата

Трговците со нафтени деривати од денеска сами можат да ги определат малопродажните цени на горивата.Новите цени граѓаните ќе ги дознаваат на бензиските пумпи. Договорот со Хеленик петролеум, според кој Регулаторната комисија ги утврдуваше цените на дериватите истече, а новата регулатива по која во иднина ќе треба да се одредуваат цените заглави во собраниските лавиринти.Трговците најмалку една недела самите ќе ја одредуваат малопродажната цена.

Македонија | пред 6 години

6 год.
vlada-19.02-pak

Владата ќе одлучува за формирање на Совет за борба против перење пари и финансирање на тероризам

Владата на Република Македонија денеска ќе ја одржи својата редовна 135 седница со повеќе точки на дневен ред од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.На оваа седница на предлог на Министерството за финансии и на Управата за финансиско разузнавање ќе се разгледа Предлог – одлуката за формирање на Совет за борба против перење пари и финансирање на тероризам.На денешната седница на дневниот ред на Владата на РМ ќе се најде и Информацијата за електронско поврзување на 76 матични подрачја со електронскиот матичен регистар на Управа за водење на матични книги и план за целосна дигитализација на регистрите во Управата.Министрите во владата денеска треба да се произнесат и за Предлог - Националната програма за координација и преземање на ефективни мерки за надзор на пазарот за 2019 и 2020 година, со Акциски план.Министерството за внатрешни работи за денешната седница ја предложи Информацијата за прогресот во модернизација на ИТ системи во Министерството за внатрешни работи, како предуслов за размена на веб сервиси.Министерството за здравство ќе ги презентира Информацијата за прогресот на активности во реализација на акцискиот план за проектот - Фузионирање на здравствени домови со општи болници во општините каде тоа е потребно, и Информацијата за прогресот на активности во реализација на проектот „Служби за помош и поддршка на стари лица Домашна посета и Домашен лекар“.На денешната седница ќе се најде и Информацијата за реализација на активностите од Националната стратегија за развој на пенитенцијарниот систем во Република Македонија (2015-2019) во 2018 година, на предлог на Министерството за правда.

Македонија | пред 6 години

6 год.
uploads_thumbs_resize_800x420_353039

Минов: Пендаровски спомна дека ќе го афирмира политичкиот дијалог, но тоа е тешко да го реализираш

Пратеникот на ГРОМ, Панчо Минов во синоќешното гостување на „24 Тренд анализа“, даде свој став околу целокупната организација и наугурација на новиот претседател Стево Пендаровски.„Вршење на функцијата во интерес на сите граѓани одамна го кажа Пендаровски. Тој меѓу првите приоритети спомна дека ќе го афирмира политичкиот дијалог. Тоа е многу лесно да се каже, но е ѓаволски тешко да го реализираш посебно на наш терен“, истакна Минов.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања