Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
6 год.
2-4

Се судрија два хидроавиона на Алјаска, загинаа најмалку пет лица

Пет лица загинаа, а едно се води како исчезнато на Алјаска, во судир на два хидроавиона, кои превезувале туристи од крстарење, соопштија властите и компанијата која го организирала летот.Двете летала, хидроавионите „Бивер“ и „Отер“, превезувале 16 патници од бродот „Ројал принцес“ на компанијата „Принсес Круисес“, која организира патувања.  Се судрија во лет од непозната причина околу 13:00 часот (23:00 часот по средно-европско време) во близина на Кечикан, во американската сојзуна држава Алјаска, на Арктикот.Според  „Принцес Круисес“, во несреќата загинале четири патници и пилот. Десет лица преживеале и пружена им е медицинска помош на местото на несреќата, додаде компанијата.Американската крајбрежна стража ја потврди смртта на три лица и најави дека другите тројца се водат за исчезнати. Во потрагата се вклучени хеликоптери и бродови.

Свет | пред 6 години

6 год.
vozilo

Кај Плетвар автомобил се преврте на кров

Пред каменоломот на Плетвар стои превртено возило. Полицијата е веќе на терен, јави ФБ страната „Ѕид на сообраќајниот срам“.Засега не се знае дали има жртви или повредени и како дошло до несреќата. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
kucinja-kuce

Скопјанец каснат од куче скитник

На 13.05.2019 година во 12.50 часот во Полициската станица Аеродром, Љ.М.(49) од Скопје пријавил дека на 12.05.2019 година во 20.00 часот на ул.„Партение Зографски“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната потколеница.

Скопје | пред 6 години

6 год.
uapsen

Приведен Турчин кој илегално престојувал во земјава

На 13.05.2019 година во 23.10 часот во Полициската станица Гостивар бил приведен Џ.Џ.(24) од Република Турција, кој непријавено престојувал во земјава и непоседувал документи за идентификација.Тој бил задржан за натамошна постапка.

Македонија | пред 6 години

6 год.
soobrakajka

„Пежо“ излета од патот, возачот тешко повреден

На 13.05.2019 година во 12.00 часот на регионалниот пат с.Јажинце-Тетово, во с.Беловиште, Б.Ј.(45) од с.Рогачево, управувајќи патничко возило „Пежо“ со тетовски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот.Б.Ј. се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничкиот центар Тетово, но поради сериозноста на повредите бил препратен во Градската општа болница „8-ми Септември“ во Скопје. Увид извршила екипа на СВР Тетово. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
soobrakajna-nesreka

Тетовец се забил во карпа и завршил во болница

На 13.05.2019 годинa во 16.00 часот на регионалниот пат Скопје-Тетово, патничко возило „Ровер“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.К.(39) од Тетово, удрило во карпест брег покрај патот.А.К. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен болницата во Тетово, каде му била укажана лекарска помош и бил задржан на лекување.  Увид извршила екипа од СВР Скопје.

Македонија | пред 6 години

6 год.
f3f759ca-859d-4315-ba84-f1f5a2bf2d23

(ФОТО) Уништена спомен плочата кај Карпалак

Искршена и искорната е спомен плочата за загинатите војници во масакрот кај Карпалак кој се случи за време на конфликтот во 2001, пишува Лидер.Фотографиите кои граѓани ги доставија до редакцијата на Лидер, покажуваат дека малата спомен плоча поставена на банкината од Автопатот Скопје – Тетово, е извадена и веќе не е единствен потсетник за масакрот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
banja-luka-poplavi

Вонредна состојба во Бања Лука, наставата во прекин, поплавени куќи

Градоначалникот на Бања Лука, Игор Радојичиќ доцна синоќа прогласи вонредна состојба во дел на градот, во населбите долж водотекот Врбање и по течението на реката до Врбас.Утринава ситуацијата е подобра, во однос на падот на водотеците и повлекувањето на водите во областите каде што имаше поплави по вчерашното невреме. Како една од превентивните мерки кои се преземаат во Бања Лука, денеска училиштата и детските градинки не работат.Во текот на минатата ноќ, беа ангажирани комплетниот состав на цивилната заштита и сета расположлива техничка опрема за да се одбранат критичните точки на водотеците.Обилните дождови вчера предизвикаа поплави во северозападниот дел на Република Српска, а кај Бања Лука дојде до излевање на едно вештачко езеро.

Свет | пред 6 години

6 год.
Capture-2

Силјановска: Моите бројки покажуваат дека за мене гласале повеќе од 100.000 Македонци

Професорката, Гордана Силјановска, која изгуби на претседателските избори од нејзиниот противкандидат, Стево Пендаровски, вели дека за неа гласале околу 100.000 Македонци повеќе отколку за консензуалниот кандидат на СДСМ и ДУИ.-Моите бројки покажуваат дека за мене гласале повеќе од 100.000 Македонци од противкандидатот, тоа не не води кон обединување туку поделба – рече Силјановска во интервју за „Алфа ТВ“, зборувајќи за поделбите меѓу гласачите Македонци и Албанци.Таа раскажува и што прво помислила која пребројувањето на гласовите покажало извесна победа за Пендаровски.-Очекував одлука од самите граѓани, во што и јас длабоко верував и се повикував, дека не им се обраќам на партиите, иако Македонија живее време на партитократија, а не демократија. Пред крајот на затворањето на гласањето заклучокот ми беше дека сепак македонскиот свет не се сменил, дека во последните неколку саати одлуката ја донеле партиите, а не граѓаните. Нелогично е над 90 отсто луѓе во една општина, во која претходно гласале за Река, сега одеднаш да го сменат мислењето. Очекував промени, не е сменет начинот на одлучувањето, мислам дека во таквиот начин на гласање имаше удел и зборот на религиозни лидери, што е уште почудно за една секуларна држава – рече таа.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Наградата „Златен објектив” ја добија Димитар Грбевски и Елена Дончева

Овогодинешни добитници на наградата „Златен објектив” за 2019 година, која Кинотеката на Северна Македонија ја доделува за исклучителен придонес во македонската кинематографија се филмските работници Димитар Грбевски, монтажер и Елена Дончева, костимограф.Наградата ќе им биде врачена на 16 мај во 12:00 ч. во киносалата на Кинотеката.„Златен објектив“ се доделува по повод роденденотна Кинотеката како признание на поединци кои со своето професионално делување придонеле македонската кинематографија да се создаде, развива, промовира и популаризира. Досегашни добитници на оваа награда беа режисерите Бранко Гапо, Трајче Попов и Кирил Ценевски, тонскиот снимател Глигор Паковски, аниматорот и карикатурист Дарко Марковиќ, директорите на фотографија Драган Салковски, Љубе Петковски и Благоја Дрнков, филмскиот работник Коста Крпач, продуцентот Панта Мижимаков и историчарката и критичарката на филмот Илинденка Петрушева

Магазин | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Ако ние масовно се иселуваме, кој се доселува во земјава?

Секоја година во земјава се доселуваат по неколку илјади луѓе, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Дел од нив се македонски државјани кои се враќаат во матичната земја, дел се странци со привремен престој и странци со продолжен престој. Се доселуваат луѓе од регионот, но и од други држави, објави faktor.mk.Луѓето се доселуваат по основ на склучување на брак, школување, работа, семејни врски и слично.Македонија се соочува со иселување на населението, а пописот кој ќе се одржи следната година ќе даде детална слика за тоа колку жители има во земјата.Текстот во целост на: faktor.mk

Македонија | пред 6 години

6 год.
467847

(ФОТО) Официјалната веб страна на претседателот е во изработка

На официјалната веб страна на претседателот на државата пишува дека истата е во изработка, но исто така стои и името на новиот претседател.Вчера на веб страната стоеше старото име на државата и стариот претседател. По написите во медиумите, администраторите ги прават неопходните чекори за да го обноват сајтот.Со ова на страната на претседателот стои новото уставно име на државата, со оглед на тоа што Иванов одбиваше да го примени до крајот на својот мандат.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Сообраќајот се одвива по влажни коловози, АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.Aвтопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци не е пуштен за сообраќај. На автопатот се вршат проверки од безбедносен карактер. АМСМ апелира до сите возачи да не го користат автопатот.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.Од 9.05.2019 на патниот правец Р1201 Маврово – Дебар кај с. Скудриње, сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место има поставена соодветна сообраќајна сигнализација. На 4.04.2019 година од 11:30 часот поради оштетување на мостот во с.Ваташа на регионалниот пат Кавадарци – с.Мрежичко воведена е забрана за товатни моторни возила.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Најмногу дожд во Маврово и Лазарополе

Во изминатите 24 часа најмногу дожд имало во Маврово и Лазарополе. Според информацијата од УХМР, во Маврово наврнале 47 литри на метар квадратен и 45 литри во Лазарополе.Врнежи од дожд се регистрирани повеќе во западниот дел од земјата. Во Битола и Претор наврнале 32 литри на метар квадратен, во Пожаране 30 литри, Крушево 28, Охрид 23 литри, Дебар 19, Тетово, Куманово и Тополчани 12 литри, Прилеп 10, осум Скопје Петровец, седум во Скопје Зајчев рид и Ѓуриште, три во Штип, два во Гевгелија и еден литар во Струмица, Крива Паланка, Демир Капија, Берово и Дојран.И во текот на денот метеоролозите најавуваат пообилни врнежи, кои локално ќе бидат во форма на невреме, со грнежи, засилен ветер и услови за појава на град.Температурата ќе се движи од 12 до 19 степени.Во Скопје, претежно облачно со врнежи од дожд, а температурата ќе се искачи до 19 степени.

Македонија | пред 6 години

6 год.
EFE51462-41BC-4BD7-A900-86F0852D0A28_w1023_r1_s

Се` заострува трговската војна САД - Кина

Пекинг воведе царини за американски производи, како одговор на сличната мерка која ја воведе ВашингтонКина воведе нови царини за увоз од САД вреден 60 милијарди американски долари, како одговор на одуката на претседателот Доналд Трамп за зголемување на царините за 200 милијарди долари кинески производи.Вашингтон исто така најави нови царини за 300 милијарди долари увоз од Кина.Кинеското министерство за финансии соопшти дека воведува пет до 25 проценти царини на 5.140 американски производи и дека одлуката стапува на сила на 1-ви јуни.Пекинг вели дека одговорот е насочен против „унилатерализмот и трговскиот протекционизам на САД.“„Кина никогаш нема да подлегне на странски притисок“, велат Министерството за надворешни работи на државата.Претседателот Трамп претходно го повика Пекинг да не ги зголемува царините: „Кина многу години ги искористува САД, и тие отидоа далеку напред (нашите претседатели не си ја вршеа работата). Затоа, Кина не треба да се одмаздува и состојбата само ќе се влоши!“Ескалацијата на трговската војна имаше непосреден ефект врз американските берзи кои паднаа за околу два проценти за време на денешното тргување.Главниот економски советник во Белата куќа, Лари Кудлоу, за „Фокс њус“ кажа дека „двете страни ќе страдаат“ од трговска војна.Трамп на Твитер напиша дека: „Нема причина потрошувачите во САД а да платат за царините, кои од денес се воведени кон Кина“. Сепак Кудлоу призна дека: „Всушност, двете страни ќе платат.“Претседателот на САД тврди дека кинеската влада неправедно ги субвенционира кинеските компании и краде интелектуална сопственост од американските фирми.Кудлоу кажа дека во САД најтешко ќе им биде на земјоделците кои извезуваат соја, пченка и пченица во Кина. Тој додаде дека администрацијата на Трамп им помогнала со субвенции вредни 12 милијарди долари и дека ќе го стори тоа повторно ако е потребно и ако статистиката тоа го покажува. Трамп најави дека ќе побара од Конгресот да одобри уште 15 милијарди долари земјоделски субвенции за да ја надомести загубата од намалената продажба во Кина.Трговските разговори меѓу двете економски суперсили траат со месеци. Последната средба во Вашингтон заврши без договор.„Се движиме добро со конструктивни разговори и се` уште мислам дека е така“ рече Кудлоу. „Ќе продолжиме со разговорите, како што предложи претседателот".Кудлоу рече дека Трамп и кинескиот претседател Ши Џинпинг најверојатно ќе разговараат за трговските прашања на самитот на Г-20 во Јапонија кој ќе се одржи на крајот од јуни.САД тврдат дека Кина краде технолошки тајни и ги принудува американските компании да откриваат трговски тајни ако сакаат да произведуваат во Кина.

Свет | пред 6 години

6 год.
MFA_8353

Димитров на дебата „Западен Балкан по решавањето на прашањето за името“ во Берлин

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров ќе престојува во дводневна работна посета на Берлин.Во рамки на посетата Министерот ќе учествува на настан во германскиот Бундестаг „Западен Балкан по решавањето на прашањето за името: постигнувања, предизвици и перспективи“, организиран од парламентарните групи на Зелените и на германската секција на Унијата на Европските Федералисти, во која членуваат пратеници од четири политички партии – ЦДУ/ЦСУ, Социјал-демократи, Зелените и Либералите.Покрај тоа, министерот Димитров ќе се сретне со пратеници во Германскиот парламент на кои ќе им го презентира напредокот на Република Македонија и подготвеноста на земјата за почеток на пристапните преговори во ЕУ.Програмата на посетата опфаќа и средби со други релевантни соговорници од Министерството за надворешни работи и други владини претставници.

Македонија | пред 6 години

6 год.
040A2B35-764F-4DD1-B131-E1BC3E03F355_w1023_r1_s

Иселувањето ги празни училниците

„За 18 години, за 61.000 деца се намалил бројот на ученици во основното образование во Македонија.“, тврди Дончо Герасимовски, поранешен директор на Државниот завод за статистикаИселувањето од Македонија е проблем кој мора да се помести повисоко на листата на приоритетите на било која извршна власт. Економската стагнација, децениската транзиција која последната деценија е засилена со перманентна политичка криза и демотивацијата на младите, ги полнат авионите и автобусите кон Запад. Со еднонасочни билети за цели семејства.Тоа е процес што никој не може да го сопре. Во последно време се прават напори, но иселувањето не може да се спречиДончо Герасимовски, поранешен директор на Државниот завод за статистикаСпоред анализата на Дончо Герасимовски, драстичното намалување на учениците е реалност, заснована на бројките што се официјално објавени од Државниот завод за статистика. Според него, во учебната 2000/2001 година во основните училишта во Македонија биле регистрирани 249.375 ученици, а во тековната учебна година се евидентирани 188.102 ученици, или 61.273 ученици помалку во основното образование.Според неговата изјава што ја пренесоа медиумите, Герасимовски ја направил анализата и со компарација на бројот на живородени деца во одредена година, и бројот на децата - шест години подоцна кога тргнуваат во основно училиште. Тој потенцира дека намалувањето на бројот на учениците во основното образование посочува на зголемувањето на процентот на иселување на граѓаните од Македонија.„Тоа е процес што никој не може да го сопре. Во последно време се прават напори, но иселувањето не може да се спречи“, изјавил Герасимовски во медиумите.Гордана Угриновска, наставник по одделенска настава со долгогодишен стаж во основно училиште во Битола, за Гласот на Америка на македонски јазик, за оваа тема, изјави:„И овој мај, како и секоја година, започнува процесот на запишување на новите првачиња. Каква ќе биде бројната состојба ќе покаже времето, но според досегашното искуство може да се претпостави дека ќе продолжи трендот на намалување на бројот на ученици. Во образованието работам 26 години и осум месеци и се сеќавам на моите први генерации, некаде од 1995-та година. Бројката на ученици која фигурираше, беше над тогашниот максимум, по 36 ученици во една паралелка, со четири паралелки во генерација! Толку голема беше бројката на ученици во основното образование во тоа време..“Иако бројот на ученици постојано се намалува, се зголемува бројот на наставници - за три-четири илјади во последните две децении, односно, во 2001/2002 година во основните училишта во Македонија имало 13.356 наставници, а оваа учебна година дури 4.916 наставници повеќе - 18.272.Сличен е ставот и на Јагода Додевска, исто така, наставник по одделенска настава, од Куманово, која во својата изјава ни потврди, дека според нејзиното 30-годишно искуство во просветата, од година на година, редовно се соочува со сознанието дека „бројот на ученици секоја учебна година се намалува. Ако во почетокот на моето вработување во паралелките имаше повеќе од 30 деца, денес работиме во паралелки во кои има 20-25 ученици“.Експертот Герасимовски смета дека „минусот“ од 61.000 ученици е реален. „Ако само во учебната 2017/2018 година бројката на ученици се намалила за 4.000, таа е математиката“, смета Герасимовски, според кого, постојат повеќе причини за ваквиот негативен тренд.Иако вели дека наталитетот опаѓа со години наназад, Герасимовски смета дека највлијателен фактор е сепак, иселувањето од Македонија. „Неодамна објавив колумна, каде исчезнаа 2.333 првачиња од училиштата? На пример, во една година биле родени 20.000 деца, а по шест години, во прво одделение се запишале 17.500. Каде се останатите?“, прашува Герасимовски.Наставничката Угриновска од Битола, во изјавата за Гласот на Америка на македонски јазик се сеќава дека „како се нижеа годините, бројот на паралелките од четири во секоја година, се сведе на три, што беше резултат на осипувањето на бројот на учениците што се запишуваа. На што се должеше тој феномен? Најпрвин, мислевме дека се запишуваат во други училишта, но и тие училишта имаа проблем со бројноста на учениците, иако постоечките паралелки опстојуваа... Но, сега е веќе видлив проблемот на намален број на ученици кои се запишуваат во училиштата. За жал, секојдневно сме сведоци дека наши пријатели со своите семејства, или пријатели на нашите пријатели и познаници, сè почесто се отселуваат во други држави, барајќи подобри услови за живот... Mожеби е тоа и некоја природна миграција?“А наставничка Додевска од Куманово смета дека „намалувањето на бројот на учениците во основното образование е резултат и на „одлуката на младите за влегување во брак во подоцнежни години и за станување родител подоцна од претходните генерации, на вработувањето на голем број граѓани, особено од Куманово (меѓу кои и лица со завршено средно образование) во Авганистан, на пример. Но, и заминувањето во Малта, или во Република Словенија која им нуди сигурно вработување на лицата со високо образование од повеќе струки... Или во Германија, која е ‘мека’ за кумановчан(к)и од медицинската струка од сите рангови“.Според Додевска, „позитивно во основните училишта во Куманово, спротивно од генералниот тренд, е зголемувањето на бројот на деца од ромска националност кои, со влијание и на ромските невладини организации, како и поради намалувањето на шансите на ромските семејства за иселување, пред сè, во Германија, се запишуваат секоја година во сè поголем број“.Иако бројот на учениците се намалува, бројот на училиштата во Македонија не е многу намален. А со компаративна анализа, според Герасимовски, се добиваат многу интересни податоци: иако бројот на ученици постојано се намалува, се зголемува бројот на наставници - за три-четири илјади во последните две децении, односно, во 2001/2002 година во основните училишта во Македонија имало 13.356 наставници, а оваа учебна година дури 4.916 наставници повеќе - 18.272.Иселувањето од Македонија трае со векови, но се засилува последните две децении. И притоа, во неизвесност и во потрага по подобар живот, тргнуваат и етнички Македонци и етнички Албанци, и сите останати националности кои живеат во државата.Медиумите неодамна објавија дека дури и од еден од најплодните региони, Струмичкиот, расте бројот на иселени лица, особено на млади лица кои не сакаат да се занимаваат со земјоделие или сточарство.Во изјава за Гласот на Америка на македонски јазик минатата недела, аналитичарот Мерсел Биљали, на прашањето дали дел од етничко-албанското гласачко тело апстинирал на претседателските избори, во одговорот потенцираше: „Напротив, мислам дека во голем процент се излезени, но мора да се согласиме со реалноста што државата или власта не ја знае - дека голем дел од младите и тие кои се во средни години се заминати надвор. И тоа посебно овие четири - пет години. Значи, масовно! Можам да кажам дека во моето Чегране (поранешна рурална општина, подоцна припоена кон Гостивар) каде што според евиденцијата има околу 9.000 жители, реално нема ни 3.000.“ИЗВОР: VOA

Македонија | пред 6 години

6 год.
mesecina

Видео ја открива најголемата измама – слета ли Аполо 11 на Месечината?

На интернет се појавија снимки кои наводно го покажуваат слетувањето на месечината за кое се тврди дека е лажен, однодно дека не е снеимен со сателит.Имено на снимката се гледаат космонаути кои наводно шетаат по пустината во Невада, а би требало да претставува сателит од земјата.  Снимката е објавена на Јутубканалот и се повикува на Викиликс.Дали е снимката автентична или се работи за некоја измама пресудетет сами. 1969 година ни беше познато дека човечка нога зачекори на Месечината.Аполо 11 бeше мисија од програмата Аполо и прво човечко слетување на Месечината.Вселенското летало Аполо 11 било лансирано на 16 јули, 1969 година, од космодоромот Кејп Кенеди во САД. Екипажот на вселенското летало бил составен од Нил Армстронг, Мајкл Колинс и Едвин Олдрин. Првата фотографија, направена од Нил Армстронг на Месечината.На 20 јули, Нил Армстронг и Едвин Олдрин се спуштиле на лунарната површината и ги направиле првите чекори на Месечината во историјата на човештвото. Мајкл Колинс за тоа време орбитирал околу Месечината.  

Свет | пред 6 години

6 год.
45015661_303

Договорот за Окта е историја... А сметките?

Методологијата за утврдување на цената на нафтата беше „малото зло“ во договорот за Окта. Големото, со тенденција и натаму да го цеди буџетот, беше обврската за купување мазут во количества преголеми и за две Македонии.Она што стана обврска за државата Македонија пред 20 години, кога беше потпишан купопродажниот договор со Хеленик петролеум тежок 32 милиони долари, станува историја. Цените на нафтените деривати, утврдени согласно методологијата од купопродажниот договор за Окта, кој официјално истече на 8 мај, важат уште денеска, односно до ноќеска на полноќ. Од утре важат нови правила, кои всушност и ги нема, поради тоа што државата не успеа да донесе нова методологија за пресметка на цените. Причината не е во институциите, туку кај екс претседателот Ѓорге Иванов, кој не стави потпис на неопходните законски измени.Па така, Македонија која се реши да не го либерализира пазарот на нафта и нафтени деривати, ни крива ни должна ќе мора да функционира по услови на слободен пазар. Барем додека не се донесат законските измени во Собранието. Надлежните очекуваат дека вакуум периодот нема да донесе шокови за граѓаните:„Да, денеска е последен ден за цените утрвдени согласно методологијата со договорот за Окта, а од утре, додека не се донесе нова методологија, трговците самите ќе ја определуваат цената. Ние донесовме законски измени кои поминаа, но Ѓорге Иванов не ги потпиша. Процедурата сега повторно е во собрание и очекувам дека во неделава ќе помине и веќе од 20 мај ќе можеме да утврдуваме цени согласно новата методологија“, изјави за ДВ Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика.Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетикаГраѓаните да не стравуваат од ценовни шоковиОва значи дека трговците со нафта, меѓу нив и Окта, од утре сами ќе ги утврдуваат малопродажните цени на нафтата и нафтените деривати. Надлежните сепак не очекуваат дека ова ќе донесе главоболки за граѓаните, бидејќи добиле уверување од компаниите оти ценовен шок не треба да се очекува.„Ние веќе не можеме да определуваме цена за Окта поради тоа што според постоечкиот закон Окта треба да ни достави барање, но таа не ни доставува. Обврската веќе ѝ е завршена и имаме законски вакуум. Не ми се верува дека ќе биде штетно, бевме во комуникација со најголемите трговци и тие нѐ уверија дека нема да има никакви ценовни шокови. Цената ќе ја формираат согласно светските берзи, така што не треба да има проблеми додека не се донесе новата методологија“, коментира Бислимоски.Нова методологија за заштита на потрошувачитеНовата методологија е безмалку утврдена, но дали ќе ги задоволи потребите и на компаниите? Од она што може да се слушне периодов како реакции, е дека постои одредено незадоволство. Посебно во делот на маржата за која се бара да биде повисока, односно од сегашните 3,2 да се зголеми на 6 денари.„Дали ќе има незадоволни? Тие ќе сакаат многу повеќе, но не би требало да има проблеми. Ние ги гледаме интересите на потрошувачите. Новата методологија ќе се базира на цена на светска берза, курс на долар, ќе имаат трошок за т.н. премија, односно трошокот кон трговецот од каде ја увезуваат, како и трошокот за превоз од земја од каде ќе купуваат до складовите и од складовите до бензинските станици. Секако ќе има и маржа, но не и досегашниот трошок од 29 долари за тон кој ѝ се признаваше на Окта која отсега ќе биде само трговец, а не и производител“, објаснува Бислимоски.Надлежните не очекуваат главоболки за граѓанитеКомпанијата Окта, која сега ќе биде само трговец со нафта и нафтени деривати, е една од главните причини поради кои државата се одлучи да не го либерализира пазарот со нафта и нафтени деривати:„Окта има 80% пазарно учество на пазарот на големо. Ако во такви услови се либерализира пазарот, тогаш тоа значи дека не водиш грижа. Велат, струјата и гасот се либерализирани, но имаме заштитен механизам, преку универзалниот снабдувач. На пример, цената на мегават е седумдесетина евра за мегават час, домаќинствата плаќаат 75 евра сосе трошок за мрежарина на регулиран пазар. Ако би биле на слободен пазар би требало да плаќаат 100 и кусур евра за мегават час. Но затоа што има заштитен механизам, регулаторна определува цени за универзалниот снабдувач и домаќинствата се заштитени“, забележува Бислимовски.Мазутот најштетна ставка во договорот за ОктаНадлежните уверуваат дека крајот на договорот со Окта и со него утврдената методологија за одредување на малопродажните цени на нафтата и нафтените деривати не треба да донесат ценовни шокови. Но во делот на останатите обврски што произлегуваа од него, а кои Македонија не ги реализира, многу веројатно дека ќе има и ќе чинат десетици милиони.Регулаторната комисија определува цени за универзалниот снабдувач и домаќинствата се заштитени, вели БислимовскиКонкретно во делот на мазутот за кој потписот на договорот со грчката страна на 8 мај 1999 година значеше обврска секоја година да се искористат, или платат по 500 илјади тони мазут. Ова, според упатените, е и најголемата штета од документот кој ѝ наметна обврска на земјата за нешто што нема потреба ниту капацитети да го искористи:„Најголема штетност беше обврската за мазутот. Во 2009 година исплативме 40 милиони долари, а еве сега Хеленик петролеум поднесе повторно тужба пред арбитража за останатиот период за уште 32 милиони долари. Така што, таму е најголемата штетност. Ако Окта е купена за 32 милиони долари пред 20 години, а веќе еднаш се исплатени 40 милиони долари со одлука на арбитража, пресметајте сами. Македонија реално не може да троши толку мазут, бидејќи сите топлани се на природен гас. Тоа е нешто невидено, но сега случајот е на истата арбитража и се знае, ако веќе донесла еднаш слична одлука, тогаш тоа е тоа. Но факт е и дека Окта не работела како производител од 2013 па наваму, но ние имавме обврска да ја применуваме таа методологија“, предупредува Бислимоски.Веста дека Окта ќе тужи за неисполнети обврски од купопродажниот договор одекна во јануари годинава. Владата тогаш соопшти дека ќе влезе во преговори за да се изнајде решение со кое би се намалила потенцијалната штета врз буџетот, направена пред 20 години. До каде се стигнати преговорите и дали може да се очекува позитивен епилог, нема конкретни информации. Грчката страна досега повеќепати бараше средби со Владата за решавање на проблемот со нафтоводот кој повеќе од седум години не е во функција, но и за новата методологија за пресметка на цената на горивата. Грчката страна сака нафтоводот да профункционира, но како продуктовод за транспорт на дизел гориво, што сметаат дека ќе влијае на намалување на трошоците и конечната цена.Договорот за купопродажба на Окта беше склучен пред 20 годиниДве децении обвинувања и правдањаДоговорот за купопродажба на Окта се случи во 1999 година, во времето на владата на ВМРО ДПМНЕ предводена од Љубчо Георгиевски. Договорот го потпиша Борис Стојменов, тогашниот министер за финансии. Овој договор постојано беше предмет на контроверзии. Експертската јавност постојано критикуваше дека договорот е штетен за интересите на државата, не само поради обврските за мазутот, туку и по разни други основи. За случајот имаше предмети и во обвинителството, антикорупциската комисија, но конкретен епилог јавноста никогаш не виде. За купопродажбата, социјалдемократите повеќепати го прозиваа и Никола Груевски дека од позиција на министер во тогашната Влада потпишал анекси на договорот во полза на Хеленик петролеум. Ваквите обвинувања постојано завршуваа со контраквалификации дека целиот случај се злоупотребувал само заради хајка и политички интереси.ИЗВОР : DW.COM

Македонија | пред 6 години

6 год.
rocista

Денес во Кривичен нови рочишта за „Монструм“ и „Траекторија“

Во Кривичениот суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за случајот „Монструм“.На претходно рочиште на 6 мај се сослушуваа сведоци.За петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.Случајот го води судијата Огнен Ставрев и се наоѓа во доказна постапка.Исто така денеска треба да продолжи судењето за „Траекторија” каде се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски, на кого му се суди во отсуство, ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски и ексдиректорот на ЈП Државни патишта Љупчо Георгиевски.Според обвинението на СЈО, обвинетите во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејства со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатиштата Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања. Со тоа му нанеле штета на Буџетот од најмалку 155 милиони евра.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања