Промени тема
За нас
ВО ЖИВО

Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
6 год.
1-8

70 возачи во Скопје казнети за непрописно паркирање

Седум лица се здобиле со лесни телесни повреди во седум од вкупно 12 сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во пет е причинета материјални штетаСпоред податоците на СВР Скопје, полицијата од сообраќај исклучила 13 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило,  13 со истечена важност на сообраќајна дозвола и 18 нерегистрирани возила.Казнети се и 70 возачи за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 52 возила.Санкционирани се и тројца пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин, двајца пешаци кои поминале коловоз на црвено светло, седум возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, седум возачи кои не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, четири возачи за не правилно престројување, еден за неправилно престигнување, тројца за не користење на заштитен шлем од страна на возачите на вел со мотор, мопед и мотоцикл, пет за не носење сигурносен појас од страна на возачите за време на управување на моторни возил и 18 за користење на мобилен телефон од страна на возачите за време на управување на моторни возила.

Скопје | пред 6 години

6 год.
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Серија на мерки со кои се намалени трошоците, се повеќе пари завршуваат кај граѓаните

Владата предводена од СДСМ реализираше серија на мерки со кои се намалија трошоците и се повеќе пари завршуваат назад кај граѓаните. Од почетокот на новата грејна сезона, граѓаните ќе добиваат помали сметки за парно греење согласно одлуката за намалување на ДДВ-то  за испорака на топлинска енергија од 18 на 5%. Тоа значи дека секое семејство, приклучено на централното парно греење со стан со просечна квадратура, ќе добива пониска сметка за околу 220 денари месечно, што е годишна заштеда од над 2.600 денари, се вели во соопштението од СДСМ.Истовремено, беше донесена одлука граѓаните кои се исклучени од системот за парно греење во Скопје повеќе да не плаќаат фиксен надоместок за парно како досега. Со тоа се исправа долгодишна неправда кон околу 12.000 семејства во Скопје исклучени од централното греење а кои со години плаќаа месечен надоместок без разлика што не ја користеа услугата.Со воведувањето на евтина тарифа на струјата сметките се намалени, 11.4 милиони евра заштедуваат граѓаните на годишно ниво. Со укинувањето на радиодифузната такса, се обезбедува заштеда од нови 190 денари месечено во секое семејство.Драстично се намалени казните за фимите, а глобите за физичките лица се намалени за 75 отсто.Трошоците за нотари, извршители се намачени за 50% до 90%, а услугите на Катастарот за недвижнини се намалени до 50%. Ова се само дел од мерките што обезбедуваат намалени трошоци за живот и повеќе пари кај домаќинствата.  Како одговорна партија, СДСМ останува посветена на мерките што обезбедуваат економски раст, намалени трошоци и повеќе пари во секое семејство, кај секој граѓанин, се вели во соопштението од СДСМ.

Македонија | пред 6 години

6 год.
struja-4

Дел од Ѓорче Петров и Центар без струја

Од „ЕВН Македонија“ АД информираат дека денеска се планирани следните технички зафати во дистрибутивната електромрежа во Скопје и без електрична енергија ќе останат:Во периодот од 9:00 до 12:00 часот, корисниците од с. Волково под ул. 95 (општина Ѓорче Петров).Во периодот од 9:00 до 14:00 часот, корисниците од ул. Рилски Конгрес бр. 1 – 15 и бр. 2-16 (општина Центар).

Скопје | пред 6 години

6 год.
ds-219743

Денес се празнува Свети пророк Еремиј

Овој голем пророк се роди 600 години пред Христос, за кого пророкуваше поточно, пророкуваше за падот на египетските идоли и за доаѓањето на Дева Марија со Синот Исус Христос, во Египет.Почнал да пророкува во својата 15-та година. Во текот на неговиот живот се изменувале неколку јудејски цареви, кои Еремиј преку своите пророштва се трудел да ги насочува кон праведно и правилно управување.Истите пораки им ги упатува и на своите сонародници, кои во тоа време биле длабоко западнати во идолопоклонство. Во врска со тоа го прорекува и првото опустошување на Ерусалим.Скоро потоа Ерусалим бил освоен и разурнат од Вавилонците. По падот на Ерусалим пророкот насила го одвеле, заедно со многуброен народ, во Египет. Таму Еремиј на дотогашните маки ја додава и маченичката смрт.Убиен е со камења од своите сонародници.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Заев треба да ги одмори граѓаните и Република Македонија од него

Заев треба да се одмори и тоа по можност на подолго време. Барем додека Македонија не застане на нозе. Заев треба да ги одмори граѓаните и Република Македонија од него. 500.000 граѓани кои живеат на прагот на сиромаштија, земјоделците кои го фрлија произведеното на буниште, изрекетираните бизнисмени, луѓето кои неможат да најдат лекови во аптеките и граѓаните кои се плашат за својата безбедност поради се поголемата стапка на криминалитет посакуваат одморот на Заев да му биде на неопределено време и истиот да не се врати на позицијата премиер, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Додека Заев си се вози на својот луксузен мотор се повеќе млади ја напуштаат државата и трајно се иселуваат.Според податоците на германската амбасада истата годишно издава околу 20.000 работни визи. Слични бројки имаме и од другите развиени држави. Тоа се главно млади луѓе кои не гледаат перспектива во Македонија.Младите кои беа лажени од Заев, сега се најголема жртва на неговата неспосбност.Апатијата владее во целата економија. Граѓаните имаат се помалку пари, а Заев и министрите се шетаат и луксузираат во соседството, Дубаи и Западна Европа.Додека државата плаќа возила и обезбедување да го следат Заев во неговите лудории, земјоделците од Преспа ја фрлаат јаболката на буниште. Како премиер наместо да трошеше и да се расфрлаше на луксуз со државни пари можеше да го откупи производството на јаболкарите, кои очајно сечат дрвја и се откажуваат од за нив единствениот извор на егзистенција.Граѓаните не гледаат излез од кризата во која не втурна Заев. Најмалку од се излезот од хаосот може да биде самиот Заев. Тој е причината на проблемот и мора да си оди. Колку побргу, толку подобро, , се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ..

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Времето денеска нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Времето денеска облачно со врнежи од дожд, на места ќе бидат обилни, особено во западните делови. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 145 до 19 степени.За утре, метеоролозите најавуваат претежно облачно со врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат пообилни, а локално процесите ќе бидат и во форма на невреме, со грмежи, засилен ветер.

Македонија | пред 6 години

6 год.
pendarovski

Пендаровски ќе живее на Водно, за да обезбедувањето не им пречи на соседите

Стево Пендаровски, новиот претседател на Македонија, во разговор во емисијата „360 Степени“ на телевизија Алсат рече дека ќе живее во претседателската резиденција на Водно затоа што не сакал неговото обезбедување да им пречи на соседите.– Јас живеам во зграда. Ако останам да живеам каде што сум сега, ќе биде проблем бидејќи во мојата зграда има уште 19 стана во влезот и плус дополнителни два влеза. И веројатно нивниот режим на живеење, на соседите, ќе трпи, бидејќи треба да има некакви мерки на заштита кон мене и кон моето семејство, како што вели законот. Затоа комплетно ќе одам во новата резиденција, рече Пендаровски.Тој додаде дека кога ќе поминува со својата делегација ќе бара што помалку безбедносни протоколи за да не го попречува сообраќајот и да создава поголем метеж.

Македонија | пред 6 години

6 год.
trcatm1q

Марко Пејчиноски пред нов подвиг - ќе трча на "Охрид трчат"

Тринаесетгодишниот Марко Пејчиновски од Охрид, кој со некроза на нозете лани на 28 август за девет часа го преплива Охридското Езеро, иако има здравствен проблем годинава ќе трча за поддршка на лицата со ретки болести на традиционалната трка „Охрид трчаТ“ на 2 јуни.Општината го прогласи Марко за почесен граѓанин на Охрид за неговиот подвиг.Од Здружението за поддршка на луѓе со ретки болести „Живот со предизвици“ велат дека здравствениот проблем кој го има Марко го оттргнал од секојдневните физички активности, и се насочил кон единствената спортска активност која е во можност да ја прави – да плива.Марко во видеопорака ги повика тркачите да се вклучат во тимот на лицата со ретки болести на ‘Охрид трчат’.https://www.facebook.com/gizapoznavameretkitebolesti/videos/379710472637164/?v=379710472637164 

Македонија | пред 6 години

6 год.
tramp-orban

(ВИДЕО) Средба Трамп - Орбан, двајцата имаат сличен пристап кон глобалните политички прашања

Претседателот на САД, Доналд Трамп му посака добредојде на унгарскиот премиер Виктор Орбан во Белата куќа.На средбата со новинарите, Трамп посочи дека Орбан направил многу за Унгарија, чувајќи ја безбедна.Американскиот претседател најави дека со Орбан ќе разговараат за НАТО, но и за трговија.Орбан се заблагодари на поканата и додаде дека во фокусот ќе биде зацврстување на стратешкото партнерство помеѓу двете држави.Трамп и Орбан имаат сличен пристап кон глобалните политички прашања, како што е прашањето за илегалната миграција и справувањето со тероризмот.

Свет | пред 6 години

6 год.
zbogar_davkova_01-678x381

Жбогар на средба со Сиљановска: Се согласивме дека иднината на земјата е во ЕУ

Шефот на Делегацијата на ЕУ, амбасадорот Самуел Жбогар денеска, по средбата со новиот претседател Стево Пендаровски, се сретна и со Гордана Сиљановска-Давкова, која на претседателските избори беше кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ.-Со Сиљановска-Давкова се согласивме дека иднината на земјата е во ЕУ. Сѐ уште треба многу работа за да се внесе ЕУ во секојдневниот живот на луѓето. Јас и мојата канцеларија ќе ги поддржиме сите граѓани на Северна Македонија да ја постигнат оваа цел, напиша Жбогар на официјалниот Твитер профил за средбата со Сиљановска.

Македонија | пред 6 години

6 год.
gjorge-ivanov

Антикорупциска ќе истражува зошто Иванов избра канцеларија во Џевахир

Антикорупциска ќе проверува дали има непотизам или судир на интереси во одлуката на досегашниот претседател Ѓорѓе Иванов да закупи канцеларии во зградите на Џевахир, пренесе Канал5.Сопственик на становите е фирмата „Турмак“ во сопственост на Есап, Хамит и Јусуф Џефахир, семејството со кое Иванов има кумашински релации.Закупот за двата стана со површина од 274 метри квадратни кои во петокот СОЗР ги изнајми на барање на Иванов за негов кабинет во зградите на Џевахир е во висина од 1,950 евра месечно, соопшти компанијата попладнево.Договорот е склучен во времетраење од една година.

Македонија | пред 6 години

6 год.
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е против проектите кои се во интерес на скопјани

ВМРО-ДПМНЕ поднесува неосновани пријави и потврдува дека е против проектот за продолжување на булеварот АСНОМ и нов мост на реката Вардар во Скопје. Ова е нов обид на ВМРО-ДПМНЕ да го сопре градњето на овој проект. Граѓаните знаат дека поради неодговороното однесување на советниците на ВМРО-ДПМНЕ од Гази Баба и нивно противење да го поддржат предлогот за меѓуопштинска соработка со Град Скопје, проектот сега чини 8 милиони евра повеќе, се вели во соопштението од СДСМ.Во поразената опозициска партија треба да знаат дека за подготвителни работи не е потребно одобрение и дека конечно, одобрението го издава Град Скопје.На ВМРО-ДПМНЕ му смета тоа што се градат проекти кои се во интерес на граѓаните. На ВМРО-ДПМНЕ им смета тоа што не се трошат пари за барок и криминални проекти од кои завршуваа во џебовите на фамилијата.ВМРО–ДПМНЕ е против решавање на сообраќајниот хаос, против подобрување на инфраструктурата и намалаување на загаденоста во Скопје.Со еден збор ВМРО-ДПМНЕ продолжува да биде кочничар на проектите и на се што е во интерес на граѓаните на Скопје, се вели во соопштението од СДСМ.

Македонија | пред 6 години

6 год.
pokriv

(ВИДЕО) Бурата во Загреб откорна покрив од 4 тони -кој леташе во воздухот

Невремето кое веќе втор ден беснее во хрватската престолнина зад себе остави искорнати дрвја, урнати реклами, клима уреди, расфрлани контејнери, оштетени семафори. Силниот ветер кој дуваше рушеше и кровови. Од глетката останаа запрепастени станарите на загрепската Јежевска улица кои пред својот влез затекнаа лимен кров тежок четири тони.За среќа повредени нема.Бурата зафатила и други градови во Хрватска, а државниот хидрометеоролошки завод издал предупредување за цела земја поради силниот ветер и обилните врнежи.видео Hina

Свет | пред 6 години

6 год.
siljanovska-4

Силјановска: Потребно е да се извините некогаш за да има помирување

Не добив покана да присуствувам на седницата на Парламентот за инаугурацијата на претседателот Стево Пендаровски, потврди во интервју за телевизијата Алфа професорката Гордана Силјановска Давкова.Осврнувајќи се на говорот на Пендаровски во делот за помирувањето, Силјановска вели дека тоа не е механички чин.– Помирувањето не е механички чин, потребно е да се извините некогаш за да има помирување. Треба да бидете почитувани во дебатите, да не посегате по инструменти како дезинформација, полуинформација, говор на омраза. Не може ако до вчера сте ја сатанизирале опозицијата, одеднаш, денеска да речете еве ви подавам рака. Ќе видиме што ќе следи. Обично лесно се ветува и предлага, а забораваме дека не е доволно само да се каже нешто. Тоа е нешто посуштинско, оти интегритетот и дигнитетот се градат, не можете само со една порака да ги смените нештата – смета Силјановска.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Апел за помош на предвремено родените сестрички Искра и Ведрана

Да им дадеме шанса за живот на двете мали предвремено родени сестрички Искра и Ведрана.Средствата може да ги донирате на следнава сметка:Стопанска банкаБрој на сметка: 200003447571470Назив: Маргарита Блажевска- ХУМАНИТАРНА СМЕТКА.На 09.04.2019 година Искра и Ведрана беа родени во седмиот месец од бременоста во приватната болница „Аџибадем Систина“ по ИНВФ (вештачко оплодување по повеќегодишна борба со стерилитет ). Ведрана е родена со 1440 гр. родилна тежина а Искра е родена со 1060гр. родилна тежина и се веднаш префрлени на одделот за Неонатална интензивна нега. Двете се поставени во инкубатор и е започната терапија по протокол за предвремено новородено и двете се поставени на респиратор за дишење. На 13-от ден од животот кај Ведрана настана влошување на состојбата, по направени бројни иследувања се постави дијагозна – вродена аномалија на дебелото црево ( Dg. Colon Agangionalis ) и сомнение за Цистична фиброза (генетски анализи во тек). Индицирана беше хирушка интервенција – лапаратомија и истата беше реализирана на ден 07.05.2019 година. Поради тежината на состојбата кај новороденчињата Искра и Ведрана не е можен трансфер во друга институција. Новородените се уште имаат потреба од интензивно лекување. Поради долготрајноста на лекувањето, ние како родители финансиски сме исцрпени и не сме во можност самостојно да го продолжиме неопходното лекување на нашите деца во истоимената болница. Имајќи предвид дека досегашното лекување чинеше 30.000 евра Ве молиме за парична помош со што би им помогнале на нашите деца да го добијат и понатаму потребниот медицински третман и нега за да им пружиме шанса за живот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
ivanovi

Детали за изнајмените канцеларии на Иванов

Изнајмени се простории во комплексот висококатници „Џевахир скај сити“ за кабинетот на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, соопштија од компанијата.Како што е соопштено, помеѓу компанијата Турмак АД – Подружница Скопје и Службата за општи и заеднички работи на Република Северна Македонија е склучен договор за закуп и користење на опремен службен простор за потребите на Кабинетот на поранешниот претседател на државата, Ѓорѓе Иванов.-Договорот е склучен во времетраење од една година и е во сопственост на компанијата Турмак. Според договорот, месечниот закуп за 274 м2 деловен простор изнесува 1950 евра, наведуваат од компанијата. Иванов во канцеларијата ќе може да вработи најмногу три стручни лица. Тој има право и на лично обезбедување, како и право на користење службено возило и возач.

Македонија | пред 6 години

6 год.
1-10

Џафери-Брунер: Отворањето преговори во јуни ќе испрати јасна и позитивна порака до цел Западен Балкан

Отворањето преговори на Северна Македонија во јуни 2019 година ќе испрати јасна и позитивна порака до сите земји пристапнички во Западен Балкан. Ова го истакнал денеска потпретседателот на Сојузниот Совет на Република Австрија Магнус Брунер, по средбата со претседателот на Собранието Талат Џафери, кој се наоѓа во дводневна официјална посета на Австрија.Џафери е придружуван од пратениците Реџаил Исмаили и Мери Лазарова, во својство на претседател и член на Пратеничката група за соработка со Парламентот на Република Австрија и генералниот секретар, Цветанка Иванова.Потпретседателот на Горниот дом упати честитки за постигнувањето на Договорот со Грција и изрази надеж дека оваа историска придобивка ќе биде уважена од страна на ЕУ и дека на Република Северна Македонија ќе и биде даден датум за преговори во јуни оваа година, соопшти собраниската прес-служба.Изразувајќи задоволство што официјалната посета се случува во годината кога двете држави прославуваат 25 години од дипломатските односи, Брунер се заложи за интензивирање на економската соработка.Џафери ги оцени политичките односи меѓу двете држави како пријателски и се заблагодари на континуираната поддршка што Австрија и ја дава на земјава во процесот на европските интеграции, а особено што еден од приоритетите на Австриското претседателство беше и интегрирањето на Западен Балкан во ЕУ, во време кога и Унијата се соочува со многу предизвици. Тој информираше и за одржувањето на изборите за претседател на државата на кои граѓаните во мирна и демократска атмосфера имаа можност слободно да ја изразат својата волја.Имајќи предвид дека Австрија отворено го поддржува процесот на проширување на ЕУ и вклучувањето на земјите од Западен Балкан во Унијата и смета дека е клучно тие да се поддржат во спроведувањето на реформите, пред сè во поглед на стабилноста и владеењето на правото, претседателот Џафери истакна дека Северна Македонија смета на австриската поддршка и во наредниот период.

Македонија | пред 6 години

6 год.
mile-bosnjakovski

Бошњаковски го остави Заев и замина да работи кај Пендаровски

Владиниот портпарол, Миле Бошњаковски, најверојатно ќе биде дел од тимот на претседателот, Стево Пендаровски, информира Фокус.Според порталот Бошњаковски ќе премине во кабинетот каде најверојатно ќе ја заземе позицијата шеф на кабинет на претседателот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
tasna

Нападнале 80 годишна баба и украле пари и мобилен телефон

На 12.05.2019 година во 20.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„11-ти Октомври“ три непознати лица извршиле разбојништво над М.Б.(80) од Скопје. Според пријавата, сторителите физички ја нападнале М.Б. и од чантата и одзеле пари и мобилен телефон. СВР Скопје презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
zoran_zaev_obrakanje

Заев: Имам право на одмор и ми треба малку да се одморам

Отсуството на премиерот, Зоран Заев, на вчерашната инаугурација на претседателот, Стево Пендаровски, падна во очи кај јавноста. На Заев му замерија што одлучил да користи слободни денови токму во период кога се случува толку важен државен настан. На свеченоста беа присутни претседатели и високи функционери од регионот, поради што отсуството на Заев се толкува како голем пропуст.Тој се огласи во врска со ова и вели дека единствената причина што не присуствувал на инаугурацијата е тоа што сакал да одмори.„Имам право на одмор. И ми треба малку да се одморам. Никаква друга причина нема“, изјави Заев за „Телма“..

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања