Промени тема
За нас
ВО ЖИВО

Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
6 год.
migranti_kola

Во автомобил на арачиновец пронајдени 10 мигранти

На 12.05.2019 година околу 21.30 часот на автопатот Скопје-Велес, кај „Штипска Петља“, полициски службеници запреле патничко возило „Опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.М.(54) од с.Арачиново-Скопје.При контрола  на возилото биле пронајдени 10 лица- мигранти. Мигрантите и И.М. биле предадени во Полициската станица Велес за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот против И.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 6 години

6 год.
pistol-vperen

Две лица повредени по пукотници од огнено оружје во Прилеп

Две лица заработиле повреди на главите по пукотници од огнено оружје во близина на железничката станица во Прилеп, пренесува МВР.„На 13.05.2019 година околу 03.00 часот во СВР Битола било пријавено дека во угостителски објект во близина на железничката станица во Прилеп имало пукање од огнено оружје. Полициски службеници излегле на местото на настанот каде биле затекнати М.М.(43) од Прилеп и О.И.(28) од село Лажани, прилепско, со повреди на главите. Тие биле пренесени во Клиничката болница Прилеп каде им била укажана помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп.Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот“, додава МВР.

Македонија | пред 6 години

6 год.
ojo

Вкупно 12 години затвор за двајцата обвинети за најголемата лабораторија на синтетички дроги

По поднесен обвинителен акт од страна на Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и одржани судски рочишта на кои беа изведени предложените докази, денеска надлежниот Основен суд Скопје 1 Скопје ги објави осудителните пресуди за преостанатите двајца обвинети во предметот за најголемата лабораторија за производство на синтетички дроги во Југоисточна Европа.За сторено кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори од чл.215 ст.3 в.в. со ст.1 од Кривичниот законик, на обвинетиот С.Ш. судот му изрече казна затвор во траење од осум години, додека обвинетиот А.Х. е осуден на казна затвор во траење од четири години. По објавата на пресудата, надлежниот јавен обвинител предложи мерката притвор за двајцата обвинети да биде продолжена до правосилност на пресудата. Судот донесе Решение со кое мерката притвор ја продолжи само спрема обвинетиот С.Ш., додека за А.Х. ја укина. Незадоволен од ваквата одлука, надлежниот јавен обвинител најави жалба.Имено, во мај минатата година, по повеќемесечната истражна постапка и меѓународната правна соработка на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција со Јавното обвинителство за организиран криминал во Република Србија, до Основниот суд Скопје 1 Скопје, беше поднесен обвинителен акт против двајца српски и петмина македонски државјани. На обвинетите им се ставаше на товар дека сториле кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори од чл.215 ст.3 в.в. со ст.1, а еден од обвинетите се гонеше и за кривично дело Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од чл.396 ст.1. Обвинетите како меѓународна организирана криминална група во двете држави неовластено купувале, држеле, пренесувале и посредувале во продажба и купување на психотропни супстанции и прекурзори, како и опрема и материјали наменети за производство на психотропна супстанца – Амфетамин. Дел од набавените материјали, супстанции и прекурзори, ги сместиле во објект во село Батинци, општина Студеничани, а дел во објект во Тетово каде инсталирале функционално техничко – технолошка целина во која започнале процес на преработка на различните материи, супстанции и прекурзори и производство на психотропна супстанца – амфетамин.Во септември 2018 година, Основниот суд Скопје 1 – Скопје по дадени изјави за признание на вина на дел од обвинетите, донесе пресуда со која беа осудени на казна затвор и тоа: М.З.во траење од 11 години, С.К.- девет години, И.Ш.и З.Д на седум години и А.М. за двете дела на четири години. по жалба на ОЈО ГОКК по однос на висината на изречените казни затвор, второстепениот суд за обвинетиот М.З. казната затвор ја зголеми на 13 години, за С.К. ја зголеми на 11 години, за А.М. за двете кривични дела ја зголеми на единствена казна затвор во траење од шест години, а за обвинетите И.Ш. и З.Д ги потврди претходно изречените казни.

пред 6 години

6 год.
pendarovski1

Пендаровски стана претседател, а на официјалната интернет страница сеуште е Ѓорге Иванов

Стево Пендаровски ја превзеде претседателската функција, официјално е претседател на Република Северна Македонија, но првиот ден како новоизбран шеф на државата го мина како „Претседател на Република Македонија“. Административната служба  на претседателскиот кабинет се уште нема извршено промени на веб-страницата, па поради тоа не само државното име, сеуште нема промена ни на претседателот.На интернет-сајтот се уште стои дека претходникот Ѓорѓе Иванов е претседател на „Република Македонија“. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
lajka-1

(ФОТО) Необичен гостин во кабинетот на Шилегов, заедно го најавија скорото отворање на стационарот “Лајка“

Петре Шилегов, градоначалникот на Скопје, објави фотографии со мало кученце на бирото во неговиот кабинет и го најави скорото отворање на стационарот за кучиња-бездомници „Лајка“.,,Проектот за реконструкција на стационарот “Лајка” е во завршна фаза. Наскоро започнуваме. А да.  Во меѓувреме, ова слатко кученце е за вдомување. Истретирано и здраво. Ако има заинтересирани …“-објави градоначалникот Петре Шилегов на фејсбук.Со основање на новото претпријатие кое ќе се грижи за проблемот со уличните кучиња, досегашниот стационар Вардариште преминува под надлежност на градот.   

Скопје | пред 6 години

6 год.
IMG_20190513_090941

Јубилеен 50-ти „Детски семафор“

Во амфитеатарот на Техничкиот факултет во Битола, свечено беше отворено 50-тото издание на натпреварот „Детски семафор“. Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата е организатор на овој натпревар, во кој учествуваат ученици од 16 основни училишта од Пелагонискиот регион.Општина Битола и годинава традиционално го поддржува организирањето на „Детски семафор“, а градоначалничката Наташа Петровска го прогласи за отворен натпреварувачкиот дел од оваа масовна манифестација.[caption id="attachment_41772" align="alignnone" width="1240"] dav[/caption]„Општина Битола секогаш ќе ги поддржува ваквите активности, во кои се препознаваат идеите, децата од најмала возраст да ја градат сообраќајната култура, исклучително значајна, затоа што таа е клучна за безбедносниот момент на нашите граѓани, а воедно и на децата. Во оваа прилика се радувам што имаме толкав број на учесници кои што потврдуваат дека ваквата традиција не е случајна“, рече градоначалничката Наташа Петровска.Натпреварот годинава е поддржан и од Авто мото друштвото „Ѓорѓи Наумов“, Здружението на возачи „Еуротест“, Народна техника, СВР Битола, Технички факултет и јавните претпријатија „Комуналец“ и „Нискоградба“.

Македонија | пред 6 години

6 год.
IMG_0513

Кисела Вода освои 3 место во футсал

На Купот Св. Георги 2019  најдобри во футсал се учениците од Општина Карпош. Гази Баба заврши на 2, а Кисела Вода на 3 место.Селекцијата на Кисела Вода ја победи екипата од Центар со резултат 2:1, а тимот од Карпош ја победи Гази Баба со 1:0.Денес ученици од истите скопски општини ќе играат полуфинални кошаркарски натпревари. Во спортската сала „Независна Македонија“ селекцијата од Карпош ќе игра против Центар. По овој натпревар силите на теренот ќе ги одмерат Гази Баба и Кисела Вода. Во текот на оваа седмица во истата сала ќе се играат и одбојкарски напревари. 

Скопје | пред 6 години

6 год.
naum

Стоилковски: Петре Шилегов продолжува со злоупотребата на службената положба и овластување

Петре Шилегов продолжува со злоупотребата на службената положба и овластување кои што ги има како градоначалник на Град Скопје. И денес без прекин продолжува градбата долж булеварот АСНОМ, во Скопје, без документација и дозвола за градење, без истакната табла на која што треба да има имињата на инвеститорот изведувачот и надзорот на градежните работи иако минаа десет дена по поднесената кривична пријава од страна на ВМРО- ДПМНЕ за тоа, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Шилегов за потсетување на 24-ти април, среде изборна кампања, во изборни цели, односно во насока на поткуп на неопределен број гласачи во Скопје, преку медиумите соопшти дека започнува градба на булеварот, како прва фаза од градење на мост преку реката Вардар. Шилегов со истиот факт, дека започнати се градежни работи, се пофали и преку социјалните медиуми поткрепено и со фотографии и со видео. Оваа прва фаза според пресметките чини 50 милиони денари. Односно, толкава е првичната вредност на злоупотребата согласно членовите 353 од Казнениот Законик, потоа бесправно градење член 244 од истиот Законик и секако поткуп при избори и гласање член 162 од Казнениот Законик.Бидејќи нема никакво известување од Јавното Обвинителство, јавно прашуваме дали е постапено по барањето наведено во Кривичната пријава, барање Јавниот обвинител да постапи согласно овластувањата и да направи увид за да ја утврди фактичката состојба на градежните работи на булевар АСНОМ и да направи увид во градежната документација која ја поседуваат Град Скопје и Петре Шилегов?Укажавме и повторно укажуваме и предупредуваме дека доколку Обвинителството не го стори тоа на време, остава можност и му овозможува на Шилегов да ги прикрие трагите и доказите и кривичното дело да мине неказнето. Со тоа обвинителството наместо бранител на правдата, бранител на граѓаните, станува соучесник во изградба на дивоградба.Почитувани, законот јасно прецизира што се подразбира под привремени работи, па и за тоа исто така за што е потребна дозвола, и според тоа законот за изведувањето на подготвителни работи за изградба на сложена градба може да започне по добивањето на конечно начелно одобрение за градба. Според тоа, демантот од Шилегов дека станува збор за подготвителни работи, едноставно, не држи!Почитувани, ова е уште еден показател дека Јавнообвинителскиот и правосудскиот систем воопшто се уште се во пупката на Зоран Заев овозможувајќи неказнивост за криминогени делувања на власта. Правото и правдата, еднаквоста пред законот, особено за претставниците на власта, почитувањето на човековите права, се основа за демократски систем. Ваквото однесување и оставање да се спроведува самоволие на Шилегов и на неговите сопартијци се срам за јавните обвинители, но уште пострашно со тоа дополнително се оддалечува Македонија од евроинтеграциите, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Костадинов: Растот на платите продолжува, се повеќе пари завршуваат кај граѓаните

Зголемени се платите за 5% за вработените во образованието, градинките, културата, одбраната, полицијата, јавниот сектор, а за 10% на лекарите специјалисти, истакна Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.Со зголемувањето на минималната плата на 12.000 денари која важи за сите стопански гранки, 90.000 работници, наши сограѓани добиваат повисоки плати. Од месец април, со законското усогласување минималната плата е зголемена и сега изнесува 12.507 денари. Она што е многу важно, започнат е процес за ново покачување на минималната плата на 13.000 денари и зголемување на социјалната помош од над 300%.Со економските мерки и отворената спирала за раст на платите просечната плата во февруари оваа година изнесува 24.192 денари што е за 4.5 отсто повеќе во споредба со истиот месец во 2018 година.Зголемувањето на платите продолжува, очекувано е просечната плата до крајот на 2020 година да изнесува 500 евра или 30.000 денари. Покрај платите растат и пензиите. Просечната пензија од 2017 година до денес пораснала за 826 денари. Растот на пензиите продолжува согласно законските усогласувања. Зборот е збор, се повеќе пари завршуваат кај граѓаните.Економските реформи и напредокот на државата во евроинтеграциите ја стабилизираа економијата и отвораат можности за засилен економски раст и развој. Како одговорна партија остануваме посветени на спроведување на мерките што обезбедуваат повисоки плати, подобро платени и повисок животен стандард за сите граѓани на Република Северна Македонија, истакна Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

Македонија | пред 6 години

6 год.
asanz-2

Шведска не се откажува од случајот за силување против Асанж, се одлучува дали повторно ќе се отвори постапката

Шведска објави дека повторно ќе отвори истрага за обвинувањето за силување против коосновачот на Викиликс, Џулијан Асанж. Таа беше прекината во 2017 година бидејќи Асанж се наоѓаше во амбасадата на Еквадор во Лондон. Шведските обвинители тогаш најавија дека истрагата може да биде повторно отворена ако ситуацијата се промени.Асанж (47) минатиот месец беше отстранет од амбасадата, по седум години во неа, откако владата на Еквадор нагло го повлече својот азил. Тој беше уапсен поради прекршување на условите за кауцијата.Веднаш по неговото апсење во април, американските власти поднесоа барање за негова екстрадиција во случај поврзан со објава на доверливи воени и дипломатски документи на Викиликс.

Свет | пред 6 години

6 год.
spasovski

Спасовски: Нема никаква правна пречка потерницата за Груевски да биде објавена во Интерпол

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изјави дека документите за распишување на потерницата по поранешниот премиер Никола Груевски за настаните од 27 април се доставени до Интерпол и очекува потерницата да биде објавен.„Интерпол, сè уште врши некакви испитувања. Потерницата што е испратена ги исполнува критериумите за да биде објавена. Потерницата со сите потребни документации и без никаков недостаток е доставена до Интерпол“, рече Спасовски.Според министерот, нема никаква правна пречка потерницата за Груевски да биде објавена во Интерпол.

Македонија | пред 6 години

6 год.
cistenje1

Превентивни мерки на Општина Аеродром во очекување на обилните дождови

По најавата на Управата за хидрометеоролошки работи за очекувани интензивни врнежи од дожд, Општина Аеродром ги презема сите мерки за превентивно и навремено интервенирање при евентуални несакани штети.Во координација со Дирекцијата за заштита и спасување, се расчистуваат одводните канали и шахти за да се спречи нивно прелевање на целата територија на Општината. Сезонските работници се веќе на терен и ја чистат реката под мостот во Долно Лисиче, а во текот на денот се очекува да биде испратена и целокупната механизација со која располага Општината.Им препорачуваме на граѓаните да ги преземат сите мерки за заштита на своите домови и да ги следат препораките на УХРМ.

Скопје | пред 6 години

6 год.
vakcini-novi

Ќе одат ли невакцинирани деца во улилиште? – Филипче не отстапува од своето, родителите ќе бараат помош од Хелсиншки комитет

И додека Mинистерсвото за здравство и Mинистерството за образование и наука донесат конечна одлука за тоа дали невакцинираните деца ќе се примаат на училиште родителите на социјалните мрежи бараат совет каде да се побара помош доколку детето не биде примено на училиште.Тие најавуваат дека ќе се обратат во канцеларијата на Народниот правобранител или пак до Хелсиншкиот комитет за човекови права.Министерот за здравство пак, Венко Филипче повтори дека нема да биде повлечена одлуката во училиштата да се запишуваат само вакцинирани деца. Тој рече дека конечната одлука ќе се знае во понеделник, по средбата со министерот за образование, Арбер Адеми и со министерката за правда Рената Дескоска. Филипче рече дека само така ќе се стави крај на епидемија на морбили.-Рано е да се каже дали има незапишани деца во прво одделение поради тоа што не биле вакцинирани, вели министерот за образование Арбр Адеми, кој образложи дека уште оваа недела тече уписот, по што ќе се знае дали некое дете не било запишано поради тоа што немало уреден вакцинален картон. Адеми, меѓутоа, потврди дека до Министерството има реакции од родители. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Курц сака да поништи 1000 правила на ЕУ – наиде на оштри критики

Две недели пред изборите за Европскиот парламент Австрискиот канцелар Себастијан Курц,  предизвика реакции, поради најавата дека сака да поништи дури 1000 правила на ЕУ. Тој во интервју за виенскиот дневник „Естерајх“, рекол дека е доста од лудилото на регулација на ЕУ, како и дека е доста со наметнување правила од Брисел.„На никого не му е потребно Брисел да пропишува како се подготвува шницла“ рекол Курц, додавајќи дека ЕУ треба да се занимава со одговори на големи предизвици, како што е заштитата на надворешните граници, безбедноста или климатските промени.Инаку Курц минатата недела ја критикуваше одлуката на турските власти за поништување на локалните избори во Истанбул. Тој рече дека оној што не ги прифаќа демократските избори нема што да бара во ЕУ.

Свет | пред 6 години

6 год.
pendarovski-zbogar

Пендаровски и Жбогар едногласни: Република Северна Македонија е единствена функционална демократија во регионот

Средба Пендаровски – Жбогар.  Евроамбасадорот Жбогар на претседателот Пендаровски му го честитал изборот и му посакал успешно вршење на одговорната функција. Воедно, му пренесол поздрави предавајќи му писмо со честитки од претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск, и од претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер.-На средбата беа разменети мислења за реализацијата на приоритетите и реформите на Република Северна Македонија во однос на европските интеграции“, соопштија од претседателскиот Кабинет.Двајцата соговорници заклучиле дека Република Северна Македонија е единствена функционална демократија во регионот, со оглед на успешно организираните и спроведени претседателски избори, изборот на претседател, како и коректноста на опозицијата во контекст на изборниот процес и признавање на резултатите и волјата на граѓаните.Од Кабинетот на Пендаровски соопштија дека соговорниците констатирале дека напредокот во евроинтеграциите е од клучно значење за подобрување на животниот стандард и одржување на еврооптимизмот на граѓаните во Република Северна Македонија.

Македонија | пред 6 години

6 год.
5-2

Твининг проект -Усогласување на националните системи со ЕУ и шенгенските барања за гранично управување

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во Центарот за обука во Идризово присуствуваше на промоцијата на отпочнувањето на твининг проектот “Усогласување на националните системи со ЕУ и шенгенските барања за гранично управување”,. Проектот финансиран од Европската Унија започна со реализација од почетокот на февруари годинава и ќе се спроведува во рок од 24 месеци, во рамки на националната ИПА програма за што се издвоени еден милион евра.Негова основна цел е да придонесе за усогласување на националните системи со стандардите на ЕУ и Шенген во делот на интегрираното гранично управување, а во согласност со целите на националните и европските стратегии за пристапување.Во своето поздравно обраќање министерот Спасовски рече: “Исполнувањето на европските стандарди во областа на поглавјето 24 претставува наша стратешка определба. Поглавјето 24 опфаќа повеќе области меѓу кои и областа – надворешни граници - која според мое мислење но и според искуствата на новите држави членки на ЕУ е една од приоритетните области. Свесни за ова Министерството за внатрешни работи во координација со соодветните институции на национално ниво во процесот на програмирање на ИПА 2016 и секако со поддршка на ЕК и Делегацијата на ЕУ го предложи овој проект и еве денес сме сведоци дека овој предлог и практично се реализира“.Заблагодарувајќи се на континуираната помош и финансиската поддршка која што ЕУ ја дава на Република Северна Македонија, министерот Спасовски нагласи дека исполнувањето на т.н. шенгенски стандарди претставува сложен процес за кој ќе биде потребно долг период за негова реализација.“Искуствата на државите кои последни се приклучија кон ЕУ и Шенгенскиот договор покажуваат дека активностите за етаблирање на соодветни стандарди и ресурси започнуваат повеќе години пред официјалното пристапување кон ЕУ. Целта на овој проект е понатамошно јакнење на капацитетите во делот на надворешните граници преку мапирање на мерките за прифаќање на Шенгенското законодавство, изменување и дополнување на законската рамка, како и јакнење на човечките капацитети преку спроведување на голем број обуки за институциите кои имаат надлежности во интегрираното гранично управување“, го заврши своето обраќање министерот Спасовски.

Македонија | пред 6 години

6 год.
oliver-spasovski-zoran-zaev

Спасовски за „матлата“ – Во МВР има кадровски промени од првиот момент и ќе има и понатаму

Во МВР има кадри кои не дале резултати во однос на своето работење и кои не ги исполниле очекувањата во однос на остварување на одредени принципи за  кои се залагаме. Токму поради тоа кадровски промени имало и ќе има, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање дали „метлата“ што ја најави премиерот Зоран Заев ќе го зафати неговото министерство.-Секогаш ќе имаме ситуација во која ќе се оценува работата на кој било внатре во Министерството, без разлика дали се наоѓа на раководна позиција или е полициски службеник, рече Спасовски.Во врска со најавите од Заев за владина реконструкција, Спасовски рече дека го поддржува премиерот во целата постапка. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
bomba-1

Рушејќи стара плевна пронашол неексплодирана рачна бомба

На 12.05.2019 година во 13.30 часот во СВР Охрид, Д.Д.(65) од село Ботун, општина Дебарца, пријави дека при рушење на стара плевна пронашол неексплодирана рачна бомба. Увид на местото извршиле полициски службеници, а бомбата е подигната од овластени претставници на Дирекција за заштита и спасување.

Македонија | пред 6 години

6 год.
pijan

Албански државјанин во алхохолизирана состојба викал и недолично се однесувал, се спротиставил и на полицијата

На дванаесетти овој месец околу 15 часот, пред колонијална продавница на улицата „15 корпус“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со викање, извршен од К.Т.(49) од Прењас, Република Албанија.Тој, во видно алкохолизирана состојба, недолично се однесувал кон граѓаните а при обид да биде легитимиран, физички им се спротивставил на полициските службеници. К.Т. е приведен во полициска станица и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 6 години

6 год.
zemjodelci

Објавен тендерот за субвенционирана „зелена нафта“ за земјоделците

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска на електронскиот систем за јавни набавки на Бирото за јавни набавки го објави тендерот за набавка на гориво за земјоделска механизација.Оваа јавна набавка е согласно планот за јавни набваки на Платежната агенција и по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството. Претходно, согласно процедурите, беше објавен техничкиот дијалог на којшто сите заинтересирани компании имаа можност да ја разгледаат тендерската документација и да дадат забелешки доколку имаат. Право на учество имаат сите странски и домашни правни или физички лица или група такви лица – понудувач кои се регистрирании за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот. За носител на набавката ќе биде избран оној економски оператор чија понуда претходно е оценета како прифатлива. Рангирањето на понудувачите ќе се врши според висината на понудените цени.Со оваа јавна набавка Платежната агенција овозможува кофинансирање на 30 отсто од трошоците за набавка на гориво за земјоделска механизација.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања