Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
0000traktor

Управувајќи трактор, изгубил контрола и се превртел – двајца повредени

На 12.05.2019 во 08.15 часот во Полициската станица Берово било пријавено дека на место викано “Бричките“, атар на с.Двориште, беровско, на некатегоризиран пат, Б.Ц.(55) од с.Двориште, управувајќи трактор, изгубил контрола над тракторот и се превртел.На тракторот заедно со него била и неговата сопруга И.Ц., која успеала да скокне, а Б.Ц. бил исфрлен на околу 50 метри под патот. Б.Ц. се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен и задржан на лекување во Медицински центар Струмица каде му била укажана лекарска прва помош, а потоа бил препратен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.Со телесни повреди се здобила И.Ц. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Берово.

Македонија | пред 6 години

6 год.
pijan-1

Пијан поранешен зет се заканувал кон бабата и нејзините ќерки

На 12.05.2019 година во 12,15.00 часот во Полициската станица Гевгелија, Ј.П. (69) пријавила дека нејзиниот поранешен зет С.К. (46), српски државјанин, откако се довел во алкохолизирана состојба упатил закани по живот кон неа и кон нејзините две ќерки при што во еден момент се обидел физички да ја нападне една од нејзините ќерки.Од страна на полициски службеници во координација со дежурен ЈО, поради сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“, С.К. бил лишен од слобода и задржан во полициска станица По целосно документирање на случајот против него ќе биде поснесена соодветна пријава.

Македонија | пред 6 години

6 год.
motor

Сообраќајна несреќа помеѓу моторцикл и автомобил – двајца повредени

На 12.05.2019 година во 03.45 часот на  крстосницата од бул.„Илинден“ и ул.„Аминта трети“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „Хонда„ без регистерски ознаки, управуван од Б.Л.(26) од Скопје и патничко возило „Дачиа Логан“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.М.(53) од Скопје.Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле мотоциклистот Б.Л. и неговиот сопатник А.А.(27) од Скопје. Со возило на итна медицинска помош Б.Л. бил пренесен во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“, додека А.А. бил пренесен во Градската општа болнца „Св.Наум Охридски“. Двајцата се задржани на понатамошно лекување.Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Тешка сообраќајна несреќа, загина 18 год момче од Тетово

Осумнаесет годишно момче од Тетово загина во сообраќајна несреќа  што се случила во неделата околу 22 часот и 30 минути на крстосниците на улиците 160 и 161 во близина на тетовската касарнаВо сообраќајката се повредени четири лица, од кои едно е со потешки повредеи.– До несреќата дошло поради судир на две возила, ауди кое го управувал 17 годишник и рено меган што го возел 19 годишник. По судирот животот го загубил 18 годишниот Ш.Љ кој бил сопатник во аудито. Втор сопатник во аудито на 16 години добил тешки повреди, по што е однесен во Клиничкиот центар во Скопје, информира Марјан Јосифовски, портпарол на СВР Тетово.И двајцата возачи се примени во тетовската болница.Увид на местото направиле јавен обвинител и екипа на СВР Тетово по што дополнително треба да се утврдат причините.

Македонија | пред 6 години

6 год.
nindza-raketa

(ВИДЕО) САД имаат ново оружје - „нинџа ракета”

САД развиле во тајност ракета за изведување прецизни напади врз терористи, без да се нанесе штета на цивили, кои ќе се најдат во близина на нападот, а како што пишува „Волстрит џурнал“, ракета веќе ја докажала својата употребна вредност на терен.Ракетата „П-икс 9" е модифицирана верзија на „хелфајер" против- оклопна ракета, а наместо експлозија, ракетата користи сурова сила за елиминирање на целта.„Волстрит џурнал” наведува дека ударот на целната мета изгледа како „да паднала наковална со голема брзина од небото”.Она што го прави оружје особено смртоносно е тоа што има шест долги ножеви, кои се отвораат непосредно пред ударот, уништувајќи сè на патот кон целта. 

Свет | пред 6 години

6 год.
skopje-cveta

„Скопје цвета“ – викендов Шестиот Скопски цветен фестивал

Ви го најавуваме Шестиот Скопски цветен фестивал - под покровителство на Град Скопје, а во организација на ЈП Паркови и зеленило кој ќе се одржи на18 и 19 мај 2019 година (сабота и недела) во Градскиот парк во Скопје на почетокот на вториот дел,  под мотото „Скопје цвета“.Фестивалот ќе започне на 18 мај со цветно дефиле од Собранието на Град Скопје (паркинг просторот) во 11:30 часот, со деца од предучилишните установи и основните училишта.Фестивалот свечено ќе го отвoри Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов заедно со директорот Ардијан Муча, по што следуваат настапи на повеќе музички и танцови изведувачи, а посетителите ќе имаат можност да учествуваат и во целодневни активности кои ги нуди програмата: да проследат анимации за деца, да вежбаат јога и зумба на отворено, да слушаат музика, да погледнат и учествуваат во најразновидни цветни перформанси и декорации.Целта на фестивалот е на едно место да ги собере сите љубители на цвеќето и природата, урeдувањето на околината, уметници, деца и ученици кои што на овој простор ќе ја изразат својата умешност со цвеќето, декорацијата и дизајнот, да се промовира одгледувањето цвеќе пред граѓаните, најмладите да се вклучат во работилници, да ја покажат својата креативност и да научат нешто повеќе за цвеќето, како и да се подигне јавната свест за заштита на животната средина.  За прв пат оваа година посетителите и љубителите на животни ќе имаат  можност да добијат корисни совети за своите домашни миленици како и можност да вдомат домашно милениче.Оваа година на манифестацијата ќе се претстават повеќе од 30-ина изложувачи- цвеќари и фирми за хортикултурно и пејзажно уредување, институции и невладини организации од областа на екологија.  

Скопје | пред 6 години

6 год.
mila-2

Собрани половина од средствата за операција на Мила, сеуште потребна и e наша помош

Малата Мила Димоска од Охрид боледува од ретка болест – дистрофија на мозокот, а единствена шанса за подобрување на состојбата има доколку се оперира во специјализирана клиника во Кина, чии доктори поради сериозноста на состојбата закажаа итна операција во мај за малата Мила.Поради огромните трошоци за операцијата и постопреативните третмани, родителите на Мила апелираат до сите хумани луѓе да им помогнат со донации во рамките на сопствените можности, со што ќе помогнат овој млад живот да добие шанса за подобро и весело детство.Драги пријатели, другари, роднини,Драги хумани луѓе,Некаде сме на половина пат со собирање на средствата за третата операција на Мила.Ве молиме од срце кој колку може да и помогнеме на Мила да ја исправиме на нозе и овозможиме безгрижно детство.ВЕ МОЛАМ СПОДЕЛЕТЕ ГО ПОСТОВ!Со почит,Семејството од МилаТЕЛЕФОНИ ЗА ДОНАЦИИVIP 143 123 TELEKOM 070 143 143ДОНАЦИСКА СМЕТКАМИЛА ДИМОСКА530500021204351OHRIDSKA BANKAЗА ДОНАЦИИ ОД СТРАНСТВОMILA DIMOSKAstr.Bogomilska 53, 6000 Ohrid, MacedoniaOHRIDSKA BANKA A.D. SkopjeIBAN CODE: MK07530280005506949SWIFT: OHRDMK22 

Македонија | пред 6 години

6 год.
auto_fadil-zendeli-804x3801549094964

Зендели: Очекуваме Пендаровски да го исполни ветеното

Пратеникот Фадил Зендели од Собранието му ја честиташе функцијата на Стево Пендаровски и изјави дека очекуваат тоа што го ветил за време на изборите да го изврши.-Се заокружи еден просец после демократските избори. Очекуваме од новиот претседател тоа што го вети за време на изборите, но и она што го кажа да го изврши, да биде конзистентен во сите негови настојувања што ги искажа во својата платформа – рече пратеникот од албанската опозициска партија Фадил Зендели.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Презентација на годишниот извештај за Стратегијата за реформа на јавната администрација

Министерството за информатичко општество и администрација денес на јавна расправа ќе го презентира  Годишниот извештај за спроведување на Стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022.На јавната расправа ќе се обрати заменик министерот за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски, и координаторките на четирите приоритетни области.По презентацијата на Годишниот извештај,  ќе се отвори дебата и простор за поставување на прашања, до одговорните лица за четирите приоритетни области во СРЈА.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Tereza-Mej

Тереза Меј со честитка до Пендаровски

Британската премиерка Тереза Меј му честита на Стево Пендаровски за преземањето на должноста претседател на Република Македонија.„Честитки за вашата инаугурација како претседател на Северна Македонија. Јас бев сведок на силната врска помеѓу Северна Македонија и Велика Британија за време на мојата посета минатата година и се надевам на уште поблиска соработка меѓу нашите земји“, напиша Меј на „Твитер“.

Македонија | пред 6 години

6 год.
drvo-zagreb

(ВИДЕО) Невреме во Загреб - Откорнати дрва, оштетени покриви и предупредување граѓаните да не излегуваат од дома

Откорнати дрва, искршени гранки по улиците и оштетени покриви се дел од утринската глетка во Загреб по силниот ветер кој не прекинува да дува од вчера вечер. Сообраќајот на неколку улици е во прекин, а прекинати се и неколку автобуски линии.Хрватските медиуми јавуаваат дека пожарникарите во Загреб имале 150 интервенции во текот на ноќта.Полицијата објави предупредување во кое им препорачува на граѓаните да не излегуваат од дома, дококу немаат потреба и да не престојуваат на отворено.Хидрометеоролозите од целиот регион најавија обилни врнежи од дожд во следните два дена и предупредија дека се можни поплави. 

Свет | пред 6 години

6 год.
5-1

Денес се одбележува 20 години ИОМ во земјава

Денес со почеток во 11.30 часот Заменик министерот Андреј Жерновски ќе учествува на свеченото одбележување на 20 години од мисијата на Мегународната организација за миграции – ИОМ во земјава. Република Македонија стана членка на Меѓународната Организација за Миграции во 2014 година, a претходно имаше статус на земја-набљудувач.Овој заеднички настан е со цел одбележување на две декади од работата на Мисијата на ИОМ во земјава и ќе се даде осврт на спроведеното. Во склоп на настанот Министерот Едмонд Адеми и Регионалнитот Директор на ИОМ Аргaнтина Сабадош ќе потпишат и Меморандум за соработка на полето на соработката од областа на дијаспората.На пригодната свеченост покрај Заменик министерот ќе се обратат  и Едмонд Адеми, Министер без ресор задолжен за дијаспора, Аргантина Сабадош, ИОМ, регионален Директор за југоисточна Европа, источна Европа и централна Азија; Росана Дуджак, Резидентен координатор на ОН; Питер Ван Дер Oвараерт, ИОМ, суб-регионален Координатор за регионот на Западен Балкан  како и Соња Божиновска Петрушевска, Шеф на канцеларијата на ИОМ во земјаaва.

Македонија | пред 6 години

6 год.
rocista

„Титаник“ на СЈО одложен, еден од обвинетите имал операција

Денешното рочиште за случајот „Титаник“ се одложува, бидејќи еден од обвинетите неодамна имал операција, поради што не може да присуствува на рочиштето во Кривичниот суд.-Ја информираме јавноста дека заради отсуство на еден од обвинетите кој до судот доставил документација дека врз него е извршен оперативен зафат и истиот привремено нема да може да присуствува на судењето заради здравствени причини, главната расправа за предметот насрочена за денеска 13.05.2019 година се одлага за што се известени и странките во постапката, информираат од Кривичниот суд.Во „Титаник“, обвинети се дваесетина, меѓу кои и екс премиерот и бегалец Никола Груевски, екс министрите Миле Јанакиески и Гордана Јанкуловска, како и Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски и уште неколкумина.

Македонија | пред 6 години

6 год.
pendarovski1

Граѓанското помирување приоритет на Пендаровски

Новиот македонски Претседател, Стево Пендаровски рано утрината на својот прв работен ден во претседателската вила на Водно, се огласи на Фејсбук.,,Време е да ги залечиме отворените рани од нашето скорешно минато и реално да го започнеме граѓанското помирување, затоа што немаме резервна татковина која можеме да ја наречеме наш дом. На тој пат сакам да се вложам без остаток, не водејќи сметка за сопствениот политички рејтинг. Сите добронамерни луѓе, политичари и партии што ќе решат да одат по истиот тој пат ќе ја имаат мојата поддршка“-објави Претседателот Пендаровски.По вчерашните лични честитки од претседателите на Србија, Албанија, Косово и на Бугарија, до Пендаровски пристигнуваат бројни честитки од светски државници.

Македонија | пред 6 години

6 год.
bujar-gb

Османи се фали: Консензуален претседател! - Јазична еднаквост! Речено, сторено“

Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи на својот  фејсбук профил  го објави уверението од новиот претседател  Стево Пендаровски кое го доби вчера од Државната изборна комисија.Османи се пофали дека ДУИ издејствувал да се избере консензуален претседател, но и тоа што уверението е на македонски и на албански јазик.„Во една слика две главни достигнувања: -Консензуален претседател! - Јазична еднаквост! Речено, сторено“, напиша Османи.    

Македонија | пред 6 години

6 год.
cern_01-678x381

„Денови на ЦЕРН во Северна Македонија“ во МАНУ

Од 13 до 17 мај во МАНУ ќе се одржат повеќе настани во рамки на „Денови на ЦЕРН во Северна Македонија“ во организација на Природно-математичкиот факултет, Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), а под покровителство на МАНУ.Во 11:00 часот денеска ќе биде отворена изложбата „Истражување во ЦЕРН“ од авторите Лудвиг Добжински и Даниел Денегри и атомската игротека за деца, чиј автор е Мимоза Ристова.Утре во рамки на „Денови на ЦЕРН во Северна Македонија“ ќе се одржи научен семинар „Денови на ЦЕРН во Северна Македонија“.

Магазин | пред 6 години

6 год.
–-–-Google-Chrome

Давањето предност на возењето мотор е непочитување на државата од страна на Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Зоран Заев не мораше физички да биде присутен на инаугурацијата на Стево Пендаровски бидејќи Пендаровски е негова сенка, без интегритет, која само треба да ги аминува криминалите и корупцијата на менторот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Зоран Заев не мораше да биде физички присутен затоа што кога тој зборува, нема потреба Пендаровски да отвори уста.Возењето мотор е поважно од инаугурирањето на Пендаровски.Без разлика дали Пендаровски заслужил да стане претседател или не, давањето предност на возењето мотор е крајно непочитување и на државата и на институциите од страна на Заев.Зоран Заев избра уште еден слеп послушник и со изборен инжинеринг и контингенти договорени гласови го инсталираше на позицијата Претседател на Македонија.Впрочем Пендаровски е човек кој се фали дека е 102,5% ист со Зоран Заев. Истиот тој Пендаровски нема кажано збор осуда на криминалот, корупцијата и непотизмот на власта. Истиот тој Пендаровски молчеше и не ги осуди амнестиите на криминалот на неговиот ментор Зоран Заев. Истиот тој Пендаровски збор не кажа за отсуството на реформи во државата, поради кои најверојатно Македонија нема да добие датум за почеток на преговори. Тој како и досега, така и од сега ќе молчи и ќе прави се она кое што Заев ќе му го диктира.Пендаровски ќе биде претседател на државата, но за жал нема да биде претседател на граѓаните, бидејќи се срамеше од македонската химна, се срамеше да каже кој јазик го зборуваат Македонците во Грција, се срамеше од сопствениот народ кој го нарекуваше стока, сурати, роботи, а единствено на кое се гордееше беше поддршката на Зоран Заев и лидерите од владеачкото мнозинство. Тоа само говори дека како почна, така и ќе тера, ќе биде претседател на власта, но не и на народот.Како поддржувач и одобрувач на криминалот на Заев, едно е сигурно, Стево Пендаровски ќе биде сидрото на власта кое ќе не држи далеку од европските вредности европската перспектива на македонските граѓани, се вели во соопштението.

Македонија | пред 6 години

6 год.
oliver-spasovski-670x367

Спасовски денес во посета на Центарот за обука во Идризово

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска ќе го посети Центарот за обука на Министерството за внатрешни работи во Идризово.Спасовски во Центарот ќе присуствува на официјалното отпочнување на Твининг проектот „Усогласување на националните системи со ЕУ и шенгенските барања за гранично управување“.

Македонија | пред 6 години

6 год.
idrizovo-3-

Почина 54-годишен затвореник во „Идризово“

Скопјанецот Џенгис Џемаил(54), кој беше осуден на 13 години затвор за убиство, починал денеска од срцев удар во затворот „Идризово“, дознава Досие.мк. Затвореникот починал додека бил на прошетка. Тој и претходно се жалел дека има проблеми со срцето, но наводно не добил соодветна лекарска нега.Тој беше осуден за убиство на Амел Зверотиќ, кого го застрелал во приколка кај езерото Треска во 2006 година, за наводен долг од 100.000 евра.Џенгис првично беше осуден во отсуство на 20 години затвор, но по апсењето пред неколку години повторно му се судеше. Тогаш доби 13 години затвор, а казната му беше потврдена пред неколку дена во Аплецискиот суд, по што од затворот во Шутка бил пренесен во „Идризово“.

Скопје | пред 6 години

6 год.
titanik

Нови рочишта во Кривичен за „Титаник“ и „Транспортер“

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да се одржат рочишта за  „Титаник“ и „Транспортер“ на Специјалното јавно обвинителство.Предметот „Титаник“ се наоѓа во доказна постапка и се изведуваат докази предложени од СЈО. Станува збор за околу 5.900 материјални докази.Во „Титаник“ обвинети се: Никола Груевски, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.Во случајот „Транспортер“, пак, поранешниот битолски градоначалник Владимир Талески и уште 20-тина лица се товарат за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што е направена проневера на околу 360.000 евра. 

пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања