Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
nakit-adr

Во Италија уапсен скопјанец кој купувал дијаманти со фалсификувани евра

Скопјанецот С.Д.(34), кого италијанската полиција го барала безмалку една декада поради милионски измами, бил уапсен случајно пред една недела на аеродромот во Милано од каде требало да се качи на лет кон Скопје, пишува 24 Инфо. Тој веднаш бил спроведен во истражен затвор, откако судот во Милано му одреди притвор додека трае истрага за кривичните дела за кои се товари.Според полицијата, измамата скопјанецот ја извршил во 2010 година, откако стапил во контакт со златар од Германија. Измамникот купувал накит по добра цена и нудел кеш, па Германецот стигнал на аеродромот „Малпенса“ во Милано за да му продаде осум дијаманти и ѓердан од антички дијаманти кои датираат од 1850 година. Златарот се согласил да ги продаде за 1.400.000 евра. Измамникот му ги покажал парите, спакувани во 70 пакетчиња од по 20.000 евра и му ги дал на Германецот по што си заминал. Набргу златарот сфатил дека парите се фалсифиувани па го пријавил случајот во полиција.

Свет | пред 6 години

6 год.
Ana-Frank-cover-Struga

Утре изложба „Ана Франк – историја за денес“ во Струга

На 14.5.2019 година, со почеток од 17 часот, свечено ќе биде отворена патувачката изложба „Ана Франк – историја за денес“, во просториите на Меѓународниот универзитет „Струга“ во Струга.Изложбата е составена од триесет и девет изложбени панели, кои ја раскажуваат приказната за Ана Франк, истовремено раскажувајќи за холокаустот и Втората светска војна. Изложбата ја дополнуваат седум панели за домашниот контекст во периодот по Втората светска војна до денес.Водичи на оваа изложба ќе бидат обучени средношколци и средношколки од СОУ „Нико Нестор“ – Струга и СОУ „Ибрахим Темо“ – Струга.Изложбата во Северна Македонија е изработена и донесена во рамките на проектот „Хисторија, историја, повјест – Лекции за сегашноста“, кој е поддржан од Европската Унија, а поддршка доби и од Министерство за надворешни работи, Министерството за култура, Министерството за образование и наука, Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија и Амбасадата на Кралството Холандија. Досега изложбата беше поставена во 21 град, а ја посетија повеќе од 19 илјади посетители.

Магазин | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Во очекување на новата цена на горивата - ќе имаме ли ценовен шок?

Од утре  трговците сами ќе  утврдуваат колку ќе  чини литар гориво.  Минатата недела престана да важи старата методологија за пресметка,  а новата не се донесе, па поради тоа  наместо регулаторна, трговците со деривати имаат обврска да ја утврдат цената на горивата.Од Регулаторната комисија се надеваат дека трговците ќе бидат корекни и нема да предвизкаат ценовни шокови. За  новите цени граѓаните ќе можат да  дознаат само на бензиските станици.  Трговците  за цаната ќе одлучуваат само една недела. Регулаторна очекува  до 20 мај да биде донесена новата методологија.  Потпис на измените во законот за енерегтика се очекува да стави новоизбраниот претседател Стево Пендаровски.Инаку регулаторната комисија за енергетика и водни услуги денеска ќе одржи подготвителна седница. На неа ќе се разгледува Предлог-текст на правила за пазар на природен гас.  

Македонија | пред 6 години

6 год.
mkd-421113

Баша до Рама: Ќе се молиш да ја имаш судбината на Никола Груевски

Пред денешниот петти голем протест на обединетата албанска опозиција, синоќа лидерот на Демократската партија, Љуљзим Баша му порача на премиерот Еди Рама да не се прави силен, бидејќи во „најдобар случај ќе се моли да ја има судбината на Никола Груевски“, пренесуваат албанските медиуми.-По драмата на синоќешното насилство против опозиција, што го видоа сите Албанци и целиот свет и пред утрешниот народен протест во 18,30 часот сакам јасно да му порачам на лидерот на кликата на власт: „Не ја преминувај границата. Не се прави силен со оклопни возила и солзавец. Заборави дека можеш да дојдеш и да бидеш на власт со насилство. Во најдобар случај ќе се молиш да ја имаш судбината на Никола Груевски.Како што се наведува тој рекол дека неговата Демократска партија и целата обединета опозиција настојуваат да ја вратат политичката нормалност во земјата, демократијата, надежта и можноста секој Албанец да живее достоинствено.Баша еден час пред полноќ објави и видео снимка во која упати апел до граѓаните да се придружат на протестот што ќе се одржи денеска во 18,30 часот, бидејќи „надежта е осветлена“. 

Свет | пред 6 години

6 год.
big_1538575523__testiranje-logopeda

Заврши главното ТИМСС-тестирање во основни училишта , како поминавме? затоа што на пробното бевме слаби

Во Македонија заврши главното меѓународно тестирање ТИМСС - TIMSS (Trends in International Mathematics and Science Study), кое во април и во мај се реализира во 150 основни училишта во државата со 4.000 ученици од четврто одделение, избрани по случаен избор. Тестовите ќе почнат да се оценуваат од идната недела, а конечните резултати ќе бидат објавени следната година, кога ќе заврши тестирањето во сите 70 држави во целиот свет што се дел од оваа обемна студија. Пробното тестирање во септември лани покажа слаби резултати. Но тоа не значи дека и оние на главното ќе бидат такви зашто пробното се изведува во мал број училишта, објави deca.mk.TIMSS (Trends in International Mathematics and Science Study) е меѓународна студија по математика и по природната група предмети (физика, хемија, биологија и географија) која ги мери знаењата и способностите на учениците по математика и по природната група предмети (физика, хемија, биологија и географија) во IV и во VIII одделение.Бети Ламева од Државниот испитен центар (ДИЦ), национална координаторка на ТИМСС за deca.mk вели дека со учеството во оваа студија ќе се добијат многубројни податоци за нашиот образовен систем, за наставните програми и наставниот процес, за постигнувањата на учениците, работата на наставниците, сознанија за социо-економските и образовните фактори поврзани со постигнувањата на учениците по математика и природни науки, а ќе може и да се споредат постигнувањата на учениците на меѓународно ниво.Текстот во целост на: deca.mk

Македонија | пред 6 години

6 год.
ciklo-radar

Времето денес облачно со врнежи од дожд, а на места невреме со грмежи

Времето денеска претежно облачно и нестабилно со врнежи од дожд, особено во западните делови. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. На места врнежите ќе бидат обилни, локално и во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и со услови за појава на град. Т-мин. од 7 до 14 а т-макс. од 14 до 22 степени.Во Скопје, облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи. Т-ра 13 / 20 степени.За утре метеоролозите најавуваат променливо облачно и нестабилно со врнежи од дожд, на места обилни, локално во форма на невреме со грмежи и засилен ветер.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Делови од Центар и Кисела Вода утре без струја

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Центар и Кисела Вода.Од РЦУК Скопје информираат дека од 8:30 до 10:00 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од улиците „Преспанска” и „Охридска” во Општина Центар, а од 11:00 до 12:30 часот корисниците од ул. „1515″ во населбата Пинтија во Општина Кисела Вода. 

Скопје | пред 6 години

6 год.
Zoran-Krstevski

Зоран Крстевски: Излез од криза

Колумна на Зоран Крстевски, доктор по филозофски науки, едукатор, мотиватор и тренер за личен развој, за вечер.пресс.Недостатокот на мир со себе е предизвикувач на многу болести и напнати психички состојби. Кога во себеси носиме голем емоционален товар, тогаш внатрешниот немир целосно нè разјадува и оддалечува од хармонијата на животот. Чувствуваме дека душата ни е повредена и дека треба многу да работиме на личниот развој, ако сакаме да ги неутрализираме емоционалните болки и страдања. Патот кон себехармонизацијата не е лесен, но кој храбро и достоинствено тргнал да го бара излезот, тој и пристигнал на целта.Во пронаоѓањето на методите што ќе ни помогнат да се извлечеме од кризата, прво што треба да направиме е да бидеме трпеливи. Ако проблемите се наталожувале со месеци или со години, решението не може да пристигне преку ноќ. Некои ситуации на борба, неизвесност и криза се шанса да го промениме односот кон животот и да почнеме похрабро да ја градиме перспективата.Кинескиот збор за криза има два знака. Првиот знак означува опасност, но другиот знак претставува поволна прилика. Тоа покажува дека кризата е опасна точка, но воедно и можност да сфатиме во каков однос се наоѓаме, со какви луѓе комуницираме, кон кого се насочуваме и од што зависиме. Затоа, клучно е да се опуштиме и да прифатиме дека погрешно сме постапиле што некритички сме верувале во некои лица и непромислено сме влегле во одредени животни ситуации. Кризата не претставува пораз, туку опомена која може да ни го зајакне духот и насочи кон поубавата перспектива. Таа постои за да ни покаже каде грешиме и да нè предупреди дека сме се оддалечиле од патеката на успехот и хармонијата.Негативните мисли штетат на нашата ефикасност и самодоверба, парализирајќи ја можноста за излез од кризата. Кога песимизмот и разочарувањето ја владеат личноста и кога постојано се лутиме и заземаме непријателски став кон другите луѓе, тогаш страдањето станува дел од нашето живеење. Таквото однесување предизвикува да пристапуваме гневно, фрустрирано, со отпор и негација.Секој индивидуално ја определува патеката по која се движи низ животот и начинот на кој ги реализира целите. Секогаш треба да имаме на ум дека ако не можеме да го промениме однесувањето на другите, можеме да ја промениме сопствената реакција кон лицата и ситуациите со кои се соочуваме. Илузорно е да чекаме нештата околу нас да се променат, за конечно да го почувствуваме мигот на среќата.Во животот постојано се преплетуваат подемите и падовите, успесите и неуспесите, така што никогаш не треба да се сомневаме во тоа што ни го наумила судбината. Причинско-последичната законитост укажува дека ништо не е случајно, така што секој го добива тоа што го заслужува.Отец Пајсиј Светогорски има кажано: „Бог му дозволува на нечестивиот да нè удира со злобата, затоа што со ударите што ни ги нанесува, ја растресува нашата прашина и ја истресува нашата валкана и испрашена душа. Кога човекот ќе се соедини со Бога, нема простор да влезе лукавиот. Тогаш нема ниту причина Бог да му допушти на лукавиот да го искушува човекот за да биде принуден да му прибегне“.Парите, моќта, статусот и страстите стануваат минорни кога душата ни е повредена, а стресот, кризата и разочарувањето константно присутни. Но, таков е животот и не секогаш ќе бидеме доволно мудри и високо свесни за да ги избегнеме ударите на нечестивата енергија. И не е проблем да се соочиме со јанѕи и тешки животни ситуации, многу поголем проблем е да останеме во тешкотиите, вгнездувајќи ги во својата душа – како навики од кои не можеме да се ослободиме.Клучот на успехот е да го стопираме паѓањето кон дното и потоа да почнеме храбро и енергично да испливуваме на површината. Кога нештата не се одвиваат на посакуваниот начин, не треба премногу да паничиме, туку да направиме сè што е во наша моќ за да го неутрализираме уназадувањето. Никогаш не треба да целиме кон највисокото, сè додека не се оттргнеме од најниското.Позитивниот пристап и пуштањето нештата да врват по патеката на заборавот се основни за отворање поубава перспектива во животот. Детоксикацијата на умот бара фокус кон мигот на сегашноста и препознавање на тоа што е добро во нас самите и во своето живеење.Секогаш треба да се фокусираме кон позитивните нешта и со иницирање оптимизам и самодоверба да го исчистиме емоционалниот смет напластен врз нашата душа. Натрупувањето со туѓите негативни вибрации и опстојувањето во дисхармонични односи никогаш нема да ни донесе мир и среќа во животот. Иницијативноста, оптимизмот и вербата се камен-темелник врз кој се гради успехот и хармонијата. Затоа, погледот треба да го свртиме кон иднината и да почнеме да ги развиваме спокојството и убавите вибрации на постоењето. Нашите вредности ќе излезат на површина само ако со голема почит, нежност и толеранција се однесуваме кон сопствената душа. Кога негативно размислуваме и душевно страдаме, тогаш мирот и хармонијата ја заобиколуваат нашата личност и ништо не може да нè направи среќни и исполнети. Исцелувањето на душата е процес кој бара да не се товариме себеси со грешките од минатото и обвинуваме за пропустите во односите со другите луѓе. Едно е што било, но сосема друго е што ќе биде. Кога со љубов и внимание и пристапуваме на својата душа и сфаќаме дека ништо не е поважно од мирот со себе, тогаш никој не може да нè спречи во напредувањето.Некои лица се исклучително нечесни, неморални и токсични, така што процесот на целосно ослободување од нивното влијание може да биде многу долг.Мудрите луѓе кажале дека ништо не може повеќе да го повреди пакосниот човек од туѓата среќа. Тоа е уште една во низата причини зошто умните и духовно изградени поединци стануваат уште поуспешни кога некој ќе се обиде да ги повлече на дното. Мотивацијата е голема вредност и неретко многу нешта зависат од инспирираноста и волјата на личноста. Кога постојат силни предизвици, необични искушенија и разни непријателски влијанија, одредени луѓе уште повеќе се мотивираат и со поголем ентузијазам се движат кон целта. Победата е најголемиот афродизијак на животот, така што колку препреките се повисоки, толку задоволството од остварената победа е послатко. Затоа, сè додека постоиме не треба да се откажуваме од опцијата нашиот живот да го направиме успешен, среќен и хармоничен. За да го постигнеме тоа, неопходно е да веруваме во себеси, да не стравуваме од кризните ситуации и да не манифестираме малодушност во борбата со негативците.Поединецот кој се потценил себеси никогаш нема да излезе како победник над кризите, притисоците и тешкотиите. Елиминирањето на навиката да им дозволуваме на другите да вршат негативно влијание врз нас или да не омаловажуваат е главниот показател дека се движиме кон вистинскиот пат и себехармонизацијата.Време е да дејствуваме како победници и да престанеме себеси да се третираме за губитници, кои доброволно прифатиле да бидат слаби, ранливи и исплашени креатори на сопствената судбина.   

Коментари | пред 6 години

6 год.
burkinan-faso

Напад на католичка црква во Буркина Фасо - Најмалку шестмина мртви

Најмалку 6 лица настрадаа во вооружен напад на католичка црква во африканската Буркина Фасо, јавуваат странските медиуми. Меѓу убиените има и свештеник. Медиумите објавуваат дека терористичкиот напад е изведен за време на неделната миса.Се наведува дека напаѓачите отвориле оган врз верниците на почетокот на утринската миса во селото Дабло.

Свет | пред 6 години

6 год.
aldo-volkanovski

(ВИДЕО) Македонецот Волкановски го победи легендарниот Бразилец Жозе Алдо во УФЦ

Австралијанецот со македонско потекло, Александар Волкановски, го победи еден од најдобрите борци во мешани боречки спортови, Бразилецот Жозе Алдо.Волкановски ММА борец го победи легендарниот Жозе Алдо на „УФЦ 237“ приредбата која се одржа во Рио де Жанеиро.

Спорт | пред 6 години

6 год.
macor-3

(ФОТО) Мачката на Иванови остана да живее на Водно со новиот газда – Пендаровски

Со највисоки воени и државни почести сега веќе поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов го пречека и му ја предаде функцијата на новиот шеф на државата Стево Пендаровски.Големи внимание на денешното примопредавање на функцијата предизвика мачката на Иванови, која се протнуваше и галеше со присутните на инаугурацијата на новиот претседател Стево Пендаровски.ФОТО: Арбнора МеметиМачката го привлече вниманието на новинарските екипи кои го следеа настанот на Водно.Инаку пред да ја предаде функцијата на неговиот наследник  Иванов на официјалниот профил објави статус.ФОТО: Арбнора Мемети-Со огромна чест, задоволство и одговорност ја извршував функцијата Претседател на Република Македонија во изминативе десет години. Од се срце му благодариме на македонскиот народ и на македонските граѓани за сета укажана доверба и поддршка. Останете во добро здравје и не заборавајте дека само сплотени, обединети и со меѓусебна почит ќе имаме просперитетна и успешна Македонија, Функциите доаѓаат и проаѓаат, но човечноста останува, напиша Иванов.Инаку Иванов од денеска заминува во пензија, ќе има месечни приходи од околу 100.000 денари, а според законот му следува доживотна канцеларија со тројца вработени има право на лично обезбедување и користење на службено возило со возач.ФОТО: Арбнора Мемети

Македонија | пред 6 години

6 год.
pijan

Пијан бугарски државјанин, кршел чаши и недолично се однесувал во угостителски објект

На 12.05.2019 година М.А. од село Дабиле пријавил во полициска станица во Струмица дека во 03,00 часот додека вршел обезбедување во угостителски објект во Струмица  забележал непознато машко лице видно под дејство на алкохол кое почнало да крши чаши на подот и недолично да се однесува внатре во објектот вознемирувајќи ги присутните гости, при што  од страна на обезбедувањето бил отстранет од објектот.Од страна на полициски службеници утврдено е дека пријавениот е бугарски државјанин К.Б. (39), кој е приведен и задржан во Полициската станица во Струмица, и против него ќе биде поднесена соодветна пријава .

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Кучиња скитници нападнале 71 годишен Кичевченец

На 12.05 2019 година во 09,45 час.во Полициската станица во Кичево, лицето Д.М. (71) од Кичево пријавила дека истито ден околу 09,00 часот кај влезот од старите православни гробишта на ул. “Рудничка“ во Кичево била нападната од куче скитник, при што и нанесена повреда на левата нога, по што се упатила во МЦ-Кичево каде и била дадена медицинска помош и здобиената повреда и е санирана.

Македонија | пред 6 години

6 год.
pozar-avtomobil

Опожарено возило удрило во зграда

На ден 11.05.2019 година, во 21,50 часот вработен во Територијалната против пожарна единица од Кочани пријавил дека на ул. “Стево Теодосиевски“ во Кочани од пожар било зафатено патничко моторно возило “Цитроен Пикасо“ со скопски регистарски ознаки сопственост на лицето Т.Л (53) од Скопје .Пожарот избувнал во пределот под уредот за управување и ја зафатил електричната инсталација , по што возилото само се придвижило наназад и удрило во соседната зграда. Пожарот бил изгаснат од страна на ТППЕ-Кочани.По овластување на Јавен обвинител извршен е увид налице место. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
tepacka1

Три лица нападнале 48 годишен скопјанец, поради сообраќајна незгода

На 11.05.2019 година во 23,15 час лицето С.П. (48) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 23,00 час на ул. “Методија Андонов Ченто“  физички бил нападнат од страна на три непознати машки лица. Тие го удриле повеќе пати во пределот на главата и лицето при што му се нанесени видливи повреди.Според кажување на пријавителот до физичкиот напад дошло поради меѓусебно нетрпение по претходна расправија околу сообраќајна незгода.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Шумски полицаец затекнал крадци на огревно дрва -му се заканувале и го удриле

На 11.05.2019 година во 22,00 часот во Полициската станица Крушево, Б.Ј. (47) од Крушево  шумски полицаец во ШПС-Крушево, пријавил кривично дело - “загрозување на сигурноста“.Според пријавата, истиот ден околу 17,50 часот пријавителот бил излезен на терен во атар на с.Локвени, каде се случувала кражба на огревни дрва. Откако со службеното возило се упатил кон манастирот „Св.Атанасие“, забележал трактор кој бил во движење, а на тракторот биле две лица,Исто така движејќи се по патот, наишол на патничко возило “Застава 101“ без регистарски таблички, до кое имало околу половина кубик нежигосани дабови огревни дрва. Во истиот момент позади него пристигнал тракторот со двете лица, кои почнале да му упатуваат закани и навреди, по што се симнале од тракторот, земале по едно од исечените дрва кои биле покрај возилото и почнале да му се закануваат дека ќе го нападнат.Притоа едно од лицата го удrило со дрво по градите. Пријавителот бил принуден да се повлече по што заминал кон с.Локвени. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
polov-napad-dete

Полов напад врз 13- годишно дете во Скопје

На 12.05.2019 година во 02,30 часот во Полициската станица Чаир, С.К. (33) од Скопје пријавил дека на 11.05.2019 година околу 21,30 часот на ул.„Б.Буна“, неговото малолетно дете Е.С. (13) било полово малтретирано од детето Ј.С. Според наводите на пријавителот, нападот престанал кога на местото на настанот се појавил братот на нападнатото дете, по што малолетникот Ј.С. побегнал.Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

6 год.
2-al

Џафери се сретна претседателот на Албанија Илир Мета

На денот на свечената  инаугурација на новиот претседател на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, меѓу присутните странски државници на инаугурацијата беше и Претседателот на Република Албанија Илир Мета. По завршувањето на седницата, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери оствари билатерална средба со претседателот на Република Албанија, г. Илир Мета.На почетокот на средбата, претседателот Џафери се заблагодари на претседателот Мета, за присуството на оваа свечена седница, на овој голем ден за нашата земја, на кој ден се означува успехот на новоизбраниот претседател на Републиката, Стево Пендаровски по изборниот процес завршен на 5 мај 2019 год, со што тој е избран како петти претседател на земјата.Претседателот Мета, се заблагодари на поканата и изрази задоволство за успешно спроведените претседателски избори во Република Северна Македонија а на новиот претседател на државата му посака успех во исполнувањето на неговата значајна должност.Двајцата соговорници беа едногласни во однос на продолжувањето на одличните односи на сите нивоа и во иднина, и дека очекува заедно со Република Северна Македонија да добијат и конкретен датум за почеток за преговорите за членство во ЕУ во јуни оваа година.

Македонија | пред 6 години

6 год.
59990472_290791528474591_5935082707817070592_n

Николовски: Преку соработка со чешките компании до развој на македонското млекопроизводство

Во рамки на официјалната посета на Република Чешка, денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и заменик министер, одговорен за ЕУ и меѓународна соработка на Република Чешка, Јири Шир, присуствуваа на Б2Б средбите помеѓу македонски и чешки компании од областа на млекопроизводството. Министерот Николовски во своето обраќање потенцираше дека овие средби претставуваат одлична можност за размена на информации и искуства кои се потребни при донесување одлуки и се почеток на идна соработка. При тоа, Николовски ги презентираше мерките кои МЗШВ ги презема за развој на млечната индустрија, со посебен акцент на мерките од ИПАРД 2 програмата и Програмата за рурален развој.„Нашата посета на Република Чешка доаѓа во вистинско време, бидејќи развојот на сточарството, вклучително и на млекопроизводството, е од посебен интерес во креирањето на политиките на Владата на РСМ и на Министерството за земјоделство, шумарство и вододостопанство. Индустријата за млеко и млечни производи е еден од најважните сегменти во агро-индустрискиот комплекс. Во годинешната Програма за рурален развој значително ја зголемивме финансиската поддршка за мерката за набавка на приплоден добиток и за оваа намена одвојуваме близу 1,5 милиони евра. Оваа мерка е важна за подобрување на генетскиот потенцијал, што крајно ќе влијае и врз квалитетот на финалниот производ, а предвидени се и други мерки со кои ќе се поддржи овој сектор. Секако на располагање се и мерките од ИПАРД 2 програмата, кои нудат можност за инвестиции во изградба или реконструкција на млекарници, фарми, набавка на опрема и друго“, посочи Николовски.Токму мерката за набавка на приплоден добиток од Програмата за рурален развој, беше во фокусот на Б2Б, а целта беше да се идентификуваат можни добавувачи на стелни јуници од Чешка, со цел да се прошири понудата за македонските фармери за набавка на приплоден добиток и поефикасна искористеност на мерката. Во тој контекст, македонските и чешките компании разменија информации и контакти, и истите ќе им бидат презентирани на македонските фармери кои конкурираа на повикот.На средбата присуствуваа шест македонски и десет чешки компании од млечната индустрија, кои што разменија искуства во областа на млечната индустрија, а разговараа и за можностите за заеднички настап на трети пазари.Чешка забележува значителен напредок во млечната индустрија поради што нејзините искуства се добредојдени за македонските компании од овој сектор.Во текот на денешниот ден, министерот Николовски присуствуваше и на отворањето на Националниот саем за сточарство што се одржува во Брно, Р. Чешка, на кој што компании од цел свет ги презентираат своите производи и достигнувања во областа на сточарството.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Стоилковски: Осум месеци ОЈО не одговара до каде е предметот за Заев, за поткуп во изборни цели

Осум месеци откако ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривичната пријава до Јавното обвинителство против Зоран Заев за поткуп и поттикнување поткуп во изборни цели, 8 месеци нема никаков одговор, допис, известување од Јавното обвинителство до каде е предметот, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Во кривичната пријава, поднесени до РЈО предводено од невидливиот Љубомир Јовески дека на ден на 13-ти септември, Зоран Заев, јавно, на трибина во Крива Паланка, ветуваше на граѓаните поткуп за гласање во општина, за да излезат да гласаат на референдумот. Притоа Заев самиот јавно посочи дека поттикнал бизнисмен да подели пари за тоа. Сиот доказен материјал од признанието на Заев, 10 месеци стои нечепнато во јавното обвинителството.На приложената видео-снимка како доказ, јавно објавена, се слуша како Зоран Заев јавно повикува на поткуп, се слуша дека признава како еден бизнисмен, односно сопственикот на „Минстрој“ веќе му ветил на Зоран Заев дека ќе ги награди работниците доколку излезат на тогаш претстојниот референдум.Ќе потсетиме на изјавата на јавниот обвинител Џељаљ Бајрами, кој што ја водеше таканаречената Комисија за следење противправности на референдумското гласање, дадена два месеци по референдумот, дека предметот против Заев бил оформен и препратен во ОЈО Куманово. И од тогаш молк! Нема ни збор ниту за предметот против Заев ниту за истрагите на обвинителството по 40 пријави за полнење кутии, фотографирање, неовластено снимање, притисок, агитирање.Ваквото непостапување е злоупотреба на службената положба и овластување но и отворена врата за нов изборен инженеринг каков што се случи на претседателските избори.Оттука, ги повикуваме Јавните обвинители, да го искористат моментот кога Зоран Заев, премиер, а воедно и главен реформатор на правосудството, по изборниот инженеринг замина на одмор, и да го спроведат она за што дале заклетва и се обврзале со преземањето на функцијата Обвинител!Владеењето на правото и на правдата, заштитата на човековите права и на демократијата, се насушна потреба на граѓаните и тие тоа го порачаа на последниот изборен циклус. Демократијата подразбира дека никој не е над законот, па ни Зоран Заев. Молкот од Јавното Обвинителство само дополнително еење на правото и демократијата, и обвинителите ги прави директни соучесници во креирање недемократски режим што ја оддалечува Македонија од Евроинтегративните процеси, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. 

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања