Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
inaguracija-pretsedateli

Претседателите од регионот најдоа време за Пендаровски, опозицијата дојде на свеченоста, а на Заев му е повжен одморот

На давањето на свечената заклетва во Собранието, присутни беа експретеседателите Бранко Црвенковски и Ѓорге Иванов. Во првите редови беше и сопругата на починатиот претседател Борис Трајковски, госпоѓата Вилма Трајковски.Од религиските заедицни, присутни беа скопскиот бискуп на Католичката црква, поглаварот на МПЦ, реисот на ИВЗ. Во ложата беа и странските дипломатски претставници.Чест на Пендаровски му направија претседател на Албанија Илир Мета, претседателот на Бугарија Румен Радев, претседателот на Косово, Хашим Тачи, претседател на Србија Александар Вучиќ, министрите за надворешни работи на Грција и Црна Гора, заедно со замениците-министри за надворешни работи на  Полска и Турција, но и претставник од кабинетот на претседателот на Словенија.Присутни во првите редови беа пратениците од власта и опозицијата, но и владините функционери.Време за инагурацијата на Пендаровски не најде премиерот Зоран Заев кој замина на одмор и му испрати честитка на новиот претседател преку видео порака.Време за Пендаровски, не најде време Зоран Заев, кој не присуствуваше на инагурацијата. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
stevo-pendarovski-inaguracija-1

Ќе подадам рака за соработка со опозицијата, ќе ги ангажирам најголемите умови, најави Пендаровски

Новиот претседател, Стево Пендаровски рече дека прво што ќе направи во наредниот период е да подаде рака за соработка со опозицијата. Тој најави дека ќе се труди за државата да има професионални институции.„Прва работа која ќе ја направам е да подадам рака за соработка со опозицијата. Моја обврска е да ги штитам правата на помалите малцинства. Политичките разлики меѓу партиите се природни и нужни и ќе постојат. Но, мора да бидеме заедно за клучните цели. Како претседател ќе се ангажирам во дипломатските напори за наше членство во ЕУ и НАТО. Ќе ги користам најголемите умови кои ги имаме, без разлика дали доаѓаат од опозицијата или власта“, додаде Пендаровски.Системските реформи ќе бидат со консензус, за да се изградат професионални институции, кои нема да зависат од тоа која партија е на власт, рече Пендаровски.

Македонија | пред 6 години

6 год.
pendarovski1

Пендаровски најави политичка одговорност за однесувањето на власта и опозицијата

По потпишувањето на свечената изјава, новиот претседател Стево Пендаровски, рече дека како претседател ќе се залага за ЕУ и НАТО, а ќе има нулта толеранција за криминалот. Тој вели дека со економски политики ќе треба во наредниот период, да се за задржат младите во Македонија.„Основниот критериум на мојот ангажман ќе биде дали ќе бидам претседател на сите граѓани или само на оние кои ме поддржаа. Се обврзувам да бидам претседател на сите граѓани, на оние кои гласале за мене, но и за оние кои не гласале“, рече Пендаровски.Во делот на Армијата, новиот претседател рече дека професионално ќе се однесува, а ќе се постапува според законите.„Најголем проблем е однесувањето на власта и опозицијата. Во овој дел ќе барам политичка одговорност и јавно кажаните зборови да се одговара, оти прави граѓанска разнебитеност. Нашата држава во наредниот период има најголеми приоритети, поголеми економски остварувања и нулта толеранција за криминалот“, додаде Пендаровски.На крајот, рече дека ќе се залага граѓаните да се сплотени, а медиумите да бидат целосно независни. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
avion-predni-trkala

(ВИДЕО) Авион слета без предните тркала

Пилот на „Мјанмар нешенел ерлајнс” успешно слета без предното тркало, соопшти државната авиокомпанија. При принудното слетување на авионот „ембраер 190“, никој не бил повреден, објави Ројтерс. Во авионот имало 82 патници и членови на екипажот.

Свет | пред 6 години

6 год.
stevo-pendarovski-inaguracija

Пендаровски се обврза дека ќе ги почитува Уставот и законите, но и дека ќе го штити суверинитетот на државата

Стево Пендаровски ја превзема функцијата претседател претседател на државата. Тој ја потпиша свечената изјава со која се обврза функцијата да ја врши совесно, почитувајќи ги законите и Уставот.Пендаровски исто така се обврза да го штити суверинитетот на државата.Претседателот на Собранието, Талат Џафери, седницата ја водеше на албански јазик. Стево Пендаровски изјави дека е благодарен дека учесниците го признале изборниот исход, а изборите биле фер и демократски.

Македонија | пред 6 години

6 год.
dzaferi

Џафери на албански јазик ја започна седницата, Вучиќ и Радев со слушалки, Тачи сè си разбира

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, седницата за инагурацијата на новиот претседател на државата ја започна и ја води на албански јазик, користејќи го своето право кое му е дадено со Законот за јазици што беше изгласан пред неколку месеци.Инагурацијата на Стево Пендаровски во Собранието започна, а присутни се голем број на странски дипломатски претставници. Присутните гости, меѓу кои претседателите на Србија и Бугарија користеа слушалки за симултан превод од албански на македонски јазик. Претседателот на Косово, немаше потреба од слушалки, бидејќи сè разбираше.

Македонија | пред 6 години

6 год.
luto-piperce

Луто пиперче за несовесните возачи, мотоциклисти и пешаци

Луто пиперче за несовесните возачи, мотоциклисти и пешаци кои не ги почитуваат сообраќајните правила, а привезок за оние кои ги почитуваат правилата и прописите.  Сообраќајни патроли на битолската полиција, заедно со пионерски и младински волонтери задолжени за безбедноста во сообраќајот, на неколку пунктови во Битола, вршеа контрола на возачите, мотоциклистите и на пешачите, само со предупредување, симболично и со превентивно делување да се одбележи Денот на сообраќајната култура. Несовесните возачи, наместо казни, денеска добија лути пиперчиња, а совесните беџови. Но, какви прекршоци најмногу прават учесниците во сообраќајот во Битола?– Како најчести прекршоци што ние ги бележиме, пред с`е, од страна на пешаците непочитување на пешаќкиот премин, од страна на возачите неприспособена брзина, користење на мобилни телефони, некористење на сигурносен појас и технички неисправни возила за кои постојано апелираме, рече Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола.Од Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот во Битола, велат дека проблемите се наталожени подолго време и се од субјективна и објективна природа. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
dinosaurusi-2

Во Кина откриен нов вид на летaчки диносауруси

CNN објави дека кинеските научници пронашле нов вид на летачки диносауруси, кои според својот изглед потсетуваат на лилјаци. Ова откритие му дава едно сосема ново светло на процесот во кој диносаурусите се развиле во птици. Фосилните остатоци на новиот вид диносаурус беа откриени во Лиаонинг, на североисточниот дел од Кина, од страна на Мин Ванг, кинески палеонтолог и главен автор на студијата која беше објавена неделава. Ванг овие летачки диносауруси ги нарекол Ambopteryx longibrachium.Меѓутоа, понатамошните истражувања покажале дека станува збор за сите диносаурус терапод со уникатни предни екстремитети и мембрански крила. Фосилот стар 163 милиони години е втор таков пронајден во светот и покажува дека постоеле диносауруси со крила слични на лилјаци, иако таа особина е забележана и кај праисториските летачки верверички, лилјаците и кај птеросаурусот. Единствениот диносаурус со слични особини на овој фосил бил Yiqi, кој е опишан во 2015 година. 

Магазин | пред 6 години

6 год.
BeFunky-collage-13

Ангелов: Фотографиите со знамето на Самоилова тврдина беа фото монтажа

Генералот Стојанче Ангелов изјави дека фотографиите со знамето на Република Албанија поставено на Самоиловата тврдина во Охрид биле фото монтажа и дека таму не било поставено толку големо знаме туку многу помало.„ Сликата која беше на социјалните медиуми е монтирана знамето воопшто не било со такви димензии “ - рече Ангелов и додаде дека имало адекватна реакција на државата.Инаку спротивно на тврдењата на Стојанче Ангелов,  човекот кој го постави знамето на соседна Албанија Ѓерѓ Прекоцај од Косово самиот во медиумите изјави дека дошол намерно да ја прекрие тврдината со знаме, бидејќи оваа територија од Господ била дадена како нивна и нивна ќе станела нивна.„Господ ни ги дал нас овие територии и ќе бидат наши и никогаш нема да ги оставиме, изјави Прекоцај за ИНА .https://www.facebook.com/skopje1mk/videos/728067950942220/

пред 6 години

6 год.
mickovski-press-poraz

Мицкоски не е поканет на инаугурацијата на Пендаровски !

Од прв ден почнаа нови поделби ?Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, не добил покана да присуствува на инаугурацијата на претседателот Стево Пендаровски.-Досега до претседателот Мицкоски нема упатено покана за присуство на денешниот настан. Претседателот Христијан Мицкоски денот ќе го помине стандардно, со утринска прошетка и искачување на Водно, потоа продолжува со работни ангажмани во седиштето на партијата, каде има однпаред закажани средби и состаноци. А, попладне ќе биде со своето семејство, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Пендаровски во својата кампања говореше ќе биде претседател на сите граѓани на републиката, без оглед на нивната етничка, политичка или верска припадност. Сепак, не успеа да се издигне и да го покани лидерот на партијата која освои најмногу македонски гласови на изборите.

Македонија | пред 6 години

6 год.
paridenari1

Од утре скопјани може да ги платат заостанатите сметки за вода и смет без камата

Од утре, 13 мај, до 28 јуни годинава граѓаните на Скопје ќе можат да ги платат заостанатите сметки за вода и смет без камата.Физичките лица и правните лица ќе може да го исплаќаат својот долг со склучување договор до 24 месечни рати, во зависност од висината на долгот.-Корисниците кои имаат заостанат долг за потрошена вода и смет (тужен и редовен) имаат можност да го платат без пресметана камата за задоцнето плаќање, информираат ЈП „Водовод и канализација“ и ЈП „Комунална хигиена“.

Скопје | пред 6 години

6 год.
izgore-avtomobil

Ноќва изгоре возило сопственост на осигурителна компанија

На 12.05.2019 година во 03,08 часот во ЕИК-Скопје, Д.В. пријавила дека на ул.„Теодосиј Синаитски“ во Скопје било опожарено паркирано патничко моторно возило “Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки , сопственост на Осигурителна компанија .Од страна на екипа на БППЗ-Скопје пожарот е локализиран.Увид ќе се врши во текот на денот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
urgenten-centar

25 годишна жена примена во болница со убодна рана во абдоменот- вели се самоповредила по расправа со сопругот

На 11.05.2019 година околу 17,30 часот во Единицата за известување и команда Скопје од  Ургентен центар Скопје пријавено е дека кај нив била донесена повреден В.М. (25) од Скопје која имала убодна рана од остар предмет во пределот на абдоменот.Според нејзин исказ по претходна расправија со сопругот во нивниот дом, таа се самоповредила со нож во пределот на абдоменот.Со возило на Итна медицинска помош е пренесена во Ургентен центар, каде и се констатирани тешки телесни повреди и е задржана на понатамошно лекување.Се работи на целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
brza-pomos

Вработен се лизнал и паднал од прв кат на објект, пренесен во Ургентен

На 11.05.2019 година, во 10,30 часот во Куманово, на ул.“3-та Македонска Ударна Бригада“, додека Б.А. (31) од Куманово , вработен во приватна фирма, работел на објект во еден момент од засега непознати причини се лизнал и паднал од први кат на објектот при што се здобил со тешки телесни повреди.Истиот бил пренесен во Општата болница Куманово, од каде, заради тежината на повредите бил префрлен во Ургентен центар во Скопје.

Македонија | пред 6 години

6 год.
0000traktor

Се преврте трактор, почина едно лице

На ден 11.05.2019 година, околу 18,30 час во близина на манастирот “Свети Атанасие“, во атарот на село Локвени, додека Н.З. (31) од село Локвени управувал трактор марка “Фиат“ со кој се движел по ридот во близина на патот од с. Локвени кон манастирот “Свети Атанасие“, во еден момент од засега непознати причини тракторот се превртел, при што Н.З. бил потиснат под возилото.Во близина на местото се нашле лицата Б.Е. и Н.З коишто го извадиле повредениот и се упатиле кон Градската болница во Прилеп,  но во близина на село Врбјани, повредениот им подлегнал на повредите. Смртта е констатирана од доктор од ИМП-Прилеп. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ПСОН Прилеп, и се работи на целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Ангелов: Во Карпалак зaгинaa македонски вojници кои со себе носеа унифopми и opужје и со тоа беа лeгaлнa цeл

Претседателот на политичката партија Достоинство, коалиционен партнер на Зоран Заев, поранешниот припадник на МВР, Стојанче Ангелов, вчера при гостувањето во емисијата  Само Вистина на Канал 5 телевизија се обиде да го опpaвда мacакрот кај Карпалак кога зaгинaa 10 македонски peзервисти во зacеда од страна на теpopистите на УЧК.Според Ангелов неговите coборци кои беа мacaкрирани во зacеда од страна на припадниците на УЧК, биле лeгитимнa цeл, бидејќи се вoдeлa вojна, а тие биле под opyжје.- Рековте зошто некој од албанскиот фактор не отишол да се пoклони на Карпалак. Во Карпалак oгaн беше отвopен и зaгинaa македонски вojници кои со себе носеа унифopми и opужје и со тоа беа лeгaлнa цeл. Исто како што јас неколку пати влегов во зacеда и пyкaa на мене, вели Ангелов. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
59996600_829284864100810_1960982595911024640_n

Потпишана Декларација за соработка во областа на земјоделство помеѓу Македонија и Чешка

Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, во рамки на официјалната посета на Република Чешка, имаше работан средба со министерот за земјоделство на Чешката Република Мирослав Томан. На средбата министерот Томан ја искажа подготвеноста на чешките институции да го пренесат целокупното искуство кое и е потребно на Република Северна Македонија за пристап во Европската унија од аспект на правила, постапки, процедури, легислатива и стандарди за квалитет и безбедност на храна, како неопходен предуслов во процесот на прилагодување.Република Чешка како членка на ЕУ користи 1 милијарда евра средства наменети за модернизирање на земјоделството и подобрување на условите во руралните средини. Бенефитот за земјоделците од влезот во ЕУ е голем, но истовремено е неопходно да се достигнат стандардите за квалитет и безбедност на храната. Чешка е на врвот на ЕУ во одгледување на добиток и поседува најдобар генетски материјал, а инспекциските служби се едни од најстрогите во Европа. Во оваа насока, министерот Томан ја понуди нивната помош за пренесување на потребното знаење и искуството. Воедно, на средбата беа отворени голем број актуелни прашања, кои се приоритетни за реформа во шумарството, водостопанството и справувањето со климатските промени кои од година во година предизвикуваат сериозни штети врз земјоделското производство.На средбата двајцата министри потпишаа Декларација за намера помеѓу Република Чешка и Република Северна Македонија. Со Декларацијата е предвидена взаемна соработка на двете држави во делот на трговската размена со земјоделско-прехранбени производи, размена на искуства во областа на здравјето на растенијата и фитосанитарна политика,шумарската политика, соработка во евро-интегративните процеси во земјоделските и руралните сектори, како и шумарството, рибарството и аквакултурата, лозарство, производство на вино, консолидација на земјоделско земјиште, осигурување и инструменти за финансиска поддршка во земјоделството и друго. Инаку, со Република Чешка за прв пат се потпишува документ за соработка во областа на земјоделството, што претставува позитивен импулс во унапредување на взаемната соработка.Ова е прва средба на министри за земјоделство на двете земји по подолг период и беше оценета како многу успешна, бидејќи се дискутираше за конкретни теми и можности за соработка.

Македонија | пред 6 години

6 год.
crn-drim

Нивото на реката Црн Дрим, трипати пониско од просекот за мај

Трипати пониско од просекот за мај е нивото на реката Црн Дрим, покажуваат денешните хидролошки мерења кај Ложани.Како што информира УХМР, нивоата на сите реки се под мајскиот просек.Преполовени се нивоата на Лепенец кај Скопје, на Вардар кај Велес, на Треска кај Македонски Брод, на Крива Река кај Крива Паланка и на Бабуна кај Богомила.Водостоите, пак, на езерата, Охридско, Преспанско и Дојранско се во рамки на просекот. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
Ostrog02

(ВИДЕО) Македонски верници снимиле необична на светлина во манастирот на Св. Василиј

Православната црква денеска го прославуваат Свети Василиј Острошки, големиот чудотворец, чиишто чудотворни дела се познати насекаде. За стотици верници овој манастир секојдневно е местото каде тие следејќи ја верата го пронаоѓаат лекот, мирот и спасението …се раскажуваат вистински приказни за инвалиди кои прооделе, за болни кои се излекувале, за жени кои по посетата станале мајка по долги години…секој раскажува своја приказна, но и чудото кое се случило откако го посетил манастирот. .Верници од Македонија објавија снимка од  необична светлина, за која веруваат дека се работи за духот на Свети Василиј.Тие појаснуваат дека на снимката се гледа необичната светлост, која не била видлива со голо око туку само преку камерата на мобилниот телефон.Видеото е поставено во 2017 година, но деновиве повторно почна да биде популарно и да се појавува на социјалните мрежи.Под видеото има низа коментари, од оние кои се убедени дека свелината е духот на Св Василиј, до оние кои коментираат дека светлината е блицот на мобиниот телефон, бил вклучен додека е снимано и дека нема никакво чудо.

Македонија | пред 6 години

6 год.
IMG-da0bad9bbed1bac3b90a9a6d82e8e1ca-V

(ФОТО) Сообраќајната полиција „ловеше“ возачи на моторцикли кои чинат прекршоци

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје на 11/12. 05. 2019 година во периодот од 20.00 до 01.00 часот спроведе зајакната акциска контрола по  прекршоци што ги чинат возачи на  моторцикли.Од страна на полициските службеници, по однос на констатираните  прекршоци што ги чинат возачи на моторцикли од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата , шест моторцикли се одземени привремено под сомнение за техничка неисправност за утврдување на бучава , за два од мотоциклите постои сомнеж за сторен царински прекршок , откриени се  пет прекршоци сторени од возачи на моторцикли и тоа : управување без возачка дозвола, измината важност на сообраќајна дозвола, изгубена или оштетена регистарска табличка, неносење на возачка дозвола и управување без заштитен шлем (кацига).Во однос на погоренаведените прекршоци издадени се четири платни налози за наплата на глоба и еден мандатен платен налог за наплата на глоба, а дополнително се откриени  уште десет останати прекршоци, за шест од нив издадени се мандатни платни налози за наплата на глоба, а за четири прекршочни платни налози за наплата на глоба.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања