Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Заврши мандатот на Ѓорѓе Иванов, граѓаните избраа напредок, продолжуваме напред!

После 10 години завршува мандатот на Ѓорѓе Иванов. Тоа е добра вест за граѓаните, за државата. Иванов ќе остане запаметен како лош пример, како не треба да се извршува претседателската функција, се вели во соопштението од СДСМ.Со заминувањето на Иванов завршува блокадата на напредокот, на интеграциите, завршува блокадата на законите во интерес на граѓаните.Крајот на мандатот на Иванов значи и крај на промовирањето на поделбите меѓу граѓаните, крај на вештачките кризи и тензиите, крај на уривањето на демократијата и празниот поредок.Со заминувањето на Иванов завршува урнисувањето на угледот на државата и интеграциите кон НАТО и ЕУ.Граѓаните избраа напредок и напредокот продолжува. Република Северна Македонија заврте нова страница на напредок, сигурна и стабилна иднина, членство во НАТО и ЕУ.Режим никогаш повеќе, продолжуваме заедно напред, се вели во соопштението од СДСМ.

Македонија | пред 6 години

6 год.
tutun

Од денеска врнежи од преку 70 литри на метар квадратен - Предупредување до земјоделците

Од денеска попладне земјава ќе биде под влијание на серија влажни бранови поради што се очекуваат врнежи од над 50 литри на метар квадратен, а во крајните западни и југоисточни делови и од над 70 литри. УХМР, освен врнежи, за наредните денови најавува и грмежи, како и силен ветер. Локално, како што соопшти, процесите ќе бидат во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и појава на град.Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство и Управата за хидрометеоролошки работи упатија предупредување во врска со неповолната временска прогноза за следните денови.Променливото време со повремени врнежи од дожд и пониски дневни температури на воздухот ги одржува земјоделските култури во активна состојба,  со доволно влага во почвата но и со услови за појава на плевели,  болести и штетници заради големата релативна влажност во воздухот.Според прогнозите на Управата за хидрометеоролошки работи, новите врнежи од дожд прогнозирани за викендот и почетокот на наредната седмица ќе започнат да предизвикуваат проблеми со пролетната сеидба, расадувањето на тутунот и останатите работи на отворено, поради големата влажност особено во површинскиот слој.Се препорачува да се преземат превентивни мерки за зацврстување на пластениците и другите конструкции, да се расчистат одводните канали за полесно одлевање на површинските води и заштита од нив.  

Македонија | пред 6 години

6 год.
vardar-metalurg

Металург го „потонаа“ Вардар и ја освоја титулата „Шампиони во купот на „Македонија“

Ракометарите на Металург вечерва во спортската сала во Куманово во финалето од купот ја совладаа екипата на Вардар дури по изведувањето на ударите од седум метри со 33:32 (29:29) (12:16) со што ја освоија и титулата – Шампиони во купот на Македонија за сезоната 2018/2019 година.Ракометарите на Металург во финалната средба од купот на Македонија против екипата на Вардар направија големо ракометно изненадување совладувајки ја нашата најдобра екипа на РК Вардар со 33:32 и тоа по изведувањето на пенали, откако пред тоа натпреварот во регуларниот дел по одиграните 60 минути заврши нерешено 29:29.

Спорт | пред 6 години

6 год.
Albania_Protest_79913-777x437

ВИДЕО: Состојбата во Тирана ескалираше, демонстрантите фрлаа бомби и петарди врз Владата

Состојбата на четвртиот голем протест на албанската обединета опозиција во Тирана ескалираше со фрлање молотови коктели врз зградата на Владата.Молотовите коктели главно завршуваа врз влезот на Владата, и нема обиди за пробивање на полицискиот кордон, фрлање димни бомби, петарди, како и црна боја врз владината зграда.Лидерот на опозицијата, Лулзим Баша, го повика премиерот Рама да поднесе оставка и да го отвори патот за формирање на преодна влада која би организирала слободни и фер избори. Тој го обвини Рама за криминал и корупција, дека ја  киднапирал Албанија и го блокирал патот кон Европската унија.Говорот на Баша беше прекинат од солзавец испукан по обидот на дел од демонстрантите да се доближат до вратите на зградата. Баша ги повика демонстрантите да се воздржат од судири со полицијата.Илјадници приврзаници на опозицијата, како и незадоволни граѓани од сите делови на земјата, се собраа пред Владата во Тирана, каде се обрати лидерот на Демократската партија, Љуљзим Баша.Истовремено, полицијата преку мегафон повика на воздржаност.Протестот кој почна во 18,30 часот опозицијата бара да продолжи до полноќ, но според полицијата нема дозвола за тоа.

Свет | пред 6 години

6 год.
vlada-19.02-pak

Владата ќе ја стопира „десороизацијата“ на Груевски, НВО секторот ќе се ослободи од притисок

„Некаде на крајот на 2016 година, веднаш после парламентарните избори, тогашниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски во еден долг ноќен говор пред Државната изборна комисија најави одмазднички процес наречен „десороизација“ со кој буквално го започна формалниот институционален напад врз илјадници наши граѓани и врз голем број на граѓански организации во државата.Тогаш тој одмазднички говор беше насочен кон оцрнување на сите оние коишто го дигнаа својот глас против режимот, сите организации коишто имаа различен став од тогашната Влада и сите оние коишто сметаа дека слободата на говор, слободата на здружување и сите останати уставни категории навистина немаат алтернатива.Хајката имаше за цел да ги заплаши сите оние коишто беа активни во граѓанскиот сектор и сите оние кои јавно ги соопштуваа своите различни мислења. Хајката имаше за цел да врши постојан притисок и да ги етикетира сите оние коишто беа активни во невладиниот сектор. Меѓутоа хајката исто така беше проследена со многу силен и јавен медиумски притисок, со кој сите тие беа оквалификувани или како платеници или како предавници.Овие закани не останаа само на зборови. Тие закани преминаа и во дела, и тоа од страна на клучни, многу важни институции на државата. Класичен политички притисок, дискриминација и злоупотреба на службена должност видовме од страна на институции како што се Управата за јавни приходи, Финансиската полиција, Јавното обвинителство за организиран криминал, коишто започнаа практично секојдневен притисок и закани кон различни членови и делови од граѓанскиот сектор.Инспекции се случуваа секој ден. Притисокот беше и личен и институционален и целта беше во целиот тој притисок да се вклучи и Државната комисија за борба против корупцијата. Финалето на оваа организирана и одмаздничка хајка донесе драконски казни кон голем број на организации и поединци, коишто немаа апсолутно никаква врска со Законите и законските одредби.Преку погрешно толкување или на непостоечки одредби од Законите или преку одредби коишто станале доволно нејасни за да можат да се злоупотребат, тогашната власт сакаше да ги замолчи невладините организации и граѓанскиот сектор, да ги казни, да ги оштети финансиски и мислам дека во тој момент веќе се надеваа дека ќе можат дури и да ги затворат.Тоа не беше напад само на граѓанскиот сектор, туку и на поединци кои овде се родиле, работат, плаќаат даноци, формираат семејства и се трудат да помогнат на државата да создаде подобар систем и поправедни услови за живот.Јасно беше дека со промената на власта, оправдани беа очекувањата и на домашната јавност, меѓутоа и на Европската Унија, дека на ваквите злоупотреби ќе се стави крај и дека на некој начин ќе се покаже дека ова било една огромна неправда и злоупотреба на системот.Тоа беше едно од барањата и од Европската Комисија, од членките на Европската Унија, коишто во неколку наврати побараа да престанат овие акции, да се завршат формално, и да се излезе со правно решение кое утре никој веќе нема да може да го злоупотреби.Денеска, после неколку преземени чекори и од Владата, од владините институции, но и од Собранието на нашата држава, можеме да кажеме дека навистина правдата е задоволена и дека неправдата нанесена на поединци и невладините организации е исправена.Имено, уште кон крајот на ноември Финасиската полиција ги затвори сите овие истраги и излезе  и пред домашната и пред европската јавност со констатација дека ниту една законска одредба не била прекршена и дека немало основ за ваквиот одмазнички и агресивен процес.После долготрајни анализи и консултации со неколку владини институции и консултации со Собранието, Владата даде позитивно мислење, а Собранието го донесе автентичното толкување на одредбата од овој закон со којшто дефинитивно овој проблем се решава, не само за денес, не само за изминатиот период, туку и за иднина. Имено, автентичното толкување покажува или појаснува дека граѓанските организации апсолутно не требало да плаќаат дополнителни средства во буџетот за оние активности коишто практично биле нивна основна дејност. Да се потсетиме дека во овој период казните им беа наплатени на граѓанските организации затоа што носеле дури и државни службеници на обука, на конференции, а притоа се очекувало и не плаќале, дополнителни даноци за нешто што е нивна основна дејност и за што соработувале дури и со државните институции. Прашање кое пред 2016-та никогаш и од страна на никого не било поставено.Ова автентично толкување, заедно со претходно изменетиот закон покажа дека оваа Влада не сака да остава сиви зони, со коишто денес или утре, било кој може да го уценува, да го притиска или да го манипулира.На овој начин решението ќе гарантира дека било која државна институција нема да може на ваков начин да создава притисок кон оние коишто можеби не ги имаат истите политички убедувања.Со оваа одлука, особено последнава на Парламентот, се стави крај на злоупотребата на институциите од ваков режимски карактер, и со автентичното толкување ставаме точка на овој прогон којшто беше нарачан во таа таканаречена „Ноќ на долгите ножеви“, а којашто реално нашата држава ја претстави во светло на најлошите автократски режими, кадешто и граѓанскиот сектор е една од жртвите и еден од прогласените виновници од страна на власта.Конечно, на овој начин ја браниме и слободата на здружување. Бидејќи невозможно е да очекувате дека ќе имаме слобода на здружување ако оние организации коишто тоа го прават се под постојан можен притисок од страна на власта, доколку имаат различни ставови.Невладините организации и граѓанските активисти кои што беа цел на оваа хајка немаат сега ниту од што да се плашат, ниту од што да се срамат. Практично, тие го направија она што и беше потребно на државата. Излегоа, ја говореа вистината, се бореа за слобода, за човекови права, се бореа за демократски вредности. Сите оние коишто излегуваа и на булеварот пред мене и во моменти кога беа и лично нападнати, продолжија да се борат за подобра иднина на државата.Оваа неправда не ја исправаме само заради сите нив, туку пред сѐ ја исправаме затоа што нашата држава заслужува да биде демократска и заслужува да има гласен, јасен граѓански сектор, кој нема да се плаши од владата. Нема да се плаши ни кога ја фали, ниту која ја критикува.Затоа, сакам денеска и во име на Владата да им честитам за трпеливоста, за истрајноста и за храброста на сите овие невладини организации, сите овие граѓански активисти, кои не дозволија да бидат уплашени.Денеска, истите тие кои беа претходно гласни во критиката на режимот, знаат да бидат гласни и во критиките кон нас. Меѓутоа, сметаме дека тоа е првата карактеристика на една вистински демократска држава.Им благодариме на поддршката кон сите нас и кон татковината и очекуваме дека на ваков начин, Владата ќе создаде многу подобра атмосфера и подобар амбиент за граѓански активизам“, рече вицепремиерката Радмила Шекеринска

Македонија | пред 6 години

6 год.
6-2

Шекеринска ја фати „метлата“, ќе чисти во АРМ

Отакако неодамна донесе одлука дека указите на претседателот во заминување Ѓорге Иванов за унапредувањата и поставувањата во Армијата се незаконски, Антикорупциска побарала дополнителни документи со кои биле извршени решенијата.Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска смета дека тие не само што треба да бидат поништени, туку и оти парите од зголемените плати треба да се вратат, иако, смета, многу побитна е пораката на Комисијата дека законот важи за сите.Таа смета дека новоизбраниот претседател Стево Пендаровски има ингеренции да постапува во врска со овој случај и очекува тој тоа да го направи.Државната комисија за спречување на корупцијата на седница одржана на 24 април донесе одлука за поведување две прекршочни постапки против претседателот на државата Ѓорге Иванов за донесени укази за унапредување и поставување старешини во Армијата за време на изборниот период.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Пендаровски ќе даде заклетва пред Вучиќ, Тачи, Радев и Мета, грчкиот премиер нема да дојде

На седництата во Собранието, на која новиот претседател Стево Пендаровски ќе даде свечена изјава со која ќе биде инаугуриран на функцијата, најавено е присуство на повеќе државници од регионот, на дипломатскиот кор и гости од странство. Досега потврда за присуство на инаугурацијата на Пендаровски, како што соопштија собраниските служби, пристигна од четворица лидери во регионот.„На седницата на која претседателот на Република Сверна Македонија ќе даде свечена изјава ќе присуствуваат српскиот претседател Александар Вучиќ, бугарскиот претседател Румен Радев, албанскиот претседател Илир Мета и косовскиот претседател Хашим Тачи“. - велат од Собрание.Грција ќе ја претставува шефот на дипломатијата, Јоргос Катругалос, а Црна Гора министерот за надворешни работи Срѓан Дамјановиќ.„Министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос, утре, 12 мај ќе замине за Скопје за да ја претстави грчката влада на инаугурацијата на новиот Претседател на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски“, - се вели од соопштението на грчкото МНР.

Македонија | пред 6 години

6 год.
download-1-1

(ВИДЕО) Гори зградата на Владата во Тирана

https://www.facebook.com/Ora.News.RTV/videos/2249574785085785/Нови протести во Албанија и нови инциденти. Демонстрантите фрлаа со молотови кокнтели кон зградата на владата и го запалија влезот. Противпожарните служби се обидуваат да го изнаснат огнот, а полицијата да ги спречи демонстрантите да ја пробијат заштитната ограда и да влезат во зградата. Обединетата албанска опозиција денеска попладне ќе го одржи, како што го нарекува, четвртиот народен протест пред Владата во Тирана. Протстот почна во 18 часот и 30 минути, а информациите од двете најголеми партии во обединетата опозиција, Демократската на Љуљзим Баша  и Социјалистичкото движење за интеграција  на Моника Круемади, протестот е најмасовен досега. И на денешнот протест опозицијата ги повтори веќе познатите барања, заминување на премиерот Еди Рама и формирање техничка влада, која ќе спроведе фер и демократски избори.За безбедноста ангажрани ќе бидат повеќе од 1.200 полициски службеници од сите сектори кои се распоредени главно пред Владата, но и други значајни институции.   Вчера, ден пред протестот, како и претходните, Амбасадата на САД во Тирана, упати апел за воздржаност и искористување на демократското право на мирен протест. Од февруари, кога почнаа до сега одржани се девет протести, од нив шест пред Парламентот, додека три, пред Владата. Претходните протести минаа во насилство, пробиени полициски кордони, многу чадни бомби и тврди предмети фрлани врз полицијата, солзавец и водени топови како одговор на тоа, повреденинајмногу полицајци, оштетени трговски објекти, возила и приведени лица.https://www.facebook.com/Ora.News.RTV/videos/2249574785085785/Извор: Телевизија 21

Свет | пред 6 години

6 год.
6-2

Шеќеринска за изјавите од ДУИ дека Ахмети одлучува за нивните министри: Партиски феудалци не се добри за државата

Од инаугурацијата на новиот претседател Стево Пендаровски, Владата и институциите веќе немаат обврска да се придржуваат до правилото дека не се возможни никакви кадровски поместувања, изјави вицепремиерката и министер за одбрана Радмила Шекеринска во врска со најавената  „метла” од страна на премиерот Зоран Заев.-Треба да направиме се, како што успеавме крупните проблеми да ги решиме, како што успеавме да ја добиеме не само поканата за НАТО, туку  и Протоколот за проширување, како што успеавме да се приближиме до почетокот на преговорите и успешно да сме при крај со скринингот со ЕУ, така да дадеме резултати и во секоја сфера – рече Шекеринска.Коментирајќи ја изјавата на министерот за животна средина Садула Дураку и други министри на ДУИ дека за нивното разрешување не одлучува премиерот, туку лидерот на ДУИ Али Ахмети, Шекеринска рече дека во владината програма на коалициската влада стои дека тој тип на партиски феуди не се добри за државата.-Нашата цел не е да ги поделиме ресорите и да кажеме дека секој ќе работи што сака. Зтоа што тоа не е влада, туку партиски самопазар и партискиот пазар ја доведе државата во 2016 година во калта од која што две години се трудиме да ја вадиме – рече Шекеринска, додавајќи дека разговорите околу нема да ги води само СДСМ туку сите коалициски партнери заедно.

Македонија | пред 6 години

6 год.
stojance-angelov

Стојанче Ангелов: Македонската војска била лeгaлнa цeл на терористите на УЧК

Ckандалозна изјава на претседателот на политичката партија Достоинство, коалиционен партнер на Зоран Заев, поранешниот припадник на МВР, Стојанче Ангелов.Имено тој во вечерашното издание на Само Вистина на Канал 5 телевизија се обиде да го опpaвда мacакрот кај Карпалак кога зaгинaa 10 македонски peзервисти во зacеда од страна на теpopистите на УЧК.Според него неговите coборци кои беа мacaкрирани во зacеда од страна на припадниците на УЧК, биле лeгитимнa цeл, бидејќи се вoдeлa вojна, а тие биле под opyжје.Извор: Курир.мк

Македонија | пред 6 години

6 год.
kontenjer-1

Се палат контејнери во Скопје, ноќеска интервенирала Противпожарната бригада

На 11.05.2019 год околу 00,25 часот од страна на вработен во Комунална Хигиена - Скопје, пријавено е дека околу 00,00 часот на 11.05.2019 година на засега непознат начин биле опожарени и оштетени два пластични контејнери ,поставени на ул. “Ѓорче Петров“  во близина на угостителски објект, а во сопственост на Комунална Хигиена - Скопје.Пожарот е изгаснат од страна на екипа на БППЗ. Се работи на расчистување на случајот. 

Скопје | пред 6 години

6 год.
srpska-policija

Го фатил за врат и бутнал на земја, па го ограбил - Тешка кражба во Кочани

На 11.05.2019 година во 09,30 часот во Полициската станица во Кочани, З.Л (48) од с.Спанчево, пријавил истиот ден околу 06,00 часот во тунелот во Трговскиот центар  во Кочани му било извршено разбојништво од страна  на непознато лице.Според пријавителот, напаѓачот го фатил за врат, по што тој изгубил свест и паднал на земја. Кога пријавителот се освестил забележал дека од џебовите му биле одземени околу 30.000 денари, клучеви од возило  и картички од неколку банки на негово име.Се работи на целосно расчистување на случајот

Македонија | пред 6 години

6 год.
tepacka2

Четири лица претепале 22-годишно момче во Ченто и избегале

На 11.05.2019 година во 02,35 часот  Б.Л (22) од Скопје пријавил дека nа 11.05.2019 година, околу 01,55 часот пред поликлиниката Ченто, физички бил нападнат од страна на четири непознати лица кои што повеќе пати го удриле со тупаници во пределот на главата и телото,со што му нанеле видливи повреди, црвенило и оток во пределот на лицето.Според пријавата, до физичкиот напад е дојдено без повод и причина, односно додека истиот се движел пеш по ул.“Маџари“, од позади му пришле четирите лица на возраст од 18 до 24 години и  физички го нападнале по што се качиле во патничко моторно возило марка “Рено Модус“ и заминале од местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

6 год.
ivanov-jordan-1068x723

Антикорупциска ќе проверува дали становите во Џевахир за кои државата ќе плаќа кирија за Иванов се негови

Претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска, оградувајќи се дека зборува во лично име за викенд и во неработен ден, за САКАМДАКАЖАМ.МК изјави дека Комисијата најверојатно ќе ги испита сомневањата во јавноста за сопственоста на становите во кулите на турската копанија „Џевахир холдинг“ во Аеродром, што ги одбра поранешниот претседател Ѓорге Иванов за доживотни канцеларии за неговиот кабинет.Прашањето што се постави во јавноста е дали двата стана во кулите за кои државата ќе плаќа кирија како канцеларии на Иванов се негова или сопственост на близок член на семејството.Иванов, кој е кум на Есер Џевахир, еден од синовите на инвеститорот Ибрахим Џевахир кој ги изгради кулите, ќе има 2 канцеларии во една од 42-катниците.

Македонија | пред 6 години

6 год.
maxresdefault-1

Откако докторите и медицинските сестри се отселија, Филипче најави мерка како да ги задржи оние кои останаа

Извор: СДК.МК - прочитајте повеќе ТУКАОдливот на средномедицински кадар од државните болници во приватните, како и во странство, за кое деновиве алармираше Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри (ЗМСТАС) министерството за здравство ќе го решава со нови вработувања, зголемување на платите, едукација и зголемување на ингеренциите. Според податоците од Здружението стотина медицински сестри од јавните здравствени установи се иселиле во странство или заминале во приватните болници, а сѐ уште не е решен статусот на голем број медицински сестри од примарното здравство кои останаа без работа по затворање на ординациите на матичните лекари.„Медицинските сестри се столбот на нашиот здравствен систем. Лани примивме огромен број медицински сестри и лекари, ги зголемивме платите и ноќните дежурства, а сега по изборите ќе продолжиме со зголемување на платите, вработувања и на доктори и на медицински сестри, ќе ја подобриме и едукацијата, а консултиравме и експерти од Светската Здравствена организација за зголемување на нивните ингеренции. Преку вклучување на медицинските сестри во мобилните тимови и со вклучување на сите завршени доктори кои ќе добијат лиценца да стажираат во Итната медицинска помош и здравствените домови 6 месеци со обезбедена плата, ќе ги стимулираме да останат во земјата у во јавните здравствени установи“, рече Филипче

Македонија | пред 6 години

6 год.
avtobus-iseluvanje-mladi

Младите од Скопје со четири автобуси заминаа за Германија - засекогаш!

Четири автобуси со млади луѓе од Сарај вчера тргнаа за Германија, пишува порталот Инфо Шќип.Оваа појава зазема загрижувачки размери во нашата земја. Оправдувањето на младите за оваа појава е економската состојба и губењето на надежта за подобар живот, анализира порталот.Меѓу регистрираните македонски државјани во Германија особено е голем бројот на оние меѓу 20 и 45 години старост- возраст која се смета за најплодотворна. 38 илјади македонски државјани на оваа возраст се жители на Германија или околу 36 проценти од вкупната бројка.Дополнително, речиси 35 проценти од вкупниот број не се во брак. Околу 10.500 деца од родители со македонско државјанство се родиле во последните 10 години во Германија. Од вкупната бројка жители со македонски пасош во Германија, нешто над 14 илјади се родени во таа земја.Бројките на германскиот Завод за статистика покажуваат дека над 30 проценти од македонските државјани кои престојуваат во земјата се тука, засега, привремено

Скопје | пред 6 години

6 год.
Screenshot_9

Страотната екскплозија во автомобилот на експолицаецот, била активирана со детонатор

Не забележав ништо сомнително - рекол во полиција Далибор Богдановиќ, кој тешко беше ранет во синоќешната експлозија во џип во Нови Сад.Имено, како што пишува Курир.рс, Богдановиќ синоќа, непосредно пред експлозијата, бил на рекреација, а бомбата под неговиот џип била активирана со далечински управувач во момент кога тој се паркирал.Бомбата била поставена под седиштето на возачот и го разнела долниот дел од џипот. Богдановиќ бил тешко ранет поради што му била ампутирана левата нога.Меѓутоа, тој веднаш бил опериран и ево стабилна состојба, односно надвор од животна опасност.Полицијата во моментов ги прегледува снимките од надзорните камери, а како што информираат медиумите, веќе се пронајдени неколку траги.

Свет | пред 6 години

6 год.
12316668_429391920600126_6875013577863217677_n

Новинар кој го критикува Ердоган претепан со безбол палки

Колумнистот Јавуз Селим Демираг во болница откако беше претепан со безбол палки, соопшти дневниот весник „Јеничаг“.Весникот наведува дека нивниот колумнист бил нападнат од страна на пет до шест луѓе.Причината за нападот на Демираг се уште е непозната.Демираг важи за критичар на политиките на турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган, а инцидентот се случува во време на зголемени тензии поради одлуката за поништување на резултатите од изборите за градоначалник на Истанбул.

Свет | пред 6 години

6 год.
filipce-vakcina

Филипче ќе бара помош од Дескоска законски да се забрани невакцинирани деца да не одат на училиште

Не отстапуваме од ставот да не се примаат невакцинирани деца во училиштата и градинките, оти само така ќе се стави крај на епидемијата со мали сипаници, рече министерот за здравство Венко Филипче, по вчерашната изјава на министерот за образование Арбор Адеми дека деновиве треба да го усогласат ставот оти основното образование е задолжително, а при тоа да не се нарушува јавното здравје.„Викендов ќе имаме средба со министерот за образование, во тоа ќе ја вклучиме и експерти по уставно право, како и министерката за правда. Ние како министерство дадовме препораки, бидејќи во моментов имаме епидемија, и од понеделник ќе излеземе со усогласен став. Нема да отстапиме од ставот невакцинирани деца да не се примаат во градинките и школите, оти тоа е единствениот начин да се стави крај на оваа епидемија и да не ни се повторуваат вакви ситуации“, рече Филипче на одбележувањето на 12 Мај- Денот на медицинските сестри, во организација на Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки (ЗМСТАМ).На Клиниката за инфективни болести во моментот има двајца болни од мали сипаници кои се во тешка состојба, а вкупно се лекуваат 30 пациенти.

Македонија | пред 6 години

6 год.
44094681_467523503745856_1839960828510470144_n

Две исчезнати лица се пронајдени

Две исчезнати лица по кои трагаше полицијата се пронајдени вчера.Во врска со настанот – исчезнато лице – даден во Билтен од 01/02.05.2019 година, на 10.05.2019 година исчезнатото лице Л.Ј (34) од с.Брвеница-Тетово е пронајдена.Во врска со настанот – исчезнато лице – даден во Билтен од 07/08.05.2019 година, на 10.05.2019 година исчезнатото лице Б.Ј (19) од Тетово е пронајдено.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања