Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
ruskoska

Русковска: Според доказите Груевски е нарачател на настаните од 27. април

Од она што го имаме како докази, сметам дека поранешниот премиер Никола Груевски е нарачател на настаните што се случија на 27 април 2017 година во Собранието. Се надевам дека наскоро ќе се покрене обвинение за четворица од организаторите и нарачателите на настанот, а за двајца кои се недостапни е запрена истрагата до нивното пронаоѓање, рече  обвинителката Вилма Рускоска.Според неа, има вмешаност на политиката во судењето за предметот „27 април“.-И настаните се случија во Собранието, и амнестијата ја даде Собранието. Може има оправдување за тоа што го направија, но не би сакала да се повтори и политиката повторно да се меша во правосудството, рече Рускоска вечерва во емисијата „Само вистина“ на ТВ Канал 5.

Македонија | пред 6 години

6 год.
oliver-spasovski

Спасовски искоментира за книгата на Груевски

Во КликПлус на ТВ21 вечерва гостуваше министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Тој се осврна на книгата која поранешниот премиер Никола Груевски објави на Фејсбук дека ја напишал.- „Не, нема да ја купам книгата на Никола Груевски“, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.Додава дека Груевски требало да напише книга како крадел од граѓаните.- „Што има ново да понуди тој? Подобро да напишеше книга како се крадеа парите од граѓаните, како се заплашуваа медиумите, како со крадење неговата партија стана најбогата во регионот“, изјави Спасовски.

Македонија | пред 6 години

6 год.
zname-albanija

Денес е ден на национална жалост во Албанија

Со одлука на албанската Влада, денешниот ден (10 мај) прогласен е ден на национална жалост во чест на каплар Зарифе Мухарем Хасанај, која го загуби животот во рамки на мисијата во Летонија.Според оваа одлука, во сите државни институции знамињата ќе бидат спуштени на половина копје а во 12 часот низ целата земја ќе и се оддаде почит со едноминутно молчење.Ковчегот со посмртните останки, кој од Летонја пристигна вчера, од 10 до 11,30 часот ќе биде зложен во Конгресната палата кога ќе и се оддаде почит на Хасанај, која Владата ја прогласи „Херој на татковината“.Потоа во 12 часот ќе се одржи државна почест, а погребната церемонија ќе биде во 13 часот на гробиштата „Народни херои“ каде ќе биде вечното почивалиште на Хасанај.Припадничката на албанската армија, Хасанај (27) го загуби жвотот во Летонија, како последица на здобиените повреди од експлозија на мина, додека Командантот на албанскиот контингент, мајор Клодиан Никола Тануши и наредникот Јулиан Џеват Капај беа тешко повредени. Мајорот Тануши се уште е во критична состојба.Инцидентот се случи на 6 мај утрото кога албанските војници демонтирале мини, во рамки на мисијата на НАТО „Enhanced Forward Presence“.

Свет | пред 6 години

6 год.
spasovski

Спасовски: Постојат индиции дека „Диво Насеље“ било организирано за да се спречат „бомбите“

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели дека постојат индиции според кои вооружениот напад во  „Диво Насеље“ се случил за да се запре емитувањето на „бомбите“.„Тоа беше во период кога излегуваа бомбите. Постојат индиции дека тоа било организирано за да се спречат бомбите, и тоа треба да се испита“, изјави Спасовски во „Клик Плус“ на ТВ 21.

Македонија | пред 6 години

6 год.
spasovski-gi-prezemame-site-merki-za-fer-mirna-i-demokratska-izborna-atmosfera

Спасовски не се плаши од "метлата" на Заев

Премиерот Зоран Заев доби поддршка од министерот Оливер Спасовски за најавената смена на функционери и министри.Спасовски вчера во дебатниот магазин „Клик Плус“ одговори дека не стравува, дека ја има довербата и дека е подготвен да се соочи со фактите за неговата работа.

Македонија | пред 6 години

6 год.
cento_policija

Уапсени осум лица во вчерашната полициска акција

Заврши големата полициска акција која се одвиваше во Сингелиќ, Арачиново и Битпазар. Според нeoфициjaлнитe првични информации, пронајдена е гoлeмa количина на дpoгa на сите локацииОд Сингелиќ и Арачиново, полицијата зaплeни гoлeмa количина на дpoгa, а беа зaплeнeти и возилата на групата која тргувала со нapкoтични средства. Неофицијално, yaпceни се членови на групата „Белана“.Пред пoлициcкaтa станица во скопската населба Автокоманда имаше нacoбpaно голем број на луѓе, кои виднo вoзнeмиpeни бараа информација повеќе од пoлициjaтa но и по телефон. Дел од нив контактираа и со пoлициcки фyнкциoнepи, пишува Инфомакс.Во близина на пoлициcкaтa станица беа и функционери на СДСМ од Арачиново, а се шпeкyлиpa дека оваа aкциja е во координација со кpиминaлнa група, директен конкурент на групата од Сингелиќ.Според информациите на Прес центар, станува збор за акција во која се приведени членови на групата „Белана“, на која ѝ припаѓал и познатиот лихвар Џелал Ајети – Џељо. Тој беше убиен пред шест години, додека неговиот брат беше убиен минатата година на улицата “Рузелтова” во близина на ППС во Скопје. До овој момент се приведени 8 лица во полицијата. Меѓу уаспсените се лица блиски до ДУИ.Повеќе фото ТУКА

Скопје | пред 6 години

6 год.
murato2

30 години од денот кога првиот Македонец Диме Мурато се искачи на Монт Еверест

Битолчанецот Димитар Илиевски – Мурато е првиот Македонец кој го освои највисокиот врв на светот Монт Еверест, пред 30 години, на 10 мај 1989 година. И, за жал, остана на вечна стража на покривот од светот.Мурато е роден на 29 септември 1953 година во Битола, а животниот поход го заврши на денешен ден во Непал. Тој е еден од најголемите алпинисти во историјата на македонскиот алпинизам и страствен љубител на планините и природата. Во неговата алпинистичка кариера има освоено многу планински врвови. На Пелистер, каде што многу често се искачувал, во негова чест е подигнато спомен-обележје, а постхумно е одликуван со Медал за заслуги за Македонија.На 10 мај пред три децении Диме, како член на македонската алпинистичка хималајска експедиција Еверест ’89, го поставува знамето на светскиот покрив. Искачувањето е направено од непалската страна. Патот кон врвот се протега низ ледоломот Кумбу, потоа долината на тишината, падината под врвот Лоце и јужното седло, а вдолж него се поставуваат четири висински логори.Низ снегот одел и пред шерпаситеЗаедно со Диме Мурато на врвот во истиот ден се искачија и словенечкиот алпинист Виктор Грошељ, хрватскиот алпинист Стипе Божиќ и шерпасите Сонам и Аџива. Во четвртиот висински логор се наоѓал македонскиот алпинист Борче Јовчевски кој имал задача да биде логистичка поткрепа за јуришната екипа. Искачувањето до врвот траело околу 15 часа во услови на длабок снег. На врвот Диме и Стипе се задржале околу еден час. На симнување од врвот Диме останал најверојатно на височина од 8.200 метри.Причината за неговата смрт не е разјаснета до денес бидејќи за целото време на искачувањето и симнувањето бил во одлична кондиција, често пати правејќи патека во снегот и пред шерпасите.Се претпоставува дека застанувајќи за кратко на висина од 8.200 метри за да го почека Стипе, кој бил зад него и имал проблеми со светилката, Диме заспал.Долго време Диме бил единствениот Македонец кој се искачил на врв повисок од 8.000 метри. Есента 2005 година во организација на комитетот на експедицијата и Македонската алпинистичка асоцијација, под базниот камп на Еверест е изграден споменик во чест на Димитар Илиевски.Покрај освојувањето на Монт Еверест во 1989 година, Диме има освоено голем број врвови во Македонија, на Балканот, на Алпите… Во 1986 година во состав на Македонската алпинистичка хималајска експедиција на Манаслу стигна до 7.500 метри каде што остана неколку дена во очекување добро време за јуриш кон врвот.Обид за симнување на телото на алипинистотПокрај големиот број тешки алпинистички искачувања на Алпите, тој е автор е на голем број првенствени насоки на Матка, Солунска Глава, Демир Капија, карпите околу Прилеп, на Пелистер, на Проклетие, на Вихрен и уште многу други планински масиви во Македонија.Во 1998 година се организираше алпинистичка експедиција во организација на Македонската алпинистичка асоцијација и Македонскиот олимписки комитет со цел да се симне телото на Диме од Монт Еверест и, според непалските закони, телото со свечена церемонија да биде запалено под базниот логор, а урната со пепелта да се донесе во Македонија.Македонската експедиција требаше да делува како составен дел од Интернационалната експедиција за чистење на Монт Еверест која имаше за цел чистење на планината и симнување на телата на загинатите алпинисти.Но, експедицијата не се реализира заради административни пречки со непалската влада пред самиот нејзин почеток. Сепак, идејата за симнување на телото на Диме не е напуштена, бидејќи се смета дека е позната точната локација на неговото тело.Димитар Илиевски е еден од најголемите алпинисти во историјата на македонскиот алпинизам. Посмртно е добитник на наградата Медал за заслуги за Македонија. Покрај спомен-обележјата на Копанки и Антена на Пелистер, во 2005 година, под базниот камп на Еверест, е изграден споменик во чест на Димитар Илиевски.

Македонија | пред 6 години

6 год.
branimir-jovanovic

Бранимир Јовановиќ се повлекува од Министерството за финансии

Бранимир Јовановиќ попладнево на Фејсбук објави дека се повлекува од функцијата посебен советник за макроекономска политика во Министерството за финансии. Тој вели дека одлуката ја донел пред некое време, но чекал првин да поминат изборите.Јовановиќ на Фб напиша:По скоро две години, се повлекувам од Министерството за финансии.Одлукава ја донесов уште пред некое време, но не сакав да ја објавам додека не поминат изборите.Имаше сѐ во овие две години, но сепак си заминувам со позитивни впечатоци. Бевме одличен тим и функциониравме навистина добро. Направивме доста работи, од кои најважна за мене е даночната реформа. Ги подобривме буџетските приходи, го намаливме дефицитот, го стабилизиравме јавниот долг. Кратко кажано - ги средивме државните финансии.Сега е време да им се посветам на нештата кои ги запоставив овој период - семејството, блиските, нештата кои ги сакам.   

Македонија | пред 6 години

6 год.
policija

Голема полициска акција во Ченто, уапсени лица блиски до ДУИ

Според дојава на читатели, вработени во МВР, во тек е голема полициска акција во скопски Синѓелиќ (Ченто) во која специјалци на полицијата вршат апсења на криминална група кај која е најдено големо количество оружје.Неофицијално меѓу уаспсените има блиски лица до ДУИ.Повеќе информации подоцна.

Скопје | пред 6 години

6 год.
MTV

Ќе се истражува: Каде е опремата од 1 милион евра од МРТ и дали се делеле бонуси за плати?

Државната комисија за cпpечyвaњe коpyпциjа ќе проверува дали има основа да поведе постапка пpoтив директорот на МРТ по cсериoзнитe наводи за нeзaкoнскo работење што ги нотира во својот извештај Државниот завoд за peвизиja.Ревизорот  утврди дека во МРТ недостасува опрема за која се платени повеќе од 1 милион евра, незакоснки се делеле бонуси на плати, за документарни филмови, кои потоа биле емитувани гpaтис биле исплатени повеќе од 3,5 милиони евра, проблематична е и сопственоста на зградата, а гoлeм дел од движниот и нeдвижeн имот е даден и под хипотека  за кредити и дoлгoви.Поради ваквото незаконско paбoтење, Државниот зaвoд воопшто нe дал мислење за финансикото paбoтeње на јавниот сервис со кој во во последните години раководи Марјан Цветковски.За кредит од 2,2 милиони ставени се под зaлoг зградите на Македонското радио и системот за гpeeњеВо јули 2015, Програмскиот совет донел одлука со која се одобрува МРТ да земе кредит во банка во износ од 2,2 милиони евра за вpaќaњe на стари дoлгoви, за што заложил нeдвижeн имот, иако Советот воопшто нeмaл пpaвo да донесе ваква одлука.Ревизорот  укажува дека ваквата состојба со имотот на МРТ, кој е под зaлoг и има извршни решенија за нaплaтa на пapични побарувања врз нeдвижeн имoт, влијае на неизвесност во зaчyвyвaњeтo на пpaвoтo на coпствeност на имотот кој е неопходен за вршење на дејноста на МРТ. Текстот во целост на Нова ТВ. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
halil-kstrati

Халил Кастрати – косовскиот хуманитарец, гради 100 нови куќи за 100 семејства

Халил Кастрати познат како косовскиот хуманитарец продолжува со неговата хумана мисија и за време на светиот месец Рамазан.Тој на својот фејсбук-профил најави изградба на 100 нови куќи.- Ве известуваме дека започнува изградбата на 15 нови куќи. Ова се првите 15 куќи на третиот ден од Рамазан, а само овој месец ќе почнеме 100 нови куќи за 100 фамилии што имаат потреба од нив - напиша Кастрати на „Фејсбук“. Освен живеалишта за 100 семјства Кастрати и организацијата што тој ја раководи, наречена „Балкански сираци“, по повод Рамазан, соопштија дека во нивната кујна секој ден до крајот на светиот месец ќе може да се хранат 310 лица.Кастрати во име на организацијата им се заблагодари на сите донатори што го овозможиле тоа. 

Свет | пред 6 години

6 год.
saso-tasevski

Во државава има илјада коцкарници, шесто кладилници и четиристотини класични коцкарници

Актерот Сашо Тасевски објави статус на социјалната мрежа фејсбук образложувајќи како што вели: „Еве зошто нема да не биде“.Тасевски пишува: Во државава има илјада коцкарници. Шесто кладилници и четиристотини класични коцкарници. Тој бизнис нема да секне. Добивката на државата е ко да се партнери со газдите на коцкарници. 50 одсто и повеќе. Во бројки тоа се страшни суми на пари. Сите се коцкаат. Полнолетни и малолетни. Законот е само на хартија. Копиљ, средношколец, му дава на возрасен човек 200 денари за него, ако му ги уплати ливчињата. Влогот на тие ливчиња по петсто и илјада денари. Возрасниот вика: ми е гајле подобро ја да играм со неговите 200 денари отколку друг. Тотален ментален распад. Оние акции за затворање се само начин како да се уништат дивите коцкарници, ко што беше Детонатор, а не да се уништи коцкањето. Сите сме во тие гомна, ама појасно е кога ќе дојдеш до конкретни податоци за длабочината на срањето. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
apsi-bit-pazar

(Видео) Извршител иселува семејство од куќа на Бит пазар

Досие.мк објави виде снимка од акција на иселување од куќа. На видеото се гладаат специјалци кои асистираат на извршител.Текстот и видеото на: Досие.мк

Скопје | пред 6 години

6 год.
D41-ZjHXoAAWYe3

Интерпол не коментира за конкретни случаи: Kонтактирајте ги соодветните домашни власти

Вчера обвинителката Вилма Русковска се пожали дека Интерпол веќе два месеци одбива да ја објави меѓународната потерница за екс-премиерот Никола Груевски.Од друга страна пак, оттаму ја враќаат топката кај домашните институции во Скопје, пренесува Алсат М.„Дали или кога полицијата во која било од 194-те земји-членки на Интерпол споделува информација со Генералниот секретаријат во Лион поврзана со истраги или индивидуи, тогаш оваа информација останува во сопственост на таа земја-членка. Па така, Интерпол не коментира за конкретни случаи или индивидуи, освен во посебни околности и со одобрение на засегнатата земја-членка. Во однос на вашето барање, би ве советувале да ги контактирате соодветните домашни власти.“, велат од Интерпол.

пред 6 години

6 год.
nova_vlada_g111

Заев најавува цуц-муц некоја си реконструкција - Алооо, народ бара одговорност

Граѓанскиот активист и поранешен функционер на СДСМ Ивор Мицкоски преку социјалната мрежа Фејсбук, го нападна премиерот Зоран Заев и неговата партија. Тој не штедеше навpeди за најавената чистка која ја најави Заев како и односот кон коалициониот партнер ДУИ.„Ви текнува дека Груевски имаше „Нов бран“, се разбира тоа беше театар, ама лудакот пак прешалта некои 100 функционери, конвертити, корифеи и апологети.Ги претумба.Заев најавува цуц-муц некоја си реконструкција, 15 функционери ќе биле сменети, мали рокади, да зборам со Али, некаде накај јуни месец.Абе вие не ја контате причата и пораката од првиот круг?!Алооо, народ бара одговорност, бара кадровски измени, кој не работи совесно и добро, кој ја изневерил довербата, мора да си замине.ДУИ мора да го срозите, да се откачите од тој канцер, тие уште глумат најчесни и најработливи во владата.Као за пример, Оливер, Венко, Кочо, Бујар, Дураку, Бектеши, само од министри треба да ви летаат, Кирацовски ко ген-сек оти во сидро ви се имаат претворено. А видовме колку јако идете напред со сидрото.Да не навлагаме во градоначалници или други именувани функционери, си ги знаете, и си знаете кој исто така испра раце дека не бил кадровик во СДСМ. Метла и за таа ужасна коалиција од султан партии што ја наследивте од Грујо и која ве одржава во живот.Се тоа мора сега, за да ви даде шанса за предвремени во пролет, или идните регуларни, за нешто навистина да се сработи надвор од надворешна политика.Можете и вака да терате, овој ужас уште две години, ова неработење да ви стане траен печат и после толку, ќе дојдат будалите по своето. Кога сте прости и затворени“, напиша Мицкоски на ФБ.

Македонија | пред 6 години

6 год.
0004

Заев: Горди сме на изборот за европска иднина и упатуваме порака до нашите пријатели од ЕУ – Доаѓаме дома!

Владата на Република Северна Македонија денеска, организираше свеченост по повод 9-ти Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, како и по повод најавата на јубилеите, 70 години од основањето на Сојузот на борците од Народно-ослободителната Војна и 75. годишнината од Првото заседание на АСНОМ.На настанот, на кој присуствуваа борки и борци, владини претставници, пратеници, следбеници и продолжувачи на традициите на народно- ослободителната борба и на Сојузот на борците и дипломатскиот кор во земјата, премиерот Заев ја истакна големината на денешниот датум, кој како што рече е впишан со трајни букви во историјата на напредна Европа и на Европејците и истовремено повод да се најави славењето и на нашите големи јубилеи – 70. години од основањето на Сојузот на борците од Народно- ослободителната Војна и 75. годишнината од Првото заседание на АСНОМ.„Ми припадна голема чест и истовремено гордост, како продолжувач на традициите, и како претседател на Владата на Република Северна Македонија, да Ви се поклонам Вам и на Вашето дело. Големо дело. Дело кое ја заврши вековната борба и стремеж на македонскиот народ и на сите граѓани за своја самостојна држава. Дело кое израсна врз рушевините и погромот на ужасите на Втората светска војна, и дело кое создаде државност паралелно со победата над фашизмот. Дело кое значи заедничка победа на прогресивните народи на Европа“, истакна премиерот Заев во своето обраќање.Премиерот Заев се осврна на историскиот 9 мај 1950 година, кога францускиот министер за надворешни работи, Роберт Шуман, повика да почне изградбата на нова Европа и кога како што подвлече премиерот, лидерите на европските земји ја посеаја идејата за Европската Унија и избраа дека сите разлики ќе ги решаваат на масата, а не на воените боишта.Истакнувајќи дека граѓаните на Северна Македонија се горди на изборот за европска иднина и нејзините вредности , премиерот Заев ги честиташе двата празника, Денот на Европа и победата над фашизмот и го најави чествувањето на нашите големи јубилеи – 70. години од основањето на Сојузот на борците од Народноослободителната Војна, и 75. годишнината од Првото заседание наАСНОМ, упатувајќи порака до нашите пријатели од Европската Унија: „Доаѓаме дома!“.Претседателот на Главниот одбор на Сојузот на борците на Македонија, Никола Стојановски, во своето обраќање ги поздрави присутните, потенцирајќи дека премиерот Заев, кој е член од редовите на продолжувачите на Сојузот на борците со задоволство ја примил нивната покана, тој да биде покровител на одбележувањето на 70. годишнината од формирањето на Сојузот.Стојановски ја истакна големата улога на борците од Народноослободителната војна за создавањето на државата, сеќавајќи се на работата и функционирањето на Сојузот на Здруженијата од НОВ, како и на нивните активности кои се втемелени во државноста на нашата земја.„Сојузот на борците срдечно ги поздравува сите определби за мир, демократија и просперитет на нашата држава, Република Северна Македонија, на патот во НАТО и Европската Унија“, порача Стојановски упатувајќи честитки по повод празникот.Во свеченото одбележување на денешниот ден, Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа се вклучија и стотина деца од неколку основни училишта, кои во зградата на Владата вееја европски и знамиња на Република Северна Македонија.

Македонија | пред 6 години

6 год.
zaev-zbogar

Жбогар: Нема гаранции за датум за преговори - ЕУ се соочува со многу предизвици од внатре и од надвор

Евроамбасадорот Самуел Жбогар рече дека не може да соопшти дека земјата ќе добие датум за почеток на преговорите до јуни и порача дека политичарите во Северна Македонија треба да покажат единство-ЕУ се соочува со многу предизвици од внатре и од надвор. Ние сме пред парламентарни избори, нова комисија и нов претседател на Советот кој ќе треба да биде поставен до крајот на годината. Денеска не можам да соопштам дека ќе добиете датум за преговори во јуни, бидејќи тоа е одлука на земјите членки, рече денеска евроамбасадорот.Тој ги повика политичарите во земјава да покажат единство за да се исполнат европски интеграции.„По неколкуте избори изминатите години кои длабоко ја поделија земјата време е политичарите и политичките партии да ги остават на страа своите разлики без оглед дали се идеолошки, етнички или лични. Време е да се демонстрира единство за целта и да се интензивираат напорите, прво да се почнат пристапните преговори, второ брзо да се прави прогрес во преговорите“, вели Жбогар. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Хидро Мицкоски како синоним за злоупотреби со хидроцентрали треба да одговори за бизнисот

Хидро Мицкоски како синоним за злоупотреби со хидроцентрали треба да одговори за бизнисот додека му бил советник на Груевски Христијан Хидро Мицкоски, како синоним за злоупотреби со хидроцентрали, треба да  одговори како конзорциумот во кој има удел го добил бизнисот и земјиштето во време кога му бил советник на Никола Груевски, се вели во соопштението од СДСМ.Како тоа баш Хидро Мицкоски, во време додека бил советник на Никола Груевски,  заедно со неговиот сопартиец Димитар Димовски добиле државно земјиште од 33.000 квадратни метри за изградба на хидроцентрали?Затоа за овој случај предмет отвори и Државната комисија за спречување на корупција, СДСМ ја поздравува работата на ДКСК и ја поддржува.Се докажува исправноста од реформирањето на ова независно тело кое е насочено кон заштита на јавниот интерес, процес што токму ВМРО-ДПМНЕ со месеци се обидуваше да го блокира но не успеа, додаваат од СДСМ.

Македонија | пред 6 години

6 год.
kolaz-anketa

Анкета на „Макфакс“ кој министер ќе биде фатен од „метлата“ на Заев?

Во онлајн-анкетата што ја спроведе истражувачкиот центар на „Макфакс“ на прашањето кои тројца министри треба да добијат „метла“ од Владата, на прво место се најде министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки, на второ е министерот за здравство Венко Филипче, а на трето место е заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи. Анкетата беше објавена вчера, на 14 веб страници и траеше 24 часа. Во овој период на анкетата гласале 5.750 лица.На анкетата беше понудена листа од 11 министри во актуелната Влада.Текстот во целост на: makfax.com.mk

Македонија | пред 6 години

6 год.
vucic-rakuvanje

(ВИДЕО): Дали Вучиќ избегнувал заедничко фотографирање? Или ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ престојува во Тирана, каде се одржува Самитот на Процесот Брдо Бриони. Медиумите објавија дека Вучиќ го игнорирал заедничкото фотографирање со домаќините.Албанските и приштинските медиуми објавуваат дека пред почетокот на Самитот Вучиќ се сретнал со Тачи, во присуство на шефицата на европската диполоматија Федерика Могерини и дека со него ладнокрвно се ракувал.-Не се фотографирав официјално, туку нормално е кога ќе видите човек да се ракувате. А, сега дали ладнокрвно сме се ракувале, па не знам, не знам дали требаше да се бакнуваме или не знам што да правиме. Пристојно е да се ракувате со некој и ај здраво – истакнал Вучиќ.https://www.adriamedia.tv/embed_player.php?media_id=113771&title=1&fbclid=IwAR1rW88RajdlQAnhY1klqp65OwzxMOQdf52igG48BuzatAmrLTszK4dTLDk 

Свет | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања