Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
penzioneri

Фондовите од вториот пензиски столб управуваат со милијарда евра на 490.000 идни пензионери

На крајот на минатата година во двата отворени задолжителни фонда од вториот пензиски столб - КБ Прв пензиски фонд и Сава пензиски фонд членуваа вкупно 490.035 идни пензионери на кои од личниот доход им се издвојуваат средства во задолжителните пензиски фондови. На крајот на 2018 година тие управуваат со безмалку 1 милијарда евра средства на своите членови колку што се собрани во 13те години, односно од почетокот на пензиската реформа во 2006 година. Иако на самиот почетокот на реформата, стартната позиција на двете друштва беше иста, сепак КБ Прв пензиски фонд сега има повеќе членови, поголемо пазарно учество и управува со повеќе средства во споредба со другиот фонд, односно управува со портфолио кое е поголемо за околу 62 милиони евра.Средствата со кои управуваат фондовите се вложуваат со цел  да се оствари принос за членовите, којшто директно се распределува на нивните индивидуални сметки. На овој начин пензиските друштва на идните пензионери им ги оплодуваат средствата со кои задолжителните пензиски фондови управуваат, а висината на приносот е променлива. Според податоците на МАПАС  за последните 7 години (од 2012 до 2018 година) членовите на КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд оствариле просечен годишен принос на своите средства од 6,01%  што е повисок во однос на конкуренцијата за истиот период и значително повисок од, на пример, висината на каматите на банкарските депозити.Портфолијата на пензиските фондови се диверзифицирани и содржат државни обврзници, депозити, акции во домашни компании, удели во инвестициски фондови, акции во најпознатите светски компании и друго. На пример, преку инвестициите, членовите на пензиските фондови имаат сопственост во Алкалоид, Амазон, БМВ, Самсунг, ИБМ, Сименс, Нестле и многу други познати светски и домашни компании.Со последните измени и дополнувања на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, од бруто платата за идна пензија се издвојуваат 18,4% како придонеси за задолжително пензиско и инвалидско осигурување, со тоа што кај членовите во вториот столб, од овие средства 12,4% одат во државниот пензиски фонд (ФПИОСМ), а 6 отсто во некој од приватните задолжителни пензиски фондови.Сликовито кажано, ако просечната бруто плата во јануари годинава, според Државниот завод за статистика, изнесуваше 36.386 денари од нив 18,4% или 6.695 денари се издвоиле во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Од оваа сума државниот фонд за приватните префрлил 6% или од просечната бруто плата во јануари, околу 2.183 денари. Останатите средства остануваат во државниот фонд.Колку заработил секој член најдобро покажува вредноста на сметководствената единица која на први јануари 2006 година беше 100 денари. На крајот на декември лани таа изнесуваше 193,1 денари во Сава, односно 196,7 денари во КБП. Низ пример, ако членот има вкупна уплата од 30.000 денари во јануари 2006 година како придонес, со оглед дека вредноста на единицата е 100, тој тогаш поседува 300 единици. Вкупната вредност на тие 300 единици, ако се земе предвид дека вредноста на една единица сега е во просек 195 денари, е 58.500 денари. Или поедноставно кажано, на неговата уплата од 30.000 денари фондовите му заработиле 28.500 денари.Осигурениците кои задолжително членуваат во вториот столб, веднаш по вработувањето времено се распределуваат од страна на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во задолжителен пензиски фонд по случаен избор, со цел да се обезбеди оплодување на нивните средства од самиот почеток на членството. Осигурениците имаат рок од 3 месеци да одберат во кој задолжителен пензиски фонд ќе членуваат. Доколку по истекот на тој рок не одлучат каде ќе членуваат, тогаш остануваат членови во фондот во кој биле времено распределени.Секој член на почетокот на календарската година од пензиските друштва добива информација за тоа колку средства се собрани на неговата сметка, колкав е приносот и вредноста на сметководствената единица, како и информации за тоа каде се вложувани средствата. Информациите се испраќаат и по имејл со цел навремена и брза проверка на податоците, а исто така до нив може да се пристапи и електронски  на веб страната на друштвото. Кога, на пример, корисникот на КБ Прв пензиски фонд сака да ја следи состојбата на својата индивидуална сметка, при посета на интернет страната на друштвото го одбира полето со годишниот извештај и се согласува истиот да го добива по пошта или на имејл, по електронска пошта.Средствата од задолжителниот пензиски фонд секој осигуреник ќе може да ги повлекува во месечни ануитети, програмирани повлекувања или комбинирано откако ќе ги исполни условите за пензионирање според годините на старост и 15 години работен стаж. Во случај ако осигуреник не го исполнува условот за пензиски стаж ќе може со наполнети 65 години старост да ги подигне средствата под услови уредени со закон. Во случај на смрт на осигуреникот, средствата се наследни.  

Македонија | пред 6 години

6 год.
Prskanje-zaprasivanje

Во сабота авионска дезинсекција против комарци во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека првата фаза од авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се изврши на 11.05.2019 година (сабота), во раните утрински часови.Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Скопје | пред 6 години

6 год.
kumanovska-grupa-divo-naselje

Каде се разговорите за Диво Насеље, Заев тврди дека е сценарио, а никој не докажува

Меѓународна истрага и преземање на предметот за Диво Насеље од СЈО беа дел од ветувањата на власта за тоа кој стои зад дводневната престрелка. Речиси две години по донесувањето на пресудата, овие најави не се исполнети.Зошто група вооружени напаѓачи се пресметуваше два дена со македонската полиција, при што загинаа осум полицајци и 14 напаѓачи, е клучното прашање кое и по 4 години од крвавата пресметка во Диво Насеље нема одговор од институциите. Судската разврска затаи, се уште е во тек жалбена постапка по пресудата за 33 луѓе за тероризам иако пресудата е донесена во ноември 2017 година. Се чека одговор на Апелациониот суд по жалбата на одбраната на осудените, пишува Радио Слободна Европа.СДСМ и пред да дојде на власт, а и потоа, тврдеше дека за да одговори на клучните прашања ќе бара меѓународна истрага и дека вистината може да се најде и во бомбите. За тоа Специјалното јавно обвинителство отвори предистражна постапка, откако од јавното обвинителство го побара предметот за да може да воспостави надлежност врз него. Но, ваквите ветувања сè уште не се исполнети.Одбраната во судот тврдеше дека имаат сознанија дека во УБК има прислушуван разговор меѓу сега убиениот Мирсад Ндрецај познат како командант НАТО и лидерот на ДУИ Али Ахмети како и дека имало разговори од другите обвинети кои контактирале со високи политичари и полициски структури.Одбраната бараше од судот во судница како сведоци да бидат повикани Никола Груевски, Гордана Јанкуловска, Сашо Мијалков, Али Ахмети и Артан Груби, додава Радио Слободна Европа.Специјалната обвинителка Катица Јанева пак, вчера изјави дека за сега во предистражната постапка имаат само индиции за тоа што и како се случувало тие два дена, но беше децидна дека во бомбите немаат докази за тој предмет.„Има некои индиции во делот за тоа што и како се случувало во кумановските настани но се уште СЈО нема најдено разговори според кои ќе може да воспостави надлежност врз тој предмет има некои индиции се работи предистрагата, но тоа многу тешко ќе биде да се каже, дали и кога ќе биде, и дали воопшто ќе биде преземен тој предмет“, рече Јанева.Во 2015 година лидерот на СДСМ Зоран Заев по посетата на жителите на Диво Насеље обвини дека тоа беа исценирани настани.„Да ги отвориме дилемите, како тоа тие криминални групи дојдоа во нашата земја и допреа до срцето на Куманово? , рече тогаш Заев.

Македонија | пред 6 години

6 год.
sekeriska-filipce-882x436

ДКСК проверува како Пановска добивала тендери, откако било пријавено дека имала поддршка од Шеќеринска и Филипче

Антикорупциска комисија ќе истражува дали Пановска ги прекршила законите при трндерската постапка за набавка на лекови, тендер кој го добива фирмата Др. Пановски, во сопственост на нејзиниот татко Златко Пановски.Антикорупциска го отвора предметот по допрен глас, информации објавени во медиумите, но и по пријава поднесена од група доктори. Според антикорупционерите, во пријавата има многу наводи за нерегуларности кои допрва треба да се испитуваат. Во пријавата била наведено дека Пановска унапредува свои луѓе на раководни позиции и дека ја имала поддршката од министерот Венко Филипче и од министерката Радмила Шеќеринска.Дополнително ќе се утврдува дали Пановска доставила анкетен лист при второто нејзино назначување за в.д. директор.Извор: Фокус.мк

Македонија | пред 6 години

6 год.
merko-215062

Антикорупциска ќе го гони Мерко за набавката на „аудито“

Антикорупциската комисија отвори постапка против Рамиз Мерко е отворена постапка за набавката на четири возила во вкупна вредност од 114.000 евра.Ќе се истражува дали Мерко ја злоупотребил својата положба при набавката и потребата од набавка на „ауди А6“ во вредност од 67.000 евра во ситуација кога Општината е задолжена и добива средства од Владата за да ги исплати своите долгови.Антикорупционерите цитираа написи во медиумите каде Мерко дава изјава и вели дека го купил аудито затоа што под чест му е да се вози во „шкода“.

Македонија | пред 6 години

6 год.
najcevska

Најчевска за ифтерската вечера со Заев: Кој фазон е да дојдеш на свечена вечера, ако претходно не си гладувал?

Професорката Мирјана Најчевска на социјалните мрежи го исктирикува премиерот Зоран Заев, кој вчера присуствувал на ифтарска вечера во Турција. За Најчевска, смешно е присуството на премиерот.„Мене ми е многу смешно ова присуството на Ифтарска вечер. Зошто не присуствуваат на гладувањето. Тоа е смислата на Рамазан. Одрекување, вртење кон духвното, емпатија со тие кои немаат, покажување на силината на духот над телесните потреби. Кој фазон е да дојдеш на свечена вечера, ако претходно не си гладувал?“, пишува Најчевска на социјалните мрежи.

Коментари | пред 6 години

6 год.
drzaven-udar

За државен удар во Црна Гора, 14 лица добија 58 години затвор

Повискиот суд во Подгорица утринава ја објави пресудата за случајот „Државен удар“ за повеќемина лица обвинети за тероризам на денот на парламентарните избори во Црна Гора во октомври 2016 година.На вкупно 58 години затвор осудени се 14 обвинети, маѓу кои најмногу се државјани на Србија, двајца се Руси, а другите Црногорци. Највисока казна добил Русинот Едуард Шишмаков (15 години), а по 12 години добиле неговиот сонародник Владимир Попов и Србинот Братислав Дикиќ. Лидерите на Демократскиот фронт Андрија Мандиќ и Милан Кнежевиќ добија по пет години затвор, пишуваат црногорските медиуми.– Секој член на криминалната организација имал однапред определени задачи и улога, имал подготвеност за насилство и застрашување, а биле свесни за тоа што го прават и знаеле оти тоа е противправно – рекла судијкат во обрзаложението на пресудата.Пресудата е првостепена и против неа осудените имаат право на жалба.

Свет | пред 6 години

6 год.
uploads_thumbs_resize_800x420_374091

Кавадарчанец доби 500 илјади евра на лото

Во 5тото коло Лото7, одржано вчера на 8ми мај 2019та, не израдува првата 7ка од играта Лото 7. Извлечените броевите 9, 11, 13, 21, 23, 25, 32 донесоа 7ка вредна 29.293.930,00 денари.Ова е до сега најголемата лото премија во историјата на Државна лотарија. 7ката во своите досегашни посети, беше по еднаш  во Свети Николе, Неготино, Тетово и Струмица, два пати во Куманово, четири пати во Битола и единаесет пати во Скопје. Мапата на среќни добитници на 7ка се збогати со нов град каде од денес е поголема вербата во среќата. Првата 7ка на Лото 7 е прва 7ка во Кавадарци и 22рата 7ка од почетокот на приредување на играта на среќа Лото.Во очекување да го запознаеме среќниот добитник, со надеж за негова скора посета на нашите простории, ви пренесуваме податоци од системот, според кои среќниот добитник уплатил пет комбинации Лото 7, од кои добитна е третата. Уплатата со вкупна вредност од 100 денари, ја извршил на 6ти мај, во понеделник, во продажното место Браво Нутс, во близина на старата автобуска станица во Кавадарци.Очекуваме повеќе интересни податоци од средбата со добитникот.  До сега дел од нашите среќни добитници на 7ка со задоволство ги споделија своите лото искуства и пренесоа пораки до играчите. Сите ни потврдија дека премиите им го промениле животот на подобро и им помогнале да остварат голем дел од своите планови и желби. Се надеваме дека наскоро ќе ја споделиме среќната приказна на првиот добитник на 7ка од играта Лото 7, кој со 100 денари и верба во среќата дојде до премија вредна 29.293.930,00 денари. За сега по контактите со нашето продажно место во Кавадарци, дознавеме дека во Кавадарци веќе се слави. А има и зошто. Во Кавадрци до сега се освоени бројни премии од инстант лотарија и веќе се возат автомобили добиени на инстант лозови, но ова е прв пат Кавадраци да слави за 7ка на лото со која нивен сограѓанин застана под среќна ѕвезда.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

(ВИДЕО) Ангелов: Предупредував дека се спрема „Диво Насеље“, но немаше кој да слушне

Генералот Стојанче Ангелов потсетува дека еден месец пред вооружениот напад во кумановско Диво Насеље тој предупредил дека се спрема конфликт, но очигледно немало кој да го слушне.„Предупредување кое можеше да спаси многу животи. Власта платила два милиони евра за меѓуетнички судири“, напиша Ангелов на социјалната мрежа „Фејсбук“.Ангелов сподели и видео од протести во 2015 година на кои учествувал, а каде вели дека тогашната власт платила 2 милиони евра на Албанци кои немаат никаква поврзаност со УЧК, за да предизвикаат меѓуетнички судир. Тие лица, според Ангелов, биле крминалци од липковскиот регион. [embed]  

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

ВИДЕО: Заев со леб и сол, а Борисов со цвеќе го пречека папата во Бугарија

Поглаварот на Римокатоличката црква папата Франциск пристигна во апостолската посета на Бугарија, како прва етапа од мини балканската визита во која е опфатена и Република Северна Македонија. На аеродромот тој беше пречекан од бугарскиот премиер Бојко Борисов и од претставници на верските заедници. На аеродромот, папата го дочекаа четири дечиња, кои му подарија цвеќиња на папата.На аеродромот имаше средба на папата со премиерот Борисов. По завршувањето на средбата понтифот се упати кон претседателската палата во Софија пред која ќе се одржи церемонијата на пречек, по што тој ќе има протоколарна средба со претседателот на Бугарија, Румен Радев. 

Свет | пред 6 години

6 год.
dimitrov

Димитров се налути: Не си заминувам, тоа е безобразно лажна вест

Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров ги демантира последните шпекулации дека си заминува од функцијата и својата професионална кариера ќе ја продолжи како советник и аналитичар во влијателниот Институтот „Брукингс“ во Вашингтон, близок до Демократската партија, наводно, наводно за сочна плата меѓу 12 и 14 илјади долари. Вели дека му се прави хајка. Информациите беа објавени синхронизирано од проопозициските портали, а беа демантирани од неговиот кабинет.„Безобразно лажна вест, злонамерна шпекулација и ништо повеќе е веста дека министерот за надворешни работи Никола Димитров си заминува од оваа функција“, коментираа од кабинетот.Според објавените информации понудата за нова кариера во САД министерот Димитров, наводно, ја добил во периодот пред потпишувањето на Преспанскиот договор, лично од поранешната амбасадорка на САД во НАТО, Викторија Нуланд, која сега исто така е дел од овој институт и од нејзината колешка Аманда Слоут, за која се зборува дека делумно помагала во пишувањето на Договорот со Грција.Повикуваме на одговорност за овој груб фалсификат кој, и покрај аматерскиот и крајно очајнички обид за лажно продуцирање на официјален акт на министер во Владата на Република Македонија, прави голема штета со тенденциозното пласирање на една огромна невистина“, соопшти Министерството. ОД МВР најавија истрага, но до ден-денеска не се откри кој го (зло)употребил печатот за да го „разреши“ Димитров.Повеќе прочитајте на Независен.мк

Македонија | пред 6 години

6 год.
vasil-sterjovski

За прв пат Македонец ќе биде пратеник во Албанија

Васил Стерјовски, генерален секретар на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција(МАЕИ) ќе биде пратеник во албанскиот Парламент.-По известувањето од Централната изборна комисија на Албанија, Извршниот комитет на МАЕИ донесе одлука Стерјовски да го прифати пратеничкиот мандат и во парламентот да ја претставува програмата на Македонска алијанса за европска интеграција како дел од парламентарната опозиција,соопштија од партијата.На последните парламентарни избори одржани во јуни 2017 година МАЕИ беше дел од изборната коалиција предводена од Социјалистичкото движење за интеграција. Тогаш лидер на партијата беше Илир Мета, актуелинот претседател на Албанија. Врз основа на договорот Васил Стерјовски беше петти на кандидатската листа за округот Корча.Прочитајте повеќе на ФОКУС.МК

Свет | пред 6 години

6 год.
IMG-edd981a1e12cc4216065a25e0009914a-V

Фатен уште еден дилер на дрога во Гостивар

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава  против Л.Ф.(32) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.На 02.05.2019 година во Гостивар полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле наркотична дрога - хашиш.

Македонија | пред 6 години

6 год.
stop-policija

За еден ден во Скопје се случиле 13 сообраќајки, а полицијата пишала 74 казни

Во текот на изминатиот ден (08.05.) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле 13 сообраќајни незгоди во кои едно лице се здобило со тешки телесни повреди, а 10 лица поминале со телесни повреди.Во рамки на преземените мерки и активности во делот на безбедноста во сообраќајот констатирано е дека седум возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Потоа, од сообраќај се исклучени 11 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило.Петмина возачи се санкционирани поради минување на крстосница на црвено светло, тројца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, тројца - поради неправилно престројување, еден возач поради неправилно престигнување, четири возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, еден возач поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 10 возачи - поради користење на мобилен телефон при управување со возило.Исто така, од сообраќај се исклучени и 10 возила бидејќи биле нерегистрирани. Во однос на пешаците, пак, санкционирани се осум пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин и двајца пешаци поради поминување коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се и 74 мандатни платни налози и 67 возила се подигнати со специјално возило „пајак".

Скопје | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

На граница фатен маж кој избегал од затвор

На 08.05.2019 година во 18.00 часот на Граничниот премин Табановце, по извршената проверка на лицето М.И.(38) од с.Зрновци, кочанско, било констатирано дека тој се барал за издржување казна затвор.Лицето било предадено на полициски службеници од  СВР Куманово за понатамошна постапка.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Со велосипед удрил во куче, па завршил во болница со тешки повреди

На 08.05.2019 година во 16.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „Свети Наум Охридски“ во Скопје, Д.Ч.(45) од Скопје, управувајќи велосипед, удрил во куче, при што се здобил со тешки телесни повреди.Тој бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ каде му била укажана лекарска помош.Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 6 години

6 год.
soobrakajka

Со автомобил удрил пешак кој има тешки повреди

На 08.05.2019 година во 11.00 часот во с.Мородвис, кочанско, патничко возило „Лада Нива“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Е.А.(71) од село Мородвис, удрило во пешакот С.И.(79), од истото село.Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во Здравствениот дом во Кочани бил пренесен во Клиничката болница во Штип на понатамошно лекување.Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Кочани.

Македонија | пред 6 години

6 год.
soobrakajka

Сообраќајка на границата „Деве Баир“, едно лице загина

На 08.05.2019 година во 15.00 часот на магистралниот пат Крива Паланка - Деве Баир, во атар на с.Кркља, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Опел Корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.С.(65) од Скопје и товарно возило „Мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ј.М.(32) од Крива Паланка.Во незгодата С.С. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Здравствениот дом-Крива Паланка, каде околу 15.50 часот починал. Сопатничката од истото возило, К.С.(65) од Скопје се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена и задржана во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Крива Паланка.

Македонија | пред 6 години

6 год.
59741158_2661057930574322_9121378490698956800_o

Дунавка ќе издаде книга, а ќе пишува и за папата

Дунавка Трифуновска која во јавноста е позната по низата скандали кои ги направи, објави дека ќе издаде книга.Таа во истата ќе пишува за нејзината средба со папата, но и за спомените од Ница, по терористичкиот напад.„Книгата ќе се вика 'Приказните од Ленинова'“, објави Трифуновска.Таа додава цитира и наводна изјава од папата кој според неа рекол „Животот ми се промени кога почнав со луѓето да зборувам лице во лице“. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
VOJSKA-RUSIJA

ВИДЕО Москва на нозе, руската војска на улиците

На Црвениот плоштад во Москва започна парадата по повод 74. години од победата во Втората светска војна.Откако беше одржана минута молчење за жртвите од војната, претседателот Путин потсети на сите оние кои го дале животот за слобода на Русија и порача: „Слава на народот победник! Ви честитам! Ура![embed]Изведена беше и химната, а Путин потсети дека победата над национализмот зазема посебно место во руската историја.Во парадата учествуваат повеќе од 13 илјади војници.Исто така ќе бидат претставени 132 технички единици, 74 авиони и хеликоптери, оклопни возила, транспортери како и многу други.

Свет | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања