Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
Нема фотографија

Заев ќе го собере Филипче со метлата? Еве ги неговите скандали...

Јавноста во исчекување на најавената премиерска метла. Меѓу имињата се споменуваат министерката Мила Царовска која прво обелодени, а потоа ја повлече изјавата за аферата во фондот за ПИОМ, а на крај дури и се извини. Потоа министерката Рената Дескоска, која ја прошетаа од Министерството за образование во Министерствот за правда.Дескоска е категорична дека нема намера да се врати во Министерството за образование и не знае дали ќе ја напушти нејзината функција во Министерството за правда.Неофицијалните информациите говорат дека меѓу засегнатите од „метлата“ се и двајца скопски градоначалници од општини каде СДСМ освои значително помал број гласови од ВМРО ДПМНЕ.  Според овие информации, станува збор за првите луѓе на општините Гази Баба и Кисела Вода. Се најавуваат смени и на поголем број директори во државни институции и јавни претпријатија.Но, најчесто во јавноста се споменува името на министерот за здравство Венко Филипче. Него му се препишуваат повеќе пропусти откако е во седнат во министерската фотеља.Скандалот со „Македонија лек“, компанија која дистрибуираше МРП вакцини со поминат рок, а потоа ги повлекуваше од употреба, секако откако голем број граѓани примија од истите, е првата причина. Овој скандал создаде недоверба кај граѓаните, кога во прашање е јавното здравство.Морбилите, поради кои починаа деца и возрасни, како и немањето контрола на здравствените власти во борбата со оваа зараза е втората причина што може да го натера Заев да го собере Филипче со метлата. Поради ова мораше да се прогласи епидемија на ниво на цела држава.Филипче пак по однос на ова прашање е категоричен дека деца без примена вакцина МРП нема да бидат примени во градинка и во училиште. На оваа изјава реагираа голем број родители, но и од Првата детска амбасада во светот Меѓаши. Тие велат дека ниту едно дете не смее да биде исклучено од образование, без оглед вакцинален статус. Образованието основно и средно е задолжително за сите, и никој не смее на децата да им го скрати ова право.Покрај морбилите, медиумите пишуваат за хаосот кој валадее во здрвството и многу смртни случаи поради пропусти на медицинскиот кадар.Ова се дел од забелешките кои јавноста му ги препишува на министерот Венко Филипче. А тој запрашан дали се чувствува загрозен од метлата, вели дека тоа е одлука на премиерот, но најави дека ќе има смени на оние кои се под него, директорите и раководителите во здравствените установи.

Македонија | пред 6 години

6 год.
59947052_2208497839464148_3801877751607066624_o

Автомобил пропадна во земја во скопска Автокоманда

Паркирано возило пропадна во дупка која се отвори под асфалтот во населбата Автокоманда во Скопје.Според првите информации нема повредени, а возилото од дупката го подигна пајак службата.

Скопје | пред 6 години

6 год.
taci-rama-1

Рама и Тачи се за бришење на албанско-косовската граница и припојување на Прешевската Долина кон Косово

Косовскиот претседател Хашим Тачи, кој престојува во Тирана каде ќе учествува на состанокот на лидерите на земјите во Процесот Брдо-Бриони,што ќе се одржи утре во Тирана, попладнево оствари средба со албанскиот премиер Еди Рама.На својот Фејсбук профил, Тачи напиша дека со премиерот Рама зборувале за потребата од целосно отворање на косовско-албанската граница и создавање „еден албански простор без граници, под евроатлантскиот чадор“.Исто така, зборувале и за „корегирање на историските неправди“ и припојување на Прешевската Долина кон Косово.– Имав средба со премиерот на Република Албанија, Еди Рама, разговаравме, меѓу другото, за потребата од целосно отворање на косовско-албанската граница и создавање албански простор без граници, под евроатлантскиот чадор. На оваа средба ја покренавме потребата да ги корегираме историските неправди со обединување на албанскиот фактор околу сензибилизирање на правото за припојување на Прешево, Медвеѓа и Бујановац со територијата на Република Косово – напиша Тачи.Тачи претходно се сретна со албанскиот претседател Илир Мета, а според медумите ќе се сретне и со високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини. Плусинфо.мк

Свет | пред 6 години

6 год.
zaev-deskoska

Дескоска ќе биде претседател на Советот за реформи во правосудството

Владата информираше дека на денешната седница е усвоена информацијата за повлекување на премиерот Зоран Заев од местото претседател на Советот за следење на реформите во правосудството.„Владата на денешната 134. седница ја усвои информацијата со која претседателот на Владата, на своја иницијатива, се повлекува од местото претседател на Советот за следење на имплементацијата на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор (2017-2022 година) и утврди дека оваа функција ја презема министерката за правда Рената Дескоска”, се вели во соопштението.

Македонија | пред 6 години

6 год.
11-2

Папата Франциск воодушевен од претседателот Иванов

Во Македонија има верска почит...се зборовите на македонскиот претседател Ѓорге Иванов од кои Папата Франциск бил импресиониран на нивната вчерашна средба во Скопје, јави Католичката новинска агенција, пренесувајќи ја прес-конференцијата на Неговата Светост, одржана на повратниот лет од Скопје кон Рим.„Во Македонија, силен впечаток ми остави една реченица што ми ја кажа претседателот: „Тука ние немаме религиска толеранција, туку почит“. Тие имаат почит. Во денешниот свет почитта недостасува многу. Почит за човековите права, ни недостасува почит за многу работи, почит за децата, почит за постарите. Впечатливо е што мистиката на една земја е токму почитта“, рече Папата Франциск за време на враќањето кон Рим, прашан која е најголемата импресија што со себе ќе ја понесе од посетата на Македонија.„Македонија има идентитет и сега треба да го консолидира како народ со мали, големи проблеми, како што е името, и ова ние сите го знаеме. Двете земји (Македонија и Бугарија) имаат христијански, католички и муслимански заедници. Процентот на православните заедници е голем во двете земји, а помал на муслиманската заедница и уште помал е процентот на католичката заедница. Во Македонија уште повеќе за разлика од Бугарија. Нешто што видов во двете земји се добри односи меѓу двете вери“, рекол Папата Франциск. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
papa-skopje-5

Се знае ли колку пари потрошивме за папата? – се чека владиниот детален извештај

Се чека изготвување на деталниот извештај за финансиската конструкција за трошоците кои ги направи владата за посетата на папата Франциск. Од владата велат дека транспарентно ќе ја информира јавноста за износот кој владата го потроши за историската посета на поглаварот на римокатоличката црква на земјава.Од Католичката црква пак велат дека тие биле задолжени за црковните церемении. Ни тие не откриваат колку пари потрошиле.  Според нив духовните придобивки не се мерат со ништо материјално.Папата ручаше во ресторан телешки мускул, пилешко со ориз и трилече.Засега конкретна бројка  има само од ЈСП. Според нив за денот кога граѓаните се возеа бесплатно, претпријатието го чини 120 илјади евра. Не се откриваат бројки ни од властите во Скопје. Тие не откриваат  колку пари чинеше средувањето на градот.Но, не е се само трошок. Скопје вчера беше преполн со туристи, кои специјално дојдоја во главниот град за да присуствуваат на мисата од папата. Туристите кои беа најбројни од Хрватска придонесоа за економијата, со ноќевање, такси превоз, ресторани.

Македонија | пред 6 години

6 год.
133474234-105843-207971

Блокиран патот Крива Паланка – Деве Баир

Поради сообраќајна незгода во прекин е сообраќајот на магистралниот пат А2 Крива Паланка – Деве Баир.Автомотосојузот на Македонија соопшти дека сообраќајот е во прекин од 15:05 часот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
5546

Поради намален број на ученици 15 овци се запишале во училиште во Франција

Петнаесет овци симболично биле запишани во основно училиште во француските Алпи, откако родителите на децата кои учат таму изразиле страв дека некои класови ќе бидат затворени поради намален број ученици. Ова уследи откако училиштето во потпланинското село Крет де Беледон објави дека еден од неговите 11 класови ќе биде затворен поради намалувањето на бројот на ученици од 266 на 261.Вчера наутро, локален овчар и неговото куче довеле 50 овци во училиштето, од кои 15 „официјално“ биле запишани со приложување на нивниот сертификат на раѓање. На комичната церемонија присуствувале голем број деца, родители и наставници.„Еве, сега не мора да затвориме ниеден клас“, изјави Гаел Лавал, еден од родителите кои стојат зад оваа иницијатива.Тој ги обвини државните власти дека повеќе се грижат за бројки, отколку за доброто на децата.

Свет | пред 6 години

6 год.
Tamburica_Lonac_-4

Тамбурица“ е насловот на новиот мурал што деновиве беше насликан во Скопје

Младинскиот културен центар неодамна го покани хрватскиот уличен уметник, Лонац, да изработи мурал во рамки на новиот парк што се подготвува зад Филхармонија. Лонац го прифати овој уметнички предизвик и по неговото кратко запознавање со Скопје, започна со работа на ѕидот на ДСУЦ „Илија Николовски Луј“. При пристигнување во Скопје, случајно се запознава со Мартина Ѓорѓеска (девојчето на муралот) и нејзиното друштво, па така и сосема случајно стигнал до идеја за композицијата на муралот. Неколку фотографии од Мартина на точак со инструмент во рака биле главната инспирација за муралот насловен „Тамбурица“, кој сега го краси „музичкиот дел“ на Скопје.Лонац е уметник чии извонредни дела може да се најдат секаде низ светот, а најдобрo е препознаен по неговите фотореалистични мурали. Неговите дела се огромни парчиња уметност, кои не можете да ги пропуштите. Создадени со спрејови и четки - обично се под влијание на скејтборд култура, стрипови, графити, филмови, музика, но, исто така, и сегашните социјални проблеми. Неговото последно дело со наслов „Изгубен билет“, реализирано во Белгија непосредно пред доаѓањето во Скопје, веднаш беше издвоено од специјализираниот портал за улична уметност Street Art Today, како еден од најдобрите седум мурали реализирани во месец април во светот.„Тамбурица“ се додава на големата низа проекти на Младинскиот културен центар за поддршка на уличната уметност, како што се: „Градот убав“ – прва галерија на отворено за урбана и графити уметност во Скопје, муралите на фасадата на МКЦ на тема „Индоктринација“, изработени од повеќе домашни автори, новиот мурал на група ЗЕРО во МКЦ, како и бетонските постаменти што деновиве се поставуваат низ Скопје. Покрај Лонац, МКЦ во изминатиот период ги реализираше и соработките со Veks Van Hillik од Франција, преку проектот „Петел и лисица“, поставен на ѕидот на зграда на бул. 11 Октомври, како и Farid Rueda од Мексико - мурал поставен на ѕидот на Природонаучниот музеј.Во моментов во тек се и подготовките за новиот проект на МКЦ, преку кој ќе се продолжи соработката и поддршката на уличната уметничка сцена, а во меѓувреме ни преостанува само да уживаме во муралот на Лонац кај новиот парк зад Филхармонија и новите бетонски постаменти насликани од домашни автори, кои деновиве се појавуваат во Скопје. 

Скопје | пред 6 години

6 год.
gdu

ГДУ: СДСМ и ДПМНЕ се способни да се испазарат со сѐ , но зошто зад затворени врати кројат решенија за СЈО

Се согласуваме со министерката Рената Дескоска дека ѓаволот е во деталите и веруваме дека СДСМ и ДПМНЕ се способни да се испазарат со сѐ  кога се во прашање партиските интереси, но не можеме  да го премолчиме фактот дека овие две партии со месеци зад затворени врати кројат решенија за судбината на СЈО, се вели во соопштението од ГДУ.Едно е јасно дека независно СЈО значи чекор поблиску кон ЕУ.  Притоа заглавувањето на овој закон во политичкиот пазар ќе го закочи евроатланскиот пат на државата.А кога сме кај политичкиот пазар, видовме до каде може тој да оди и што сѐ можат пратениците и лидерите.Па тоа што со месеци се случува зад затворени врати и оптимизмот на власта за можен договор, отвора сомнеж за преќутен пазар на пример да се влечат предметите и да застарат. Ние како партија жестоко ќе реагираме и ќе се бориме против вашите пазарења и  договори за избегнување на правдата.СЈО има незавршена работа, нечесни функционери имало и ќе има и задачата на оваа институција е да ги лови. Затоа ова Обвинителство треба да добие шанса и да ја врати довербата кај граѓаните, со бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата.ГДУ повторно ги предупредува лидерите, да ги тргнат рацете од Обвинителството и судството, пазарењата нема да ни донесат датум.Потребни ни се вистински реформи, велат од ГДУ.

Македонија | пред 6 години

6 год.
straza-vozac-pomos-2

Да помогнеме, се собираат средства за семејството на возачот кој почина на Стража

Во групата на социјалната мрежа фејзсбук „Православни вести и патувања“ одекна информација дека возачот што починал на Стража, бил еден од оние кои ги возеле верниците на литијата во Струга, на која, учествуваа голем број на граѓани по повод празникот Св. Ѓоргија.Веста ја пренесуваме во целост: 

Македонија | пред 6 години

6 год.
boksovi-emisija

(ВИДЕО) Кога неможе со разговор, може со боксови и тоа во емисија

Поранешниот албански претседател и премиер, Сали Бериша на својот фејсбук профил објави видео каде две познати синдикалци,  Фикири Ѕибри и Кол Никола физички се нападнаа во студиото на една албанска емисија, поради различните ставови за протестите во државата.Во продолжение видеото:https://www.facebook.com/SaliBerisha/videos/626386994439763/

Свет | пред 6 години

6 год.
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ги игнорираше младите и наместо студентски дом изгради луксузен бел дворец

ВМРО-ДПМНЕ цели 11 години ги игнорираше младите и наместо студентски дом изгради луксузен бел дворец за партиско седиште, сега сериозно се инвестира во подобри услови во студентските домови  ВМРО-ДПМНЕ 11 години ги игнорираше младите и студентите, а денес лицемерно глуми загриженост и шири лажни вести, се вели во реакцијата на СДСМ.11 години ВМРО-ДПМНЕ мислеше само на богатење на фамилијата. Наместо да изгради студентски дом, изгради скапоцен дворец за партиско седиште на ВМРО-ДПМНЕ во време кога студентите живееја во недостојни услови, а младите масовно се иселуваа заради бесперспективност.Студентските домови ВМРО-ДМНЕ ги остави во толку голема катастрофа, во огромни долгови кои со години не биле сервисирани, само заради криминалните интереси на фамилијата на која поважни и беа спомениците од студентите.Таквиот игнорантски однос кон младите заврши со заминување на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција, а последиците од тоа се уште се чувствуваат.  Денес, Владата предводена од СДСМ и надлежните институции  покажуваат вистинска грижа за младите, и се решаваат проблемите што ги остави ВМРО-ДППМНЕ.Вратени се долговите на студентските домови што ги остави ВРМО-ДПМНЕ во висина од 2 милиони евра и обезбедено е нормално функционирање на домовите. Во делот на подобрување на условите за сместување на студентите целосно се реконструирани блоковите В и Г од студентскиот дом Гоце Делчев. Во тек е комплетно опремување со мебел и сите придружни елементи.По повеќе од 40 години се унапредува системот на греење во студентскиот дом Кузман Јосифовски Питу и обезбедено е ефикасно, еколошко греење за студентите, во склад со планот за чист воздух.Во студентскиот дом Стив Наумов инсталирани се нови елементи на дел од водоводната, парноводна и електрична мрежа. Потребно е уште работа тоа се знае. Затоа студентскиот дом Стив Наумов е следен за обновување.Истовремено, продолжува спроведување на сериозни младински политики кои го подобруваат животниот стандард. Преку Гаранцијата за млади што годинава се спроведува на целата територија на државата илјадници млади имаат можност за доквалификација, платена пракса  или вработување, а со проектот „Младинска картичка“ ќе се намалат трошоците за живот на младите за транспорт, едукација, култура и спортување, се вели во реакцијата на СДСМ.

Македонија | пред 6 години

6 год.
gostivar

Дилери фатени со дрога во Гостивар

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава  против Н.У.(21) од село Теново, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.На 18.09.2018 година во село Неготино, гостиварско, полициски службеници извршиле преглед над лица и патничко возило „Голф“, управувано од пријавениот, при што кај него биле пронајдени и одземени марихуана.  

Македонија | пред 6 години

6 год.
arsovski-pred-antikorupcika

Арсовски посочи нови сомнителни случаи на корупција од страна на актуелните функционери

Денеска сме повторно пред антикорупциската комисија да ја потсетиме на уште неколку сомнителни случаеви на корупција од страна на актуелните функционери на Владата на СДСМ. Ги повикуваме и охрабруваме, а воедно и поддржуваме антикорупционерите да ги испитаат следниве случаеви на можна корупција во Владата на СДСМ, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Да потсетиме дека Фондот за иновации го имаше најкриминалното делење на грантови пред точно 10 месеци. Десетици фирми со блиски конекции до Владата добија грантови во вредност од неколку милиони евра, пари на граѓаните.Ги повикуваме антикорупционерите да испитаат како беа првично доделени грантови на фирмата КАСТ ИНВЕСТ во која што еден од сопствениците е и Вицепремиерот Кочо Анѓушев која што доби над 160.000 евра од Фондот за иновации?Како печатницата „Гинис” од Прилеп чиј сопственик е пратеникот од СДСМ, Хари Локвенец доби 10 милиони денари грант од Фондот за иновации?Како беше можно баш снаата на Цветанка Ласкова која е советничка на Заев, да добие дури 360 илјади евра државни пари за фирмата за информатичка технологија „Декодиск“ кои планирале да развиваат апликација?Како беше можно баш претседателот на ОО Кавадарци Горан Тодоров, да добие 296.000 евра од Фондот за иновации за нова амбалажа и вкус на алое вера за фирма  „Кодинг – Горска“ ДООЕЛ?Како беше можно баш Александар Семенпеев, советникот на СДСМ во Општина Богданци,  кој е и сопственик на печатницата „Софија“ ДООЕЛ Богданци, да добие грант од Фондот за иновации во вредност од на 1 милион денари.Како беше можно баш фирмата „Т- сенс“ во којашто малцински сопственик е сопругата на министерот за култура Асаф Адеми да добие грант од 65 илјади евра за иновација за софтвер за продажба на производи на скандинавскиот пазар?Јавното обвинителство за истите овие случаеви отвори постапки кои никогаш повеќе не беа споменати,односно беа само со една цел да се замаји и дефокусира јавноста па еве им простор на антикорупционерите ако се подготвени да ја спречат корупцијата да ги отворат овие случаеви и да ги сведат до самиот крај, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

6 год.
car-fire

Запалени три возила во Скопје

На 08.05.2019 година во СВР Скопје било пријавено дека на улица „Христо Чернопеев“ настанал пожар во кој биле опожарени возило „Хонда Акорд“, сопственост на Ф.Н.(33) од Скопје и  возило „Опел Астра“, сопственост на Б.Н.(64) од Скопје. Извршен е увид.

Скопје | пред 6 години

6 год.
BUJAR-OSMANI

Бујар Османи го искара Заев: Не го користи зборот „метла“!

Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи побара од премиерот Зоран Заев да не го користи зборот „метла“ во јавните настапи затоа што тоа било компромитирачки за другите.Тоа претставува понижување и навреда не само за претставниците на ДУИ, туку и за другите партнери на коалиционата влада. Неприфатливо е да се користи таков термин, дури и кога станува збор за промени во државните функции – рече Османи.Заев најави промени во сите државни ешалони, дури и во самиот СДСМ, но и во администрацијата каде што смета дека се прават опструкции и не се даваат очекуваните резултати.Терминот „метла“ се појави во јавноста по првиот круг од претседателските избори на 21 април.

Македонија | пред 6 години

6 год.
gradinka-2

МВР гони директорка и правничка во градинка, фалсификувале договори за вработување

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против Л.В.(41) од Крива Паланка и М.Т.(32) од село Конопница, кривопаланечко, поради постоење основи на сомнение поради сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.Во периодот од 10.02.2017 година до 14.02.2017 година, второпријавената во својство на правник на детска градинка „Детелинка“ во Крива Паланка, по усна наредба на првопријавената - в.д директор на градинката, извршила корекција во оргиналниот договор за вработување на определено работно време од една година склучен со В.С.(46) за работно место-неговател во наведената институција, по што таа била отпуштена од работа на 29.12.2017 година, односно месец и половина порано од времето за кое склучила договор.

Македонија | пред 6 години

6 год.
srpska-policija

17-годишник нападнал полицајци во Тетово

СВР Тетово поднесе известување против Д.Д.(17) од село Брвеница, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.На 07.04.2019 година околу 02.00 часот во Тетово, пред угостителски објект на ул.„’29-Ноември’’, пријавениот агресивно се однесувал кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија.

Македонија | пред 6 години

6 год.
isceznato

Повторно исченза девојче од Скопје, кое претходно бегало 10 пати

На 08.05.2019 година во 01.00 часот во Полициската станица Карпош, од ЈУ Организациона единица Козле- Центар за социјални работи било пријавено дека во непознат правец се оддалечила нивната штитеничка М.Е.(17), кој претходно десетина пати се оддалечувала и враќала во институцијата.Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Скопје | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања