Коневски прво бараше оставка од Мицкоски а сега се предомисли, зошто?
Поранешниот градоначалник на Аеродром, Ивица Коневски, не сака да избрзува со заклучоци по вториот изборен круг од претседателските избори, во кои ВМРО-ДПМНЕ, односно Гордана Силјановска-Давкова освои речиси 380.000 гласа или 60.000 помалку од Стево Пендаровски. Вели дека партијата треба да направи детална анализа и да види кои работи биле добри, а кои не чинеле и зошто не е направен решавачкиот исчекор кон неопределените гласачи ниту, пак, има доближување до албанските гласачи. Иако пред изборите бараше одговорност од Христијан Мицкоски во случај на пораз на Силјановска, сега нагласува оти нема време за оставки и внатрешни превирања имајќи предвид дека веќе в година нè чекаат парламентарни избори.s„Резултатот од неделното гласање е многу контрадикторен во поглед на бројот на гласови што ги доби Силјановска како кандидат за претседател и оние што ги доби ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво. Сметам дека професорката Силјановска беше добар кандидат и без сомнение даде дополнителна вредност, односно донесе голем број гласови. Не можам да тврдам колку луѓе што не се традиционални наши гласачи го заокружиле нејзиното име, но уверен сум оти бројката не е мала. Не можеме да затвориме очи дека, и покрај тоа што СДСМ не испорачува ништо на домашен терен, а нивните градоначалници работат лошо, сепак, успеа да победи во битките за градоначалник на Охрид и на Ново Село. Затоа велам, треба да се направи квалитетна внатрепартиска анализа и да се види зошто резултатите на Силјановска се повисоки од оние на партијата на локално ниво“, коментира Коневски за „Независен весник“.Прочитај повеќе на Незаивсен.мк
Македонија | пред 6 години