Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
soobr1

Товарно возило удрило 83-годишен маж кој е во лоша состојба

На 07.05.2019 година во 07.50 часот на крстосницата од улицата „Скоевска“ и улицата „Радишанска“ во Скопје, товарно возило „Фолксваген Ап“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.С.Б.(45) од Скопје, удрило во пешакот Н.К.(83) од Скопје.Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Н.К. и со истото возило била пренесена во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде и била укажана лекарска помош.Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 6 години

6 год.
svr-ohrid

СВР Охрид поднесе гони 60-годишен дрвокрадец

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Ч.(60) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,пустошење шума“ и ,,узурпација на недвижности“.Во текот на феврури 2019 година на планина Галичица, од парцела сопственост на Р.С. Македонија, пријавениот бесправно исекол поголема количина огревно дрво. Дел од дрвата била пронајдени и одземени од вработени во шумска полиција.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Zaev-Rama-696x435

Заев на ифтарска вечера со Рама и Звиздиќ

Премиерот Зоран Заев синоќа присуствувал на ифтарска вечера во Сараево, во друштво на Денис Звиздиќ, претседател на Советот на министри на Босна и Херцеговина и со албанскиот премиер Еди Рама.-На покана на претседателот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ, присуствував на ифтарска вечера во Сараево заедно со премиерот на Албанија, Еди Рама.Деновите на рамазански пости се потсетник дека милосрдието, почитта, солидарноста, добрината, љубовта и простувањето се вредности кои треба да ги почитуваме и кои не обединуваат како народи, напиша премиерот заев на фејсбук.

Македонија | пред 6 години

6 год.
rocista

Кривичен суд: Судењата што беа закажани за 7 мај ќе бидат презакажани за други датуми

Судските расправи што беа закажани за вчера (7 мај) во Кривичниот суд ќе бидат презакажани за други датуми, информираат од судот.-Граѓаните кои се јавуваат како странки во одредени постапки што се водат пред Кривичниот суд, или добиле било каква покана за да се јават во судот на 07.05.2019 година, што беше неработен, ќе добијат дополнително покани откако расправите кои беа закажани за вчера ќе бидат презакажани за други датуми, соопшти Основен суд Скопје 1 – Скопје.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Muhamed-Zekiri

Зеќири: ДУИ го молеше СДСМ да одиме заедно на избори за да не се види колку се слаби

ДУИ не молеше да одиме заедно на избори тврди потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зеќири за Телма.Тој во емисијата Топ Тема откри дека „интегративците” биле свесни дека слабо стојат меѓу граѓаните и за тоа да не се види не излегле со сопствен кандидат во првиот круг-Не сакам да зборувам, но ДУИ не молеше да одиме со заеднички кандидат,  рече Зеќири.Тој потенцираше дека СДСМ секој ден губи од својата поддршка поради фактот што е во коалиција со ДУИ, партија која била дел од „режимот”

Македонија | пред 6 години

6 год.
antonijo-milosovski

Милошоски: Немаме основа за триумфализам, но сме на добар пат

Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ во вчерашното гостување на телевизија Телма рече дека неговата партија нема основа за триумфализам, но е на добар пат.-Ние немаме основа за триумфализам, но гледаме дека се движеме во добра насока. Сметам дека анализата дека СДСМ без коалиционите партнери тежи 330 илјади гласови е точна. Ние со оглед дека сме опозиција и во помала коалиција, сметам дека сме на добар пат. Од 1991 година до денес никогаш не победил канидидат на опозицијата, без разлика кој е на власт, заклучи Милошоски.

Македонија | пред 6 години

6 год.
dsc3171

Заев се сретна со Палмер: Северна Македонија e пример во регионот со Преспанскиот Договор

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев во пресрет на отворањето на Генералното Собрание на ЕБОР во Сараево, БИХ оствари средба со Заменикот асистент секретар за Европа и Евро Азија во Стејт Департментот на САД, Метју Палмер.На средбата беше потенцирана одличната соработка помеѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави и премиерот Заев изрази голема благодарност за континуираната поддршка на САД за членство на нашата земја во НАТО и ЕУ. Палмер истакна дека успешно спроведените претседателски избори ја носат државата во вистинскиот правец и ги олеснуваат заложбите за добивање на датум за преговори со ЕУ.„Демократските, фер и кристално чисти избори потврдија дека нашата земја станува зрела демократија, а граѓаните дадоа масовна поддршка на концептот едно општество за сите. Покажавме како земја дека имаме капацитет да ги решаваме тешките прашања, а сега сме фокусирани на иднината и економскиот прогрес на земјата. Со 12 ратификации на протоколот за нашето членство во НАТО веќе се чувствуваат позитивни ефекти и охрабрување за нови инвестиции. За нас е многу важно Европската унија да ни даде датум за преговори во јуни за да го оствариме европскиот сон на многу генерации наши граѓани“, рече премиерот Заев.Палмер ја потенцираше важноста нашата земја да добие датум за преговори со ЕУ и во таа насока рече дека е оптимист посебно заради фактот што Македонија покажа дека е пример во регионот со потпишувањето и реализацијата на Преспанскиот договор и со реформските процеси.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните гласаа против пеколот и бедата кои ги донесе СДСМ

Власта на СДСМ и Зоран Заев е делигитимирана. Граѓаните гласаа за промени и го најавија неизбежниот пад на оваа ненародна и криминална власт, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.-Граѓаните на Република Македонија избраа правда и правдина и гласаа против пеколот  и бедата кои ги донесе СДСМ, а беа најавувани како живот. Народот ја казни власта за сите криминали, корупцијата, непотизмот и сите  нереализирани ветувања. Народот  јасно даде до знаење дека не сака повеќе државата да ја водат функционери чии бизниси криминално се шират на грбот на граѓаните. Граѓаните покажаа дека не сакаат повеќе економија која стагнира, узурпирано здравство, уништено образование, заробени институции и власт која не е способна да донесе проекти и инвестиции кои ќе значат подобра иднина за државата. ВМРО-ДПМНЕ победи во најголем број на општини и покажа дека е вистинскиот избор кој може да ги донесе промените. Граѓаните го препознаваат тоа и затоа во вториот круг ВМРО-ДПМНЕ доби 60.000 гласови повеќе, порачуваат од партијата.Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека граѓаните порачаа дека Република Македонија повеќе не смее да тоне и уназадува.-Не успеаја уцените, заканите и притисоците на Зоран Заев, македонските граѓани му се спротиставија на деспотот и веќе започна крајот на криминалниот картел на власт. Граѓаните порачаа дека Република Македонија повеќе не смее да тоне и уназадува. Државата заслужува право и правдина, затоа предвремените парламентарни избори се неизбежност.  СДСМ мора да си замине, за Република Македонија и граѓаните конечно да почнат да одат напред, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Rabota-na-pat

Промена на режимот на сообраќај на делницата Валандово-Раброво и Раброво-Струмица

„Виадукт трејд“ информира дека денеска и утре ќе се започне со изведување на градежни активности при поставување на индуктивни јамки на Регионален Пат Р1401, делница Валандово-Раброво и Раброво-Струмица (пред крстосницата), за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.Од АМСМ ги предупредуваат возачите да внимаваат и да ги почитуваат ознаките на патиштата.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Nujork-Tajms

Њујорк Тајмс: Завршува тридецениската меѓународна изолација, посета на папата ја става Северна Македонија на светската мапа

Весникот Њујорк Тајмс во текст под наслов „Посета на папата Франциск ја става Северна Македонија на светската мапа (Visit by Pope Francis Helps Put North Macedonia on the Map)“, пишува за денешната историска посета на папата на нашата земја.-Откако горчливиот спор за името со Грција конечно се реши и членството во НАТО се очекува до крајот на годинава, Северна Македонија доби уште еден знак дека нејзината речиси тридецениска меѓународна изолација завршува: се случи првата папска посета на земјата, пишува весникот.Во текстот се потсетува на патот на нашата земја од независноста до Договорот од Преспа и промената на името и очекуваниот влез во НАТО, како и олеснување на патот кон ЕУ.-Сепак, не сите присутни го споделија ентузијазмот на папата за овие случувања, пишува весникот и пренесува дел од говорот на претседателот Ѓорге Иванов, претставувајќи го како еден од противниците на договорот кој одбива да го користи новото име. Њујорк Тајмс пишува и дека Иванов е на самиот крај на својот мандат и дека неговиот наследник Стево Пендаровски е поддржувач на договорот.Во текстот е пренесена и изјава на премиерот Зоран Заев, како и дел од говорот и пораките на папата Франциск.

Македонија | пред 6 години

6 год.
1-8

Вознемирувачко видео: Крвопролевање во затвор, седум лица убиени

Најмалку седум лица се убиени и десет ранети во пукање во затвор во Гватемала, соопшти полицијата.Затворот се наоѓа на околу 17 километри источно од градот Гватемала.Сите жртви се затвореници, а затворската управа најмалку осум часа во текот на вчерашниот ден немаше контрола над затворот.Во тој затвор има 4.137 затвореници, иако објектот е граден за 900 затвореници.

Свет | пред 6 години

6 год.
dimitrov

Димитров до Милошоски: Гладна кокошка, просо сонува

Министерот за надворешни работои, Никола Димитров, синоќа му испрати порака на поранешниот шеф на македонската дипломатија Антонијо Милошоски дека ВМРО-ДПМНЕ нема за брзо време да се вратат на власт.„Гладна кокошка, просо сонува …“, кусо искоментира Димитров на својот профил на Фејсбук, а потоа додаде во коментарите „Ќе пораснеме, па што сака нека биде. Ќе се радуваме на успесите на сите наши. И ќе научиме да се поддржуваме меѓусебно“, напиша Димитров по настапот на Милошоски на телевизија Телма.Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека неговата партија нема основа за триумфализам, но е на добар пат.-Ние немаме основа за триумфализам, но гледаме дека се движеме во добра насока. Сметам дека анализата дека СДСМ без коалиционите партнери тежи 330 илјади гласови е точна. Ние со оглед дека сме опозиција и во помала коалиција, сметам дека сме на добар пат. Од 1991 година до денес никогаш не победил канидидат на опозицијата, без разлика кој е на власт, заклучи Милошоски.

Македонија | пред 6 години

6 год.
pratenici-sto-glasaa-za-vmro

Осумте пратеници влегуваат во власта !

Осумте пратеници се се' поблизу до влез во владината коалицијата, нешто за што Скопје1.мк пишуваше уште пред околу два месеци. Дел од пратениците уште пред изборите нуделе функции и вработувања во идната Влада, а најдалеку од сите отишол пратеникот Љубен Аранудов кој во Охрид на луѓе од ВМРО ДПМНЕ цело време додека течеше кампањата за избори им нудел места по министерствата во Скопје.Дека нешто се случува можеше да се види и синоќа кога гостувајќи во една емисија, пратеникот Мухамед Зекири поголем дел од емисијата го помина критикувајќи ја ДУИ и Реисот на ИВЗ и обвинувајќи дека блиските релации на ДУИ со ВМРО ДПМНЕ не се никаква тајна.ЉУБЕН САКАЛ СРЕДБА СО МИЦКОСКИ И НИКОЛОСКИ Интересно е тоа што пратеникот Љубен Арнаудов пред првиот круг на изборите се обидувал да се сретне со Христијан Мицкоски или со потретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски. Арнаудов направил неколку напори да дојде до оваа средба, но не знаеме дали таа се реализирала како и што сакал од нив и за што барал да се сретне со Мицкоски.Претходно Љубен Арнаудов и Крсто Мукоски беа заедно со луѓе вработени во МВР кои се од голема доверба на Оливер Спасоски во Охрид.ВИДЕО ОД КАМПАЊИТЕ КОГА АРНАУДОВ ЈА ГРАДЕШЕ КАРИЕРАТА ВО ВМРО ДПМНЕ И БЕШЕ КАДАР НА КАДРОВИЦИТЕ НА ОВАА ПАРТИЈА

Македонија | пред 6 години

6 год.
meriem

(ВИДЕО) Молам за 100 денари за вреќа брашно, синот умре-снаата и децата мора да јадат

Мерем Алишани од Куманово секој ден доаѓа во Скопје во Старата скопска чаршија. Седи начесто кај споменикот Скендербег. Нема ни кутија. Покриена со бела крпа преку нозете раката и е пружена моли за некој денар, објави досие.мк.Синот и починал на 32 години и нема машка глава да се бори за гол живот за снаата и децата. Нема телефон, живее во населбата Диво Насеље во Куманово.Институциите се оние кои може да ја најдат и да ја решат маката на жената и нејзиното семејство.извор: досие.мк

Македонија | пред 6 години

6 год.
IMG_20190507_184108

Папата Франциск пречекан со песна од Тоше Проески

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск при својата историска Апостолска посета на Република Македонија пред катедралата „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје од група млади танчери со прекрасна кореографија беше пречекан со песната „За овој свет“ од Тоше Проески.https://www.facebook.com/videovesti/videos/455496878535873/?v=455496878535873Посетата на папата Франциск, се оценува како историски чин, а се реализира во исклучително важен период за земјава, кога исчекорува по патот на европските и евроатлантските интеграции, ја зацврствува внатрешната кохезија и носи пораки за помирување и солидарност.

Македонија | пред 6 години

6 год.
zaloznicka-drama

(ВИДЕО) Заложничка драма во Франција, вооружено лице држи заложници - се заканува дека ќе почне да убива

Напаѓач држи пет заложници во продавница за тутун, во близина на аеродромот во Тулуз, во југозападна Франција. Според локалните медиуми, осомничениот се заканил дека ќе пука во полицијата ако се обиде да му пристапи во продавницата.Напаѓачот барал полициски преговарач и се се заканил дека ќе почне да ги убива заложниците. Според француските медиуми се работи за грабеж.Француската специјална полиција, веќе е на лице место.

Свет | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Европа мака мачи со мали сапаници – за два месеци над 34.000 заболени

Во Европа за два месеца повеќе од 34.000 заболени од морбили. СЗО предупредува за проширување на заразата. Во соопштението СЗО ги повикува  здравствените власти да обезбедат вакцини за сите, а особено за здравствено најчувствителните групи.Од  заразените 34.300 пријавени во 42 земји во европскиот регион, биле 13 смртни случаи. Најголемиот број смртни случаи се регистрирани во Украина, каде што, како и во Романија и во Албанија во споменатиот период е прогласена епидемија од морбили.Од СЗО предупредуваат дека епидемијата би можело да продолжи да се шири.

Свет | пред 6 години

6 год.
papa-skopje-1

Папата носеше уникатна облека изработена од брачен пар од Македонија

Папата Франциск на денешната миса во Скопје носеше уникатна облека во националните бои на Македонија. Мисницата е дар од младиот брачен пар Драган Георгиевски и Марија Георгиевска Ристовска.Материјалот за мисницата е направен од сто проценти волна во бела боја испреплетена со златни нитки. Ширитот кој се наоѓа напред и одзади е во црвена боја проткаена со златни нитки.„Ширитот и златниот извез, т.е. црвената и жолтата боја ги означуваат националните бои на Северна Македонија. На врвот на ширитот се наоѓа знакот на Дружбата Исусова која е претставена со огнено сонце на кое со црвена боја е испишан монограмот IHS. Над буквата H се издигнува крст, а под монограмот се наоѓаат три клинци во црна боја. Од него излегуваат пет златни црти кои ги означуваат петте Исусови рани, Исусовата апсолутна жртва на крстот. На тие црти се распоредени цветови од нард кои го симболизираат св. Јосиф, заштитникот на сеопштата црква. Извезот завршува на дното со ѕвезда која ја симболизира Пресвета Дева Марија, Мајката Христова и Мајката на Црквата. Одзади се повторува истата симболика, само наместо знакот на Дружбата Исусова има монограм, иницијалите на Исус Христос со алфа и омега. Монограмот IHS, ѕвездата и нардовиот цвет се преземени од папскиот грб, а тие се повторуваат како на мисницата така и на митрата и штолата“, пишува од официјалната страница креирана за посетата на папата.

Македонија | пред 6 години

6 год.
120190507_182104

ГАЛЕРИЈА+ВИДЕО: Струшката литија најмасовна до сега

Традиционално и годинава во Струга, еден ден по празникот Ѓурѓовден, на 7 мај се одржи десеттата по ред струшка литија.Овогодинешната литија е најмасовна досега. На литијата се прикажаа моштите на светиот великомаченик Георгиј и неговата чудотворна икона.Пред присутните прво дефилираше коњаник, облечен во римска трибунска воена облека, а молитвената поворка се движи низ централните градски улици, од другата страна на кејот на реката Црн Дрим, низ чаршијата и повторно ќе се врати во црквата, каде верниците ќе имаат можност да се поклонат пред моштите на Свети Великомаченик Георгиј.Литијата има огромно национално значење и е дел од културното наследство на нашата земја.Видеото погледнете го ТУКА.

Македонија | пред 6 години

6 год.
59612263_10218705293803409_1849471930508247040_n

(ФОТО) По папата, ѓубре на плоштадот: Тоа се тие јаки верници

По литургијата на папата Франциск, верниците оставија куп отпад. Ова беше доволна причина за на социјалните мрежи да се критикува. Новинарката Јадранка Ивановска-Јоци искоментира „тоа се тие јаки верници“.„Тоа се тие јаки верници. Културни, воспитани, морални, чисти душички, создадени и предодредени за рајските градини со своите манири. Просто преслатки. Да посака атеист секој ден со нив да оди и во кревет“, напиша новинарката Ивановска-Јоци.

Скопје | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања