Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
opozicija-696x522

ФОТО: Силјановска со блажена насвмевка беше на миса кај папата

На скопскиот плоштад, мисата на папата Франциск ја следеше и Гордана Силјановска Давкова, кандидатот за претседател на Македонија, која беше поразена во неделните избори од Стево Пендаровски.Силјановска беше заедно со генералниот секретар Игор Јанушев, потпретседателот Владо Мисајловски и со други членови на ВМРО-ДПМНЕ.„Позитивната мисла и добрината да бидат водилка насекој еден од нас. Посета на Папата Франциск“, напиша Мисајловски на својот профил на Фејсбук откако ја објави фотографијата.

Македонија | пред 6 години

6 год.
12

Пофалби за полицијата од Заев, за професиоалноста при посетата на папата

Претседателот на Владата, Зоран Заев денеска упати честитка по повод Денот на полицијата – 7 мај, посочувајќи дека и денеска за време на посетата на папата Франциск на нашата земја полицијата покажува висока професионалност и целосна посветеност.– И денеска, за време на посетата на Папата Франциск на нашата земја, полицијата покажува подготвеност, целосна посветеност и високата професионалност на сите припадници на Министерството за внатрешни работи. Нашите полициски службеници на највисоко ниво ја организираат безбедноста и сигурноста на сите граѓани на Северна Македонија, како и на високите гости кои доаѓаат во посета, пишува премиерот Заев на својот Фејсбук профил.

Македонија | пред 6 години

6 год.
papa-skopje-6

Крвен притисок и истоштеност за време на литургијата на папата Франциск

Од граѓаните кои ја следеле мисата на Папата на скопскиот плоштад, 27-мина побарале лекарска помош. За среќа не станува за сериозни случаи, туку за луѓе кои имале проблем со крвниот пртисок или истоштеност.На овие граѓани им помогнале екипи на Брза Помош како и волонтери од Црвен крст.Две екипи на Брза Помош го следеа и движењето на папата Франциск низ градот, а покрај него ќе бидат се додека не замине од скопскиот аеродром.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

„Метлата“ на Заев ќе исчисти 15 функционери?

„Метлата“ на премиерот Зоран Заев ќе „исчисти“ функционери од секое ниво на власта. Извори од СДСМ брифираат за ТВ Алсат дека премиерот направил список со над 15 имиња кои ќе бидат сменети.Во него, според телевизијата, има потпретседател на партијата, министри, пратеници, градоначалници, директори и други функционери.Меѓу ресорите каде може да има промени се  министерството за информатичко општество, за земјоделство, но и во здравство. Се шпекулира и трампа на министерствата за правда и за образование.Извори од ДУИ велат дека партиските крила од Гостивар и Тетово бараат да го добијат ресорот бидејќи ДУИ од Куманово веќе има две министерски функции.Коалициските партнери не дискутирале ниту за судбината на Министерството за култура, откако министерот Асаф Адеми вчера даде оставка поради здравствени причини.На списокот институции каде се очекуваат промени на кадри се споменува и МНР. Неофицијално, Никола Димитров бара да замине од министерската фотелја, но причините не се откриваат.

Македонија | пред 6 години

6 год.
antonija-klasnovic-696x407

Девојката чија желба се исполни – го запозна папата

Антонија Класновиќ е девојка од земјава, која беше една од посетителите на мисата, кои имаа можност да се качат на бината на плоштадот „Македонија“ и да се поздрават со поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск.Понтифот одржа миса на плоштадот пред голем број граѓани – верници од земјава, но и странство, почесни гости, македонскиот државен врв, љубопитни граѓани, кој таму беа за да видат една светски позната личност. Упати порака за за мир, соживот, за поголема љубов кон Бога и кон луѓето, а откако мисата заврши католичните верници имаа можност да се причестат.Антонија во разговор за МИА вели дека ова бил еден од најсреќните моменти во нејзиниот живот.-Многу сум среќна затоа што сум тука. Затоа што верувам во Бог. Ова е еден од најсреќните моменти во мојот живот. Отсекогаш сум сакала да го запознаам папата, вели таа.Извор: Независен.мк 

Македонија | пред 6 години

6 год.
1-5-1

Заев: Понекогаш забораваме на христијанските вредности

На прес-конференција по литургијата на папата Франциск, премиерот Зоран Заев одговарајќи на прашањето „Дали зборовите на Папата од денешните пораки за вашето мултикултурно општество ќе ви помогнат во вашите евро-атлантски интеграции?“ рече дека понекогаш сите, вклучувајќи ги и политичарите забораваат на христијанските вредности.„Да, тие зборови се големо охрабрување за нас. Понекогаш сите ние, вклучувајќи не и нас политичарите, ги заборавиме христијанските вредности на кои треба да бидеме фокусирани во нашето секојдневие, кои не охрабруваат за решенија на проблемите. Јас верувам дека имаме капацитети да ги совладаме сите прашања што стојат пред нас што не држат долго време надвор од ЕУ. За мене лично, ова е охрабрување да го продолжам нашиот пат кон полноправно членство во ЕУ. Ова лето ја чекаме позитивната одлука на Европскиот Совет и дека, конечно, после 14 години, ќе ги отвориме поглавјата од преговорите со ЕУ. Тоа водечката мотивација за целото општество за да го подобриме квалитетот на животот на граѓаните, да ги продолжиме реформите“, рече Заев.

Македонија | пред 6 години

6 год.
2-3

ВИДЕО: Спасовски вели дека е поддршка на полицијата, а МВР се спрма за ЕУ и НАТО

“Чест ми е што се обраќам денес пред вас, по повод Денот на полицијата. Задоволството е уште поголемо што денес, сите ние сме сведоци на она што го постигнавме во изминатиот период. Навистина, се соочивме со многу предизвици кои беа резултат на општествено-политичките текови во нашата земја, но и резултат на негативни исуства во минатото. Денес, Министерството за внатрешни работи веќе јасно ги има контурите на институција која што претставува заштитник на слободите и правата на граѓаните, на нивната сигурност и безбедност, како и на сигурноста и на безбедноста на општеството во целина“. Ова меѓу другото, го истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во своето денешно поздравно обраќање по повод одбележувањето на “7-ми Мај“ Денот на полицијата што се одржа во кругот на Министерството за внатрешни работи во Скопје.Потенцирајќи ја јасно декларирана политичка волја за промени, министерот Спасовски нагласи дека полицијата, како фундамент на севкупната безбедност во државата, зачекори во период на интензивни и динамични реформи, во кои што пак министерството не настапуваше самостојно, туку работејќи заедно со меѓународните партнери, академската јавност и граѓанското општество, со што беа отворени вратите на инсититуцијата која порано беше недопирлива.“Ги поставивме новите рамки на визијата за полицијата како реален сервис на граѓаните, и пред нас допрва се поставуваат нови, исто така, важни задачи и цели чија имплементација и операционализација ќе донесе објективни професионални стандарди и вредности во чија што основа стои најкруцијалното од сите начела - владеењето на правото. Она што всушност им е најважно на граѓаните“, истакна Спасовски.Како што посочи министерот Спасовски - “нашата држава, после деценискиот застој, направи извонредно голем чекор напред во конечното остварување на примарната стратешка цел на државата - наше целосно, полноправно асоцирање во евро-атлантските интеграции. Тој чекор мора подготвено да го следат сите институции на системот и следствено на него да се надградуваат, унапредуваат, професионализираат, стандардизираат. Полицијата тоа, без дилема го прави“.На крајот обраќајќи им се на сите припадници на МВР министерот Спасовски порача: “почитувани колеги, припадници на министерството од вас, од нас граѓаните очекуваат да бидеме вистински и бескомпромисни чувари на законитоста, на редот и поредокот, на сигурноста и безбедноста на секој граѓанин. Јас сум вашата поддршка и заедно ќе одговориме на новите предизвици“.Одбележувањето на Денот на  полицијата започна со заедничко положување цвеќе на споменикот на загинатите припадници на МВР од страна на министерот за внатрешни работи Спасовски и претставници на роднините на загинатите припадници на МВР. Исто така, за децата и семејствата на загинатите припадници беа врачени решенија за одмори во одморалиштата на МВР.  Делегации од министерството посетија и неколку институции за згрижување на деца, при што на дечињата им беа врачени пригодни подароци.  

Македонија | пред 6 години

6 год.
zname-struga

Стружанец агресивно се однесувал со полицаец, по што го привеле

На 06.05.2019 година околу 16.00 часот на ул.,,Пролетерски Бригади“ во Струга, О.М.(49) од село Лабуништа, струшко, кој управувал патничко возило „Ауди А6“, агресивно се однесувал и удрил полициски службеник кој преземал службени дејствија.О.М. бил приведен во Полициската станица Струга и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 6 години

6 год.
policija-ilustracija-1

50-годишна жена натепала дете сред Скопје

На 06.05.2019 година во 14.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека истиот ден околу 13.00 часот на улицата „Иван Цанкар“, К.Ѓ.(50) од Скопје физички нападнала 16-годишен малолетник.Сочинет записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

Скопје | пред 6 години

6 год.
policija-6

Нов напад на малолетно дете во Скопје од непознати лица

Нов напад на малолетник во Скопје. Имено, изминативе неколку дена, во билтенот на МВР беа објавени повеќе тепачки низ главниот град. Денес, нов случај.„На 06.05.2019 година во 17.15 часот во СВР Скопје, Г.Т.(41) од Скопје пријавила дека истиот ден  околу 14.00 часот на булеварот „Видое Смилевски Бато“ нејзиниот 14-годишен син бил физички нападнат од две лица. Се работи на расчистување на случајот“, велат од МВР.

Скопје | пред 6 години

6 год.
policija-leptokarija

По натпреварот меѓу „МЗТ“ и „Работнички“ демолиран е автобус, има повредени

На 06.05.2019 година околу 21 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булевар „АВНОЈ“, по завршување на кошаркарскиот натпревар помеѓу екипите на „МЗТ Скопје“ и „Работнички“,  лицe фрлилo камен кон автобус што ги превезувал навивачите на кошаркарскиот клуб „Работнички“, при што скршил прозорско стакло.Притоа, Х.Н.(17) и М.Б.(17), двајцата од Скопје, се здобиле со повреди и им била укажана помош во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
policija

Полицијата објави како фатила двајца дилери на дрога во Гостивар

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава  против Л.М.(25) од Гостивар, Ј.З.(27) од село Долна Бањица и А.М.(27) од село Балиндол, госtиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.На 02.10.2018 година во село Мало Турчане, гостиварско, полициски службеници дале знак за запирање на патничко возило „Опел Тигра“ во кое се наоѓале пријавените. Возилото не застанало, продолжило со движење, при што од него фрлиле кеса со марихуана. По преземени мерки, пријавените биле лишени од слобода.

Македонија | пред 6 години

6 год.
59519038_10211296518248173_9149801759630163968_n

(ФОТО) Груевски промовира книга: Да не беше Унгарија, немаше да успеам

Експремиерот и бегалец Никола Груевски најави промоција на неговата книга „Искуства од иднината“ на Саемот на книгата кој се отвора утре.„Книгата ,,Искуства за иднината“ е всушност мојот докторски труд на тема: ,,Економските ефекти на различните видови на меѓународни текови на капитал со посебен осврт на Република Македонија“ одбранет во јули 2018 година на Економскиот факултет при универзитетот „Св. Ки­рил и Методиј“ во Скопје, Република Македонија.Овој докторски труд го одбранив пред петчлена комисија на профе­сори: проф. д-р Методија Несторовски како претседател на комисијата, ина­ку мој ментор во времето кога го подготвував и одбранив магистерски­от труд, проф.д-р Михаил Петковски, ментор на овој докторски труд и рецензент на книгата, проф. д-р Живко Атанасовски, кој е исто така рецен­зент на оваа книга, проф. д-р Љубе Трпески и проф. д-р Владимир Фи­липовски. На сите им благодарам за поддршката, професионалниот однос и за соработка­та“, вели Груевски.ПОЛИТИЧКИТЕ ОКОЛНОСТИВО ВРЕМЕТО НА ИЗДАВАЊЕ НА КНИГАТАНеизбежно е да потенцирам дека оваа книга се издава токму во вре­ме на сложени политички случувања во Македонија и кога веќе поло­вина го­дина имам статус на личност со доделен политички азил како поли­тичко про­гонето лице и се наоѓам во Република Унгарија.Издавањето на книгата не одеше според планот кој го имав во летото 2018 година.Издавањето беше планирано да се случи во јануари 2019 година, по довршување на одредени дополнувања во книгата поврзани со обезбедува­ње и внесување дополнителни податоци објавени по предавањето надоктор­скиот труд за одбрана, а заради поголема актуелност на книгата.Но, кампањата на политичкиот прогон кон мене кулминираше есента 2018, а нејзините креатори толку многу брзаа да ме затворат и отстранат, користејќи лажни клевети и неосновани политички мотивирани обвиненија, што му одредија на судот кој им беше потчинет, да не ми дозволи време пред извршување на незаслужената санкција, околу два месеци колку што побарав, за да ги завршам спомнатите дополнувања кои пла­нирав да ги вметнам и кои сега, пред нејзиното издавање, веќе ги вмет­нав во книгата.Впрочем, веројатно ќе го доловам можеби најголемиот дел од мотивот за политичкиот прогон против мене, ако само потенцирам дека докторскиот труд од кој произлегува оваа книга е завршен и одбранет пред струч­ната комисија во време кога сѐ уште мојата татковина во нејзиниот Устав се нарекуваше Република Македонија. Книгата која произлегува од докторскиот труд се објавува кога веќе тоа име, на еден брутален и недемократски начин, со валкани уцени и притисоци, политички мотивира­ни обвиненија, монтирани судски процеси и апсења, а сето ова со под­дршка на силна медиумска кампања, е променето во Република Северна Македонија, заедно со бројни други чекори поврзани со идентитетот на Македонците, историјата на македонскиот народ, а во тој контекст и образованието и културата.На крајот, врз основа на повеќе околности, кои подетално ќе бидат предмет на обработка во друга книга, произлезе и потребата да побарам политички азил во странство и сите тие историски збиднувања во Македонија го одложија издавањето на оваа книга.Можам само да се заблагодарам на институциите на Република Ун­гарија, кои по деталните интервјуа и проверки по моето доаѓање тука, како независни институции на суверена држава, проценија дека има доволно причини да добијам заштита преку доделување на политички азил во согласност со меѓународните конвенции и унгарското законодавство како земја членка на Европската унија и на НАТО.Без тоа, оваа книга, немаше да биде во Вашите раце“, додава Груевски.

Македонија | пред 6 години

6 год.
ASNOM-pocetok-na-izgradba-na-nov-most-1

Изградил стамбен објект без дозвола, по што доби кривична пријава

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава  против И.Џ.(54) од село Долна Бањица, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.Во периодот од јули 2018 година до април 2019 година во Гостивар, на улица „Сретко Крстевски’’, пријавениот како инвеститор изградил станбен објект без одобрение за градба.

Македонија | пред 6 години

6 год.
vardar-meskov-brest

Ќе „грми“: Вардар на мегдан со Барселона во полуфиналето од Ф4!

Ракометарите на Вардар ја добија Барселона за противник во полуфиналето на завршниот Ф4 турнир што ќе се игра во Келн, Германија.Каталонците беа ривал на македонскиот првак и пред две години кога вардарци го освоија трофејот.Во другото полуфинале ќе играат Веспрем на Дејан Манасков и Киелце.Оваа сезона Вардар одигра два натпревара со Барселона во групната фаза и двапати беше поразен.Завршниот турнир од елитното ракометно натпреварување ќе се игра на 1 и 2 јуни.

Спорт | пред 6 години

6 год.
1-M.mk-Videos-Google-Chrome

(ВИДЕО) Паштети, мајонез, парички: Посетителите си ги бараат предметите по мисата на папата Франциск

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, денеска отслужи миса на плоштадот „Македонија“ во Скопје на која присуствуваа околу 15.000 граѓани од земјава, како и верници од странство. Поради засилените безбедносни мерки, граѓаните беа принудени да остават многу од своите лични предмети пред влезот на плоштадот.Од видеото објавено од МИА се гледа дека, и покрај апелите на на надлежните на миса да не се доаѓа со чадори, запалки, храна и слично, многумина не ги послушаа.Во продолжение погледнете со што сѐ дојдоа граѓаните на миса:

Македонија | пред 6 години

6 год.
2

Посетата на папата е охрабрување на сите кои немаат надеж, сметаат верници од Хондурас и Шпанија

Меѓу верниците на плоштад Македонија кои ја проследија литургијата на поглаварот на Римокатоличката црква беа и Росио Падрес од Хондурас и Роса од Бургос од Шпанија.Двете се дел од Мисијата во Католичката црква во Белград. Росио е присутна во мисијата повеќе од осум години, а на Роса ова и е втора година.Рoсио вели дека посетата на папата е охрабрување на сите оние кои немаат надеж.– Сигурно како и секој пат тој ќе упати еден охрабрувачки збор што ќе ги охрабри младите да продолжат понатаму, рече Падрес.Прочитајте повеќе на Независен.мк

Македонија | пред 6 години

6 год.
CY4ql_AWEAE2swP

Како да и објаснам на ќерка ми дека татко ѝ умира: Животна драма на поранешниот репрезентативец

Поранешниот репрезентативец на Холандија и легенда на Ренџерси, Фернандо Риксен, се бори со тешка невролошка болест, позната како АЛС.Риксен кариерата ја започна во Фортуна, во 1997 година помина во АЗ Алкмар, за да три години подоцна го облече дресот на Ренџерс, во кој се прослави. Шест години со голем успех настапуваше за славниот клуб од Шкотска. Во 2006 година помина во Зенит, а после повторно се врати во Фортуна. Ја заврши кариерата во 2013 година кога му е дијагностицирана неизлечливата болест.Кога откриле дека боледува од АЛС, лекарите му соопштиле на Риксен дека му остануваат само 18 месеци живот. Меѓутоа тој не се предал. Шест години води жестока борба со тешката болест, се обидува да живее нормално, колку што е можно, но неговата состојба се влошува од ден во ден. Неговите мозочни неврони умираат секојдневно и веќе подолго време е прикован за количка. 10 часа дневно носи маска за кислород, бидејќи не може да дише.Неговата најголема инспирација е ќерката Изабела (6). Неговата куќа се наоѓа во близина на Валенсија, каде тој очајнички сакал да престојува, но поради неговата состојба тоа е неизводливо. Во болница е и таму ќе остане до крај на животот.На него и жена му најтешко им паѓа што не можат на ќерката да и објаснат што се случува со татко и`.-Таа се уште прашува кога тато ќе се врати дома и тоа ми е најболно. Не смеам да и кажам, што се случува, бидејќи не знам како тоа ќе го поднесе. Таа разбира дека тато не може да зборува, да оди, но не сфаќа дека наскоро тој ќе умре, очајна е сопругата на Риксен, Вероника.И тој е очаен поради се` што му се случува.-Лут сум поради болеста. Лут сум што зависам од други. Не можам ништо сам. Фрустриран сум, вели прославениот фудбалер.Извор: Курир.мк

Магазин | пред 6 години

6 год.
458B0620-85B3-4EEF-9D25-ECA0C0BEB04E_mw800

Експремиерката на Хрватска дојде на литургијата кај папата

Поранешната хрватска премиерка Јадранка Косор денеска присуствуваше на мисата на папата Франциск на плоштадот „Македонија“ во Скопје.Таа мисата ја следеше во првиот ред, веднаш до семејството на премиерот Зоран Заев.

Македонија | пред 6 години

6 год.
59906726_10156420778226158_1365236310872162304_n-768x702-696x636

ФОТО: Иванов со уникатен поклон за папата

Претседателот Ѓорге Иванов за време на денешна средба во вилата на Водно на папата Франциск му подари резбан албум со авторски фотографии од христијанското културно-историското наследство на земјава.-Станува збор за албум со авторски фотографии, избрани лично од претседателот Иванов, а врз основа на концепт на релевентни македонски експерти од областа на духовното и културно-историското наследство на Македонија. Фотографиите се укоричени во резба изработена од охридски копаничар. Албумот содржи 153 фотографии низ кои е претставен дел од милениумската христијанска историја, традиција и уметност во Македонија. Меѓу нив има ранохристијански мозаици и базилики, средновековни цркви, фрески, икони и ракописи, како и резбани иконостаси од македонските манастири, соопшти кабинетот на Иванов.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања