Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
zaev-za-kandidat

Заев ги сака Макрон и Меркел во Македонија, а тој ќе ја следи мисијата на Мајка Тереза

Посетата на Папата Франциск на земјава е доказ за иднината – вели премиерот Зоран Заев.Тој не сакаше да го коментира обраќањето на претседателот Ѓорге Иванов бидејќи како што рече ова е ден за убави пораки. Според Заев, светата литургија со која Папата ги благослови сите католици, но и сите граѓани во земјава е израз на почит . ,,Тоа е силен почит и поттик за сите нас, тоа е силна порака која што денеска беше пренесена низ светот”, рече Заев и додаде: ,,Нашиот народ ја следи мисијата на Мајка Тереза, што го потврдивме на овој денешен настан на заедништво”.Прашан кои се неговите следни цели, Заев одговори дека се надева следен што ќе ја посети Македонија ќе биде претседателот на Франција, Емануел Макрон.-Макрон барем десет пати, премиерот Руте и канцеларката Меркел. Бидејќи Ципрас го направи тоа, Борисов исто така. Првата цел ја завршивме, ќе бидеме членка на НАТО, останува уште ЕУ, втората и подеднакво важна цел е да добиеме датум за преговори – рече Заев.  

Македонија | пред 6 години

6 год.
stevo-pendarovski

Пендаровски без коментар по говорот на Иванов

Новоизбраниот претседател, Стево Пендаровски кој присуствуваше на обраќањето на Папата Франциск во претседателската вила на Водно, во изјава за ТВ24 вели дека ова е повод за сплотување, а власта и опозицијата да работат за она што е најважно, за државата и покрај политичките разлики.-Ова се убави поводи да се сплотиме и оние стандардни политички разлики да ги ставиме на страна и навистина да се заложиме за она што ни е најважно, а тоа е нашата татковина, резервна татковина немаме, тука ќе останеме да живееме. Наспроти сите разлики кои ги имаме на политички план треба да се договориме околу некои битни работи, мислам дека на сите ни е најважно овде да живееме во мир, разбирање, со респект еден кон друг и се надевам дека од денеска натаму и ова ќе биде повод плус да размислиме на таа тема повеќе, изјави Пендаровски за Телевизија 24.

Македонија | пред 6 години

6 год.
goli-noze

ФОТО: Сопругите на Мицкоски, Иванов и Заев со голи нозе го дочекаа папата

Непочитување на дрес-кодот при спредба со папата Франциск денес покажаа сопругите на премиерот Зоран Заев, претседателот во заминување Ѓорѓе Иванов и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тие на средбите со папата се појавија во кратки здолништа, со голи нозе, што е недозволено според правилата на Ватикан.„При средбите со папата, прифатливо е жените да носат фустани под коленици во црна боја, со едноставен крој. Тие треба да бидат со покриени раменици“, пишува на официјалната страна на Ватикан, во делот за дрес-код.Зорица Заева, Маја Иванова и Рози Мицкоска се облекоа спротивно на правилата на Ватикан.Интересно е што Владата подолго време испраќаше насоки кои треба да се почитуваат кога стануваше збор за посетата на папата Франциск во земјава, но очигледно, не бил задолжителен за секого.Дрес-кодот на Ватикан, во продолжение:

Македонија | пред 6 години

6 год.
papa-R-makedonija

Папата кај Иванов се фотографира пред Република Македонија

На официјалната страна на сеуште актуелниот претседател д-р Ѓорге Иванов поставени фотографии од средбата на Иванов со поглаварот на римокатоличката црква папата Франицис.На официјалната Фејсбук страна пишува:„Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска беше домаќин на Поглаварот на Kатоличката црква, Неговата Светост Папата Франциск, кој на покана на македонскиот претседател престојува во Апостолска посета на Република Македонија“.Инаку претседателот се обрати на приемот и меѓу другото кажа:-Мојот мандат како претседател го завршувам со тоа што Ве пречекувам Вас во Република Македонија. Mорам да Ви признам дека бев во големо искушение да го искористам Вашето присуство и фокусот на светските медиуми и да зборувам сè најдобро за мојата држава и за мојот народ. Би можел да се осврнам на мисијата на Св. Апостол Павле во Македонија што го отвори патот за христијанството во Европа. Или, пак за мисијата на Св. Кирил и Методиј и Св. Климент и Наум Охридски кои придонесоа за културното и духовно издигнување на словенските народи. Би можел да го истакнам шествековното мирно искуство со исламот што позитивно го оформи македонскиот модел на соживот и почитување на различноста. Да не заборавиме дека најпознатата ќерка на овој соживот стана мајка на 20 век – Св. Мајка Тереза.Искушението да зборувам за славното минато е големо. Но, верувам дека е многу поважно да зборувам за неизвесната сегашност, колку и да е тоа тешко. А вистината е дека Вие доаѓате во време кога македонското општество е длабоко поделено, а македонската држава е тешко ранета поради прекршени ветувања, изневерени очекувања и разнишана доверба во меѓународната заедница. Децениските блокади на нашиот европски пат доведоа до политички и морални кризи што го намалија нашиот духовен имунитет и ги еродираа вистинските и трајни вредности. Крстот и полумесечината, црквата и џамијата се злоупотребуваат како граничници и тврдини за маркирање и бранење на некакви си замислени територии. Како да се заборава дека сите ние сме луѓе, независно од нашата вера, истакна меѓудругото Иванов.

Македонија | пред 6 години

6 год.
podzemen-svet-mai

(Видео) Археолози веруваат дека открија подземен свет од древната цивилизација на Маите

Тим на археолози од Полска веруваат дека го пронашле влезот во подземниот свет на древната цивилизација на Маите. Археолозите велат дека откриле докази за принесување на човечки жртви.  Наоѓалиштето е откриено на само неколку метри од местото каде се одиграла последната битка на древната цивилизација на Маите со Шпанија на езерото Петен Ица во Гватемала.Полскиот истражувачки тим открил над стотина артефакти, вклучувајќи и докази за ритуали, па и човечки жртви, а на островот на сред езерото веруваат дека постојат докази за конечната битка против шпанските освојувачи.„Водата имала специјално и симболично значење во верувањата на древните Маи. Се сметало дека тоа се вратите кон подземјето, светот на смртта – Сибалба, каде живеат нивните богови”, рекла лидерката на тимот, Магдалена Крземиен.https://twitter.com/pennewsagency/status/1123595303641333760?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1123595303641333760&ref_url=https%3A%2F%2Ftocka.com.mk%2Fvesti%2F306366%2Fotkrien-premin-vo-podzemniot-svet-na-maite-se-naogja-na-mestoto-kade-se-odigrala-poslednata-bitka-na-drevnata-civilizacija-so-osvojuvaciteСе смета дека Маите тие артефакти ги испуштиле или намерно спуштиле во езерото како подарок за боговите. Еден од нив е острица која можеби е користена за крвави ритуали на жртвување. Тие можеле да убијат некого ако не боговите им понуделе човечка крв.Пронајдени биле и керамички садови, а некои од нив содржат и животински коски. Уште едно интересно откритие се однесува на островот на езерото, познато како Флорес.Обредните реликвии од езерото се предколумбовски, а датираат од 150-та година пред новата ера па се до 800-тите години од новата ера. Меѓутоа, Магдалена нагласува дека тимот извршил само извидување на местото, но дека не ги довршил целосните ископувања.„Треба да направиме подводни ископувања за да бидеме сигурни дека подрачјето во кое ги пронајдовме тие објекти ило подрачје на обредни активности. Моментално не можеме да бидеме сигурно околу контекстот на предметите”, рекла таа.

Свет | пред 6 години

6 год.
bombi-podgorica

Пронајдени заостанати НАТО бомби на аеродромот во Подгорица

Во близина на цивилниот аеродромот во Подгорица, пронајдени се голем број касетни бомби на НАТО, а според најновиот извештај, до пред 15 дена на аеродромот се најдени и уништени најмалку 28 такви бомби и минско-експлозивни средства.– Вистинска среќа е што до денеска никој не настрада, со оглед на тоа што се знае дека работници во близина на аеродромот на Црна Гора ги одржуваат зелените површини околу стазите, пишува подгоричкиот весник „Дан“.Експерти од странство се вклучени во откривање и деминирање на касетните бомби. Деминирањето се врши рано наутро или кога нема летови.Владата на Црна Гора, како што се наведува, беше запознаена дека на аеродромот во Подгорица и околината има голем број заостанати касетни бомби, иако војската и полицијата претходно вршеа таканаречено воено деминирање.  

Свет | пред 6 години

6 год.
zena-papa

Самохрана мајка, му ја раскажа својата тажна приказна на папата: Кога ми беше најтешко бев прифатена од чесните сестри

Папата Франциск во дворот на Меморијалниот центар ,,Мајка Тереза” се сретна и благослови граѓани кои припаѓаат на социјални ранливите категории. Една самохрана мајка, му ја раскажа својата тажна приказна и истакна дека кога се нашла во тешка животна ситуација заедно со нејзината ќерка била прифатена од Чесните сестри, иако е од православна вероисповед и упати благодарност до Чесните сестри и Светиот отец, додавајќи: ,,Чесните сестри никогаш не настојуваа тоа да се смени или јас да ја променам верата. Тие се грижеа за нас, ни дадоа покрив над главата, разбирање и се што требаше”.По напуштањето на дворот на Спомен куќата на Мајка Тереза, Неговата Светост Папата Франциск кон плоштадот ,,Македонија” каде што тој чиноначалствуваше со светата Литургија, се движеше во својот папа-мобил и се поздравуваше со присутните верници.

Македонија | пред 6 години

6 год.
1-3-1

Папата Франциск се сретна со верските лидери

Поглаварот на Римокатоличката црква Папата Франциск во рамки на апостолската посета на земјава, по официјалниот пречек и средбата со претставниците на државниот врв, ја посети Спомен куќата на Мајка Тереза каде оствари средба со религиозните лидери и граѓани од ранливи категории.Во кусото обраќање, сестрата од редот на Мајка Тереза, му посака добредојде на Неговата Светост Папата Франциск, нагласувајќи дека посебно и е мило бидејќи Скопје е родното место на големата Светица, Мајка Тереза.„Различни сме еден од друг по националност, јазик, раса и вера со болни и потресни искуства, но сите соединети во надеж, една човечка надеж, која бара достоинство и помош, но пред сѐ Божествена надеж која е жива во сите нас, Чеда Божји”, упати зборови на благодарност сестрата од Сестрите Мисионерки на Божјата Љубов.

Македонија | пред 6 години

6 год.
1-1-1-1

(ВИДЕО) Папата Франциск: Света Мајка Тереза моли се за овој град, за овој народ

Поглаварот на Римокатоличката црква Папата Франциск во рамки на апостолската посета на Република Северна Македонија, по официјалниот пречек и средбата со претставниците на државниот врв, претседателот на државата Ѓорге Иванов и претседателот на Владата Зоран Заев ја посети Спомен куќата на Мајка Тереза каде се сретна со највисоките претставници на Македонската православна црква, на Исламската верска заедница, останатите верски заедници, религиозните лидери, роднини на Мајка Тереза и граѓани од ранливи категории.Во Меморијалниот центар ,,Мајка Тереза” Папата Франциск беше пречекан од Главната сестра и три сестри на Сестрите Мисионерки на Божјата љубов, редот на Мајка Тереза и едно дете кое му предаде букет цвеќе.Папата Франциск се помоли пред реликвиите од Мајка Тереза изложени на олтарот во Капелата во Меморијалниот центар на света Мајка Тереза.,,Молиме, Света Мајка Тереза, мајка на сиромашните, твое посебно застапништво и твоја помош, тука, во градот на твоето раѓање, каде беше твојот дом. Тука сте го добиле дарот на повторното раѓање во светите тајни на христијанската иницијација. Тука ги слушнавте првите зборови на верата во твоето семејство и во заедницата на верниците. Тука научи од твоите родители да ги сакаш оние кои имаат најмногу потреба и да им помагаш”, спомена меѓудругото во молитвата Светиот Отец Папата Франциск.

Македонија | пред 6 години

6 год.
brza-pomos

Сообраќајна несреќа на регионалниот пат Скопје-Велес, повредена жена

На 06.05.2019 година во 17.20 часот на регионалниот пат Скопје-Велес, кај с.Трубарево, патничко возило „Фолксваген Пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(52) од с.Огњанци, скопско, удрило во пешакот С.В.(34) од Скопје и нејзината малолетна ќерка. Во незгодата С.В. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, а девојчето се здобило со телесни повреди.Извршен бил увид на местото на настанот од екипа на СВР Скопје.

Македонија | пред 6 години

6 год.
soobrakajka1-1

Собраќајна несреќа, едно лице се здобило со тешки телесни повреди

На 06.05.2019 година во 20.10 часот на регионален пат Тетово-с.Јажинце, кај крстосницата за локалниот пат за с.Лешок, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Даеву Тико“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ш.И.(40) од с.Добарце и патничко возило „Фолксваген Голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Р.М.(64) од с.Теарце. Во незгодата Ш.И. се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничкиот центар Тетово, а потоа бил префрлен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид извршила екипа од СВР Тетово.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Велешани извршиле компјутерска измама, се стекнале 295.155 денари

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Т.А.(34) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „компјутерска измама“, против П.А.(32) од Велес и Е.А.(26) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“ во врска со „компјутерска измама“. Пријавениот Т.А. набавил незаконска SIMBOX опрема и заедно со пријавените П.А. и Е.А. набавиле СИМ картички и овозможиле користење на опремата, притоа вршејќи нелегална терминација(пренесување) на GSM сообраќај во радиофрекфенциски опсег доделена на два мобилни оператори. На тој начин, во периодот од сепетември 2018 до април 2019 година, пријавените се стекнале со противправна имотна корист од вкупно 295.155 денари.На 10.04.2019 година, врз основа на судска наредба, Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика извршил претрес во домови во Скопје и Велес, при што во домот во Скопје биле пронајдени и одземени два рутери, мемориска картичка и други предмети. Додека при претресот на домот во Велес биле пронајдени и одземени еден SIMBOX уред со полнач, мобилен телефон и поголем број СИМ картички.

Македонија | пред 6 години

6 год.
marihuana2

Кај кавадарчанка пронајдена марихуана

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кавадарци поднесе кривична пријава против Е.Д.(37) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.На 17.01.2019 година околу 21.30 часот во Кавадарци полициски службеници извршиле преглед кај пријавената, при што пронашле и одзеле марихуана. Додека, при претрес во домот на пријавената, исто така, била пронајдена и одземена марихуана и семки од растението канабис.

Македонија | пред 6 години

6 год.
ivanov-govor-papa

Претседателот Иванов: Доаѓате во време кога македонската држава е тешко ранета

Претседателот, Ѓорге Иванов, го пречека папата Франциск во претседателската вила Водно каде се обрати на свечена церемонија и порача дека присуството на папата може да помогне, како што рече, во духовната обнова на земјата.-Доѓате во време кога македонското општество е длабоко поделено, а македонската држава е тешко ранета поради прекршени ветувања и изневерени очекувања и разнишана доверба во меѓународната заедница. Децениската блокада на нашиот европски пат доведе до политички и морални кризи кои го намалија нашиот духовен имунитет и ги еродираа вистинските и трајните вредности. Црквата и џамијата служат за злоупотреби како граничници, тврдини за маркирање и бранење на замислени територии, како да се заборава дека сите ние сме луѓе без разлика на нашата вера – рече Иванов.Тој додаде дека иако е православен христијанин, ги претставува сите граѓани, независно од нивната религија.Во продолжение говор на претседателот Иванов:Ваша Светост,Вашата апостолска посета на Република Македонија е полна со симболика. Но, тука има еден проблем. За современиот човек, симболот е испразнет од суштината. Слободата, еднаквоста, правдата, човековите права се симболи што ги инспирирале генерациите да се борат против ропството, сиромаштијата, неправдата и уништувањето. Денес, овие зборови почнаа да го губат значењето. А кога зборовите и симболите го губат нивното значење, луѓето ја губат нивната слобода.Но, во христијанството, симболот не е само сликовита претстава за суштината, туку сад што во себе ја содржи самата суштина на она што го претставува. Изворното значење на симболот е препознавање и поврзување на два дела од една целина кои иако долго време биле одвоени, сепак меѓусебно се совпаѓаат. Посланието до Диогнет зборува за ваквата природа на симболот: „бидејќи христијаните не се разликуваат од другите луѓе според територијата, говорот или, пак, обичаите. [...] Тие живеат во своите земји, но само како кираџии; тие учествуваат во сè како граѓани, а го поднесуваат секое бреме како туѓинци. Секоја странска земја им е татковина, а секоја татковина туѓина [...] Нивниот престој е на земјата, но тие се граѓани на небото." Христијаните се препознаваат и поврзуваат преку евхаристијата како симбол на прекршеното тело Христово. А Вие, Ваша Светост сте еден од симболите на тоа единство.Во нашата ера на конзумеризам, корпоративизам и постхуманизам, Вие нас нè потсетувате дека постојат нешта кои имаат вредност, а немаат цена. Светоста на човековиот живот, интегритетот на човечката личност, достоинството на различноста.Вие нè поттикнувате да ги земеме предвид не само нашите непосредни потреби, туку и потребите на другите. Да направиме простор за другите во нашите животи и во нашите заедници. Да ги надминуваме сите наши семејни недоразбирања во љубов. Нè освестувате за незаменливата улога на жените.Со сето тоа станавте инспирација за милиони луѓе низ светот. Но, како е тоа можно во време кога во неброени политички декларации овие симболи беа сведени на празни формулации.Благодарение на Вашите дела, ние ја препознаваме суштината на симболите. Кај Вас, зборовите се совпаѓаат со делата, а делата со вистинските потреби на човештвото.Затоа, длабоко сум убеден дека Вашите заложби за мир и единство, еднаквост и социјална правда, слобода на мислата, совеста и религијата, одржлив развој и владеење на правото прават реална разлика зашто се симбол на обновениот свет.Ваша Светост,Мојот мандат како претседател го завршувам со тоа што Ве пречекувам Вас во Република Македонија. Mорам да Ви признам дека бев во големо искушение да го искористам Вашето присуство и фокусот на светските медиуми и да зборувам сè најдобро за мојата држава и за мојот народ. Би можел да се осврнам на мисијата на Св. Апостол Павле во Македонија што го отвори патот за христијанството во Европа. Или, пак за мисијата на Св. Кирил и Методиј и Св. Климент и Наум Охридски кои придонесоа за културното и духовно издигнување на словенските народи. Би можел да го истакнам шествековното мирно искуство со исламот што позитивно го оформи македонскиот модел на соживот и почитување на различноста. Да не заборавиме дека најпознатата ќерка на овој соживот стана мајка на 20 век – Св. Мајка Тереза.Искушението да зборувам за славното минато е големо. Но, верувам дека е многу поважно да зборувам за неизвесната сегашност, колку и да е тоа тешко. А вистината е дека Вие доаѓате во време кога македонското општество е длабоко поделено, а македонската држава е тешко ранета поради прекршени ветувања, изневерени очекувања и разнишана доверба во меѓународната заедница. Децениските блокади на нашиот европски пат доведоа до политички и морални кризи што го намалија нашиот духовен имунитет и ги еродираа вистинските и трајни вредности. Крстот и полумесечината, црквата и џамијата се злоупотребуваат како граничници и тврдини за маркирање и бранење на некакви си замислени територии. Како да се заборава дека сите ние сме луѓе, независно од нашата вера.Само духовно променети луѓе можат да го променат духот на општеството. Но, за тоа е потребна личност со голем морален авторитет што ќе ѝ зборува на душата на нацијата. Длабоко сум уверен дека македонските граѓани, христијани, муслимани, Евреи или атеисти, токму во Вашата Светост гледаат таква личност. Многу млади лидери од мојата лидерска школа Ве посочуваат како лидер што најмногу ги инспирира.Затоа, симболично, како Македонец замолив да дојдете во Македонија и да ни помогнете во духовната обнова на нашата татковина.Ваша Светост,Иако сум православен христијанин, како претседател на секуларна држава, јас ги претставувам сите граѓани, независно од нивните верски и идеолошки уверувања и етничка и јазична припадност.За повеќе од милијарда католички христијани во светот, Вие, како поглавар на Католичката црква го претставувате Богочовекот Исус Христос. Оној кој на последната вечера, свесен за страшните страдања што му претстојат, знаејќи со сигурност дека во неговите раце е целата моќ, станал од вечерата и понизно им ги миел нозете на своите ученици.Во изминативе неколку години светот со зачуденост и неверување гледа како Вие симболички го повторувате истиот тој чин. Вие се наведнувате да им ги измиете нозете на болните и сиромашните, на затворениците и бегалците, на гладните и жедните, на отфрлените и маргинализираните, независно дали се христијани, муслимани, Евреи, хиндуси, будисти, атеисти... Верувам дека Вашите дела не се само уште еден истрошен симбол. Напротив. Вие нè потсетувате дека иако нашата човечка љубов кон Бога и кон луѓето е променлива, божјата љубов и верност кон нас луѓето е трајна. Со тоа, Вие го симболизирате патот на љубовта и милоста, понизноста и служењето. Пат што треба да го следиме и ние тука, во Република Македонија, независно од нашата вера или идеологија. Само така ќе можеме да им оставиме подобра иднина на младите и на сè уште неродените.И затоа ќе завршам со еден повик до сите мои сограѓани, до сите луѓе со добра волја и чисти срца, независно дали припаѓаат на православната, католичката или протестантската гранка на христијанството, независно дали се муслимани, Евреи или атеисти. Ве повикувам да ја препознаете симболиката на оваа посета и преку понизност и простување, помирување и сплотување, преку одговорност и почитување, да се вклучите во духовната обнова на Македонија пред да биде предоцна.Ваша Светост, уште еднаш, најискрено Ви благодарам што дојдовте во Република Македонија. Како Претседател, чест ми е да Ве поканам да се обратите пред присутните гости и пред македонската јавност.

Македонија | пред 6 години

6 год.
1-6

Папата од Претседателската резиденција: Ве охрабрувам да го следите започнатиот пат и да ја направите вашата земја светилник на мирот

Посетата на Неговата Светост, Папата Франциск, на нашата земја продолжи со официјалниот државен пречек во претседателската резиденција „Вила Водно“, каде што високиот гостин и неговата придружба од избрани кардинали, меѓу кои и државниот секретар на Ватикан Пјетро Паролин беа пречекани со највисоки државни почести.По интонирањето на државните химни на Ватикан и на Република Северна Македонија, смотрата на почесната воена гарда и поздравот на државното знаме на Република Северна Македонија, Папата Франциск имаше одделни средби со претседателот Иванов и премиерот Заев, на кои присуствуваа и членовите на нивните семејства.Светиот Отец, Папата Франциск, потоа се обрати пред присутните гости од државните институции на нашата земја, пред претставници на дипломатскиот кор, и пред претставниците на граѓанското општество и медиумите.Во своето обраќање Папата Франциск се заблагодари за можноста што му се укажа да ја посети нашата земја, и која доаѓа како прва посета на еден наследник на Апостол Петар на 25 годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи на Република Северна Македонија со Светиот Престол.„Вашата земја е мост помеѓу Истокот и Западот и место каде што се слеваат многу културни струи, каде што се обединуваат многуте карактеристики на овој регион. Со историските сведоштва од нејзиното византиско и отоманско минато, со монументалните тврдини низ планините и прекрасните иконостаси во старите цркви кои ја докажуваат христијанската присутност од времето на Апостолите, се изразува нејзината богата илјадулетна култура што ја наследила. Но, дозволете ми да кажам дека ова културно богатство е само огледало на вашето најценето и најважно наследство: мултиетничкиот и мултирелигискиот состав на ликот на вашиот народ, плод на богатата историја, и комплексните односи низ минатите години“, истакна Папата Франциск во своето прво обраќање пред македонската јавноста во рамките на неговата апостолска посета на нашата земја.Во своето обраќање Папата Франциск ја истакна солидарноста и хуманоста со бегалската трагедија што ја покажаа граѓаните и надлежните хуманитарни организации во Република Северна Македонија, и се задржа на мисијата на Светата Мајка Тереза која како наша сограѓанка, ја прошири својата мисија за помош на запоставените, на отфрлените и најсиморашните токму од Скопје.“Ве охрабрувам да го следите верно започнатиот пат и да ја направите вашата земја светилник на мирот, гостопримството и интеграција која ќе роди плодови помеѓу културите, религиите и народите. Тргнувајќи од соодветните идентитети и динамиката на нивниот културен и цивилен живот, тие ќе можат да изградат заедничка иднина, учејќи се од богатствата што секој од нив ги носи со себе. Бог да ве пази и да ја благослови Северна Македонија, да ја зачува хармонијата и да даде просперитет и радост!“ порача Светиот Отец, Папата Франциск во своето обраќање од претседателската резиденција Вила Водно после средбите со Претседателот Иванов и Премиерот Заев.Со почит, Координативно тело за организирање на посетата на Папата Франциск на Република Северна Македонија

Македонија | пред 6 години

6 год.
1-7

Премиерот Заев се сретна со Неговата Светост Папата Франциск

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и Неговата Светост Папата Франциск остварија одделна заедничка средба во рамките на програмата на апостолската посета на Неговата Светост и прв свештеник на Католичката Црква.На средбата, уште еднаш беше потврдена вековната духовна врска меѓу папската држава и нашата земја воспоставена со мисијата на сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј, и со чествувањето на нивното дело што секоја година заеднички се прославува во Рим и Ватикан.Премиерот Заев на средбата порача дека оваа Апостолска посета е инспирација за народот на Северна Македонија и го замоли Папата Франциск да се помоли за доброто на граѓаните и на земјата.На средбата меѓу премиерот Заев и Папата Франциск беше истакната заложбата Република Северна Македонија да ја продолжи својата афирмација како земја на заедништво и толеранција следејќи го примерот на делото на Светите Кирил и Методиј, кои во 1980 година Ватикан ги прогласи за покровители на Европа.Папата Франциск го поздрави и семејството на премиерот Заев, кога во завршницата на средбата им се придружија сопругата на премиерот Заев, Зорица, заедно со ќерката Александра.

Македонија | пред 6 години

6 год.
papa-poklon-majka-tereza

Кој е папата Франциск? Каде и како живее – факти за папата кои ќе ве изненадат

Денеска во земјава допатува поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск. Ова се некои факти за папата кои ќе ве изненадат:– Вистинското име на папата Франциск е Хорхе Марио Бергољо. Роден е во Буенос Аирес на 17 декември 1936 година. Тој е еден од петте деца на италијански доселеници.– Течно зборува италијански, германски и шпански, а ги владее и англискиот, француски и португалски. Студирал филозофија и дипломирал хемиска технологија. Пред да стане надбискуп на Буенос Аирес предавал книжевност, психологија, филозофија и теологија. Во 1986 година во Франкфурт одбрани докторат по теологија.– Папата Франциск обожува танго. На часовите по танцување ја запознал својата тогашна девојка. Но потоа го почувствувал религискиот повик. Кога имал 12 години на својата прва симпатија наводно и рекол: Ако тебе не те оженам, ќе станам свештеник.– За да се прехрани и да заработи за стан во младоста работел и како исфрлувач во ноќни клубови во Буенос Аирес.– Тој е страстен навивач на локалниот арегентински фудбалски клуб „Сан Лоренцо“.  Тој активно играл кошарка. Исто така поседува голема колекција од дресови од фудбалски клубови.– Откако стана папа, тој беше кандидат за Нобелова награда за мир. „Тајм“ го прогласи за личност на 2013 година. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
papa-zaev-raka

Папата не му дозволи на Заев да му ја бакне раката

На скопскиот аеродром Папата Франциск го пречекаа претседателот Ѓорѓе Иванов и премиерот Зоран Заев. Во моментот кога премиерот Заев тргна да му ја бакне раката, папата не му дозволи.Видеото e поставено на ФБ на инфомакс,.   

Македонија | пред 6 години

6 год.
zaev-papa

Заев на ФБ:Благословот на Светиот Отец е силна поддршка за сите нас

Премиерот Зоран Заев денеска се огласи на фејсбук по доаѓањето на Папата.- Го пречекавме Светиот Отец, неговата Светост Папата Франциск. Неговата светост ни пристигна со пораки кои ги потврдуваат вредностите на нашата заедница, убавината на различните култури, етнички заедници и религии што живеат во општество еднакво за сите. Благословот на Светиот Отец се силна поддршка за сите нас, напиша Заев.https://www.facebook.com/zaevzoran/photos/pcb.10157458132657932/10157458120242932/?type=3&theater

Македонија | пред 6 години

6 год.
darko-papa-stol

(ВИДЕО) Дарко од Скопје ја изработи столицата за Папата од орев стар 120 години

На крајот од село Волково во работилницата „Монозеро“ е изработен столот за Папата Франциск кој веќе стигна во Македонија. Дарко Христов, основач и сопственик на работилницата веднаш се согласил да го направи столот за Папата иако го изненадил повикот, јавува Телма.Изборот на материјалот го направил лично Дарко – орев стар меѓу 120 -130 години од охридскиот регион.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања