Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
lider-zaev-pobeda

(Лидер - ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО) Вице Заев слави победа: Жени качени на маса пеат за Заев!

Луда забава се случувала во хотелот „Вила Парк“ во Струмица по победата на Стево Пендаровски на претседателските избори. Ексклузивното видео кое присутни го доставија до редакцијата на „Економски Лидер“, прикажува каква забава организирал Вице Заев за изборната победа, објави lider.com.mk.Текстот во целост на: lider.com.mk

Македонија | пред 6 години

6 год.
sneg-galicica

Утрово снег на Галичица

Иако е пролет ниските темпаратури деновиве прават да се чусвтвуваме како да е зима. Утрово побелеа врвовите на планината Галичица.Во 6 часот во Охрид била измерена температура од  4 степени.Прогнозата за денеска од управата за хидрометеоролошки работи е Променливо облачно со услови за слаб локален дожд, а на повисоките планини ќе има врнежи од снег. Минималната температура ќе биде помеѓу 3 и 10, дневната ќе достигне од 9 до 18 степени.Утре, поради спуштање на студена воздушна маса од северозапад, ќе дува засилен северозападен ветер што ќе предизвика позначително опаѓање на температурите. Претпладне во западните делови ќе има услови за слаб дожд, а на повисоките планини ќе провејува слаб снег. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
Pendarovski-Press

Пендаровски: Mакедонската позиција кон Косово не ги оптоварува односите со Србија

Новоизбраниот претседател на Македонија Стево Пендаровски порача дека се надева на состанок со српскиот претседател Александар Вучиќ веднаш по преземањето на функцијата.Тој за весникот „Политика“ изјави дека смета оти македонската позиција во однос на Косово „не ги оптоварува билатералните односи меѓу двете земји и дека тие „по кратката криза се многу добри“.„Ние ја признавме независноста на Косово, а таа одлука ја донесовме согласно нашите стратегиски ориентации, имајќи го ставот на албанската заедница која е втора по бројност во нашата држава“, изјави Пендаровски.Тој додава дека Србија е една од најзначајните држави во регионот и оти ќе стори се соработката меѓу двете земји да се развива во позитивен правец.

Македонија | пред 6 години

6 год.
1-5

(Во ЖИВО) Папата Франциск во посета на Македонија

Неговата Светост, Папата Франциск, врховниот свештеник на Римокатоличката црква, пристигна во еднодневна посета на Република Северна Македонија.На аеродромот во Скопје, Светиот Отец, Папата Франциск го пречекаа Претседателот на Република Северна Македонија Ѓорге Иванов и Претседателот на Владата на РСМ Зоран Заев, и други високи претставници на Владата и на градот Скопје. Церемонијата вклучи и високи државнички почести и традиционален пречек на кој учествуваа и граѓани од нашата земја и регионот.Неговата Светост  на плоштадот „Македонија“ ќе одржи светата литургија.Светата литургија на плоштадот „Македонија“ ќе ја проследат десеттина илјади граѓани, припадници на Римокатоличката црква, како и други граѓани и највисоките претставници на државата и на општествено-политичките институции.

Македонија | пред 6 години

6 год.
1-2-1

(ФОТО и ВИДЕО) Папата Франциск во Скопје, го пречекаа Иванов и Заев

Неговата Светост, Папата Франциск, врховниот свештеник на Римокатоличката црква, пристигна во еднодневна посета на Република Северна Македонија.На аеродромот во Скопје, Светиот Отец, Папата Франциск го пречекаа Претседателот на Република Северна Македонија Ѓорге Иванов и Претседателот на Владата на РСМ Зоран Заев, и други високи претставници на Владата и на градот Скопје. Церемонијата вклучи и високи државнички почести и традиционален пречек на кој учествуваа и граѓани од нашата земја и регионот.Папата Франциск и неговата придружба во која се државниот секретар на Ватикан кардиналот Пјетро Паролин, кардиналите Леонардо Сандри и Курт Кох, задолжени за односи со источните цркви и за христијанско единство, како и десеттина надбискупи и други високи достојници на Римокатоличката црква и Ватикан, и бројната придружба на делегацијата, од аеродромот Скопје се упатија кон резиденцијата на Претседателот на државата каде што ќе биде приредена официјалната свечена церемонија на пречек со највисоки државнички почести.Во програмата на апостолската посета на Папата Франциск на нашата земја се средбите со претседателот Иванов и премиерот Заев, во придружба на нивните семејства, како и обраќањето на Неговата Светост Папата Франциск пред македонската јавност, пред претставниците на Собранието и на Владата, како и пред дипломатскиот кор во Северна Македонија и другите гости поканети на церемонијата на свечениот дочек во Вилата Водно.Според програмата на апостолската посета на Папата Франциск, Неговата Светост од Вилата Водно ќе пристигне во Спомен Куќата на Мајка Тереза каде што ќе се сретне со група граѓани од ранливите категории и со претставници на верските заедници во нашата земја.Од Спомен Куќата на Мајка Тереза, Неговата Светост и придружбата ќе заминат кон плоштадот „Македонија“ каде што ќе се одржи светата литургија со која ќе чиноначалствува Папата Франциск.Светата литургија на плоштадот „Македонија“ ќе ја проследат десеттина илјади граѓани, припадници на Римокатоличката црква, како и други граѓани и највисоките претставници на државата и на општествено-политичките институции.Во попладневните часови Папата Франциск ќе присуствува на Екуменска и меѓурелигиска средба со младите граѓани и граѓанки од земјата кои претходно се пријавија да бидат дел од оваа средба.Програмските содржини од првата, историска, средба на Папата Франциск на нашата земја ќе се заокружат со средба со свештениците, нивните семејства и богопосветените во катедралата „Пресвето Срце Исусово“, по што делегацијата на Ватикан ќе се упати кон аеродромот Скопје.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Падот на криминалната и одродена власт е започнат и неизбежен процес

После 5-ти мај во Македонија има нова политичка реалноста, a падот на криминалната и одродена власт е започнат и неизбежен процес. Уште еднаш се покажа дека ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија со најголема доверба кај народот, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.На 5-ти мај аболицираниот Зоран Заев доби врел шамар од граѓаните, кои јасно го изразија својот став дека се за промени и за ставање крај на криминалното владеење на СДСМ.Граѓаните покажаа дека им е доста од неостварените ветувања, неисполнети очекувања, криминално владеење во кое буџетската сметка единствено се користи за богатење на партиски функционери на СДСМ и нивните роднини.На граѓаните им е доста и гласаа против, криминалот, корупцијата и непотизмот на Зоран Заев и СДСМ, гласаа против криминалните тендери и грантови, ароганицијата на власта и пеколот кој го го донесе СДСМ, а кој беше најавен како живот.Покрај сите закани, притисоци и уцени, граѓаните се одважија и излегоа да стават крај на погубните политики на Зоран Заев. Поддршката за политиките на ВМРО-ДПМНЕ и покрај сите закани, притисоци и уцени порасна од првиот до вториот круг за 60 илјади гласови.Сите оние кои излегоа во време на неправда се херои кои покажаа дека Македонија им е најважна. Заслужуваат почит и сите оние кои не гласаа за ВМРО ДПМНЕ, како и граѓаните кои решија да останат дома, со уверување дека времето ќе покаже дека ВМРО-ДПМНЕ е вистинскиот избор.Бројките покажуваат дека доаѓа крајот на криминалот, корупцијата и непотизмот. Граѓаните бараат и очекуваат право и правдина, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

6 год.
mickovski-press-poraz-1

ВМРО-ДПМНЕ: На 5-ти мај аболицираниот Заев доби врел шамар од граѓаните

После 5-ти мај во Македонија има нова политичка реалност, a падот на криминалната и одродена власт е започнат и неизбежен процес, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Уште еднаш се покажа дека ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија со најголема доверба кај народот.На 5-ти мај аболицираниот Зоран Заев доби врел шамар од граѓаните, кои јасно го изразија својот став дека се за промени и за ставање крај на криминалното владеење на СДСМ.Граѓаните покажаа дека им е доста од неостварените ветувања, неисполнети очекувања, криминално владеење во кое буџетската сметка единствено се користи за богатење на партиски функционери на СДСМ и нивните роднини.На граѓаните им е доста и гласаа против, криминалот, корупцијата и непотизмот на Зоран Заев и СДСМ, гласаа против криминалните тендери и грантови, ароганицијата на власта и пеколот кој го го донесе СДСМ, а кој беше најавен како живот.Покрај сите закани, притисоци и уцени, граѓаните се одважија и излегоа да стават крај на погубните политики на Зоран Заев. Поддршката за политиките на ВМРО-ДПМНЕ и покрај сите закани, притисоци и уцени порасна од првиот до вториот круг за 60 илјади гласови.Сите оние кои излегоа во време на неправда се херои кои покажаа дека Македонија им е најважна. Заслужуваат почит и сите оние кои не гласаа за ВМРО ДПМНЕ, како и граѓаните кои решија да останат дома, со уверување дека времето ќе покаже дека ВМРО-ДПМНЕ е вистинскиот избор.Бројките покажуваат дека доаѓа крајот на криминалот, корупцијата и непотизмот. Граѓаните бараат и очекуваат право и правдина“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 6 години

6 год.
soobrakajka

17 лица повредени во 16 сообраќајки во Скопје

Во текот на вчерашниот ден во Скопје се случиле вкупно 16 сообраќајни незгоди во кои едно лице се здобило со тешки телесни повреди, а 17 лица поминале со полесни повреди, покажуваат податоците од билтенот на СВР Скопје.Во текот на вчерашниот ден во Скопје санкционирани се четворица возачи за управување на возило пред да се стекнат со тоа право, а еден возач за поминување крстосница на црвено светло.Сообраќајната полиција издала 14 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 10 возила.

Скопје | пред 6 години

6 год.
11-1

Специјален сообраќаен режим и траси на движење во центарот на Скопје

Денеска поради посетата на Папата Франциск, во Скопје сообраќајот ќе се одвива по специјален режим. Во централното градско подрачје во Скопје, поточно појасот „Голем ринг“, од 6 до 19 часот ќе има забрана и ограничување на сообраќајот. Сите возила ќе бидат пренасочени на сообраќајниците околу центарот во Скопје за да може непречено да се движат.Во овој временски период ќе се формира „рестриктивна зона“ на движење. За автомобили целосно ќе бидат затворени следните улици: 11 Октомври од крстосницата со булеварот Кочо Рацин до крстосницата со улиците Димитрие Чуповски, Даме Груев, Македонија, Васил Главинов, Филип 2 Македонски, Св. Климент Охридски (адвокатска) и Иљо Војвода.Сообраќајници по кои ќе биде дозволено движењето на возилата се следните: булевар Кочо Рацин, улица 11 Октомври од крстосницата со булевар Кочо Рацин до крстосницата со булевар Борис Трајковски, улицата Св. Кирил и Методиј, булеварите Св. Климент Охридски, Партизански одреди, Гоце Делчев и улицата Самоилова.Посебни сообраќајни правила на движење на автомобили ќе има и на трасата од Меѓународниот аеродром - Скопје до централното градско подрачје на Скопје. Во временските интервали од 7:30 до 9 часот и од 17 до 18:30 часот, сообраќајот по бул. „Александар Македонски“ од излезот на Скопје во Автокоманда, кон аеродромот, ќе биде затворен во двете ленти на булеварот и ќе биде пренасочен по споредни сообраќајници.На трасата Велес – Скопје, во овој временски интервал, сообраќајот за влез и излез во Скопје ќе се одвива преку трасата Миладиновци - Идризово - Маџари. На трасата Куманово – Скопје, на клучката Миладиновци (кај Рафинеријата), сообраќајот ќе се пренасочува кон Обиколницата на Скопје, на која прв дозволен влез во градот Скопје ќе биде на клучката кај Радишани.За време на апостолската посета на папата Франциск движењето во централното градско подрачје (познато како „Мал ринг“) за сите граѓани ќе биде непречено, но забавено, бидејќи овој појас ќе биде строго обезбедена зона. Сите граѓани што ќе пристапат во оваа зона во периодот од 6 до 19 часот на 7 мај ќе мора да се идентификуваат со важечки документ за идентификација и да поминат низ безбедносни проверки.Во зоната „Мал ринг“ ќе се пристапува преку осум влеза на кои МВР ќе врши безбедносна проверка на сите граѓани, како и проверка на лична карти или пасош.Ова се единствените влезови во кои ќе се пропуштаат граѓаните кои ќе се упатуваат кон плоштадот „Македонија“:- Влез кај Управен суд на улица Орце Николов- Влез кај хотел „Мериот“ на улица Максим Горки- Влез кај кафе „Тренд“ на улица Димитрие Чуповски- Влез кај Министерството за финансии на улица Даме Груев- Влез кај Завод за статистика на улица Даме Груев- Влез кај Пелагонија на улица Димитрие Чуповски- Влез кај порта „Македонија“ на улица 11 Октомври- Влез на предната страна од ГТЦ кон плоштадПешачките мостови на реката Вардар (Камениот мост, мостот Око и Мостот на уметноста) ќе бидат целосно затворени за движење, како и Кејот „13 Ноември“ од двете страни на реката.Сите граѓани што живеат или работат околу плоштадот „Македонија“ ќе имаат непречен пристап до своите живеалишта, односно места на работа, преку поминување на еден од одредените влезови. Важно е со себе да носат документ за идентификација. Внатре во зоната ќе имаат слободен пристап до сите локации, освен во затворената зона на самиот плоштад, за каде што е потребна влезница за учество на литургијата. Пристапот за моторни возила, велосипеди, мопеди и слично е забранет во обезбедената зона.Целосните промени и правила на движење можете да ги видите на следната интернет врска - https://papa.mk/soobrakjaj/ Целосните промени за движење на автобусите во јавниот градски превоз можете да ги видите на следната интернет врска - http://jsp.com.mk/vest.aspx?vest=912 

Скопје | пред 6 години

6 год.
1-1

(ВИДЕО) Папата Франциск пристигна во Македонија

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, пристигна на аеродромот во Скопје со што ја почна историската Апостолска посета на Република Македонија.Папата на аеродромот беше пречекан од претседателот Ѓорге Иванов и премиерот Зоран Заев, по што ќе се упатат кон претседателската вила Водно каде што ќе се одржи официјална церемонија, а тој ќе има обраќање пред државните власти, граѓанското општество и дипломатскиот кор.На плоштадот „Македонија“ поглаварот на Римокатоличката црква ќе отслужи Света литургија на која се очекува да присуствуваат повеќе од 15 илјади граѓани од земјава, но и високи гости, верници и странски државјани, пред се од поширокото соседство.По литургијата папата ќе одржи екуменска и меѓурелигиска средба со младите во Католичката црква, а потоа и со свештениците и нивните семејства.

Македонија | пред 6 години

6 год.
11

Заев испрати писмо со сочувство до Медведев за авионската несреќа

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев испрати писмо со изрази на сочувство за загубените животи и повредените лица во трагичната авионска несреќа на аеродромот Шереметјево во Москва, до премиерот на Руската Федерација Дмитриј Медведев.-Со жалење ја примив веста за авионската несреќа. Од името на Владата на Република Македонија и од мое лично име, упатувам искрено сочувство до Вас, до рускиот народ и до роднините и блиските на настраданите, и воедно на повредените им посакувам брзо заздравување, се вели во писмото на премиерот Заев до претседателот на Владата на Руската Федерација, Медведев. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Каменуван автобус во кој се возеле навивачи на Работнички

Автобус кој превезувал навивачи на кошаркарскиот клуб Работнички вечерва е каменуван близу хотелот „Хилтон“ во Аеродром, по дерби мечот со МЗТ Скопје во спортскиот центар „Јане Сандански“, потврдија од МВР за САКАМДАКАЖАМ.МКСè уште нема детали за нападот, но неофицијално, на враќање од натпреварот врз автобусот се фрлени камења, а има и повредени кои се однесени со Брза помош.Каменуваниот автобус е паркиран на раскрсницата меѓу улиците Орце Николов и Рузвелтова во Центар, каде се врши увид на полицијата.

Скопје | пред 6 години

6 год.
vreme

Променливо облачно со засилен северозападен ветер

Времето во Република Македонија ќе биде променливо облачно и свежо со засилен северозападен ветер, особено долж Повардарието.Во југозападните делови претпладне ќе има услови за слаб дожд, а на повисоките планини за слаб снег.Утринската температура ќе се движи од еден до 10 степени, а дневната температура од шест од 18 степени.Во Скопје ќе биде променливо облачно и свежо со засилен северозападен ветер.Утринската температура ќе се спушти до осум степени, а дневната температура ќе достигне до 14 степени.Во среда утрото ќе биде студено, на места со негативни утрински температури, но преку денот ќе преовладува посончево и потопло време. Локални врнежи ќе има и во четврток и петок.

Македонија | пред 6 години

6 год.
papa

Српски портал: Папата ќе биде убиен во Скопје!?- Според пророштвото на Нострадамус

 Според српскиот портал „Webtribune“, кои се повикуваат на предвидувањата на најпознатиот француски пророк Нострадамус, постои можност папата Франциск за време на посетата во Скопје да биде убиен. „Откриено е застрашувачко предвидување на Нострадамус: Папата ќе биде убиен за неколку дена во Душановиот царски град, тогаш ќе започне светска војна.Поглаварот на Римокатоличката црква на 7 мај доаѓа на официјална посета  во Скопје каде е крунисан цар Душан, најпознатиот пророк на сите времиња Нострадамус предвидел дека ќе има обид да биде убиен.Тестот е превземен од skopjeinfo.mk, а тие пренесуваат статија на српскиот портал „Webtribune“.  

Македонија | пред 6 години

6 год.
hari-sin

Војводата и војвотката - Хари и Меган добија син

Војводата и војвотката од Сасекс објавија на социјалната мрежа инстаграм  дека му посакуваат добредојде на своето првородено дете – син, во раните утрински часови.Бебето е родено денес на 06. 05. 2019 год., рано во 5.26 часот по локално време, со тежина од 3.260 килограми. Mајката и бебето се добри.Среќниот Хари рече дека се „апсолутно возбудени“ и ѝ се заблагодари на јавноста за поддршката.Тој рече дека Меган и бебето се „исклучително добро“ и додаде дека сѐ уште размислуваат за името на новороденчето.Кралицата, војводата од Единбург, принцот од Велс, војвотката од Корнвол, војводата и војвотката од Кембриџ, леди Џејн Фелоес, леди Сара Мекоркодејл и ерлот Спенсер се информирани и се воодушевени од веста“, се вели во соопштението.

Свет | пред 6 години

6 год.
mirovic

Митровиќ : Резултатот да се запише над влезната врата во комитетот како потсетник

Редовниот аналитичар на „Охрид 1“ угледниот историчар Доц. Д-р Никола Митровиќ Бабе анализирајќи ги резултатите од изборите констатира дека ВМРО ДПМНЕ навлегло во огромна дискрапанца помеѓу резултатите на централата во Скопје предводена од Христијан Мицкоски кој се етаблира на кормилото на партијата и води напред кон победа на наредните избори и локалниот комитет кој доживеа катастрогален резултат.Анализата на Митровиќ ( кој беше и портпарол и главен ПР на партијата во Охрид, време кога се нижеа најголемите победи ) ја пренесуваме во целост:Политичкиот ментален дискурс во градот Охрид на претседателско/локалните избори на прв поглед изгледа помалку збунувачки. И можеби е така за онај кој добро не ги согледува и разгледува теренско аналитичките статистики во политичката сцена на Господовиот град Охрид. Тоа најмногу се рефлектира на оние кои укажуваат дека не се гледа големата слика и во СДСМ а особено во ВМРО ДПМНЕ. Но најлошо е кога мали играчи зборуваат убедително за големи политички слики.Но да одиме по ред, ВМРО ДПМНЕ Охрид е во постојан слободен пад на гласачи и политичко влијание од 2016 година. Тоа го покажуваат резултатите на претходните локални избори како и на вчерашните Локални избори на кои најпрвин пред година и пол се доби само околу 13800 гласови и кога се мислеше дека е допрено дното на вчерашните локални избори имаше уште полош резултат. Дури мислам дека овај резултат треба да запишан на влезот од штабот на Општинскиот Комитет и да се потсетува и да се вели никогаш да не се повтори. Но ако лекцијата не е научена тогаш оние добро познати политички личности на шега зборуваат дека повторно како во минатите Локални избори во ВМРО ДПМНЕ наместо да се оди кон одговорност и оставки се одеше кон унапредување во партиските тела, па до каде ќе стигне раководството сега е знак прашалник.Но да бидеме реални, ВМРО ДПМНЕ не е исто што и ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид, бидејќи централата го направи своето и врз основа на лидерските способности на Христијан Мицкоски и неговите најблиски луѓе успеа да ја обои картата на Македонија во црвено, но поради маргинални политички дејци,  а во Охрид таквите успееаја да потклекнат дури две еминетни докторски имиња во само две години, а такви ги има многу низ нашава земја, не се успеа доволно да се добијат уште 50 000 гласови.Маргинални политички дејци е пред се заслужен епитет поради неможноста ни во местата од каде потекнуваат да направат позитивен политички резултат. Политички локални маргиналци на кои за се им е крив некој во минатото, а самите тие биле дел од тоа минатото и тоа на врвни позиции. Политички локални маргиналци кои очекуваат да бидат дел од пратеничките листи без никаква заслуга. Затоа, политичката мудрост на Мицкоски мора да биде видлива, партискиот морален суд да биде јасен и да не се дозволат дискридитации од локални политички лица кон поранешни политички функционери, членови кои без никакво образложение беа дислоцирани, напаѓани, минимизирани и слично, а во својот политички живот на локално ниво никогаш не побарале ниту добиле било каква власт, а ја докажувале својата лојалност и искреност кон ВМРО ДПМНЕ. Мицкоски треба да бара умни луѓе, без црна дамка и да се потпре на нив. Доколку не биде така Охрид уште долго време ќе остане тврдина која неможе да се завземе. Мицкоски мора да започне со реформи во партијата кои за две години ќе му донесат успех.Од друга страна СДСМ преку Константин Георгиевски на локално ниво покажа и докажа дека има личности кои низ партиските тела веќе ги третираше како лица кои треба да бидат насочени кон лидери, а не дислоцирани. И тука успехот беше неминовен. Од друга страна на државно ниво СДСМ и покрај изборот на Претседателот Пендаровски, и тоа како мора да биде свесна дека во моментов Христијан Мицкоски со ВМРО ДПМНЕ е веќе во предност и на секое наредно гласање веројатно таа предност ќе се зголемува.Следна ќе биде објавена анализата на политичкиот социолог Васе Врангалоска. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
kola-mvr

(ФОТО)Обезбедувањето на Спасовски „слупа“ уште едно службено возило

Член на обезбедувањето на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска направил сообраќајка со службено возило, на регионалниот пат Куманово- Свети Николе, дознава „Нетпрес“.Станува збор за лицето Ј.Н. од обезбедувањето на Спасовски, а според фотографијата која што ја доби редакцијата на „Нетпрес“, службеното возило „Ауди А6“ кое тој го управувал, се судрило со цистерна. Извор:курир.мк

Македонија | пред 6 години

6 год.
cnn

(АУДИО) Се појави аудиот снимка од внатрешноста на авионот кој се запали

На московскиот аеродром Шереметјево, во страотна трагедија загинаа 41 лице, меѓу кои и две деца, откако авион на компанијата „Аерофлот“ се запали по принудно слетување. Авионот, Сухој Суперџет-100. Се претпоставува дека авионот се запалил при слетувањето по удар од гром во еден од моторите.На социјалните мрежи се појави снимка која ја направил еден од патниците кои се наоѓал во авионот во пламен.На снимката во само 13 секунди се слуша ужасот кој го поминале патниците. https://twitter.com/BreakingMash/status/1125122866150871040?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1125122866150871040&ref_url=https%3A%2F%2Fkurir.mk%2Fsvet%2Fvesti-svet%2Fkje-se-naezite-od-gletkata-i-zvucite-se-pojavi-snimka-od-vnatreshnosta-dodeka-gorel-avionot-vo-koj-udri-grom-i-peplosa-13-patnici-video%2FСтјуардесата Татјана Касаткина рече дека луѓето станувале од своите седишта и се упатувале кон излезот додека авионот сѐ уште се движел, објави рускиот сајт Лента. Касаткина рече дека патниците врескале и им телефонирале на роднините додека авионот горел.Патниците биле евакуирани во рок од 55 секунди од запирањето на авионот, соопшти авиокомпанијата.Снимки со патници што бегаат од запалениот авион беа споделувани и на социјалните медиуми.

Свет | пред 6 години

6 год.
elizabeta-sopruga-pendarovski

Сопругата на Пендаровски денеска полни 47 години

Сопругата на  новиот претседател Стево Пендаровски, Елизабета, денеска полни 47 години.Таа за време на кампањата постојано беше со него давајќи му поддршка  сопругот . Во еден од нејзините емотивни  настапи таа му порача на  народот имајки во обзир каков е како сопруг и татко, дека тие воопшто не треба да се грижат за тоа како тој во иднина ќе ја води државата.Инаку вработена на Клиниката за детска и превентивна стоматологија и е професорка на Стоматолошкиот факултет при УКИМ во Скопје.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Изборите во Истанбул ќе бидат повторени, Ердоган извојува мала победа

Врховната изборна комисија на Турција одлучи да ги поништи и обнови локалните избори за Истанбул, пренесе „Ројтерс“. Повторените избори за градоначалник на Истанбул ќе се одржат на 23 јуни.Повторените избори за градоначалник на Истанбул ќе се одржат на 23 јуни.Владејачката партија на претседателот, Реџеп Тајип Ердоган бараше поништување на резултатите од изборите во Истанбул, тврдејќи дека имало нерегуларности.Главната опозициска Републиканска народна партија извои тесна победа во Истанбул, со што, по 25 години се случи промена на локалната власт во најголемиот турски град.Новоизбраниот градоначалник ја презеде должноста минатиот месец.

Свет | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања