Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
DSC_0863

Министерот Спасовски со видео порака по повод 7ми мај -Денот на македонската полиција

Министерот Спасовски со видео порака по повод 7ми мај -Денот на македонската полиција. Во обраќањето министерот истакна: Почитувани припадници на Министерството за внатрешни работи, Ви се обраќам по повод 7ми мај, Денот на македонската полиција.Ви се обраќам како министер, како колега, како ваш сојузник. Пред две години мојата цел како министер беше да го вратам угледот на министерството и да им овозможам на вработените чесно и одговорно да ги извршуваат своите работни задачи. Изминативе две години како министер во Владата на Република Северна Македонија се залагав за решавање на сите наталожени проблеми со кои вие се соочувавте во годините претходно.Заедно со вас успеавме дел од нив веќе и да ги надминеме и со тоа отвараме нови можности за постигнување уште поголеми резултати во периодот кој следи. Горд сум што и покрај сите негативни случувања во минатото, во ова министерство работат професионалци кои непоколебливо се борат против криминалот и корупцијата, против тероризмот, се грижат за јавниот ред и мир и секојдневните потреби на граѓаните.Во декември 2018 година беа исплатни покачени плати за 4.900 полициски службеници, за кои на годишно ниво одвоивме 79 милиони денари. И во периодот пред нас продолжуваме со подобрување на условите за работа, продолжуваме со реновирањето на полициските станици. Набавката на униформи да стане редовна активност, а не исклучок. Специјализираните оддели да бидат опременувани со модерна опрема со која ќе можат подобро да ги извршуваат своите работни задачи.Да не заборавиме наш партнер се и граѓаните. Сакаме да бидеме близу до нив, да превенираме и да ја зголемиме безбедноста на граѓаните и затоа ја воведовме позорникарската служба. Полицајците позорникари ја зголемуваат безбедноста во населените места, ја зајакнуваат борбата против криминалните појави, а со ова ја зголемуваме и довербата во полицијата.Во следниов период ќе работиме и на системско решавање на функционалните проблеми и ќе го зајакнеме институционалниот и административен капацитет на министерството.И во иднина, мој и на сите нас приоритет останува да ни биде заштитата на безбедноста и сигурноста на нашата држава и нашите граѓаните.  Да продолжиме по чесниот пат, зошто тој е вистинскиот.Почитувани колеги,Ви го честитам Денот на македонската полиција, вие сте столбот на мирно и демократско општество.

Македонија | пред 6 години

6 год.
bolvi

Затворена полициска станица во Париз поради болви

Една полициска станица во североисточен Париз е затворена поради наезда на болви или стеници.  Болвите ги напаѓале полицајците и останатите службеници, соопштил денеска синдикатот на полицијата кој ги критикувал неприфатливите услови за работа.– Веќе неколку дена службениците во полициската станица во 19. арондисман се жртви на наезда на болви кои ја попречуваат нивната работа – се наведува во соопштението.Синдикатот додал дека неколку службеници побарале лекарска помош поради каснувања, наведувајќи дека сè уште се утврдува дали се работи за болви или стеници, или за двата инсекти. 

Свет | пред 6 години

6 год.
Prevrten-kamion

Се преврте камион на автопатот Тетово – Скопје

Камион се преврти на автопатот Тетово-Скопје, објави 1тв според информациите на очевидец. Не е позната причината за несреќата, се очекуваат дополнителни детали од МВР по истрагата.Поради несреќата, сообраќајот се одвива отежнато, по една сообраќајна лента.

Македонија | пред 6 години

6 год.
dedo-trajan

Пронајден е дедо Трајан од Усје

Дедо Трајан од Усје, кој вчера утрото исчезна, денеска е пронајден.Го најдовме дедо, добар е, само е исплашен, фала ви на сите, особено на човекот кој се јави од Аутомакедонија кај старата Стаклара, пишува неговиот внук Горан Илиев на Фејсбук, кој вчера побара помош да се најде Трајан кој боледува од деменција.https://www.facebook.com/ilievg.mk/posts/10214305370883997 

Македонија | пред 6 години

6 год.
IMG_0505

Општина Кисела Вода денеска го прослави патрониот празник Ѓурѓовден

По повод големиот христијански празник свети великомаченик Георгиј Победоносец, Ѓурѓовден кој е патронен празник на Општина Кисела Вода денеска градоначалникот Филип Темелковски, секретарот Александар Алексовски и членот на Советот на Општина Кисела Вода, Зоран Ацевски присуствуваа на утринската света литургија одржана од поглаварот на МПЦ, архиепископот охридски и македонски гг. Стефан во црквата Св. Ѓорѓи.Прославата на Ѓурѓовден, патрониот празник на Општина Кисела Вода кој традиционално општината секоја година го прославува, во спортската сала „Независна Македонија“ преку изведби на музички и ритмички точки ja  збогатија учениците од општинските основни училишта и јавните детски градинки.Овој голем мултимедијален настан го проследија градоначалникот, Филип Темелковски, претседателот на Советот на Општина Кисела Вода, Дарио Шимиќ, члeновите на Советот на Општината: Зоран Ацевски, Емилија Трајковска и Дарко Филиповски. Пристуни беа и претставници од Секторот за образование, предучилишно воспитување, култура и спорт.На настанот во спортската сала медицинска екипа на Црвен крст спроведе акција за бесплатно мерење на крвен притисок и шеќер во крвта. Оваа можност ја искористија околу 50 граѓани.Локалната самоуправа по 21 - пат го прослави својот патронен и најголем пролетен празник Ѓурѓовден. 

Скопје | пред 6 години

6 год.
papata-francisko

Вторник, 7 мај, денот кога Папата Франциск ќе биде во нашата земја, е работен ден

Владата на Република Северна Македонија соопштува дека утрешниот ден, 7 мај, кога во нашата земја ќе пристигне во еднодневна посета Папата Франциск, е работен ден за сите граѓани.Организациониот одбор за посетата на Светиот Отец денеска соопшти дека сите подготовки за реализација на програмата на апостолската посета на Папата Франциск на Република Северна Македонија се завршени.  Сите информации за посебните сообраќајни правила и за работата на јавните здравствени установи можат да се најдат на веб страницата  https://papa.mk/

пред 6 години

6 год.
mijalkov-1

Мијалков излегува од куќен притвор

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, ќе се брани од слобода. Укинувањето на куќниот притвор следува бидејќи денеска истекуваат 60 дена откако беше изречена првостепената пресуда за „Титаник 2“ каде тој доби затворска казна од три години.“Имено со решение на Основниот суд Скопје 1 – Скопје при изрекување на пресудата за предметот од обвинителството познат во јавноста како „Титаник 2“ на обвинетиот му е определна мерка притвор. Со решение на Апелациониот суд – Скопје решението на првостепениот суд е преиначено со тоа што за обвинетиот е определна мерка куќен притвор кој трае до правосилноста на пресудата, а најдолго 60 дена согласно Законот за кривична поастпка. “-се вели во писменото соопштение.

пред 6 години

6 год.
Papa_Franjo

Владата го прогласи 7 мај за неработен ден на територијата на Град Скопје

Согласно последните организациски проценки поврзани со протоколот за посетата на Неговата Светост Папата Франциск, и согласно потребите и барањата на институциите и граѓаните, Владата на Република Северна Македонија донесе одлука утрешниот ден, 7 мај (вторник), да биде неработен ден за сите вработени во јавната и државната администрација на територијата на Град Скопје.Со оваа одлука се опфатени основните и средните училишта, а градинките ќе бидат организирани непречено да ја извршуваат својата функција. Владата им препорачува и на приватните компании, особено од централното градско подрачје да ја прифатат одлуката овој ден да биде неработен и за вработените во овој сектор, и на тој начин да го дадат својот придонес во организацијата на програмските содржини од посетата на Папата Франциск.Дополнително ќе биде соопштено кој ден ќе биде определен за да се одработи утрешниот неработен ден.

Скопје | пред 6 години

6 год.
paricnik

Нападнат дедо, му го одзеле паричникот

На 05.05.2019 година во 17.20 часот во СВР Скопје, Т.Д.(88) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 12.00 часот на бул.„11-ти Октомври“ три лица извршиле разбојништво над него односно физички го нападнале и му одзеле паричник. На Т.Д. му била укажана помош во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
policija-5

Два инциденти на изборениот ден

На 05.05.2019 година околу 21.40 часот во СВР Струмица било пријавено дека во с.Ново Село со тврд предмет било скршено стакло на автомобилот на Г.Ц. „Опел астра“ со бугарски национални ознаки, додека тој со возилото поминувал покрај штаб на политичка партија, Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 06.05.2019 година во 01.30 часот во СВР Скопје В.А.(29) од с.Волково, скопско, пријавил дека истиот ден околу 00.30 часот пред штаб на политичка партија во с.Волково А.Л.(27) од с.Волково почнал да удира по неговото патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, при што скршил едно стакло. Полициски службеници излегле на местото , по што А.Л. и Д.Л.(59) почнале агресивно да се однесуваат и кон полициските службеници. По целосното расчистување и документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Македонија | пред 6 години

6 год.
srpska-policija

„Фалсификувале исправа“ и склучиле договор за купопродажба на автомобил

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Ф.С.(66) од Кичево и Ф.Х.(47) од Косово, со постојан престој во Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа” и против Г.М.(46) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“ во врска со „фалсификување исправа”.На 17.12.2015 година прво и второ пријавениот склучиле договор за продажба на патничко возило „Форд Ескорд“, на име на првопријавениот, при што договорот не  бил заведен од надлежен странски орган. На 12.12.2016 година Ф.С., ваквиот договор го употребил како вистински во постапката за регистрација на возилото во управните служби во Кичево.По ова, на 20.01.2016 година, пријавените повторно склучиле договор за купопродажба на истото возило од Ф.С. на Ф.Х., иако возилото и понатаму останало во фактичко и правно владение кај Ф.С.. После тоа, Ф.Х. во два наврати го употребил договорот како да е вистински со цел регистрација на возилото. Третопријавениот, со давање на совети и упатства, со умисла им помогнал на Ф.С. и Ф.Х. да ги сторат кривичните дела.

Македонија | пред 6 години

6 год.
frontera

Фалсификувале купопродажен договор за продажба на патничко возило

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Г.М.(46) од Гостивар, Ф.Х.(47) од Косово, со постојан престој во Гостивар, О.Ј.(45) од Охрид и Е.И.(29) од село Подгорци поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „перење пари и други приноси од казниво дело“, ,,фалсификување или уништување на деловни книги“, ,,фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“.Во текот на декември 2016 година првопријавениот изготвил фалсификуван купопродажен договор за продажба на патничко возило „Опел Фронтера“, на кој фиктивно како продавач го прикажал второпријавениот, а второпријавениот го потпишал договорот иако знаел дека е со невистинита содржина. Откако го завериле на нотар, го употребиле во постапка пред Бирото за метрологија во Скопје за добивање на согласност за регистрација на возилото.Третопријавениот, знаејќи дека возилото не може да се регистрира, му дал парични средства на четвртопријавениот, за да му обезбеди целосна документација за возилото, по што лажните документи ги употребил во царинската испостава во Струга.

Македонија | пред 6 години

6 год.
napadnata

Нападнато лице од Нов Зеланд – му украле накит, чанта и мобилен телефон

На 06.05.2019 година во 02.50 часот во Полициската станица Кисела Вода, Ф.В.(28) од Нов Зеланд пријавил дека околу 02.00 часот на ул.„Пушкинова“ непознат сторител извршил разбојништво над него и му одзел накит, чанта и мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
marihuana

Во автомобил пронајдена марихуана , две лица лишени од слобода

На 05.05.2019 година околу 19.45 часот во тетовското село Долно Палчиште, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово ги лишиле од слобода Г.К.(37) од гостиварското село Здуње и Е.А.(18) од Гостивар, кои биле во паркирано возило „Рено меган“ со гостиварски регистарски ознаки. При преглед, кај нив била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 6 години

6 год.
stop-policija

Во Битола возачи управувале возило без возачка дозвола

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола на 04 и 05 мај извршиле контрола за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, сигурносен појас. Притоа, контролирани се 461 возачи, од кои девет возачи управувале возило без возачка дозвола, нерегистрирани биле 11 возила , а еден возач не користел сигурносен појас, додека три возачи зборувале на мобилен телефон.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Кај охриѓанец пронајдени амфетамини

СВР Охрид поднесе кривична пријава против П.Д.(24) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 30.04.2019 година во Охрид полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле амфетамини.

Македонија | пред 6 години

6 год.
DSC03137

Завршна конференција за успешна имплементација на Платформа за испорака на административни е-услуги

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, се обрати на завршната конференција во рамки на проектот: „ Поддршка на МИОА во процесот на модернизација на јавната администрација “, којшто во измината година се имплементираше со поддршка на Некстсенс, а финансиран од Европската Унија. На конференцијата се обрати и Фрек Јанмаат, шеф на Секторот од Делегацијата на Европската унија. Деталите за проектот ги претстави ја Игор Андоновски и Миле Грујовски, од Некстсенс.„Кога во јануари минатата година започнавме со имплементација на проектот пред нас си поставивме неколку цели. Главната наша заложба беше да обезбедиме алатка која ќе игра значајна улога во менувањето на начинот на којшто функционира јавната администрација. Ама не само начинот на кој функционира, туку и начинот на кој размислува и дизајнира процеси“, истакна министерот Манчевски.Како што рече тој, овој проект претставува уште една алка која ги надополнува платформата за интероперабилност, Националниот портал за е-услуги и електронскиот регистар на население. Комплементарноста на овие пректи е токму во заедничката цел, а тоа е граѓаните да можат само со неколку клика да добијат голем број на услуги.„Со овој проект, во комбинација со Националниот портал за е-услуги, кој ќе го пуштиме во употреба за неколку месеци, секоја институција, иако можеби не поседува никакви ИТ технички и човечки ресурси, ќе може да разменува официјално документи и да нуди електронски услуги на граѓаните. Ова се револуционерни чекори и проекти. Воспоставуваме централни платформи кои можат да ги користат сите институции. Можат и локалните власти, доколку сакаат. Со ова, се заштедуваат огромни суми на пари кои секоја институција индивидуално би требала да ги инвестира во хардвер и софтвер“, информираше министерот Манчевски.За да ова биде возможно Министерството за информатичко општество и администрација обезбеди и законска основа. Усвоени се трите закони кои овозможуваат документите на хартија да бидат заменети со електронски документи. Станува збор за Законот за централен регистар на население, Законот за електронско управување и електронски услуги и Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги.„Со овие закони се обезбедува унифицирање на начините на кои се водат сите податоци во различните регистри. Исто така, овие закони овозможуваат поедноставни и полесни процедури за граѓаните, кои сега само со единствена регистрација, преку порталот за е-услуги ќе можат електронски да ги добиваат своите услуги. На овој начин, ги хармонизираме нашите со законите на Европската Унија и ја транспонираме европската директива, како предуслов за имплементација на Дигиталната агенда“, рече Ана Малцева, советник во МИОА.Проектот се состои од неколку резултати:- Административна платформа за е-услуги за испорака- Правна рамка- ОбукиФокусиран на е-услуги и интероперабилност, проектот резултираше со:- Подобрување на спроведувањето на правната рамка за јавната администрација- Подобрување на мерењето на квалитетот на услугите- Подобрување на перформансите во испораката на административните услуги - Подобрување на координацијата на хоризонталните владини политики во однос на РЈА- Подобрување на системот на надлежности за администрацијата

Македонија | пред 6 години

6 год.
Damjan-Mancevski1

Манчевски најави чистката за вработените во администрацијата кои не одат на работа, а земаат плата

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски вели дека ќе ја почитува евентуалната одлука и тој да биде зафатен со „чистката” на владините функционери што ја најави неодамна премиерот Зоран Заев.Според министерот, со „чистката” ќе бидат опфатени вработените во администрацијата кои не одат на работа, а земаат плата.Манчевски вели дека е субјективно е да каже колку е задоволен од својата работа, смета дека секогаш може подобро и дека е главен судот на граѓаните.

Македонија | пред 6 години

6 год.
ohrid-struga

Кривична пријави за охриѓанец – нападнал полициски службеник на ракометен натпревар

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело ,,напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“, СВР Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Д.П.(18) од Охрид.Тој, казненото дело го сторил на шести април оваа година во спортско рекреативниот центар „Билјанини извори“ во Охрид за време на ракометен натпревар. Пријавениот, физички нападнал полициски службеник кој преземал мерки за спречување на нарушен јавен ред и мир помеѓу две навивачки групи.

Македонија | пред 6 години

6 год.
tepacka1

Во угостителски објект во Радолишта, напднат жител на селото

На петти мај оваа година околу 19 часот, во угостителски објект во струшкото село Радолишта, нарушен е јавниот ред и мир, во кој, според пријавеното, Н.М (40) од Струга, физички бил нападнат од У.Т.-жител на селото.Против него, полициската станица од Струга ќе поднесе соодветна пријава.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања