Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
arsovski-press

Арсовски: Зоран Заев е аболициран за криминал вреден 8 милиони евра за случајот Глобал

Денеска ние како ВМРО-ДПМНЕ ќе ја потсетиме Антикорупциската комисија на неколку случаеви и ќе апелираме за дополнително отворање на истите случаеви и нивни истраги, за се со цел да се дознае вистината и нивните разрешници, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Ние ги поддржуваме и охрабруваме антикорупционерите, целата Антикорупциска комисија да стават крај на корупцијата во нашата држава, но и во владата и буквално да бидат прочешлани сите политички чинители во Република Македонија, за конечно во Република Македонија да се стави рез и во иднина да може да се почне од почеток.Јавноста и граѓаните освен паушални одговори изминатиот период од Владата и нивните функционери, се уште немаат вистински одговор и не ја знаат целосната вистина за следниве неколку случаеви кои што ќе ги споменам денеска.Зоран Заев е аболициран за криминал вреден 8 милиони евра за случајот Глобал и се уште јавноста нема одговор со што и колку се стекнаа тој и неговите бизнис партнери кои што беа аболицирани од случајот Глобал каде што е фатен жив во криминал и подоцна како што знаеме сите аболициран.Граѓаните се уште чекаат разрешница на случајот Цареви Кули, случај кој што го обелодени ВМРО-ДПМНЕ, каде што Заев практично се потврди дека е виновен преку пресудата на тужбата кон медиумите, која што ја имаше поднесено кои обелоденија за истиот случај. Криминал исто така вреден неколку милиони евра.Граѓаните се уште чекаат разрешница за случајот со земјиштето во старата касарна во Струмица каде што бизнис партнерот на Зоран Заев и брат му Вице Заев, Сашо Брндевски, купува земјиште од над 18.000 квадрати за сума од 700.000 евра во време кога Зоран Заев е градоначалник и истото го продава на неговиот брат Вице Заев и фирмата Тотал Инженеринг, братот на Зоран Заев, Вице Заев го купува односно го презема истото земјиште за само стан од 40-тина квадрати кои што му го дава за замена на Сашо Брндевски.Станот има вредност од само 30-тина илјади евра. Замислете земјиште од 700.000 евра го добива за стан од 30.000 евра. Јавноста се уште чека одговор каква е врската на Вице Заев и фирмата Тотал Инженеринг во ископот во РЕК Битола и со каква корист и сума на пари се стекнуваат Тотал Инженеринг и Вице Заев изминатиот период откако братот негов Зоран Заев е на власт и тоа со превоз и ископ во рудникот РЕК Битола.Јавноста се уште чека одговор, дали и колку се има стекнато Зоран Заев со пари по примерот на „едно евро за Вицето“ додека бил градоначалник, а и сега додека е Премиер. Тоа е пример каде што целата јавност виде како функционира оваа криминогена влада на чело со Зоран Заев.Јавноста се уште чека разрешница на случајот за вицепремиерот Кочо Анѓушев кој го објавив пред половина година, каде што по пат на непосредна спогодба Заев, кој што е премиер, му доделува градежно земјиште на фирмата на Кочо Анѓушев МХЕ Тополки од неколку илјади квадрати во местото Дреново, поточно над 7.000 квадрати додека и двајцата се на високи функции во Владата. Прв и втор човек на владата на Република Македонија.Јавноста особено е загрижена и ја интересираат фирмите на Заеви во Бугарија Ориент Груп, Гомасидра и Радиша Трејд, кои што ги објавивме кои што се во сопственост на Трајче Заев, неговиот братучед, Вице Заев и останатите како и јавноста чека одговор за фирмата Мегатрон или како и да е на Дамјан Манчевски која се поврзува со Грција, а деновиве можевме да сретнеме како пишуваат интернет медиумите.Антикорупциската комисија исто така треба и да го испита случајот за вработување на ќерката на пратеничката од СДСМ од Струмица на Гинекологија, тоа е пратеничката Катерина Кузмановска. Дали оваа пратеничка влијаела за вработувањето на ќерка и, и на кој начин?Така да очекуваме сите овие случаеви Антикорупциската комисија даотвори предмети, убаво да ги истражи и да ги доведе до самиот крај доразрешница. Во моментов имаме подготвено документ кој што ќе го оставиме доантикорупционерите, ќе го заведат во архивата по кој ќе може да се водат и дапочнат да истражуваат за сите овие случаеви.Прашање новинар: Ќе побарате за секој поединечно да се отвори случај?Одговор: Апсолутно, секој случај овдека е засебен случај кој што мириса на сериозен криминал и за кој што има и докази дека е сериозен криминал, кој што е сторен од страна на актуелните функционери на владата истакна Арсовски. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
1

Се е подготовено за Папата, се молат граѓаните за трпеливост и прилагодување на правилата

Сите подготовки за посетата на Папата Франциск се направени на највисоко рамниште со апел до граѓаните за трпеливост и прилагодување на посебните сообраќајни правила и пристап до другите услуги Претседателот на Координативното тело за организацијата на посетата на Папата Франциск и државен секретар на Министерството за надворешни работи Виктор Димовски, државниот секретар на Министерството за здравство Владимир Милошев и помошникот министер за односи со јавност во МВР Тони Ангеловски, денеска ја одржаа третата прес конференција на која споделија информации за одредени сервисни, сообраќајни и безбедносни информации од посебен интерес за граѓаните за време на еднодневната посета на високиот гостин на нашата земја.Димовски на конференцијата за медиумите истакна дека се направени сите неопходни подготовки за посетата на Папата, и упати апел до граѓаните за разбирање и за поголемо трпение заради посебните безбедносни и сообраќајни правила што во текот на утрешниот ден ќе бидат преземени за непречена реализација на посетата и за непречено извршување на приватните и работните обврски на граѓаните за време на утрешниот работен ден.Државниот секретар во Министерството за здравство Владимир Милошев на прес конференцијата истакна дека сите граѓани, во текот на утрешниот ден, навремено и непречено ќе ги добијат неопходните здравствени услуги и интервенции.Согласно посебниот план на Министерството за здравство, во Клиничкиот центар од денеска од 18:00 часот до утре (7 мај) до 18:00 часот, нема да биде дозволено паркирање на приватни автомобили, односно во кругот на комплексот клиники ќе се пропуштаат само возилата на Итната медицинска помош.Милошев потенцираше дека тоа не значи дека Клиничкиот центар ќе биде затворен, но пристапот до него ќе биде ограничен во временските интервали од 08:30 до 10:00 часот претпладне, и во одреден период во попладневните часови.Од овие причини упатен е апел сите граѓани коишто во овој временски интервал ќе имаат потреба од медицинска услуга да се упатуваат во Градската општа болница „8 Септември” (или поранешната Воена болница), или во Универзитетската клиника по хируршки Болести „Св. Наум Охридски“ (поранешна Градска), во центарот на Скопје која ќе биде постојано достапна за граѓаните.Овие две големи здравствени установи, односно „8 Септември“ и клиниката „Св. Наум Охридски“ утре ќе работат со полн капацитет и целосна мобилност со цел да одговорат на потребите на граѓаните.  И клиниката за детски болести, до која ќе се пристапува од задниот влез на Клиничкиот центар, поточно од кај хотелот Тасино Чешмиче.Портпаролот на Министерството за внатрешни работи Тони Ангеловски соопшти дека МВР ги направи сите неопходни подготовки за посебни сообраќајни правила и режим за време на Апостолската посета на Папата со цел да се обезбедат сите безбедносни обврски за посетата на високиот гостин, како и да обезбедат оптимални услови за движење на граѓаните за остварување на нивните приватни и работни обврски.Во централното градско подрачје во Скопје, поточно во појасот “Голем ринг”, во вторник на 07.05.2019 година, од 06:00 часот до 19:00 часот, ќе има забрана и ограничување на сообраќајот и истиот ќе биде пренасочен на сообраќајниците околу центарот во Скопје за да се обезбедат алтернативни решенија.Во овој временски период ќе се формира “Рестриктивна зона” во која за автомобили целосно ќе бидат затворени следните сообраќајници: Ул. ,,11ти Октомври” од крстосницата со бул. ,,Кочо Рацин” до крстосницата со ул. ,,Димитрие Чуповски”, ул. Даме Груев, ул. ,,Македонија”, ул. ,,Васил Главинов”, ул. ,,Филип 2ри Македонски”, ул. ,,Св. Климент Охридски”(адвокатска) и ул. ,,Иљо Војвода”, а сообраќајот на бул. „Мајка Тереза“ (поранешна „Водњанска“) ќе биде затворен во временскиот интервал од 08:15 до 10:15 часот. Сообраќајници по кои ќе биде дозволено непречено одвивање на сообраќајот за време на официјалната посета на Папата, се следните: бул. ,,Кочо Рацин”, ул. ,,11-ти Октомври” од крстосницата со бул. ,,Кочо Рацин” до крстосницата со бул. ,,Борис Трајковски”, ул. ,,Св. Кирил и Методиј”, бул. ,,Св. Климент Охридски”, бул. ,,Партизански Одреди”, ул. ,,Самоилова” и бул. ,,Гоце Делчев”.Од МВР апелираат до граѓаните на трпеливост и почитување на поставената сообраќајна сигнализација и наредбите што ги издаваат полициските службеници.Сите паркинзи на Паркинзи Општина Центар, и на ЈП Градски Паркинг ќе бидат бесплатни уште од 6 мај, понеделник, после 17 часот, како и во текот на целиот ден во вторник на 7 мај, а дополнителен апел до граѓаните е упатен и за користење на јавниот автобуски превоз, кој како и железничкиот, во текот на утрешниот ден ќе биде бесплатен.Посебни сообраќајни правила на движење на автомобили на трасата од Меѓународниот аеродром Скопје до централното градско подрачје на Скопје на ден 07.05.2019 година во временските интервали од 07:30 часот до 09:00 часот, како и од 17:00 часот до 18.30 часот, Се препорачува сите граѓани кои на 7 мај имаат лет преку Меѓународниот аеродром Скопје да се упатат кон аеродромот најмалку еден час порано од вообичаеното, со оглед што движењето по споредните сообраќајници може да трае подолго од планираното.За време на апостолската посета на Папата Франциск на Република Северна Македонија движењето во централното градско подрачје (познато како Мал ринг), за сите граѓани ќе биде непречено, но забавено, бидејќи овој појас ќе биде строго обезбедена зона, а пристапот до оваа зона ќе биде можен само со важечки документ за идентификација и да поминат низ безбедносни проверки.

Македонија | пред 6 години

6 год.
mitre-miloseski

Милошевски се заблагодари на поддршката и му посака среќа на Георгиески

Ви благодарам на сите кои го остваривте своето демократко право на локалните избори прифаќајќи одреден концепт за градот за кој мислевте дека треба да се реализира. Благодарам за поддршката што секојдневно ја добивав од Вас за мојата програма За убав град. Секоја врата ни беше отворена, со секого поразговаравме, станавме дел од сечиј живот и ги ислушавме сите предлози, идеи, но и маки и проблеми, истакна Д-р Митре Милошевски, кандидадатот за градоначалник на Охрид..Благодарност до тимот на ВМРО-ДПМНЕ за несебичната ангажираност, максималната заложба и безрезервната поддршка за целиот овој период во кампањата.Водевме позитивна, слободна, фер и достоинствена кампања, не водевме црна кампања и не кажавме ниеден лош збор.Искрени честитки до мојот почитуван колега Константин Георгиески за успешна работа и реализација на ветените проекти од својата програма пред охриѓани.Мојата душа и моето срце живеат за поубаво утре, за убав Охрид и затоа надежта е дека сите граѓани ќе имаат еднакви шанси за достоинствен живот.Да живее ВМРО-ДПМНЕ,Да живее Охрид,Да живее Македонија, истакна Милошевски.

Македонија | пред 6 години

6 год.
ok-vmro-dpmne

ОК ВМРО ДПМНЕ: Во Охрид победи правото и правдата, Охрид ја доби битката на душата и честа

Во Охрид победи правото и правдата. Охрид ја доби битката на душата и честа. Реалноста за охриѓани е дека бараат правда, слобода, стандард, принципи и вредности. Народот јасно и недвосмислено ја делегитимира Власта препознавајќи го нејзиното лошо владеење и погрешни политики, се вели во соопштението од ОК ВМРО ДПМНЕ, Охрид.Картата е црвена, а тоа е бојата на победата. ВМРО-ДПМНЕ е коренот на македонскиот граѓанин. Благодарност до сите граѓани коишто не поддржаа, за нивната храброст, честитост, патриотизам, како и макотрпна, чесна и достоинствена работа во изминатиот период додека траеше кампањата, но и претходно.Честитките до Константин Георгиески ги испраќаме со порака за успешност во работата на Локалната самоуправа реализирајќи ги сите искажани ветувања. Како конструктивна опозиција уште денеска започнуваме со контрола на неговата работа и ветувања кон охриѓани и ќе бидеме гласен коректор на Локалната власт.ВМРО-ДПМНЕ како победник на претседателските избори во Охрид ја зацврствува својата позиција со освоените гласови што претставува предност и опомена за предвремени парламентарни избори.И покрај заканите, уцените и притисоците Ви благодариме за безрезервната поддршка и не застануваме туку продолжуваме помотивирани, посплотени и поединствени кон целосна победа во Охрид и преземање на власта.Достоинствено продолжуваме со крената глава кон освојување нови победи.Борбата за Македонија продолжува, се вели во соопштението од ОК ВМРО ДПМНЕ, Охрид. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
IMG_1540

Премиерот Заев со Претседателот на ЕБОР Чакрабарти: Високи оценки за политиките на Владата

Премиерот Зоран Заев, придружуван од министерот за финансии Драган Тевдовски, денеска, се сретна со претседателот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Сума Чакрабарти, кој е во посета на Северна Македонија во рамки на регионалната посета на Западен Балкан, пред Годишното собрание на ЕБОР што ќе се одржи од 7-9 мај во Сараево, Босна и Херцеговина.На средбата, делегацијата од ЕБОР упати честитки по повод изборот на новиот претседател на државата, Стево Пендаровски, оценувајќи ја позитивно можноста граѓаните демократски да ја изразат својата волја.Претседателот на ЕБОР Чакрабарти ги оцени високо досегашните политики на Владата за преземените реформи, оценувајќи го како исклучителен исчекор договорот со Грција, кој, како што беше оценето, е одлична можност за посветување на останатите економски процеси и инвестициски можности важни за граѓаните на Северна Македонија и регионот.Претставниците на ЕБОР ја изразија посветеноста на Банката за продолжување и интензивирање на можностите за соработка со Владата на Република Северна Македонија, во областа на енергетиката, производството на електрична енергија од обновливи извори и процесот на гасификацијата, како и за развој на патната и железничка инфраструктурата, за поддршка на приватниот сектор, како и за поддршка за подобрување на услугите на локално ниво.Премиерот Заев се заблагодари за континуираната поддршка на Европската банка за обнова и развој, оценувајќи дека Владата останува посветена на политичкиот дијалог со опозицијата и одличната соработка со соседите, со единствена цел да ги оствари евроатлантските интеграции, што ќе доведе до стабилност, подобрување на условите за работа на домашните компании и привлекување странски инвестиции, за подобрување на економската положба на граѓаните.Во рамките на посетата на Владата на РСМ, Претседателот на ЕБОР Чакрабарти оствари средба и со заменикот на претседателот на Владата Кочо Анѓушев задолжен за економски прашања, на која разговараа за динамиката на остварување на стратешките капитални проекти во енергетиката, патната и железничката инфраструктура.Вицепремиерот Анѓушев истакна дека заедничката соработка во дел од клучните проекти значи дека ЕБОР е наш партнер и ја дека препознава дека во фокусот се потребите на нашите граѓани, за подобри патишта, железници, гасовод, што во исто време се значајни и за развојот на економијата и придонесуваат за конкурентно стопанство.

Македонија | пред 6 години

6 год.
golem-ring

Апел за преместување на возилата од големиот ринг

Поради посетата на Папата Франциск, во Скопје се воведува посебен сообраќаен режим и промени во движењето на граѓаните. Поради специјалниот режим на движење, граѓаните што живеат во централното градско подрачје, во зоната „Голем ринг“, во вторник нема да може да ги користат своите возила, до колку сакаат да ги користат возилата ќе мора истите денеска да ги извадат од рестриктивната зона.Апаелираме, граѓаните коишто живееат во централното градско подрачје (во зоните А1, А3, А4, А5, А06, А8, Б2, Б3, Б6 и Б7) почнувајќи од понеделник, 06.05.2019 година по 16:00 часот, своите возила да ги дислоцираат и истите да ги паркираат во непосредна близина на Градско Собрание, зона Ц80 и Ц81 или зона Ц33 (под Железничка станица) и јавните паркиралишта ЗОИЛ и Тутунски комбинат.Граѓаните кои имаат потреба од своите возила на ден 07.05.2019 година, ќе биде потребно истите да ги дислоцираат надвор од рестриктивната зона на 06.05.2019 година, во спротивно возилата нема да може да направат излез од рестриктивната зоната за време на посебниот сообраќаен режим.Сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП Градски паркинг-Скопје ќе бидат бесплатни за користење почнувајќи од 06.05.2019 година (понеделник) по 16:00 часот.Катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“ во вторник 07.05.2019 година нема да бидат во употреба, односно ќе бидат затворени.

Скопје | пред 6 години

6 год.
papata-francisko

Утре специјален сообраќаен режим и траси на движење – еве ги деталите

Денеска и утре /07.05.2019 година, вторник/ поради посетата на Папата Франциск, во Скопје сообраќајот ќе се одвива по специјален режим. Во централното градско подрачје во Скопје, поточно појасот „Голем ринг“, утре /7 мај/ од 6 до 19 часот ќе има забрана и ограничување на сообраќајот. Сите возила ќе бидат пренасочени на сообраќајниците околу центарот во Скопје за да може непречено да се движат.Во овој временски период ќе се формира „рестриктивна зона“ на движење. За автомобили целосно ќе бидат затворени следните улици: 11 Октомври од крстосницата со булеварот Кочо Рацин до крстосницата со улиците Димитрие Чуповски, Даме Груев, Македонија, Васил Главинов, Филип 2 Македонски, Св. Климент Охридски (адвокатска) и Иљо Војвода.Сообраќајници по кои ќе биде дозволено движењето на возилата се следните: булевар Кочо Рацин, улица 11 Октомври од крстосницата со булевар Кочо Рацин до крстосницата со булевар Борис Трајковски, улицата Св. Кирил и Методиј, булеварите Св. Климент Охридски, Партизански одреди, Гоце Делчев и улицата Самоилова.Посебни сообраќајни правила на движење на автомобили ќе има и на трасата од Меѓународниот аеродром - Скопје до централното градско подрачје на Скопје. На 7 мај во временските интервали од 7:30 до 9 часот и од 17 до 18:30 часот, сообраќајот по бул. „Александар Македонски“ од излезот на Скопје во Автокоманда, кон аеродромот, ќе биде затворен во двете ленти на булеварот и ќе биде пренасочен по споредни сообраќајници.На трасата Велес – Скопје, во овој временски интервал, сообраќајот за влез и излез во Скопје ќе се одвива преку трасата Миладиновци - Идризово - Маџари. На трасата Куманово – Скопје, на клучката Миладиновци (кај Рафинеријата), сообраќајот ќе се пренасочува кон Обиколницата на Скопје, на која прв дозволен влез во градот Скопје ќе биде на клучката кај Радишани.За време на апостолската посета на папата Франциск движењето во централното градско подрачје (познато како „Мал ринг“) за сите граѓани ќе биде непречено, но забавено, бидејќи овој појас ќе биде строго обезбедена зона. Сите граѓани што ќе пристапат во оваа зона во периодот од 6 до 19 часот на 7 мај ќе мора да се идентификуваат со важечки документ за идентификација и да поминат низ безбедносни проверки.Во зоната „Мал ринг“ ќе се пристапува преку осум влеза на кои МВР ќе врши безбедносна проверка на сите граѓани, како и проверка на лична карти или пасош.Ова се единствените влезови во кои ќе се пропуштаат граѓаните кои ќе се упатуваат кон плоштадот „Македонија“:- Влез кај Управен суд на улица Орце Николов- Влез кај хотел „Мериот“ на улица Максим Горки- Влез кај кафе „Тренд“ на улица Димитрие Чуповски- Влез кај Министерството за финансии на улица Даме Груев- Влез кај Завод за статистика на улица Даме Груев- Влез кај Пелагонија на улица Димитрие Чуповски- Влез кај порта „Македонија“ на улица 11 Октомври- Влез на предната страна од ГТЦ кон плоштадПешачките мостови на реката Вардар (Камениот мост, мостот Око и Мостот на уметноста) ќе бидат целосно затворени за движење, како и Кејот „13 Ноември“ од двете страни на реката.Сите граѓани што живеат или работат околу плоштадот „Македонија“ ќе имаат непречен пристап до своите живеалишта, односно места на работа, преку поминување на еден од одредените влезови. Важно е со себе да носат документ за идентификација. Внатре во зоната ќе имаат слободен пристап до сите локации, освен во затворената зона на самиот плоштад, за каде што е потребна влезница за учество на литургијата. Пристапот за моторни возила, велосипеди, мопеди и слично е забранет во обезбедената зона.Целосна интерактивна мапа од посетата можете да ја видите на следната интернет врска - https://www.google.com/maps/d/viewer?mid=1s3pH9_P_eLfWft6MceurZzGeZmvvxmh6  &ll=41.99551418332732%2C21.43057529777684&z=15Целосните промени и правила на движење можете да ги видите на следната интернет врска - https://papa.mk/soobrakjaj/ Целосните промени за движење на автобусите во јавниот градски превоз можете да ги видите на следната интернет врска - http://jsp.com.mk/vest.aspx?vest=912 

Скопје | пред 6 години

6 год.
asaf-ademi-696x385-1-696x385

Прва оставка по изборите, jа поднесе Министерот Адеми

Министерот за култура Асаф Адеми денеска поднесе оставка од функцијата. Адеми ја соопшти одлуката на прес-конференција во партиското седиште на „Алтернатива“ во скопска „Мавровка“.Причина за негова одлука како шро кажа се здравствени проблеми.Оставката, како што наведе, ја поднесува поради здравствени причини и во консултации со партискиот лидер Африм Гаши.Инаку, на функцијата министер за култура тој дојде во јуни минатата година наследувајќи го Роберт Алаѓозовски.

Македонија | пред 6 години

6 год.
2-1

Промовирана поштенска марка за посетата на папата Франциск

По повод утрешната посета на папата Франциск на Скопје, денеска во Собранието беше промовирана поштенската марка „Прва посета на Папа во Република Северна Македонија. Претседателот на Собранието Талат Џафери во обраќањето на промоцијата рече :-Како што ви е познато, утре кај нас доаѓа во посета Папата, поглаварот на Римо- католичката црква во рамките на неговата Балканска турнеја и оваа промоција е навистина одличен начин за да се забележи овој историски настан. Папата Франциск е познат по својата скромност и широкогледост, повикува на еднаквост, противник е на насилството и е прогресивен во своите ставови и ја поддржува еволуцијата, токму затоа е широко прифатен од младите ширум светот и за нас е огромна чест што утре ќе бидеме домаќини на оваа посета.Иако во Република Северна Македонија католичката заедница е помала во однос на другите верски заедници, сепак неоспорен е нејзиниот ценет придонес во градењето на соживотот во нашата земја, нешто што не е воопшто лесно меѓутоа, како што вели и Папата во неговата видео порака упатена до Северна Македонија, „вреди да се вложи тој напор, бидејќи посебната убавина на нашата земја се должи токму на различните култури, заедници и религии што живеат во неа, бидејќи најубавите мозаици се тие што имаат многу бои“.Ние, иако мали по територија и по број на жители, имаме што да понудиме во градењето на еден поубав свет за сите. Исклучителен пример за тоа е нашата Гонџе Бојаџиу, големата светица Мајка Тереза која неуморно се даде себеси и сето свое битие за да ги утеши сиромашните, немоќните, болните.Нека посетата на Папата Франциск биде охрабрување за сите нас да бидеме подобри луѓе, потолерантни кон различните од нас, одговорни и посветени луѓе претставници  на народот кои ќе бидат посветени на градење на подобра иднина за идните генерации, истакна Џафери.Инаку на промоцијата пристуствуваа потпретседател Влада на Република Северна Македонија, директорот на македонски пошти  Рустеми,Скопскиот Бискуп и Апостолски Егзарх во Македонија, Монсињор д-р Киро Стојанов.

Македонија | пред 6 години

6 год.
izjava-zaev.Still107-1

(ФОТО) Дрво падна на автомобили во центарот на Охрид

НАСКОРО ПОВЕЌЕ ...

Македонија | пред 6 години

6 год.
kontenjeri

Контејнерите од улиците во општина центар привремено дислоцирани

Град Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ ги информираат жителите од општината Центар, дека во пресрет на апостолската посета на папата Франциск ќе бидат спроведени безбедносни мерки коишто налагаат привремено дислоцирање на садовите за исфрлање на отпадот.Имено, вечер (6.05.2019 година), околу 22 часот ќе бидат дислоцирани контејнерите на 45 локации на следните булевари и улици: Гоце Делчев, Свети Климент Охридски, Мајка Тереза, Даме Груев, Филип Втори Македонски, ВМРО, Орце Николов, Митрополит Теодосиј  Гологанов, Кирил и Методиј, како и на кејот „13 Ноември“. Дислоцираните садови за исфрлање на отпадот ќе бидат вратени на своите локации околу 22 часот утревечер (7.05.2019 година).Апелираме до граѓаните во меѓувреме да се воздржат од исфрлање на комуналниот отпад.

Македонија | пред 6 години

6 год.
karta-izbori

ВМРО ДПМНЕ: Картата е црвена - Предвремените парламентарни избори се неизбежни

Картата е црвена. ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Сиљановска Давкова победија во најголем број на општини во Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Сиљановска Давкова со народот освоија повеќе гласови од првиот круг, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Членството на ВМРО-ДПМНЕ беше под константен политички прогон, власта се служеше со сите методи. Но одговорот го добија од народот. Сега да има предвремени парламентарни избори, ВМРО-ДПМНЕ ќе освои најголем број на пратеници.Гордана Сиљановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ победија во: Зелениково, Аеродром, Гази Баба, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Сопиште, Петровец, Илинден, во Бутел е нерешено, победа има и во Битола, Велес, Кавадарци, Гевгелија, Прилеп, Кочани, Свети Николе, Штип, Босилово, Валандово, Василево, Вевчани, Виница Градско, Дебарца Демир Капија, Зрновци, Карбинци, Кратово, Кривогаштани, Лозово, Македонска Каменица, Македонски Брод, Могила, Неготино, Новаци, Пехчево, Пробиштип, Росоман, Старо Нагоричане, Чешиново Облешево и нерешено е во Радовиш.ВМРО-ДПМНЕ продолжува заедно со народот. Оваа недемократска и ненародна власт мора да падне.Граѓаните го кажаа своето. Падот на Заев е неминовен.Народот гласаше за право и правдина наспроти криминал, корупција и непотизмот на Заев и СДСМ. Народот гласаше против коруптивната шема по принципот „едно евро за црквата, едно евро за Вицето“.Народот сака право и правдина. Предвремените парламентарни избори се неизбежни, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
dedo-trajan

Исчезна дедо Трајан од Усје, семејството моли за помош

 Скопјанецот Горан Илиев апелира до јавноста за било каква информација за неговиот дедо Трајан. Трајан од село Усје, боледува од деменција и од утрово му се губи трага.Доколку имате било каква информација, јавете се на 070 350 294.https://www.facebook.com/ilievg.mk/posts/10214302051881024

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Викендов сообраќајната полиција затекна „возачи“ кои немаат возачка дозвола

Во текот на изминатите денови (03, 04 и 05.05..2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека пет возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени четири возачи од кои: тројца возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и еден возач затоа што бил возач почетник. Исто така, исклучени од сообраќај се и три возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се двајца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, еден возач поради неправилно престројување, двајца возачи поради неправилно престигнување и еден возач на мотоцикл поради неносење заштитен шлем.

Македонија | пред 6 години

6 год.
kucinja-kuce

65 годишен жител од Радовиш, каснат од куче скитник

На 05.05.2019 година во Полициска станица Радовиш Љ.Д (65) од Радовиш пријавила дека истиот ден во 11:00 часот на булевар „Александар Македонски“ во Радовиш била касната од куче скитник во пределот на левата подколеница на ногата.

Македонија | пред 6 години

6 год.
soobrakajna-nesreka

Со мотор удрил во пешак

На 05.05.2019 година во 21.45 часот во близина на влезот за с.Тркање, кочанско, мопед „Априлија РС 50“ со кочански регистарски ознаки, управуван од Т.Т.(19) од с.Тркање, на кој превезувал и 14-годишно лице, удрил во 16-годишен пешак од с.Тркање.Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Кочани.

Македонија | пред 6 години

6 год.
soobrakajka

Возило со бугарски национални ознаки излетали од патот и удрило во дрво

На 05.05.2019 година во 17.30 часот на магистралниот пат Куманово- Граничен премин Пелинце, на место викано „Бели Грамаде“, патничко возило „Сеат Ибица“ со бугарски национални ознаки, управувано од И.Д.(42) од Куманово, излетало надвор од коловозот и удрило во дрвo.Во незгодата сопатничката Ј.Н. се здобила со тешки телесни повреди, додека возачот И.Д. и сопатникот Д.Д. се здобиле со телесни повреди. Сите тројца со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во болницата во Куманово каде им била укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
cnn

(ВИДЕО) Тридневна жалост во Мурманск – Русија, поради авионската несреќа

Руските власти во регионот Мурманск прогласија тридневна жалост поради авионската несреќа, што се случи вчера на аеродромот Шереметјево, а во која загина 41 човек. „Прогласена е тродневна жалост во Мурманск“.Несреќата се случи кога авион на Аерофлот „сухој суперџет 100“, се запали и во оган се движеше по пистата. Патниците беа евакуирани додека авионот гореше, а црн чад се издигнуваше кон небото.„На авионот имаше 78 патници и членови на екипажот’, велат од Комитетот за истраги, а авионот од Москва полетувал кон северозападниот град Мурманск.„Според последните податоци 38 луѓе преживеале“, а портпаролот на истрагата потврди дека загинати се 41 лице.https://twitter.com/bazabazon/status/1125122587598651393?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1125122587598651393&ref_url=https%3A%2F%2Ftv21.tv%2Fmk%2Favionska-nesreka-vo-moskva-avionot-prvo-se-odbiva-od-pistata-a-potoa-pochnuva-da-gori-video%2F  

Свет | пред 6 години

6 год.
bidi-voda

Хуманитарен настан „Биди вода“ – купи принт донирај за Мила и Мартин

Денеска со почеток во 18 часот, во просториите на Универзитетот за информатички науки и технологии. „Свети Апостол Павле“ ќе се одржи првата самостојна изложба на Александар Илиевски апсолвент на Универзитетот.Мотивациите за делата во рамки на изложбата насловена „Биди вода“ произлегуваат од зачувување на природата и нејзините ресурси, климатските промени, пост апокалипсата, научна фантастика, романтика. Принт од нив ќе може да се купи на лице место.На настанот освен статични уметнички дела ќе има и преглед на 3Д модели кои ќе излегуваат од самолепливи сликички, сликичките ќе можат да се купуваат на отворениот штанд во самиот ходник на факултетот, за кои сите средства од самолепливите сликички ќе бидат наменети за донација на МИЛА и МАРТИН. Ќе биде поставена и кутија за донирање средства.

Македонија | пред 6 години

6 год.
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Граѓаните избраа претседател што води напред

На слободни, фер и демократски избори граѓаните масовно го поддржаа Стево Пендаровски и  концепт што води заедно напред.Им благодариме на граѓаните за поддршката и јасната определба напредокот да продолжи, преку заедништво и интеграции. Предноста од првиот круг стана јасна, убедлива победа во вториот круг од претседателските избори, с евели во соопштението од СДСМ.Мнозинството граѓани, Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци и сите останати застанаа зад Стево, вистински претседател на сите граѓани.Република Северна Македонија конечно доби претседател кој обединува, кој е подготвен да работи во интерес на сите граѓаните, за националните и државни интереси.  Со Стево Пендаровски продолжуваат позитивните промени, продолжува напредокот, државата уште поцврсто зачекорува по патот на заедништвото, напредокот и интеграцијата во ЕУ и НАТО.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања