Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
osameni

Германија воведува ,,министерство за осамени”

Германија размислува за воведување посебен оддел во рамки на Министерството за здравство, кој би се грижел за проблемите на осамените граѓани, објави денеска „Велт ам Зонтаг”.– Досега малку внимание им се посветувало на болестите кои ги предизвикува осаменоста. Едно неодамнешно истражување покажува дека осаменоста често предизвикува психички болести, како што се депресија, анксиозност, но и болести на крвниот систем, изјави функционерот од редовите на социјалистите Карл Лутербах.Тој бара, по примерот на Велика Британија, да се воведе оддел при Министерството за здравство што ќе се занимава со осаменоста и штетите кои ги причинува таа појава врз општеството.

Свет | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Столтенберг преку твитер му честита на Пендаровски

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, му ја честиташе победата на новиот претседател на Северна Македонија, Стево Пендаровски.Шефот на Северноатлантската алијанса преку Твитер му честиташе на Пендаровски за победата.„Честитки до Стево Пендаровски за победата на претседателските избори, со нетрпение чекам да работам за вас за прием на Северна Македонија како триесетта членка на НАТО“, напиша Столтенберг.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Облачно и нестабилно време на места со поројни врнежи од дожд

Времето денеска променливо облачно и нестабилно, на места со врнежи од дожд кои локалнo ќе бидат поројни, проследени со грмежи и засилен ветер, а ќе има и услови за појава на град, особено во источните делови. Кон крајот на денот ќе започне да дува засилен северозападен ветер, а на повисоките планини во западните делови ќе провејува снег.За утре метеоролозите најавуваат променливо облачно и свежо со засилен северозападен ветер, особено долж Повардарието. Во југозападните делови претпладне ќе има услови за слаб дожд, а на повисоките планини за слаб снег.

Македонија | пред 6 години

6 год.
gurgovden

Денеска е Ѓурѓовден – се прославува будењето на вегетацијата и на животот воопшто

Празникот на светиот великомаченик Георгиј познат како Ѓурѓовден се празнува на 6-ти мај според новиот (или на 23-ти април според стариот) календар. Тој се смета за најголем пролетен празник што го празнува не само христијанското туку и целото население во Македонија што од друга страна значи дека во неговата основа е празнувањето на природата, на разбудувањето на вегетацијата и на животот воопшто.Именден празнуваат:Ѓоко, Ѓорѓија, Ѓуро, Ѓурѓа, Ѓоре, Ганка, Ганчо, Гинка, Ѓурѓица и други.Големиот црковен и народен празник посветен на светиот великомаченик Георгиј Победоносец меѓу народот познат како Ѓурѓовден спаѓа меѓу неподвижните празници или меѓу празниците со постојан датум. Секоја година се паѓа на 6 мај според новиот, или на 23 април според стариот календар.Како голем празник Ѓурѓовден се поврзува со Велигден, па и во народната песна се пее за нивната поврзаност, за раззеленувањето на вегетацијата и за враќањето на животот по пасивниот зимски период.Ѓурѓовден е празникот  врзан со најголем број обичаи што постојат во народното верување и спаѓа меѓу неподвижните празници или меѓу празниците со постојан датум. Секоја година се паѓа на 6 мај според новиот, или на 23 април според стариот календар. Овој празник се смета за граница меѓу зимата и летото, празник врзан за здравјето на домашните, женачката, плодност на стоката и добри посеви.Главен обичај е плетење венец од билки, миење со цвеќиња, капење во река. Венецот сплетен од цвеќиња треба да се стави на влезната врата во куќата и тоа значи дека домот и годината ќе бидат богати.Наутро со билките и со цвеќињата што домаќинката претходно ги потопила во вода, прво се мијат децата за да бидат здрави како дрен преку цела година, девојките и момчињата се грабаат околу нив, старите да бидат витални, а домашните куќата да им биде чувана.Се верува дека на Ѓурѓовден не треба да се спие, бидејќи главата може да ве боли цела година.Во селата се палеле големи огнови за да се избркаат сите зли и лоши сили.Се верувало дека ако е ведро, годината ќе биде плодна, а ако врне, дека ќе биде сушна година.  

Македонија | пред 6 години

6 год.
mickovski-press-poraz

Мицковски: Нека не заборават дека ВМРО ДПМНЕ е коренот на македонскиот граѓанин и неможат да не избришат

-После онаа пародија која ја видовме предмалку од страна на Заев Зоран и Пендаровски Стево изведена, сакам да се обратам како претседател на најголемата политичка опозициска партија. Денеска реалноста е следна. Ако имаше денеска парламентарни избори, тогаш најмногу пратеници ќе освоеше ВМРО ДПМНЕ. ВМРО ДПМНЕ споредено со СДСМ и колаицијата - Хотел колицијата, напраивме одличен резултат, истакна претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христија Мицковски.Тој додаде:-Не навредуваа, измислуваа, конструираа сценаристите. Го ставија нашето членство под политилки прогон. Не уценуваа, се закануваа нам и на блиските. Но, ние работевме и дојдовме до близи 380 000 гласови. Ќе продолжиме да работиме, а тие нека продолжат да излмислуваат и членство, да го стават под политички прогон. Но, нека не заборават дека ВМРО е коренот на македонскиот граѓанин , и неможат да не избришат.На следните изботи ВМРО ќе стигне до бројата која ја заслужува, а тоа е скоро половина милион гласови, истакна Мицковски. 

пред 6 години

6 год.
davkova-poraz

Силјановска Давкова призна пораз: По овие избори ништо повеќе нема да биде исто

 Пресс конференција во ВМРО ДПМНЕ. Пред симпатизерите и членството се обрати Гордана Силјановска Давкова.-Заврши изборната трка, заврши изборната сага за мене невообичаена. Чудно се чувствувам. Бројките говорат за пораз, обично поразените не се чувствуваат добро, но јас никогаш не сум се чувтсвувала подобро, побогато поблагородно. Од среце ви благодарам што иако не бев член толку многу се зближив со унијата на жени, со симпатизерите со членството, а најмногу со граѓаните.Ние слушаме се, а јас слушам дека деновиве сум се подмладила. Тоа е поради граѓаните. Јас не знаев дека директните средби со нив, затоа што верував дека ако им се обраќам нив можам да помогнам во градењето на демократија во земјава која ја нема, и добив дијалог кој ми покажа дека допира до нив, до нивниот ум и срца, и верувајте тоа ме подмлади, рече Давкова.Таа потенцираше дека е задоволна од учеството во изборната трка..-Денешниов ден ми личеше на Вивалди. На четирите годишни времиња. Признавам дека утрото почна со дожд , наликуваше на зима, но дека на крај ќе заврши како пролет. Претпоставувам заврши како пролет за победниците, но за мене не е зима. Верувајте, да добиете речиси 370 000 гласови, не е воопшто малку.  Јас како поединец нити како кандидат на ВМРО ДПМНЕ не ја згубив битката.-Некој може да помисли дека наивно влегов во политиката по 30 децении. Јас сеуште мислам дека политиката има логика ако се перципира како уметност на возможноста, во смисла да подобрите нешто, да внесете нешто ново, да критикувате, да посочувате на добрите европски практики и приказни и да нудите решенија. Се обидов да го направам тоа, но неможам да не кажам дека политиката во Македонија сеуште не е уметност и дека сеуште е во рацете на партиите, тие одлучуваат каде ќе одат гласовите, а не граѓаните.Резултатот е јасен, но прашање е дали овој резултат со поразениот дали води кон помирување и обединување или означува поделба внатре во државата по повеќе основи, и прашање е дали синтагмата „Заено одиме напред“, навистина го ветува тоа, рече Силјановска Давкова.   

пред 6 години

6 год.
Artan-Grubi-Skenderbeg-1

Груби: ДУИ и Ахмети прават претседатели и премиери во државава, ние сме победници

Пратеникот од ДУИ, Артан Груби на социјалните мрежи објави фотографија од лидерот Али Ахмети под кога напиша дека неговата партија е заслужна за изборот на претседател на државата и Собранието, но и за изборот на премиер.„Али Ахмети и ДУИ прават претседатели на Собрание. Али Ахмети и ДУИ прават премиери. Али Ахмети и ДУИ прават претседатели на државата. Без Али Ахмети и ДУИ не ја бива работата. Победници“, напиша Груби, прогласувајќи ги ДУИ за победници.Вечерва во партискиот штаб на СДСМ, каде се слави победата на Стево Пендаровски не се појави лидерот на ДУИ, Али Ахмети, ниту пак Артан Груби. Заев на прес-конференцијата кажа дека телефонски исконтактирале и дека Ахмети ја честитал победата на Пендаровски.https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10217112680723078&set=a.1073851060433&type=3&theater

Македонија | пред 6 години

6 год.
1-2-2

Активитите на СДСМ со „Уа“ додека новинарите поставуваа прашања, Пендаровски побара да слави

Од Државната изборна комисија уште не кажаа кој е конечниот резултат на престојните претседателски избори, а Стево Пендаровски на прес-конференција се прогласи за врховен командант на армијата.За време на прес-конференцијата, додека новинарите постауваа прашања, поддрувачите извикуваа „Уаааа“, но никој не реагираше, иако тоа се случи неколку пати.На крајот, Пендаровски се обрати до новинарите и рече „Поставувајте прашања колку сакате, ама дајте ни шанса да прославиме“. На ова се смееа партиските активисти. По неколку секунди, Пендаровски рече дека е шега, но никој тоа не го сфати како такво и новинарите се повлекоа.

Македонија | пред 6 години

6 год.
zaev

Заев: Мицкоски е поразен!

Премиерот Зоран Заев ја потврди победата на Стево Пендаровски. Тој рече дека граѓаните остануваат заедно за остварување на стратешките цели. Заев упати порака и до ВМРО-ДПМНЕ на која и порача дека треба да се реформира„Имаме успешни и демократски избори, добивме претседател на државата. Оддекна мнозинската граѓанска определба. Продолжуваме заедно и одговорно напред. Патот е потврден и пополчен со успех. Република Северна Македонија со сигурност продолжува напред. Граѓаните остануваат заедно за остварување на стратешките цели. Ова е победа на концептот, но пред се на граѓаните и републиката. Денес сите можеме да славиме, оти покажавме дека имаме земја која е европска, но и народ со демократски определби. Имаме беспрекорно чисти избори во двата круга. Северна Македонија има врвни демократски капацитети. Од денес ништо повеќе не е исто. Никој не може да застане на патот за прогресот и перспективите. Граѓаните го кажаа своето. Од преброени од 96,5 проценти од гласовите, Стево Пендаровски има освоени 423 илјади гласови, а Силјановска нешто над 360 илјади гласови, што е разлика од 55 илјади гласови“, рече Заев.Заев рече дека нема веќе режим и дека ова е крај на мрачното минато.„Мицкоски е поразен, поразени се политиките на ВМРО-ДПМНЕ на сеење страв. Ќе се учи за оваа политичка пракса и демократска зрелост. Честитам претседателе Стево Пендаровски. Да ми ги чуваш и штитиш граѓаните. Биди секогаш праведен и правичен, објективен, критичен. Еве ги резултатите кога се слуша граѓанскиот глас. Оваа генерација политичари и граѓани, одговорија на аманетот на претците. Со пенкало и глас донесовме исправна одлука. Заедно напред. Пендаровски е наш, ваш, мој, твој претседател“, додаде Заев.

Македонија | пред 6 години

6 год.
avion

Меѓу загинатите во авионот во Москва има и деца

Рускиот истражувачки комитет потврди дека во пожарот во авионот во Москва загинале 13 лица, меѓу кои и две деца.Повредени се уште седум патници, од кои тројца потешко, јави „РТ“.Рускиот претседател, Владимир Путин, изрази сочувство до семејствата на настраданите и наложи истрага за причините за несреќата. 

Свет | пред 6 години

6 год.
pendarovski

Пендаровски се прогласи за претседател: Излеговме од дното, ќе служам на секого

Стево Пендаровски на почетокот на прес-конференција ја започна на македонски и албански, со што им се заблагодари на сите кои гласале за него.„Ова беше нашиот мудар народ. Оваа победа денеска е победа на мнозинството граѓани на Северна Македонија, која без разлика на етничка припадност се обедини и рече 'Заедно напред, никогаш повеќе режим'. Свечено сакам да објавам дека ќе им служам посветено на сите. Исходот од овие претседателски избори значи загарантиран пат напред како луѓе, семејство, држава. Излеговме од темното дно и оваа придобивка да си ја чуваме и развиваме. Исходот е поголем успех затоа што овие избори се победа на заедништвото. Победата на овој концепт носи иднина за Северна Македонија и наша карта за Европа. Доказ дека само стабилност, безбедност и прогрес се можни кога сме обединети. Ќе стојам зад секој чесен граѓанин, ќе обединувам и нема да делам. Ќе бидам претседател на сите. Ќе забележувам, ќе критикувам. Ќе бидам сојузник во остварување на интересите на граѓаните, а знам дека успех е можен со искрен пристап, соработка и трпение“, рече Пендаровски.Пендаровски му се заблагодари на Заев за поддршката, но и на против кандидатите Блерим Река и Гордана Силјановска-Давкова.„Сакам да ви ветам една работа, ќе бидам претседател на државата од која нема да се срамите ни тука, ни во странство. Ви благодарам на поддршката“, додаде Пендаровски.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Capture-3

Пендаровски води со 60.553 гласа разлика на пребројани 90% од гласачките места

Пребројани се 90 отсто до избирачките места, при што со 60.553 гласа води кандидатот на СДСМ и ДУИ, Стево Пендаровски.Пендаровски има 380.946 од пребројаните гласови или 52.38 отсто, додека кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска – 320.393 од пребројаните гласови или 44,06 отсто.До сега неважечки се 25.909 ливчиња, или 3,56 отсто.

Македонија | пред 6 години

6 год.
kosta-slavi

Георгиески: Докажавме дека сме сплотени во заедничката визија за подобра иднина на нашиот град!

СДСМ во Охрид слави победа. Од аналитичкиот центар на СДСМ, информираа дека нивниот кандидат води со 3.881 гласа повеќе пред противкандидатот од ВМРО ДПМНЕ, Митре МИлошевски.Почитувани, Охрид денеска на мирни, фер и демократски избори, одлучи да оди напред! Уште еднаш докажавме и покажавме дека сме сплотени во заедничката визија за подобра иднина на нашиот град! Ви Благодарам на вашата голема поддршка! Охрид има Градоначалник! Одиме Заедно Напред! напиша на својот фејсбук профил Константин Георгиески.ФОТО ОХРИД ПРЕСС

Македонија | пред 6 години

6 год.
asda

ВИДЕО: Со оро, трубачи и знамиња се слави пред СДСМ

Пред седиштето на СДСМ веќе започна да се слави со трубачи и оро, за победата на Пендаровски.Партиски поддржувачи со државно знаме и знаме на ЕУ играат околу тапаните.Погледнете ја атмосферата тука:[embed]https://www.facebook.com/RSEMK/videos/820177311700615/UzpfSTEwMDAwMjQ2MjcyMTMwMjoyMTk4OTExNDQwMjAwOTI1/[/embed]

Македонија | пред 6 години

6 год.
Google-Chrome

СДСМ го прогласи Пендаровски за претседател

Иако ДИК не завршиле со пребројувањето гласови, СДСМ го прогласи Стево Пендаровски за претседател.„Првичните тенденции се задржаа и покажуваат стабилно водство на заедничкиот кандидат за претседател, Стево Пендаровски. Од обработени половина од стигнатите гласови, Пендаровски води со 30 илјади гласови пред Сиљановска. Очекуваме таквата тенденција да продолжи и Пендаровски да биде прогласен за претседател на државата“, вели Костадин Костадинов.Тој им порача на ВМРО-ДПМНЕ да не бараат изговори за поразот кој им следува.„Граѓаните го препознаа концептот на единство, кој води кон ЕУ и НАТО. Граѓаните избраа вистински претседател кој води напред. Ние граѓаните, денеска кажавме конечно ‘не’ за враќање назад во темното минато и поделби“, додаде Костадинов.

Македонија | пред 6 години

6 год.
cnn

ВИДЕО: Најмалку 13 лица загинаа по пожар во руски авион

Најмалку 13 лица загинаа по авионскиот пожар на летот на компанијата „Аерофлот“ во Русија, во неделата, објави руската државна новинска агенција ТАСС.Рускиот „Суперџет 100“ летал од Москва до Мурманск, кога избувнал пожарот.Авионот „Аерофлот“ се врати на аеродромот во Москва, но имаше тешко слетување.Видеата на социјалните медиуми укажуваат на тоа дека авионот е зафатен со пламен на пистата, а луѓето се евакуираат преку излези за итна употреба.ФОТО: CNN[embed]https://www.instagram.com/p/BxFk4iBlbpw/?utm_source=ig_embed[/embed]ни- 

Свет | пред 6 години

6 год.
ketering-SDSM

Се бројат гласовите - во СДСМ нарачале кетеринг

Државната изборна комисија ги пребројува гласовите, а во штабовите на двете партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ како веќе да е познат резултатот, објави irl.mk. Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски уште во 17.30 часот пристигна во централата на СДСМ. Таму се и функцинерите од врвот на партијата – Дамјан Манчевски, Радмила Шеќеринска, Петре Шилегов и луѓето кои се дел од тимот на Пендаровски.Репортерот на irl.mk забележал како во СДСМ се носат послужавниците со храна која ја нарачале во штабот. Според порталот обичното членство си честита, раководството се слади, а атмосферата делува победнички.Текстот и фотографијата се превземени од irl.mk. Текстот во целост на irl.mk. 

пред 6 години

6 год.
59425932_10219727971979110_2312917421645627392_n

Не е тешко да си поголем демократ од Груевски, а СДСМ имаат две години да ја донесат правдата што ја ветија

„СДСМ сега имаат сосема комотна позиција со 80 пратеници кои можат да ги натераат да гласаат за нив и претседател. Покрај зголемената слобода во медиумите (а не е тешко да си поголем демократ од Груевски) други поважни реформи изостанаа на внатрешен план. Уште се истите судии кои сега се приклонија кон власта, уште има партизација на администрацијата (Антикорупциска демек проработе, ќе видиме дали ќе е тоа и после избори), уште се делат тендери по заслуга, нема ревизии на работењето на општините минатата декада (и кај се воопшто обвинетите Двојче, Сокол Митревски и слични), пак се штанаат ДУП-ови... И најболното, нема правда. Денес е 5-ти мај, денот кога полицијата упадна во читална и се изживуваше над студенти. Барем јас колку што знам нема никој казнет ни по командна одговорност, а полицајците сигурно уште се на работа. Ова е само од денешен ден пред години. Имаат две години да ја донесат правдата што ја ветија“, пишува твитерџијата Божидар Божиновски

Коментари | пред 6 години

6 год.
iVote-Google-Chrome

Тесна разлика на гласови во Охрид: Според првите резултати, Милошевски пред Георгиевски

Резулатите на ДИК од обработените 8,99 проценти од избирачките места, покажуваат дека е тесна разликата меѓу двајцата кандидати за градоначалници на Охрид.Според официјалните податоци на ДИК, Митре Милошевски од ВМРО-ДПМНЕ има 535 гласови. Кандидатот на СДСМ, Константин Георгиевски, има 548 гласови.Во тек е пребројување на гласовите, се очекува крајните резултати да бидат познати за околу два часа.

Македонија | пред 6 години

6 год.
oliver-sasovski

(ВИДЕО) Спасовски: Изборите минаа во мирна и фер атмосфера

Најнапред дозволете ми искрено на сите граѓани да им честитам за денешниов изборен ден кој што мина во една мирна и фер атмосфера, како што впрочем и доликува на секоја демократска и слободна земја. Искористувајќи го слободно и непречено своето загарантирано право на глас, граѓаните уште еднаш ја демонстрираа својата зрелост и одговорност да одлучуваат за иднината на својата земја, рече министерот Оливер Спасовски по завршувањето на гласањето во вториот круг од Претседателските избори 2019 година.-Им се заблагодарувам на сите припадници на Министерството за внатрешни работи кои што и овој пат како и пред две недели, одговорно ги извршија своите работни задачи, овозможувајќи целиот процес да се спроведе мирно и безбедно, согласно сите законски прописи- рече Спасовски.До сега регистрирани се три случаи на фотографирање на гласачко ливче. Првиот на избирачко место во село Другово, кичевско, вториот на гласачко место во ОУ “Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје, а третиот во Неготино. Против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави. Евидентиран е и случај во Неготино каде едно лице при гласање на еден од параваните со пенкало испишал бројка.Пријавени се четири случаи за наводно агитирање и по преземените мерки утврдено е дека пријавите се неосновани. Исто така евидентирани се и две пријави за организирано носење гласачи при што во едниот случај за избирачко место во Битола е утврдено дека пријавата е неоснована додека пак за случај во Кочани се превземаат мерки за расчистување на случајот. Доколку има други пријави, Министерството за внатрешни работи соодветно ќе ја информира јавноста.-Значи, можам да констатирам дека имавме изборен ден со незначителен број на неправилности, без нарушување на јавниот ред и мир. Уште еднаш им честитам на граѓаните и институциите на одлично спроведените избори, како што и доликуваат на демократска земја како што е европска Република Северна Македонија- рече Спасовски.

пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања