Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
Janusev

(ВИДЕО) Јанушев: Сѐ освен победа на Силјановска ќе фрли темни дамки за изборен инженеринг

ВМРО-ДПМНЕ се враќа на голема врата, рече генералниот секретар на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, на прес конференцијата  еден час по затворањето на гласачките места. Јанушев оцени дека во првиот дел од кампањата имало девијантни појави од власта кои ескалирале во вториот круг од претседателските избори.Народот се дигна против власта на Зоран Заев. Народот бара промени, рече Јанушев. Според него сето ова е реалност , се освем победата на Силјановска ќе фрли  дамка на изборниот инжињеринг.Тој наброја низа регуларности кои биле констатирани на повеќе изборни места како што биле обиди на поткуп, групно галасње, организиран превоз и полициска окупација на некои места посочуваји го Ново Село.

пред 6 години

6 год.
guguceska

ФОТО: Портпаролката на ДИК се шегува со Мицкоски

Откако порталите објавија дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски бил набљудувач на изборно место во скопско Кондово, на социјалните мрежи излегоа низа шеги на негова сметка. Еден од коментарите е и на портпаролката на ДИК, Љупка Гугутческа.„Жешко е за џемпер“, напиша Гугутческа како коментар на објава на социјалните мрежи.

Македонија | пред 6 години

6 год.
‹-1.-—-WordPress-Google-Chrome_2

Силјановска губи: Пендаровски со 36 илјади гласови пред неа

Државната изборна комисија постојано излегува со резултати од гласањето за претседател на Северна Македонија.Според последните бројки, од обработени 34,48 проценти, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова има 74.722 гласови, а пак, кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски има 110.728 гласови.Според овие податоци, Пендаровски има 36.003 гласови повеќе од Силјановска.

Македонија | пред 6 години

6 год.
izbori2_g111ynj56uj65u56uj56-88972

ОД СЕКУНДА ВО СЕКУНДА: РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО

Во продолжение, следете ги резултатите кои Државната изборна комисија ги објавува, во живо:Доколку имате проблем да ги видите резултатите, кликнете ТУКА 

Македонија | пред 6 години

6 год.
kiracovski

Кирацовски е оптимист: Пендаровски е во водство, очекуваме да биде победник

Во штабот на СДСМ, владее оптимизам. Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски вели дека тенденцијата е Стево Пендаровски да биде победник на изборите.„Стево Пендаровски е во водство и очекуваме победа. Очекуваме и останатите учесници во изборниот процес да дадат признание за мирните и демократски избори. Изборите да завршат изборите како и цел ден, во мирна атмосфера. Мнозинската волја на граѓаните, мора да биде испочитувана од секого“, рече Кирацовски на првата прес-конференција.„Според сите домашни и странски набљудувачи изборите поминаа во мирна атмосфера“, додаде Кирацовски.

Македонија | пред 6 години

6 год.
‹-1.-—-WordPress-Google-Chrome

(ФОТО) Резултати во првите минути: Пендаровски пред Силјановска-Давкова

Во првите минути, по завршувањето на изборниот ден, Стево Пендаровски има повеќе гласови од Гордана Силјановска-Давкова.Но, станува збор за обработени само 0,70 проценти од гласовите. Конечните резултати ќе се објават во текот на вечерта.

Македонија | пред 6 години

6 год.
buckoski

Бучковски: Мицкоски бара алиби за да го оправда поразот

Поранешниот премиер на Македонија, Владо Бучковски оцени дека овие избори биле скандинавски, а пак, тоа што Мицкоски укажувал на одредени нерегуларност, според него е алиби да укаже дека се крадат гласови. Според Бучковски, ВМРО-ДПМНЕ не знае да признае пораз.„ВМРО-ДПМНЕ според мене не тежи повеќе од 350 илјади гласови. Ставовите на Силјановска-Давкова не се политики кои ги препознаваат Албанците. Таа им донесе повеќе гласови на ВМРО-ДПМНЕ, отколку нивните политики. Во вториот круг гледаме дека се беше различно, за разлика од првиот круг. Се водеше негативна кампања во вториот круг, се обидуваа да им се додворуваат на Албанците“, рече Бучковски на Канал 5. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
gordana-siljanovska

Силјановска Давкова: Политичката зима во Македонија, мислам дека ќе заврши со сонце

Гордана Силјановска Давкова, кандидат за претседател од ВМРО-ДПМНЕ очекува дека ќе биде петтиот претседател на Република Македонија.По гласањето таа изјави дека конечно политичката зима во Македонија ќе заврши со сонце.Мислам дека таргетот на кој се концентрирав, односно групите граѓани за кои мислам дека ќе се инспирираат или да им се разјаснат дилемите дали да излезат или не. Дека успешно го завршив, денот почна како со зима тоа е политичката зима во Македонија, мислам дека ќе заврши со сонце, истакна Силјановска Давкова.

пред 6 години

6 год.
derkovski

Цензус има: Досега излегле 44.5% од граѓаните

До 18:30 вкупно 795.575 граѓани излегле да гласаат. Изразено во проценти, тоа е 44.5 проценти.Најголема излезност има во Битола, Вевчани, Гевгелија, Демир Хисар, Дојран.Најмала излезност има во Струга, Шуто Оризари, Центар Жупа, Теарце, Студеничани.Според претседателот на ДИК, Оливер Дерковски, изборниот ден поминал мирно без поголеми инцинденти 

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Пендаровски очекува поубедлива победа на изборите

„Денешниот изборен ден, во вториот изборен круг, почна мирно. Јас искрено се надевам и верувам дека така и ќе заврши. На тој начин ние ќе покажеме дека како држава сме подготвени да организираме фер, демократски, транспарентни избори, како што и приличи на земја која наскоро очекува да ги почне преговорите за членство во Европската Унија.Што се однесува до изборниот резултат, очекувам уште поубедлива победа во вториот круг, затоа што оние категории на луѓе кои останаа дома во првиот круг или оние луѓе кои гласаа за противкандидатот Река, кој ја заврши својата трка во првиот изборен круг, еден дел од нив очекувам дека ќе излезат на биралиштата и ќе гласаат.Мојата надеж е дека најголемиот дел од нив ќе го препознаат концептот за кој се залагам изминатиот месец, месец и половина во рамки на изборната кампања и дека ќе сакаат да го поддржат концептот кој значи одење напред за сите граѓани кои живеат во Северна Република Македонија, за сите етнички заедници, сосема независно од нивната верска, национална или партиска припадност“, рече кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Заев: Верувам во успешни избори, со зaбрзано темпо да продолжиме напред!

Денеска бираме Претседател на државата наша, на земјата наша, на Република Северна Македонија. Тоа е многу важна функција, функција којашто е првиот репрезент на државата, надвор, но и репрезент, внатре, нашиот Врховен командант на нашата Армија.Денеска, е прво најважно да успеат изборите, да имаме успешен избор на претседател на земјата наша. Истовремено од одлуката ќе зависи во кој правец и со какво темпо ќе продолжи да се движи земјата наша.Јас верувам дека ќе продолжиме со забрзано темпо да се движиме напред да бидеме рамо до рамо со современиот западен развиен свет.Сега очекувам да после изборите продолжиме со проектите, да продолжиме со процесите, да продолжиме со развојот, да продолжиме со унапредување со квалитетот на животот на нашите граѓани.Се надевам дека изборите ќе бидат успешни и се надевам дека ќе се движиме напред, заедно како што не личи.

пред 6 години

6 год.
kosta-izjava-po-glasanje

(ВИДЕО) Георгиески: После 5 недели напорна кампања, конечно дојде 5 мај

После 5 недели напорна кампања, конечно дојде 5 мај.Се надевам дека денешниот ден, ќе помине во мирна, демократска и достоинставена атмосфера, граѓаните ќе гласаат и ќе го одберат својот татко на нацијата и својот градоначалник...Изјавата на Константин Георгиески во продолжение...https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/videos/344730793062923/?v=344730793062923

пред 6 години

6 год.
sajt-koskena-srcevina-696x348

Околу 100 учесници на скопскиот маратон станаа потенцијални дарители на коскена срцевина

На штандот на Универзитетската Клиника за хематологија-Скопје, како носител на националната камања  „Биди срцевина, биди херој“ за помалку од два часа, се пријавиле околу 100 доброволни потенцијални дарители на коскена срцевина, кои  стануваат дел од националниот дарителски регистар, а со тоа и дел од 30 милионското семејство на дарители на коскена срцевина обединето во светскиот регистар. Најмладиот од нив има 17 години. Потенцијалните дарители беа учесници на „Виз Ер скопски маратотон“.„Нѐ прави неизмерно среќни и задоволни фактот што грѓаните и учесниците на вчерашниот маратон, покажаа исклучително висока свест за хуманост и солидарност. Одѕивот ги надмина нашите најоптимистични очекувања и покажа дека можноста да се биде од полза за да се спаси нечиј живот е препознаена и кај нас. Луѓето сакаат да бидат дел од оваа заедничка хумана мисија. Стручно-медицинскиот персонал на Клиниката за хематологија, Институтот за имунологија и хумана генетика при УКИМ-Медицински факултет-Скопје,  националниот координаторот за трансплантација з заедно со пријателите и поддржувачите на кампањата зедоа активно учество во маратонот. Тие трчаа со цел да ја пренесат пораката на кампањата до сите присутни, дека со запишување во регистерот се зголемува можноста да се спаси живот“, подвлекоа од Клиниката.

Скопје | пред 6 години

6 год.
3-4

Мицкоски: Милиметри не делат од победа

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на неколку часа пред затворање на изборните места се обрати до јавноста.„Во последните минути од гласањето сакам да истакнам неколку работи. Колку тие удираат и притискаат ниско, ние ќе ги победиме повисоко. Сега е моментот кога треба да се биде гласен, да се има став и да се казнат оние кои потценуваат, се препелкаат, притискаат и манипулираат. Тие мислат дека управуваат со животите, да им кажеме дека народот управува со државата. Излезете и гласајте за Македонија, за татковината, за вас, вашите најмили, за заедничката иднина. Вие сте сами позади параванот, господар на вашиот глас. Не ја пропуштајте оваа можност да кажете што мислите. Гласајте со чест, која сакаат да ни ја земаат, со достоинство кое пробаа да ни го нарушат, со пркост кој сакаат да ни го стишат. Сега и требате на нашата земја, и требате на Македонија. Не делат милиметри од победа, заеднички да ги изодиме. И по години од сега со гордост заеднички да се потсетуваме, 5 мај беше денот кога народот и го зададе најголемиот удар на власта, и се избори за правда. За Македонија“, напиша Мицкоски.

Македонија | пред 6 години

6 год.
papa-bugarija

Папата Франциск: Благословени да се Светите Кирил и Методиј!

Да бидат благословени светите Кирил и Методиј, патрони на Европа, кои со своите молитви, посветеност и апостолска дејност станаа примери за нас и остануваат, по повеќе од еден милениум, инспиратори на плоден дијалог, хармонија и на братски сојуз меѓу cрквите, државите и народите ! Нека нивниот светол пример предизвика многу следбеници, дури и во денешно време, и да се појават нови патишта на мир и хармонија!, истакна  денеска Папата Франциск од Софија.Тој потсети дека веќе 50 години бугарска официјална делегација, составена од највисоките граѓански и црковни власти, секоја година го посетува Ватикан по повод празникот „Св. Свети Кирил и Методиј“.

Свет | пред 6 години

6 год.
izrael

Бремена жена и нејзината ќерка загинаа во нападите меѓу Израел и милитантите

Бремена жена и нејзината ќерка загинаа во новите насилства меѓу Израел и милитантите во Газа. Разговорите за прекин на нападите, доведоа до разгорување на непријателствата, по што Израел се одмаздуваше откако милитантите ранија двајца војници.Овој викенд, палестинските милитанти пукаа ракети во јужен Израел, од каде пак, одговорија со масовни воздушни напади. Најмалку деветмина палестинци, меѓу кои и една бремена жена, нејзината внука и тројца Изреалци, беа убиени од саботата во најкрвавите борби по војната во септември 2014 година. Министерството за здравство во Газа соопшти дена 27-годишната жена е сериозно повредена во изреалски воздушен напад што удри во дом, во источниот дел на градот Газа, а подоцна починала. 14-месечното девојче, Себа Абу Арар, беше убиено, рекоа оттаму.Изреалската армија соопшти дека девојката загинала поради експлозија на палестинска ракета.

Свет | пред 6 години

6 год.
izleznost-15-casot

Благ пораст на излезност во однос на првиот круг

Излезноста во вториот круг е во благ пораст за разлика од првиот круг од претседателските избори.Според официјалните информации од Државната изборна комисија, излезноста во 10 часот во првиот и во истото време денеска е со благо намалување.Во 13 часот, пак споредбено првиот и вториот круг покажува дека излезноста е со мало зголемување . Во 15:00 часот според ДИК гласале 30,13 проценти од вкупниот број граѓани со право на глас во државата, што значи околу 2 процентни повеќе  во однос на првиот круг претседателски избори.За потсетување денеска се избира претседател на државата, право на глас имаат вкупно 1.808.131 гласач. Според последните информации од ДИК, правото на глас го искористиле 543.045 гласачи, а за изборот на Претседател да биде успешен, потребно е да гласаат 40 отсто од избирачите.

пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Во Охрид до 17:00 ч. гласале 47.02 проценти

Во Охрид на гласале 47.02 проценти од запишаните гласачи. Бројката на излзени гласачи во општината каде се избира и градоначалник е 24.576.Претседателот на ДИК, Оливер Дерковски очекува да биде исполнет цензусот. Според него, денот е без посериозни нарушувања на изборниот процес.

пред 6 години

6 год.
izbori2_g111ynj56uj65u56uj56-88972

До 17 часот нема цензус, помала излезност во општините со албанско население

До 17 часот своето право на глас го искористиле 665.985 гласачи, односно 38,23 проценти, соопшти ДИК.Поголема излезност е забележана во Аеродром, Битола, Богданци, Валандово, Вевчани и други места, каде излезноста е и над 60 проценти. Помала излезност има во Арачиново, Боговиње, Брвеница, Врапчиште.

пред 6 години

6 год.
soobr1

Тепачка во скопски кафич

На 04.05.2019 година во 10.00 часот во Полициската станица Карпош, Д.Н.(25) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 02.30 часот на тераса од кафе бар на булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов“ бил физички нападнат од  Б.Ј.Се работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања