Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
tricikl-1

Ресенчанецот Васил Јанкула, лице со церебрална парализа со трицикл тргна во обиколка на државава

Васил Јанкула , 26 годишен ресенчанец, лице со церебрална парализа денеска започна голем подвиг. Имено тој со трицикл реши да ја обиколи државата.Според Јанкула се одлучил на овој подвиг со цел да помогне во подигнување на свеста кај лицата со посебни потреби. Тој е категоричен дека тие не треба да седат дома, туку да бидат упорни и да си ги остваруваат своите желби и цели.„Сакам да упатам апел до сите лица со хендикеп да бидат силни и храбри и да не се откажуваат на пола пат. Она што ќе замислат и да го направат“, вели Јанкула.Јанкула тргна, но упати апел до учесниците во сообраќајот да внимаваат додека возат и да не му го попречуваат патот  него и на неговата експедиција.Експедицијата на Јанкула тргна од центарот на Ресен, предвидено е да помине околу 900 километри со трицикл,  по што ќе продолжи преку Битола, Прилеп, Градско, Велес, Скопје, Тетово, Гостивар, Маврово, Дебар, Струга, Охрид и преку Галичица ќе се врати во Ресен.Јанкула, кој е роден со церебрална парализа, вози автомобил, но се пожали дека неможе да добие лекарско уверение за да полага возачки испит.Желба на Јанкула е кога  ќе стигне во Скопје, да се сретне со премиерот и останати владини претставници, каде ќе може да ги изнесе проблемите со кои се соочува тој, но и останатиоте лица со попреченост. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
huawei-mate-20-

Huawei бара кандидати за тестирање на новиот Android Q Beta

Одбраните кандидати ќе го тестираат новиот Аndroid Beta на Huawei Mate 20 Pro  За време на овогодинешниот Google I / O, Huawei објави дека започнува да ангажира доброволци за бета тестови на Android Q beta. Аплицирањето ќе трае до 30-ти јуни.Програмерите ќе добијат шанса да ја тестираат најновата верзија на Android на глобалниот бренд - Huawei Mate 20 Pro - со што ќе придонесат за развој и зајакнување на функционалноста на Android Q.Апликантите можат да ги достават своите апликации преку Huawei "Friendly User Test" со помош на смартфонот Mate 20 Pro. По потребната регистрација, програмерите ќе можат да го преземаат бета софтверот преку Huawei OTA, од што ќе биде потребно само редовно да даваат повратни информации до тимот на Huawei.Како што е објавено на 7 мај, Android Q е десеттата верзија на популарниот оперативен систем. Најновата верзија на Android нуди повисоко ниво на заштита на приватноста, како и нови безбедносни програми и поголема контрола на размената на податоци помеѓу различни апликации и оперативни системи.Со Android Q, постојат нови потенцијални ограничувања на датотеките со цел да се спречи размена на податоци од една апликација до друга. Покрај тоа, апликациите сега ќе имаат потреба од посебни дозволи за да добијат пристап до идентификатори на уреди кои не се форматирани. Уредите со Android Q, исто така, ќе ги пренесат привремено генерираните MAC адреси. Повеќето апликации кои не се фокусираат исто така ќе го изгубат пристапот до клиентските клипови на Android Q, со што се елиминира друг канал на потенцијално објавување на чувствителни информации.Новата верзија на оперативниот систем додава функции кои ги задоволуваат потребите за забава на новите корисници во врска со воведувањето на нови формати на уреди, како што е смартфонот на преклоп, Huawei Mate X. До крaјот на годината, Андроид Q исто така ќе го поддржи 5G како одговор на очекуваните перформанси од новите 5G мобилни уреди.За време на презентацијата, HUAWEI Mate 20 Pro беше претставен како еден од првите уреди со поддршка на Android Q Beta. По бета тестирањето, серијата HUAWEI Mate 20 ќе биде еден од првите паметни телефони кои ќе ја добијат финалната верзија на новиот оперативен систем.Во последниве години, Huawei тесно соработуваше со Google за подобрување на платформите на Android, делејќи го своето искуство во безбедноста на податоците и оптимизирање, како што е развојот на оперативниот систем EMUI со Google за доброто на сите учесници во индустријата. Повратните информации кои Huawei ќе ги добие од учесниците на тестирањето на Android Q beta, исто така, ќе им бидат доставени на Google за развојот на софтверот.

пред 6 години

6 год.
1783741-670x377

Заев и Ахмети до крајот на следната недела ќе одлучат кого ќе го собере метлата

Следната недела премиерот Зоран Заев и лидерот на ДУИ Али Ахмети треба да седнат на иста маса со цел да се одлучи кои вицепремиери и министри ќа ја напуштат Владата.  Во јавноста се шпекулира со имиња, но сеуште е неизвесно, кој од владиниот кабинет ќе биде сменет.Додека очекуваме имиња, некои од спомнуваните, а можеби и некое ново, со сигурност се знае дека треба да се одлучи кој ќе биде нов министер за култура, како и име за министер во новото Mинистерство за политички систем.Според најавите, промените ќе започнат со министри, а потоа ќе се спушти и на заменици министри, државни секретари и директори, како и на градоначалници, но и во партиското раководство. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
oliver-spasovski

Мицковски за Спасовски: Се е утка до утка, а уште не објаснивте ниту за терористичкиот напад со кој создадовте паника

Оваа држава има министер кој во екот на граѓанското незадоволство и барање за промени, и кој редовно не се симнува од екраните, одговара погрешно на сите теми. Поточно, погрешен човек на погрешни теми. Ја коментира книгата на човекот кој му избега, и како тој требало да пишува за криминалот што го сторил. Па тој напиша историја на криминалот, вие не го процесуиравте докрај.Збори за мерцедесот кој популистички ќе го менуваа за амбуланти, тој за кој се наведува во медиуми дека е одговорен за набавка на партиски и државни коли од еден ист дилер на возила. Дава поддршка за метлата тој што со премиерот не чувствуваше морален хазард за бегството на Груевски. На ниво на итроманство, Зоки би требало да се загрижи од својот близок соработник кој се претставува како се посилен човек во јавноста. Конечно, иде пред камери после полициска акција, и вика како немало да коментира пред камери акции, затоа што биле поразлични од претходниците. Па, што идете пред камери ако немате што да кажете за најактуелните случувања. Инаку со камери кај Груевски кога чукавте на врата, тоа во ред беше. Значи се е утка до утка, демек додека да одмори Зоки, вториот по команда да ни даде одговори, кои не се ни некакви одговори, само празни флоскули, демагогија и реторика.Никогаш не објаснивте што се случи со иминетниот терористички напад за кој алармиравте во петок навечер, за неопходноста да се создаде паника, и после ништо повеќе да не се каже на темата.Изгледа не се збори пред камери за такви работи.Фејсбук статус на новинарот Ивор Мицковски

Македонија | пред 6 години

6 год.
mvr-akcija

Дилерите кои вчера беа апсени пробале да избегаат, а поседувале луксузни возила, илјади евра и оружје

Во вчерашната акција на МВР, во која беа уапсени дилери, биле извршени претреси на повеќе локации во населбите Чаир и Ченто и село Грушино, скопско. Операцијата според МВР  оптпочна во момент кога лидерот на криминалната група се обиде да избега од државава, а е уапсен на меѓународниот аеродром „Скопје“ со голема сума пари. Исто така уапсени се и членови на групата, а по еден од групата се трага.Од извршените претреси пронајдени и привремено одземени се: одредена количина на кокаин, парични средства (6.300 швајцарски франци, 150 САД долари, 150 Евра и 28.500,00 денари), пет луксузни патнички возила (марка Јагуар, БМВ, Ауди А8, Шевролет Калос и Сеат Алтеа), еден пиштол марка „карл валтер“, две пушки и 52 куршуми различен калибар, два панцира, две мали дигитални ваги, повеќе мобилни телефони, држачи за сим картици, две УСБ-еа и документација за возило. Количината и квалитетот на пронајдениот и одземен кокаин дополнитело ќе биде утврден со крим-техничко вештачење“, извести МВР.

Македонија | пред 6 години

6 год.
crven-krst-1

Вработени во Црвен крст уценувани и заплашувани, бараат помош за да престане прогонот врз нив

Вработени од Црвениот крст преку медиумите бараат спас од како што велат невидениот притисок поради објавата во која како што велат некој обелоденил мешање во изборните процеси на Црвениот крст на Република Македонија.-Во целата изминатата недела се соочуваме со прогон и притисок, закажување на состанок на 03.05.2019 (петок) со цел вршење притисок и потпишување изјави во кои ни се наметува лично да изјавиме дека не сме дел од соопштението, не го прифаќаме и не е објавено од вработените во Црвениот крст на Република Македонија и истата таа изјава лично да ја потпишеме.Се спроведуваат внатрешни истраги на вонредната седница на раководниот одбор на 08.05.2019 (вторник) со акцент за тоа КОЈ ги објавил информациите а не ШТО е објавено и сторено.Би сакале да истакнеме дека не сакаме да бидеме соучесници во овој процес и во овие дела, дека изјавите се земени под притисок и закани на нашите работни места. Замолуваме за помош, заштита и мерки кои би овозможиле да си ја работиме нашата работа во мирна и нормална работна атмосфера согласно мисијата на нашата организација без секојдневни притисоци и закани од раководството кои секако ќе следат по објавата и на ова известување, но ние сме цврсто убедени да ја запознаеме македонската јавност и надлежните институции и да истраеме во нашите напори за правична разрешница.Се надеваме дека ќе изнајдете решение да се стави крај врз прогонот и притисокот кој се врши од страна на раководството врз вработените, велат дел од вработените во Црвениот крст.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Mitko-Cavkov

Чавков не се сеќава на апсењето на Бошковски

Поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков на денешното судење на рочиштето за „Тортура“, вели дека не се сеќава на акцијата за апсењето на Љубе Бошковски. Тој пред судот рече дека не може да се сети ниту на тоа дали знаел за акцијата која требало да ја спроведе акцијата МВР.На судењето, Чавков континуирано му повторуваше на судот дека тој е од Република Македонија, а не на Република Северна Македонија, како што велеше судијата.

Македонија | пред 6 години

6 год.
droga-srbija

Во Србија се појавила нова дрога стопати посилна од марихуаната

Во Србија се појави нова дрога, психоактивна супстанца која е стопати посилна од марихуаната, објави РТС.Ефектите на синтетските канабиноиди се слични на марихуаната, но имаат стопати посилно дејство и се забележуваат десет минути по конзумирањето. Се изразува преку црвенило на очите и конјуктивит, забрзан пулс, сува уста, промена на расположението и перцепцијата.Последиците се чувствуваат и наредните денови, а ефектот во континуитет трае шест часа.Користењето на тие супстанци во светот е поврзано со зголемен број смртни случаи, но и самоубиства.

Свет | пред 6 години

6 год.
mvr-akcija

МВР со низа детали за вчерашната акција: Сузбиена четиричлена дилерска група од Чаир, Арачиново и Ченто

Вчера (09.05.) од страна на Бирото за Јавна Безбедност - Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и Одделот за криминалистичка полиција, во соработка со Одделот за специјални полициски операции при МВР, а во тесна координација со ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, спроведе полициска операција со цел сузбивање на организирана криминална група инволвирана во организирање на набавка на наркотична дрога - кокаин, и нејзина дистирибуција и продажба на повеќе различни локации во Скопје и други градови во државата. Во текот на денов (10.05.) ОСОСК на МВР до ОЈО за ГОКК ќе поднесе кривична пријава против четири лица и тоа : И.Ј. (41), Б.Ј. (31) двајцата од населбата Ченто, Н.М (37) од населба Чаир, и Д.Р. (19) од село Арачиново, а за постоење основи за сомнение за сторено кривично дело - “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” казниво по чл.215 ст.3 од КЗ на РСМ.Имено, обемната криминалистичка истрага се спроведуваше изминативе три месеци а целта беше сузбивање на четиричлена организирана криминална група од Скопје, која беше идентификувана како организирана криминална група со дефинирана строга хиерархиска поставеност, која се занимава со набавка на поголема количина кокаин, кој бил препакуван, мешан и продаван на корисници на подрачјето на Град Скопје.Исто така, за криминалната група беше утврдено дека во текот на своето делувување вршела коруптивни дејствија заради добивање податоци за мерките кои ги презема МВР кон членовите на ОКГ, како и за добивање корисни информации за конкретни судски постапки кои се водат против нив.Преку продажбата на кокаин, овие лица се стекнале со големи износи на парични средства, кои ги инвестирале во купување на луксузни моторни возила, станови и изградба на куќи.Документирано е и дека оваа група во текот на своето делување користела насилство и закани кон лица-корисници на кокаин, кои навремено не плаќале за набавениот кокаин.За време на спроведувањето на криминалистичкото истражување, обезбедени се голем број на материјални докази и документирани се бројни купопродажби на кокаин кон менаџери на кафе барови, ноќни клубови и ресторани, потоа адвокати, директори, банкари и вработени во јавна администрација, при што лишени од слобода беа 12 лица. Во контекст на ова, а во рамки на истрагата претходно поднесени се две кривични пријави до ОЈО Скопје и ОЈО Куманово, против две лица од кои едно лице вработено на висока позиција во Царинската управа за сторено кривично дело -  “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” казниво по чл.215 ст.1 и „овозможување на употреба на наркотични дроги“ по чл.216 ст.1од КЗ на РСМ.При реализацијата беа вклучени соодветен број полициски сили од ОСОСК, ОКП, ОСПО, ОКТИВ и други организациони единици од МВР, при што претреси беа извршени на повеќе различни локации во населбите Чаир и Ченто и село Грушино, скопско. Операцијата оптпочна во момент кога лидерот на криминалната група се обиде да ја напушти државата, а лишен од слобота беше на меѓународниот аеродром “Скопје“, со поголема количина на парични средства. Исто така од слобода беа лишени уште две лица членови на групата, а по едно се трага. Еден од членовите на групата беше лишен од слобода во текот на ноќта при обид за бегство од лишување од слобода во неговиот дом.Од извршените претреси пронајдени и привремено одземени се: одредена количина на кокаин, парични средства (6.300 швајцарски франци, 150 САД долари, 150 Евра и 28.500,00 денари), пет луксузни патнички возила (марка Јагуар, БМВ, Ауди А8, Шевролет Калос и Сеат Алтеа), еден пиштол марка „карл валтер“, две пушки и 52 куршуми различен калибар, два панцира, две мали дигитални ваги, повеќе мобилни телефони, држачи за сим картици, две УСБ-еа и документација за возило. Количината и квалитетот на пронајдениот и одземен кокаин дополнитело ќе биде утврден со крим-техничко вештачење.Дополнително, за пронајденото огненено оружје ќе бидат поднесени кривични пријави и за сторено кривично дело „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по чл.396 од КЗ на РМ, а МВР ќе ја прошири истрагата кон полициски службеници за кои во текот на истрагата се обезбедени информации и основи на сомневање за поврзаност со припадниците на оваа организирана криминална група.

Македонија | пред 6 години

6 год.
duraku-ahmeti-zaev

Министерот за екологија, Дураку: Не одлучува Заев за моето разрешување, туку Ахмети

Во врска со гласините за разрешувањето на министерот за екологија Садула Дураку, тој за ТВ21 рече дека за тоа одлучува само Али Ахмети.„Ние како ДУИ сме коалициски партнер со СДСМ, и ние не сме во заеднички чадор со СДСМ. Имаме наше раководство и лидер на партијата, Али Ахмети. Тој заедно со централното претседателство и генералното претседателство одлучува за сопствениот кадар. Никогаш ДУИ не дозволил некој да се меша во внатрешните работи на ДУИ, но и коректно е дека ние не сме се мешале во другите партии “, рече Садула Дураку, министер и потпретседател на ДУИ, преку телефонска врска за Тв21.

Македонија | пред 6 години

6 год.
gorge-ivanov

Иванов пред да му престане фунцијата побарал пари за закуп на канцеларии за својот нов кабинет

Мандатот на претседателот Ѓорге Иванов истекува во недела, за кога е закажана и инаугурацијата на новиот претседател Стево Пендаровски.  Денеска Иванов на последниот работен ден, испрати барање до Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) со кое бара во рамки на буџетот кој го следува по заминување на функцијата,  да се склучи договор за изнајмување на канцелариски простор кој тој веќе го пронашол, објави Плусинфо.Инаку претседателот во заминување по престанокот на функцијата има право на пензија чиј износ е еднаков со износот на платата како и на лично обезбедување  и право на користење службено возило и возач.Вакви привилегии, користи и претходниот станар во вилата на Водно, Бранко Црвенковски.Текстот во целост на Плусинфо.

Македонија | пред 6 години

6 год.
–-–-Google-Chrome

ВИДЕО: Заев се качи на мотор, а функционерите кои ќе летаат на „метлата“ чекаат неговото враќање

Откако утрово Владата објави дека премиерот Зоран Заев четири дена ќе одмара и нема да оди на работа, порталот „Лидер“ објави снимка која како што велат, им е испратена од читател, а за која тврдат дека е снимена во Ново Село. Според порталот, на неа е премиерот качен на мотор, иако тоа не се гледа бидејќи сите моторџии носат кациги.Меѓу возилата има и владини возила, односно обезбедување. Последно во колоната е возило кое влече приколка.-Канцеларијата на претседателот на Владата, информира дека премиерот Зоран Заев во периодот од 10-ти до 14-ти мај ќе користи дел од своите слободни денови. Деновите, премиерот ќе ги земе заради приватни причини.– информираат од прес службата на владата.Премиерот Зоран Заев најави дека веднаш по изборите ќе започне со операцијата „метла“. Но, очигледно, чистката во Владата ќе почека, додека Заев да се врати од одмор.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Иванов не сака да биде повеќе професор, не побарал да се врати на Правниот факултет - што ќе прави?

Деканот на Правниот факултет Горан Коевски за „Независен весник“ изјавил  дека досега не е доставено барање од Иванов за враќање на Катедрата на студиите по политички науки.Досегашниот претседател Ѓорге Иванов, веројатно, ги пакува куферите за заминување од претседателската вила, ама не открива дали од почеток ќе го искористи правото на доживотна апанажа како експретседател на државата? Или ќе се врати на Правниот факултет во Скопје додека не ги исполни условите за старосна пензија, кога повторно ќе може да ги користи привилегиите како поранешен шеф на државата, а кои, во таков случај, би му биле во мирување во наредните неколку години.Во меѓувреме, Иванов го откажа присуството на самитот во рамки на Процесот „Брдо-Бриони“, што годинава се одржува во Тирана. Тој се заблагодари за поканата, известувајќи ги лидерите на овој процес дека поради исклучително краткиот период пред крајот на неговиот претседателски мандат и инаугурацијата на новиот претседател не може да учествувам на овој многу важен собир.„Од кабинетот на Иванов, до затворањето на овој број на весникот, не добивме одговор што ќе прави досегашниот претседател од понеделник. Тој досега не испратил барање ниту до Владата ниту до Правниот факултет за одобрување апанажа, кабинет и соработници или за враќање на работното место како професор“, објави Независен весник.Од кабинетот на Иванов пред извесно време се интересирале во Службата за општи и заеднички работи колку изнесува годишниот буџет за поранешен претседател на државата. Но владиниот портпарол Миле Бошњаковски изјави дека до вчера не се доставени никакви барања од кабинетот на Иванов за неговите потреби по заминување од функцијата.

Македонија | пред 6 години

6 год.
apsi-bit-pazar

ВИДЕО: Апсењата на дилерите на Бит Пазар

Синоќешната голема акција на МВР, со која неофицијално има уапсено 9 лица, била забележана од порталот „Досие.мк“. Засега не е потврдено дали овој претрес е дел од акцијата на МВР или станува збор за одделен случајСпоред информациите, видеото е снимено при претрес во куќа на Бит Пазар, каде упаднале специјалци. Од внатре прво биле извадени децата, а на вториот кат од објектот бил претресот. Локалното население било насобрано околу куќата, но никој не кажал кој е сопственикот.МВР најави информации за целата акција за неколку часа.Видеото од порталот „Досие.мк“, можете да го погледнете ТУКА. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
stop-policija

Утре посебен режим на сообраќај на булеварот “Илинден“, еве зошто

Утре (11.05.) во Скопје со почеток од 08.00 часот до 20.00 часот, во организација на „АМП ТИМ“ ДООЕЛ од Скопје, ќе се одржи најавената манифестација – „Авто Плус Стрит Шоу“ а на делот од булеварот “Илинден“ од крстосница со улицата “Аминта 3-ти“ до крстосница со пристапна улица за влез во објектот на Град Скопје.Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот долж наведената траса а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. Истовремено МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Скопје | пред 6 години

6 год.
goranco-panovski-696x392

МВР со кривична за градоначалник кој вработувал иако општината немала потреба од работници

Против поранешниот градоначалник на Општина Чашка, Горанчо Пановски, е поднесена кривична пријава затоа што вработил 40 лица, од кои немало потреба и кои не доаѓале на работа.Во периодот од 2013 до 2017 година пријавениот одобрил времено вработување со договор на дело за 40 лица во општина Чашка, иако општината немала потреба од вработување.После тоа, тие воопшто не доаѓале на работа и не биле потпишувани во евидентните списоци, а договорите им се продолжувале секој месец и им се исплатувал надомест од општината.

Македонија | пред 6 години

6 год.
divonaselje2

150 велосипедисти ќе возат од Куманово до Гостивар во чест на загинатите полицајци

По повод годишнината од трагичните настани во кумановско “Диво насеље“,  утре (11.05.) ќе се одржи традиционалната меморијална велосипедска тура “Почесен круг со велосипеди во чест на загинатите припадници на МВР“,на која учество ќе земат околу 150 велосипедисти а на релација Куманово-Гостивар.Турата ќе започне во 07,00 часот со старт од бензинската пумпа на “Макпетрол“ на влезот во Куманово и ќе продолжи по автопатот до Скопје, потоа низ градот Скопје и тоа до гробиштата во с.Студеничани, “Камник“, с.Стајковци, гробиштата “Бутел“, касарна “Илинден“ и “Ѓорче Петров“, од каде ќе продолжи по автопатот до Тетово – градски гробишта, с.Брвеница“, во продолжение по автопатот до с. Зубовце (Гостивар) и ќе заврши на гробиштата во Гостивар.Велосипедската тура ќе се одвива во услови на редовен сообраќај, со движење по десната страна на коловозот во правец на движење и пропуштање на учесниците во истата од страна на сообраќајната полиција на семафоризирани и пофрекфрентни крстосници.Токму заради тоа, а со цел непречено одвивање на најавениот настан, МВР работи апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде ќе се одвива велосипедската тура.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Mitko-Cavkov

Чавков ќе сведочи за апсењето на Бошковски, каде обвинет е Мијалков

Во Кривичниот суд ќе се одржи судење за предметот „Тортура“ на СЈО кој се однесува за начинот на кој беше апсен лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, на 6 јуни 2011, ден по парламентарните избори.На судското рочиште за денеска се очекува да сведочат колку лица меѓу кои и поранешниот шеф на БЈБ и министер за внатрешни работи Митко Чавков. Тој треба да биде спроведен во судот од затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, каде се наоѓа во притвор откако доби првостепена затворска казна од 18 години за настаните во Собранието од 27 април 2017.Во „Тортура“ обвинети се ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, бившиот шеф на Алфите, Ивица Антевски – Пуки, и уште петтмина припадници на единицата.Покрај за „Тортура“, во Кривичен за денеска се закажани рочишта за уште три предмети на СЈО: „Траекторија“, „Триста“ и „Монструм“.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Жена се обидела нелегално да влезе од Грција во Македонија, полицијата ја привела

На 09.05.2019  година во 21,30 часот од страна на патролен тим од Полициската станица за Граничен премин и Граничен надзор - Богородица, поради нелегално поминување на државната граница од Република Грција во Република Северна Македонија, била приведена Н.Л.(54) од Република Албанија.Со лицето извршен бил разговор по што била задржана во полициска станица за понатамошна постапка. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Истепани полицајци во скопско село и итно префрлени во болница, откако сопреле камиони

На 09.05.2019 година околу 17,35 часот во с.Д.Количани-скопско, полициски службеници од Полициската станица Драчево при преземање на службени дејствија со цел да запрат две товарни моторни возила натоварени со дрва, биле физички нападнати од повеќе лица жители на селото.Во тој момент бидејќи им била загрозена сигурноста полициските службеници испукале по еден предупредувачки истрел во воздух и успеале да се оттргнат од насобраната толпа.Полициските службеници со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“ каде им била укажана лекарска помош и од страна на лекар констатирани им биле телесни повреди. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања