Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
20170315231449

Од Киро до Ѓорге со сè Пендаровски

Стево Пендаровски е петтиот што седнува на претседателската фотелја од независноста на државата. Пред него највисоката државна функција ја извршуваа четворица претседатели. Првиот претседател Киро Глигоров и Ѓорге Иванов претседателската функција ја вршеа во два мандати, а по еден мандат имаа Борис Трајковски и Бранко Црвенковски.Киро Глигоров, прв претседател на РМ (1991 – 1999)Првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров, е роден на 3 мај 1917 година во Штип.За претседател на Република Македонија Глигоров беше избран на 27 јануари 1991 година од македонското Собрание, кога доби поддршка од 114 од вкупно присутните 119 пратеници, а втор пат беше избран на првите непосредни претседателски избори одржани во октомври 1994 година.На изборите учествуваа двајца кандидати, тогашниот актуелен претседател Киро Глигоров, кој освои 52,4 отсто (715.087 гласа) од гласовите на вкупниот број избирачи запишани во избирачкиот список, додека неговиот противкандидат Љубиша Георгиевски 21,6 отсто (197.109 гласа).За време на неговиот мандат како шеф на државата се случија некои од најважните настани од современата историја на Република Македонија. На референдум одржан на 8 септември 1991 година беше прогласена независноста на земјата, а Македонија беше и единствената од поранешните југословенски републики која се осамостои по мирен пат. На 17 ноември 1991 беше донесен новиот Устав, а на 8 април 1993 година Република Македонија стана 181 членка на Обединетите нации.На 3 октомври 1995 година врз претседателот Глигоров беше извршен атентат. Тој го преживеа атентатот со тешки повреди во пределот на главата. Нападот беше извршен со автомобил бомба на улицата „Македонија“ во Скопје, кога Глигоров со службено возило се движеше од неговата резиденција на работното место во Собранието на Република Македонија. Досега не се откриени ниту нарачателите ниту извршителите на атентатот.По пензионирањето Киро Глигоров е активен како публицист. Тој е автор на неколку дела, главно пишувани по завршувањето на неговиот мандат како претседател – „Македонија е сè што имаме“ (2001), „Атентат – ден потоа“ (2002), „Виорни времиња: Република Македонија реалност на Балканот“ (2004) и „Сите југословенски (стопански) реформи“ (2006).Тој е основач и на фондацијата „Киро Глигоров“ што поддржува проекти од културата и уметноста.Киро Глигоров беше најстариот македонски политички функционер. На 19 ноември 1999 година, кога заврши неговиот втор претседателски мандат, тој имаше 82 години, а во 2000 година Гинисовата книга на рекорди го забележа Глигоров како најстар претседател на држава во светот.Претседателот Глигоров почина на 1 јануари 2012 година во својот дом во Скопје.Борис Трајковски, втор претседател на РМ (1999 – 2004)Борис Трајковски, вториот претседател на Република Македонија, е роден на 25 јуни 1956 година во Струмица.Во 1980 година дипломирал на Правниот факултет во Скопје, по што специјализирал деловно право и право на работни односи. Во 1997 година е именуван за шеф на кабинетот на градоначалникот на Општина Кисела Вода, а во 1998-та е избран за заменик-министер за надворешни работи на Македонија.Трајковски беше инаугуриран како втор по ред претседател на Македонија на 15 декември 1999 година.Првиот круг на претседателските избори се одржа на 31 октомври, а вториот на 14 ноември 1999 година. Поради констатирани нерегуларности изборниот процес од вториот круг беше повторен на 5 декември 1999 година.Негови противкандидати на изборите во првиот круг беа Тито Петковски, Васил Тупурковски, Муарем Неџипи, Стојан Андов и Мухамед Халили.Во вториот круг од изборите учествуваа кандидатите Тито Петковски и Борис Трајковски. По одржаниот втор круг и по прегласувањето во одредени избирачки места, Борис Трајковски освои 53,2 отсто од гласовите (582.808 гласа), а Тито Петковски 46,8 отсто (513.614 гласа). На гласањето во вториот круг излегоа вкупно 1.096 422 избирачи, или 68,08 отсто од регистрираните гласачи.Борис Трајковски ја извршуваше функцијата претседател на Република Македонија од 15 декември 1999 до 26 февруари 2004 година, кога загина трагично во авионска несреќа заедно со осуммина соработници во близина на Мостар, Босна и Херцеговина. Тој имаше 47 години.Според Уставот на Република Македонија, привремено во периодот од 26 февруари до 12 мај 2004 година на чело на државата застана Љупчо Јордановски, тогашен носител на функцијата претседател на Собранието на РМ.За време на неговиот мандат во Македонија во 2001 година имаше вооружен конфликт што заврши со потпишување на Охридскиот рамковен договор во август истата година.На претседателот Трајковски светот гледаше како на млад лидер со прозападна ориентација, како миротворец кој избегна граѓанска војна во Македонија.Бранко Црвенковски, трет претседател на РМ (2004 – 2009)Бранко Црвенковски е третиот претседател на Република Македонија. Роден е на 12 октомври 1962 во Сараево, Босна и Херцеговина.Во 1990 година, на првите повеќе партиски избори во Македонија, која сè уште се наоѓаше во рамките на СФР Југославија, беше избран за пратеник во првиот состав на Собранието. Во април 1991 година Црвенковски беше избран за претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. На 5 септември 1992 година стана вториот премиер на Република Македонија по нејзиното осамостојување од Југославија. Со 29 години, тој беше најмладиот премиер во Европа во тој период. Вториот премиерски мандат го добил по изборите во декември 1994 година.На третите вонредни претседателски избори во Република Македонија, одржани по загинувањето на претседателот Борис Трајковски, во вториот круг одржан на 28 април 2004 година Бранко Црвенковски беше избран за шеф на државата.На третите вонредни претседателски избори во април 2004 година, Бранко Црвенковски како кандидат на СДСМ победува и застанува на чело на државата до 2009 година.Граѓаните во првиот изборен круг одржан на 14 април 2004 година избираа помеѓу четворица предложени кандидати: Бранко Црвенковски од СДСМ, Гзим Острени од Демократската унија за интеграција, Зуди Џелили од Демократската партија на Албанците и Сашко Кедев од ВМРО-ДПМНЕ.Во вториот изборен круг одржан на 28 април 2004 година мнозинството гласови ги освои Бранко Црвенковски. Тој ја доби довербата од 550.317 гласачи, односно 62,6 отсто од вкупниот број гласови, наспроти Сашко Кедев, кој беше поддржан со 329.179 гласови, односно 37,4 отсто од вкупниот број важечки гласачки ливчиња.На 12 мај 2004 година ја Црвенковски ја презеде функцијата претседател и се повлече од премиерската должност и од претседателската функција во партијата.Бранко Црвенковски ја извршуваше функцијата претседател на Република Македонија од 12 мај 2004 до 12 мај 2009 година.За време на претседателскиот мандат на Црвенковски, Република Македонија стана земја кандидат за прием во Европската Унија.Ѓорге Иванов, четврти претседател на РМ (2009 – 2019)Актуелниот претседател на нашата држава Ѓорге Иванов, е роден на 2 мај 1960 година во Валандово. Во 1995 година е избран за асистент на Правниот факултет во Скопје, а во 1998 за доцент на предметите Политички теории и Политичка филозофија. Од 2001 година е раководител на Политичките студии при Правниот факултет во Скопје. Во 2002 е избран за вонреден, а во 2008 година и за редовен професор. Од 2004 до 2008 година е продекан на Правниот факултет. Од 2008 година е претседател е на Одборот за акредитација на високото образование.Иванов беше избран на претседателски избори одржани на 22 март и 5 април 2009 година.На овие избори во првиот круг учествуваа седум кандидати за претседател на државата. Покрај Ѓорге Иванов, во изборната трка за претседател учествуваа и Љубомир Фрчкоски како кандидат на СДСМ, Имер Селмани од Нова демократија, Љубе Бошкоски како независен кандидат, Агрон Буџаку од ДУИ, Нано Ружин од ЛДП и првпат жена кандидат поддржана од ДПА, Мируше Хоџа.Вториот изборен круг се одржа на 5 април 2009 година, Ѓорге Иванов освои 63,14 отсто, односно 453.616 од вкупниот број важечки гласачки ливчиња, додека претседателскиот кандитат Љубомир Фрчкоски ја заврши изборната трка со освоени 36,86 отсто од вкупниот број гласови, односно 264.828 гласа.На петтите по ред претседателски избори одржани во април 2014 година, претседателот Иванов како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ беше повторно избран и доби нов петгодишен мандат.Ѓорге Иванов како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ освои 55,28 отсто, односно 534.910 од вкупниот број важечки гласачки ливчиња, додека претседателскиот кандитат на СДСМ, Стево Пендаровски, 41,14 отсто од вкупниот број гласови, односно 398.076 гласа.Во претседателската трка, покрај Иванов и Пендаровски, учествуваа и Зоран Поповски од ГРОМ и Илијаз Халими од ДПА.Истовремено со вториот круг на претседателските избори се одржаа и предвремени парламентарни избори. Првпат на овие претседателски избори македонските државјани кои живеат или работат во странство имаа право да гласаат во странство.Последната година од вториот мандат на претседателот Ѓорге Иванов, меѓу другото, ќе ја обележи непотпишувањето на Законот за употреба на јазиците и на указот за ратификација на договорот со Грција, како и потпишувањето на Законот за амнестија за обвинетите во настаните во Собранието од 27 април 2017 година.Стево Пендаровски, петти шеф на државата (2019 – )Стево Пендаровски е роден на 3 април 1963 година во Скопје. Дипломирал во 1987 година на Факултетот за правни и политички науки, при Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје, а магистрирал и дикторирал на Институтот за социолошки и политички правни истражувања при Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје.Во изминатите 11 години бил професор на Универзитетот Американ Колеџ Скопје каде што ги предавал предметите Меѓународна безбедност, Меѓународни односи, Вовед во Политика, Глобализација, Геополитика, Надворешната политика на САД, Надворешната и безбедносна политика на ЕУ и Малите држави во светската политика.Во периодот 1998-2001 бил началник на Управата за аналитика и истражување во Министерството за внатрешни работи и портпарол на министерството.Од 2001 до 2004 година е советник за национална безбедност на претседателот на Република Македонија. Од 2004 до 2005 година е претседател на Државната изборна комисија. Од 2005 до 2009 година е советник за надворешна политика на претседателот на Република Македонија. Од 2016 до 2017 година е пратеник во Собранието на Република Македонија. Од ноември 2017 година Пендаровски е назначен за национален координатор за НАТО.Пендаровски беше кандидат за претседател на државата на претседателските избори во 2014 година, а оваа година повторно беше избран за кандидат за претседател од страна на СДСМ и Коалицијата и победи и во двата изборни круга пред своите противкандидати Гордана Силјановска-Давкова и Блерим Река.Пендаровски победи на последните претседателските избори откако освои 436.212 (51,66%) гласови во вториот круг, наспроти неговиот противкандидат Гордана Силјановска-Давкова која доби 377.713 (44,73%) гласови.Даниела Маркоска Алексовска   MIA

Македонија | пред 6 години

6 год.
57092795_1249840495166544_2531061692532523008_n

Над 500 илјади граѓани живеат со еден оброк на ден, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Македонската економија е пред колапс, граѓаните леб немаат, а на Заев му е најважно цела недела да си се извози на скапиот мотор. Ниту една метла, ниту една оставка не може да ја надомести штетата која Зоран Заев, Тевдовски и Анѓушев ја нанесоа на македонската економија за две години власт. Сите економски показатели укажуваат на фактот дека македонската економија тоне, тоне поради погубните економски политики на криминалната и одродена власт на Зоран Заев. Додека граѓаните се борат за парче леб, функционерите на власта ги бројат милионите на своите сметки, заработени преку криминални тендери и грантови на грбот на граѓаните“, пишува во соопштението испратено од ВМРО-ДПМНЕ.„Додека некој се богати од буџетската сметка, во Македонија над 500 илјади граѓани живеат со еден оброк на ден, живеат на прагот на сиромаштијата. Речиси секој ден Зоран Заев ги задолжува македонските граѓани за милионски суми. СДСМ за две години потроши 7 милијарди евра буџетски пари, а притоа не реализираше ниту една крупна капитална инвестиција. Каде се парите на граѓаните, за каква цел се потрошија неверојатни 7 милијарди евра државни пари. Во првите три месеци од нова година, владата на СДСМ реализацијата на капиталните инвестиции остана закована на дното. Ништо подобра реализацијата на капиталните инвестиции не беше ни минатата година Останува мистерија каде се потрошени над половина милијарда евра пари на граѓаните, сума за која власта се задолжи кај странските и домашните кредитори.Младинската невработеност во Македонија е највисока во регионот и во Европа, а од ден во ден се поголем број на граѓаните се решаваат трајно да ја напуштат државата. На овој економски холокауст, мора да се стави крај, СДСМ мора да си замине, Македонија заслужува подобро!“, додаваат оттаму.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Damjan-Mancevski1

ДКСК ја прекина постапката против Манчевски, утврдила дека нема фирми во Грција

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски на својот профил на Фејсбук напиша дека откако поднел демант со конкретни докази, Антикорупциската комисија ќе ја прекине постапката што ја покрена како одговор на пријавата од ВМРО-ДПМНЕ со, како што наведува, лажни и нецелосни податоци.„Членовите на ДКСК беа избрани на транспарентен начин, согласно професионални критериуми, а тоа го потврдуваат со својата работа. Ги повикувам ВМРО-ДПМНЕ, следен пат кога ќе одлучат да ме обвинуваат, тоа да го прават со докази, а не со шпекулации и невистини“, вели Манчевски.Постапката против Дамјан Манчевски беше околу сомнежи во врска со грчки фирми, по објавувањето на прислушуван разговор.

Македонија | пред 6 години

6 год.
stojance

Ангелов за „Диво Насеље“: Дадени се околу 2 милиони евра на криминална група да ја нападнат македонската полиција

Стојанче Ангелов во вечерашното гостување на централниот Дневник на 1ТВ за настаните од кумановско „Диво насеље“ рече дека со одземањето на големо количество оружје од караулата кај Гошинце започнуваат сомнежите дека се спрема реализација на монструозниот план кој резултираше со човечки жртви и нагласи дека сето тоа било со цел да се одвлече вниманието од бомбите.-Некој во Македонија направи монструозен план. Затоа што од два независни извори добив информација дека се дадени околу 2 милиони евра на криминална група која под плаштот на тој албански патриотизам наводно за борба за албански права во Македонија да ја нападнат македонската полиција и војска, за да се одвлече вниманието од бомбите. Се додека не се најдат инспираторите и да се докаже вистината, оваа верзија која ја најавив пред да се случи масакрот останува на сила. Интересно е што по моето најавување на ваков можен настан, десетина дена подоцна се случи нападот на караулата во Гошинце и беше одземено големо количество на оружје. Кај мене првиот сомнеж го пробуди објавата на Непрес дека Заев, Ангелов и исламски радикали спремаат крваво сценарио во Македонија. Потоа стигнаа овие информации до мене и го запалија зеленото светло, за жал тогашните служби не ме повикаа да ме прашаат од каде е мојата ифнормација. Ако политичкиот врв и врвот на МВР не сакаа да дознаат од каде ми е информацијата, ќе укажев дека се работи за сериозна информација. Од друга страна тие требаше да бидат алармирани дека нешто се подготвува поради нападот во Гошинце. Имаше повеќе од стотина автоматски пушки. Се додека не се докаже спротивното, тоа оружје е донесено таму за да биде земено од вооружената група, рече Ангелов, кој додаде дека не располага со информации за тоа дали има новитети во врска со истрагата или пак дали се води тајна истрага.

Македонија | пред 6 години

6 год.
MTV

Финансиска полиција ќе ја гони МРТВ, директорот недостапен за коментар

Финансиската полиција ќе ги истражува наодите на Државната ревизија за неправилности во работата на Македонската радио телевизија. До архивата на Полицијата е доставен конечниот Ревизорски извештај за 2017 година.„Управата за финансиска полиција ќе постапи по истиот и согласно добиените наоди ќе биде известено и надлежното јавно обвинителство“, велат оттаму.По допрен глас, предмет за несовесното работење на јавниот сервис ќе отвори и Антикорупциската комисија, која се уште ги анализира наодите на државниот ревизор. Иако денеска стапивме во контакт со директорот на МРТВ, Марјан Цветковски и најави одговор на прашањата поврзани со пропустите во телевизијата, сепак одлучи да не даде свој став во врска со сомнежите за несовесно работење. Кусо, телефонски побара прашањата за кои сме заинтересирани да му ги испратиме по СМС порака.„Дали ќе може ваш став за ревизорскиот извештај за 2017 – та година и наодите во него. Може ли да снимиме куса изјава, сепак се дигна прашина околу извештајот“, гласела СМС пораката испратена од Алсат-М до Марјан Цветковски, директор на МРТВЦветковски ја прими пораката и веќе не одговори на телефонските повици. Инаку, ревизијата во МРТВ за 2017 – та година откри низа пропусти. Токму директорот Цветковски овластил раководител на сектор да потпишува документи во негово име. Полномошното за ова било генерално, без да се прецизираат овластувањата, а документот не бил ниту архивиран. Поради ова, ревизијата се сомнева дека постои ризик од незаконско работење.Дополнително, иако ненадлежни, Програмскиот совет и Надзорниот одбор дале амин МРТВ да се задолжи со заем во банка. Нарачале да се направи и бизнис план. Барале над два милиони евра. Бизнис планот бил покритие. Парите ги земале и наместо за инвестиции, телевизијата почнала со парите да се раздолжува. Ревизорите откриле дека јавниот сервис за документарци потрошил над 2,2 милиони евра. За серијал се трошеле од 100 до 400 илјади евра.

Македонија | пред 6 години

6 год.
putin

Путин кажа дека нема да се противи на договор меѓу Косово и Србија

Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека рускиот претседател Владимир Путин му рекол оти Москва во Советот за безбедност на ОН нема да се противи на евентуален договор меѓу Белград и Приштина.Како што јави Танјуг, повикувајќи се на КТВ, Тачи тврди дека Путин јасно му рекол: „Ние не можеме да бидеме поголеми Срби од Србија“.Тој наведува дека Путин тоа му го рекол за време на нивната средба во Париз на одбележувањето на стогодишнината од завршувањето на Првата светска војна.

Свет | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Шилегов ќе именува дрва со имиња на новороденчиња

Град Скопје денеска симболично го најави почетокот на акцијата „Дрво за секое дете" што ја спроведува со болниците и гинеколошко-акушерските клиники во Скопје. 20 новороденчиња добија дрво на кои ќе стои нивното име и датум на раѓање.Првите плочки со имиња на новороденчиња беа поставени на новиот дрворед зад стадионот на Армијата, до Кејот на реката Вардар. Плочките се напишани на јазикот кој го одбрале родителите.„Во наредниот период уште 300 дрвја во градските дрвореди и паркови ќе добијат плочки со имиња на новородените деца во чија чест е засадено тоа дрво. Особено се радувам што овие деца ќе растат истовремено со дрвјата и ќе можат да го следат растот на своето дрво. Со тоа, на симболичен начин сакаме да создадеме врска меѓу градот и неговите сегашни и идни граѓани“, рече градоначалникот Петре Шилегов.Од Град Скопје ги повикаа идните родители да се пријавуваат во Град Скопје, за да учествуваат во оваа акција и да имаат свое дрво во главниот град.

Скопје | пред 6 години

6 год.
SJO

Преговорите за СЈО се театар за јавноста, Заев има 80 пратеници за изгласување на законот?

Законот за јавно обвинителство тапка во место. Црвените линии и од власта и од опозицијата тврдат дека нема да ги поминат. Во јавноста веќе кружат гласини дека преговорите со ВМРО-ДПМНЕ за СЈО се само театар за јавноста, оти премиерот Зоран Заев има обезбедно 80 пратеници кои ќе гласаат за законот.„ВМРО-ДПМНЕ остана на нивното барање сите постапки после првите 18 месеци да бидат запрени. Тоа значи сите докази коишто се обезбедени да пропаднат во вода, односно да не бидат веќе употребливи, сите мерки коишто се преземени да престанат, a тоа значи поконкретно, ако им е замрзнат имотот, тој да биде одмрзнат, ако се изречени мерки за претпазливост како одземени пасоши или јавување во суд – сето тоа да престане и евентуално, тие постапки потоа ќе бидат спорни ако ги отвора повторно обвинителството. Таквиот став е неприфатлив, бидејќи тоа во суштина е амнестија за сторени кривични дела“, кажа Дескоска.Дали Катица Јанева и нејзиниот тим ќе останат на нивните позиции – зависи од Советот на јавни обвинители, власта се оградува од преговорите за кадровските решенија. Но за целосниот Закон за Јавно обвинителство велат дека ако не постигнат договор со ВМРО ДПМНЕ, ќе бараат поддршка од другите партии, за да се стигне до бројката од 80 пратеници.Предвидувањата за кои се поизвесно е дека се точни, кажуваат дека премиерот Зоран Заев парламентарно мнозинство ќе обезбеди со осумината пратеници кои гласаа за уставните измени, а потоа беа исклучени од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

6 год.
ivanov-veligden-1

Иванов си зема стан на државна сметка кај кумашинот: Чиј е станот, дали Ѓорѓе го издава сам на себе?

Државата ќе му плаќа канцеларии на претседателот во заминување, Ѓорѓе Иванов во кулите „Џеваир“, чиј сопственик е неговиот кумашин, Ибрахим Џеваир. Во 2012 година, Иванов и неговата сопруга беа кумови на синот на познатиот турски бизнисмен кој изгради облакодери во Аеродром.Од тогаш, во јавноста се појавија различни информации, а една од нив е, дали Иванов има негови станови во комплексот? Откако се објави дека Иванов сака државата да му плаќа канцеларии на 28 кат во оваа зграда, се отвора прашањето, дали е можно претседателот во заминување сам на себе да си ги изнајмува канцелариите?Ова прашање може да го одговори само Антикорупциската комисија, која може да покрене постапка по допрен глас.Буџетот на идната Канцеларија на Иванов, според Законот, е во висина од 8% од буџетот на претседателот на државата, кој за 2019 година изнесува 81 милион денари. Тоа значи дека Канцеларијата на Иванов би добила на располагање околу 105.000 евра годишно. Државата ги покрива и материјални трошоци за потребите при остварувањето на активностите на поранешниот претседател.

Македонија | пред 6 години

6 год.
elizabeta-sopruga-pendarovski

Пендаровски во понеделник ќе се всели на Водно, а еве што имот поседува на почетокот од мандатот

Новоизбраниот претседател Стево Пендаровски најверојатно ќе биде инаугуриран за претседател в недела, со почеток во 12 часот. Еден до два часа подоцна, се планира во претседателската резиденција, претседателот во заминување Ѓорге Иванов да му ја предаде должноста на Пендаровски. Тоа ќе биде прво примопредавање на претседателската функција во резиденцијата на Водно, каде што Иванов беше и прв станар, додека кабинетите на претходните претседатели беа сместени во Собранието.Според анкетниот лист кој го доставил кога станал Национален кординатор за НАТО, Стево Пендаровски, новиот пртседател на државата на свое име нема пријавено недвижен имот.На свое име пријавил само возило Југо и девизна штедна книшка на која има 12.230 евра. На име на сопругата пријавил уште едно возило, Рено Меган и девизна сметка. Југото како што можевме да видиме во текот на изборната кампања не го вози, туку го користи возилото на сопругата.

Македонија | пред 6 години

6 год.
cipras-press-2

Ципрас повторно доби доверба од Парламетот: Иако критикува, Мицотакис се согласува со мене

Премиерот на Грција, Алексис Ципрас и лидерот на oпозициската Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, денес повторно се судрија во парламентот, пред гласањето за доверба на владата, пренесува „Катимерини“.Како што беше очекувано, владата доби доверба со 153 пратенички гласа, додека 136 пратеници гласаа против.Во неговиот говор пред гласањето, Ципрас тврдеше дека и покрај тоа што го критикува, Мицотакис всушност се согласува со сите социјални придобивки кои претходно оваа недела ги најавил, а потоа ја осуди и економската програма на конзервативниот лидер на Нова демократија и ја опиша како „елитистичка“.Во меѓувреме, Мицотакис, чија партија има предност пред СИРИЗА на Ципрас според анкетите, рече дека тој треба да повика на предвремени парламентарни избори ако изгуби на Европските избори кои се закажани за крајот на овој месец.– На Европските избори ќе се гласа против на политиките на најлошата влада на Грција уште од времето на повторното воспоставување на демократијата во земјата- рече Мицотакис.И двајцата лидери не се сметаа за одговорни за жестоката и според медиумите, невкусна дебата, во средата во Парламентот.

Свет | пред 6 години

6 год.
nuri-bajrami

Бајрами од Антикорупциската комисија: Не знам дали има премети за ДУИ, но имаме 222 предмети за корупција и 257 за судир на интереси

Членот на Антикорупциската комисија, Нури Бајрами во емисијата „360 степени“ вели дека не знае дали се покренати постапки против функционери на ДУИ.„Дали има предмети за ДУИ, јас не сум се впуштил да анализирам и не знам. 222 предмети има за корупција и 257 за судир на интереси. Тоа се над 470 предмети. Никаде не се вели 'висока или ниска корупција' сите членови третираме исти вид корупција. Непотизмот генерира корупција“, рече Бајрами во „360 степени“.Тања Ковачев од СДСМ доби прекршочна пријава од ДКСК, зошто не известила за вработувањето на нејзиниот сопруг. Во однос на предметите отворени пред изборите, Бајрами вели дека тие се врзани со рокови и мора да се отворат предметите, тоа е тековна работа за Антикорупциската комисија.„Предметите се отворени на две седници. По тие предмети има и рокови кои мора да се пазар. Предметот мора да се заврши за 60 денови. Може да се работи ако станува збор за тековна работа и според програма, а нашата беше тековна, а не намерна. Ние не отвораме и затвораме предмети намерно, туку со времето се менуваат работите, застаруваат роковите. Има работи кои не се трајни, па не можеш да се вратиш без граници назад. Тие што се отворени, се гледа дека не се спроведени процедурите како што треба“, додава Бајрами.„Ние сме на почеток и кога го имплементираме новиот закон и ние учиме. Во овој период со натрупани нови предмети, изборна кампања, со вакум од 10 месеци и предмети кои се работат по стариот закон, не можеме да дојдеме до заклучок до тоа дали е нешто е корупција или не. За разлика од другите органи кои водат управна постапка, ние мора да донесеме одлука која треба да е правно издржана. Тие предмети што имаат наводи, ние ги отвораме и не треба пред време да преудицираме што бараме. Ќе гледаме да не се претвориме атракција секој да достави било што, што не сме во можност да го провериме“, додаде Бајрами во „360 степени.„Нас ни доаѓаат предмети од сите области, јавни претпријатија, училишта. Ние како надлежност имаме антикорупциска проверка на предметите. Ако ние не имплементираме закон и не дејствуваме за закон за лобирање, ако не проверуваме кои одредби генерираат корупција и непотизам, ние пак ќе викаме „ова е завршена работа“, рече Бајрами, запрашан зошто Антикорупциската комисија само кажува дали има непотизам или корупција и не превзема ништо.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

„Дрво за секое дете“ – на дрворедот на кеј постaвени плочки со имиња на новороденчињата

Екипите на Град Скопје почнаа да поставуваат плочки со имињата на новородените деца на дрвјата во градските дрвореди, во рамки на проектот „Дрво за секое дете“.На кејот на реката Вардар, зад Воениот стадион во Градскиот парк, денеска беа поставени 20-тина плочки на новите дрвја што беа засадени во минатата акција за зазеленување на градот.- Денеска, заедно со родителите на пријавените дечиња, почна проектот „Дрво за секое дете“ што го работиме заедно со ЈП „Паркови и зеленило“ и гинеколошко- акушерските болници во Скопје. Во наредниот период уште 300 дрвја во градските дрвореди и паркови ќе добијат плочки со имиња на новородените деца во чија чест е засадено тоа дрво. Особено се радувам што овие деца ќе растат истовремено со дрвјата и ќе можат да го следат растот на своето дрво. Со тоа, на симболиченначин сакаме да создадеме врска меѓу градот и неговите сегашни и идни граѓани. Плочките се напишани на јазикот што ќе го одберат родителите. Нам ни е битно детето да се врзе за овој град – рече денеска градоначалникот Шилегов.Тој ги повика идните родители да се пријавуваат во Град Скопје, да учествуваат во оваа благородна акција и да имаат свое дрво во главниот град.

пред 6 години

6 год.
Capture

(ВИДЕО) Македонски политичар призна дека е хомосексуалец

Емил Кирјас, дипломат и поранешен генерален секретар на МНР, за прв пат во естрадниот магазин Бекстејџ отворено зборуваше за својата сексуална определба и пред македонската јавност призна дека е геј.Тој вели дека за оваа тема воопшто нема дискусија во Македонија, дека истата е потполно непозната и дека не постои едукација. Ги спомена и стиховите од Тоше Проевски („Што е тоа во луѓето толку тажно што живат во животи туѓи“) и порача да размислиме што сакал Тоше да ни пренесе со овие зборови. Го додаде и тоа дека во развиените земји различностите се предност, додека кај нас ситуацијата е сосема обратна и дека тоа мораме што поскоро да го промениме.

Магазин | пред 6 години

6 год.
gjorge-ivanov

Иванов се сели во Џевахир

Претседателот Ѓорѓе Иванов побарал кабинетот кој законски му следува по завршувањето на функцијата да биде во кулите на турски „Џевахир Холдинг“ во скопски Аеродром, пренсува „360 степени“.Од повеќе неофицијални информации, се дознава дека канцелариите на Иванов ќе бидат на два ката во една од зградите. Едниот простор, за службените обврски на неговиот кабинет, е на 22 кат.Просторот за библиотека и состаноци е близу самиот врв, на 38 кат, а вкупната месечна кирија, неофицијално, е околу 2000 евра месечно.

Македонија | пред 6 години

6 год.
venko-filipce

Обвинителство смета дека Филипче не направил злоупотреба со тендерите во здравство

По сеопфатно проучување на прибраниот доказен материјал во врска со наводните неправилности при спроведување на постапките за јавни набавки во Министерството за здравство, надлежен јавен обвинител од  Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе одлука со која укажува дека нема место за јавнообвинителска интервенција, велат од Обвинителството.„Во текот на минатата година, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поведе предистражна постапка по допрен глас, заради постоење на индиции за повреда на законот при постапки на доделување на договори за јавни набавки во Министерството за здравство согласно чл. 353 став 5 од Кривичниот законик. Во овој предмет беа опфатени постапките за јавни набавки на лекови од веледрогерија за потребите на јавните здравствени установи без тендерска постапка, набавка за биореагенси и тестови на крв, изградба на бункер за акцелератор во Клиничката болница во Штип и судир на интереси во јавна набавка на лекови во ЈЗУ Клиника за хематологија.За да постои кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување предвидено и казниво по член 353 став 5 потребно е јавната набавка да е спроведена на незаконит начин и да има склучен договор за јавна набавка. Доколку нема склучен договор, не се исполнети елементите за сторено кривично дело од овој член.Така, од прибраниот доказен материјал произлегува дека во случајот со набавка на лекот Вемурафениб, постапката за јавна набавка е спроведена, но на предлог на Комисијата за јавни набавки, донесена е Одлука за поништување на постапката согласно член 169 од Законот за јавни набавки и не е склучен договор за набавка.Во врска со јавната набавка на биореагенси и тестови на крв, постапката е спроведена, но не е склучен договор, со оглед на тоа што Државната комисија за жалби по јавни набавки ги прифатила жалбите на жалителите и постапката е поништена.Што се однесува до постапката за изградба на бункер за акцелератор во Клиничката болница во Штип, во овој случај се работи за Рамковен договор за заем за финанирање на Проект за изградба и модернизација на Клиничкиот Центар Мајка Тереза во Скопје и регионалната Клиничка болница во Штип каде важат одредбите од Законот за задолжување на Република Македонија кај Банката за развој при Советот на Европа, а не одредбите од Законот за јавни набавки, па од тука и не постои повреда на чл. 353 ст.5 од Кривичниот законик.Од Посебниот извештај кој е резултат на постапување по допрен глас на Управата за финансиска полиција, а во врска со судир на интереси во јавна набавка на лекови во ЈЗУ Клиника за хематологија, произлегува дека нема повреди во постапката по јавните набавки, ниту е утврден судир на интереси кај одговорните лица, туку јавната набавка во целост и во сите фази е спроведена согласно закон“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Премиерот Заев нема да присуствува на инаугурацијата на Пендаровски?

Собраниската седница на која ќе биде инаугуриран новоизбраниот претседател на Република Македонија Стево Пендаровски ќе се одржи во недела на 12 мај.Пред народните избраници Пендаровски ќе даде свечена изјава со што и официјално ќе го започне мандатот и ќе стане петтиот претседател на државата.Останува неизвесно дали на свечената церемонија на преземање на Пендаровски највисоката функција во државата ќе присуствува и премиерот Зоран Заев. Денеска од Владата информираа дека премиерот Зоран Заев во периодот од 10 до 14 мај ќе користи дел од своите слободни денови, заради приватни причини.

Македонија | пред 6 години

6 год.
zaevi-2

Заев се умори, ќе земе четири денови слободни за да одмори

Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Македонија информира дека премиерот Зоран Заев во периодот од 10 до 14 мај ќе користи дел од своите слободни денови, заради приватни причини.Канцеларијата на претседателот на Владата ќе функционира непречено во периодот на приватното отсуство на премиерот, велат од владината прес-служба.

Македонија | пред 6 години

6 год.
mickovski-press-poraz

Додека Мицкоски бил советник на Груевски добил државно земјиште за изградба на хидроцентрали, велат од СДСМ

Христијан Хидро Мицкоски да не си ишка мувата од капата, туку да одговори за неговите хидроцентрали и злоупотребите, велат од СДСМ.„Додека Хидро Мицкоски бил советник на Никола Груевски, конзорциумот во кој има удел го добил земјиштето, односно бизнисот со хидроцентрали.Како тоа баш Хидро Мицкоски, во време додека бил советник на Никола Груевски,  добил државно земјиште од 33.000 квадратни метри за изградба на хидроцентрали?Со лажни пријави ВМРО-ДПМНЕ не може да ги покрие злоупотребите на Мицкоски.Сите постапки во врска со доделувањето на земјиште под концесја за електрани за вицепремиерот Кочо Анѓушев се законски и започнати во време кога тој не е дел од владата, односно во 2015 година. Оттука, се исклучува можноста за некакво влијание како и можноста за судир на интереси, за што и самиот тој соопшти  за јавноста.За невистините и лажните пријави на ВМРО-ДПМНЕ говори и фактот што ДКСК ја прекина постапката за Дамјан Манчевски затоа што е лажна и нецелосна“, велат од владејачката партија.

Македонија | пред 6 години

6 год.
mvr-akcija

Наредба за истрага за четири лица по синоќешната акција „Сикрет“

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривичната пријава, денеска донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против четири лица. Лицата се сомничат дека сториле кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, предвидено и казниво по член 215 став 3 од Кривичниот законик.По повеќемесечна предистражна постапка, под раководство на надлежен јавен обвинител од Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Министерството за внатрешни работи спроведе акција со кодно име „Сикрет“. Во текот на вчерашниот ден до денес, до раните утрински часови беа извршени претреси на дом и лица на 11 локациии низ Градот Скопје и околината. Во акцијата лишени се од слобода три лица, додека едно лице во моментот е недостапно на органите на прогонот. Еден од осомничените во обид да ја напушти државата е лишен од слобода на Меѓународниот аеродром – Скопје. При извршените претреси пронајдени и одземени се повеќе пакувања на наркотична дрога што била подготвена за дистрибуција и продажба, пет луксузни патнички моторни возила, поголемо количество на парични средства што потекнуваат од извршувањето на кривичното дело, како и ваги за мерење на дрогата, огнено оружје и телефони. Предметите од претресите по наредба на обвинител се предадени на вештачење.Имено, двајца од осомничените, кои се браќа, од почетокот на месец февруари годинава во повеќе наврати од непознати лица, набавувале неодредени количини на наркотична дрога кокаин, ја препакувале во нивниот дом и неовластено ја продавале. Тие, со цел продажба на дрогата и стекнување на противправна имотна корист, организирале мрежа на препродавачи меѓу кои биле останатите осомничени задолжени за доставување дрогата до купувачите на различни локации во градот Скопје. Неовластената продажба се остварувала преку телефонски контакти со лица уживатели на дрогата. Во зависност од големината на пакувањата дрогата што ја нуделе била по цена од 2500 до 6000 денари.Ценејќи дека се исполнети условите, надлежниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, во текот на денешниот ден поднесе Предлог за определување на мерката – притвор за осомничените.

пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања