ОБСЕ за изборите: Потребна е реформа на изборното законодавство
Во првиот круг на претседателските избори гласачите беа во можност да се информираат пред да го направат својот избор помеѓу спротивставените политички гледишта, а основните слободи на собирање и изразување беа почитувани во кампањата.И покрај одредени технички предизвици, изборите беа во целина добро спроведени. Регулаторните празнини беа делумно земени предвид преку меѓупартиски политички договори, но останува потребата да се финализира претходно започнатата реформа на изборното законодавство, се вели во прелиминарниот извештај на Мисијата на ОБСЕ, која го набљудуваше првиот круг од претседателските избори во земјава.Според ОБСЕ, денот на изборите беше мирен, уреден и транспарентен и генерално позитивно оценет од набљудувачите на ММНИ.„Законската рамка е главно погодна за одржување демократски избори. Меѓутоа, одредени одредби од Изборниот законик не ги отсликуваат специфичните услови на претседателската трка. Регулаторните празнини ја нарушија правната сигурност и создадоа конфузија меѓу засегнатите страни. Во отсуство на експлицитни кампањски правила за претседателските кандидати, некои елементи на кампањата беа спроведени врз основа на меѓупартиски договори кои не обезбедуваа еднакви можности за сите натпреварувачи. Многу претходни препораки на ОДИХР и Советот на Европа во однос на законската рамка не се земени предвид, вклучувајќи ги и препораките што се однесуваат на финансирање на кампањата и изборни приговори и жалби”, се дел од забелешките во извештајотСпоред ОБСЕ, изборната администрација ги исполни своите главни должности, работеше непристрасно и ја уживаше довербата на повеќето засегнати страни. Меѓутоа ДИК задоцни со некои подготовки, како што е издавањето упатства, печатење на материјалите за обука и формирањето на комисиите од пониско ниво.„Транспарентноста и ефикасноста на ДИК беа напати отежнати од технички затајувања на нејзиниот информациски и комуникациски систем, што исто така покрена прашања за ИКТ-безбедноста. ДИК спроведе едукација на гласачи на радиодифузните и социјалните медиуми на повеќе јазици и понекогаш со толкување на знаковен јазик, но оваа кампања беше со ограничена видливост. Регистарот на гласачи се одржува во ДИК и содржи граѓани кои се регистрирани жители и кои поседуваат валидни идентификациски документи. Автоматското исклучување на гласачи поради истечената важност на документите за идентификација претставува неразумна пречка за остварување на правото на глас за околу 11.000 граѓани.Иако засегнатите страни забележаа подобрувања во точноста на регистарот на гласачи, несовпаѓањата помеѓу разните државни бази на податоци и разните формати на податоците и понатаму претставуваат предизвик и бараат понатамошно внимание. Тројца кандидати се регистрираа да се натпреваруваат во овие избори, една жена и двајца мажи, од кои еден е етнички Албанец. Сите тројца кандидати беа регистрирани од ДИК во инклузивен процес. Иако регистрирани како непартиски, секој од тројцата кандидати беше поддржан од политички партии пред регистрацијата и се служеше со партиските симболи за своја идентификација на гласачкото ливче.Кампањата се одвиваше во смирена и мирна средина. Основните слободи на собирање и изразување беа почитувани и учесниците во изборите имаа можност слободно да спроведуваат кампањски активности без пречки. Партиските лидери беа видливо истакнувани на кампањските настани и покрај формалната независност на кандидатите од политичките партии. Општо земено, се чинеше дека државните претставници водеа сметка да задржат јасна одвоеност меѓу службените и политичките активности и да избегнуваат користење државни ресурси во кампањата. Забележително во овие избори, владејачката партија и неколку етнички албански партии заедно поддржаа претседателски кандидат. Двајца кандидати често покренуваа прашања поврзани со учеството на жените и родовата еднаквост. Кампањите беа финансирани со донации на физички и правни лица и некои кандидати добија финансиска помош од политички партии. Политичките рекламирања во радиодифузните медиуми ќе бидат надоместени од државни средства. Државниот завод за ревизија е примарното надзорно тело, но надзорот е ограничен на ревизија на информации поднесени од изборните кандидати и нема капацитет да истражува дали податоците се точни или целосни. Немаше воедначено известување за потрошувачката на кандидатите, немаше експлицитна регулација на кампањски активности од трети лица и немаше барање за известување за трошоци настанати од политички партии кои ги поддржуваат кандидатите. Сè на сè, ова ја намали транспарентноста на финансирањето на кампањата и ефективноста на надзорот”, се вели во извештајот.
Македонија
|
пред 6 години