Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
57611741_366616610610615_3679559698652069888_o

Георгиевски: На 5-ти мај ќе објавиме голема победа, а Охрид ќе е подобро место за живеење

Кандидатот за градоначалник на Општина Охрид, Костантин Георгиевски преку социјалните мрежи им се заблагодари на граѓаните за гласовите, велеќи дека тие ја потврдиле нивната одлучност за подобра иднина на градот.„Имавме исклуително мирни, фер и демократски избори, на кои јасно беше изразена волјата на граѓаните. Големата предност која ја имаме, од над 2400 гласови, е јасен сигнал дека само заедно можеме и мораме да продолжиме напред. Искрено и од се срце Ви благодарам на укажаната доверба и поддршката која што ми ја давате мене и на Социјалдемократскиот сојуз и коалицијата. Сигурен сум дека оваа поддршка ќе биде помасовна и поголема и за две недели, на 5-ти мај, во вториот изборен круг, ќе објавиме уште една голема победа во Охрид. Имаме реални планови за доброто на сите граѓани, ги препознаваме приоритетите за развој на Охрид и цврсто сме определени да одиме напред, да работиме посветено за да ги постигнеме и реализираме сите зацртани цели во нашата Предизборна програма! Охрид има огромни потенцијали, но само низ заедничка соработка може да го направиме посакувано место за живеење и светска туристичка дестинација!  Само заедно со вас и со вашите предлози може да постигнеме многу! Нашата намера е чесна и препознаена!“, пишува Георгиевски на социјалните мрежи.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Во домот на гевгеличанец пронајдена марихуана и семки од „Cannabis“

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гевгелија поднесе кривична пријава против Д.А.(37) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 25.09.2018 година во Гевгелија полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана и 295 семки од растението „Cannabis“.

Македонија | пред 6 години

6 год.
policija-123

Се обидел да нападне полициски службеник

На 21.04.2019 година околу 15.50 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека во с.Бели, кочанско, В.И.(34) агресивно се однесувал и се обидел да нападне полициски службеник. В.И. бил приведен во Полициската станица Кочани, а по целосно документирање на случајот против него биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 6 години

6 год.
migranti_kola

Во возило на косовски државјанин пронајдени 58 мигранти

Регионалниот центар за гранични работи Југ поднесе кривична пријава против К.Р.(34) од Косово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“. Од страна на судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.На 20.04.2019 година на автопатот Гевгелија – Скопје, после клучка „Смоквица“, во возилото што го управувал пријавениот, полициски службеници пронашле 58 мигранти.

Македонија | пред 6 години

6 год.
133474234-105843-207971

Изгубил контрола над возилото и удрил во бетонски столб

На 21.04.2019 година во 13.45 часот на ул.„Ужичка“ во Кичево, Р.Ц.(56) од Кичево, управувајќи патничко возило„Лада нива“ со кичевски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во бетонски столб. Р.Ц.се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Општата болница во Кичево, а потоа во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кичево.

пред 6 години

6 год.
stop-policija

Сообраќајната полиција од Битола регистрираше низа неправилности кај возачите

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола за време на викендот извршиле контрола за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, сигурносен појас. Притоа, контролирани се 789 возачи, од кои 14 возачи ја пречекориле дозволената брзина, девет возачи управувале возило без возачка дозвола, нерегистрирани биле 11 возила , двајца возачи зборувале на мобилен телефон при управување на возилото, а четири возачи не користеле сигурносен појас.

Македонија | пред 6 години

6 год.
DSC_8284

Пендаровски: Задоволен сум дека во првиот круг мнозинството граѓани гласаа за напредна и европска Македонија

Сакам уште еднаш да се заблагодарам на сите оние кои вчера достоинствено и демократски излегоа на гласање. Очекувам убедлива и недвосмислена победа во вториот круг и кончено Македонија да добие претседател на сите граѓани, истакна Стево Пендаровски, заеднички кандидат за претседател.Задоволен сум дека во првиот круг мнозинството граѓани гласаа за напредна и европска Македонија. Гласаа за заедништво, за напредок и сигурна иднина. Ги разбирам и граѓаните кои решија да не излезат на гласање и на тој начин да упатат порака. Тоа е нивно право и верувам дека пораката од страна на политичарите е примена.Но, јас сум убеден дека најголем дел од нив даваат поддршка за европската иднина на нашата земја. Би сакал да им порачам дека на 5 мај е последниот датум кога ќе можат да ја потврдат оваа нивна заложба и да ја обезбедат својата иднина. И убеден сум дека за две недели ќе излезат и ќе гласаат за мене и за политичката опција која ја претставувам и на тој начин одговорно ќе ја поведат земјата напред.Би сакал исто така да им се обратам директно и на оние граѓани кои гласаа за господинот Блерим Река. Од нив ја очекувам поддршката за вториот круг и ги повикувам масовно да излезат на гласање. Знам дека тие ја поддржуваат во огромен број мојата визија за европска и интегрирана Македонија, наспроти ревизијата на се што постигнавме и блокадите кои ги најавува Сиљановска. Ги повикувам да излезат и да гласаат по свое убедување онака како што мислат и веруваат дека е правилно. Од нивниот глас зависи каков курс ќе заземе нашата земја по 5 мај.Од денес ја продолжувам мојата кампања до конечна победа. На 5 мај ни е потребна максимална политичка, граѓанска мобилизација и поддршка за концептот кој ја води оваа земја напред. Продолжувам уште посилно на терен да се сретнам со што повеќе граѓани и да ја пренесам пораката дека 5 мај е последниот датум за да избегнеме нови поделби, нови блокади и застој на патот кон ЕУ, истакна Стево Пендаровски, заеднички кандидат за претседател.

пред 6 години

6 год.
jAnusev

Јанушев: СДСМ како политичка партија драматично ја губи поддршката кај граѓаните

 Новата реалност во Република Македонија е дека граѓаните одбраа правда токму за Македонија. Резултатите од изборите покажаа дека ВМРО-ДПМНЕ е политичката сила со најголема доверба меѓу граѓаните и дека политиките на власта доживуваат пораз, истакна Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.СДСМ како политичка партија драматично ја губи поддршката кај граѓаните, и тоа го потврдуваат бројките и фактите.Власта, особено СДСМ е делегитимирана. Народот не им верува. Вчерашниот ден исто така потврди и дека меѓу граѓаните владее вистинска апатија поради болната реалност оптоварена со криминал, корупција и сиромаштија. Поради неправда која ја чувствува секој човек. Граѓаните се чувствуваат измамено од страна на власта.Доживеа пораз системот кој наметнува тортура, прогони, притисоци, системот кој носи безпарица, економска стагнација, системот кој тргува со името, достоинството, и законите. Со овие луѓе нема ниту иднина, ниту напредок.Одговорот на апатијата е едноставен, масовно гласање во вториот круг на изборите на 5-ти мај, и потврда дека граѓаните се тие кои решаваат. Народот е посилен од секоја власт и народот е свесен дека со гласачко ливче победуваме неправда.Гордана Сиљановска Давкова е изборот на граѓаните, таа е изборот затоа што е олицетворение на правдата, човек со кредибилитет и свој став.За нас довербата од граѓаните е обврска, а новата реалност е дека ВМРО- ДПМНЕ, и коалицијата која ВМРО-ДПМНЕ ја направи со народот победи во 47 општини. Фактите говорат дека на минатите локални избори, победивме во само 5, а вчера по нешто повеќе од една година во 47 општини.Победивме во Скопје, Битола, Прилеп, Штип, Велес, Кавадарци, Неготино. Победивме во Босилово, Брвеница, Валандово, Василево, Вевчани.Победивме во: Виница, Гевгелија, Градско, Дебарца, Демир Капија, Демир Хисар, Зелениково, Зрновци, Илинден, Јегуновце.Победивме и во Карбинци, Кочани, Кратово, Кривогаштани, Лозово, Македонска Каменица, Македонски Брод, Могила, Новаци, Ново Село. Гордана победи и во Охрид, Петровец, Пехчево, Пробиштип, Радовиш, Ранковце, Росоман, Свети Николе, Сопиште, Старо Нагоричане, Чешиново - Облешево.Тука би истакнал неколку работи. Скопјани ја поразија власта, Скопјани ги поразија Заев и Пендаровски заедно.Огромна победа имавме и во Гази Баба каде разликата е 6.500 гласа во корист на Сиљановска. Во Кисела Вода Сиљановска води пред Пендаровски со разлика од над 4.000 гласа или разлика од над 30%. Победа имаме и во Аеродром, каде разликата е повеќе од 2.000 гласа.Победивме и во Бутел, со 1.400 гласа разлика. ВМРО-ДПМНЕ има победа и во Ѓорче Петров со над 2.000 гласа разлика или над 30%.Имаме тесен резултат и во Шуто Оризари каде претходно на минатите избори имавме голема разлика во корист на власта. Исто така намалена е разликата и во Центар и Карпош.СДСМ за помалку од 2 години изгуби речиси 14.000 гласови во Битола, каде денес имаме водство на Сиљановска во однос на Пендаровски.Доколку резултатите на овие избори се пресликаат во пратенички мандати, ВМРО-ДПМНЕ е политичката партија која ќе треба да прави ново мнозинство во Собранието и нова Влада.Првичните анализи покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ ќе освои 53 пратенички мандати, а СДСМ 12 пратенички мандати помалку, или само 41 пратенички мандат, додека Беса и Алијансата и ДУИ по 13 пратенички мандати.Цврсто веруваме во победа во вториот круг на изборите, затоа што народот се определи. Големиот број на гласови кои ги освои Гордана и ВМРО-ДПМНЕ за нас се огромна обврска да продолжиме понатаму.Со оглед на тоа дека власта на СДСМ оствари слаби резултати, апелирам да се задржи демократскиот амбиент и да не се продолжува со методи на притисок и заплашувања. Тоа ќе биде контрапродуктивно бидејќи народот веќе го испорача своето, кажа дека е за промени, македонската пролет доаѓа.Ги повикувам сите граѓани, апсолутно сите граѓани да ја искористат можноста за конечна победа на правдата, над неправдата. ВМРО-ДПМНЕ е за принципи, вредности и честитост.Да се обединиме во заложбите за правда во Македонија и за Македонија, правдата е и зачуваното достоинство, подобриот стандард, подоброто здравство, приносното земјоделие, нови фабрики, сигурност и иднина која е загарантирана.Затоа ајде заеднички да испишеме историја, да победат граѓаните наспроти целата власт, и неправдите, истакна Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

пред 6 години

6 год.
marihuana2

Косовски државјанин обвинет за недозволена трговија со марихуана

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави Обвинителен акт против едно лице кое се товари дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.Обвинетиот, државјанин на Република Косово и без пријавено живеалиште или престојувалиште во земјава, на 17.03.2019 година во близина на граничниот премин Блаце, неовластено држел 14 полиетиленски пакувања наркотична дрога марихуана.  Пакувањата биле сместени во две јутени вреќи  со вкупна нето маса од 14.050,8 грама. Дрогата била пронајдена и одземена при претрес од страна на овластени службени лица.Надлежниот јавен обвинител до Судот достави и Предлог за продолжување на определената мерка притвор за обвинетото лице, ценејќи дека и натаму постои опасност тој да се даде во бегство или да го повтори делото што му се става на товар. 

пред 6 години

6 год.
humanost

Потребно е млеко – мајка со неухранети близначиња заврши во болница

Вистинските дела на љубезност на нивниот твитер профил споделија информација дека е потребно млеко за близначиња кои завршија во болница поради неухранетост:„Велешани итно е потребно млеко за близначиња стари 40 дена. Мајката со бебињата завршува во болница поради неухранетост.Не исконтактира патронажната сестра од Велес дека се работи за петчлено семејство и со детенце од 2 г. Семејството буквално гладува.Потребна е и храна за нив“, пишува на твитер.https://twitter.com/Ljubeznost/status/1120220958604845056?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1120220958604845056&ref_url=https%3A%2F%2Femagazin.mk%2Fpotrebno-e-mleko-ma-ka-so-bebi-a-neuhraneti-zavrshile-vo-bolnica-vo-veles%2F

Македонија | пред 6 години

6 год.
gdu

ГДУ: Посебно сме задоволни од нашиот кандидат за градоначалник на Охрид, кој несебично се вложи себеси во оваа кампања

Иако работевте во сенката на претседателските избори, ви честитаме на преданоста и професионалниот однос на сите вас кои бевте дел од кампањата на Михаил Трендафилов-Нанче и овозможивте и тој и Граѓанско Демократската Унија да бидат претставени во најдобро светло пред охриѓани,се вели во соопштението од Граѓанско Демократска Унија- ГДУ.Посебно сме задоволни од нашиот кандидат за градоначалник на Охрид, кој несебично се вложи себеси во оваа кампања и покажа дека се може и поинаку, може и подобро.Колку и некому да му изгледа „скромен” изборниот учинок на Михаил Трендафилов-Нанче и ГДУ, тоа не го менува фактот дека тој резултат е надеж за промени, би додале и невообичаено сериозни промени. Граѓаните одбиваат да бидат статисти во политичките процеси контролирани од „политичките елити”.Затоа резултатите од оваа кампања ги сфаќаме сериозно и благодарно, особено што ова беше самостоен настап на ГДУ, двајцата водечки кандидати зад себе имаат редици и редици од „партии”.Конечно, има ли подобар начин во дело да се промовира мотото на Граѓанско Демократската Унија – Не се обидувај да ме газиш, се вели во соопштението од Граѓанско Демократска Унија- ГДУ. 

пред 6 години

6 год.
IMG_2151-22-04-19-13-32

Милошевски: Ние ќе продолжиме слично како и во првиот круг со работа на терен, пожестоко отколку досега

Резултатите се добро познати, па тргнуваме од нула. Им честитам на акндидатите Стевоски, Мена и Трендафилов, за заедничкиот успех кој го постигнаа и заедно освоија преку 3200 гласови и навистина треба да бидат многу горди на својот резултат и по мене во првиот круг тие се морални победници, истакна Митре Милошевски, кандидат за градоначалник на Охрид.Повторно во Охрид за жал се појавија над 1000 неважечки ливчиња што е премногу на излезност од 28 000, и во тој смисол ДИК и ОИк треба значително да поработаат на медиумско покривање на овој проблем, кој е изразен и на ниво на Македонија и заради кој еве во Ново Село не се избра градоначалник.Ние ќе продолжиме слично како и во првиот круг со работа на терен, пожестоко отколку досега затоа што најверојатно таа работа не беше доволна. Да пробаме да ги убедиме граѓаните да го свртат делот од своето мислење , истакна Митре Милошевски, кандидат за градоначалник на Охрид.https://www.facebook.com/mitremilosevskimd/videos/319287815403708?sfns=mo

пред 6 години

6 год.
kosta-3

Георгиески: Имавме исклучително мирни, фер и демократски избори, на кои јасно беше изразена волјата на граѓаните

Охриѓани вчера уште еднаш  ја покажаа и ја потврдија својата одлучност за подобра  иднина на нашиот град. Имавме исклучително мирни, фер и демократски избори, на кои  јасно беше изразена волјата на граѓаните. Големата предност која ја имаме, од над 2400 гласови, е сигурен сигнал дека само заедно можеме и мораме да продолжиме напред, се вели цо соопштението од Константин Георгиески, Кандидат за Градоначалник на Охрид.Искрено и од се срце Ви благодарам на укажаната доверба и поддршката која што ми ја давате мене, на Социјалдемократскиот сојуз и на коалицијата. Сигурен сум дека оваа поддршка ќе биде помасовна и поголема и за две недели, на 5-ти мај, во вториот изборен круг, кога ќе објавиме уште една голема победа во Охрид.Имаме реални планови за доброто на сите граѓани, ги препознаваме приоритетите за развој на Охрид и цврсто сме определени да одиме напред, да работиме посветено за да ги постигнеме и реализираме сите зацртани цели во нашата Предизборна програма! Охрид  има огромни потенцијали, но само низ заедничка соработка може да го направиме посакувано место за живеење и светска туристичка дестинација!Само заедно со вас и со вашите предлози може да постигнеме многу! Нашата намера е чесна и препознаена!Одиме Заедно Напред, се вели во соопштението од Константин Георгиески, Кандидат за Градоначалник на Охрид. 

пред 6 години

6 год.
pendarovski

Пендаровски очекува поддршка од гласачите на Река: Многу вода протече низ Вардар од 2014 до сега

„Ги разбирам граѓаните кои решија да не излезат на гласање и на тој начин да ја упатат пораката. Тоа е нивно право и верувам дека политичарите ја примија пораката. Но, јас сум уверен, дека најголем дел од нив се за европска иднина на Македонија. Петти мај е последниот датум кога ќе можат да ја потврдат оваа заложба и да ја обезбедат сопствената иднина. Убеден сум дека ќе излезат и ќе гласаат за мене“, рече Пендаровски на денешната прес-конференција.„Во вториот круг ја очекувам поддршката од граѓаните кои гласаа за Блерим Река. Ги повикувам масовно да излезат на гласање. Знам дека огромен број од нив ја поддржуваат мојата визија за европска и интегрирана Македонија, наспроти блокадите кои ги најавува Сиљановска. Ги повкувам да гласаат по свое убедување“, додаде тој.„Не сум сигурен дека го изгубивме Скопје. Бројките се поделени, од Сарај до Чаир. Од она што го знам од теренските извештаи, мислам дека сите 31 политичка партија кои застанаа зад мојата кандидатура беа ангажирани со мобилизација на своите гласачи. Не можам да увидам дека некој од нив седел дома и не работел“, рече Пендаровски откако беше запрашан дали сите коалицики партнери работеле на терен за негова победа.„Многу работи се променија од претходните избори до сега. Последниве две години направивме неколку тешки одлуки и компромиси. Зборувам за договорите со Грција и Бугарија, Законот за јазици, за кои имаше сериозни отпори од главната опозициона партија кои продолжуваат и натаму. Споредбата меѓу 2014 година и 2019 година е само во тоа што сега имавме демократски избори, а тоа го потврдуваат сите. Многу вода протече низ Вардар за да ги споредуваме тие работи. Во тој период бевме без пристап до медиуми, администрацијата беше блокирана, меѓутоа, политичките одлуки кои ги преземавме од 2016 па наваму, влијаеа на изборниот резултат“, рече Пендаровски, запрашан за споредба меѓу изборите во 2014 кога тој немаше поддршка од коалициските партнери.

Македонија | пред 6 години

6 год.
soobrakajka

ФОТО: Страшна сообраќајка во Карпош

Тешка сообраќајна незгода се случила во скопската населба Карпош меѓу три возила. Од фотографијата се гледа дека едното е превртено, а кај другите две е причинета материјална штета.фСпоред информациите, за среќа нема жртви од сударот на трите возила, а на лице место пристигнала и Брзата помош.

Скопје | пред 6 години

6 год.
sri-lanka-2

Најбогатиот Данец во бомбашките напади во Шри Ланка загубил три деца

46- годишниот Андрес Повлсен кој е сопственик на меѓународниот синџир на продавници за облека „Бестселер“кој ги опфаќа модните марки „Веро Мода“ и „Џек енд Џонс“, најголем акционер во британската онлајн компанија АСОС и втор најголем акционер во германската онлајн компанија „Заландо,  објави дека три од неговите четири деца се убиени во терористичките напади на Шри Ланка. Семејството на данскиот милијардер било на одмор на Шри Ланка за католичкиот Велигден, пренесе „Дејли маил“.Данскиот милијардер воедно е и сопственик на 89 илјади хектари земја во Шкотска, што го прави најголемиот приватен земјопоседник во земјата.Според листата на магазинот „Форбс“ од 2018 година , Повлсен со богатство од 7,9 милијарди американски долари е најбогатиот Данец во светот.

Свет | пред 6 години

6 год.
siljanovska-reka

Силјановска Давкова на ФБ: Искрено жалам што не влезе во вториот круг

Гордана Силјановска Давкова преку „Фејсбук“ му ги честиташе освоените гласови на Блерим Река и му порача дека ѝ беше чест да учествува на претседателските избори заедно со него, нејзиниот колега.Ми беше чест да учествувам на претседателските избори заедно со колегата Блерим Река.Дискусиите кои ги имавме, и по прашања за кои се сложувавме, како и за оние за кои не се сложувавме, беа на високо ниво и го подигнаа квалитетот на дебатата.Му честитам на освоените гласови и искрено жалам што не влезе во вториот круг.https://www.facebook.com/kandidat.za.pretsedatel/photos/a.779463125744898/822187024805841/?type=3&theater

пред 6 години

6 год.
vmro_dpmne

ВМРО ДПМНЕ: Сиљановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ победија над 30-тина партии кои застанаа со СДСМ и Пендаровски

Вчеравечер Македонија победи. Граѓаните сплотени без страв кажаа дека сакаат право и правдина. Гордана Сиљановска Давкова ја доби мнозинската поддршка од граѓаните. Народот вчера ги победи сите остатоци од транзицијата. Антидржавните политики и криминалот вчера беа поразени. Од денеска Македонија има нова реалност. Власта е во слободен пад. Никој повеќе не се плаши, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Гордана Сиљановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ победија над 30-тина партии кои застанаа со СДСМ и Стево Пендаровски.Македонија победи. Стравот е поразен. За целосна победа и делегитимирање на оваа власт е потребна победа во вториот круг.Народот ја порази хотел коалицијата. Народот ги порази елитистите од власта.ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани да се обединиме во вториот круг и да го нанесеме финалниот удар за пад на власта.Македонија заслужува претседател кој ќе ги почитува уставот и законите. Македонија заслужува подобро. Гордана Сиљановска Давкова е вистинскиот избор, за право и правда. За подобра иднина, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

пред 6 години

6 год.
policija

И таткото и детето починале на лице место во Слупчане – Биле изрешетани со повеќе куршуми

Основното јавно обвинителство Куманово изврши увид во близина на село Слупчане каде синоќа беше пронајдено возило кон кое биле истрелани повеќе куршуми.На увидот беше констатирано дека од близина е пукано во патничкото моторно возило во кое се наоѓале две лица, возач и неговото осумгодишно дете. Двете лица биле смртно повредени и починале на лице место.По насока на надлежен јавен обвинител, увидната екипа на Министерството за внатрешни работи ги обезбеди и подигна трагите од лице место и истите ќе бидат предмет на натамошно вештачење. Пронајдени се и подигнати поголем број испукани чаури преку чие вештачење се очекува да се утврдат битни факти во предметот. Ќе биде извршено вештачење и на возилото на кое се видливи повеќе траги од напад со огнено оружје. Издадена е и Наредба за вршење обдукција на телата на починатите.Основното јавно обвинителство Куманово во континуитет презема дејствија со цел целосно расчистување на настанот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
vankovska-696x321

Ванковска и Каракамишева се испокараа за ВМРО-ДПМНЕ, која била поголем душман

Универзитетските професорки Билјана Ванковска и Татјана Каракамишева се испокараа на социјалните мрежи, во обидот да се докажат која е поголем патриот, а кој поголем душман на ВМРО-ДПМНЕ, пишува Фокус.мкНајпрвин Ванковска објави твит со следнава содржина: „Бојкотирачите станаа фундаменталисти. Не понудија ништо освен пизма, завист, суета, ароганција, па и примитивизам. На исто место се најде чудна и неверојатна дружина на Палчовци и Росокли, Каракамишеви и Мирки… Највалканата кампања дојде од овој кампус, дури и кога беше завиткана во квазинаучна (со импакт факто) обланда, напиша Ванковска.На ова пак и врати Каракамишева:„Најголемиот душман на ВМРО изминативе години ПОВТОРНО во деструктивен поход на навреди и измислени табори. “Либералкава” никако да ја научи вредноста на индивидуата. Моите Вмровски, Македонски и патриотски идеали не ме прават фундаменталист, НАПРОТИВ. Кои се твоите идеали Билјана?, напиша Каракамишева.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања