Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
0000traktor

Додека истоварал ѓубре, паднал во провалија и завршил со тешки повреди

На 21.04.2019 година околу 12.50 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека во с.Горна Баница, гостиварско, Ќ.М.(72) од Гостивар се здобил со тешки телесни повреди додека истоварал шут и земја во депонија во атарот на селото со товарно возило. Според пријвеното, при кревање на сандакот за истовар, истиот го повлекол во провалија од околу 20 метри.Со тешки телесни повреди Ќ.М. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Тетово и се работи на целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
soobrakajka1-1

Тешка сообраќајка на автопатот „Пријателство“

На 21.04.2019 година во 12.45 часот на автопатот „Пријателство“, атар на с.Ржаничино, скопско, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило - влекач „МАН“ со полуприколка „Шмитз“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(54) од Скопје, мотоцикл „Сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.Ѓ.(29) од Скопје и мотоцикл „Сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од В.М.(27) од Скопје.Во незгодата со повреди се здобиле возачите на мотоциклите. Со возило на Итна медицинска помош тие биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде  Б.Ѓ. им подлегнал на повредите, додека со тешки телесни повреди В.М. бил задржан на лекување.Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
mickoski

Кекеновски до Мицкоски: Глумите лудило, а имате помалку гласови од противникот

Јове Кекеновски,член на Демократска фракција на ВМРО ДПМНЕ и еден од оние што заговараа бојкот на претседателските избори, упати порака до лидерот на партијата, Христијан Мицкоски и го повика да си замине од лидерското место:,,Мицковски и компанија, Ве гледам глумите лудило и изнасилено наметнувате победничка еуфорија. Свесни сте дека немате освоено поголем број гласови од политичкиот противник, а се прогласувате за победници.  Заев сигурно дека е губитник, ама Вие не сте победници. Победници се граѓаните кои не ви веруваат ниту на едните, ниту на другите. А Вие бесрамно на штета на партијата продолжувате и понатаму да одработувате за политичкиот противник и за еврокомесарите во заминување. Јасна е Вашата цел. Најважен ви е спас на Вашите политички кариери и партиски функции,отколку граѓаните на Република Македонија или пак Гога – Јога за претседател. Немојте и понатаму да ја ставате партијата и граѓаните во заложништво само заради вашите лични интереси. Собирајте парталите и за доброто на Македонија заминувајте од партијата. Таа и припаѓа на поспособните, почесните, искрените патриоти и оние кои не калкулираат на дневна основа и не мамат перманентно Со изнасилено глумење еуфорија и учество во вториот круг свесно ја зацврстувате позиција на Заев и Пендаровски. П.С. Свесни ли сте дека имате освоено помалку гласови од последните избори при толку лоша власт. Ова е најлош резултат на партијата“-вели Кекеновски.Тој во март повика на бојкот:,, БОЈКОТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ, А НА ПОВТОРНО РАСПИШАНИТЕ ИЗБОРИ ПОБЕДА НА ВМРО ДПМНЕ.1. Демократската Фракција на ВМРО ДПМНЕ пред конвенцијата јавно укажа дека со изнасиленото фаворизирање на ,,либералниот-соросов-надпартиски” кандидат намерно се отпочнува процеcот на обезличување на ВМРО ДПМНЕ.2, Со ваков кандидат ВМРО ДПМНЕ ја пропушти можноста со достоен претседателски кандидат од вмровска провиниенција и профилација да се врати на патот на пристојноста, патриотизмот, чесноста и достоинството и изворните принципи на партијата.3. За Демократската Фракција на ВМРО ДПМНЕ изјавата на Мицковски дека со ,,надпартискиот кандидат” ВМРО ДПМНЕ ќе освои 500.000 гласа во прв круг е поигрување и иронизирање со интелегенцијата на членството, симпатизерите и граѓаните на нашата држава, а во функција на реализација на задкулисни договори во четири очи со неговиот ,,лут” ривал“-напиша тогаш Кекеновски.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Еве што пишуваат грчките медиуми за изборите во Македонија

Грчките медиуми во текстовите посветени на првиот круг од претседателските избори во Македонија, акцентот го ставаат на на малата излезеност и малата разлика меѓу Пендаровски и Силјановска Давкова, јави дописничката на МИА од Атина.„Прв, но на граница Стево Пендаровски за претседател на државата“; „Северна Македонија: На втор круг изборите за претседател, победник неизлезеноста“; „Изборен трилер во Скопје –речиси изедначени Пендаровски и Силјановска“; „Северна Македонија: Речиси со изедначен број гласови за Пендаровски и Силјановска“; „Претседателски избори во Скопје – неизлезеноста и позицијата на Албанците клучевите за вториот круг“; „Со рекордно мала излезеност се затворија гласачките места во Скопје“, се дел од насловите во онлајн изданијата на грчките медиуми за вчерашниот прв круг од претседателските избори.-Двајцата главни противници, Стево Пендаровски и Гордана Силјановска, во првиот круг од претседателските избори во Северна Македонија, што се одржаа вечера, се речиси изедначени, пишува на почетокот од текстот грчката новинска агенција АНА-МПА, текст кој го презедоа голем дел од другите медиуми. Во продолжение, пренесени се резултатите од ДИК, но и изјавите и ставовите на двајцата кандидати кои влегоа во вториот круг.-Во вториот круг од изборите, на 5 мај ќе се разјасни сликата за тоа кој ќе биде новиот претседател на Северна Македонија, бидејќи на вчерашното гласање речиси со изедначен број гласови беа „избраникот“ на Зоран Заев,Стево Пендаровски и Гордана Силјановска од партијата ВМРО-ДПМНЕ, пишува информативниот портал „Ин“, а во продолжение додава дека главната улога на вчерашните избори ја имаше неизлезеноста и коментира дека „голем дел од гласачите од сите партии им го свртеа грбот на кандидатите на претседателските избори, испраќајќи така нивни пораки“.На почетокот на текстот на сајтот на весникот „Катимерини“, коментарот е дека Пендаровски победил во првиот круг, но со мала разлика.-Неизлезеноста се движеше како и на референдумот во септември за Договорот од Преспа, многу мала, со оглед на тоа дека во изборниот процес учествуваа 42% од изборното тело, процент што е историски низок за претседателски избори, пишува „Катимерини“.-Големата неизлезеност и речиси изедначениот број гласови на двајцата главни противници, Стево Пендаровски и Гордана Силјановска, беа главните карактеристики на првиот круг од претседателските избори во Северна Македонија, што се одржаа во неделата, пишува „Нафтемборики“.-Малата предност на „избраникот“ на Зоран Заев, Стево Пендаровски и рекордната неизлезеност и покрај критичноста на изборите, беа главните карактеристики на првиот круг на претседателските избори во Скопје, пишува онлајн изданието на весникот „Прото тема“.Од рано утрово, резултатите од изборите во поголемиот број од онлајн изданијата на медиумите се прва и главна тема, беа споменати во утринските информативни емисии на грчките телевизии, а се најдоа и на насловните страници на денешните весници, јави дописничката на МИА од Атина.Во весникот „Етнос“, текстот е под наслов „Претседателски избори –трилер во Скопје“,„Ефимерида тон синдактон“, пишува „Северна Македонија: Мала излезност на претседателските избори“ , а насловот во весникот „Елефтерос типос“ е „Двојна изборна порака за Заев – неизлезеноста 60% и битката трилер со кандидатката од ВМРО“. Грчките медиуми, и вчера известуваа за претседателските избори, како во вестите на телевизиите, така и во онлајн изданијата.

Македонија | пред 6 години

6 год.
reka

Река изненаден: Нема општина со македонско мнозинство гласачи каде што не добив гласови

Блерим Река е задоволен од изборниот резултат. Вели, добил гласови во речиси сите општини дури и онаму каде мнозинското население е македонско. Кандидатот на Алијсанса за Албанците и БЕСА, Блерим Река, кој не влезе во вториот круг од претседателските избори, ги оцени изборите како фер, слободни и демократски, а нагласи дека нема доволна излезеност поради неажурираниот избирачки список кој брои околу 1,8 милиони гласачи иако, како што кажа, од земјава се иселени повеќе од 250.000 лица и реалниот број на гласачи е околу 1,5 милиони.–Резултатот на изборите ги надмина нашите очекувања. Во сите општини со доминантно албанско гласање победив со размер од 3:1, а освоив гласови и во сите општини каде има македонско мнозинство. Нема општина со македонско мнозинство гласачи каде што не добив гласови. Освоените гласови ја делегитимираат политиката на албанските партии кои се во власта и покажаа со кого и за кого е народот. Тоа најавува политичка пролет во Македонија која ќе се цементира во идните предвремени парламентарни избори, потенцира Река.Според првичните резултати објавени на веб страницата на ДИК од обработени 99,57 отсто од гласовите, води претседателскиот кандидат на СДСМ и Коалицијата Стево Пендаровски со 42,83 отсто.Втора е кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска Давкова со 42,25 отсто, а трет е кандидатот поддржан од Алијансата за Албанците и Беса, Блерим Река со освоени 10,58 отсто од гласовите.Изразено во гласови, од досега преброените за Пендаровски гласале 322,605 граѓани, за Силјановска-Давкова 318,247, а за Река 79,725 граѓани. Неважечки се 32,703 ливчиња

Македонија | пред 6 години

6 год.
IZBORI-GLASANJE-3

Охриѓани новиот градоначалник ќе го бираат на 5 мај во вториот круг од изборите

Официјалните податоци што ги објави Државната изборна комисија во врска со одржаните предвремени избори за градоначалник покажуваат дека охриѓани идниот градоначалник ќе го добијат во вториот круг од изборите закажан за 5 мај.Според податоците на ДИК, ниту еден од петтемина кандидати не ги има добиено потребните 50 отсто плус еден глас од излезените гласачи на изборите така што во вториот круг ќе одат двајцата кандидати со освоени најголем број гласови, а тоа се кандидатот на СДСМ Константин Георгиески и кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Митре Милошевски.Кандидатот на СДСМ Георгиески вчера ја добил поддршката на 13.037 граѓани, пред противкандидатот од ВМРО-ДПМНЕ со освоени 10.614 гласа.Од останатите кандидати Михаил Трендафилов Нанче од Граѓанско демократската унија доби 1.655 гласа, Стевче Стевоски од Демократи 1.003 и Џемал Мена од Движењето Беса 553 гласа.Инаку, излезеноста на изборите беше 53,84 отсто, односно вчера правото на глас го искористиле 26.862 од вкупно регистрираните 52.223 лица во Избирачкиот список. Она што е карактеристично за првиот круг од изборите за градоначалник се и 1.256 неважечки ливчиња односно 4,45 отсто.

Македонија | пред 6 години

6 год.
1-2-2

Пендаровски до гласачите на Река: Знаете што е исправно

Претседателските кандидат Стево Пендаровски, рече дека концептот „Општество за сите“ води во првиот круг и ќе победи во вториот.„Разликата меѓу мене и Силјановска е огромна. Имам посебна порака до гласачите на Блерим Река. јас знам дека вие знаете што е најдобро, за нас, за вас и за децата, наши и ваши, прогресивниот концепт напред мора да продолжи, минатото не е опција“, рече Пендаровски.

Македонија | пред 6 години

6 год.
58441344_821966658161211_5413146234623885312_o

Сиљановска со препорака: За вториот круг кажете им на роднините и колегите да гласаат

„Од сѐ срце ви благодарам за сета поддршка во првиот круг на изборите. Ве имаше во голем број во сите делови на земјата, од сите етнички и верски групи. Се обединивме поради потребата од право и правда, во знак на отпор кон неправдата и беззаконието.  И тука нема да запреме. Македонија се наоѓа на пресвртница: или ќе се избориме за демократија и владеење на правото или ќе попуштиме пред оние кои не избираат средства за присвојување на сета власт во авторитарна, Северна Македонија.  Македонија за која ние се бориме е демократска и со граѓани кои не се плашат да преземат одговорност за заедничката иднина“, пишува кандидатката за претседател, Гордана Сиљановска-Давкова.„Во наредниот период ни преостанува да зачекориме сложно. Обратете им се на вашите најблиски, роднини, пријатели или колеги кои можеби не сме успеале да ги убедиле да излезат и да гласаат вчера, тоа да го направат на 5-ти мај.  Да дадеме се од себе. И ние и вие. Јас верувам во вас и во Македонија. Победата на 5 мај ѝ ја должиме на Македонија. Тогаш победнички ќе запееме: „Денес над Македонија се раѓа ново сонце на слободата!“  И правда за Македонија! Татковината не повикува!“, додава таа.

Македонија | пред 6 години

6 год.
53245259_1681223482176943_4489936812415909888_n-1

Во Слупчане убиени две лица

Крвав настан ја потресе Македонија кога доцна синоќа во Слупчане биле пронајдени две безживотни тела.Во 22 часот и 40 минути, полицајци добиле повик дека во атарот на селото Слупчане, кај месноста „Слупчански бунар“, било забележано патничко моторно возило, марка „опел астра“, во кое било пукано од засега непзнат сторител.Во него имало две лица, а за жал Итната помош можела да констатира само смрт.Повеќе детали наскоро.

Македонија | пред 6 години

6 год.
siljanovska-pendarovski

ОФИЦИЈАЛНО: Сиљановска изгуби од Пендаровски во прв круг со над 4.300 гласови разлика

Иако до последна минута беше тесна разликата во гласови меѓу претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска, сепак, победа во првиот круг издвои кандидатот на СДСМ со 322.605 освоени гласови.Државната изборна комисија обработила 99,85 од гласовите, па според истите, кандидатот Стево Пендаровски добил 323.333, а за кандидатот Гордана Сиљановска-Давкова гласале 318.811 избирачи.Во текот на изборниот ден регистрирани се четири фотографирања на гласачки ливчиња, а сторителите се приведени. Гласач во Новаци, пак, под дејство на алкохол оштетил гласачка кутија, а во село Кучичино забележано е лице што делело пропаганден материјал во близина на гласачко место, соопшти министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.Според податоците од досегашните изборни процеси, неизбежен е впечатокот дека опаѓа одѕивот на македонските граѓани во првиот круг од претседателските избори.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Slika-Muhamed-25-02

Зекири по резултатите: Горчлива победа, време е за одговорност од функционери на СДСМ

По првиот изборен циклус и објавувањето на гласовите кои ги добија кандидатите, пратеникот Мухамед Зекири од СДСМ со свој став.“Горчлива победа. Резултатот поука за сите нас!!! Граѓаните знаат да наградат, а и да казнат. Посебна честитка до гласачите Албанци кои дадоа поддршка за Стево Пендаровски, како и за извонредниот резултат и поддршката што ја доби кандидатот Блерим Река! Граѓаните Албанци јасно демонстрираа дека е дојдено време од политичката сцена да се пензионира голем дел од политичката елита на Албанците во Република Северна Македонија!!! Време е и за одговорност и на дел од функционери од нашата СДСМ”, напиша Закири на социјалните мрежи. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
mitre-kosta

Избори Охрид: Георгиески има 1109 гласови повеќе од Милошевски по обработени 51 посто од гласовите

Од обработени 26.845 илјади гласови за градоначалник на Општина Охрид, во главната трка се кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Митре Милошевски и кандидатот на СДСМ, Константин Георгиески.Според податоците кои ги објави ДИК, Милошевски има 5.595 илјади гласови, а Константин Георгивски има 6.704 илјади гласови.Кандидатот Стевче Стевовски има 546 гласови, а Михаил Трендафилов 800 гласови. Најмалку гласови има Џелал Мена кој освоил само 215 гласови.Станува збор за првични резултати од обработени 51.40% од вкупните гласови.

Македонија | пред 6 години

6 год.
siljanovska-pendarovski-reka

ДИК: Пендаровски има 952 гласови повеќе од Сиљановска, обработени се 96,92%

„Денешниот изборен ден, од обработени 96,92% од податоците, гласале 41,92% од гласачите, кандидатот Гордана Сиљановска-Давкова добила 309.799 гласови, а кандидатот Стево Пендаровски 310.751 глас. Со ова можам да заклучам дека денешниот изборен ден помина во една добра и мирна атмосфера, немаше посериозни забелешки од набљудувачите и учесниците во кампањата. Сметам дека ја постигнавме целта, а тоа е спроведување на чист, фер и коректен изборен ден“, рече претседателот на ДИК, Оливер Дерковски.  

Македонија | пред 6 години

6 год.
mickoski

Мицкоски: Неопходен е втор круг и најважно, ја победивме хотел-коалицијата

Победивме! Победивме и тоа е победа на сите вас, на сите вас што ја поддржавте професорката Гордана Силјановска Дафкова , порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прес конференцијата.„Почитувани граѓани, победивме. Победивме и тоа е победа на сите вас што сте овде и сите оние што денеска ја поддржавте Сиљаноска и идните градоначалници во Охрид и Ново Село. Ги победивме сите оние остатоци од транзицијата и сите неуспешни криминални политики чиешто олицетворение е Зоран Заев. Неопходен е втор круг, и најважно, ја победивме хотел-коалицијата. Доаѓа правдата за Македонија, за која добивме сила, правдата што му е насушно потребна на нашиот народ. Заев донесе криминал и корупција. Победата е голема бидејќи е на народот. Од Цветници Македонија има нова реалност. Оваа победа е голема затоа што е на народот, од денес Македонија има нова реалност. Македонија горда, честита. Победи коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со народот. Власта е делигитимрана. Народот против целата власт, власта е делегитимирана. Почна падот на Зоран Заев. Ајде да ги поразиме, потенцираше Мицкоски.

пред 6 години

6 год.
siljanovska

Силјановска: Опозицијта успеала да им предочи на граѓаните, дека во отсуство на правда може да си раскажуваме приказни

Пресс конференција во ВМРО ДПМНЕ. Свои обраќања имаа кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова и претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски.„Дозволете ми уште еднаш да се заблагодарам ан ВМРО ДПМНЕ и на членовите на коалицијата „За Подобра Македонија“, за отворената врата за некој однадвор како мене, а на овие гласови би сакала да им се заблагодарам на граѓаните кои длабоко се разочарале од власта и гласале за мене, на оние кои за прв пат гласале и гласале за мене. Знам дека допрва следи битката, но мислам дека ако ние добивме олкав број на гласови, и ако на тие ги додаме оние на Блерим Река, прикаската е јасна. И двајцата зборувавме за владеење на правото, борба против корупцијата. И само со таква приказна можеме да зачекориме во ЕУ. Нашите тези се на линија на излитената парола Нема правда, нема мир, зашто правда во Македонија нема. Крајот се насетува, јас немам што да изгубам, моите тези се јасни, рече Силјановска. За некој како мене кој во цалата кампања укажуваше на неодржливоста на ситем потонат во корупција на криминал и непотизам, тоа е најважно, значи опозицијта успеала не само да им предочи туку и да ги убедите граѓаните, дека во отсуство на права и правда може само да си раскажуваме приказни дека можеме да добиеме преговори, истакна Силјановска.Таа додаде:На ова земја и треба нов профил на политичари и политичка култура демократска, нов профил на лидертсво, кој не измислува и не лаже.Ако ние освоивме олку гласови и ако на нив ги додадеме гласовите приказната е јасна и демократска. Европска и само со таква приказна можеме да добиеме можност на преговори и да зачекориме во ЕУ. Се е врзано за владеењето на правото. Живот во Македонија може да има само со правна правна држава, истакна во дел од своето обраќање Гордана Силјановска Давкова. 

пред 6 години

6 год.
kiracoski

(ВИДЕО) Кирацовски: Пендаровски води - очекувана е победата во првиот круг

На пребројани повеќе од половина од гласачките места, Стево Пендаровски е во водство пред противкандидатите. Очекувана е победата на Пендаровски во првиот круг, истакна Александар Кирацовски, генерален секретар на СДСМ и шеф на изборниот штаб.Предноста на Стево, кандидатот поддржан од сите етнички заедници, ќе значи сигурна победа во вториот изборен круг, во фер и демократска атмосфера.Во вториот круг, очекуваме граѓаните уште посилно да го поддржат напредокот и концептот што води напред.Нема да набројувам во кои населени места води Стево Пендаровски. Ова се избори за претседател на државата, на сите граѓани.Ова не се локални избори. ВМРО-ДПМНЕ бадијала се храбрат.Јасно е дека губат во првиот и дека ќе загубат и во вториот изборен круг. Нашата Македонија ќе добие вистински претседател на сите граѓани, Стево Пендаровски ќе биде идниот претседател на државата, истакна Александар Кирацовски, генерален секретар на СДСМ и шеф на изборниот штаб. ?t=267

пред 6 години

6 год.
zelenski

Kомичар Володимир Зеленски победи на претседателските избори во Украина

Актерот и комичар Володимир Зеленски победи на претседателските избори во Украина, јавува „Асошиејтед прес“ повикувајќи се на излезна анкета што ја спроведоа Киевскиот институт за социологија и Центарот за испитување на јавното мислење Разумков.Според анкетите, Зеленски добил повеќе од 70 % поддршка. Тој доминираше во првиот круг на гласање пред три недели, кога беа 39 кандидати на избирачкиот список.Досегашниот претседател Порошенко го призна поразот и му честиташе на победникот. Во говорот пред своите приврзаници тој рече дека ќе се повлече од сите функции, но потенцираше дека нема да се повлече сосема од политиката: „Ќе останам во политиката и ќе се борам за Украина“, рече 53-годишниот Порошенко.41-годишниот Зеленски е популарен по неговата улога во сатиричната драма наречена „Слуга на народот“ во кој неговиот лик случајно станува украински претседател.Неговата политичка партија го носи истото име како и во серијата. 

Свет | пред 6 години

6 год.
Janusev

Јанушев: Правдата доаѓа, готови се - ВМРО ја победува власта

Секретарот на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев во 21 часот на првата прес-конференција објави голема победа на ВМРО-ДПМНЕ и нивниот кандидат Гордана Силјановска Давкова.Правдата доаѓа, готови се. ВМРО-ДПМНЕ победува, народот победува. Силјановска е изборот на народот. Гордана ќе биде! Првадата доаѓа. ВМРО ја победува власта. Водиме против кандидатот поддржан од СДСМ, ДУИ, ДПА, ЛДП, НСДП, целата власт. Против народот не се може, рече Јанушев.Од 43% од обработените гласови Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ водат во голем број избирачки места и општини: Битола, Велес, Кавадарци, Кичево, Кочани, Неготино, Охрид, Прилеп, Пробиштип, Свети Николе, Штип, Аердром, Бутел, Гази Баба, Кисела Вода.Од обработените податоци веќе победивме во Пехчево, Јегуновце, Градско, Вевчани, Могила, Илинден, Лозово, Радовиш, Ѓорче Петров, рече Јанушев.

пред 6 години

6 год.
solza-770x444

Грчева на ФБ: Прв пат ми се случува да ми ѕвонат на врата и прашаат: дали го исполнивте вашето граѓанско право на глас?

Солза Грчева на социјалната мрежа фејсбук напиша:Прв пат ми се случува една групација да ми ѕвони на врата со прашање: дали го исполнивте вашето граѓанско право на глас? Ова беше точно во 16:25 часот.Да, го исполнив моето право да не гласам. И уште повеќе, го искористив и моето право да направам генералка. И да направам убав ручек. Маж ми среќен!

Македонија | пред 6 години

6 год.
IZBORI-GLASANJE2

Кои изборни неправилности се пријавени во МВР?

Во текот на денешниот изборен ден (21.04.2109), до 19 часот, регистрирани се четири случаи со фотографирање на гласачко ливче.Во 09.05 часот, на гласачко место во градинката „Лале- Срничка“ во општина Аеродром- Скопје, претседателот на избирачкиот одбор го забележал Р.Ѓ.(36) од Скопје како со мобилен телефон го фотографирал гласачкото ливче. Р.Ѓ. е приведен и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Во 11,40 часот, на гласачко место број 1515 во село Обршани,општина Кривогаштани, К.П. (42) од село Обршани, со мобилен телефон го фотографирал гласачкото ливче и од страна на полициски службеници се преземаат мерки за расчистување и на овој случај. Во 16,05 часот пријавено е дека на Избирачко место број 1969, лоцирано во ЈКП Тетово, .В.П (36) од Тетово, откако гласал го фотографирал гласачкото ливче, а четвртиот случај е во с. Тромеѓа, кумановско, каде на гласачко место број 1080 во 16.49 часот, од страна на Избирачки одбор е побарано интервенција од полициски службеник, поради фотографирано гласачко ливче од М.Д. . М.Д е приведен во полициска станица лицето М.Д е приведен во полициска станица ,изготвен е Записник за констатиран прекршок по чл 190 ст 2 од Изборен Законик.Во 17.50 часот во с. Добрушево , Новаци на гласачко место 0219 пријавено е дека лицето Т.С(40) во видно алкохолизирана состојба по чинот на гласање , во обид да го стави ливчето во кутијата ја турнал гласачката кутија при што кутијата паднала на земја и се оштетила рачката од едната страна. Избирачкиот одбор едногласно одлучил дека изборниот процес може да продолжи без прекин, бидејќи процениле дека гласачкиот материјал не излегол од гласачката кутија. Лицето е приведено во СВР Битола и се преземаат мерки за расчистување на настанот.Околу 13 часот, телефонски е пријавено дека лице од село Кучичино, општина Чешиново- Кочани, кој што имал продавница во близина на гласачките места број 0880 и 0881, наводно вршел агитирање во својата продавница, односно делел пакети со продукти и пропаганден материјал. На лице место излезено е од страна на инспектори од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани и утврдено е дека станува збор за лицето С.С (53) од с.Кучичино општина Чешиново-Облешево кој во службениот разговор со инспекторите изјавил дека на три лица со престојувалиште од општина Штип им дал рекламен материјал со еден од кандидатите за претседател. Од страна на Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани ќе биде доставено писмено известување до Основното Јавно обвинителство Кочани.Пријавени се и 11 случаи на агитирање, од кои за осум е веќе утврдено дека се непотврдени, а за три се преземаат мерки за проверка. За евентуалните дополнително пријавени случаи МВР ќе информира во текот на утрешниот ден.

пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања