Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
Programa

Во предизборната програма на Георгиески, проекти за реконструкција на локални патишта

Постојано работиме на проекти за намалување на разликите помеѓу градските и селските  средини и нашата цел е да обезбедиме инфраструктура за сите. Градиме одговорно,  квалитетно и домаќински, за секој граѓанин да добие решение кое ќе му го подобри животот во неговата околина, се вели во дел од Предизборната програма на Д-р Константин Георгиески, Кандидат за градоначалник на Охрид од редовите на СДСМ и коалицијата..Во изминатиот период реализиравме голем број проекти во руралните подрачја на нашата општина. Асфалтирани се неколку улични краци селата Лескоец,  Велгошти, Љубаништа и Коњско. Извршена е реконструкција на пристапни патеки и тротоари во селата Косел, Пештани и Горно Лакочереј, а беше извршена и реконструкција на патниот правец Косел-Вапила.Во наредниот период ќе бидат реализирани и низа активности за уредување и реконструкција на неколку локални патишта во селските средини на општина Охрид.Планирана е изградба на патен правец во село Велгошти до црквата Св.Никола и Реконструкција на локалниот пат од село Вапила до село Расино во должина од 3300 метри. За овие два патни правци веќе се изработуваат основни проекти. Исто така во тек е изработка и на основен проект за Изградба на патен правец од село Лакочереј до село Лескоец.Во рамки на Годишната програма за изградба и реконструкција на локални патишта и улици планирана е Изградба на локален пат од село Свиништа до црквата Св.Богородица во должина од 1050 метри; Реконструкција на локалниот пат за село Куратица во должина од 5.500 метри; Изградба на дел од локален пат за село Плаќе; Реконструкција на патните правци за селата Завој и Свиништа и Реконструкција на локален пат од Регоналниот патен правец Охрид-Св Наум до автокампот Љубаништа во должина од 990 метри.Посветени сме на барањата на граѓаните за континуирано подобрување на условите за  живеење. Ветуваме реални и остварливи проекти, а охриѓани знаат да ги препознаат вистинските вредности. Ја очекуваме Вашата поддршка и во вториот Изборен круг на 5-ти мај! Само заедно можеме да го направиме Охрид подобро и посакувано место за живеење!Заедно Напред, За Охрид! Заедно за уште една голема победа, се вели во дел од Предизборната програма на Д-р Константин Георгиески.

Македонија | пред 6 години

6 год.
lisici

Агресивен и пијан Вевчанец, приведен во Струга

На 23.04.2019 година во 01.40 часот, на улицата „Велко Влаховиќ“ во Струга, нарушен е јавниот ред и мир со викање и непристојно однесување од страна на Д.Б.(32) од Вевчани.Тој, во видно алкохолизирана состојба, на висок тон и агресивно однесување, ги вознемирувал станарите. Д.Б. е приведен во полициската станица и против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

На брегот на Дебарското езеро пронајдена стара рачна бомба

На дваесет и втори април оваа година во 13 часот и 35 минути, на брегот на Дебарското езеро во месноста „Венец“, случаен минувач забележал стара   експлозивна направа-рачна бомба.Подрачјето   е обезбедено од полициски службеници се до 18 часот, кога овластено службено   лице   од   ДЗС,   извршил   безбедно   подигнување.   Тој констатирал   дека   се   работи  за   рачна   бомба     од   италијанско производство која потекнувала од II Светска војна  

Македонија | пред 6 години

6 год.
clipboard01-620x350-1

Мицкоски на ФБ: Не е до чистката, туку до тој што треба да исчисти, името му е Зоран Заев

Не е до чистката, туку проблемот е до тој што треба да исчисти, името му е Зоран Заев. Зашто ветувањата за 500 евра плата не ги даваше некој друг, туку токму тој Зоран Заев. Ветувањето за живот во Македонија, за повеќе пари за земјоделците, за 100 000 денари плата за лекарите, за правда и мир не ги даваше друг, туку тоа беше Зоран Заев, напиша на својот фејсбук профил, лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христија Мицкоски.Ветувањето дека нема да чепка во Уставот, дека името му е жицата од гитарата, и никој да не му ја чепка, беа зборови на Заев.Ветувањето дека ќе расчисти со двајца министри осомничени за корупција во неговата влада уште пред две години, не ги даде некој друг туку токму Зоран Заев. Нема резултати.Тој ги изневери и излажа граѓаните. Ја донесе апатијата и разочараноста во државата.  Ставот дека сите други погрешиле, но само тој е чист, е потценување на граѓаните.Затоа на 5 мај мора да добие лекција која очигледно не ја научи оваа Недела.Време е народот да му одржи лекција, време е да се каже доста е на лагите. Нема повеќе.Време е за правда, за Македонија, додаде Мицкоски. 

пред 6 години

6 год.
Putin-Kim-Jong-Un

Ќе се сретнат Ким Џонг Ун и Путин – местото и датумот во строга тајност

Официјалната свернокорејска новиснка агенција потврди дека рускиот пртеседател Владимир Путин го поканил Ким Џонг Ун иако не соопшти детали за датумот и местото на средбата меѓу двајцата лидери.Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков вчера соопшти дека Путин и Ким ќе се сретнат „до крајот на месецов“, додавајќи дека не може да го каже точниот датум на средбата.Тој нагласи дека подготовките за состанокот се во завршна фаза, истакнувајќи дека повеќе не може да даде никакви информации. 

Свет | пред 6 години

6 год.
stop-policija

Во Скопје фатени 10 возачи без возачка дозвола

Во текот на изминатиот ден (22.04.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 18 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.Од сообраќај се исклучени 10 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило. Исто така, исклучени од сообраќај се и 14 возила бидејќи 11 биле нерегистрирани, едно возило било технички неисправно и две возила поради претовар.Санкционирани се шест возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, еден возач поради недавање првенство на минување на пешаци, двајца поради неправилно престигнување, четири возачи на моторцикли поради неносење заштитен шлем, пет возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 11 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците санкционирани е еден пешак поради поминување коловоз вон пешачки премин.Во текот на изминатиот ден издадени се 86 мандатни платни налози и 59 возила се подигнати со специјално возило „пајак. Изминатиот ден се случиле осум сообраќајни незгоди во кои седум лица се здобиле со телесни повреди.

Скопје | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Две пријави од граѓани за каснување од куче во Центар

На 22.04.2019 година во 13,30 часот во Полициската станица Центар Т.М.(58) од Скопје, пријавил дека истиот ден околу 11,30 часот на Плоштад Македонија бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.На 22.04.2019 година во 15,45 часот во Полициската станица Центар Ј.Д.(21) од Скопје, пријавила дека на улица “Црвена Скопска општина“ била касната од куче скитник во пределот на десната нога.

Скопје | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Сообраќајна незгода помеѓу моторцикл и “Рено, повредени две лица

На 22.04.2019 година околу 15,30 часот било пријавено дека на регионалниот пат Пекланска река-Бигла се случила сообраќајна незгода помеѓу моторцикл “Кавасаки“ управуван од Д.Г.(27) од Виница и патничко моторно возило “Рено“ со делчевски регистерски таблици управувано од Г.С.(48) од с.Драмче-Делчево. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на моторциклот кој со возило на Итна медицинска помош - Виница бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје, а со телесни повреди се здобила Ј.П. од Делчево сопатник во возилото.Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Виница и се работи на целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Преку ФБ ширел расистички и ксенофобичен материјал

На 22.04.2018 СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.Ј. (43) од с.Пелинце, о.Старо Нагоричане поради сомнение дека сторил кривично дело „Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ член 394-г ст.1 од КЗ на РСМ. Делото го сторил на 21.04.2019 преку социјалната мрежа Фејсбук.

Македонија | пред 6 години

6 год.
sudenje-4

(ВИДЕО) 19 години затвор за убијците на Никола Саздовски-Саздо

Обвинетите Бесир Беља и Скендер Демири добија 19 години затвор за убиството на Никола Саздовски. Третото лице кое е обвинето е во бегство и е недостапно за органите на прогонот.„Казната ќе се издржи, тие ќе се вратат кај своите семејства. Местото на Никола во неговото семејство ќе остане празно. Последиците се ненадоместливи“, рече судијката при изрекувањето на казната. Тие се прогласени за виновни оти на свиреп начин го убиле Никола Саздовски-Саздо. Тројцата обвинети го бутнале на земја, а потоа го мавале во пределот на главата.https://www.facebook.com/skopje1mk/videos/2240567676262878/Основното јавно обвинителство за смртта на младиот Никола Саздовски – Саздо тројцата осомничени лица ги гони за кривично дело „убиство на свиреп начин“, дело кое пред преквалификацијата се водеше како „насилство“.Ваквата одлука ОЈО, ја образложи со тоа што во текот на истражната постапка биле обезбедени вербални и материјални докази, односно биле испитани повеќе сведоци, бил прибавен обдукцискиот протокол од Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија, а особено по изготвеното судско-медицинско вештачење извршено по наредба на јавен обвинител од страна на истиот институт.Од здобиените повреди, Саздовски на 9 јули 2018 година почина на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
taravari

Таравари: Кирацовски греши кога мисли дека гласовите на Река ќе одат кај СДСМ

Кирацовски греши кога мисли дека по дифолт гласовите на Блерим Река ќе одат повеќе за СДСМ, рече градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, во вчерашната дебата на ТВ24, реплицирајќи му на генералниот секретар на СДСМ.Како што рече Таравари, причина за непријателството меѓу Алијанса за Албанците и СДСМ е тоа што владејачката партија неколку пати му ги одземаше ингеренциите во Општина Гостивар.-И за време на референдумот ми беше тешко во Гостивар да кажам дека Пендаровски ги заслужува гласовите. Два пати ми ги одземаа ингеренциите, буџетот два пати не ми го гласаат, на програми за вработување не можам ни да помислам, секој ден ми праќаат финансиска полиција како дрога да произвоедуваме во Општината. Го прашав Села дали Груевски постапувал така за време на неговото владеење, а тој ми вели „не до тој степен, и тогаш имаше притисоци, ама не вака“ – рече Таравари додавајќи дека во вториот круг од претседателските избори во 2014 година гласал за Пендаровски, иако ДУИ инсистирале кај албанските граѓани да не се гласа.Според Таравари во вториот круг од овие избори ќе биде тешко да се постигне цензус.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Mitko-Cavkov

(ФОТО) Документот кој е доказ дали Чавков има имот на Халкидики

Република го обезбеди документот што го доставил адвокатот на осудениот поранешен директор на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) Митко Чавков, Сашко Дуковски, до судот, а со кој се потврдува дека Чавков не поседува „ни вила, ни гулабарник, ни трло“ во Халкидики.Дуковски денеска достави извод од катастарот на Халкидики. Со него се потврдува дека Чавков не поседува имот на грчкиот полуостров, што беше една од основите за определување на оваа мерка.Тој додаде дека за неговиот клиент, кој беше неправосилно осуден на 18 години затвор, постојат две мерки за обезбедување, одземен пасош и обврска за јавување во судот, а понудена е и висока активна правосилна гаранција од 600 илјади евра во недвижен имот.Дуковски е сигурен дека судот ќе ја одбие жалбата на Чавков, но нагласи дека предметот ќе заврши во меѓународниот суд за човекови права во Стразбур.Одлуката ќе биде соопштена дополнително.

Македонија | пред 6 години

6 год.
1-4

Гостиварец почина во авион на Виз Ер

Утрово од страна на екипажот на Виз Ер било пријавено дека во авион кој сообраќал на релација Базел – Скопје имало лице кое не давало знаци на живот.Според информациите во полицискиот билтен во 00,27 часот на Граничниот премин „Меѓународен aеродром-Скопје“ пристигнал воздухоплов што сообраќал на релација Базел-Скопје и било пријавено дека во него имало лице кое не дава знаци на живот.Во 00,50 часот од страна на лекар констатирана била смрт без траги на насилство кај К.К.(74) од Гостивар.По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството.

Македонија | пред 6 години

6 год.
mila-2

Малата Мила Димоска, итно треба да оди на операција во Кина – да помогнеме

Малата Мила Димоска има потреба од помош за лекување на оштетувањето (дистрофија) на мозокот. На ќерка ми и е потребна трета операција во Кина што е можно поскоро. Ве молам кој колку е во можност да ни помогне. Однапред Ви благодарам. Ве молам споделете го постов.ТЕЛЕФОНИ ЗА ДОНАЦИИVIP 143 123 TELEKOM 070 143 143ДОНАЦИСКА СМЕТКАМИЛА ДИМОСКА530500021204351OHRIDSKA BANKAЗА ДОНАЦИИ ОД СТРАНСТВОMILA DIMOSKAstr.Bogomilska 53, 6000 Ohrid, MacedoniaOHRIDSKA BANKA A.D. SkopjeIBAN CODE: MK07530280005506949SWIFT: OHRDMK22 

пред 6 години

6 год.
mila-2

Малата Мила Димоска, итно треба да оди на операција во Кина – да помогнеме

Малата Мила Димоска има потреба од помош за лекување на оштетувањето (дистрофија) на мозокот.– Драги хумани луѓе. на нашата ќерка и` е потребна трета операција во Кина, што е можно поскоро. Ве молам кој колку е во можност да ни помогне. Однапред Ви благодариме, апелираат родителите на Мила.Малата Мила треба итно да се оперира во Кина, па сите хумани луѓе кои сакаат да помогнат, истото можат да го направат со вртење на телефоните: VIP 143123 и TELEKOM 070 143 143.Сметка за донации:Мила Димоска, ул. „Богомилска“ бр. 53, 6000 ОхридОхридска Банка – АД Скопје – 530500021204351матичен број: 2112016455202IBAN CODE: МК07530280005506949SWIFT: OHRIDMK22

Македонија | пред 6 години

6 год.
vmro_dpmne

ВМРО ДПМНЕ: ВМРО-ДПМНЕ е победник на овие избори, поразена е коалицијата на власт со над триесетина партии

Гордана Сиљановска Давкова победи во 47 општини во Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ е победник на овие избори, поразена е коалицијата на власт предводена од СДСМ и ДУИ, во која има над триесетина партии, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Граѓаните им кажаа не на криминалот, корупцијата и непотизмот. Граѓаните гласаа за право и правдина.Пендаровски изгуби затоа што е ист како Зоран Заев. Пендаровски не нуди ништо ново за државата, напротив нуди стагнација.Граѓаните на овие избори покажаа дека не се плашат на заканите и притисоците од власта. Граѓаните покажаа храброст и желба за подобра иднина.Со Пендаровски Македонија само ќе тоне, исто како што тоне во изминативе две години.Ги повикуваме граѓаните во вториот круг да му го зададат финалниот удар на СДСМ и да излезат со голема поддршка за Силјановска.Победа на Сиљановска значи почеток на крајот СДСМ.За право и правдина, за подобра иднина, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
tirana-grabez

Уапсени четири лица за филмскиот грабеж во Тирана -парите сеуште не се пронајдени

Албанската полиција соопшти дека уапсила четворица осомничени за грабежот на пет милиони евра на меѓународниот аеродром во Тирана.Уапсените се на возраст од 25 до 38 години. Тројца од нив се од Елбасан, додека четвртиот е од градот Круја. Петтиот учесник во „грабежот на векот“, Адмир Муратај беше убиен кусо по настанот во престрелка со полицијата.Во полициската акција се одземени материјали како доказ, но засега нема трага од украдените пари, кои според медиумите, изнесуваат од пет до 10 милиони евра и им припаѓаат на три банки во Тирана.Претходно овој месец сторителите ги украле парите кога биле натоварени во авионот на австриска авиокомпанија, објави „Танјуг“. Еден од ограбувачите беше убиен во престрелка со огнено оружје со полицијата, а парите сè уште не се пронајдени.

Свет | пред 6 години

6 год.
mickoski

Мицкоски: Не е до чистката, туку проблемот е до тој што треба да исчисти

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил ја искоментира изјавата на премиерот Зоран Заев дека по претседателските избори ќе следи чистка на функционерите од извршната и локалната власт.„Не е до чистката, туку проблемот е до тој што треба да исчисти, името му е Зоран Заев.Зашто ветувањата за 500 евра плата не ги даваше некој друг, туку токму тој Зоран Заев.Ветувањето за живот во Македонија, за повеќе пари за земјоделците, за 100 000 денари плата за лекарите, за правда и мир не ги даваше друг, туку тоа беше Зоран Заев.Ветувањето дека нема да чепка во Уставот, дека името му е жицата од гитарата, и никој да не му ја чепка, беа зборови на Заев.Ветувањето дека ќе расчисти со двајца министри осомничени за корупција во неговата влада уште пред две години, не ги даде некој друг туку токму Зоран Заев. Нема резултати.Тој ги изневери и излажа граѓаните. Ја донесе апатијата и разочараноста во државата.Ставот дека сите други погрешиле, но само тој е чист, е потценување на граѓаните.Затоа на 5 мај мора да добие лекција која очигледно не ја научи оваа Недела.Време е народот да му одржи лекција, време е да се каже доста е на лагите. Нема повеќе.Време е за правда, за Македонија!“, напиша Мицкоски.

Коментари | пред 6 години

6 год.
vlada-slika

Владата ќе ја одржи својата 131 редовна седница

Владата на Република Македонија денеска ќе ја одржи својата редовна 131 седница со повеќе точки на дневен ред од програмата за работа и од интерес на граѓаните.На оваа седница Владата на РМ ќе ја разгледа Информацијата за одржаниот состанок на Надзорниот одбор за супервизија и следење на напредокот во имплементацијата на Е-112 во Република Македонија и формираната Меѓуресорска работна група (оперативен тим) за преземање активности за реализација и имплементација на Системот за итни повици Е-112 во Република Македонија, што ќе ја презентира Центарот за управување со кризи.На предлог на Министерството за економија, на седницата ќе биде разгледана и Информацијата за склучување на Меморандум за соработка помеѓу Министерство за економија на Република Македонија и Министерство за трговија и индустрија на Република Косово во врска со контролата на стратешки стоки.Владата на Република Македонија на седницата ќе биде запознаена и со Информацијата за напредокот на имплементирање на Стратегискиот одбранбен преглед за 2018, како и за работењето на Економско – социјалниот совет во 2018 година, што за оваа седница го предлага Министерството за труд и социјална политика.Денеска владата ќе се произнесе по Предлог - решението за формирање на Kомисија за спроведување на постапката за доделување на Договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за изградба на нов систем за дистрибуција на природен гас на територијата на Република Македонија.Владата треба да донесе мислење и за Годишниот извештај за работата на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер од 1 јануари до 31 декември 2018 година, како и за Извештајот за работата на Агенцијата за вработување на Република Македонија за минатата година.На денешната седница на предлог на Секретаријатот за европски прашања ќе биде разгледана информацијата за организацијата на настан по повод одбележувањето на 9 мај - Денот на Европа. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
zaev-miting-1-696x380

Заев: Ни требаат сите гласови од Река

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев на вечерашниот митинг во Општина Карпош изјави дека на Пендаровски му се потребни гласовите од претседателскиот кандидат Блерим Река, кој испадна во првиот круг од претседателските избори.– Ни требаат гласовите од Река, да ни требаат сите. Ги покануваме да ни се придружат на концептот на единство. Да се придружиме сите на концептот што не носи рамо до рамо со современиот европски свет, нагласи Заев.Истакна оти, народот знае дека допрва доаѓаат благодетите, наведувајќи дека чекорат по вистинскиот пат.– Татковината повикува да излеземе сите заедно. Да гласаме за број три, рече лидерот на СДСМ на трибината во скопската Општина Карпош. 

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања