Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
ivanovska-696x392

Ивановска: Огласот за субвенции од Град Скопје беше популистички

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Билјана Ивановска во вечерашното интервју на телевизија 24 рече дека огласот за субвенции за велосипеди од Град Скопје, на некој начин, бил популистички.-Огласот беше на некој начин популистичка мерка. Онака како што беше објавен конкурсот беше дека исплата ќе се врши прв дојден, прв услужен. Не се објаснува кога ќе биде исплата, дали после изборите, кога ќе почне пријавувањето.. Не беше јасно дефинирано. Ова не е во согласност со добро владеење. Ако сакате добро да владеете нема да ставете поплустички мерки кои можат да значат дека купувате гласови. Иако оваа мерка не е нова, но начинот на кој е формулирана ни остави впечаток дека исплатата може да биде и пред изборите, рече Ивановска.

Македонија | пред 6 години

6 год.
reka

Река до Албанците: Покажете дека не сте само гласачи, туку и гласани

Кандидатот за претседател, Блерим Река на вечарашната средба со жителите на велешкото село Јаблочиште истакна дека Републиката не ја признава дозираната демократија за „статистички нации”, на кои им се дозволуваат толку права во зависност од тоа колку проценти се.-Не дозволувајте да ве убедат дека дури и по 30 години не треба да гласате за себе. На 21-ви април бидете свои. Не дозволувајте со вашиот глас да ја протерате и последната идеалистичка младина. Сведочете дека не го прифаќате концептот на статистичка нација. Покажете дека не сте само гласачи туку и гласани, рече Река. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Трајче Заев, Катерина Заева и Бобан Заев ќе произведуваат марихуана во Македонија

Лиценца да водат бизнис со канабис за медицински цели добија 15 компании, а постапката на избор траела шест месеци.Ова се фирмите кои ги добија:Каба Хербал во Кочани, Оаза алкалоиди во Карбинци, Медицал 420 во Битола, 5 летерс во Ресен, Мам во Свети Николе, АЦПВ во Гостивар, Фарма Медика Канабис во Валандово, Ф&M 2017 во Гостивар, Фармаролли во Скопје, Греен лифе во Валандово, Канабис про во Струмица, Т.Х.Ц. Куалити гроуп во Росоман, Хелтх медикал солутионс во Гевгелија, Бул-Билдинг во Струмица и РСБ солутионс во Карбинци.Во две од нив главниот збор го имаат братучедите на премиерот, а во една, пак, Стивен Џерард, пишува Пресинг ТВ.Мам во Свети НиколеОваа компанија е основана во 2011 година, со дејност за одгледување на зеленчук, а како прв сопственик е запишан Зоран Додевски и трговското друштво Фитохемија. Но откако добива дозвола за одгледување на канабис, во сопствеништвото на компанијата влегува и словенечката Фрејхер со седиште во Љубљана.Подоцна, во сопствеништвото влегува и струмичката компанија Еленица, а управители се Трајче Заев, братучед на премиерот Зоран Заев и Словенецот Томаж Фрелих. Во март лани, во сопствеништвото влегуваат и компаниите Зора од Охрид и Урбан План Конструктион од Тетово.Фарма Медика КанабисФарма Медика Канабис одгледуваат канабис во Валандово. Како сопственици на компанијата се јавуваат братучедите на премиерот, Катерина Бојовиќ Заева, Бобан Заев и Трајче Заев.Фармаролли ќе одгледува марихуана во СкопскоФормирана е на 05.10.2017та година. Управител на компанијата е Стивен Џерард Маллој. А како сопственик се води компанијата со исто име „ФармаРолли Холдингс Б.В.“.Целиот текст на Пресинг ТВ

Македонија | пред 6 години

6 год.
monstrum

Седум години од масакрот кај Смилковско езеро

12.04.2012, Велики четврток, Смилковско езеро. На оваа дата и место, пред точно 7 години свирепо беа убиени Филип Славковски (18), Александар Наќевски (18), Цветанчо Ацевски (18) и Кире Тричковски (20) од Радишани и Борче Стевковски (45) од Црешево.На местото каде тогаш беа убиени, денес има изградено црква „Светите Четириесет Маченици- Младенци“ и два обелиска кои вечно ќе го означуваат споменот за сите петмина, но и ќе сведочат за масакрот кај Смилковско езеро.Обдукцијата врз убиените покажала дека во нив е пукано од три типа огнено оружје, за што се најдени и чаури од три различни типа муниција, што наведува дека имало повеќе од еден извршител на чинот.За петкратното убиство кај Смилковското езеро беше отворен предмет „Монструм“, а на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ и Езим и Хаки Азири и Сами Љута.Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.За судот се уште недостапни се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ по кои се распишани меѓународни потерници. Од Министерството за правда се уште чекаат одговор на барањето за нивна екстрадиција од Косово.Случајот го води судијата Огнен Ставрев и се наоѓа во доказна постапка.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Biljana-Ivanovska

Резултатите од истрагите за непотизам на власта ќе бидат објавени после изборите

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Билјана Ивановска во вечерашното интервју на телевизија 24 рече дека за сите сомнителни случаи за непотизам за членови на актуелна власт се отворени постапки, но дека од повеќе причини нема да стигнат резулатите од истрагите да ги објават пред изборите.-Сите тие случаи се отворени. И при крај сме со објавување на резултатите од истрагите. Сега не можам ништо да откријам, тоа ќе биде објавено на јавна седница. Нашата опсервација е насочена кон одговорното лице, а вработувањето е ефектот од непотизмот. Аршинот ни е ист за сите случаи. Изборите не не спречуваат, ни попречи тоа што моравме да држиме отворена седница за приговорите. Наредна недела јас сум на пат и од сите тие причини ќе мора да се одложи објавувањето на резултатите, не поради изборите, рече Ивановска.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Силјановска: Кршењето на Уставот и законите значи делегитимирање

Ги учам студентите дека изборите се начинот на кој се решава прашањето на легитимитетот или делегитимирањето. Тие се одамна веќе делегитимирани, оти кршењето на Уставот и законите значи делегитимирање, oва го истакна кандидатот за претседател на државата Гордана Сиљановска Давкова на митингот во Кисела Вода.Референдумот, промената на Кривичниот законик, одлуката за референдумот, Законот за амнестијата…се` се тоа акти на кршење на Уставот и законите. Она што го сторија, а немаа легитимитет за тоа, е промената на името. Единствената промена што ја направија директно не` засега сите нас. Болно, страшно. Се` што сме правеле во животот, се што сме читале, пишувале, сонувале било врзнао за Република Македонија, ќе додаде Сиљановска.„Никој нема право, односно нема мандат, ако на изборите, во изборната програма не го нотирал тоа дека ќе го прави, да го спроведува. Тоа е она што ние го велиме теорија на мандат, но тие ниту поим имаат од мандат. Тие се водат од начелото „фати го моментот“, земи се што ќе можеш, вработи ги своите, узурпирај ја економијата, стави го Уставот во џеб и се разбира биди покорен кон оние кои мислиш дека се посилни“, истакна Сиљановска.

Македонија | пред 6 години

6 год.
133474234-105843-207971

Денес прекин на сообраќајот на патот Кичево-Охрид

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.Екипите на ЈП Македонијапат ги расчистија снежните наноси и целосно е оспособен за сообраќај патниот правец Маврово - Галичник.Г.П. Илинден-Струга известува дека на 12.04.2019 од 11 до 15 часот ќе има прекини на сообраќајот во времетраење од 15 минути поради изведување на минерски работи на патниот правец Кичево-Охрид во делот помеѓу Пресека-Врбјани. На самото место ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.Друштвото Асфалт ДООЕЛ Скопје, известува дека поради изведување на градежни работи за изградба на електронски системи за наплата на наплатна станица Гевгелија во период од 18.03.2019 до 18.09.2019 на магистрален пат А1, делница Демир Капија – Гевгелијаи обратно, сообраќајот ке се одвива согласно oдобрението за времен режим.Од 08.04.2019 до 11.04.2019 се изведуваат градежни активности за поставување на индуктивни јамки на Автопатот А1, делница Миладиновци - Куманово(стара наплатна станица Романовце) за што има промена на режимот на сообраќај.Ве информираме дека автопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци не е пуштен за сообраќај. На автопатот се вршат проверки од безбедносен карактер. Апелираме до сите возачи да не го користат автопатот.Регионалниот пат Р-2332 патен правец Ресен – Охрид(Отешево - Трпејца, преку национален парк Галичица) од 15.11.2018 е затворен за сообраќај. Од охридската страна возилата со вкупна тежина до 3,5 тони можат да соообраќаат само до месноста “Kорита”.Се очекува да биде отворен на 01.05.2019 год.На 04.04.2019 година од 11:30 часот поради оштетување на мостот во с.Ваташа на регионалниот пат Кавадарци - с.Мрежичко воведена е забрана за ТМВ.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Oблачно со локален пороен дожд

Времето во земјава ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено попладне.Утринската температура ќе се движи од четири до 10 степени, а дневната температура од 12 до 21 Целзиусов степен.Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено попладне.Утринската температура ќе достигне до осум степени, а дневната температура до 20 степени.Продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во попладневните часови.

Македонија | пред 6 години

6 год.
auto_teuta-arifi_1507805030-34107451507806751

Теута Арифи во Тетово ќе организира велико-албански состанок

Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи преку Фејсбук најави дека Тетово ќе организира велико-албански состанок„Во петок 12.04.19 и сабота 13.04.19г. Тетово ќе биде домаќин на третиот состанок на Сојузот на албански општини во регионот!Трета средба на Тирана, Приштина, Тетово, Валона, Призрен, Улцињ, Прешево и Гостивар.Тема на дискусија ќе бидат најдобрите практики во општинското управување и проблемите и предизвиците со кои се соочуваат нашите општини!Трет состанок на албанските општини во регионот !Тетово, 12.04.19 и 13.04.19г., напиша Арифи на Фејсбук.

Македонија | пред 6 години

6 год.
IMG-d429bb62ea2728b455f4e5dca6a06f62-V

Филипче: Со Пендаровски заедно одиме напред, да изградиме европска и сигурна иднина за нашите деца

- Со идниот претседател Стево Пендаровски заедно да одиме напред, да изградиме европска и сигурна иднина за нашите млади, за нашите деца, порача попладнево членот на Централниот одбор, Венко Филипче на средбите со жителите од општина Дебарца.Филипче со жителите на Дебарца разговараше за претстојните претседателски избори, но и за позитивните промени и достигнувања во македонското здравство.- Изминатиов период, Владата на Република Северна Македонија предводена од СДСМ вложи многу во јавното здравство. Вработени се голем број на здравствени работници, зголемени се платите и коефициентите за исплата на дежурствата. А за првпат, приватните специјализанти земаат плата за својот труд во висина од просечна плата на општ лекар. Вложуваме напори преку одговорни политики да обезбедиме услови младите лекари да останат тука и тука да градат кариери како здравствени работници.- Треба да пролжиме заедно напред. На 21 април имаме вистинска можност да гласаме за вистински претседател, кој ќе биде претседател на сите граѓани. Стево Пендаровски ќе биде идниот претседател на нашата држава, потенцираше Филипче.

Македонија | пред 6 години

6 год.
mkd-416773

(ФОТО) Се заваруваат шахтите на плоштад за папата

Речиси еден месец пред доаѓањето на папата Франциско во Скопје властите почнаа да ги заваруваат шахтите на скопскиот плоштад, како дел од безбедносните мерки.– Се работи за пракса која се реализира секоја година од безбедносни причини поради одржувањето на „Скопскиот маратон“ и посетата на ВИП личности – велат од ЈП „Водовод и канализација“.Папата Франциско ќе дојде на 7 мај, а едно од местата на кое ќе престојува ќе биде централниот плоштад во Скопје.Папата ќе се сретне со претседателот Ѓорге Иванов и премиерот Зоран Заев, а ќе има и обраќање во Мозаик салата на претседателската палата.

Скопје | пред 6 години

6 год.
Screenshot_12

Таткото на Филип до Спасовски: Ветувањата дадени јавно нека стојат во место

Осумнаесетти ден чекаме правда. Надлежниве го стокмија ли сценариото, МВР, Обвинителство, почнавте ли со истрага или чекате Ѕвонко Цветковски да одобри? Оливер, ветувањата дадени јавно нека стојат во место..., напиша Гоце Филиповски, татко на полицаецот Филип Филиповски кој беше избоден во скопска дискотека.Таткото на Филип и претходно на Фејсбук  тврдеше дека синовите на Ѕвонко Цветковски го прободеле син му и шетале со џипови во неговото маало да се закануваат да не се дознае вистината.

Македонија | пред 6 години

6 год.
detska-klinika

Економскиот директор на детската клиника се разболе од морбили

И економскиот директор на детската клиника е на боледување затоа што се заразил со морбили.Покрај директорот Ридван Ибраими, уште три медицински сестри на клиниката исто така се разболеле од морбили, ни потврди директорката Катерина Ставриќ. Сите биле вакцинирани, но сега имаат морбили по допир со пациенти иако тоа не може со сигурност да се каже за економскиот директор кој пак работи само во финансискиот дел, јавува Телма.

Македонија | пред 6 години

6 год.
1-2-2

Пендаровски: Се доближуваме до првиот круг, машината е залетана и оди во петта брзина

Кандидатот за претседател од СДСМ и ДУИ, Стево Пендаровски вечерва одржува митинг во Кочани од каде порача дека првиот круг е се поблиску и „машината е залетана“.-Се доближуваме до првиот круг од изборите, машината е залетена иде во петта брзина и кога идеш во петта брзина не можеш да го заобиколиш Кочани, овој важен град. Од овде секогаш доаѓале добри вести за мене и мојата екипа. Една мала Македонија, едвај два милиони дали сме останати, седи на иста маса со големите сили во НАТО и таму ја прашуваат за нејзиното мислење. Нас ќе не прашаат за македонските прашања, но и за сите други проблеми затоа што сме рамноправни. Не постои ниту една земја во Европа која успеала сама да се развие, да има демократија, човекови права, стабилна економија, а без да биде во Европска унија. Особено мала држава со ограничени ресурси како Северна Македонија. Македонија покажува стапки на раст какви не сме имале години наназад. Ниту во најдобрите години на претходниот режим не можеа да обезбедат странски инвестиции колку сега, рече Пендаровски.

Македонија | пред 6 години

6 год.
51352852_777130685978142_866252714139451392_n

Сиљановска: СДСМ во 90-тите години ги изеде граѓаните и работниците и преку ноќ создаде олигархија

Претседателскиот кандидат поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, Годрана Сиљановска Давкова има митинг во општина Центар.„30 години сме закопани во транзицијата, никако да влеземе во демократска консолидација. Секоја приватизација е грабеж и првобитна акумулација на капиталот. Англиските економисти велат дека во 19 век, овците ги изеле луѓето во Англија. Во Македонија политичарите и менаџерите на оваа власт во 90-тите години ги изедоа граѓаните и работниците. Преку ноќ се создаде една олигархиска група која не знае што да направи со парите. Затоа е шокантно кога социјалдемократите се фалат со енормни богатства“, истакна Сиљановска.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Силјановска-Давкова: Марихуана во сред кампања

Марихуана во сред кампања, напиша кандидатката за претседател, професорката Гордана Силјановска Давкова на својот Фејсбук профил, откако Премиерот Зоран Заев објави кои 15 компании во земјава добиле лиценца за происводство на марихуана.-Вчера, некој ми кажа дека нашиот премиер објавил мошне важна вест на својот профил na фејсбук. Си реков, да не дошле конечно Гугл (Google) и Фејсбук (Facebook) во Македонија? Или можеби 15 нови млади старт-ап компании отвориле 15 нови работни мести за високо образовани инженери (не зборувам за старт-ап компаниите поддржани од Фондот за иновации кои на срамен начин парите наменети за креативците им ги дадоа на сдсмовската политичка, клептократска, и медиумска клика, туку за оние вистински млади јунаци коишто тука градат свои компании)? Се израдував и дека можеби 15 студенти регистрирале 15 патенти, потпомогнати од Владата или дека 15 земјоделци засадиле 15 нови лозја, изградиле 15 хипермодерни стакленици за патлиџани со највисока технологија или создале 15 нови сточни стада со нови раси. Си велам, да не 15 ученици или студенти од Македонија победиле на 15 светски натпревари по математика, физика, роботика, астрономија? Или, пак, 15 спортисти зеле златни медали на првенства и направиле 15-милионски трансфери во клучните светски клубови? Или 15 млади македонски писатели и поети завршиле на кусите листи за 15 клучни светски литературни награди? Но, не била за тоа објавата... Замислете, почитувани граѓани, нашиот премиер, сред кампања нашол време да објави кои 15 компании добиле лиценца за производство на марихуана. На што се сведе нашава Македонија? Наместо да објавуваме важни вести за развој на индустријата, за поддршка на старт-ап бизниси, за воскреснување и вознес на македонската култура, иновативност, спорт и уметност, ние имаме премиер за кого важна вест и досега единствен економски проект во двегодишното работење е давањето лиценца за производство на марихуана! - напиша Силјановска.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Slika-6

Мицкоски: Заев беше аболициран од Црвенковски и Јанева, денес зборува за аболиција

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска оствари средба со граѓаните во општина Илинден.Истиот тој Зоран Заев еднаш аболиран од Бранко Црвенковски, еднаш од Катица Јанева денеска зборува за аболиција. Замислете човекот којшто  е основоположник на аболицијата во Македонија, па има образ, наместо да излезе да се извини и побара прошка од граѓаните тој повторно го гледам на плоштадите ме напаѓа мене. Пола говор му е против мене и против политиките на ВМРО-ДПМНЕ, истакна претседателот Мицкоски од Илинден.Тој порача дека тоашто го прави СДСМ и Заев нема да ја однесе Македонија во Европа, затоашто во Европа треба да одат луѓе кои се честити политичари, луѓе коишто заедно  со честитиот народ, вреден народ одат кон Европа, a не луѓе кои со криминал го стекнале своето богатство и продолжуваат со несмалено темпо да прават криминал.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Mickoski-1-SREDBA-1012-Glavna-Slika

Мицкоски: Заев наместо да ја потпевнува Stranger in the night, нека ја научи Wind of change

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил објави статус поврзан со лагите на Заев.-И додека премиерот Заев вели дека блескаме во Светот, Светска банка го вели спротивното. Наспроти разубавената реалност која Владата ја продава преку владината машинерија, вистинската вистина говори дека Македонија се наоѓа на последното место во Европа по иднексот за глобален развој на Светска банка каде се разработува индексот за човечкиот капитал (HCI). Македонија е на 88-то место, позади Косово кое е на 80-та позиција, Црна Гора на 59, Босна и Херцеговина на 58, Албанија на 56, Бугарија на 44, Хрватска на 36-то место, а Србија е на 27-мо место. Веднаш до Македонија е Никарагва, Кенија, Панама и Таџикистан. А подобри од нашата земја се Шри Ланка, Еквадор и Оман. Со оваа анализа се мери колку земјите губат од економската продуктивност поради недоволното вложување во своите луѓе. Индексот на човечкиот капитал, покажува дека дете родено во Македонија денес ќе достигне 53 проценти од својот потенцијален човечки капитал кога ќе порасне, во споредба со она што би можело да го достигне доколку има квалитетно образование и биде потполно здраво.Македонија бележи пад од 21 место споредено со претпоследниот индекс за човечки капитал, што значи дека состојбата од година во година се влошува.Она што Заев го вели блескање, е всушност назадување.Македонија станува земја каде владата не вложува во иднината на своите граѓани, токму затоа има и иселување. А иселувањето создава и економски проблеми.Поразителни податоци и поразителна слика за Република Македонија.Ова за жал е вистинската реалност.Затоа наместо премиерот да си ја потпевнува на митинзи Stranger in the night, време е да ја научи Wind of change, а поради ова и се друго лошо што и приредија на Македонија оваа песна ќе му ја испее народот на 21 април и на 5 мај оваа година, стои во објавата на Фејсбук.

Коментари | пред 6 години

6 год.
42249302_10156813307629726_513535100550381568_n

Ирена Ристиќ со песна ја испрати Билјана Беличанец

Актерката и активистка Ирена Ристиќ се присети на дружењето со нејзината колешка Билјана Беличанец. Во објавата на својот Фејсбук профил, Ристиќ се сеќава на песната која Беличанец ја сакала, евергринот „Perfidia“ од американската пејачка и актерка Џули Лондон.„Mислите ми лутаат низ нашиот однос...Ми се укотвуваат во сликата како ја подготвуваш јамката...Биљано!"Ристич, дај, бе, ти знаеш англиски, песнава да ми ја напишеш...""Биљано, уште еднаш ли ме повлечеш така без осет, у публика ќе те фрлам...""Нешто да ме дигне и нешто да ме спушти...""Немам ни мајка, тетка ми ме роди...""Нема место за две мачки на кровот..."Хаос, хаос...А да речеше: "Ристич, ај, ма, кафе да пиеме!"Уствари, ко ќе ми текне, ме бараше... Да!Боже! Да се видевме... зафатена беше... бев...Можеби ќе врзев две паметни, може ќе ти ја залепев една, може... не знам, вака...Еве ја, песнава... на англиски! Пеј...Биљано!“, стои во објавата на Фејсбук.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Zaev

Заев: Не очекувам Иванов да ги помилува осудените за „27 април“, нема законска можност

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека не очекува Иванов да ги помилува осудените за случајот „27 април“, бидејќи не постои таква можност во законот.„Членот 11 од Законот за помилување не постои, тој е укинат и не може да се делува по него. Постапките се водат преку правда и тие може да стигнат до претседателот на РСМ, но не може да се водат за време на избори. Тие се забранети постапки, влијаат на изборниот процес затоа што влијаат на самите гласачи. Може да се водат откако ќе завршат претседателските избори. Тие завршуваат на 5 мај, официјалното завршување го прогласува ДИК согласно роковите за жалби и завршните извештаи, а мандатот на претседателот Иванов е до 12 мај, така што не очекувам никаква аболиција од негова страна. Како што слушам, пак, идниот претседател јавно вети дека нема да дава вакви аболиции затоа што не постои таква законска можност“, рече премиерот Заев

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања