Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
Нема фотографија

Посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците во централното подрачје на Град Скопје

Поради најавените настани во организација на политички партии утре и задутре (13 и 14.04.) Одделението на безбедност на сообраќајот при СВР-Скопје ќе воведе посебен сообраќаен режим за сообраќајници кои ќе бидат опфатени со настаните.Така на 13.04.(сабота) поради закажаниот митинг на политичката партија ВМРО- ДПМНЕ за 19.00 часот пред Влада на Р.С. Македонија, ќе се воведе посебен сообраќаен режим кој ќе започне од денеска (12.04.) од 19.00 часот се до 13.04. до 24.00 часот и ќе се однесува на затворање на дел од булеварот „Илинден“ на потегот од крстосницата со булеварот „Гоце Делчев“ до крстосницата со булеварот „Свети Климент Охридски“.Исто така, задутре, поради маршот организиран од политичката партија СДСМ, чиј што почеток е закажан за 12.30 часот, за сообраќај ќе бидат затворени улиците по кои што ќе се одвива настанот. И тоа, почнувајќи од Соборниот храм „Свети Климент Охридски“, потоа право по булеварот „Партизански одреди“, десно по улицата „Васил Главинов“, па лево по улицата „Димитрие Чуповски“, право до крстосницата помеѓу улицата „11-ти Октомври“ и булеварот„Кочо Рацин“.Потоа, од пред МТВ и МАНУ право по булеварот „Крсте Петков Мисирков“, право по булеварот „Кочо Рацин“ до крстосницата со улицата „11-ти Октомври“, како и од пред Транспортен центар право по булеварот „Кузман Јосифовски Питу“, лево по булеварот„Кочо Рацин“ до крстосница со улицата„11-ти Октомври“.Исто така, ќе биде затворена делницата од Тутунски комбинат право по улицата „11-ти Октомври“ до крстосницата со булеварот „Кочо Рацин“, како и од крстосницата помеѓу булеварот „Кочо Рацин“ и улицата „Беласица“ право по булеварот „Кочо Рацин“, десно по улицата „Свети Кирил и Методиј“ до седиштето на ЕУ, каде што во 14.00 часот ќе се одржи митинг.Покрај ова, од 13.04. од 14.00 часот до 14.04. до 24.00 часот, ќе биде затворена за сообраќај улицата „Свети Кирил и Методиј“ и тоа на потегот од крстосницата со булеварот „Кочо Рацин“ до крстосницата со булеварот „Свети Климент Охридски“.Поради сето ова МВР ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците во централното подрачје на Град Скопје.

Скопје | пред 6 години

6 год.
12-1

Се унапредува едукацијата на полициските службеници

„Едукацијата, професионалното и стручно усовршување на полициските службеници како  императив сам по себе, мора и треба да биде континуиран процес во кој постојан стремеж, меѓу другото, ќе биде и следењето на сите нови технолошко-образовни стандарди. Сето ова со една цел - позиционирање на полицијата како реален сервис на граѓаните и силен гарант во остварувањето на сите нивни права и слободи дефинирани како темелни уставни и општественивредности“, рече денеска министерот Оливер Спасовски во Центарот за обука во Идризово, каде  заедно со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која присуствуваа на  промоција на апликација за паметни телефони ,,Улогата на полицијата за време на избори“.„Денеска, а во пресрет на изборите за претседател на Република Северна Македонија, тука во  Центарот за обука во Идризово, во рамки на опсежните подготовки на Министерството за  обезбедување на претстојниот изборен процес во насока на негово мирно и непречено  одржување, се промовира уште еден, според мое длабоко уверување, важен исчекор во насока  на квалитетна и ефикасна едукација на полициските службеници. Овојпат, тоа мора особено да се  подвлече, надополнето со можноста граѓаните непосредно да имаат увид во полициските  овластувања и надлежности околу самиот избирачки процес. Имено, во соработка со нашите  партнери од мисијата на ОБСЕ во нашата земја, и од нивна страна ангажираната компанија се  изработи апликација преку која во секое време може да се има точен увид во законската  регулатива, а таа е достапна и на пошироката јавност преку лесно симнување од интернет   страната на Министерството за внатрешни работи“, рече министерот Спасовски.На овој начин не само што дополнително се скратува времето за обука и се врши соодветно   искористување на обучувачките и другите ресурси, туку се овозможува транспарентна е-обука на  полициските службеници, на начин што и граѓаните ќе бидат запознаени со целосната нејзина   содржина.„Благодарение на успешната и континуирана соработка на МВР со Мисијата на    БСЕ,Министерството започна еден нов модерен пристап во учењеистручноусовршување на вработените за одредени знаења и вештини.Всушност токму овој проект е дел   од концептот на е- учење при Центарот за обука на министерството, што во соработка со мисијата   на ОБСЕ успешно се реализира и унапредува веќе неколку години како незаобиколен дел од   системот на образование и обука кај кандидатите за полициски службеници во Центарот“, рече   Спасовски.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Едно лице под истрага за неовластено пуштање во промет марихуана во Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот, во својот дом во селото Чегране, неовластено заради препродажба држел опојна дрога – марихуана со вкупна нето маса од 2.819,5 грама. Дрогата била пронајдена при претрес во една од помошните простории во дворот од куќата на осомничениот.Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Гостивар достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

пред 6 години

6 год.
marihuana2

Поднесен обвинителен предлог за неовластено пуштање во промет наркотичнa дрогa од помало количество

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за сторено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.На 10.04.2019 година, во својот дом на ул. „Лазар Трпковски“ во Скопје, обвинетиот 29-годишен скопјанец неовластено заради продажба држел наркотична дрога кокаин со вкупна маса од 1,77 грама, спакувана во шест полиетиленски пакувања. Дрогата неовластено ја набавил заради продажба од непознато лице.При претресот на домот на обвинетиот од страна на овластени службени лица била пронајдена и една дигитална вага со остатоци од кокаин.Надлежниот јавен обвинител до судот достави и предлог за продолжување на определената мерка притвор, бидејќи се уште постои опасноста од бегство како законски основ заради кој оваа мерка првично била определена, а особено со оглед на тоа што се работи за лице кое и претходно е осудувано за ист вид кривично дело.

пред 6 години

6 год.
turisti

Презентирани начините за добивање субвенции за организиран туристички промет пред тур-операторите во Охрид

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот денеска во Охрид пред домашните тур-оператори ги презентираше начините за поднесување барање за субвенции.Директорот на Агенцијата Љупчо Јаневски во обраќањето нагласи дека има доволен буџет за исплата на сите поднесени субвенции. Минатата година за таа намена биле потрошени 77 милиони денари.– Субвенциите редовно се исплаќаат, буџетски средства има. Во 2018 година најавив дека во координација со сите субјекти во туризмот треба да создадеме нов систем на субвенционирање, кој ќе помогне и дополнително ќе го зајакне македонскиот туристички сектор. Лични мои предлози се измени во исплатата според категоризацијата на сместувањето, преку зголемување просечниот престој во земјата, зависно дали туристи се носат во или надвор од сезона… Се надевам дека во таа насока ќе бидат и елементите кога се во прашање изедначувањата на одредени пазари, рече тој, притоа уверувајќи ги претставниците на тур-операторите дека секој субјект што има поднесено исправна и целосна документација за субвенционирање ќе добие помош од државата.Тур-операторите пак призаваат дека субвенциите што ги дава државата за поддршка на туризмот придонесуваат за покачување на туристичкиот промет, со најмногу забелешки со забелешка дека се соочуваат со одредени технички проблеми, меѓу кои толкувањето на правилникот, како и некои нелогичности.– Субвенциите се исплаќаат редовно, но има одредени законски толкувања што пречат, оттаму потребата од измени во легислативата и начинот на определувањето на субвенционирањето, изјави Асим Челик од туристичка агенција „Охрид холидејс“ што е македонскиот партнер на „ТУИ“.Според досегашната практика, за секој турист од странство донесен со авионски превоз преку тур-операторите државата преку субвенции плаќа по 65 евра. Проблемот, според тур-операторите е тоа што таа субвенција за гости кои престојуваат во хотел од висока категорија можеби не е многу, но за приватно сместување каде цената на сместување е пониска од самата субвенција укажува на нелогичност.Инаку, податоците на „Евростат“ покажуваат дека Република Северна Македонија минатата година бележи највисоко ниво на зголемување на вкуониот број ноќевања на европско ниво и тоа за 22,1 отсто, како и оти за прв пат после девет години се зголемил и просечниот престој на туристите во земјата.

Македонија | пред 6 години

6 год.
naum

Стоилковски: Пендаровски лаже исто како Зоран Заев

Стево Пендаровски вели одиме напред и одлично ни оди. Лаже исто како Зоран Заев. Впрочем самиот вели дека се 102,5% исти. Е па, еве што донесе „блескањето“ на Заев и на Пендаровски. Еве каде се движиме со ваква 102,5% иста политика што ја рекламира Стево Пендаровски. Политиката на Зоран Заев која се темели единствено на лаги, а во насока на заштита на корупцијата и на криминогеноста која извира од редовите на власта, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Македонија убедливо е на дното во регионот и во Европа, Македонија според индексот на Светска Банка е рангирана на 88-то место, мерења за 2018 година. Падот на листата е за 21 место од рангирањето во 2017 година. Во 2017, Македонија е 67. Во 2016, Македонија беше рангирана на 59 место. Во 2015 година, 55-та.33 места подобро било во 2015, отколку денеска однодно согласно индексот за 2018 година. Индексот вели, 33 места пад со Зоран Заев!Ова го донесе Заев, ваков е трендот што го ветува Пендаровски. Ова е блескањето што го поддржува Пендаровски. Ова не смее да биде иднина како што ја ветува Пендаровски, а не е ништо поразлична поддржувајќи ги 102,5% политиките на Зоран Заев.Блескањето на Заев и на Пендаровски завршува со гасењето на светлата на нивните трибини. Според Светска Банка, Македонија токму со политиките на Заев и на Пендаровски  е во слободен пад. Ниту се грижат за иднината, ниту за младите, ниту за образованието, ниту за развивањето на вештини за работа, ниту за вработување, ниту пак за здравјето на сите генерации, особено за здравјето на здрава иднина и здрави идни генерации. Токму тоа го мери Светска Банка – инвестициите во човечкиот капитал, базата за просперитет и развој во иднината. Индексот на човечкиот капитал го мери придонесот на здравјето и образованието врз продуктивноста на следната генерација на работници.Заев и Пендаровски се грижат само и само за себе, за функции, за комотен живот врз грбот на граѓаните. Всушност Пендаровски ветува дека ќе поддржува политики чиј што тренд ќе стимулира согласно овој тренд мерен од Светска Банка неспособна и неконкурентна иднина, ќе стимулира згаснување на економијата, ќе стимулира иселување, ќе стимулира пад на конкурентноста на македонската иднина, со еден збор ќе ја стимулира белата чума. Македонија на дното во регионот, Македонија на дното во Европа. Ете тоа се политиките што ги поддржува Стево Пендаровски.Доста е лаги. На Македонија и еден Заев и е премногу. На Македонија и треба правда, и таа е на дофат. Правдата ќе победи на 21 април, правдата ќе победи на 5-ти мај, а веднаш потоа и на предвремените општи избори!Почитувани, сега татковината повикува, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

6 год.
jabolka

Нема каде да ги продадат -ги фрлаат јаболката во езеро, производителите очајни

Видео од исфрлени јаболка во водите на Преспанското Езеро објавено е на фејсбук страницата „Моја Преспа! Мојот Ресен! Мојата Судбина“. На видеото се гледа како јаболка плутаат на површината на водата, а брановите дел исфрлиле и на езерското крајбрежје во Претор, објавува СДК.мк.Снимката предизвика бројни критики на фејсбук. Дел од граѓаните со иронични и зајадливи коментари пишуваат компот од јаболка „А ла Преспа“.„За ова стварно немам зборови, природата не е виновна за јаболката што останаа без пласман. Тоа ви е исто како во дворот да си ги истурите. Фала Богу, Солун што не е наш, ако беше наш вака ќе изгледаше, поплавен со ѓубре и јаболка“, коментираат граѓаните на Фејсбук.Од Здружението на овоштари „Благој Котларовски“ изминатиот месец дел од вишокот од јаболката го донираа по старски домови, болници и други социјални установи во земјава со цел да се донира, а да не се фрла во природата. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
zaev-nikoloski

Завршни зборови за судењето Вице Заев против Александар Николоски

Во Судот во Скопје заврши судското рочиште во кое Вице Заев го тужи Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ  Александар Николовски за клевета и навреда поради неговата изјава дека е главен бизнис фактор.Вице Заев како стопанственик и бил познат на јавноста и давал изјави за медиуми што го прави познат за јавноста со што треба да е подготвен да трпи критики, ова во својот завршен збор пред судот го изјави Николоски.Во својот завршен збор, адвокатот на Вице Заев рече дека Николоски не успеал да ги докаже тврдењата дека братот на Премиерот со наместени тендери станува главен бизнис фактор во државата.Заради оваа изјава, Вице Заев го тужи Николоски за клевета и навреда како и нарушување на угледот за што бара од него да му исплати 30.000 денари. Пресудата за овој случај судот ќe ја објави на 22 април.Според познавачите на правото, Заев нема аргументација за тужбата. Тие велат дека поднесувањето на тужба од негова страна повеќе е политички притисок врз опозицијата отколку правен случај.     

пред 6 години

6 год.
6-1

Премиерот Заев од пленарната сесија на Шефови на Влади од ЦИЕ и НР Кина 16+1

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев предводи владина делегација во состав со заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески и министерот за култура, Асаф Адеми на 8-иот Самит на Шефови на Влади од ЦИЕ и НР Кина од процесот 16+1 којшто оваа година се одржува во Дубровник, Република Хрватска. Во рамки на овој Самит, премиерот Заев учествуваше на пленарната сесија на којашто се обратија премиерите на земјите учеснички на самитот.„Република Северна Македонија силно ја поддржува иницијативата 16+1. Веруваме дека има огромен потенцијал за да ги унапредиме нашите партнерства, но и да креираме нов економски и бизнис потенцијал. Соработката на НР Кина со земјите од ЦИЕ е одлична платформа и дополнителен канал за комуникација и соработка на нашата земја со НР Кина во повеќе различни сектори. Република Северна Македонија го финализира своето членство во НАТО оваа година и сме фокусирани на отворањето на преговорите со Европската Унија и во тој правец иницијативата 16+1 е комплементарна со овие наши напори“, истакна премиерот Заев во своето обраќање.Премиерот Заев посочи дека нашата земја има бенефит од зајакнувањето на билатералните односи со НР Кина и во тој правец посочи на двата инфраструктурни проекти кои произлегуваат како резултат на иницијативата 16+1, продолжува изградбата на автопатот Кичево – Охрид, а наскоро се очекува и официјално пуштање во употреба на автопатот Миладиновци – Штип кој се наоѓа во финална фаза на изградба.„На 30-ти и 31-ви октомври 2018 година во Скопје успешно беше реализиран „5- иот Тинк танк Симпозиум на земјите од ЦИЕ и НР Кина. Ова беше прв настан од ваков тип организиран во нашата земја. Симпозиумот имаше 4 панели на дискусија кои беа исклучително продуктивни, со конкретни предлози и решенија. На маргините на овој симпозиум беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу нашата академија на науки и уметности МАНУ и кинеската академија за општествени науки (CASS). Од 19-ти до 21-ви ноември оваа година во организација на Министерството за култура и Координативниот центар за културна соработка помеѓу земјите од ЦИЕ и НР Кина ќе се одржи „4- иот форум за културна соработка помеѓу земјите од ЦИЕ и НР Кина“.Во таа насока Координативниот центар за културна соработка лансираше веб платформа којашто ќе користи за комуникација и координација на институциите од културата на 17-те земји и треба да обезбеди компатибилност и комуникација помеѓу софтверските програми на националните културни установи, односно тоа е алатка за директна комуникација и размена на информации помеѓу нив“, соопшти премиерот Заев.На крајот од своето обраќање премиерот Заев посака добредојде на нашата пријателска соседна земја Грција која се приклучува кон иницијативата и станува седумнаесетта земја членка на процесот од соработка на НР Кина со земјите од ЦИЕ.„На Западен Балкан му претстои долг пат на кој треба да работиме за унапредување на патната и железничката инфраструктура, на енергетска трансформација кон поголема употреба на обновливи извори на енергија и смарт дигитални технологии, области во кои Кина многу брзо напредуваше.Силно сум уверен дека денешниот Самит ќе обезбеди солидна платформа за зајакнување на нашата соработка, а посебно нашите економски врски земајќи го во предвид фактот дека НР Кина ја шири економската соработка со земјите од регионот“, посочи премиерот Заев на крајот од своето обраќање на пленарната сесија на Шефови на Влади на земјите од ЦИЕ и НР Кина и изрази благодарност до премиерот на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ за гостопримството и одличната организација на Самитот.      

Македонија | пред 6 години

6 год.
adrijan-2

Охриѓанецот Адријан Битрак ја „чуваше“ една од најскапите ташни од Луј Витон

Охриѓанецот Адријан Битрак кој живее и работи во Токио, ја „чуваше“ една од најскапите ташни од  брендот Луј Витон, проценета на 250 000 долари. Ташната е со дијаманти и истата привлекува огромно внимание кај Јапонската публика која ја искористи можноста да ја види.Битрак вели дека некои од артиклите изложени на овој настан биле и од половина милион долари, но дека и таа сума не е многу за ВИП посетителите кои  можат да си ги дозволат.Инаку Луј Витон е еден од омилените модни брендови, но и еден од најмоќните, ако му веруваме на Форбс. Неговото препознатливо лого честопати е предмет и на копирање, но тоа не ја намалува вредноста на она што куќата го пренесува како модно богатство со генерации.Луј Витон ја започнува својата кариера на изработувач на куфери уште на 16-годишна возраст. Модната куќа ја основа во 1854 година. Неговиот син Жорж Витон го креира новиот начин на закопчување односно заклучување на куферите.За брендот се фотографирале бројни познати личности како Анџелина Џоли, Мадона, Дејвид Боуви... Но, малкумина знаат и ги изненадува фактот дека ѕвезда на една кампања беше и поранешниот претседател на СССР, Михаил Горбачов.Брендот е дел од LVMH група, која опфаќа 70 куќи, меѓу кои и Кристијан Диор, Дона Каран и Живанши. М и Н од LVMH се скратеници од  Moët и Hennessy, два популарни бренда за алкохол.Во 2013 година, брендот Луј Витон беше споменат во песните на Канје Вест дури 19 пати.  

Магазин | пред 6 години

6 год.
pres

„Прљаво казалиште“ и „Нокаут“ на роденденската забава во Аеродром

Општина Аеродром денеска слави 14 години од своето основање. По тој повод, градоначалникот Златко Марин ја најави роденденската прослава што ќе се одржи в недела во паркот „Авион“ на која ќе настапат групите „Прљаво казалиште“ и „Нокаут“.На денешната прес-конференција присуствуваа и претседателката на Советот на Општината, Ивана Цветковска, како и Пере од групата „Нокаут“.„Хепенингот ќе почне напладне со настап на нашите најмали жители, кои не само што растат во Аеродром туку се и нејзината иднина. Имено, децата од градинките и основните училишта ќе се забавуваат со ритмички точки, хип-хоп настапи и соло-пеење. Ним ќе им се придружат децата од училиштето „Аква денс“ и хорот „Златно славејче“, изјави градоначалникот Марин.Тој додаде дека забавата в недела претставува продолжение на традицијата почната минатата година да се одбележува роденденот на Општината со забава на отворено, во согласност со заложбата да се доближи Општината до граѓаните за отвореност и достапност за сите.Групата „Нокаут“ ќе настапи од 20:00 до 21:30 часот, а по нив до полноќ концерт ќе одржи позната група „Прљаво казалиште“.Инаку, покрај забавен, прославата ќе има и хуманитарен карактер, при што ќе повикаме да ги отвориме срцата, да донираме за оние наши граѓани што моментално се наоѓаат во најнезавидна положба, за социјално ранливите категории, кои се и заслужуваат да бидат рамноправни граѓани на нашата Општина.  

Скопје | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Николовски: ХС Злетовица го ставаме во целосна функција, на системот се приклучуваат и Карбинци, Лозово и Штип

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска во Пробиштип, заедно со градоначалникот на Пробиштип Драган Анастасов, одржаа работен состанок со менаџментот на хидросистемот Злетовица. На состанокот се разговараше за идните активности за заокружување на реализацијата на првата фаза од Проектот за водоснабдување ХС Злетовица, која се однесува на водоснабдување со квалитетна вода за пиење и поврзување на општините Карбинци, Лозово и Штип со овој систем. Министерот Николовски посочи дека досега овој систем не беше целосно ставен во функција и со вода за пиење се снабдуваа само Пробиштип и свети Николе, а со парите што за годинава ги обезбеди Владата на РСМ во буџетот на МЗШВ во износ од околу 3,5 милиони евра ќе се заокружи целиот процес и општините Карбинци, Лозово и Штип ќе се приклучат на системот.„Хидросистемот Злетовица е важен за целокупниот овој регион. Како Влада и како ресорно министерство, во 2018 година бевме целосно посветени ја скениравме целата состојба на терен со цел да креираме соодветни политики преку кои државата ќе даде поддршка за заокружување на фазата еден од овој систем. Овој систем не е во целосна фукнција и со вода за пиење се снабдуваат само Пробиштип и Свети Николе. Затоа Владата со поддршка од заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, направивме целосно согледување на општините, за да ги видиме нивните потреби, се со цел реализација на сите потребни инвестиции, за да се стави целосно овој систем во функција и регионот да се снабдува со квалитетна вода за пиење. Заради тоа во буџетот за 2019година се одвоија средства, и од МЗШВ и од буџетот на ЗПВРМ, и со нови 3,5 милиони евра кои се веќе испланирани во развојниот дел на буџетот на МЗШВ, ќе започнеме со поврзување на општините со овој хидросистем“, изјави министерот Николовски.При тоа Николовски посочи дека веќе е распишана тендерската постапка за јавна набавка за избор на консултантска куќа која ќе изработи техничка документација за финализирање на првата фаза, односно водоснабдување преку проектот ХС Злетовица и општините да се поврзат со системот.Отворањето на понудите е закажано за на 16-ти следниот месец. На општините Лозово и Карбинци потребна им е целосна изградба на пречистителни станици, дополнителни километри цевковод, како и пристапни патишта. На Штип му е потребна опрема за да ја приспособи постоечката Филтер станица за прием на водата од цевководот од ХС „Злетовица“. За Свети Николе е потребно надградба и реконструкција на посточеката пречистителна станица и изградба на басен. Во следниот период за сите овие зафати ќе се изработи техника документација. Единствено Пробиштип нема да ги користи овие средства, бидејќи минатата година обезбеди грант од Р. Словенија и од Владата на РС Македонија од 1,2 милиони евра за зголемување на капацитетот на пречистителната станица за вода за пиење и за обзебедување на техничка вода за бизнис секторот.Министерот Николовски појасни дека со заокружувањето на првата фаза од ХС Злетовица, во следниот период активностите на МЗШВ ќе бидат во насока на реализација на втората и трета фаза од ХС Злетовица со кои ќе се обезбеди систем за наводнување на 4.100 хектари земјоделско земјиште и изградба на шест мини-хидороцентрали.Николовски посочи дека капиталните инвестиции во водостопанската инфраструктура се еден од приоритетеи на Владата на РСМ, и дека не само преку буџетот на МЗШВ, туку дополнително со финансиска помош од ИПА претспристапната помош на Европската унија се одвиваат активности за изградба на мали еколошки хидорсистеми во неколку мапирани региони.Првите три физибилити студии се готови и започнува тендерската постапка за избор на изведувачи во три региони за овие системи, а во штипскиот регион тоа е хидросистемот Славишко поле. Во моментов се прават физбилити студии за три нови системи исто така поддржани од ИПА, а еден од тие е системот за наводнување во Пишица за наводнување на 350 хектари.

Македонија | пред 6 години

6 год.
sorabotnik-asanz

Уапсен близок соработник на Асанж

Маж близок соработник со ко-основачот на Викиликс Џулијан Асанж е уапсен додека се обидувал да го напушти Еквадор, објави Министерството за внатрешни работи на земјата. Марија Паула Ромо соопштила дека уапсено е лице за кое постои сомневање дека е клучниот играч на Викиликс.Неименуван претставник на еквадорската влада открил дека станува збор за шведскиот програмер Ола Бини. Апсењето е извршено во главниот град на Еквадор, кога личноста се обидувала да се качи на лет за Токио.„Личност блиска до Викиликс, која имала престој во Еквадор, уапсена е во попладневните часови додека се подготвувала за патување во Јапонија" – напишала Ромо на својот твитер налог.„Тој е приведен поради истрагата“ – навела еквадорската министерка. 

Свет | пред 6 години

6 год.
DSC_6190

Костадинов: Сиљановска била министер во првата влада, а нејзиниот сопруг терал бизнис со фри шоп

Гордана Сиљановска не само што е залутана во политиката, залепена зад деструкцијата на ВМРО- ДПМНЕ зборува против се и се што, па и против самата себе си. Канидатката на Христијан Мицкоски ги напаѓа политиките на првата Влада во независноста, против Владата во која токму таа била министерка, истакна Костадин Костадинов – портпарол на СДСМ и пратеник.Сиљановска, во времето на транзицијата била министерка а нејзиниот сопруг токму во тоа време терал бизнис со „фри шоп“.Сиљановска е пример за транзициски политичар според критериумите на нејзината ВМРО- ДПМНЕ.Секојдневно се докажува, Сиљановска е нечесна и неискрена пред граѓаните, иста е како Иванов и Мицкоски.Граѓаните нема да дозволат нечесни и неискрени личности, залутани во политиката да застанат на чело на државата.Граѓаните на овие избори ќе изберат вистински претседател кој ќе работи во интерес на државата а не на париите, граѓаните ќе го изберат Стево Пендаровски за нов претседател на Република Северна Македонија, истакна Костадин Костадинов – портпарол на СДСМ и пратеник. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
FullSizeRender-12-04-19-11-29-1

Милошевски: За убав град – велосипедски и пешачки патеки, партерно уредување, потпорен ѕид Коњско , изградба на музеј на Охридско Езеро

Охрид мора да биде убав. Охрид и охриѓани мора да имаат пријатни катчиња за одмор и релаксација. Охриѓани и туристите да добијат нови велосипедски и пешачки патеки, нови пешачки зони. Граѓаните имаат право на тоа, а обврска на новата Локалната самоуправа ќе биде да им обезбеди слободно и безбедно движење, истакна Митре Милошевски, кандидат за градоначалник на Охрид.За убав град: Изградба на велосипедска патека Охрид – Свети Стефан Охриѓани и гостите мора да се движат безбедно на потегот од излезот од градот до Свети Стефан. Велосипедистите преку здрави навики за возење велосипед активно ќе го користат своето слободно време.Во непосредна врска е мерката за субвенционирање за купување велосипед со која граѓаните се мотивираат почесто да го користат со цел поздрава околина и почист воздух. Ќе се субвенционира половина од вредноста на чинење на велосипедот, но не повеќе од 4000 денари.За убав град: Партерно уредување, изградба на пешачки и велосипедски патеки кои ќе бидат нови препознатливи места за рекреација – Стар град – Реконструкција и изградба на потпорни ѕидови и улици:– Изградба на потпорен ѕид во Коњско.За убав град: Изградба на музеј на Охридско ЕзероНова атракција за убав Охрид во близина на каналот Студенчишта каде штоохриѓани и посетителите ќе се запознаат со богатата флора и фауна.За убав град: Изградба на авантуристички (адреналински) паркови Опрема и реквизити за забава како висечки скали и патеки, качувачки карпи и слично.За убав град: Обележување на улиците со современи пластифицирани материјали И уште многу други проекти во програмата За убав град!Нашата цел е убав град!Бројот 5 е единствениот избор за убав Охрид.Бројот 5 за убав град.Охрид повикува, истакна Митре Милошевски, кандидат за градоначалник на Охрид.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Во програмата на Георгиески предвидени подобрени услови за спорт

Основниот услов за спроведување на активности од областа на спортот, физичкото  воспитување и рекреацијата во Охрид е постоењето на доволен број спортски капацитети. Затоа нашата цел е постојано да вложуваме во модернизација на спортските објекти, кои  се главен ресурс за функционирањето на постоечките спортски клубови и важен сегмент  за развој на спортскиот туризам, истакна Сашо Ставрески на пресс конференција на која што се презентираше дел од предизборната програма на кандидатот за градоначалник Д-р Константин Георгиески.Веќе имаме преземено конкретни мерки на ова поле. Во соработка со ФФМ и УЕФА, ги  започнавме потребните процедури за реконструкција на постојните и изградба нова  трибина на фудбалскиот стадион во СРЦ „Билјанини Извори“. Вредноста на овој проект,  изнесува 800.000 евра и со неговата реализација, Охрид ќе добие услови за организација  на поголеми спортски настани.Исто така започна изградбата на спортска сала во ЕМУЦ „Свети Наум Охридски”, а во  Програмите за образование е предвидена изградба и на спортски сали и во основното училиште „Кочо Рацин”, во основното училишпте „Ванчо Николески” во село Лескоец и  во Угостителското училиште „Ванчо Питошески”.Во насока на подобрување на условите за спорт, даваме континуирана поддршка на  Ракометниот клуб „Охрид” и Општинскиот фудбалски клуб „Охрид Лихнидос” како и на многу други спортски клубови во градот. Исто така во рамки на активностите посветени за развој на спорот, извршена е санација на просториите на ФК„Лакочереј“ и ФК„Воска“ како и реконструкција на трибините и теренот со вештачка трева.Постојано даваме поддршка на спортските настани кои се од големо значење за Охрид. Веќе се издвоени средства од општинскиот буџет за овогодинешните изданија на Охрид Трчат, Охридскиот пливачки маратони, Балканското првенство-Триатлон, Охрид Траил, Баскет Турнирот 3 X 3, Веслачката и Едриличарската регата.Во насока на подобрување на условите за спорот, планираме да изнајдеме начини за изградба на нов спортски комплес кој ќе биде во форма на придружен објект на постоечкиот спортски центар „Билјанини Извори“. Комплексот ќе има затворени и отворени спортски објекти, кои ќе располагаат со сите потребни инсталации, реквизити и опрема наменети за изведување на различни спортско-рекреативни активности.Во делот на развојот на спортот исто така ќе поведеме иницијатива, Охрид конечно да добие соодветен Центар за развој на водените спортови, а за да ги поттикнеме младите да спортуваат, планираме обновување на веќе постоечките спортски терени во населбите и изградба на нови спортски игралишта на неколку локации.Подеднакво   сме  посветени на развој на сите   сфери  од секојдневното живеење,  имамереални планови и остварливи проекти,  кои ќе донесат посигурна иднина за сегашните и идни генерации во нашиот  град. Охрид заслужува да оди напред, охриѓани заслужуваатповеќе!На 21-ви април да излеземе и да гласаме за нашиот кандидат за градоначалник д-р Константин Георгиески и да обезбедиме уште една голема победа! Заедно Напред, За Охрид, истакна Ставрески.

Македонија | пред 6 години

6 год.
junker

(ВИДЕО) Нов скандал на Јункер, речиси и ја запали косата на сопругата на претседателот на Руанда

Претседателката на Европската комисија Жан Клод Јункер за малку ќе ја запалеше првата дама на Руанда. Јункер заборави на кратко дека во раката држи долг факел со голем пламен, па опасно се приближи до сопругата на претседателот на Руанда, Пол Кагаме. Настанот се случил за време на церемонијата за оддавање почит на жртвите од геноцидот во Руанда, од пред 25 години, во кој се убиени повеќе од 800.000 илјади лица.Имено, откако тројцата добија запалени факели, со кои симболично го запалија меморијалниот оган, 64 годишниот Јункер се заврте да ѝ го подаде својот факел на една од членовите на протоколот, но заборави дека претседателот Кагаме и неговата сопруга Жанет се во непосредна близина на огнот…Ова е само еден од серијата инциденти на политичарот од Луксембург.За потсетување минатата година Јункер е снимен како се клати и едвај одржува рамнотежа на самитот на лидерите на НАТО. Присутните лидери мораа да му помогнат да не падне, а шефот на Европската комисија тогаш рече дека не бил пијан, туку дека причината за таквото движење бил ишијас.

Свет | пред 6 години

6 год.
zeni-pomalku-plateni

Жените сеуште помалку платени од мажите

Жените се се помалку платени од мажите во земјава, низ годините се продлабочува јазот во нивните плати. Во просек за околу 20 проценти жените се помалку платени во однос на мажите. Наместо со развојот на еконоимијата да бележиме намалување на овој огромен јаз, ние како земја нотираме продлабочување, и тоа го покажуваат и статистичките податоци, беше потенцирано на денешната дебата на Центарот за истражување и креирање политики.Родовиот јаз е само еден елемент на пошироката тема за неповолната положба на жените на пазарот на трудот, велат експертите.Истражувањето  покажува дека жените главно се вработуваат на пониско платени работни места.  Од секторите најмногу се присутни во образованието,  здравството и во текстилната иддустрија. Во јавната администрација пак работата повеќе мажи.Во регионот Словенија има најмал јаз во платите на  мажите и жените. Но аналзите покажале дека и во многу поразвиените земји разлика меѓу нивните примања постои.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Нови случаи на каснати од кучиња скитници -15 годишно девојче во „Центар“ и 69 годишен маж во „Аеродром“

На 11.04.2019 во 15.55 часот во Полициската станица Центар, С.К.(55) од Скопје пријавила дека на 10.04.2019 година околу 08.00 часот на улица „Белградска“ нејзината 15 - годишна ќерка била касната од куче скитник во пределот на левата нога.На 11.04.2019 во 15.35 часот во Полициската станица Аеродром, М.Д.(69) од Свети Николе пријавил дека истиот ден околу 09.30 часот на булевар „Јане Сандански“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.

Скопје | пред 6 години

6 год.
stop-policija

Седум сообраќајни незгоди за 24 часа во Скопје - пет лица се здобиле со телесни повреди

Во текот на изминатиот ден (11.04.2019) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 36 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 21 возач од кои: 20 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и еден возач затоа што бил возач почетник. Исто така, исклучени од сообраќај се и 16 возила бидејќи 15 биле нерегистрирани и едно возило поради претовар.Санкционирани се девет возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, пет возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, 11 поради неправилно престројување, еден возач поради неправилно престигнување, еден возач затоа што не дал првенство на минување на возила во зона на крстосница, четири возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, 15 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 20 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.Во однос на пешаците санкционирани се тројца пешаци поради поминување коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 133 мандатни платни налози и 84 возила се подигнати со специјално возило „пајак“. Изминатиот ден се случиле седум сообраќајни незгоди во кои пет лица се здобиле со телесни повреди.

Скопје | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања