Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
Нема фотографија

Кај жители од Свети Николе и Битола пронајдено оружје за кое немале соодветна дозвола

Секторот за внатрешни работи Битола поднесе кривична пријава против Д.Б.(30) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 18.12.2017 во Битола, полициски службеници го затекнале пријавениот при продажба на пиротехнички средства.Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против З.П.(28) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 17.01.2019 година во угостителски објект во Свети Николе полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што бил пронашле и одзеле пиштол „Perfecta Pistole MID.50“ калибар 4 мм, кој го поседувал без соодветна дозвола.

Македонија | пред 6 години

6 год.
lekovi

Штипјанец заработил 62.000 денари, ветувајќи дека ќе набави лекови – од лекот ни траг

На 20.03.2019 во 18.40 часот во Полициската станица Штип, С.В.(49) од село Ропотово, општина Долнени, пријавил дека бил измамен од лицето З.И.(57) од Штип. Според пријавеното, во февруари 2019 година С.В. му дал на З.И. 62.000 денари за да му набави лекови од Бугарија. З.И. ги зел парите и се обврзал дека за пет дена ќе ги набави лековите. Исто така, според пријавеното, до денот на пријавување, С.В. неколку пати се обидел да контактира со З.И., но не успеал да го најде, по што заклучил дека е измамен. Се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
stop-policija

Контроли на јавниот превоз, неисправни возила во Тетово, Штип, Охрид

На 20.03.2019 во периодот од 08.00 до 13.00 часот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово беше спроведена акциска контрола за техничка исправност на возилата кои вршат јавен превоз на патници. Со контролата биле опфатени 128 возила(ТЕ-76 и ГВ-52). Од контролираните возила, кај 25 откриена е неисправност на сопирачките(ТЕ-16 и ГВ-9), пет(ГВ) имале неисправен уред за управување и едно (ГВ) недостиг на опрема. Поради констатираните недостатоци, од сообраќај биле исклучени 30 возила(ТЕ-16 и ГВ-14), на 37 возачи (ТЕ-16 и ГВ-21) изготвени им се прекршочни платни налози, а на осум(ТЕ-4 и ГВ-4 ) барања за поведување на прекршочна постапка.На 20.03.2019 во периодот од 08.00 до 13.00 часот СВР Штип спроведе засилена акциска контрола на техничка исправност на возила со кои се врши јавен превоз на патници. Од извршената акциска контрола контролирани се 57 автобуси и други возила кои вршат јавен превоз, од кои 54 се упатени во станица за технички преглед. Притоа, кај девет возила е утврдена неисправност на уред за запирање, кај едно неисправен уред за управување, додека две возила не извршиле вонреден технички преглед. Преземени се вкупно 22 мерки по горенаведените прекршоци и издадени се 12 прекршочни платни налози. Санкционирани се и 19 останати прекршоци.На 20.03.2019 на подрачјето на СВР Охрид беше извршена зајакната акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници. Притоа, полициските службеници контролираа вкупно 111 моторни возила(Охрид-25, Струга-13, Кичево-60 и Дебар-13) од кои на дополнителен преглед во станиците за технички преглед упатени се вкупно 46 возила кои вршат јавен превоз на патници (Охрид-12, Кичево-24 и Дебар-10). Констатирани биле вкупно осум неисправности (Охрид-шест и Кичево-два, од кои еден неисправен уред за запирање). При акциските контроли, од сообраќај се исклучени осум возила(Охрид-шест, Кичево-две). По овие, но и по други одредби од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, полициските службеници издале вкупно 16 прекршочни платни налози(Охрид- шест, Струга-осум, Кичево-два).

Македонија | пред 6 години

6 год.
marihuana2

Кривични пријави за битолчанец и охриѓанец поради дрога

Секторот за внатрешни работи Битола поднесе кривична пријава против М.С.(34) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 07.02.2018 во Битола, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле хероин.Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против Д.Б.(22) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 23.08.2018 во атар на село Велестово, охридско, кај објектот на ЈП ,,Национален Парк-Галичица”, полициски службеници пронашле и одзеле марихуана, додека во близина бил забележан пријавениот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
3-2-2

Делегација на Собранието на студиска посета во Република Србија и Кралството Шкотска

Делегација на Собранието на Република Северна Македонија е на студиска посета во Белград, Република Србија и Единбург, Кралството Шкотска.Во делегацијата се претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, претседателката на Комисијата за финансирање и буџет Лилјана Кузмановска и генералнaта секретарка, Цветанка Иванова.Посетата е а организирана од Вестминстер фондацијата за демократија во рамки на потпишаниот Меморандум за соработка за воспоставување на парламентарна буџетска канцеларија во Собранието на Република Северна Македонија. Целта е запознавање со начинот на функционирање на буџетските канцеларии и нивната улога во зајакнувањето на надзорната функција на Собранието.За време на посетата на Парламентот на Република Србија, делегацијата се запозна со начинот на функционирање на буџетската канцеларија, нејзината улога и надлежности, начинот на кој се подготвуваат анализите на буџетот и другите финансиски документи и нивното значење за пратениците. Беа остварени средби со претседателот и членовите на Комисијата за финансии, државен буџет и контрола на јавното трошење и со пратеници кои почесто ги користат анализите на Буџетската канцеларија.Во текот на посетата на Парламентот на Кралството Шкотска во Единбург, делегацијата се запозна со начинот на функционирање на буџетската канцеларија, процесот на изработка на буџетот на Парламентот, улогата на внатрешната ревизија, улогата и надлежностите на Комисијата за финансирање и буџет, улогата и надлежностите на Комисијата за јавни сметки и улогата на Заводот за ревизија на Кралството Шкотска. Се дискутираше за придобивките од функционирањето на буџетската канцеларија, поддршката која таа им ја дава на Комисиите во Парламентот, начинот на разгледување на конечните ревизорски извештаи и нивното значење во контролата и надзорот на трошењето на јавните средства.Остварени беа работни средби со членовите на Комисијата за јавни сметки, членовите на Комисијата за буџет, претставници на Владата на Кралството Шкотска, пратеници кои ги користат услугите на буџетската канцеларија.Делегацијата присуствуваше на седница на Парламентот на која беа поставувани пратенички прашања.Со Стратешкиот план на Собранието за периодот 2019 - 2021 година е планирано покрај законодавната, да се зајакне и надзорната функција на Собранието, во насока на поголема контрола на трошењето на јавните средства и зајакнување на надзорот над работата на извршната власт.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Отворена истрага против едно лице за недозволено држење оружје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.На 20.03.2019 година осомничениот 23-годишен скопјанец неовластено држел кај себе огнено оружје пиштол со ознака Sig Sauer со калибар од 7,65 мм и една рамка муниција во која имало три куршуми.Надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје достави Предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност тој да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело.

пред 6 години

6 год.
alijansa-za-albancite

Демант: AA се оградува од веста за поддршка на македонски кандидат

Алијансата за Албанците преку оваа реакција, се оградува од секоја лажна вест и клевета посочена кон нашиот субјект, наводно дека ќе поддржиме на македонски кандидат во вториот круг, се вели во реакцијата од Алијансата за Албанците.И за време на процесот на уставните промени, го поддржавме Преспанскиот договор со цел да станеме членка на НАТО и целосно сме посветени на патот кон интеграција на државата во Европската унија. Ова го потврдуваме постојано уште од самото основање на Алијансата за Албанците.Алијансата за Албанците секогаш работеше и ќе работи на унапредување на статусот на Албанците во Северна Македонија.Алијансата за Албанците не прави политичко пазарење зад очите на јавноста ниту за претседателските избори ниту за локалните избори. Нашата единствена цел е победа на искрените Албанци во двете трки во кои што влеговме.Алијансата за Албанците никогаш не направила изборно партнерство со ниту еден македонски ентитет, ниту пак ќе го стори тоа во било кој момент, ако тоа не е во служба на унапредување на правата на Албанците во согласност со политичката платформа на АА и во целосна транспарентност со Албанците и широката јавност. Албанците добро знаат кој се пазари и кој чека на вратите од владата без принципиелен и транспарентен договор, туку само за тесни интереси на кланот или за опстанок поради многубројните хипотеки.Тенденциозните вести имаат за цел под било кој услов  да ја дефокусираат јавноста од утрешниот протест во одбрана на Фета Алими, или од успехот на Блерим Река и Арбен Аголи, нарачателите на лажните вести, најдобриот одговор ќе го добијат на 21 април, стои во реакцијата од Алијансата за Албанците.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Niskogradba-1

Јавните претпријатија ги чистеа депониите во Битола

На првиот ден на пролетта, со големи еколошки акции, битолските јавни претпријатија чистеа депонии во градот. Кревети, фотељи, телевизори, теписи, ќебиња и што уште не, може да се најдат и во централното градско подрачје, но и во пооддалечените места.ЈКП „Водовод“ со своја механизација на терен ја чистеше депонијата во месноста Овчи Баир, во близина на резервоарот на ова јавно претпријатие. Очигледна е сликата на депонија, создадена повторно од несовесното население, кое овој простор го употребил за фрлање на секаков вид отпадоци.Најприсутен беше градежниот шут, но и остатоци од мебел и секаков вид отпадоци.Екипите на ЈП „Комуналец“ работеа во централното градско подрачје, кај АТ Пазар. Веднаш до автобуската станица, едно од најфреквентните места во овој дел од градот, се наоѓа мини депонија, од која со багер беше исчистен еден камион полн со ѓубре, на многу мал простор. Исто така се чистеше и зад зградата позната како „кифлата“, каде што можеше да се види се и сешто, а со ѓубре беше преполнето и каналчето за истек на вода.КЈП „Нискоградба“ ги насочи своите вработени на другата страна од населбата Баир, на месноста „Тепсија“. Тука исто така можеше да се видат секаков вид на отпадоци, ѓубре и несовесно фрлање на непотребните предмети на граѓаните во ридот.ЈП „Комуналец“ беше координатор на масовната акција за чистење, а местата каде што се работеше ги посети градоначалничката Наташа Петровска. Заедно со директорите на јавните претпријатија Горан Козаров, Панде Богоевски и Методи Сиљановски, разговараа за натамошните чекори за справување со овој горлив проблем, со кој се соочува градот. Воедно, испратија апел до граѓаните за зголемување на свеста да не се загадува непосредната околина, во која сите ние жиевееме, вклучително и нашите деца.Јавните претпријатија и градоначалничката Петровска уште еднаш напоменаа дека доколку жителите имаат габаритен отпад, може да се јават во КЈП „Нискоградба“ или во ЈП „Комуналец“ , со што истиот ќе биде собран од нивните екипи, наместо да биде расфрлен низ различни локации во градот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
stop-policija

На подрачјето на СВР Охрид од сообраќај исклучени 8 возила со кои се вршел јавен превоз на патници

На 20.03.2019 година, на целото подрачје на СВР Охрид, беа извршени зајакнати акциски контроли во сообраќајот посебно насочени кон возила кои вршат јавен превоз на патници Притоа, полициските службеници контролираа вкупно 111 моторни возила (Охрид-25, Струга-13, Кичево-60 и Дебар-13) од кои, на дополнителен преглед во станиците за технички преглед упатени се вкупно 46 возила кои вршат јавен превоз на патници (Охрид-12, Кичево-24 и Дебар-10). Таму, констаирани биле вкупно 8 неисправности (Охрид-6 и Кичево-2 од кои, еден неисправен уред за запирање).При акциските контроли, од сообраќај исклучени се 8 возила со кои се вршел јавен превоз на патници (Охрид-6, Кичево-2). По овие, но и по други одредби од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, полициските службеници издале вкупно 16 прекршочни платни налози (Охрид-6, Струга-8, Кичево-2) Акцискате контроли беа спроведена со цел подигнување на степенот на безбедност во сообраќајот и доследно почитување на одредбите од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата.

Македонија | пред 6 години

6 год.
DSC_7355

Премиерот Заев на средба со амбасадори од германското МНР

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, денеска, се сретна со делегација на германското Сојузно министерство за надворешни работи, составена од специјалниот претставник за Југоисточна Европа, Турција и ЕФТА-државите, амбасадорот Кристиан Хелбах, амбасадорот Томас Осовски, специјален претставник за ЕУ-политики и германскиот амбасадор во Скопје, Томас Герберих.Премиерот Заев, изразувајќи благодарност за континуираната поддршка на Сојузна Република Германија за интеграција на Република Северна Македонија во Европската Унија и НАТО, ги истакна добрите билатерални односи меѓу двете земји, со взаемен интерес за унапредување на економската соработка.„Со Договорот од Преспа покажавме дека преку вистински дијалог е можно решавање на меѓународните проблеми на Балканот. Имплементирањето на Договорот со Република Грција и поддршката која ја добиваме е силна мотивација за остварување на нашата цел, членството во НАТО и започнување на процесот на преговорите со Европската Унија“, истакна премиерот Заев.На средбата, беше разговарано за придобивките од Преспанскиот договор со Грција и посветеноста на градењето на добри односи со сите соседи и е констатирано дека тоа е силна порака дека регионот на Балканот може да биде носител на мир, безбедност и стабилност.Истовремено, беше повторена силната поддршка од Сојузна Република Германија за Република Северна Македонија и за посветеноста на Владата на конструктивните политики низ коишто се решаваат прашањата важни за државата и нејзините граѓани.Беше констатирано, дека отворање на преговорите со Европската Унија, односно донесување позитивна одлука на Советот на министри на ЕУ во јуни, базирана на досегашните постигнувања и заслуги, ќе биде дополнителна мотивација за продолжување во таа насока и дополнително интензивирање на реформите, што како што беше заклучено, е важно за земјата и целиот Западен Балкан, пред сè од безбедносен аспект.

Македонија | пред 6 години

6 год.
mihail-trendafilov-nanche-2

Михаил Трендафилов- Нанче ја поднесе својата кандидатура- ГДУ влегува во битката за Охрид

Денеска ги поднесовме документите за учеството на нашиот кандидат за градоначалник на Општина Охрид, Михаил Трендафилов-Нанче, на вонредните локални избори. Со поднесувањето на документите веќе и официјално нашата партија влегува во трката за градоначалничкото место во градот Охрид, се вели во соопштението од Центар за комуникации на Граѓанско Демократска Унија-ГДУ.Како партија која се залага за промена на начинот на водење на политика познат досега во нашата земја, ќе се погрижиме нашиот кандидат да понуди реална програма со проекти, коишто ќе бидат во интерес на oхриѓани. Ќе покажеме дека на полето на политичката борба, може да се успее и без ситни пазарења и лаги. Нашиот кандидат Михаил Трендафилов-Нанче веќе и официјално ја бара довербата на охриѓани за да им докаже дека функцијата градоначалник може да се извршува домаќински и чесно, стои во соопштението од Центар за комуникации на Граѓанско Демократска Унија-ГДУ.

Македонија | пред 6 години

6 год.
stojan-andov-kniga

Судот забрани продажба на книгата „До атентатот и по него“, за авторот Стојан Андов

Основниот суд Скопје-2 донесе решение за привремена мерка, забрана на продажба и располагање на книгата на Стојан Андов „До атентатот и по него“ по тужбата на Љубомир Фрчкоски за повреда на неговите лични права, односно за клевета во врска со атентатот на поранешниот претседател Киро Глигоров.Во книгата Андов имплицира за можна вмешаност на екс-политичари меѓу кои и тогашниот министер за внатрешни работи Љубомир Фрчковски во атентатот на првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров.Од судот соопштија дека забраната за продажба на книгата ќе важи се до завршување на постапката за утврдување на наводната клевета на Андов.

пред 6 години

6 год.
DSC_7465

Државниот секретар во МНР, Виктор Димовски и Монс. Киро Стојанов, на прес- конференција по повод посетата на Папата Франциск

По повод апостолската посета на Светиот Отец, Папата Франциск во Република Северна Македонија, денеска во галеријата на НУ „Спомен-куќа на Св. Мајка Тереза“ во Скопје, се одржа прес-конференција на која државниот секретар во Министерството за надворешни работи, Виктор Димовски и Монс.Киро Стојанов, скопски бискуп и струмичко-скопски епарх, информираа за програмата на претстојната посета.Државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, Виктор Димовски кој е истовремено и претседател на Организациониот одбор за посетата на Светиот Отец, Папата Франциск во земјата, рече дека соодветно на големината и значењето на оваа посета за земјата и за регионот, Владата и Министерството за надворешни работи, како носители на организациските активности, ќе обезбедат сите кои ќе бидат непосредно вклучени во организацијата на овој настан да бидат на висината на задачите и протоколите кои важат за посетите на Светиот Отец, Папата Франциск, како неспорен првенец и морален авторитет на Денешницата.„Сакам да напоменам дека со желба за максимално успешна организација на овој исклучително значаен и голем настан, креиравме посебна веб страница, www.papa.mk, на која се објавуваат сите неопходни вести, организациски и сервисни информации од важност за граѓаните и за медиумите. На веб страницата веќе е објавен повик за пријавување за присуство на настаните за граѓани од странство, како и повик за акредитација за странските медиуми. Повиците за пријавување и акредитација за граѓаните на нашата земја и за домашните медиуми ќе бидат објавени деновиве“, истакна државниот секретар во МНР Димовски.Во име на Организациониот одбор за посетата на Светиот Отец, Папата Франциск во РСМ, државниот секретар Димовски најави средби и брифинзи со новинарите за повеќе детали од интерес на медиумите за организацијата на овој, како што рече, голем настан и од историско значење за земјата и за граѓаните од сите верски и етнички заедници.Програмата на посетата на Светиот Отец, Папата Франциск и делегацијата на Ватикан, започнува со пристигнување во Скопје на 7 мај, рано претпладне, со церемонија на свечен дочек. Церемонијата за добредојде, со највисоки  државнички почести ќе се организира во претседателската вила на Водно, по што ќе следува средбата со претседателот на Република Северна Македонија, Ѓорге Иванов. Светиот Отец Папата Франциск потоа ќе оствари средба со претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, по што ќе следува средба со државниот врв, цивилното општество и дипломатскиот кор во нашата земја. Агендата на посетата на Светиот Отец Папата Франциск потоа предвидува Посета на Спомен куќата на Мајка Тереза со лидерите на верските заедници од нашата земја, како и средба со сиромашни граѓани. Централниот настан, светата миса со која ќе чиноначалствува Светиот Отец Папата Франциск ќе се одржи на плоштадот „Македонија“.После светата миса, Папата Франциск ќе се упати во катедралата „Пресвето Срце Исусово“, каде што ќе се оствари екуменска и меѓурелигиска средба со претставници на младите од нашата земја и од регионот, кои тој ден ќе бидат во Скопје. Светиот Отец, Папата Франциск потоа ќе има средба и со свештениците и нивните семејства, како  и со Богу посветените лица од Католичката Црква во Република Северна Македонија, по што ќе следи официјалното испраќање на делегацијата од аеродромот во Скопје.На прес-конференцијата, Монс. Киро Стојанов, скопски бискуп и струмичко- скопски епарх, зборуваше за големината и извонредната важност на овој настан и за Црквата и за Државата. Укажувајќи на улогата на медиумите, тој рече дека сите пораки што ќе се слушнат, настаните што ќе се видат, во голем дел ќе зависат и од медиумите за тоа како ќе бидат пласирани во јавноста.„Не се сомневам во вашата професионалност, квалитетот на известување и вашата максимална ангажираност. Олеснителна околност за нас е моделот на Понтификатот на папата Франциск. Од првиот ден на својот Понтификат извонредно внимание посветува на така наречениот мал човек. Католичката црква, според бројот на верници, во нашата Земја е незначителна, сепак, во свеста на папата Франциск нема незначителни луѓе. Едноставно и таквите сака да ги посети, охрабри и да биде солидарен и со малите заедници на Црквата.Но, тој покрај Поглавар на Црквата е и Државник. Затоа неговата посета е посета на Црквата и Државата“, истакна Монс. Киро Стојанов, скопски бискуп и струмичко-скопски епарх.За прв пат во историјата, Република Северна Македонија, нејзините граѓани од католичката вероисповед, но и сите други граѓани на земјата, на чело со претседателот и премиерот на Република Северна Македонија, ќе бидат домаќини за време на посетата на Светиот Отец, Папата Франциск и делегацијата на Ватикан. 

пред 6 години

6 год.
IMG_4427

ЈДГ „Весели Цветови“ одбележа 74 години постоење

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски денеска присуствуваше на одбележувањето на  74 години од постоењето на најстарата ЈДГ „Весели Цветови“ во Република Северна Македонија.По овој повод во објектот „Сончоглед“ дечињата од градинката пред присутните изведоа прекрасни ритмички и музички точки преку кои на возрасните им испратија пораки. Овој голем настан со градоначалникот го проследи и Зоран Ацевски, член на Советот на Општина Кисела Вода.Од почетокот на мандатот на градоначалникот Филип Темелковски, во Општина Кисела Вода се обновени сите објекти на двете јавни детски градинки. Во ЈДГ „Весели Цветови“ беа извршени повеќе реконструктивни зафати. Во сите 6 објекти поставени се нови прочистувачи за воздух, децата добија нови играчки  и дидактички материјали: дрвени сложувалки, ролкостери, друштвени игри и реквизити за физички активности. Покрај ова, објектот „Сончоглед“ доби целосно обновени санитарни јазли, нов ламинат, а оштетените креветчиња, плакари, столчиња и масички наменети за децата заменети се со нови. Во просториите на објектот „Сончоглед“ извршено е и молерисување. 

Скопје | пред 6 години

6 год.
DSC_7307

Средба на премиерот Заев со висока парламентарна делегација од Република Полска

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, денеска се сретна со Ришард Терлечки, заменик претседател на Парламентот на Република Полска.На средбата е изразена поддршка за евро-атлантските интеграции на Република Северна Македонија. Најавено е дека во скоро време полскиот Парламент ќе го ратификува Протоколот за прием на нашата држава во НАТО.Исто така констатирано дека Република Северна Македонија е подготвена да направи напредок и во европските интеграции. Заеднички е констатирано дека потребно е да продолжат политиките на проширување на Европската унија.-Наша аспирација е на Самитот во јуни, во ЕУ, по 14-годишен кандидатски статус да добиеме датум на почеток на преговорите со ЕУ. Се надеваме дека континуираната поддршка на нашата земја, од нашиот голем пријател, Република Полска, ќе се потврди и во јуни, а ние работиме на аргументите да ја заслужиме таа поддршка, рече премиерот Заев.Претседателот на Владата, Заев, посочи дека Република Северна Македонија важи за позитивен пример, како низ дијалог се решаваат важни прашања со соседите, низ градење пријателство и заедничка иднина. Тој дополни дека реформите успешно се спроведуваат. А решавањето на крупните политички прашања, процесот на прием во НАТО и охрабрувањата за приближување кон ЕУ, даваат резултати и на економски план, како што е зголемувањето на странските инвестиции за 4 пати во 2018 година, во однос на 2017 година, намалувањето на невработеноста, растот на индустријата и БДП, што води кон мотивација на младите да останат да живеат и работат во родената земја.-Пред избори сме за 5-от претседател на државата и веруваме дека со свесност и одговорност од сите, ќе покажеме дека оваа земја има сериозни демократски капацитет, рече премиерот Заев. На средбата е разговарано и за отворените можности за унапредување на соработката во областа на одбраната, економски план, на полето на туризмот, културата, и парламентарната соработка, поради што е во земјава полската парламентарна делегација. Премиерот Зоран Заев упати покана за официјална  посета на премиерот на Република Полска, Матеуш Моравецки преку заменик претседател на Парламентот на Република Полска, Ришард Терлечки.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Пендаровски: Интеграциите и прогресот се нераскинливо поврзани процеси

Не може да постои Македонија напредна, богата и просперитетна ако небиде интегрирана. Затоа клучната моја заложба е Северна Македонија да биде час поскоро полноправна членка и на НАТО и на ЕУ, истакна Заедничкиот кандидат за претседател  Стево Пендаровски кој денеска е во посета на Кочани и ВиницаВо овие рамки јас го гледам и решението за проблемот со иселувањето еден од најголемите проблеми кои оваа земја ги има, знаете дека тој проблем постои одамна дека има длабоки корења но својот врв го достигна во време на 10 годишното владеење на фамилијата.Чесно е да се каже дека оној што ветува брзо решавање на тој проблем ги залажува граѓаните. Брзо и лесно решение за овој проблем не е можен, меѓутоа можно е да ги отвориме портите на пошироките интеграции и на тој начин да овозможиме влез на странските инвестиции, отворање на нови работни места и прогрес на сите полиња. Само на таков начин ако Македонија биде дел од модерниот и развиен свет, ние можеме да имаме шанса на младите овде, но не само и на младите, да им понудиме овде да почнат свој живот, кариера, бизнис и свој личен и професионален развој, а не таквата шанса да ја бараат некаде низ белиот свет.Алтернативата на ова значи прогрес преку интеграциите на државата, ја слушаме од нашите  политички опоненти и според нив се што досега е постигнато особено во последниве година до  две, треба да се блокира и Македонија да се повлече од тие процеси и да продолжи изолирано да се развива, тоа сакам да ве убедам дека не е возможно.Значи само преку интеграции доаѓаме до прогрес со изолација одиме до дополнително уназадување, а толку многу луѓе особено млади генерации веќе ја напуштија оваа земја чекајќи подобар живот, истакна Пендаровски.

Македонија | пред 6 години

6 год.
vlado-misajlovski

Мисајловски: Силјановска Давкова е навистина правиот избор за Република Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе кандидатурата за новиот претседател на Република Македонија, тоа е професорката Гордана Силјановска Давкова. Денеска е убав ден за сите граѓани на Република Македонија, бидејќи имаме еден одличен кандидат, имаме и кандидат што ќе го прифатат мнозинството граѓани на Република Македонија и ќе се обединиме кон една голема победа за Република Македонија, истакна Владо Мисајловски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.Имаме одлична шанса, одлична можност да ги повикаме сите граѓани на Република Македонија да ни се приклучат, да ја победат оваа борба и битка со нас за правда и правдина.Имаме можност да допреме до сите граѓани, да ги посетиме, да почнеме да одиме на терен од врата на врата. Да ги посетиме сите семејства, да го кажеме она што навистина се случува во овој период, што она се случуваше и изминатиот период од власта. Но се разбира и што ќе подобриме.Затоа Гордана Силјановска Давкова е навистина правиот избор за Република Македонија. Очекуваме да има одлична кампања. Очекуваме наредниот период навистина да покажеме една добра основа за еден добар натпревар и да победи се разбира најдобриот кандидат, а тоа е Гордана Силјановска Давкова.Ги повикувам сите граѓани заедно да победиме, истакна Мисајловски.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Кирацоски: Несомнено оваа кандидатура на Стево Пендаровски е избор на сите граѓани

Денеска во името на над 32 илјади граѓани до Државната изборна комисија ја доставивме кандидатурата на Стево Пендаровски, за претседател на сите граѓани. Горди сме што за само еден ден, со свој личен потпис огромен број граѓани застанаа зад оваа кандидатура, истакна генерален секретар на СДСМ и шеф на изборен штаб, дадена по официјалното поднесувањето на кандидатурата за претседател на Стево Пендаровски.Несомнено кажано оваа кандидатура на Стево Пендаровски е избор на сите граѓани на Република Северна Македонија.Стево е избор за претседател на сите граѓани, за сигурна, стабилна, безбедна и напредна Република Северна Македонија.На граѓаните, на нашата држава потребен им е претседател првенствено кој што обединува, кој што работи чесно и професионално, и кој што ги штити интересите на граѓаните и државата.Тоа е Стево!Претседател кој што ќе ја води државата напред кон ЕУ и НАТО, и кој што ќе го гради концептот едно општество за сите.Продолжуваме напред, заедно, со Стево, идниот претседател на Република Северна Македонија, истакна Кирацовски. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Шилегов: Оваа пролет ќе се засадат 1.200 дрвја во сите скопски општини

Денеска, на првиот ден на пролетта, екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ симболично засадија 10 декоративни садници од видовите туја розенталис и ацер и 1.200 цвеќиња од видот виола - темјанушка во дворот на ОУ „Мирче Ацев“, во општината Ѓорче Петров. На акцијата за засадување дрвја присуствуваа градоначалникот Петре Шилегов, градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумовски, директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, Ардијан Муча и голем број ученици од ова основно училиште.- Во тек е редовното пролетно уредување на јавните зелени површини во градот. Оваа пролет е предвидено да се засадат повеќе од 1.200 повеќегодишни висококвалитетни листопадни и зимзелени садници во сите скопски општини. Работиме и на обновување на средишното булеварско зеленило. Градот од оваа пролет ќе биде побогат и за неколку нови паркови чие оформување е во тек – рече денеска градоначалникот Шилегов. Деновиве се работи на уредување на новиот парк Ибни Пајко зад зградата на Филхармонијата, на обнова на зелените површини во Центар и во Карпош на булеварот Партизански одреди, на парковите на булеварот Февруарски поход и булеварот Србија во Аеродром, на булеварот Борис Трајковски во Кисела Вода, на улицата Втора македонска бригада во Чаир, како и на паркот во близина на студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“.Градоначалникот додаде дека зазеленувањето останува на врвот на приоритетите на Град Скопје и дека со враќањето на зеленилото во градот се подобрува животната средина и квалитетот на воздухот.

Скопје | пред 6 години

6 год.
heroin-111

Тетовка обвинета за продажба на хероин и психотропни супстанции во Скопје

 Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.Обвинетата жителка на Тетово, во домот во кој што времено престојувала во Скопје, неовластено заради продажба држела наркотична дрога хероин со вкупна нето маса од 31,62 грама, како и психотропни супстанции – половина таблета метилен-диоксиметамфетамин и 0,67 грама псилоцин. Наркотичните средства биле пронајдени при претресот на домот во кој престојувала обвинетата на 24.01.2019 година.Со оглед на тоа што се уште постојат причините поради кои на сега обвинетата и беше определена мерка притвор од страна на судијата на претходна постапка, надлежниот јавен обвинител до Судот достави и предлог за продолжување на притворот.

пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања