Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
tepacka1

Охриѓанец заработи кривична пријава – нападнал полицаец

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело ,напад на службено лице при вршење на работи од безбедноста“, СВР Охрид, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против З.Ј.(53) од Охрид.Тој, на осумнаесетти март оваа година околу 18 часот, на улицата „Момчило Јорданоски“ во Охрид, физички нападнал полициски службеник кој преземал службени мерки по претходен пријавен нарушен јавен ред и мир.

Македонија | пред 6 години

6 год.
izbori

1.781 граѓани се пријавиле да гласаат за претседателски избори во странство

Вкупно 1.781 граѓани ќе гласаат во 32 дипломатско – конзуларни претставништва и конзуларни канцеларии на Република Северна Македонија во странство на претстојните претседателски избори, од нив најголем број ќе го исполнат гласачкото право во Венеција 290, во Љубљана 215 и во Париз 123 лица.Како што објави Државната изборна комисија, од вкупно пријавените 1.841 граѓанин кои се пријавиле да гласаат за изборите во ДКП-а во законски предвидениот рок, 1.835 лица ги исполниле законските услови за остварување на своето гласачко право.Воедно, во 15 ДКП-а и конзуларни канцеларии на државата во странство (Анкара, Астана, Атина, Варшава, Доха, Каиро, Киев, Мадрид, Москва, Нзу Делхи, Пекинг, Подгорица, Солун, Софија и Тирана) се прифатени помалку од 10 граѓани, поради што, согласно член 165 став 3 од Изборниот законик за вкупно пријавените 54 лица не постојат законски можности гласањето да се спроведе бидејќи во нив нема да се испраќаат избирачки одбори.Овие лица своето право на глас ќе можат да го остварат на избирачките места на кои се распоредени во Република Северна Македонија, за што ДИК ја задолжи Стручната служба да ги извести. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
bogorodica_litija_strumica

Свечена литија со иконата на пресвета Богородица „Брзопослушничка“ во Струмица

Во спомен на пристигнувањето на иконата на пресвета Богородица „Брзопослушничка“ и оваа година ќе биде одржана свечена литија во Струмица, информираат од Струмичката епархија на МПЦ-ОА.Вo сабота во манастирот „Светите петнаесет тивериополски свештеномаченици“ ќе биде отслужена воскресна вечерна богослужба, а потоа со свечена литија иконата на Мајката Божја Брзопослушничка ќе биде однесена во црквата „Свети Григориј Палама и Свети великомаченик Димитриј“, каде ќе се отслужи Молебен канон, а иконата ќе биде оставена за поклонение на верниците.Вo недела, на одбележувањето на двегодишнината од донесувањето на оваа икона во Струмица, во црквата „Свети Григориј Палама и Свети великомаченик Димитриј“, ќе започне утринска служба, а по пречекот на архиереите ќе започне Божествената Литургија.Во 11 часот ќе започне свечената литија со иконата, по булеварот „Маршал Тито“ до градскиот плоштад „Гоце Делчев“. На плоштадот е предвидено молитвословие (доксологија), проследено со кратки поздравни слова, по што литијата ќе продолжи по старата чаршија до манастирот „Светите петнаесет тивериополски свештеномаченици“, каде што ќе биде подготвена трпеза на љубовта за сите присутни.

Македонија | пред 6 години

6 год.
karadzoski

Претседателот на Судскиот совет Караџовски на распит за зголемувањето на плати

Претседателот на Судскиот совет Зоран Kараџоски, утрово е повикан да даде исказ во Јавното обвинителството за организиран криминал и корупција, објави 1ТВ , во врска со зголемувањето на плати на членовите на Судскиот совет.За потсетување во декември 2018 година членовите на Судскиот совет донесоа одлука да си ги зголемат нивните плати и платите на судиите за 35 отсто, со што нивните плати беа зголемени за 21.000 денари. Информацијата ја објави Синдикатот на УПОЗ.По побјавите во медиумите, кон крајот на 2018 година, Обвинителството отвори предмет по допрен глас за додатоците. Како што тогаш соопшти обвинителството ќе се испитува основаноста на донесените одлуки и ќе се истражува евентуална кривична одговорност за злоупотреба на службената положба и овластување и нанесена штета на буџетот на Република Македонија со исплата на додатоците кои не се пропишани со законот за плати на членовите на судскиот совет. 

пред 6 години

6 год.
struzanka-rakomet

Во недела ракометен натпревар во Струга посветен на децата со Даунов синдром

Хуманитарен дерби ракометен натпревар во Струга Женскиот дерби ракометен натпревар помеѓу ЖРК „Стружанка“ Струга и ЖРК „Пелистер“ Битола, за влез во 1/2 финале ќе биде од хуманитарен карактер.ЖРК „Стружанка“ неможејќи да учествува на “Трката посветена на децата со Даунов Синдром” поради истовременото одржување на натпреварот, одлучи дерби мечот од Купот против ЖРК „Пелистер“ да го посвети на децата со Даунов синдром.Натпреварот ќе се одигра во недела (24.03.2019) во 14 часот во салата “Нико Нестор” во Струга.Влезот ќе биде слободен, а донациите- секој според можностите, ќе може да се доделат на посебно обележани места на влезот од салата.Бидете дел од денот посветен на децата со Даунов синдром - во недела во 14 часот дојдете в сала, да заедно навиваме и да бидеме хумани! Парите наменети за децата со Даунов синдром да ги донираме заедно и со цело срце.

Македонија | пред 6 години

6 год.
ujp

Од 1 април УЈП ќе почне да испраќа претпополнети Годишни даночни пријави на меил

Граѓаните годинава немаат обврска да пополнуваат годишна даночна пријава и да ја носат во УЈП, но за тоа пак, ќе чекаат даночната листа да им стигне на меил. Упрвата ќе почне да ги испраќа на 1 април и до крајот на месецот сите граѓани ќе треба да добијат во електронска форма пополнета даночна пријава, што ќе се однесува за остварените приходи од 2018 година.Но што треба да прават граѓаните откако ќе ја добијат на меил? Пријавите ќе пристигнуваат на електронската пошта што граѓаните ја пријавиле при регистрацијата на електронскиот систем. Пријавите ќе пристигнат преку електронскиот систем e-pdd.ujp.gov.mk, најдоцна до 30 април. Потоа корисникот најдоцна до 31 мај треба да ја потврди или да ја корегира даночната пријава.Инаку годинава за прв пат граѓаните имаат ваква можност, бидејќи до минатата година тие своите даночни пријави ги поднесуваа на шалтерите на УЈП, при што пред истекот на рокот се правеа големи гужви, а сега товарот нема да биде на граѓаните туку на Управата за јавни приходи.Во електронскиот систем на Управата за јавни приходи се регистрирани близу 700 илјади даночни обврзници. Иако беше предвидено беше одложено регистрирањето во системот на пензионерите што остваруваат приход само по основ на пензија.Доколку како граѓанин, во текот на 2018 година, сте оствариле приходи по основ на плата, или приходи од издавање под закуп на станбен објект (кирија) или сте оствариле хонорар по основ на авторски договор, сте учествувале во наградна игра и сте оствариле добивка над 5000 денари или пак сте оствариле добивка од посебни игри на среќа (во казино, во обложувалница, во автомат клуб), имате обврска податоците за приходите искажани во пополнетата годишна даночна пријава да ги потврдите, доколку се точни, да ја коригирате, дополнувајќи ја – доколку имате остварено приход кој не е искажан односно опфатен во неа или да ја коригирате, доколку за некој од искажаните приходи увидите дека износот не е точен или вистинит.    

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Поднесен обвинителен акт за неовластена продажба на хероин и кокаин во Синѓелиќ

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт  против едно лице кое се товари дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.Обвинетиот неовластено заради продажба набавил поголемо количество наркотична дрога – хероин и кокаин, ја однел во својот дом во скопското село Синѓелиќ и ја препакувал во помали количества со намера да ја пушти во продажба. При извршениот претрес на неговиот дом на 07.03.2019 година била пронајдена и одземена наркотична дрога кокаин со вкупна нето маса од 269,41 грама, како и наркотична дрога кокаин со вкупна нето маса од 90,9 грама. Притоа била пронајдена и дигитална вага и други предмети со остатоци од наркотична дрога.Согласно член 98 од Кривичниот законик, надлежниот јавен обвинител во Обвинителниот акт му предложи на Судот од обвинетото лице да се конфискува посредната имотна корист – парични средства и тоа вкупно 350 евра и 64.000 денари во различни апоени, бидејќи имотната корист произлегува од недозволена активност на обвинетиот.Со оглед на тоа што се работи за лице кое досега повеќепати е осудувано, а имајќи го предвид видот и карактерот на кривичното дело, висината на пропишаната казна и начинот на извршување, надлежниот јавен обвинител ценеше дека се исполнети законските основи на обвинетиот да му биде продолжена претходно определената мерка притвор. Затоа до Основниот суд Скопје 1 Скопје заедно со обвинителниот акт е поднесен и предлог за продолжување на притворот, поради опасност обвинетото лице да се даде во бегство, да го повтори кривичното дело или да влијае на кривичната постапка. 

пред 6 години

6 год.
cv3aviqc0y3libcldsik

ПОТРЕСНО ВИДЕО: Жена и две малолетни ќеркички во Куманово ќе останат на улица, се плашат од глад и смрзнување

Нивниот живот е полн со солзи ,но и верба дека нема да се разбудат под отворено небо и дека конечно ќе и затворат врата на неизвесноста и влагата која ја има насекаде во куќата од која за еден месец треба се иселат.Призренка Мишиќ која има епилепсија и е самохрана мајка заедно со нејзините малолетни ќерки три години живее во оваа куќа во Куманово, која од секаде тече вода и тоне во влага, но не се жали од лошите услови, поради кои и здравјето и е влошено.Преплашени и збунети од текот на нивниот жовот, чекаат во последен миг некој да ги спаси од лоша судбина.Човекот кој им дозволил да живеат тука ќуката ја продал.„Живеам тука веќе две години, со две ќерки, боледувам од епилепсија, имам проблем со оџак ми тече многу. Од тука треба да си одам во март, немам каде да одам со двете деца“ - вели Призренка Мишиќ.Призренка Мишиќ живее од постојана социјална помош, детски дотаток и од нега за трето лице, со дваенаесет илјади преживува колку што може. Вели дека животот никогаш, не ја насмеал, дошла од Лесковец и се омажила тука, но сопругот бил алкохоличар и ја малтретирал, морала да се разведе и да се соочи со сите предизвици кои постојано ја изненадуваат.„Ме тепаше, двапати ми ја скрши главата, ме бркаше од куќа кога ќе дојдеше пијан. Беше пријавуван во полиција. За мене не е битно, децата ќе ми отидат“ - рече Мишиќ.Оваа самохрана мајка не испрати со надеж дека конечно нејзиниот глас ќе допре на вистинското место и дека нејзините ќерки нема да продложат да чекорат со горчливиот вкус на бесизлезноста. Верува дека еден ден ќе почнат и тие да го  живеат своето детство без солзи.

Македонија | пред 6 години

6 год.
145

Ферид Мухиќ на Конференција на Парламентарното собрание на Франкофонијата - Регион Европа

Денеска, во Брисел, Кралството Белгија, ќе се одржи Конференција на Парламентарното собрание на Франкофонијата - Регион Европа (ПСФ - Регион Европа), на која ќе учествува Ферид Мухиќ, пратеник и потпретседател на Секцијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на Франкофонијата (ПСФ).Оваа конференција се одржува по повод 20 Март - Меѓународниот ден на Франкофонијата и на истата ќе се дебатира за состојбата на употребата на јазиците во институциите на ЕУ, геостратешките предизвици на јазиците и за промоција на мултилингвизмот во Европа.На учесниците на оваа седница ќе им се обрати Жан-Пол Вал, шеф на Мисијата Европа на Парламентарното собрание на Франкофонија; Жак Крабал, генерален секретар на Парламентарното собрание на Франкофонијата; Бруно Фухс, претседател на Секцијата на Националното собрание на Франција; Хамза Фаси Фири, претседател на Белгиската секција во ПСФ; Луј Мишел, поранешен комесар на ЕК и пратеник во Европскиот парламент, како и бројни експерти. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
siljanovska-pendarovski

Силјановска почнува во Охрид, а Пендаровски таму завршува

Охрид, според навестувањата, ќе биде во центарот на претстојната изборна кампања за претседател на државата, што е очекувано со оглед на поклопувањето со вонредните избори за градоначалник на оваа општина, која важи за една од најатрактивните во државата, а во минатото таму се бележеа чести осцилации во политичкото расположение на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ, традиционално, и за претстојните избори го избра Охрид како стартна позиција за кампањата, која почнува на 1 април. СДСМ, пак, планира таму да го одржи завршниот митинг пред првиот изборен круг, односно на 18 април, пред почетокот на изборниот молк.Исто како и пред предвремените парламентарни избори во декември 2016 година, карваните на двете најголеми партии и годинава, најверојатно, ќе стартуваат од Охрид и од Прилеп, каде што владејачката коалиција ќе го одржи првиот митинг, а неколку часа пред тоа претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, всушност, ќе го има првиот кампањски настап во Крушево. Од СДСМ велат дека последните кампањи ги почнуваат од Прилеп како симбол на победа што, како што велат, беше потврдено и на последните локални избори.Интересен е податокот дека во однос на распоредот на митинзи и други технички прашања пред претстојните избори се одвива поинтензивна координација од вообичаената меѓу штабовите на тројцата претседателски кандидати: Пендаровски, Гордана Силјановска-Давкова и независниот кандидат Блерим Река, кој доби поддршка од Беса и Алијансата на Албанците. Овој принцип беше договорен на неодамнешната средба меѓу лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски, во насока на обезбедување фер и регуларен изборен процес кој би влијаел позитивно и на оценките на ЕУ пред одлуката околу датумот за преговори.Повеќе на Независен.мк

Македонија | пред 6 години

6 год.
vmro_dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски молчи за невработеноста на младите од 47,6% која е највисока на Балканот

Стево Пендаровски е ист како неговиот партиски шеф Зоран Заев.   Пендаровски како Заев молчи за искажаните лажни ветувања за продажбата на блиндираниот мерцедес.  Неговата партија ветуваше нови возила за Брза помош кои ќе се набават од продажбата на мерцедесот, а сега во него ги возат сите високи гости во Македонија и земаат стари и користени од земјоделие, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Пендаровски исто како Заев молчи за невработеноста на младите, а во кампањата претходно ветуваа намалување на младинска невработеност и подобрување на младинскиот стандард. Наместо подобар стандард,  донесоа беда и сиромаштија за младите лица.Светска Банка потврди дека за 2018 година, имаме младинска невработеност од  47,6%, што е највисока на Балканот и тоа не прави полоши дури и од Косово, додека пак над 140.000 млади лица откако е СДСМ на власт живеат под прагот на сиромаштијата.Пендаровски како Заев молчи и за фалсификатот на референдумот,  и за непостапувањето на институциите кои ги игнорираат кривичните пријави и доказите за грубо полнење на кутии , поткуп и злоупотреба на над 50.000 гласови.Пендаровски молчи како Заев и за тоа на кој јазик зборуваат Македонците во Грција и на тој начин практично дава поддршка на откажувањето македонското население во Грција и нивното право на самоопределување како Македонци.Пендаровски како Заев молчи за сите криминални зделки во 4 очи, за местените тендери и грантови на  власта како  и за непотизмот кој што откако е СДСМ на власт како канцер метастазираше во нашето општество.Политичкиот прогон во државата и монтираните судски процеси се режирани од Заев и од Пендаровски. Зацрнија цели семејства осудувајќи лица за дела кои што не ги извршиле, а единствен нивни грев е што се политички неистомисленици на Зоран Заев.Пендаровски и Заев се лице и опачина на една иста монета. На Република Македонија не и треба нов Зоран Заев,  државата има потреба од претседател кој ќе работи согласно устав и закон. Република Македонија и граѓаните имаат потреба од претседател кој ќе работи согласно државните и национални интереси“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 6 години

6 год.
luta-zena

Женски особини кои не ги сака ниту еден маж

1. МатеријализамЗа многу жени финансиската сигурност претставува важен фактор кога одбираат партнер. Не треба некое посебно истражување, иако е направено, за да покаже дека материјално обезбедените и стабилни мажи им се многу попривлечни на жените од останатите.Без разлика дали спаѓате во оваа група на жени или не, отворено покажување на важноста на парите на почетокот од врската и во текот на запознавањето на мажите воопшто не им е привлечно. Ако барате скапи подароци и отворено покажувате дека ви се важни неговите финансиски гестови, треба да знаете дека во машката глава тоа изгледа многу лошо.2. Грубост и нељубезностЖените не се единствените кои забележуваат како нивниот партнер се однесува кон другите луѓе, на пример кон келнерките или продавачите. Грубоста и негативноста воопшто не се привлечни особини и тоа останува како впечаток и кај мажите.Агресивното однесување на жените кон друга личност воопшто не е привлечно, исто како и нељубезноста и покажувањето на отворено непријателство кон некого.3. Трачеви за туѓи животиНа мажот на кој му се допаѓате сака да знае сè за вас, но не го интересираат животите на вашите другарки или колешки. Понекоја смешна ситуација или шега одвреме-навреме може да си раскажете, но ако секој збор буквално е посветен на туѓите животни, односно сте опседнати со озборување тогаш имате особина која ниту еден маж не ја сака.

Магазин | пред 6 години

6 год.
samodoverba

10 работи кои ќе ја зголемат вашата самодоверба

1.Променете ја бојата на косата или направете нова фризура за да и дадете повеќе сјај на косата или само затоа што ви е потребна промена. Ќе се изненадите колку поинаку се чувствувате со новиот изглед.2.Носите облека во која се чувствувате добро и му верувате на сопствениот вкус. Ако морате да се погледнете во огледало повеќе од трипати, преоблечете се.3. Ако немате време да се грижите за ноктите и лакот за нокти, најдобро е да не ги лакирате. Скратете ги и обликувајте ги уредно. Рацете се дел од телото што најмногу ги забележуваме кај други.4. Со храната внесувајте доволно антиоксиданси за да ја одржите телесната и психичката сила. Препорачана дневна доза е 60 мг витамин Ц, 8 мг витамин Е и многу бетакаротин од овошје.5. Преземете ја контролота и веќе денес решете барем една од обврските што со недели намеравате да ги направите – на пример, отидете во банка или испратете ја даночната пријава.6. Купете градник што совршено ви прилега. Ќе изгледате подобро и ќе се чувствувате многу попривлечна.7. Дневно одделете 15 минути – без оглед дали сте вработени или не – за да размислите за приоритетите во остатокот од денот.8. Изберете нов кармин за усните со силна боја – и не заборавете да се смешкате.9. Прочитајте некоја убава книга, на пример биографија за личност од историјата на којашто и се восхитувате. Таа постигнала многу, значи можете и вие.10. Орасположете се со парфем – немојте скапиот мирис да го чувате за посебни прилики затоа што тој и онака ќе испари. Употребете го и поправете си го расположението.

Магазин | пред 6 години

6 год.
srekja

Четири причини зошто не сме среќни

Среќата е сложена тема. Додека одредени луѓе успеваат да бидат среќни дури и во тешки услови, други пак изгледа дека се несреќни и покрај сѐ што имаат. Зошто е тоа така?Одлучуваме да бидеме несреќниИако звучи многу неверојатно, голем дел од луѓето се вовлекуваат себеси во самосожалување и борба за внимание од другите луѓе, не правејќи никаков мал обид да ја доближат среќата до себеси. Веројатно секој од нас околу себе има личност која гледа негативно на сите случувања. За таквите луѓе е многу тешко да бидат среќни, бидејќи тие имаат песимистички и негативен поглед на животот. Дури и во ситуации кога среќата се појавува во нивниот живот, тие не уживаат во неа, непрепознавајќи ја бидејќи се затворени во својата негативност.Се соочуваме со услови кои влијаат на нашата среќаНекои луѓе и покрај тоа што го имаат одлучуваат да бидат несреќни. Но, постојат и луѓе кои се соочуваат со услови и ситуации кои негативно влијаат на нивната среќа. Тоа што е важно е дека ваквите ситуации не траат долго и потребно е трпение за среќата.Минуваме низ период на промени и предизвициВаквите ситуации се чести по завршување на одреден важен период од животот – завршување на факултет, раскинување на врска или пак напуштање на работата. Тоа се ситуации во кои исто така е потребно трпение, бидејќи потребно е балансирање на нашите емоции, но и нештата во животот пред да се вратат нештата во нивниот нормален тек.Не преземаме ништо за да бидеме среќниУште една дополнителна причина поради која не можеме да бидеме среќни е тоа што многу често дозволуваме да се оставиме себеси во состојба во која не правиме никаков обид за да преземеме нешто за да бидеме среќни. Тоа се луѓе кои можеби не одлучиле да бидат среќни или несреќни, туку едноставно ја посакуваат среќата, а не преземаат чекори за да ја приближат до себе.

Магазин | пред 6 години

6 год.
milano-avtobus

(ВИДЕО) Мигрант запали автобус полн со деца во близина на Милано

Италијански возач на автобуси од сенегалско потекло се обидел да запалат автобус со 51 лице, претежно деца и нивните родители, објави „Раи њуз 24“.Човекот, наводно, истурил бензин во автобусот, велејќи дека сака да го спречи умирањето во Средоземното Море, а потоа го запалил.Едно од децата успеало да ги повика службите за итна помош кои набрзо пристигнале на местото на инцидентот.Локалната полиција веќе го уапсила 47-годишниот возач на автобусот, Усеину Су, кој веќе имал криминално досие.Според медицинските лица, ниту еден од патниците не се здобил со повреди, но 12 деца и двајца возрасни биле однесени во болница со симптоми на труење со чад.https://twitter.com/GiancarloDeRisi/status/1108362506341400576?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1108362506341400576&ref_url=https%3A%2F%2Fkurir.mk%2Fsvet%2Fvesti-svet%2Fitalija-migrant-zapali-avtobus-poln-so-deca-video%2F

Свет | пред 6 години

6 год.
kafe-genijalec

Каков тип на генијалец сте?

Натрупан просторНатрупаниот простор исполнет со книги, белешки и пенкала покажува креативен генијалец. Тоа е така бидејќи кога една личност ќе ја најде својата инспирација и креативност, таа влегува во поинаков свет каде се губи и заборава на тоа да ги организира нештата. Се вели дека масата на Алберт Ајнштајн била толку хаотична и натрупана, така што немало простор ни за прашина.Малку работи на масатаВаквиот простор е карактеристикана на фокусиран, функционален генијалец. Ваквиот простор ги содржи само основните потребни работи. Пример за ваква минималистичка работна маса е онаа на Марија Кири. Ваквата работна маса зборува за личност која е организирана, фокусирана но и која сака да ги има сите нешта под контрола.Простор исполнет со игри и додатоциДали имате додатоци и различни игри на вашата маса. Се смета дека работниот простор на Марк Твен е одличен пример за тоа. Откако завршувал неколку страници пишување потоа тој играл пинг понг и се занимавал со различните додатоци на својата работна маса, обидувајќи се да ја најде инспирацијата повторно. Ваквиот начин на организирање на просторот покажува дека сте релаксирана личност.Сѐ на свое местоДа се биде организиран е многу слично на масата на која има малку работи. Во вакиот работен простор, секој предмет е на свое место и мора да биде вратен на свое место по неговото користење. Се смета дека работниот простор на Томас Едисон бил целосно организиран и прецизен а тој исто така може да се види и во Националниот парк Томас Едисон во Њу Џерси.Многу технологијаДали е вашиот простор исполнет со многу технологија? Ако е така, тогаш вие сте како Никола Тесла.Иако Тесла функционирал во друго време, сепак тој ги имал сите последни технолопки напредоци додека работел. Луѓето кои имаат многу технологија во својот работен простор не само што веруваат дека таа им го олеснува животот, туку и сметаат дка не можат да функционираат без неа.

Магазин | пред 6 години

6 год.
stapala

Формата на вашите стапала зборува за тоа каква сте личност

Читањето на личноста од стапалата е пракса која во Кина и Индија се практикува илјадници години, а корените ги влече од верувањата дека нашите стапала се огледало на душата и телото.Формата на прстите на нозете и карактерот на човекот.Пример бр. 1Укажува на креативна личност. Лицата со ваква форма на прстите се многу паметни и косегаш пронаоѓаа креативни решенија за било кој проблем. Сепак, понекогаш поради несигурноста во себе, ги оставаат започнатите дела на половина.Пример бр. 2Лицата со ваква форма на прстите се енергични и имаат создавачки потенцијал. Секогаш можат да застанат зад она во што навистина веруваат.Пример бр. 3Показател на лидерски особини. Главната цел на овие луѓе е успехот во кариерата. И само една работа може да ги извади од колосек. Тоа е неверојатниот перфекционизам. И уште еден интересен податок – некои индиски легенди велат за тоа дека мајките не дозволувале на синовите да се женат со жени кај кои вториот прст на нозете бил подолг од останатите. Тоа го сметале за знак за заповеднички карактер.Пример бр.4За ваквите луѓе најголема вредност е семејството и блиските пријатели. Сопствениците на ваква форма на прстите ги одликува способноста да слушаат други и скоро се идентификуваат со соговорникот. Понекогаш се примаат кон срце, така да ваквата емпатија често не е од корист.Пример бр. 5Зборува за амбициозноста, но не и желбата за преземање одговорност. Човекот со такви прсти на нозете е забавен и привлечен, но многу често и наивен како мало дете.

Магазин | пред 6 години

6 год.
Napad

Уапсен 18-годишникот кој во живо на „Фејсбук“ го пренесуваше масакрот во Нов Зеланд

Едно осумнаесетгодишно момче беше обвинето бидејќи на Фејсбук  сподели емитување во живо од терористичкиот напад на џамијата во Крајстчерч .Полицијата го уапси, а неговото барање за кауција веднаш беше одбиено.Како што пренесуваат медиумите, неименуваното момче е обвинето и за објавување фотографија на една од џамиите со порака „Целта е забележана”.Ако го прогласат за виновен, тој може да добие до 14 години затворска казна. На суд се враќа во април.

Свет | пред 6 години

6 год.
sonja

Ќерката на Караџиќ: Пресудата е резултат на политички притисок

Соња Караџиќ-Јовичевиќ, потпретседателка на Народното собрание на Република Српска и ќерка на Радован Караџиќ, изјави дека и 20 и 40 години затворска казна е доживотен затвор и дека пресудата за татко ѝ е резултат на политички притисок.„Таквата пресуда очигледно е резултат на политички притисок и нема никаква врска со правото, правдата, фактите и доказите и тоа што во жалбената постапка го работеше адвокатскиот тим“, изјавила таа за РТРС.Како успех на одбраната на Караџиќ го навела тоа што не е пресуден геноцид во седум општини.„Се надевам дека кога тогаш вистината ќе излезе на виделина и дека овие народи, кога ќе дојдат до вистината во БиХ, конечно ќе може да се помират и да живеат нормално. До тогаш мислам дека тоа ќе биде сè потешко и потешко“, рекла Караџиќ-Јовичевиќ.Механизмот за меѓународни кривични судови (МИЦТ), наследник на Хашкиот трибунал, го осуди Караџиќ на доживотна затворка казна. Караџиќ во 2016 година првостепено беше осуден на 40 години затвор.

Свет | пред 6 години

6 год.
dete-1

ВИДЕО: Осумгодишно девојче ги видело мајка си и вујкото како водат љубов па брутално ја убиле

Жоана Кирано имала само 8 години кога исчезнала на 12 септември 2004 година во Пругалија.Нејзината мајка и вујко го поминале поголемиот дел од затворската казна поради нејзино убиство.[embed]Жоана, соседите последен пат ја виделе жива на 200 метри од куќата додека се враќала од продавница.Обвинителството утврдило дека ја убиле мајка и и вујко и, откако девојчето ги видело додека водат љубов.

Свет | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања