Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
DSC_9190

Пендаровски: На вистинскиот пат сме, да ја искористиме шансата за силен напредок

Заедничкиот кандидат за претседател, Стево Пендаровски, вчера беше помеѓу граѓаните на Гевгелија, каде учестуваше на граѓанска трибина со младите.Пред присутните, Пендаровски зборуваше за придобивките и перспективите кои се отвораат со членството во ЕУ и НАТО за младите, можноста за нови, поголеми инвестиции, отворањето нови работни места и подобри услови за сите.- Се кандидирам за претседател за да водам напред. Мојот концепт нуди обединување, заедништво и напредок. Државата конечно тргна по вистинскиот пат, подготвен сум да водам заедно да продолжиме по патот на напредокот. Се обврзувам за доброто на граѓаните, за доборото на младите. Со интеграциите, создаваме можности за младите дома, отвораме перспективи, шанси за подобро образование, работа, пракса. Го гледаме тоа овие денови, инвестициите растат, повеќе пари завршуваат кај граѓаните, се отвораат нови и подобро платени работни места. Со полноправното членство тоа дополнително ќе се интензивира - пососчи Пендаровски.Не смееме да ја изгубиме оваа шанса. Конечно излеговме од изолација, нема веќе враќање назад, ги отворивме европските перспективи и чекориме рамо до рамо со демократскиот свет, - порача Пендаровски од Гевгелија.

Македонија | пред 6 години

6 год.
venko-filipce

Филипче: Подобро да купуваме приватно здравство, отколку да вложуваме во државни болници

Во гостувањето во Топ тема на телевизија Телма, министерот за здравство Венко Филипче, објасни што значи најавата за јавното приватно партнерство во брзата помош и зошто се иницирал овој процес. Новата намера на министерството за здравство е државата да почне да купува здравствени услуги од приватните здравствени установи.-Проблемите со кои се соочува системот и неговите недостатоци, не натераа да пронајдеме уште едно алтернативно решение кое функционира во многу европски земји. Од физибилити студијата очекуваме да ни каже дали истата сума на средства која што сега се користи за итната помош и набавка на возила, плати и тренинг на вработените, може да се искористи на порационален начин за да имаме поефикасен систем. Како систем постои делумно во Италија, Велика Британија, постои во некои од покраините на Германија, изјави министерот Филипче.Тој праша дали здравствениот систем треба да се занимава со набавка на возила и инфраструктура или градење на згради за болници, или едноставно треба да се ослободи од менаџирање на инфраструктурата и да стане систем кој ќе купува услуги?Министерот Филипче рече и дека брзата помош е терет и непотребен трошок во поглед на одржувањето и сервисот на возилата на брзата помош.Иако министерството за здравство во својот буџет има предвидено набавка на нови амбулантни возила и ќе опремува возила од МЗШВ за потребите на итната помош, сепак ќе водедува и јавно приватно партнерство, односно купување на услугите на брзата помош, за кое Филипче ветува дека граѓаните нема да имаат никаков трошок и двојно плаќање. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
soobrakajka1-1

13 сообраќајки во Скопје, едно лице почина

Еден пешак загинал, три лица се здобиле со тешки телесни повреди, а шест лица со лесни телесни повреди во осум сообраќајни незгоди од вкупно 13 што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Материјална штета е причините во четири сообраќајни незгоди.Полицијата, според податоците на Министерството за внатрешни работи, од сообраќај исклучила 28 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, 17 пред да се стекнат со право на управување моторно возило и тројца почетници.Казнети се и 13 возачи за технички неисправни возила, 12 за нерегистрирани возила, како и 101 возач за непрописно паркирање. Со специјалното возило „пајак“ биле подигнати 79 возила.Полицијата евидентирала и осум пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин, 12 кои поминале коловоз на црвено светло, четири возачи кои поминале крстосница на црвено светло, двајца возачи кои не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, четворица за неправилно престројување, двајца за неправилно престигнување, четворица за некористење на заштитен шлем од страна на возачите на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл, седум за не носење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 13 за користење мобилен телефон за време на управување моторно возило.

Скопје | пред 6 години

6 год.
gordana-siljanovska-davkova

Силјановска: Многу скоро јавноста ќе се убеди дека сум личност, а не нечија марионета

Професорката и кандидатка за претседател на Македонија, Гордана Силјановска-Давкова во интервју за весникот ВЕЧЕР, вели дека нејзините противкандидати немаат проблем со новото име, но таа има.За мене е најважно дека покрај поддршката на ВМРО-ДПМНЕ ја имам сета слобода да ја моделирам кампањата, да имам сопствена изборна програма и да испраќам пораки до електоратот согласно со моето лично и професионално кредо, а тоа е право и правда за Македонија. Убедена сум, вели во интервјуто кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, дека многу скоро јавноста ќе се убеди дека сум личност, а не нечија марионета. Ајде да почнеме со поправање на штетите на оваа власт, па за неколку години да дојдеме во ситуација која сега можеби се чини невозможна“, порачува Силјановска Давкова.На прашањето дали е партиски или натпартиски кандидат таа вели дека ја цени поддршката на ВМРО- ДПМНЕ, но важно е да има слобода при изборната кампања.„Да ве потсетам дека ВМРО-ДПМНЕ организираше отворен и фер натпревар во рамки на партијата и дека мене не ме “кооптираа” или “избра” картел на партиски врхушки. Тоа што партијата се покажа отворена кон личност, која доаѓа надвор од нејзините редови и притоа е жена, зборува за значителен прогрес. Второ што сакам да нагласам е дека освен одлуката на Конвенцијата, јас на своја страна ги имам и потписите на граѓаните, поддршката на поголем број помали партии (од кои неколку ги претставуваат и другите етнички заедници), но и поддршка на колеги, интелектуалци, уметници, итн. Сепак, за мене е најважно дека покрај поддршката на ВМРО-ДПМНЕ ја имам сета слобода да ја моделирам кампањата, да имам сопствена изборна програма и да испраќам пораки до електоратот согласно со моето лично и професионално кредо, а тоа е право и правда за Македонија. Убедена сум дека многу скоро јавноста ќе се убеди дека сум личност, а не нечија марионета“, вели Силјановска Давкова.Силјановска нагласува дека за неа е најважно дека Македонија преживува и минува премрежија и вели дека сега е време да ја ставиме на нозе и да тргнат нештата по патот по кој одат демократиите и социјалните држави во кои во центарот на политиката е човекот, а не елитите.Целото интервју може да го прочитате ТУКА.

Македонија | пред 6 години

6 год.
kristosspircisgrcijatransport-678x381

Грчкиот министер за инфраструктура и транспорт во посета на Македонија

Грчкиот министер за инфраструктура и транспорт Кристос Спирцис денеска ќе престојува во посета на Република Македонија.Според најавите, Спирцис ќе има средба со министерот за транспорт и врски Горан Сугарески по што се предвидени изјави за медиумите. На средбата се очекува да стане збор за патната и железничката инфраструктура на Коридорот 10, како и за можностите за нови линии во авиосообраќајот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
K4rLE-n1-talat-dzaferi-gjorcev-432

Џафери на студиска посета во Шкотска

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери, претседателката на  Комисијата за финансирање и буџет Лилјана Кузмановска  и генералниот секретар на Собранието Цветанка Иванова се на студиска посета во Единбург, Шкотска.Студиската посета, како што информира, собраниската прес-служба, се реализира од 20 до 20 март и е организирана од Вестминстер фондацијата за демократија, во рамки на потпишаниот Меморандум за соработка за воспоставување буџетска парламентарна канцеларија во Собранието на Република Северна Македонија.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Партијата на Орбан исклучена од ЕПП

Партијата Фидес на унгарскиот премиер Виктор Орбан, е суспендирана од страна на Европската народна партија (ЕПП).Овој потег доаѓа после неколкумесечните лоши односи меѓу Орбан и Европската народна партија, а максималното ниво го достигна по нападите на унгарската Влада кон претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер.Суспензијата следува по состанокот на собранието на ЕПП во Брисел, кој ја одобри суспензијата со 190 гласа за и три против, напиша претседателот Жозеф Даул на „Твитер“.Тоа ќе значи дека партијата нема да може да учествува на состаноците на ЕПП, да гласа за одлуките на ЕПП или да предложи кандидати за местата во ЕПП.Казната можеше да биде и поголема, откако неколку членки на партијата дадоа предлог партијата Фидес да биде целосно исфрлена од ЕПП.

Свет | пред 6 години

6 год.
struja-4

Без струја дел од Петровец, Карпош, Студеничани и Сарај

Дел од корисниците од селата Бадар, Петровец, Чојлија, Катлановско Блаце, Кожле, населбата Катланово, објектите на патот за селото Огњаци и тунелот Катланово од 8.55 до 13 часот ќе останат без електрична енергија.Од 9 до 13 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Миладин Поповиќ“ во општина Карпош, а од 9 до 15 часот корисниците од селото Батинци лоцирани на улиците со бр. 1, 2, 3, 4, 5, 6 и 7.Без струја од 9.30 до 14 часот без струја ќе бидат дел од жителите на селото Бојане, во горниот дел.Како што соопшти РЦУК – Скопје, прекините се поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа.

Скопје | пред 6 години

6 год.
Rabota-na-pat

Градежни работи на патот Неготино – Лакавица, сообраќајот ќе се пренасочува

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.Од 21.03.2019 (четврток) на регионалниот патен правец Р1103Неготино – Лакавица ќе се извршуваат работи на пат, реконструкција на мост на река Вардар кај с. Пепелиште. Сообраќајот ќе се пренасочува по земјениот пат с. Пепелиште – Криволак за возила со вкупна тежина до 7,5 тони. На самото место ќе биде поставена соодветна вертикална сообраќајна сигнализација. Овој сообраќаен режим ќе трае до завршување на градежните активности.Ве информираме дека автопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци не е пуштен за сообраќај. На автопатот се вршат проверки од безбедносен карактер. Апелираме до сите возачи да не го користат автопатот.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Облачно време со пониски температури

Денес на повеќе места ќе има зголемена облачност и ќе дува умерен североисточен ветер, па дневната температура дополнително ќе се намали за 2 до 3 степени. Во крајните јужни делови и утре ќе има услови за краткотраен локален дожд.Дневните температури ќе бидат во Скопје 17, Маврово 10, Битола 15, Охрид 13, Кавадарци 17, Крива Паланка 13, Берово 11, Дојран 17 степени.Утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а само во јужните делови претпладне променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.Максималните дневни температури ќе бидат во Скопје 16 степени, Маврово 11, Охрид 13, Битола и Кавадарци 16, Крива Паланка 14, Берово 12, Дојран 17...

Македонија | пред 6 години

6 год.
20190320_231907

ФОТО: Тешка сообраќајка во Скопје, петмина повредени

Teшкa cooбpaќајка се случила вечерва на бензинската на „Лукоил“ во Трубарево, откако едно од возилата се обидело на полна лента да заврти во правец кон Петровец при што наишло другото возилоКако што дознаваме, петмина се пoвpeдeни и со Бpзa пoмoш пренесени на лekyвaњe.Четворциа во еден од автомобилите, а едно лице е повредено во другиот.Извор и фото infomax.mk 

Македонија | пред 6 години

6 год.
janakieski-i-ristovski

По инцидентот со Јанакиески и Ристовски поставени дополнителни рефлектори на шеталиштето во затворот во Шутка

Затвор Скопје ги спроведе препораките од Управата за извршување санкции.По инцидентот во затворот во Шуто Оризари, кога беа нападнати поранешните министри, Миле Јанакиески и Спирот Ристовски, Управата за извршување на санкциите наложи управата на казнено-поправната установа да преземе неколку мерки, пишува „Фокус“.Надзорот на Управата на 15-ти овој месец покажал дека управата во затворот ги реализирала сите задолженија.При надзорот директорот на КПУ Затвор Скопје – Ѓоко Котевски посочил дека во најкус можен рок е постапено и реализирани се задачите дадени од директорот на Управата за извршување на санкциите.Целиот текст можете да го прочитате тука.

Македонија | пред 6 години

6 год.
minister-za-obrazovanie-arbr-ademi_22

По несреќата кај Ласкарци, Образование до училиштата: Внимавајте кој ве вози на екскурзиите

Министерството за образование и наука соопшти дека им укажало на сите основни и средни училишта да бидат особено внимателни при изборот на туристичките оператори, кои ќе ги ангажираат за реализација на училишните екскурзии, пишува Сакамдакажам.мк„Имајќи предвид дека училишните екскурзии се составен дел од воспитно образовниот процес на учениците и помагаат за остварување на одредени цели од наставните програми, доставивме укажување до сите основни и средни училишта да бидат особено внимателни при изборот на правните субјекти, односно туристички оператори кои ќе бидат ангажирани за реализација на екскурзиите, со оглед на последните случувања, односно сообраќајната несреќа со фатални последици по животот и последици по здравјето на повеќе наши сограѓани“, се вели во соопштението од Министерството за образование и наука.Ова соопштение дојде откако Министерството на прашањето на САКАМДАКАЖАМ.МК дали ќе стави мораториум на екскурзиите во основните и средните училишта откако истрагата на Основното јавно обвинителство Скопје утврди дека до автобуската несреќа кај Ласкарци, во која починаа 15 лица дошло поради криминални практики на превозникот.Целиот текст можете да го прочитате тука

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Земјотрес од 2 степени во Македонија

Земјотрес е регистриран денеска во Македонија, со епицентар на 2 км од Вевчани и на 3 км од селото Октиси.Се работи за земјотрес со јачина од 2 степени според Рихтер, а бил на длабочина од 7 км.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Rabota-na-pat

Од утре градежни работи на патот Неготино - Лакавица, сообраќајот ќе се пренасочува

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.Од 21.03.2019 (четврток) на регионалниот патен правец Р1103 Неготино – Лакавица ќе се извршуваат работи на пат, реконструкција на мост на река Вардар кај с. Пепелиште. Сообраќајот ќе се пренасочува по земјениот пат с. Пепелиште – Криволак за возила со вкупна тежина до 7,5 тони. На самото место ќе биде поставена соодветна вертикална сообраќајна сигнализација. Овој сообраќаен режим ќе трае до завршување на градежните активности.Ве информираме дека автопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци не е пуштен за сообраќај. На автопатот се вршат проверки од безбедносен карактер. Апелираме до сите возачи да не го користат автопатот.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Karadzic1

Доживотен затвор за Радован Караџиќ

Радован Караџиќ е осуден на казна доживотен затвор. Со оваа одлука преиначена е првостепената пресуда на Трибуналот во Хаг со која во март 2016 беше осуден на 40 години затвор. Жалбениот совет на Меѓународниот резидуален механизам за кривични судови, како наследник на Хашкиот трибунал ги отфрли сите жалбени наводи на Караџиќ, освен едно делумно усвоено барање број 31.Пред изрекувањето на пресудата, пред судот дојде до инцидент кога на заштитната ограда семејствата на настраданите и претставници на бошњачки здруженија поставија транспарент на кој Караџиќ се споредуваше со Хитлер.Судскиот совет на Хашкиот трибунал во март 2016 го осуди Караџиќ на 40 години затвор за геноцид во Сребреница и злосторства извршени против човештвото во Босна и Херцеговина од 1992 до 1995 година. Караџиќ беше уапсен во Белград на 21 јули 2008 година, а девет дена подоцна беше екстрадиран во Хаг. Долги години се криеше во Србија под лажен идентитет Драган Дабиќ, лекар по алтернативна медицина. Неговото судење почна во октомври 2009 година и заврши со првостепена пресуда во март 2016 година.По објавувањето на доживотната казна затвор за Радован Караџиќ, Стејт департментот ја коментираше пресудата преку соопштение од амбасадата на САД во Босна и Херцеговина.„Амбасадата на САД во Сараево ја поздравува денешната пресуда на Апелациониот совет на Судот во Хаг. Пресудата претставува важен чекор кон утврдување одговорност на поединци кои предизвикаше огромни страдања на жителите до Босна и Херцеговина, и пресудата ја задоволува правдата спрема жртвите и нивните семејства“.Понатаму од американската амбасада во Сараево во соопштението се вели дека „апелираме до сите страни да ја почитуваат пресудата и да се свртат кон колективно помирување и заеднички живот, што е неопходен за стабилна Босна и Херцеговина“.

Свет | пред 6 години

6 год.
images_todorov-21

Тодоров: ВМРО-ДПМНЕ и да има 80 пратеници, нема да го поништи Преспанскиот договор

Поранешниот министер од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров во вечерашното интервју на 1ТВ рече дека ВМРО-ДПМНЕ мора да настапи доблесно во однос на Договорот од Преспа.-Јас се немам скарано со Мицкоски и одлуката да ме исклучат ме изненади, со оглед дека јас застапував став за референдумот во рамки на ставот на партијата: секој да постапи по свое уверување. Јас излегов и реков дека бојкотот не е правилен, и да се излезе и да се гласа со поништување на ливчето. Сега може да се протолкува дека во еден момент во историјата ВМРО-ДПМНЕ не била баш на вистинската страна. Доколку раководството не успее да фати приклучок во оваа поголема слика, тогаш ќе дојде до негова смена. Цел свет го поздравува Преспанскиот договор, дури и Русија го прифати. Доколку претендираш да станеш премиер, тие работи мораш да ги сфатиш. Ако како партија сте одбрале дека сте против тој Договор, тогаш пред меѓународната заедница треба храбро тоа да им го кажете: кога ќе дојдеме ние на власт, ќе го поништиме Договорот. Или доколку знаете дека Договорот е завршена работа, тогаш храбро треба на граѓаните да им кажете дека тоа е така. ВМРО-ДПМНЕ и да има 80 пратеници, нема да го поништи Договорот. Реперкусиите од тоа би биле преголеми, рече Тодоров.

Македонија | пред 6 години

6 год.
plati-so-poezija

„Плати со поезија“ утре на повеќе локации во Скопје

Годинашната акција “Плати со поезија“ на брендот “Јулиус Мајнл“, по повод Светскиот ден на поезијата – 21 Март, ќе се одржува на осум локации во Скопје.Кампањата во која секој што ќе напише стихови за возврат добива кафе, годинава ќе се реализира во 40 земји. Оваа година сите што ќе напишат песна или поема влегуваат во меѓународната наградна игра на Јулиус Мајнл, а шест лица од цел свет ќе може да се запознаат со Том Одел на неговиот концерт во Глазгов на 1 јуни.“Се што треба да се направи е да се напише поемата или песната, да се сликне и да се постира на Инстаграм со хаштагот #PayWithaPoem”, наведува организаторот.Осумте угостителски локали во Скопје во кои може да се плати кафе со поезија се: Ревија, Паладиум, Фонтана, Дион, Центар-бар, Бекјард, Ла кафе и Сквер 21. Во нив постои можност за средба со млади македонски поети и писатели кои ќе им помогнат на стихотворците да ја пронајдат, “внатрешната инспирација заедно со Јулиус Мајнл“.

Скопје | пред 6 години

6 год.
lekovi-apteki

776 аптеки ќе добијат зголемување на квотите за лекови за 12.000 денари

Седумстотини седумдесет и шест приватни здравствени установи-аптеки, со кои Фондот за здравствeнo осигурување во моментов има склучено договор, за месец март 2019 година, ќе добијат рамномерно зголемување на квотите за лекови, за 12.000 денари.Фондот континуирано ја следи достапноста до лековите на рецепт и работи на обезбедување  подобра снабденост со лекови во текот на целиот месец. Ова го прави со  цел осигурениците  да може да ги подигнуваат  потребните лекови во аптеките, во близина на нивното место на живеење.Линеарното зголемување на квотите за дополнителни 12.000 денари, е обезбедено за секоја здравствена установа – аптека, освен за апеките со максимална месечна квота од 650.000 денари и ќе важи само за месец март.Фондот сака да укаже дека еден од условите за зголемување на месечната квота е аптеките да издаваат најмалку 20 отсто лекови за кои осигурениците не треба да доплаќаат.Фондот продолжува внимателно да ги следи состојбите со достапноста на лековите на рецепт во аптеките.

Македонија | пред 6 години

6 год.
5-3

Ванковска: Ќе беше најдобро Кацарска да си молчи

Билјана Ванковска се огласи на својот Фејсбук профил по изјавата на судијката Добрила Кацарска дека пресудата за Игор Дурловски и била најтешко донесена ослободителна пресуда во кариерата.“На Кацарска најтешко ѝ паднала ослободителната пресуда за Игор Дурловски! Слушаш и не ти се верува. Барем да си молчеше.Токму попладнево си разговараме со Богдан Бгданов за ликот на вистинскиот херој на ова време. Не се тоа оние кои се јуначат на ФБ/во кафеана и на зборови, туку овој човек кој остана достоинствен и исправен ОД ПОЧЕТОК ДО КРАЈ, од учеството на протестите, па до крајот на судењето!А онаа негова насмевка нема никогаш да ја заборавам, бидејќи додека беше во притвор тој со насмевка не’ смируваше нас кои бевме вознемирени и загрижени иако на слобода.Тој нам ни даваше кураж, наместо ние нему! Така постапува само човек со мирна совест и големо срце! И за тоа му благодарам од се’ срце”, напиша Ванковска на Фејсбук.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања