Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
Kavadarci-1

Пендаровски:После подолг временски период, Македонија се врати на вистинската патека на европеизација и демократизација

После подолг временски период, Македонија се врати на вистинската патека на европеизација и демократизација, знаете дека долги години бевме заробена држава, знаете дека имавме политички кризи, политички турбуленции, имавме дури и насилен упад во Парламентот, меѓутоа новата влада за релативно кус временски период успеа да ја стабилизира земјата и да ја донесе практично на прагот на НАТО алијансата, истакна Стево Пендаровски, заеднички кандидат за претседател од Кавадарци.По добивањето на поканата за влез во Алијансата, минатата година, очекуваме до крајот на оваа година да станеме 30-та земја членка на најмоќниот воено -политички сојуз на светот.Сето тоа немаше да биде можно ако не бевме сплотени околу идејата да ја реазлираме најголемата стратешка цел од осамостојувањето до денес, а тоа е сите да застанеме зад прогресивните сили кои имаат тешка битка, поминаа многу препреки и конечно успеаа да ги победат силите на регресот.Денес, за жал се уште постојат луѓе и политички структури кои мислат дека со нудење алтернатива која значи всушност враќање назад или со блокада на развојот на државата, Северна Македонија може да просперира.Наредните претседателски избори треба да покажат дека курсот што Македонија го има заземено е исправен и единствено можен во овој период, и јас би апелирал до сите луѓе кои мислат добро на сопствената земја да гласаат за оваа политичка опција за оваа политичка структура, од која сум и јас самиот дел, која во изминативе година и пол до две, навистина успеа од една заробена држава да направи де факто членка на евроатлантските институции.Македонија не смее да си дозволи да оди назад затоа што таа опција е најпогубна за сите нас, ако дозволиме да поништиме се што до овој момент сме постигнале, ако ги поништиме сите договори, сите компромиси кои оваа влада успеа да ги направи, мислам дека ќе се вратиме во голема неизвесност, а тоа нема да донесе прогрес за никого.Едноставно Македонија мора да биде дел од напредна, демократска Европа и да биде дел од напредниот и демократски свет.Северна Македонија не смее да се враќа назад, мора да продолжи напред, да биде дел од напредниот свет, истакна Стево Пендаровски, заеднички кандидат за претседател од Кавадарци.

Македонија | пред 6 години

6 год.
katica-kulavkova

Ќулавкова: Никој во државата не беше овластен за потпишување на Преспанскиот договор

Никој во државата не беше овластен, немаше мандат да потпишува таков договор во смисла на тоа дека предмет на договори со Грција под капата на ОН беше името на државата, но не и дефиниција на македонскиот идентитет, воведување на два идентитета, еден во Македонија, еден во Грција. Понатаму, извесна подреденост на државата Република Македонија или Република сега Северна Македонија, вели академик Катица Ќулавкова во вечерашното гостување во емисија Само вистина на Канал 5.Според Ќулавкова со Преспанскиот договор како држава ќе мораме да бараме мислење и одобрување од страна на Грција со што на тој начин ни е нарушен државниот суверенитет.Со тој договор исто така има еден рестрективен однос по однос на некои прашања како што е македонскиот јазик, тој се признава ама се дефенира како дел од групата на словенски јазици. Ние македонскиот јазик го имавме признато во личната карта на ОН досега и таму и ние знаеме дека тој е дел од јужнословенските и словенските јазици, но сепак мислам политички договор нема зошто да го одредува така во една класифицирана форма, истакна таа.

Македонија | пред 6 години

6 год.
DSC_01-1-1

Мицкоски во Брисел оствари средба со Каранбауер

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски во рамките на својата посета на политичкото собрание на Европската Народна Партија што се одржува во Брисел оствари разговор со лидерката на владејачката германска партија ЦДУ Крамп Каранбауер.За време на разговорот Мицкоски ја запозна со актуелната политичка состојба во државата и разговараа за актуелната состојба во рамките на ЕНП.Каранбауер истакна дека стои на располагање за поддршка на ВМРО-ДПМНЕ и реализација на стратешките интереси и посакува успех на наредните избори. Од лидерката на ЦДУ беше испратена и поддршка за Гордана Силјановска Давкова. Разменија мислења за улогата на жените во политиката. Крамп Каранбауер и даде целосна поддршка на Силјаноска Давкова за победа на следните избори.-Давам поддршка на жените во политиката и се надевам на нивен успех. Се надевам дека ќе станете првата жена претседател на вашата држава и ќе победите на изборите, изјави Крамп Каранбауер.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Mile-Janakieski

Јанакиески бара помош од Цветанов

Поранешниот министер Миле Јанакиески, обвинет во неколку предмети на СЈО, испратил писмо до „Зелена лупа“ во кое се жали дека му биле прекршени неговите основни човекови права. Тој вели дека судските рочишта му биле закажувани премногу често, односно нема време да спреми квалитетна одбрана. Па така, посочува дека во 85 работни дена му биле закажани 57 рочишта, објави Фокус.мк.Писмото на Јанакиески е адресирано до Ване Цветанов претседателот на здружението Зелена лупа, кој во времето додека Јанакиески беше министер се жалеше од „режимот на Груевски“.-Зелена лупа Ве информира дека доби писмен документ од обвинетиот Миле Јанакиевски, во која што се жали за кршењето на неговите основни човекови права.Зелена лупа ќе го разгледа документот и за истиот ќе испрати допис до Основен Суд Скопје 1 – Скопје.Текстот во целост на: Фокус.мк

пред 6 години

6 год.
dzamija-najnova

Кој се ќе одговара пред ОЈО за изградбата на Али Пашината џамија?

Основното јавно обвинителство Охрид постапува во предмет кој се однесува на изградбата на Али Пашината џамија. Предметот е оформен веднаш по добиени сознанија и беше заведен против едно правното лице и едно физичко лице, а по прибавување на тековна состојба од Централниот регистар на РМ, предметот е проширен и против правно лице од Охрид и одговорното лице.Во текот на постапувањето по предметот се прибавени повеќе писмени документи, а кои се однесуваат на реконструкцијата на Али – Пашината џамија во Охрид. Од конзерваторското одобрение произлегува дека правното лице на ден 08.06.2016 година добило конзерваторско одобрение за конзерваторско – реставраторски работи и реконструкција на Али – Пашината џамија во Охрид. Видно од точка 6 на диспозитивот на ова одобрение, работите на конзервација и реконструкција на Али – Пашината џамија во Охрид може да се изведат врз основа на правосилно одобрение согласно со прописите на градење. Тоа во пракса подразбира дека правното лице од Охрид било должно да побара такво одобрение од Министерството за транспорт и врски, бидејќи согласно законските прописи категоријата на градбата подразбира дека за такво одобрение е надлежно Министерството за транспорт и врски, а не подрачната единица на истото министерство во Охрид.Во текот на јавнообвинителското постапување беа превземени повеќе дејствија, пред се насочени кон спречување на штетни последици од кривичното дело. Од тие причини, од Основниот суд беше побарано да се донесе решение за забрана за преземање определени работни активности кои се поврзани со кривично дело, односно забрана за преземање и изведување градежни работи на објектот и таква мерка со Решение од 13.02.2018 година беше донесена кон осомничените.По извршен увид на терен се воочи дека мерките на претпазливост не се почитуваат од страна на осомничените, а за утврдување на промената на фактичката состојба во повеќе наврати од страна на Јавниот обвинител е издадена наредба до градежен инженер, кој излегуваше на лице место во присуство на полициски службеници. При тоа извршено е фото - документирање на состојбата на лице место, а градежниот инженер истата ја констатира во вештите наоди.Со оглед дека постапувањето по судското Решение е во надлежност на Управата за заштита на културно наследство која е носител на Конзерваторското одобрение, но и до Министерството за транспорт и врски, поточно Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, како и поради тоа што интензивно се преземаат дејства за изградба на минарето на наведената џамија и покрај изречените забрани од страна на судот, јавното обвинителство има доставено информација до надлежните со цел да се иницира поведување на инспекциски надзор.На 11 март, Основното јавно обвинителство Охрид беше известено од страна на Централниот регистар – регистрациона канцеларија од Охрид за непосредните изведувачи на работите на терен. По добивањето на овие информации наведените правни и физички лица се додадени како осомничени во предметот.Воедно, од Основниот суд во Охрид согласно член 39, во врска со член 146 ст.1 т.7 и чл. 147 ст.6 од Законот за кривичната постапка е побарано издавање на забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело, односно забрана за преземање на градежни дејствија на наведената недвижност и кон овие четири лица.

Македонија | пред 6 години

6 год.
mijalkov-2

ДОСИЕ открива : Пронајден мобилен телефон во ќелијата на Сашо Мијалков

Во затворската соба во истражниот затвор во Шутка во која е сместен поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков бил пронајден мобилен телефон. Телефонот бил пронајден при извршен претрес, а за ова затворот ќе го извести надлежниот судија, објавува Досие.мк.Ова е втор пат во неговата соба да биде пронајден мобилен телефон.Првиот пат кога беше приведен од хотелот Мериот. При претрес му беа пронајдени два мобилни телефони. Подоцна беше пуштен во куќен притвор, но по изрекување на пресудата за „Титаник 2“ повторно е во притвор.

пред 6 години

6 год.
IMG-41c9fdedd02173a24d80f62252d3465b-V

На повидок Стратешкиот План за приоритетни акции за Дримскиот басен и Езерата

Денес во Скопје во рамките на Дримскиот Процес и ГЕФ Дримскиот Проект се одржува работен состанок на Фокус Групата за изработката на Стратешкиот акционен план на целиот слив на реката Дрим. На работниот состанок учествуваат преставници на надлежни институции од земјата меѓу кои преставници на Кабинетот на Заменик Премиерот на Владата, преставници на Министерството за животна средина, преставници на АД ЕЛЕМ, на Општина Охрид, Агенцијата за планирање на просторот , Хидробиолошкиот завод , УХМР и преставници на НВО секторот,академската заедница и на меѓународните организации УНДП и ГИЗ.Состанокот го отворија националниот координатор на ГЕФ Дримскиот проект Дејан Пановски, раководителот на секторот Води при МЖСПП Илбер Мирта и координаторот на проектот од GWPMed Димитрис Фалутсос.- Процесот за заедничко управување со Дримскиот Басен е во позитивно критична фаза на донесување на Стратешкиот Акционен План за сливот што е документ кој државите ќе го преговараат, ќе утврдат приоритети и ќе ја запознаат донаторската заедница со идните планови за управување. Во тоа влегува и управувањето со сливот на Охридско езеро за што се изработува и интегрален Менаџмент план.

Скопје | пред 6 години

6 год.
Football-For-Friendship-1

Започна седмата сезона на интернационалниот проект “Фудбал за Пријателство”

Македонија по трет пат дел од интернационален проект кој го поттикнува и слави спортскиот дух Москва, Русија, 20 март 2019 година - Компанијата Газпром (Gazprom), официјален партнер на УЕФА Лигата на Шампиони, ја започна седмата сезона на “Фудбал за Пријателство“, најголемиот општествено- одговорен проект во светот наменет за деца вклучени во спортот. Македонија оваа година трет пат по ред ќе биде учесник во овој проект кој минатата година во текот на Светското првенство во фудбал во Русија обедини 211 земји и територии од целата планета. Овогодинешниот Форум, дел од проектот, ќе се одржи од 28. мај до 2. јуни во неделата на одржување на финалниот натпревар од УЕФА Лигата на Шампиони во главниот град на Шпанија, Мадрид. Цел на проектот и оваа година е да го поддржи развојот на детскиот и младинскиот спорт, промовирајќи здрав и активен начин на живот и негување на почит и толеранција помеѓу различни нации и култури ширум светот.Момчиња и девојчиња, меѓу кои и деца со физички недостатоци и посебни потреби, секоја година учествуваат во програмата “Фудбал за Пријателство“, во чии рамки заедно промовираат девет вредности: пријателство, еднаквост, фер игра, здравје, мир, посветеност, победнички дух, почит кон традициите и чест.Македонија и оваа година ќе учествува со свои претставници во рамки на проектот “Фудбал за Пријателство“, локално поддржан од агенцијата “АПРА Портер Новелли Македонија“.Во текот на одржувањето на седмата сезона на проектот “Фудбал за Пријателство“, ќе бидат реализирани различни активности и настани во земјите ширум светот. Составот на “Интернационалните Тимови за Пријателство “ ќе биде одреден во текот на “Отворената Ждребка“, а тимовите ќе бидат именувани по ретки животински видови, во согласност со мисијата на овој проект за заштита на животната средина. И оваа година, низ целиот свет ќе биде одбележан “Интернационалниот ден на Фудбал и Пријателство“, во чии рамки деца и возрасни ќе бидат дел од различни активности за поддршка на проектот – спортски пријателски натпревари и отворени часови за пријателство, притоа разменувајќи “Алки на Пријателство“ – официјален симбол на проектот кој со својата сина боја го означува мирното небо, а со зелената – фудбалскиот терен.Младите Новинари - децата од целиот свет ќе учествуваат во работата на Интернационалниот детски прес центар кој ќе известува за настаните и активностите од новата сезона на проектот “Фудбал за Пријателство“.Децата – новинари ќе се обучуваат да станат вистински репортери и да ги искористат новостекнатите знаења за да известуваат за завршните настани во рамки на проектот кои ќе се реализираат во Мадрид, рамо до рамо со водечки светски медиуми кои и оваа година директно ќе го следат настанот.Покрај своите врсници во улога на известувачи, фудбалски играчи или млади тренери, оваа година за прв пат учество во проектот ќе имаат и млади судии кои посетуваат курсеви за фудбал во своите матични земји. Сите тие, заедно, активно ќе учествуваат во програмата “Интернационален камп за Пријателство“ која опфаќа низа образовни и спортски работилници и активности, предводени од страна на фудбалски асови, тренинзи под будното око на младите тренери, како и стручни предавања и забавни содржини - дел од “Школата за деветте вредности“.Како дел од завршната манифестација ќе биде одржан и “Интернационалниот Форум на Фудбал и Пријателство“. Дополнително, главниот настан од финалната фаза на проектот - “Светско Првенство во Фудбал и Пријателство” ќе се одржи на плоштадот Плаза Мајор, во самото срце на Мадрид. Активностите во рамки на седмата сезона на проектот ќе бидат заокружени со присуство на сите учесници на финалето на УЕФА Лигата на Шампиони кое ќе се одржи на стадионот “Ванда Метрополитано“ (Wanda Metropolitano).“Проектот ’Фудбал за Пријателство’, кој се организира под покровителство на компанијата Газпром, преку спортот негува универзални човечки вредности кај младите генерации. Рушејќи ги сите бариери помеѓу луѓето, овој проект им дава можност на младите да почувствуваат припадност преку неговите цели и овозможува нивниот глас да биде препознаен. ’Фудбал за Пријателство’ како проект ја поттикнува креативната работа во мулти-културен амбиент, со што исклучително допринесува за создавање на глобално спортско општество.“ – истакна Микаел Пуќ (Miquel Puig), Сопственик и Директор на Младинската академија “Soccer Barcelona“.Според Ананја Камбоџа, млада новинарка од Индија, проектот “Фудбал за Пријателство“ благодарение на својот глобален досег, исклучителна популарност и позитивните вредности кои ги промовира, претставува моќно средство за надминување на општествените и економските бариери, а истовремено им помага на младите да се спознаат самите себеси и да се доближат до светот околу нив.

Македонија | пред 6 години

6 год.
51982135_761934034192496_3837100924430450688_n-696x462-1

Почина 19-годишната девојка на која и беше ампутирана ногата од кобната сообраќајка кај Ласкарци

Деветнаесетгодишната девојка на која и беше ампутирана ногата по кобната сообраќајка кај Ласкарци каде што се преврте автобус на „Дурмо турс“ денеска починала на Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување, потврди за „Фокус“, раководителката на КАРИЛ, доктор Маја Мојсова.Лекарите на КАРИЛ повеќе од еден месец се бореа за нејзиниот живот, сепак по страшните повреди кои ги имала не успеала да преживее.– Речиси 40 дена се боревме за нејзиниот живот. Имаше многу повреди, скршеници и многу е жално тоа што не преживеа – истакна доктор Мојсова.Таа е 16-тата жртва на кобната сообраќајка кај Ласкарци што се случи на 13 февруари. Пред една недела беше одреден притвор за шоферот на автобусот, раководителот и сопственикот на „Дурмо Турс“.Извор: ФОКУС

Македонија | пред 6 години

6 год.
izbori2_g111ynj56uj65u56uj56-88972

ЦИВИЛ констатира нерегуларности во предизборието, повикува на поддршка од граѓаните

ЦИВИЛ отсекогаш бил и останува на ставот дека државата ИМА ОБВРСКА максимално да го почитува правото на глас во секоја ситуација, без оглед на тоа дали гласачите биле неажурни во комуникација со матичните служби или се работи за грешка на системот.Врз основа на долгорочниот изборен мониторинг на ЦИВИЛ се констатира дека изборната кампања за претседателските избори е одамна започната, иако законот предвидува почеток на кампањата на 1 април, три недели пред денот на гласањето.Дел од предизборниот фолклор во текот на претходните изборни процеси беа структурното насилство, говорот на омразата, лажните вести, корупцијата, незаконското политичко финансирање, злоупотребата на службената положба, купувањето гласови, притисоците, заканите и уцените. ЦИВИЛ нотира дека голем дел од поранешните слабости, нерегуларности и измамнички практики во изборните процеси се делумно надминати со новините во Изборниот законик, зајакнувањето на дел од релевантните институции и други реформски чекори.ЦИВИЛ будно ги следи состојбите на теренот и веќе констатира низа недоследности, нерегуларности и негативни појави во овој изборен процес. Како и секогаш, ЦИВИЛ, како организација за човекови права и слободи, својот мониторинг во голема мерка го заснова на пријавите од граѓанките и граѓаните, граѓанските новинари и стотиците поддржувачи и членови на организацијата низ целата земја. ЦИВИЛ потсетува дека секоја информација во овој период е важна. Не постојат информации што се неважни. Затоа, независно во кој формат да пристигнат: фотографија, видео, постови на социјални мрежи и друг вид комуникации, лично сведоштво или случка, се добредојдени.Сите што сакаат да помогнат во изборниот мониторинг можат да се вклучат како долгорочни и краткорочни набљудувачи на ЦИВИЛ. Уште поважно: независно од тоа дали се поврзани со ЦИВИЛ како соработници, членови и поддржувачи, учесници на семинарите за граѓанско новинарство или пак веќе учествувале во изборните процеси како наши набљудувачи, сите свесни и совесни граѓанки и граѓани, здруженија, организации, па дури и институции, можат да придонесат кон одбрана на правото на глас и да ја алармираат јавноста и релевантните институции за нерегуларностите и на тој начин да помогнат изборниот процес да биде слободен, фер и демократски. Целото општество е повикано во борбата за искоренување на изборните нерегуларности, почнувајќи од говорот на омраза и лажните вести до злоупотребата на администрацијата и јавните ресурси, пред последиците од нив да бидат несогледливи.„Каде да се пријават изборните нерегуларности, ако не во ЦИВИЛ?“ – гласеше неодамнешната кратка изјава на Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ, организацијата што ужива огромна доверба граѓанките и граѓаните, независно од нивната политичка афилијација, припадност или потекло.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Починал од загушување од чад од оган кој тој го запалил во нива

На 19.03.2019 година во 18:40 часот во Полициска станица Богданци било пријавено дека Б.В (78) од село Ѓавото, општина Богданци, бил пронајден починат во нива лоцирана во место викано „Парагон“ атар на село Ѓавото. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа на Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гевгелија. По преземени мерки било утврдено дека Б.В. починал како последица на загушување од чад од оган кој тој го запалил во нива. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на семејството.

Македонија | пред 6 години

6 год.
oruzje-i-heroin

Кај велешанец пронајдени пиштоли и куршуми

На 19.03.2019 околу 21.00 часот на улица „Живко Брајковски“ во Гостивар од слобода биле лишени С.Н.( 32 ) и И.М.( 32 ) од Гостивар. При преглед кај нив полициски службеници пронашле и одзеле марихуана. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок. Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против Б.К.(69) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со огнено оружје или распркувачки материи“. На 31.01.2019 во Велес полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле пиштол „Pietro beretta“ калибар 7,65 мм, пиштол непозната марка и 32 куршуми калибар 7,65 мм, кои ги поседувал без соодветна дозвола.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Во угостителски објект затекнати 12 женски лица кои работеле како танчерки

Во периодот од 23 часот на 19.03.2019 до 01 часот на 20.03.2019 година полициски службеници од СВР Тетово извршиле контрола во угостителски објект во село Горно Седларце, општина Боговиње. При претресот, во објектот биле затекнати 12 женски лица (седум од Албанија и пет од РСМ), кои работеле како танчерки.Албанските државјанки, по задржувањето во Полициската станица Тетово, биле предадени на Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за натамошна постапка. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
soobrakajka1-1

Трактор удрил 7 годишно дете

На 19.03.2019 околу 12.20 часот на локалниот пат во тетовското село Боговиње, трактор „ИМТ“ без регистарски ознаки, управуван од М.Џ.(67) од Боговиње, удрил во седумгодишно момче. Детето се здобило со повреди и со друго возило било пренесен во тетовската клиничка болница. Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
paridenari1

Лажно се претставил дека е од Центарот за социјални работи

На 19 март во СВР Битола, Г.П. од Битола пријавила дека истиот ден во 11.30 часот на улица „Батаљон Стив Наумов“ нејзиниот татко Н.П.(73) од Битола бил измамен од непознато лице. Според пријавеното, лицето лажно се претставило дека е од Центарот за социјални работи и дека е дојдено за да му помогне да добие домашна нега и дека за тоа треба да му ги даде сите пари што ги има дома. Н.П. му дал 11.000 денари, по што лицето заминало. Подоцна, заклучил дека бил измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Моторциклист тешко повреден во сообраќајна несреќа

На 19.03.2019 околу 20.30 часот на регионалниот пат Тетово – Волковија, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Опел астра“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.Ф.(42) од Тетово и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, кој го управувал Н.Ц.(21) од Тетово. Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди и со друго возило бил пренесен во тетовската клиничка болница, од каде бил префрлен во комппекс клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на настанот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
heroin-111

Кај Тетовец пронајден хероин

На 19.03.2019 околу 10.30 часот на улица „Киро Ристевски-Дрнц“ во Тетово од слобода бил лишен И.А.(60) од Тетово. При преглед кај него полициски службеници пронашле и одзеле хероин. Тој бил задржан во Полициската станица Тетово, а по целосно расчистување на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Приведен Струмичанец кој требало да издржува затворска казна

На 19.03.2019 година во 04.30 часот во Полициска станица Струмица бил приведен М.А.(31) од Струмица за кого била распишана потерница за издржување затворска казна за сторено кривично дело „Тешка кражба на дрзок начин“. Во 06.00 часот лицето било предадено во Затвор Струмица.

Македонија | пред 6 години

6 год.
ojo-1

Поднесен обвинителен акт за убиството во скопската населба Даме Груев

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави Обвинителен акт против едно лице поради постоење основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик.По спроведување на сеопфатна истражна постапка, надлежниот јавен обвинител утврди дека обвинетиот со умисла го лишил од живот сега починатиот Н.Д. од Скопје, на 28.12.2018 година, на улица „Шарпланинска“ во Скопје. Обвинетото лице, пред да го изврши убиството, од домот на неговиот дедо земало ловечката пушка марка Црвена застава Крагуевка и ја скрило во грмушките на улицата Шарпланинска. Потоа му се јавил на сега починатото лице за да му каже дека на возилото Пежо 106 му се јавил дефект на конкретното место, но дека со себе ги носи неговите 850 евра кои му ги должи. Откако оштетениот пристигнал на договореното место со неговото возило Фолксваген пасат, сторителот пришол и седнал на совозачкото седиште. Во разговорот кој го воделе, обвинетиот му рекол на сега починатото лице дека парите кои ги носи се во валута евро и дека треба да ги сменат во менувачница. Но пред да заминат, сторителот излегол од возилото и ја оставил вратата од страна на совозачот отворена. Го замолил оштетениот да го почека, при што отишол до грмушките, го зел оружјето од таму се вратил кај возилото и дирекно испукал еден куршум кон сега починатиот. Вториот смртоносен куршум од оружјето бил испукан во грбот на оштетениот, откако тој направил обид да излезе од возилото.Едновремено со поднесување на обвинението, надлежниот јавен обвинител до судот достави и посебен предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетиот поради постоење на опасност од криење и бегство.

пред 6 години

6 год.
jualeski

Јаулески:Додека Заев и Пендаровски монтираат судски процеси младинската невработеност расте

Младите се најголемата жртва на власта, која повеќе од две години не работи ништо освен распродавање на државните и национални интереси. Додека Заев и Пендаровски монтираат судски процеси младинската невработеност расте. Според годишните податоци на Светска банка за 2018 година младинската невработеност во државата изнесува високи 47.6%, што е највисока стапка на Балканот, после Косово, истакна Јован Јаулески, Претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.Извештајот на Светска банка вели дека половина од невработените млади, се лица кои подолг период не можат да најдат работа.Зоран Заев и Стево Пендаровски во екот на кампањата за парламентарните избори ветуваа дека младите ќе бидат во фокусот на власта на СДСМ. Ветуваа нови работни места, подобро образование и повисок стандард.Две години ништо од тоа. Заев и Пендаровски ги излажаа младите. Состојбите за младите во Република Македонија се поразителни и очајни. Според извештајот на Светска банка од 24 - 26% од младите живеат на прагот на сиромаштија. Тоа значи дека над 140.000 млади лица во државава секој ден се соочуваат со сиромаштија и едвај врзуваат крај со крај.Состојбата е лоша и со младите кои работат. Имено 1/3 од младите кои се вработени во Република Македонија според истиот извештај работат во секторот на сивата економија. Ова значи дека овие лица се исклучени од системот на пензиско и здравствено осигурување и не ги уживаат поволностите кои ги нуди системот на државно осигурување.Младите се оставени на работ на општеството. Власта која ветуваше поголема грижа за младите и создавање можности за сите, сега две години со прст нема мрднато за младите.Оваа власт ги изневери младите и затоа треба да си оди. СДСМ мора да си замине. Со СДСМ секој ден само тонеме, истакна Јован Јаулески, Претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања