Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
Нема фотографија

Стоилковски: Шест месеци молк за кривичната пријава за полнење кутии на референдумот

Изминуваат шест месеци откако до Јавното обвинителство е доставена Кривична пријава за повеќе од 200 лица, претседатели, членови и нивни заменици на избирачки одбори, заради основано сомнение дека на референдумот на 30-ти септември минатата година биле злоупотребени над 50.000 гласови, односно за основано сомневање дека биле полнети кутии, истакна на пресс конференција Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.И денес Македонија ги очекува информациите од Јавното обвинителство околу оваа Кривична пријава, што точно се случи на референдумот на кој што во определен период на посочени места се гласало за 9, 14, 15 секунди итн.Оценката во јавноста е дека референдумот и кампањата минаа во најнедемократска атмосфера, со поткуп, со уцени, со закани, со лажење и со лажно претставување преку кол-центри, до полнење на кутии на денот на референдум. Македонија, почитувани, се подготвуваат нови избори, а Јавно обвинителство молчи и не презема ништо за подобрување на впечатокот и оставање на сомнежи за криминогеност во очи на изборите.Ова е прашање од голем интерес за Република Македонија и за граѓаните, и повторно потсетуваме на препораките од Комитетот на министри при Советот на Европа од 2003 година, дека за вакви истраги редовно треба да ја информираат јавноста.За потсетување, Јавното обвинителство пред 6 месеци посочи дека цитирам, „будно ги следеле прес конференциите“ и дека „се’ што ќе биде доставено ќе процесирале“. Но до денеска нема никаква информација што е преземено. Вакво јавно обвинителство, почитувани, кое остава огромен простор за сомнеж во изборниот процес, сомнеж за заштита на криминогени дејства, на Македонија не и е потребно.Насушна е потребата од право и правда во Република Македонија, а таа е на дофат со победата на Гордана Силјановска Давкова на претседателските и на ВМРО-ДПМНЕ на предвремените избори, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

6 год.
vlada-zname-nato

Отчетност за трошоците на носителите на јавни функции за период јуни-ноември 2018

Тргнувајќи од принципот отворена влада и од принципот за пристап до информации од јавен карактер како основно право на граѓаните, Владата на Република Северна Македонија го објавува најновиот шест месечен извештај за трошоците на функционерите на актуелниот состав, се вели во владиното соопштение.Овој извештај го опфаќа периодот јуни – ноември во 2018, со можност за споредба на трошоците на министрите во претходната влада за истиот период јуни – ноември во 2015 година. Во таа насока, трошоците на сите министерства во Владата на РСМ за периодот од јуни до ноември во 2018 година, изнесуваат 18,048,080 денари, што е над двојно помалку споредено со трошоците на министерствата на претходната влада за истиот период јуни - ноември во 2015 година, кои изнесуваат 41,405,076 денари.Вкупните угостителски услуги во земјата и странство на министрите, замениците министри и државните секретари во 2018 изнесуваат 7 милиони 66 илјади 165 денари,  и се за 2.7 пати пониски во однос на споредбениот период од 2015 кога биле 19 милиони 132 илјади и 121  денари.Овие сериозно намалени трошоци се резултат на скратените непродуктивни плаќања, и тоа во период на интензивни посети на странски делегации на државата кога секој ден, а во некои наврати и повеќе пати на ден, високи владини делегации ја посетуваа земјата како гости на владата на РСМ.Во овој период за одбележување се намалените вкупни трошоци за мобилен телефон во висина од 772 илјади и 286 денари во 2018 година во периодот од јуни до ноември, додека во истиот период во 2015 година трошоците за разговори на мобилен достигнале сума од 2 милиони 602 илјади и 543 денари, што е кратење на трошоците за повеќе од три пати .Уште повидлива е разликата и во висината на трошоците за авионски карти. Ако во 2015 година, Владата предводена од Никола Груевски потрошила 11 милиони 804 илјади и 83 денари, кога земјата беше во длабока политичка изолација, во 2018 година се потрошени три пати помалку, односно 4 милиони 815 илјади и 198 денари, во период на најинтензивни преговори за напредок на нашите евро-атлантски интеграции.Софтверското решение на алатката овозможува пристап и до наративни месечни извештаи за работата на службениците, остварени состаноци, службени патувања во странство, трошоци за репрезентација и друго, и ги прикажува податоците во форма на интерактивни инфографици со цел да ги направи попрегледни за сите во име на јавниот интерес.Алатката за отчетност и транспарентност на Владата на РСМ дава резултати. Постојаниот увид во трошоците за работење на владиниот состав стимулираше наменско и домаќинско работење, паралелно со реформската агенда, зачленувањето во НАТО и интеграцијата кон ЕУ.

Македонија | пред 6 години

6 год.
dzamija-najnova

Заев ги ислуша од „Совест“, побара стопирање на градежните активности и жолта лента околу џамијата

Премиерот Зоран Заев, денеска ги ислуша поплаките од здружението „Совест“. По средбата на која му беа лично образложение сите аргументи за поплаките на охриѓани за неправилностите  при реконструкцијата на Али Пашината џамија во центарот на Охрид, побара да се запрат сите активности, и објектот да се заобиколи со жолта лента, поточно побарал мораториум на било какви активности за Али Пашината џамија.Дали овие активности ќе се спроведат конечно, или станува збор за предизборни ветувања, ќе покаже времето.Инаку од здружението „Совест“ барајќи правдина, со поплаку стигна до премиерот. На денешната средба во премиерскиот кабинет беа в.д градоначалникот Константин Георгиески, помошник раководителот на секторот за урбанизам во општина Охрид Бранко Арнаудов, директорката на завод и музеј, Елеонора Новаковска и претсставниците од здружението „Совест“, Михаил Трендафилов, Михаил Арнаудов и Томе Џамтовски.Премиерот Заев посочи дека институциите ќе постапат согласно законите и дека преку дијалог со сите засегнати страни, а имајќи ја во предвид сензитивноста на прашањето, ќе се изнајдат решенија во интерес на граѓаните на градот Охрид и на државата која останува посветена на заштита и промоција на богатото културно наследство што го поседува градот Охрид.На средбата посебно било потенцирано од сите присутни дека Охрид и Охриѓани од секога биле и се за хармоничен живот и соживот. Тие од секогаш живееле во хармојија. Овој чашата ја прели беззаконието и градењето без дозвола во срцето на Охрид. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
gjoko-kotevski

Котевски: Ако дојде Груевски во затвор, гарантираме дека нема да биде ликвидиран

Директорот на Истражниот затвор „Скопје“, Ѓоко Котевски, во интервју за МКД.МК даде свое објаснување за последните случувања во оваа установа.„Конкретно за настанот со М.Ј и С.Р. пропусти има од првиот до последниот. Вистинската вина ја има во двата извештаи, едниот на затвор Скопје, а другиот на Управата за извршување на санкции. Детектирани се пропусти во постапките за работа. Постојат правила за работа по кои лицата не постапувале. Вработените со години правеле грешки и тие им преминале во пракса. Затаи претресот на лицата, отворани се повеќе врати во исто време, нарушена е безбедноста на институцијата.Екс-премиерот во бегство, Никола Груевски порача дека ќе бил ликвидиран доколку бил во затворот во Шутка. Сепак, директорот Котевски гарантира безбедност.„Да, апсолутно ќе беше безбеден Никола Груевски, бегалецот од правдата. Ако дојде и ако овде треба да одлежува затворска казна, гарантираме дека нема да има негова ликвидација. И од кого би бил ликвидиран? Еве овде беше и Ангеле Зафировски, познат како Бате Геле, кој издржуваше затворска казна, и ништо не му се случи“, додаде Котевски.Текстот во целост на МКД.МК 

Македонија | пред 6 години

6 год.
taravari-1

Таравари: Од 17 казнети, мораше да има и еден Албанец

Арбен Таравари, генералниот секретар на Алијанса за Албанците и градоначалник на Гостивар, смета дека пресудата од насилствата од 27 април е притисок врз неговата партија.–Нашите очекувања беа да има чесен и фер-плеј судски процес, но очигледно беше дека и тука требаше да се комбинира. Од 17 казнети, мораше да има и еден Албанец. Абдулфета Алими се наоѓаше над главата на Села кога се разбуди тој после тој немил настан во Собранието. За жал, имало само една снимка кај Абдулфета Алими кој ги дава клучевите на некој човек, а според моите информации, човекот воопшто не е обвинет, истакна Таравари.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Grabez-pistol

Поднесено обвинение за обид за разбојништво во обложувалница

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице, кое на 18.01.2019 година во една спортска обложувалница  се обидело да изврши кривично дело – Разбојништво од член 237 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот делото го сторил во соизвршителство со уште едно лице чиј идентитет не е утврден до овој момент.Обвинетиот и неговиот соизвршител на критичниот датум, со употреба на закана дека непосредно ќе нападнат врз телото на еден вработен, се обиделе да одземат парични средства во сопственост на обложувалницата. Притоа, непознатото лице останало пред вратата за да чува стража, додека обвинетиот ставил ракавици на рацете, се маскирал со маица преку главата, извадил пиштол и влегол во објектот. Тој се доближил до пултот каде што работел оштетениот и му се заканил по неговиот живот со барање да му ги даде парите. Вработениот клекнал под пултот и ја затворил вратата, со што го спречил обвинетиот да влезе во внатрешната страна и да ги одземе парите. Сега обвинетото лице се обидело да ги скрши дрвената врата и заштитното стакло од пултот со удари од нозете и со удари од кундакот на пиштолот, но не успеал во намерата, па со својот соизвршител веднаш се дале во бегство.Откако беше лишен од слобода, на обвинетиот веднаш од страна на судија на претходна постапка му беше определена мерка притвор. Ценејќи дека законските основи за ваквата мерка се уште постојат, надлежниот јавен обвинител, заедно со обвинителниот акт, до Судот достави и предлог за продолжување на притворот за обвинетото лице. 

пред 6 години

6 год.
1-1

Рокот за вградување на микрочипови кај домашните миленици се продолжува до крајот на годинава

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов денеска на прес-конференција информираше дека наместо до крајот на овој месец, рокот за бесплатна идентификација и регистрација на домашните миленици се продолжува до 31 декември годинава. За таа цел, како што рече директорот на АХВ, Атанасов набавени се 100 илјади микрочипови. Со нив треба да се идентификуваат и регистрираат сите домашни миленици, чијашто бројка, според податоците на Агенцијата, во моментов изнесува вкупно 49 илјади.„Би сакал да нагласам дека од 1-ви април апликацијата на чипот ќе се наплаќа 200 денари, а издавањето на пасошот, што следи со домашниот миленик 120 денари, додека самиот микрочип ќе биде донација од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство. Исто така, од 1-ви април инспекциските служби ќе изрекуваат и соодветни мерки, доколку затекнат неидентификуван домашен миленик. Само да нагласам дека казните се движат, за индивидуално лице од 100 до 150 евра во против денарска вредност, а додека за правните лица казните изнесуваат 1000 евра во против денарска вредност“, истакна на прес- конференцијата директорот на АХВ, Атанасов.Бесплатното чипирање на домашните миленици, како што додаде Атанасов, е предвидено во тригодишната стратегија на Агенцијата за храна и ветеринарство, во којашто значаен сегмент е одговорното чување на домашните миленици и справување со проблемот со бездомните кучиња.

Македонија | пред 6 години

6 год.
2-1-1

Усвојување на заедничка изјава во Будва

На 16-тата Конференција на претседатели на парламенти на Јадранско-јонската иницијатива која се одржа во Будва, Црна Гора од 18-19 март, претседателите – учесници на конференцијата усвоија заедничка изјава а со чинот претседаваше претседателот на Собранието на Црна Гора, г. Иван Брајовиќ.Во изјавата се истакнува важноста на продолжувањето на парламентарната соработка во регионот за реализација на проектите за поддршка на интеграцијата на земјите на Западен Балкан во ЕУ, се истакнува дека секторот туризам станува се позначаен фактор на економскиот напредок на јадранско-јонскиот регион при што се охрабруваат земјите учеснички на иницијативата да ја подобрат регионалната димензија на соработката и размената на најдобрите пракси во оваа област, а се поддржува и политичката  поддршка на активностите кои се спроведуваат на државно, прекугранично и регионално ниво во оваа насока.Во заедничката изјава се охрабрува промоцијата на заедничките туристички производи со цел позиционирање на Јадранско-јонскиот регион како една од водечките туристички дестинации во Европа во прилог на што се истакнува и важноста на унапредувањето на инфраструктурата која има суштинска улога во подобрувањето на пристапноста и поврзаноста на регионот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Власта направи неправда и со непотизмот кој метастазираше во општеството

Власта две години ги гази и узурпира, правото, законите и институциите. Зоран Заев и Стево Пендаровски исплашени од се поизвесниот изборен пораз прибегнуваат кон монтирање на политички процеси. Стевче Јакимовски, како и Митко Чавков и останатите припадници на безбедносните сили и граѓани патриоти се жртви на политички монтирани случаи, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.СДСМ како на пазар тргуваше со гласовите на пратениците. Заев во негов познат стил ја деградираше правната држава, го погази уставот и законите.СДСМ зацрнува судбини на цели семејства. Десетици патриоти се осудени на 211 години затвор за дело кое не го извршиле. Осудени се без докази и без аргументи.Власта направи неправда и со непотизмот кој метастазираше во општеството. Работа има само за децата и роднините на функционерите. Обичните граѓани бегаат од државата и се повеќе се иселуваат.Неправда е и кога нема откуп на земјоделските производи. Голема неправда е кога земјоделецот кој цела година работел за да на крајот на годината од продажба на родот земе пари за негова егзистенција нема каде да ги продаде земјоделските производи.Неправда се и сите криминални зделки во четири очи, но и милионски тендери кои ги добиваат фирми непосредно формирани пред да го добијат бизнисот.Власта за две години генерира само неправда. СДСМ го втурна општеството во хаос. Оваа пракса на незаконие мора да запре. СДСМ мора да си замине од власт, потребна е победа на Гордана Силјановска Давкова на претседателските избори, што ќе биде причина за распишување на предвремени парламентарни избори за крај на СДСМ, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

6 год.
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Повторно високи откупни цени за тутнот

Повторно високи откупни цени за тутнот, исплатени се над 86 милиони евра, грижата за земјоделците продолжува. Како што информира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство откупот на тутнoт е целосно завршен, се вели во соопштението на СДСМ.Повторно високи откупни цени за тутунот и оваа година, со просечна цена од 214,24 денари по килограм тутун.Она што е важно, досега, исплатени се 98,24 отсто од вкупните количини на предаден тутун, а кон тутунопроизводителите исплатени се над 86 милиони евра за продаденото производство.Рекордната цена од 217,60 денари по килограм тутун за реколтата 2017 година позитивно влијаеше на зголемувањето на производството и зголемениот откуп на тутун. За реколтата 2018 година склучени се над 4.700 договори повеќе во однос на претходната година, а истовремено, забележано е зголемување на засадените површини со тутн за 387 хекатри повеќе во однос на 2017.За оваа реколта исто така позитивно влијаа и обезбедените субвенции од 60, 70 и 80 денари по килограм тутун, во зависност од класата.Владата предводена од СДСМ и Министерството продолжуваат со грижата кон земјоделците и остануваат силно посветени на мерките и политиките што го унапредуваат земјоделството и обезбедуваат повеќе пари кај секој земјоделец, велат од СДСМ.

Македонија | пред 6 години

6 год.
IMG_1293-20-03-19-11-40

ВМРО ДПМНЕ Охрид: Шуга во 2019 година, родителите и децата вознемирени - некој мора да биде казнет за молчењето

Шуга во 2019 година. Родителите и децата вознемирени откако се јави опасност од оваа зараза.  Образовните институции раководени од структурите на СДСМ го достигнаа дното. Во средното училиште „Св. Наум Охридски“ за краток период нов немил настан, истакна на пресс конференција Перчо Божиновски, потпарол на ВМРО-ДПМНЕ ОК  Охрид.Зошто раководството на училиштето не ја информирало Локалната самоуправа за проблемот?Наместо в.д. градоначалникот Константин Георгиески постојано да се фотографира пред училиштето, добро би било да се информира за вистината за состојбите во кое се наоѓа образованието.  Што презел Директорот на училиштето? Дали се направени систематски прегледи кај другите ученици за да се констатира дека нема присуство и други случаи на заразна болест во училиштето?Со СДСМ на власт родителите не можат да бидат спокојни и сигурни дека нивните деца се безбедни. Дали е ова нормално? Ова е скандал и некој мора да биде казнет за молчењето.Дали и во другите училишта има ист проблем кој се прикрива од надлежните?МОН и Центарот за јавно здравје веднаш да преземат мерки и да ја испитаат ситуацијата во училиштата.ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше претходно околу дезинфекција, дератизација и дезинсекција, преку кои би биле создадени оптималните услови за почеток на новата учебна година како и за целосна заштита на учениците.СДСМ и Георгиески ќе си заминат од власт, а Охрид и охриѓани ќе се спасат од епидемиите, истакна Перчо Божиновски, потпарол на ВМРО-ДПМНЕ ОК  Охрид. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
dzamija-najnova

Минарето се гради ден и ноќ – надлежните од институциите „не гледаат“

Дали градењето на минарето во џамијата без дозвола, во строгиот центар на Охрид уште еднаш покажува дека одредени поединци имаат поголема моќ од институциите во државава?Ден среда 20 март, сончево време, повеќе него било кога раздвиженост по Охридската чаршија. Меѓу нив инспектори, полицајци, судии, обвинители, архитекти, граѓани ... сите поминуваат покрај објект кој се гради убзано без одобрение, но очигледно никој не гледа.Знаеме дека Охридското Основно јавно обвинителство покрена правна постапка против правни и физички лица за неправилности при реконструкцијата на Али Пашината џамија во центарот на Охрид. Но, нема детали за ова обвинение.Дознаваме дека била побарана и забрана за преземање на градежни дејствија, затоа што „осомничените презеле градежни дејствија само врз основа на добиено конзерваторско одобрение во 2016 година, но не поседувале правосилно одобрение согласно прописите за градење од Министерството за транспорт и врски, без што не смееле да отпочнат активности за реконструкција на Али Пашината Џамија“.Но, и покрај ова минарето се гради. Никој очигледно многу „помоќен“ не ги почитува забраните? Зошто?Од општинскиот инспекторат единствениот градежен инспектор и покрај тоа што има налог од обвинителството да реагира, сепак си молчи.Единствени кои реагираат се медиумите кои се обидуваат да ја разбудат „правната држава“ па секојдневно објавуваат видеа и фотографии од тоа дека не се почитуваат одлуките, како и здружението „Совест“  кои барајќи правда денеска стигнаа до премиерот, кој очигледно до сега не видел што се случува во Охрид.Според в.д градоначалник н Охрид, Константин Георгиески, се` уште има простор да се изнајде решение за проблемот со минарето на Али Пашината џамија во Охрид. Според него, треба да се исцрпат сите можности пред граѓаните да започнат со протести.Министерот за транспорт и врски пак Горан Сугарески при последната посета на Охрид порача дека институциите кои се надлежни во овој дел не треба да си ги префрлаат ингеренциите една на друга, туку треба да постапат согласно законот.– Градежниот инспекторат треба да постапи по сите точки кои не се во одобрениот план, дециден беше министерот Сугарески.Битен фактор во оваа сложувалка е и Управата за заштита на културно наследство.Од таму јаки на збор велат дека продолжувањето на изградбата на 32 метри високото минаре на Али Пашината џамија е запрена од страна на инспекцијата. Тие информираат дека во петокот излегле на терен утврдиле неправилности и отстапувања од конзерваторското одобрение поради што инвеститорот е и парично санкциониран.Но, сето ова е само на хартија. Очигледно инспекторите и институциите се во длабок зимски сон. Додека тие се „разбудат“, последното опело на правната држава ќе биде испеано токму од 32 метарското Минаре, затоа што од таму не само што ќе слушнат, туку и ќе го видат сите од било кој дел на Охрид.   

Македонија | пред 6 години

6 год.
gdu

ГДУ: Ги прашуваме Заев и Мицкоски дали Прибе во Извештајот препорача вие да преговарате за Обвинителството?

Повторно сме сведоци на политички пазарења, сега за СЈО. Во право е премиерот кога вели „кои се Мицкоски и Заев па да кажуваат дали им се допаѓаат обвинителите“, а ние прашуваме кои се СДСМ и ДПМНЕ да преговараат за обвинителството, зад затворени врати да кројат решенија кои им одговараат само нив, стои во соопштението од Центарот за комуникации на Граѓанско Демократска Унија-ГДУ?!Ги прашуваме Заев и Мицкоски дали Прибе во Извештајот препорача вие да преговарате за Обвинителството? Дали политичкиот пазар е европска вредност?ГДУ постојано потсетува дека реформите се неопходни и оти за добивање на датум за почеток на преговорите клучни се реформите во правосудството. Но не реформи кои се плод на политички пазар. Туку реформи кои ќе водат кон правна држава, а не продолжување на праксата судство и обвинителство заробени од партиите.Ги предупредуваме лидерите на СДСМ и ДПМНЕ да ги тргнат рацете од судиите и обвинителите, да престанат со пазарењата и надмудрувањата, во спротивно не може да се зборува за независни правосудни органи.СЈО не смее да се укине. Мора да ја врати довербата кај граѓаните, да работи неселективно и да ја оправда целта – бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата. Сомнежите постојат и тие се оправдани, ова е тест пред бриселската одлука Заев и Мицкоски да покажат дека не се борат за скриена амнестија и созавање можности да се избегне правдата, се вели во соопштението од Центар за комуникации на Граѓанско Демократска Унија-ГДУ. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
dete

ВИДЕО: Девојче со сребрени очи - Родителите ја напуштиле и никој не сакал да ја посвои, а тогаш се случило чудо

Девојчето родено со сребрени очи, која од раѓање има здравствени недостатоци, доби среќен крај.Имено, малата Примроуз која е родена со конгенитален глауком, што во превод значи дека таа има сребренкасти очи, е слепа и има проблем со слухот.Мајката веднаш ја напуштила после раѓањето, а цели две години ниту еден доктор не сакал да ја лекува, па ова бебенце има претрпено големи болки.[embed]Исто така имала потешкотии во развојот. Не само што не можела сама да го држи шишенцето со млеко, туку не можела воопшто да ја држи и главата исправена. Месеци поминувале, а таа живеела во сиропиталиште, без никаква надеж дека ќе биде посвоена.Крис и Ерин веќе имаат две деца, а не планирале за проширување на семејството. Потоа на Фејсбук во група за посвојување ја погледнале фотографијата од девојчето со сребрени очи и описот за нејзината состојба.“Ја посвоивме во јануари 2016 година, а јас две години претходно плачев, бидејќи некако чувствував дека е некаде во колевка и дека нè чека нас. Кога ја погледнав нејзината фотографија на Фејсбук, знаев дека таа е таа. Не можам да објаснам како, но знаев дека поради неа плачев и знам дека сега е таму каде што треба да биде, во својата вистинска куќа”, вели Ерин.“Кога на луѓето ќе им кажеме дека е слепа, обично велат “Жал ми е”. Нема зошто да Ви биде жал. Нема ништо страшно ниту погрешно во слепилото”, објасна Крис.Девојчето сè уште ниту зборува ниту оди, па комуницираат со нејзините допири. Секој ден заедно се борат со неа. Но, научила да се смее и научила што значи да се има семејство.Видеото е од пред две години, а него можете да видите за каков случај станува збор.

Магазин | пред 6 години

6 год.
policija-2

Стопирани 425 возила во Битола, казнети 26 возачи

Полициски службеници во Секторот за внатрешни работи Битола на 19 март извршиле контрола за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, товарни возила, сигурносен појас и светло.Контролирани се вкупно 425 возила и возачи, а констатирано е дека седум возачи управувале возило без возачка дозвола.Нерегистрирани биле пет возила и на мобилен телефон разговарале четири возачи. 17 возачи ја надминале дозволената брзина.

Македонија | пред 6 години

6 год.
skopje-blokirano-2

МВР пиша 113 казни за еден ден во Скопје

Во текот на изминатиот ден (19.03.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје превземени се мерки и активности и констатирано е дека 40 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 15 возачи од кои: 14 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и еден возач затоа што бил возач-почетник.Исто така, исклучени од сообраќај се и 18 возила бидејќи 13 биле нерегистрирани и пет возила биле технички неисправни. Санкционирани се шест возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, тројца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, двајца возачи поради неправилно престигнување, 21 возач поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 27 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.Во однос на пешаците санкционирани се двајца пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 113 мандатни платни налози и 71 возило се подигнати со специјално возило "пајак". Изминатиот ден се случиле осум сообраќајни незгоди во кои едно лице се здобило со тешки телесни повреди, а пет лица  со телесни повреди.

Скопје | пред 6 години

6 год.
soobr1

Девојче со тешки повреди пренесено во Клинички, по удар од автомобил

На 19.03.2019 во 13.20 часот на крстосница од регионален пат Скопје-Велес и сервисна улица која води кон населба Нова Колонија патничко возило „Форд фокус“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С.(56) од Скопје, удрило во 13-годишно девојче од село Идризово, скопско, кое се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“.Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Скопјанец каснат од улично куче во Аеродром

На 19.03.2019 во 09.00 часот во Полициската станица Аеродром, С.К.(73) од Скопје пријавил дека на 18.03.2019 година околу 10.30 часот на булевар „Јане Сандански“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата потколеница.

Скопје | пред 6 години

6 год.
soobrakajka-1

Сообраќајка во Скопје, две лица завршија во Ургентен центар

На 19.03.2019 во 21.20 часот на улица „Скупи“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(34) од село Волково, скопско и патничко возило „Мерцедес“ ,  управувано од Р.Ш.(19) од Скопје.Со повреди се здобиле возачот Д.Д. и М.С.(21) од Скопје, сопатник во возило „Голф“. Тие биле пренесени во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ – Скопје.Увид извршила екипа од СВР Скопје. 

Скопје | пред 6 години

6 год.
Makedonski-pasos

Арачиновец сакал да излезе од државата, а претходно фалсификувал исправа

На 19.03.2019 во 06.15 часот на Граничниот премин „Табановце“бил приведен Џ.Б.(30) од село Арачиново, скопско.При проверка било утврдено дека лицето се наоѓа на СТОП-Листата за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ по член 378 став 3 од Кривичниот законик.Лицето било предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања