Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
zemjotres

Силен земјотрес ја погоди Турција

Земјотрес со интензитет од 5,8 степени според скалата на Рихтер е регистриран утрово во западниот дел на ТурцијаЕпицентарот на земјотресот се наоѓал 123 километри од Анталија, 51 километар југоисточно од Денизли и 27 километри западно од Јешилова, со длабочина од два километри под површина на земјата. Потресот бил почуствуван и во Измир и Истанбул.Засега нема податоци за повредени или причинета материјална штета.https://twitter.com/LastQuake/status/1108256750820560897?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1108256750820560897&ref_url=http%3A%2F%2Finformer.rs%2Fvesti%2Fsvet%2F426389%2Fsnazan-zemljotres-turskoj-epicentar-oko-100-antalije-potres-osetio-izmiru-istanbulu

Свет | пред 6 години

6 год.
kacarska

Кацарска: Иако Камчев ми е куќен пријател, не можам да донесам одлука во негова корист

Судијката Добрила Кацарска синоќа гостуваше на 1Тв каде рече дека Мицкоски може да спие мирно зошто кај неа немало нарачани пресуди, дека одлуката за Дурловски и е најтешка ослободителна пресуда донесена некогаш, и дека и честитаат по улица за одлуката за 27. април.Таа спомена и дека Орце камчев на кој му се суди во Империја и е пријател.Таа рече дека нејзиниот татко и таткото на Камчев биле другари, а додека пак нејзината ќерка веќе 10 години работела во приватната клиника „Систина„ која е во сопственост од Орце Камчев.-Орце Камчев ми е куќен пријател. Мојот татко и неговиот татко беа другари. Мојата ќерка 10 години работи во Систина кај Орце Камчев, но јас не можам да донесам одлука во корист на Орце Камчев, иако сме пријатели со години, вели таа.

Македонија | пред 6 години

6 год.
goran-koseto

Горан Ангелов - Ќосето: Власта се cpaми од тоа каква им е татковината, затоа ја менуваат

Горан Ангелов-Ќосето на Фејсбук преписка до својот пријател Кристијан Јандриовски, порачува дека Македонците имаат свои предавници наместо да се опаметат бараат Нобелова награда. Ангелов беше лидер на патриотското здружение од Велес и осуден е на 12 години затвор за собраниските настани од 27 април.„Kико брат! Јас знам дека секој народ има свои изpoди кои повеќе се грижат за својот џеб отколку што се грижат за народот и неговата судбина.Но изгледа дека македонскиот ги има повеќе од било кој друг народ. Истите тие пpeдавници, наместо да се опаметат и ги признаат своите грешки, тие за тоа бараат награда ( Нобелова ).Кpaжбата на една нација никогаш не застарува, и еден ден за тоа народот ќе си ја побара сметката да ја нaплaти.Ни еден cyдија не е точен како времето кое доаѓа за нaплaтa и времето кое бара да се соочиме со тоа што ни стои во совеста. Тоа време иде.Сега тие ја глодaaт среќата која им припаѓа на други, на тие што се нaпaтени и што останале во оваа земја да се бopaт за подобро утре. Тие што се сега на власт се cpaмат од тоа каква им е татковината, и за тоа ја менуваат, ја обeзличyвaaт, затоа тие и не припаѓаат кај неа.Ниеден чесен син и ќерка не се cpaми од својата мајка, тие се cpaмат.Мерката за патриотизам е да си спремен да yмpeш во секој момент за својата земја, тие тоа го немаат, тие ги имаат мерките за предавcтвa, кои ние никогаш одблиску нема да ги знаеме кои се и како изгледаат.Затоа брат, упати поракава до сите ….Време е за ОБЕДИНУВАЊЕ. Доста е кaвги и нecpeќи, време е сите да застанеме заедно и да и го тргнеме овој товap на татковината. Товap наречен Власт.Обединете се сите под ВМРО-ДПМНЕ, и заедно испорачајте им ја сметката на Предавниците.Заедно против Тиpaнот, браќа и сестри!Да Живее Македонија!!“, стои во објавата на Фејсбук.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Без вода Хотел Парк и корисниците околу Градскиот Стадион „Филип Втори“

– Поради поврзување на нова мрежа ф-150 на ул. „Аминта Трети“, во градскиот парк без вода ќе останат Хотел Парк и корисниците околу Градскиот Стадион „Филип Втори“.Од ЈП „Водовод и канализација“-Скопје информираат дека корисниците од овој дел без вода ќе бидат од 10:00 часот до санирање на дефектот.

Скопје | пред 6 години

6 год.
51352852_777130685978142_866252714139451392_n

Силјановска до Пендаровски: Извини што ви избега Груевски

Под хаштагот #СтевоИзвини професорката Гордана Силјановска Давкова одговори на предизвикот од противкандидатот за петседател на Република Македонија Стево Пендаровски да се извини. Силјановска секој ден му се „извнува“ на Пендаровски за апсурдни работи, какво што е впрочем и неговото барање за извинување – апсурдно.„Извини што ви избега Груевски и што никој од владата на Република Македонија (без тоа на С) не понесе ни најмала одговорност за бегството“, напиша Силјановска Давкова на Твитер.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Променливо облачно време со врнежи од дожд

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, во попладневните часови во крајниот југ и југоисток од земјава ќе има локален дожд и ретка појава на грмежи.Утринската температура ќе се движи од еден до седум, а дневната од 16 до 22 степени.Во Скопје, променливо облачно. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 20 степени.Во следните два дена ќе има зголемена облачност, а во крајните јужни и југоисточни делови ќе има услови за локален дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува и умерен северен ветер, што ќе услови благо опаѓање на дневната температура. Во петок и за време на викендот ќе преовладува сончево и потопло време.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Durlovski-vo-Sobranie111-701x453

Кацарска за пресудата за Дурловски: Ова ми е најтешко донесена ослободителна пресуда

Судијката Добрила Кацарска во вечерашното интервју на 1ТВ рече дека пресудата за Игор Дурловски и била најтешко донесена ослободителна пресуда во кариерата.-Во мојата кариера имам донесено повеќе ослободителни пресуди, но ова ми е најтешко донесена ослободителна пресуда. Ги имаме сите докази, но не произлезе дека Дурловски го сторил делото за кое беше обвинет. Мора да нагласиме дека обвинението е само за 27 април, а не за она што се случувало претходно. За Дурловски имавме докази дека влегол во Собранието, ја пеел химната, но не можеше да се поврзе со другите обвинети. Да имавме уште еден доказ, пресудата немаше да биде ослободителна, рече Кацарска.

Македонија | пред 6 години

6 год.
133474234-105843-207971

Затворен за сообраќај дел од булеварот Христијан Тодоровски - Карпош

Денес од 7 часот целосно е затворен за сообраќај делот од булеварот Христијан Тодоровски – Карпош, на потегот од улицата Ферид Бајрам до улицата Боца Иванова, поради изведување градежни активности за асфалтирање на коловозот. За време на градежните работи, сообраќајот во овој дел од градот ќе биде пренасочен по околната улична мрежа.Сообраќајот на оваа делница, додека траат градежните активности, ќе го регулираат и униформирани полициски службеници или други овластени службени лица. Од Град Скопје апелираат до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на привремено поставениот сообраќаен режим, да ја почитуваат поставената патна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.

Скопје | пред 6 години

6 год.
avtopat-tetovo-skopje

Сообраќајот се одвива по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.Ве информираме дека автопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци не е пуштен за сообраќај. На автопатот се вршат проверки од безбедносен карактер. Апелираме до сите возачи да не го користат автопатот.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони.

Македонија | пред 6 години

6 год.
bomba-servis

Синот на српскиот политичар го однесол возилото на сервис, таму откриле бомба

Под автомобилот марка Фиат на синот на Срѓан Милошевиќ, некогашен политичар и сопственик на кладилници низ Србија, била пронајдена бомба. Бомбата била пронајдена од вработени во автомеханичарска работилница, каде бил оставен автомобилот од страна на Филип Милошевиќ.Автомобилот бил донесен зошто нешто чудно тропало. Вработените нашле бомба под седиштето на шоферот.Веднаш била викната полиција.

Свет | пред 6 години

6 год.
00004

Заев од НАТО: Членството во Алијансата значи сигурна иднина

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска во седиштето на НАТО, во Брисел се сретна со Генералниот Секретар Јенс Столтенберг. По средбата Премиерот Заев и секретарот Столтенберг одржаа заедничка прес-конференција.Истакнувајќи дека ова е негова прва посета на НАТО по потпишувањето на Протоколот за пристапување Република Северна Македонија во Алијансата, Премиерот Заев потенцираше дека земјата постигна една од стратешките цели, секако со поддршка со партнерите и пријателите во НАТО.Во продолжение Ви го пренесуваме текстот на изјавата на Премиерот Заев на прес-конференцијата со Генералниот Секретар на НАТО, Столтенберг.„Генералниот Секретар Јенс Столтенберг има посебно место со довербата и охрабрувањето што ни ги пружаше за време на целиот тој процес. Во нашата земја многу генерации напорно работеа на остварувањето на оваа наша историска цел и достигнување. Нашите аспирации за членство во НАТО секогаш имале висок степен на одобрување и поддршка од најширокиот спектар на нашето општество.Така е и денес.Сакам да напоменам дека ние знаеме дека членството во НАТО отвора нова и сигурна безбедносна перспектива за наша земја. Истовремено, целосно сме подготвени да ги прифатиме и новите обврски и одговорности кои произлегуваат од нашиот статус наскоро како полноправна членка.Како идна членка на НАТО, правиме сериозни чекори за зајакнување на капацитетите на нашата армија. Во 2018 година го зголемивме буџетот на нашите одбранбени сили за 14%, и остануваме посветени да ја оствариме нашата цел и најдоцна до 2024 година да обезбедиме 2% од нашиот БДП да оди за современи армиски сили кои во секој поглед ќе бидат рамноправни со своите сојузници во НАТО.Оваа наша цел ќе ни помогне да го зголемиме нашето учество во мисиите предводени од НАТО, како и нашата партиципација во командните и политичките структури на алијансата. Тоа е приоритет за нас, кога стануваме полноправна членка на Алијансата. Подготвени сме да продолжиме да соработуваме со сите НАТО сојузници за да го преземеме нашиот дел од заедничките обврски и одговорности, како 30-тата земја-членка, за да обезбедиме свој придонес за понатамошно обликување на Западен Балкан во мирен, просперитетен и демократски регион.Убедени сме дека нашето членство во НАТО дополнително ќе придонесе за стабилноста и безбедноста во Југоисточна Европа и ќе биде инструмент за креирањето на нова, позитивна слика за регионот.Процесите што ги поминавме не беа лесни, но беа исклучително важни за иднината на нашата земја. Договорите склучени со нашите соседи Бугарија и Грција се непобитен доказ за нашата зрелост.Тие договори се темелите за идниот развој на силното партнерство што го започнавме и што биде од придонес за понатамошно зачувување и зајакнување на регионалната безбедност и стабилност. Ние сме подготвени да ги поддржиме сите земји од нашето соседство во исполнувањето на овие стратешки цели од интерес на граѓаните од регионот кои делат заеднички вредности: посветеност на демократијата, слободата, слободна пазарна економија, почитувањето на човековите права и владеењето на правото.Република Северна Македонија ќе продолжи да биде сигурен сојузник во заштитата на овие вредностите. Нашиот позитивен придонес за нашиот регион и за пошироките интереси на НАТО, како нова 30-та земја-членка, ќе биде видлив и сигурен“. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
sela-2

Села до Заев: Дали оние кои бираа обвинители од “тефтерчето на Мијалков" можат да одлучуваат за судбината на СЈО?

Во моментот кога јавноста очекува функционирање на правната држава и владеење на правото, од оние искри надеж што некогаш ги даде Специјалното јавно обвинителство, денес ова обвинителство станува предмет на  протагонистите на т.н. “бомби".  Тајните преговори помеѓу премиерот Заев и лидерот на ВМРО, Христијан Мицовски за судбината на СЈО, со исклучок на албанската опозиција за создавање на широк политички консензус, укажуваат дека Северна Македонија продолжува да промовира етноцентричен и исклучувачки дискурс, се вели во соопштението од Алијанса за Албанците .Во продолжение на истото тие додаваат: Вклучувањето на ДУИ во овој процес преку функционери кои беа дел од “бомбите" и се главни актери кои го дегенерираа правниот систем со крајна политизација и партизација, како што е случајот со Блерим Беџети кој ќе ја претставува ДУИ во работните групи за изготвување на предлог-законот за СЈО, претставува преседан.Се поставува прашањето каков легитимитет има ДУИ кој преку Блерим Беџети, кој заедно со Муса Џафери, ги извршуваа наредбите на Сашо Мијалков за назначување обвинители и високи републички судии.Дали можеби сега преку законска рамка ќе го направат СЈО специјален партиски суд кој ќе ги амнестира обвинетите и осомничените од ДУИ и ВМРО, кои се дел од предметите на СЈО?Го повикуваме премиерот Заев да прекине да се поигрува со правдата, особено со Специјалното јавно обвинителство, а уште повеќе поради фактот што ги избрала ВМРО и ДУИ претставени од Блерим Беџети, да ја одредат правната судбината на СЈО.Го повикуваме премиерот Заев, под итно да  воспостави широк политички консензус за да создаде политички амбиент за обезбедување перспектива и целосна независност на Специјалното јавно обвинителство, а потоа да се создадат непартиски експертски групи кои ќе изготват предлог-закон во корелација со идејата за основање на СЈО како независен орган кој ќе се справи со кривично гонење на функционери осомничени за криминал и корупција, а кои беа дел од прислушуваните разговори, велат преку допис од Алијансата за Албанците. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
DSC_0729

Заев - Хан: Веруваме дека од јуни Република Северна Македонија ќе почне да испишува европска иднина

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев во рамки на еднодневната посета на Брисел се сретна и со Комесарот за проширување и соседска политика на ЕУ, Јоханес Хан.Истакнувајќи дека 15-тиот состанок на Советот за Стабилизација и асоцијација се одржа во исклучително значаен период за Република Северна Македонија, на средбата премиерот Заев потенцираше дека единствената алтернатива за нашата земја е членство во Европската Унија. Премиерот Заев искажа верување дека за само неколку месеци, Северна Македонија ќе почне да испишува нова, европска иднина.На средбата, евро-комесарот Хан го охрабри премиерот Заев да продолжат реформите во земјата. Беше искажана и поддршка за дијалог, како и учество на сите политички партии во носењето одлуките коишто се од интерес на Република Северна Македонија.Премиерот Заев на денешната средба со Хан потенцираше дека очекува за околу еден месец да се одржат успешни и кристално чисти претседателски избори.

Македонија | пред 6 години

6 год.
izjava-zaev.Still079

Подметнат пожар во Дебрца

Нема ни свест ни казни !Пожар беснее во општина Дебрца и стигна то магистралниот пат Охрид - Кичево во атарот на село Врбјани.На фотографиите кои ги испратија читатели на „Скопје 1“ се гледа огнот кој стигнал до патот, а според сведочењата на читателите тие разговарале и со лице кое им кажало дека запалило стрниште и предизвикало пожар.Екипи на противпожарната служба во моментов пристигнале на терен и почнуваат со гаснење.ГОРИ НА СИТЕ СТРАНИЕден месец гори трската во плиткиот дел на езерото на брегот кај Струга која се пали намерно со бензин. Гори трска и во општина Охрид околу болницата „Костозглобна“ која исто така се пали со бензин. Изгоре трска и во Преспа. Горат ниви и стрништа од Охрид до Скопје, а горат и Скопска Црна Гора како и планините околу Струга. Чад го обвива и аеродромот во Охрид бидејќи околу него луѓето неколку дена палат ѓубре и стрништа.Државата до сега никого не казнила за ова неодговорно однесување на поединци кое може да биде многу опасно дури и катастрофално.

Македонија | пред 6 години

6 год.
2-5

126 седница на Влада - што се се изгласа?

Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за реафирмирање на работата на Советот за земјоделство и рурален развој (Агросовет) со Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за формирање на Совет за земјоделство и рурален развој, и ја разгледа и усвои и информацијата за потпишување на Меморандум за разбирање меѓу Министерството за политики за земјоделство, прехрана и шумарство на Република Италија и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Северна Македонија за соработка во секторот земјоделство.На предлог на Министерството за внатрешни работи на денешната владина седница Владата на Република Северна Македонија до разгледа и усвои предлогот за поведување постапка на преговори за склучување на Протокол за соработка во областа на борбата против трговија со луѓе помеѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија.На денешната седница министрите ја разгледаа и усвоија информацијата за учеството на Република Северна Македонија во доверителните фондови на НАТО во рамки на Иницијативата за градење и зајакнување на одбранбените и безбедносни капацитети на предлог на Министерството за надворешни работи, а на предлог на Министерството за одбрана се донесе одлука испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во вежбовната активност „Vigorous warrior 19“ во Република Романија.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Roaming

Прифатен текстот на Договорот за намалување на цените на роаминг на Западен Балкан

Владата на Република Северна Македонија го разгледа и усвои Извештајот за извршени преговори и го прифати усогласениот текст на Договорот за намалување на цените на услугите за роаминг во мрежите за јавни мобилни комуникации во регионот на Западен Балкан, и го овласти министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски  да го потпише на договорот за намалување на цените на роамингот на Западен Балкан.

Македонија | пред 6 години

6 год.
3-1-1

Усвоена информација за потреба од Стратегија за транспарентност

На оваа 126-та редовна седница министрите ја разгледаа и ја усвоија информацијата за потребата за изработка на Стратегија за транспарентност на Владата на Република Северна Македонија со цел да се зголеми довербата на граѓаните во институциите на системот преку системско унапредување на транспарентноста и отвореноста на државните институции. Оваа стратегија ќе ги утврди приоритетните области и ќе даде стратешки насоки за институциите да ги применат принципите на добро владеење кои се дел од правниот систем на ЕУ и 12-те принципи на добро владеење од Советот на Европа. За таа цел беше задолжен Кабинетот на министерот без ресор задолжен за комуникации, транспарентност и отчетност, Роберт Поповски да ги координира понатамошните активности.

Македонија | пред 6 години

6 год.
5-2

„Македонската информативна агенција“ стана „Медиумска информативна агенција“

На денешната владина седница беше разгледан и усвоен и Извештајот на меѓуресорската работна група за извршување на обврските од Конечната спогодба со Република Грција, според кој новиот назив на АД Македонска информативна агенција – Скопје во државна сопственост (МИА), отсега ќе биде АД Медиумска информативна агенција – Скопје во државна сопственост (МИА), новиот назив на АД Електрани на Македонија – ЕЛЕМ ќе гласи АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), и новиот назив на АД за поштенски сообраќај „Македонска пошта“ во државна сопственост – Скопје, ќе гласи АД за поштенски сообраќај „Пошта на Северна Македонија“ во државна сопственост Скопје.Во таа насока, се усвои и предлог одлука за изменување и дополнување на Статутот на Акционерското друштво за производство на електрична енергија со која се преименува во Електрани на Република Северна Македонија, АД ЕСМ Скопје.

Македонија | пред 6 години

6 год.
1-1-2

Се проширува опфатот на компании за државна поддршка и се поедноставуваат административните процедури

Владата на Република Северна Македонија на денешната владина седница го усвои Предлог законот за дополнување и изменување на Законот за финансиска поддршка на инвестициите со кој се унапредува системот на државна поддршка на инвестициите, се зголемува опфатот на компании кои може да аплицираат и се поедноставуваат административните процедури за апликација. Тоа значи дека за државна поддршка ќе може да аплицираат сите компании кои остваруваат пораст на приходи од вкупното работење, во дејности како што се трговија, ИТ технологии или секундарно земјоделско производство, под услов да започнат нов производствен процес. Целта на усвоените измени е да се излезе во пресрет на барањата на бизнис заедницата и да се зголеми конкурентноста.

Македонија | пред 6 години

6 год.
angelov

Второто писмо од Ангелов: Мерката за патриотизам е да си спремен да умреш во секој момент за својата земја

По писмото кое Горан Ангелов го остави до својата сопруга Наташа, откако беше осуден , денеска на социјалните мрежи обелоденето второто  негово писмо упатено до Кико. Писмото е објавено на фејсбук профилот на Кристијан Јандриоски. Во него Ангелов пишува:Кико брат!Јас знам дека секој народ има свои изроди кои повеќе се грижат за својот џеб отколку што се грижат за народот и неговата судбина.Но изгледа дека македонскиот ги има повеќе од било кој друг народ. Истите тие предавници, наместо да се опаметат и ги признаат своите грешки, тие за тоа бараат награда ( Нобелова ).Кражбата на една нација никогаш не застарува, и еден ден за тоа народот ќе си ја побара сметката да ја наплати.Ни еден судија не е точен како времето кое доаѓа за наплата и времето кое бара да се соочиме со тоа што ни стои во совеста. Тоа време иде.Сега тие ја глодаат среќата која им припаѓа на други, на тие што се напатени и што останале во оваа земја да се борат за подобро утре. Тие што се сега на власт се срамат од тоа какваа им е татковината, и за тоа ја менуваат, ја обезличуваат, затоа тие и не припаѓаат кај неа.Ниеден чесен син и ќерка не се срами од својата мајка, тие се срамат.Мерката за патриотизам е да си спремен да умреш во секој момент за својата земја, тие тоа го немаат, тие ги имаат мерките за предавства, кои ние никогаш одблиску нема да ги знаеме кои се и како изгледаат.Затоа брат, упати поракава до сите ....Време е за ОБЕДИНУВАЊЕ. Доста е кавги и несреќи, време е сите да застанеме заедно и да и го тргнеме овој товар на татковината. Товар наречен Власт.Обединете се сите под ВМРО-ДПМНЕ, и заедно испорачајте им ја сметката на Предавниците.Заедно против Тиранот, браќа и сестри!https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10215357840876741&set=a.4875296477755&type=3&theater Горан Ангелов  беше осуден на 12 години затвор поради „тероризам на 27 април“ пред Собранието на Република Македонија.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања