Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
3-6

Џафери на конференција на претседатели на парламенти на Јадранско – Јонската иницијатива

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери учествува на 16-та конференција на претседатели на Парламенти на Јадранско- Jонската иницијатива во Будва, Црна Гора.Во оваа регионална иницијатива, формирана во 2000 година членуваат: Република Албанија, Босна и Херцеговина, Република Хрватска, Република Грција, Република Италија, Црна Гора, Република Србија и Република Словенија. Република Северна Македонија стана член во мај 2018 година.Со конференцијата претседаваше претседателот на Собранието на Црна Гора, Иван Брајовиќ, во својство на домаќин и актуелен претседавач со парламeнтарната димензија на Иницијативата на претседателите на парламентите на земјите членки.На почетокот на состанокот беше поздравено членството на Република Северна Македонија како нова членка во Јадранско-јонската иницијатива и беа упатени честитки за постигнување на Договорот со Република Грција за надминување на билатералниот спор. Според дневниот ред на конференцијата, учесниците дебатира во две сесии и тоа за туризмот и културата како заедничка насока, предност и стратешко определување на државите на Јадранско-јонската иницијатива и за парламентарните тела како значаен ресурс за зајакнување на соработката во приоритетните области на државите членки на Иницијативата. Претседателот Џафери се обрати на втората сесија.Во рамките на конференцијата, Претседателот Џафери оствари неколку билатерални средби со своите колеги од регионот. На средбата со домаќинот, претседателот на Парламентот на Црна Гора, г. Иван Брајовиќ, беше изразена надеж дека соработката во регионалната иницијатива ќе биде успешна и дека ќе се идентификуваат проекти од регионален карактер кои треба да ја поддржат интеграцијата на земјите од Западниот Балкан во Европската Унија.На средбата со потпретседателката на Италијанскиот Сенат г-ѓа Паола Таверна и со потпретседателот на Италијанскиот Претставничкиот дом г. Еторе Росато беше изразено уверување дека Италија ќе продолжи да ги подржува земјите од Западниот Балкан на нивниот пат кон полноправно членство во Европската унија, како и очекувањето дека Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО ќе биде ратификуван во двата дома во Република Италија кон крајот на март и почетокот на април, имајќи предвид дека веќе е започната дебатата по ова прашање.На крајот на конференцијата беше усвоена Заедничка изјава. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
izjava-zaev.Still077

(ВИДЕО) Минарето во Охрид и во моментов се гради

Државата умре или никој не ја ферма дека е жива ? !Иако денес и официјално беше соопштено дека е донесена одлука да се стопира градбата на минарето, во моментов на него работници изведуваат градежни работи.Државата е навлезена во фаза кога речиси ништо не функционира или како што коментираат во Охрид, ваква „разбоздисаност“ на целиот систем во земјата не се памти.Од платформи на Матка, запалени планини, запалени ниви, запалени езера и брегови, градби на објекти од минариња до хотели и летни тераси без дозволи и никаков план, ред и поредок.Ова го соопштија властите вчера: Инспекцијата ги потврди нерегуларностите: Изградбата на минарето е запрена, пропишана и парична казна А ВАКА Е ДЕНЕС:

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Пендаровски со граѓани и дуќанџии во Скопје: Потребен е претседател кој обединува, подготвен сум, водам напред

Заедничкиот кандидат за претседател на државата Стево Пендаровски денеска се сретна со граѓаните на главниот град, Скопје. На  средбите  со граѓаните низ центарот на Скопје, Пендаровски разговараше за претстојните претседателски избори и потребата од вистински претседател кој обединува и работи во интерес на граѓаните и државата, се вели во соопштението на СДСМ.Средбите продолжија и во Старата скопска чаршија, кадешто заедничкиот кандидат Пендаровски разговараше со граѓани, дуќанџии, еснафи и пазарџии.- Како држава, како општество конечно тргнавме напред и затоа потребно е заедно, со здружени сили да го поддржиме напредокот, да го искористиме позитивниот момент и да продолжиме напред. Граѓаните заслужуваат претседател кој ќе биде претседател на сите, претседател кој ќе биде над партиите и ќе биде достоен претставник на државата. Подготвен сум да водам напред, да бидам претседател на сите граѓани, порача, меѓудругото Пендаровски на средбите, се вели во соопштението на СДСМ.

Македонија | пред 6 години

6 год.
mickoski-nepravda

Мицкоски: Да покажеме кичма, која тие сакаат да ја немаме, против секоја неправда донесена од оваа власт

Само слабите не се осудуваат да бидат праведни, а оваа власт од ден на ден е се послаба, но со тоа и се понеправедна. Неправдата било каде е закана за правдата секаде. Се поставува прашањето: што е неправда, истакна во најновото видео обраќање лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христија Мицкоски,. Тој притоа наброја што е неправда:-Неправда е кога Премиерот ќе каже дека имало амнестија, поради пазар, односно само поради тоа што требало да се обезбеди 2/3 мнозинство за договорот со кој државата го менува името?-Неправда е и кога мнозинството на народот ќе биде против, а сепак ќе смени името на државата и идентитетот нацијата.-Голема неправда е кога родителите на 4 деца од Смилковско се уште тажат и бараат правда за убијците на своите чеда, кои остануваат неказнети, а Зоран Заев им ветуваше кога тогаш, кога ќе има можност вистинските сторители ќе ги изведе пред лицето на правдината.-Неправда е и додека други родители на патриоти тажат за 211-те години затвор за случајот со 27-ми април.-Неправда е кога синот на Ченто, исто како трите чеда на Ангелов и другите притворени ќе треба 15 години да растат без своите родители, додека оваа власт претходно направи широка амнестија на над 1000 осудени криминалци.-Неправда е и кога ќе се загуби живот во болница поради недостаток на кревет или недостаток на лекарства.-Неправда и кога за болните ќе немаат лекови на квота после 10-ти во месецот.-Неправда е што македонските лекари земаат плата многу помала од ветената, исто како и наставниците и професорите, и тие немаат поголема плата, односно ја немаат онаа која што им ја ветуваше Зоран Заев, слична е и ситуацијата кај пензионерите, пензиите им се кратат наместо да растат.-Неправда се и криминалните бизниси, тендерите во 4 очи и корупцијата која немилосрдно расте.-Неправда е и непотизмот, и незаслуженото вработување на роднини на функционери, позади кои стои по еден млад човек кој не го добил тоа работно место, не затоа што е неспособен туку затоа што не е нечив роднина, односно не е роднина на луѓето од власт.-Неправда е и неплатената мака на земјоделците.-Најголема неправда е потрошениот талент и уништениот живот од Заевизмот.Нашите животи ја губат смислата тогаш кога наместо да зборуваме ќе замолчиме пред неправдите, затоа ние денес сме гласни повеќе од кога било порано, повеќе пред секоја една неправда, зошто само така ќе ја победиме.Поместувањето на планината започнува со малите камења, а овој процес е одамна почнат. Затоа сега е време да ги казниме, да ги промениме работите. Да покажеме кичма и карактер, која тие сакаат да ја немаме, против секоја твоја, наша и заедничка неправда донесена од оваа власт. Да бидеме гласни, и да победиме, да ја донесеме правдата, да се избориме за нашите правдини, да победиме за Македонија. Да победиме за нашата Македонија.https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/videos/355996955125990/?v=355996955125990

Македонија | пред 6 години

6 год.
Naum-Stoilkovski-1

Стоилковски: Шест месеци не се кажува што е со кривичната пријава против премиерот за поткуп во изборни цели

Точно шест месеци Јавното обвинителство нема никаква реакција, соопштение, информации, што е сработено и дали воопшто е постапено по Кривичната пријава која што ја поднесе ВМРО-ДПМНЕ против премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, кој што јавно на митинг во Крива Паланка повика на поткуп при избори што е спротивно на чл. 160 и чл.162 од Кривичен Законик и тоа е казниво дело, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Почитувани, согласно препораките од 2003 година од Комитетот на министри при Советот на Европа, до земјите членки за обезбедување на информации преку медиумите што се однесуваат на криминалните истраги, стои дека за истраги коишто се во интерес или привлекуваат големо интересирање во јавноста, властите би требало да ги информираат медиумите за нивните постапки, до оној степен што не би значело попречување или одложување на истрагата. Во случаи на подолги постапки, се заклучува во препораката, овие информации треба редовно да бидат доставени до медиумите.Почитувани, кривичната пријава е поднесена на 18-ти септември, точно пред шест месеци лани, среде кампањата за референдумот, а и денес, шест месеци подоцна нема никаква информација. Според постапките на Јавното обвинителство, или сметаат дека кривичната пријава против премиерот за поткуп во изборни цели, за случај од вонредно значење или дека не предизвикува интерес, или за нив шест месеци не е долг период!Почитувани, ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе оваа Кривична пријава бидејќи Јавниот обвинител не постапи согласно надлежностите предвидени во чл. 39 од Законот за кривична постапка односно не отвори постапка против Зоран Заев по јавно допрен глас. Со Кривичната пријава го доставивме и видео материјалот на кој што се слуша како Зоран Заев јавно повикува на поткуп, каде што се слуша како признава дека еден бизнисмен, односно сопственикот на „Минстрој“, веќе му ветил на Заев дека ќе ги награди работниците доколку излезат на претстојниот тогашен референдум.Ваквото однесување на Јавно обвинителство го става Зоран Заев над законот, ваквото однесување е показател на сервилноста на Јавно обвинителство кон извршната власт, ваквото однесување е показател за селективност во правото и правдата во Република Македонија.На чекор сме до претседателските избори, со ваква селективност, со Јовески/Русковска прислушувано обвинителство, Заев повторно неказнето би можел да нуди поткуп, да поттикнува поткуп, да бара бизнисмени да го одврзат ќесето, јавно да бара и да нуди се во изборни цели. Тоа не смее да се случува во држава на европско тло.Почитувани, правото и правдата ќе се вратат, со масовна поддршка и гласови за Гордана Силјановска Давкова, со поддршка за ВМРО-ДПМНЕ на предвремените избори, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

6 год.
DSC04547

Нови скали до манастирот „Св. 40 маченици“

По проширени и целосно реконструирани скали, битолчани годинава ќе можат да се искачуваат кон црквичето „Св. 40 маченици“, за време на одбележувањето на овој верски празник. Екипи на КЈП „Нискоградба“, по налог на Општина Битола, ги завршуваат работните активности во вредност од околу 300.000 денари, кои покрај скалите, обезбедија решение за жителите на улицата „Христијан Тодоровски Карпош“, во однос на истечните води.Новите скали, во должина од четири метри имаат површина на газење од 32 сантиметри, нова платформа, а се обложени и со нова заштитна кошулица.Во овој дел од населбата Баир, на улицата „Христијан Тодоровски Карпош“, направени се канализациони приклучоци во должина од 45 метри, поставена е и нова шахта со атмосферска решетка, во која ќе се собираат атмосферските води, кои досега се излеваа на ѕидовите од околните куќи и им предизвикуваа големи проблеми на локалните жители. Направени се и нови 7 приклучоци на индивидуални куќи, во однос на фекалната и атмосферската канализација.[caption id="attachment_32199" align="alignnone" width="1240"]  [/caption]Поставен е потпорен ѕид во должина од 5,5 метри со висина од 1,40 метри. Поради непристапниот терен за работа со машини, се работеше рачно на ископ и поставување на цевките, од страна на вработените во КЈП „Нискоградба“. Градоначалничката Наташа Петровска, претседателот на Советот на Општина Битола и дел од советниците во општинскиот совет, го посетија местото каде и денес се работи, со цел да се запознаат со тековните активности и изведби. Дел од жителите на ул. „Христијан Тодоровски Карпош“ го искажаа задоволството од локалната самоуправа која одговорила на нивните барања, за решавање на еден, за нив, горлив животен проблем. Тие се заблагодарија на преземените активности и интервенции, а дополнително дадоа предлози за следни инфраструктурни зафати во овој дел од градот. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
Pokana_Andalucia_4

ANDALUCIA, изложба на Дејан Колевски и Кирил Пенушлиски

На изложбата Andalucia ќе бидат претставени четириесетина уметнички фотографии на двајца современи македонски фотографи - Дејан Колевски и Кирил Пенушлиски. Изложените фотографии се направени во градовите Кордоба, Севиља, Гранада, Гарзамела, Кадиз и Ронда, каде што двајцата автори имаа студиски престој во периодот октомври – ноември 2017 година. Прикажувајќи ги луѓето, обичаите, природните убавини, културните споменици и архитектурата низ призмата на своите апарати, Колевски и Пенушлиски нудат уметничко толкување на идентитетот на овој регион на Шпанија.Дејан Колевски e мајстор на фотографијата, кој има повеќе самостојни изложби, меѓу кои и изложба во Националната галерија на Македонија во Скопје. Во неговите фотографии централно место зазема човекот, прикажан во урбана средина. Во оваа серија тој прикажува најразлични сцени од секојдневното живеење.Кирил Пенушлиски е фотограф, кој аматерски се занимава со фотографија од 1994 година. Пенушлиски верува дека помалку информации ѝ овозможуваат на фантазијата повеќе да работи, па затоа во неговите фотографии деталната и верната дескрипција е заменета со сугестија. Andalusia е негова прва самостојна изложба.

Скопје | пред 6 години

6 год.
pozar-strusko

Пироманите дивеат во Струшко, против - пожарната служба мака мачи

После трските во езерото, сега во Струга ги запалија и плнините !Локализиран е пожарот што вчера зафати голема површина нискостеблеста шума на планината Караорман, во близина на струшкото село Делогожда.Поради непристапноста на теренот, кој е висок и стрмен екипите на Територијалната против-пожарна единица од Струга не можеле да интервенираат, а на негово локализирање и целосно гасење работат екипи на Шумското претпријатие.Територијалната противпожарна служба во Струга има шест камиони и две теренски возила. Двете цистерни се некаде околу 1979 – 1980 година, а кои моментално не се исправни.  Службата нема ниту доволен број на пожарникари. Располага само со 32, што е далеку од законски утвредениот минимум. Имаат потреба од најмалку десет нови пожарникари. Оваа служба само за половина месец од март имале 54 интервенции. Токму поради овие проблеми, Струшките пожарникари при поголеми интеревенции помош бараат од Охридската против пожарна служба.Екипите на Струшката пожарна, како што информира за МИА заменик командирот Ристе Талевски, утрово интервенирала на два пожара во селата Боровец и Лабуништа.-Уште еднаш ќе упатам апел до населението да не пали оган на отворено, кој што лесно може да излезе од контрола и да предизвика несакани последици, изјави Талевски.Полицијата најави зајакнати мерки за превенција од пожари и санкции за лицата што ќе предизвикаат пожар. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
stranska-vojska

Седумина обвинети за Учество во странска војска, паравоени или параполициски формации признаа вина

Денеска во Основниот суд Скопје 1 Скопје, на главната расправа при произнесување за вина, седумтемина македонски државјани обвинети за Учество во странска војска, паравоени или параполициски формации, а едно лице обвинето и за кривично дело Терористичка организација, ги признаа делата што им се ставаат на товар.Во август минатата година, во соработка со партнерите од Глобалната коалиција за борба против тероризмот и Сириските Демократски Сили, обвинетите беа лишени од слобода и предадени на македонските органи на прогонот. По спроведена истрага, во декември минатата година од страна на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, до Основниот суд Скопје 1 Скопје, беше поднесено обвинение против седум лица.Обвинетите со намера да станат учесници во паравоените формации ја напуштале територијата на Република Македонија и заминувале на обука во Сирија каде и учествувале како борци на ИСИС во војните во Сирија и Ирак. Обвинетиот кој се терети за две кривични дела – Учество во странска војска, паравоени или параполициски формации и Терористичка организација бил припадник и на терористичката организација „Исламска држава“.Освен учество во паравоените формации надвор од Република Македонија, обвинетите обезбедувале, собирале финансиски и материјални средства за лица кои учествуваат во овие формации, преку социјалните мрежи и друг вид на комуникација повикувале, врбувале и поттикнувале други лица на учество во паравоените формации надвор од Република Македонија. 

пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Привремен сообраќаен режим на дел од булеварот Христијан Тодоровски Карпош

Градот Скопје ги известува граѓаните дека од утре (20.03.2019 година, среда) од 7 часот целосно ќе биде затворен за сообраќај делот од булеварот Христијан Тодоровски Карпош на потегот од улицата Ферид Бајрам до улицата Боца Иванова, поради изведување градежни активности за асфалтирање на коловозот. За време на градежните работи, сообраќајот во овој дел од градот ќе биде пренасочен по околната улична мрежа.Сообраќајот на оваа делница додека траат градежните активности ќе го регулираат и униформирани полициски службеници или други овластени службени лица. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на привремено поставениот сообраќаен режим, да ја почитуваат поставената патна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.

Скопје | пред 6 години

6 год.
DSC04642-2

8 возила од Министерството за земјоделство, ќе станат амбулантни

Со одлука на владата ќе преземеме осум комбиња од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство што биле наменети за некоја друга намена, но ќе може целосно да се пренаменат да бидат амбулантни возила и ќе се доопремат, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.Набавката на возила за Итна медицинска помош заврши, до крајот на месецот е рокот за испорака и ги очекуваме 12-те нови возила што ќе бидат распределени на повеќе места низ државата, а најмногу во Скопје. Со одлука на владата ќе преземеме осум комбиња од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство што биле наменети за некоја друга намена, но ќе може целосно да се пренаменат да бидат амбулантни возила и ќе се доопремат, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.Според Филипче, не се проблем само возилата, проблем е и кадарот. Затоа, појасни, 40 доктори во следниот период после изборите ќе бидат примени во Здравствениот дом Скопје и насекаде ширум државата.„Исклучително ме прави горд тоа што сите млади лекари после лиценцирањето и завршувањето на стажот во Лекарската комора ќе добијат шанса за работно место токму во оваа служба. Значи сите доктори кои ќе завршат во нашата држава ќе добијат платено работно место за време од предвидениот, согласно измената на Законот за здравствена заштита, стаж од шест месеци. На тој начин ќе им биде овозможен влез во здравствениот систем. Верувам дека ќе ги стимулираме и да се надградуваат дополнително на начин на кој ќе почнат да ги добиваат знаењата и искуството на основно ниво на примарна здравствена заштита во сферата на Итната медицинска помош“, истакна Филипче.

Македонија | пред 6 години

6 год.
stevce-jakimovski

Јакимовски порача: Не им се плашиме, ќе ги тепаме

„Не им се плашиме, ќе ги тепаме“, порача денес од пред суд ексградоначалникот на општина Карпош и лидер на партијата ГРОМ, Стевчо Јакимовски, при излез од старата во новата зграда на Кривичниот суд во придружба на полицијата. Тој качувајќи се по скалите покажа два прста и извика: „Ќе ги тепаме, не им се плашиме",Јакимовски утрово беше уапсен и изведен пред судија на претходна постапка.Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција за него побара мерка притвор, и тој во судот ја чека одлуката.Јакимовски се товари за злоупотреба на службена положба, во постапка која ја отпочнало Основното јавно обвинителство. Постапката која ја води ОЈО се оеднесува на легализација на државно земјиште, кое бизнисмени го откупиле за пониска цена од реалната. Проневерата предизвикала штета од милион евра, а за ваквата последица Обвинителството го сомничи Јакимовски.Ова е второ приведување на Јакимовски. Тој минатото лето беше приведен и однесен во судот поради истрага на финансиската полиција, а судијата донесе одлука да му се одземе пасошот.Јакимовски е осомничен и во истрага на Специјалното јавно обвинителство под кодно име „Хармонија“. 

пред 6 години

6 год.
marihuana2

Поднесен обвинителен акт за неовластено пуштање во промет на марихуана

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.Обвинетиот, во куќа во која престојувал во скопско Визбегово, неовластено заради продажба држел наркотична дрога – марихуана со вкупна нето маса од 5.890,21 грам. При претрес на домот, во црна полиетиленска ќеса била пронајдена дрога со нето маса од 1.860,8 грама. Останатата дрога била пронајдена во неколку различни пакувања при преглед на блиската околина на домот, на неколку метри од куќата.Надлежниот јавен обвинител процени дека се уште се исполнети законските услови, односно дека постојат околности кои што укажуваат на опасност од бегство на обвинетиот, па до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор. 

пред 6 години

6 год.
03

Средба Заев - Могерини

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев својата работна посета на Брисел денеска ја започна со средба со потпретседателката на Европската Комисија и висока претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Федерика  Могерини.На средбата присуствуваа и заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за европски прашања, Бујар Османи, заменичка на претседателот на Владата и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска и министерот за надворешни работи, Никола Димитров.Премиерот Заев ја изрази својата лична благодарност за одржувањето на Советот за Стабилизација и Асоцијација во вака значаен период за Република Северна Македонија.На средбата беа повторени честитките за постигнувањата со Договорот од Преспа, неговата целосна имплементација и придобивките коишто се веќе видливи за сите.Исто така, на средбата беше поздравен силниот напредок на Република Северна Македонија во исполнувањето на реформската агенда. Владата од потпретседателката на Европската Комисија, Могерини доби охрабрување пред јуни оваа година државата да ги спроведе преостанатите мерки за комплетирање на реформите предвидени со заклучоците на Европскиот  совет од јуни 2018-та година.Учесниците на денешната средба во Брисел се согласија дека успешното спроведување на фер, демократски и слободни претседателски избори е клучно и приоритетно за Владата на Република Северна Македонија. На средбата, исто така беше истакнато дека сите очекуваат конструктивен пристап и учество на опозицијата во изборите, како и во реформските процеси.На средбата на владината делегација, предводена од премиерот Заев со високата претставничка на Европската Унија, беше заклучено дека Република Северна Македонија има големи причини да се надева на позитивни сигнали од сите Европски институции во наредниот период. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
IMG_0641

ТАВ Македонија го прослави отворањето на двете нови дестинации Баден – Баден и Бремен

Со слатки подароци за 195 патници, ТАВ Македонија денеска го прослави заминување на првиот лет на Виз ер од Меѓународниот Аеродром Скопје до Баден – Баден. Аеродромот Карлсруе во Германија, одбележувајќи го отворањето на двете нови редовни авиолинии до Баден – Баден и Бремен , како и поставувањето на петтиот воздухоплов на авиокомпанијата во нивната база на Меѓународниот Аеродром Скопје.Првиот лет до Баден – Баден, со Ербас A 321 со вкупен капацитет на седишта за 235 патници, полета од Меѓународниот Аеродром Скопје во 11:55 часот и ќе пристигне назад во Скопје во 17:05 часот. Рутата до овој германски град, познат како спа-центар во југозападниот дел  од државата близу до границата со Франција, ќе биде опслужувана два пати неделно, секој вторник и сабота.Утре, 20-ти март, во 11:50 часот, на скопскиот аеродром ќе пристигне првиот лет од Бремен, еден од најпопуларните германски градови во северниот дел од државата, познат како голем економски и културно-историски центар. Авион од типот Ербас А320 на Виз ер со 189 седишта, ќе лета на оваа рута два пати неделно, во среда и недела, полетувајќи од Скопје во 6:05 часот и заминувајќи за Бремен во 11:50 часот.Менаџментот на ТАВ Македонија го изрази нивното огромно задоволство за постојаното проширување на мрежата на авиолинии од скопскиот аеродром.Баден-Баден и Бременсе двете нови редовни линии на ВИЗ ер од Меѓународниот Аеродром Скопје, кои ќе функционираат преку целата година. Линијата Баден-Баден почнува денеска, на 19-ти март, а линијата до Бременќе почне утре на 20-ти март. Веруваме дека овие дестинации ќе бидат интересни за нашите патници дека ќе ги користат често и ќе доживуваат нови патувачки авантури. Со додавањето на Баден-Баден и Бремен, бројот на дестинации до Германија станува 10, додека вкупниот број на дестинации од скопскиот аеродром 39. Со отворањето на новите рути, Виз ер исто така ќе го базира својот петти авион во базата на скопскиот аеродром, што е многу важен чекор напред за авиокомпанијата, покажувајќи ја нивната посветеност на постојани инвестиции во нивната база во Скопје. Сакам да се заблагодарам на Владата и на Виз ер, за нивната постојана посветеност на развојот на авијацискиот пазар. И на крајот, но не и помалку важно, би сакал да им се заблагодарам на сите институции вклучени во аеродромските операции, како Агенцијата за цивилно воздухопловство, Македонска Навигација, Полиција и Царина, за добрата соработка која ја имаме, изјави Неџат Курт, Координатор на аеродромите во ТАВ Македонија.Со додавањето на Баден-Баден и Бремен, како нови дестинации, сега од Меѓународниот Аеродром Скопје е директно поврзан со 39дестинации, на кои оперираат 13 авиокомпании.ТАВ Македонија ја заврши 2018 година со вкупно 2,3 милиони патници на двата аеродрома, со 16% годишен пораст, и со 19.750 летови, односно 9% годишен пораст.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Костанинов: Да се издигнеме над партиските интереси во интерес на воспоставувањето на правната држава

Костадин Костанинов, портпарол на СДСМ и пратеник на денешната пресс конференција одговараше и на новинаски прашања. На прашањето: Синоќа ги слушнавме ставовите на тимовите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, прилично спротивставени ставови околу СЈО, има ли шанса овој процес, особено пред добивањето на извештајот од Европската комисија и очекуваниот датум за преговори, односно паузата којашто треба да следи во Собранието поради претседателските избори?Костанинов одговори: Околу какви било прогнозирања за тоа дали има шанса или нема шанса, јас можам само да порачам дека треба да се издигнеме како политички партии над теснопартиските интереси во интерес на воспоставувањето на правната држава и во интерес на воспоставување на независни правосудни ограни. Сега останува на ВМРО-ДПМНЕ, имаат време до четврток додека да отпочне амандманската расправа да размислат дали навистина ќе се водат од нашите интереси за нашата европска интеграција и НАТО интеграцијата или ќе останат како што тоа го правеа и досега да бидат на страната на криминалот во обид на амнестија на сите криминалии на претходната криминална власт на ВМРО-ДПМНЕ. Социјалдемократскиот сојуз на Македонија има јасни недвосмислени принципиелни ставови во однос на правосудните органи во државата исто и во однос во законот за Јавното обвинителство, истакна Костадин Костанинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

Македонија | пред 6 години

6 год.
nato-bombardovanje

Истражување во Србија: Децата родени меѓу 1999 и 2015 поради токсини подложни на малигни болести

Децата родени меѓу 1999 и 2015 година биле изложени на токсичен фактор, кој влијаел да бидат подложни на малигни болести, покажа студијата на Комисијата за истражување на последиците од НАТО бомбардирањето.Претседателот на Комисијата Дарко Лакетиќ, по презентирањето на истражувањето во српскиот парламент, пред новинарите истакнал  тоа се однесувало само на деца, бидејќи тие се помалку изложени на други фактори на ризик, како што е пушењето.Истражувањето покажа дека најчести тумори кај деца на возраст до четири години се невроектодермалните, кај оние од пет до девет години се туморите на крв, од 10 до 14 години тумори на мозок, а од 15 до 18 години солидни тумори.Комисијата за истрага на последиците од НАТО бомбардирањето во 1999 година по здравјето на граѓаните на Србија е основана минатата година. 

Свет | пред 6 години

6 год.
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Силјановска повторно во одбрана на криминалците

Кандидатката на Христијан Мицкоски, Гордана Силјановска, повторно се стави во одбрана на криминалот и криминалците.Со таквото однесување, Силјановска уште еднаш потврди дека и таа исто како и Мицкоски и Иванов припаѓа на матрицата на Никола Груевски, матрица на одбрана на криминалот. Силјановска не може да биде на страната на правото и правдата, бидејќи е на страната на криминалците, се вели во соопштението од СДСМ.

Македонија | пред 6 години

6 год.
vlado-misajlovski

(ВИДЕО) Мисајловски: Апсење на Стевче Јакимовски е политички прогон и обид за заплашување на опозицијата

Право и правда во Македонија веќе не постојат. Институциите во целост се ставени во служба на власта. Се злоупотребуваат и законите и сите државни ресурси за политичка пресметка со сите кои мислат поинаку. Зоран Заев и Стево Пендаровски се исплашени од граѓаните. Паниката е толкава што СДСМ, денес, на еден месец пред претседателските избори реши да го апси лидерот на една од поголемите опозициски партии. Денешното апсење на Стевче Јакимовски е политички прогон и обид за заплашување на опозицијата, истакна Владо Мисајловски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.Тие знаат дека ќе ги загубат претседателските избори и затоа монтираат судски процеси и апсат секој што може да им се спротивстави.Ваквото однесување на Зоран Заев има две цели. Да испрати порака дека тој може да направи што сака и дека сите треба да му се плашат без да помислат да се спротивстават и втората цел да се сврти вниманието од сите предавства, криминали и непотизам на власта кои секојдневно ги гледаме.Заев и Пендаровски се исплашени затоа што рејтингот кај граѓаните одамна им е паднат, а тоа впрочем го призна и самиот Зоран Заев.Секогаш кога СДСМ паѓа Русковска обвинителството и Кацарска судството отвораат нови монтирани процеси и шиканираат луѓе по судови. Ова е втор обид да го исплашат и скршат Стевче Јакимовски и ГРОМ кои продолжија да делуваат опозициски. Ова е нов неоснован обид да се загуши опозицијата.Единствена причина што после две години власта апси и прогонува е затоа што очајно губат, па мислат дека со злоупотреба на институциите и со малтретирање на оние кои мислат поинаку ќе се задржат нешто повеќе на своите функции.Апсењето на Јакимовски е монтиран прогон, исто како што е и случајот 27-ми април, каде десетици професионалци од безбедносните служби и граѓани патриоти се соочија со драконски казни за дело кое воопшто и не го сториле, истакна Владо Мисајловски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.ВМРО-ДПМНЕ ја уверува и власта и граѓаните, дека за сите овие монтирани судски процеси и прогон кој го врши врхушката на власта и нивните извршители низ институциите ќе одговараат кога ќе се врати правната држава и владеењето на правото во Република Македонија.Постапувањето на секој поединец ќе биде анализирано и процесуирано. Секој еден кој врши политички прогон и е маша во рацете на власта мора да знае дека одговорност ќе има. Ниту еден криминал нема да остане неказнет. Правдата ќе победи, додаде Мисајловски.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Костанинов: Иванов да го прекине молкот за становите на неговиот син

Ѓорге Иванов со денови молчи и се крие од јавноста. Тоа е однесување на нечесни политичари чие што време помина. Иванов да го прекине молкот за информациите дека неговиот син купил два стана од над 200 квадратни метри на атрактивна локација на Водно и да им одговори на граѓаните, истакна Костадин Костанинов, портпарол на СДСМ и пратеник.Со кои пари неговиот невработен син ги купил становите на Водно?Ако становите му ги купиле неговите родители, тогаш зошто не се пријавени во анкетниот лист?Особено што се појавија информации кои говорат дека во истата зграда на Водно, два лукзусни стана купил и шурата на Иванов.Во една иста зграда на атрактивна локација дури четири станови припаѓаат на членовите на семејството на Иванов.Иванов е пример како не треба да се однесува политичар кој е избран и треба да им служи на граѓаните. Дел од истата нечесна структура е и Гордана Силјановска - гордата застапничка на деструктивните политики на ВМРО-ДПМНЕ, на Никола Груевски и Христијан Мицкоски.Силјановска и Иванов бранат насилници и криминал и двајцата работат против интересите на граѓаните и државата.Граѓаните нема да дозволат нов Иванов во ликот на Силјановска кој ќе работи нечесно и спротивно на државните интереси, истакна Костадин Костанинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања