Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
brisel-bomba

Закана од бомба во Брисел во близина на седиштето на ЕУ

Полицијата затвори со кордон голема област во белгискиот главен град во близина на британската амбасада откако пожарната служба во Брисел извести дека добила телефонски повик со информација дека ќе експлодира бомба, пренесува „Спутник“.Околу 40 лица се евакуирани од зграда во близина на седиштето на Европската унија во Брисел, откако претпријатие поврзано со ЕУ добило закана со бомба. Портпаролката на полицијата, Илсе Ван де Кире, изјави дека заканата е испратена по телефон и оти истата е сериозно сфатена. Агенцијата „Асошиејтед Прес“ пренесува дека одредени делови од улиците се затворени и оти полицијата користи кучиња трагачиЛокалните медиуми пренесуваат дека пожарникарите и медицинските екипи се подготвени во случај на експлозија.https://twitter.com/JamesCrisp6/status/1107957015022919680?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1107957015022919680&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.alsat-m.tv%2Fmk%2F%25d0%25b7%25d0%25b0%25d0%25ba%25d0%25b0%25d0%25bd%25d0%25b0-%25d1%2581%25d0%25be-%25d0%25b1%25d0%25be%25d0%25bc%25d0%25b1%25d0%25b0-%25d0%25b2%25d0%25be-%25d0%25b1%25d1%2580%25d0%25b8%25d1%2581%25d0%25b5%25d0%25bb-%25d0%25b1%25d0%25bb%25d0%25be%25d0%25ba%25d0%25b8%25d1%2580%25d0%25b0%25d0%25bd%25d0%25b8-%25d0%25b4%25d0%25b5%2F

Свет | пред 6 години

6 год.
54462336_337740787084086_6494679348342161408_o

39 членови на „Д Стронгест & Рутс БЏЏ“ од Кисела Вода освоија медали

Вчера на државното првенство во БЏЏ во категорија со кимоно членовите на клубот за бразилска џиу џица „Д Стронгест & Рутс БЏЏ“ од Кисела Вода во сите категории освоија златни, сребрени и бронзени медали.На оваа натпреварување следните 39 натпреварувачи на клубот од Кисела Вода освоија медали: Златни медали: -        Петар Цветановски – почетници 2012-        Марко Ангелов – почетници 2009-2010-        Даниел Тодоровски – почетници 2007-2008, -45 кг.-        Марко Трајановски – почетници 2007-2008, +45 кг.-        Томи Блажевски – напредни 2010-2011, -36 кг.-        Дамјан Петровски – напредни 2006-2007, жолт појас-        Марко Ристовски – напредни 2006-2007, портокалов појас-        Даниела Алексовска – деца, женски-        Ева Илиевска – жени, +60 кг.-        Марко Петровски – 15год. -65 кг.-        Андреј Марков – 15год. -75 кг.-        Ненад Мрчковски – 17год. -70 кг.-        Бојан Манчевски – 17год. -85 кг.-        Виктор Лазов – бел појас, -88.3 кг.-        Теодор Стојковски – плав појас, -70 кг.-        Ева Илиевска – жени, апсолутна категорија-        Стефан Пецевски – напреден појас, апсолутна категорија Сребрени медали: -        Марио Блажевски – почетници 2012-        Јорго Проја – почетници 2009-2010-        Михаил Митев – почетници 2007-2008, -45 кг.-        Филип Митревски – напредни 2010-2011, -32 кг.-        Марко Панчевски – напредни 2010-2011, -36 кг.-        Никола Мојсовски – напредни 2006-2007, жолт појас-        Александар Колевски – напредни 2006-2007, портокалов појас-        Ива Богдановска – деца,  женски-        Никола Симоновски – 15год. -65 кг.-        Стефан Карапеевски – 15год. -75 кг.-        Антонио Дамјаноски – бел појас, -64 кг.-        Михаил Поповиќ – плав појас, -70 кг.-        Теодор Стојковски – плав појас, апсолутна категорија Бронзени медали: -        Калин Ничовски - почетници 2009-2010-        Матеј Аврамовски – почетници 2007-2008, -45 кг.-        Давид Тодоровски – напредни 2010-2011, -32 кг.-        Марко Митиќ – напредни 2010-2011, -36 кг.-        Андреј Јовески – 13 - 14 год.-        Вања Милевски – 15 год. -65 кг.-        Кристијан Илиевски – бел појас, -70 кг.-        Александар Поповиќ – бел појас, -82.3 кг.-        Ерџан Амит – плав појас, -70 кг. 

Скопје | пред 6 години

6 год.
parking-1

Успешна 2018 год за ЈП „Градски Паркинг“

Јавното претпријатие „Градски паркинг“ што стопанисува со паркиралиштата во надлежност на Град Скопје остварило позитивни резултати во финансиското работење во 2018 година. Билансот на успех во годишниот извештај на ова претпријатие покажува дека приходите од јавните паркиралишта во 2018 година пораснале за 8,63% во однос на претходната година. Со други зборови, ЈП „Градски паркинг“ во 2018 година од јавни паркиралишта заработило 147.115.268 денари, што е за 11.686.703 денари повеќе во однос на 2017 година.Најголем пораст на приходите претпријатието имало во делот на зонското паркирање, додека приходите од затворени паркиралишта и катни гаражи останале речиси непроменети во споредба со претходната година.Омилен начин за плаќање паркинг на граѓаните на Скопје и натаму е плаќањето преку СМС порака што се должи на едноставноста и брзината со која се реализира плаќањето.ЈП „Градски паркинг“ имал пораст на приходите и во секторот пајак, односно во 2018 година овој сектор остварил приходи од 25.213.459 денари, што е за 11,61% повеќе во однос на претходната година.Во заклучокот од годишниот извештај на претпријатието наведено е дека добивката која ова претпријатие ја остварило на крајот на 2018 година изнесува 13.984.799 денари. Согласно со овој извештај, добивката на претпријатието остварена во 2018 година е резултат на зголемувањето на приходите во секторите јавни паркиралишта и пајак, како и на следењето и контролата на висината на трошоците.Позитивните показатели од извештајот упатуваат на тоа дека јавното претпријатие активно работи на воспоставување ред во паркирањето во градот кој е неопходен за постигнувањето на крајната цел, а тоа е одржлива урбана мобилност и безбеден сообраќај во Скопје.

Скопје | пред 6 години

6 год.
lag2

Објавен јавниот повик за доставување на барања за мерките за финансиска поддршка за Локалните акциони групи

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, го објави Јавниот повик за доставување барања за користење на средства од мерките за „Воспоставување на локални акциски групи“ и „Реализација на стратегии за локален развој на рурални средини“, кои се во склоп на Програмата за рурален развој. Локалните акциони групи (ЛАГ-ви) се еден облик на јавно приватно партнерство во кое се вклучени самите земјоделци, земјоделските здруженија, бизнис заедницата и локалните самоуправи.Висината на вкупната финансиска поддршка за двете мерки изнесува 14 милиони денари. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопнаство Љупчо Николовски, посочи дека корисници на поддршката можат да бидат Локалните акциони групи основани согласно член 89 од Законот за земјоделство и рурален развој.Секој ЛАГ поединечно на располагање ќе има максимум 800 илјади денари.„Интензивно работевме во предходниот период на меѓусебна соработка со акционите групи и при нивното регистрирање и пред објавувањето на овие мерки се со цел да можат да ги искористат овие средства, а тоа се за обезбедување на простории и опрема за работа, услуги за подготовка следење и управување со проекти, организрање на настани во врска со реализација на нивните стратеги, градба и реконструкција на објекти, набавка на опрема, реализација на проекти за развој на инфраструктура, поддршка на руралните бизниси, валоризација на културни вредности, рурален туризам и изработки на студии за зачувување на животната средина. Успешното функционирање на овие организации е директен бенефит за развојот на локалните заедници, на општина и секое рурално населено место. Најважно од се, е тоа што овој модел на функционирање овозможува значително подобрување на условите за живот во руралните подрачја, пред се од апсект на развивање на економијата, инфраструктурата, културата и заштитата на животната средина во сите овие подрачја“, изјави министерот Николовски.Финансиската поддршка за активностите и инвестициите е 100 процентна, а корисниците ќе имаат опција за авансна исплата во висина од 40% од вредноста на одобрените прифатливи трошоци.Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, информираше краен рок за поднесување на барањата за користење на финансиска поддршка е 18- ти април 2019 – та година.„ Финансиската поддршка се исплаќа по принцип на финансирање на завршени активности и инвестиции од страна на корисникот во висина од 100% од вредноста на одобрените прифатливи трошоци за активноста од спроведената јавна набавка. Средствата од финансиската поддршка по барање на корисникот можат да се доделат во вид на авансна исплата во висина од 40% од вредноста на одобрените прифатливи трошоци или пак во целост по реализација на самата активност од страна на оперативниот план на ЛАГ- овите“, изјави директорот Бабовски.МЗШВ минатата година издаде решенија за формирање на 13 Локални акциони групи, што беше и првиот чекор по многу изминати години Локалните акциски групи да имаат можност да ги финансираат своите проекти и активности преку националниот буџет односно преку мерките од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
krazba

Поднесено обвинение за разбојништво и тешка кражба против едно лице

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице кое се товари дека сторило кривични дела – Разбојништво од член 237 став 1 и Тешка кражба од член 236 став 1 точка 3 од Кривичниот законик.Имено, на 23.01.2019 година сега обвинетиот, во придружба на уште едно лице, влегол во продажен салон на оператор на мобилна телефонија во близина на Бит Пазар и со употреба на сила и сериозна закана дека ќе нападне врз животот и телото на едно вработено лице, од него одзел 96.500 денари со намера противправно да ги присвои.Обвинетиот претходно ја разгледал поставеноста на безбедносните камери и проверил колку вработени се присутни во продажниот салон, а потоа се обидел да украде изложен мобилен телефонски апарат, но притоа се вклучил безбедносниот звучен аларм.Во тој момент обвинетиот излегол од продавницата и го натерал другото лице кое било со него да се заменат со јакните. Дополнително маскиран со качулка и марама, се вратил во салонот и извадил пиштол со кој му се заканил на вработениот, побарал од него да ја отвори касата и ги одзел парите.Истражната постапка за овој настан за кривичното дело разбојништво беше отворена и против лицето кое го придружувало обвинетиот во критичниот момент, но надлежниот јавен обвинител донесе наредба за запирање на истрагата откако во текот на постапката не беа пронајдени докази кои упатуваат на тоа дека ова лице било соизвршител во разбојништвото.На 25.01.2019 година, пак, во непосредна близина на казино во Бутел, обвинетиот со употреба на сила и сериозна закана дека ќе нападне врз животот и телото на една оштетена и одзел паричник во кој имало лични документи и 200 денари. Притоа вербално и се заканувал за да ја принуди да му ги даде парите. Со ова тој сторил кривично дело – Тешка кражба.Ценејќи дека и натаму се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител предложи на обвинетиот да му биде продолжена претходно определената мерка притвор. 

пред 6 години

6 год.
DSC04377-2

Едукативна обука за справување при кризни состојби и масовни катастрофи

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, заедно со директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски ја отворија дводневната едукативна обука за Итна медицинска помош и менаџирање на ресурси, организирана во рамки на потпишаниот Меморандум за соработка на Министерството за здравство со државата Израел и Фондот за иновации и технолошки развој.Обуката опфаќа над 100 учесници, меѓу кои здравствени работници, припадници на полицијата, армијата и противпожарната служба, кои имаат можност да ги зајакнат своите капацитети и ресурси како најважна алка за управување и справување со катастрофи.Воедно, целта на обуката е да се имплементираат иновациите и современите текови во развојот на здравствениот систем, во насока на зајакнување на вештините на службите за справување при кризни состојби и масовни катастрофи.Министерството за здравство има изготвено посебен План за дејствување при кризни состојби и катастрофи. Сакам да напоменам дека тој план функционира и го применивме при неодамнешната сообраќајна несреќа кај селото Ласкарци, каде севкупниот здравствен систем беше активиран за 15 минути. Во мултисекторски пристап, Министерството за здравство со Министерството за внатрешни работи, противпожарната единица и Центарот за управување со кризи успешно се мобилизираа и ги активираа сите капацитети. Покажавме итност, координираност, подготвеност, стручност и професионалност, посочи министерот Филипче.Министерот Филипче нагласи дека државата Израел обезбеди тим од успешни и квалитетни обучувачи, кои ќе ги пренесат своите искуства за справување во кризни ситуации преку хипер-реалистичната програма за Израелската одбранбена армија.Предвидено е обуките континуирано да се спроведуваат, а учесниците да стекнуваат сертификат кој овозможува во иднина тие да бидат обучувачи на кадар кој делува при катастрофи. Воедно, министерот најави дека наскоро е предвидена голема симулациска вежба при справување со екстремни ситуации, каде учесниците од оваа обука ќе можат јавно да ги покажат своите знаења и вештини.-Навистина ми е драго што веќе по три месеци од потпишувањето на меморандумот со државата Израел и Министерството за здравство имаме конкретна реализација. Верувам дека со оваа соработка реално можеме да донесеме иновативни методи и практики кои ќе се применуваат во нашата држава, посочи директорот на Фондот за иновации и технолошки развој.

Македонија | пред 6 години

6 год.
IMG_1279-19-03-19-12-32

ВМРО ДПМНЕ Охрид: Дали министерот Филипче е информиран дека три месеци нема ленти за мерење на дијабетес

Не можеме, а да не потсетиме дека откако со СДСМ „дојде животот“ во Охрид и Република Македонија, не само што нема правда и мир, туку нема ни Ж од живот, и тоа од оној - Живот за сите! Во овој момент сакаме да ги запрашаме министерот Венко Филипче и в.д градоначалникот Константин Георгиески, дали пред да застанат да се сликаат во ЈЗУ „Општата болница“, поразговараа барем со еден пациент кој чека низ ходниците, за да ја слушнат вистината за состојбите во здравството, истакна Лидија Петкоска, советник во општина Охрид и претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.Дали министерот Филипче беше информиран од директорот на Болницата за фактот дека во истата веќе три месеци нема ленти за мерење на дијабетес?Како министре Филипче и градоначалнику Георгиески дијабетичарите да ја следат својата здравствена состојба, кога не им го давате нити она што им следува-во случајов ленти за контрола на шеќерот во крвта?Должен ли е пациентот од свој џеб да издвои дополнителни 1000 денари за сам, приватно да си ги набави овие ленти?Ваков ли живот ветувавте?За вакво ли здравство ја добивте довербата од граѓаните?Колку и да се сликате и да се смешкате пред камери, нема да ја прикриете реалностакоја е низ болничките ходници. Ако не сте способни правилно да ги менаџирате институциите, повлечете се и препуштете им ја работата на оние кои знаат како се прави тоа.Крајно време е да почнете да сочувствувате со граѓаните и да ја преземете одговорноста за тоа дека заради недомаќинското работење доведувате во прашање бројни човечки животи.Токму затоа, народот ќе Ви ја испорача сметката на 21 април, кога јасно и недвосмислено ќе Ви каже дека доста му е и од правдата и од мирот и од животот што го донесовте, истакна Лидија Петкоска, советник во општина Охрид и претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

Македонија | пред 6 години

6 год.
trska-1

Полицијата и шумската полиција ќе ги гонат пироманите

По зачестените пожари, кои речиси станаа секојдневие, посебно на крајбрежјето, СВР Охрид ќе презема зајакнати мерки на превентивен и репресивен план и ќе ги лови пироманите кои досега останаа неоткриени.„СВР Охрид ги вклучува сите капацитети за контрола, превентива и заштита на шумите од пожари и нивно локализирање. Ќе се соработува со територијалните противпожарни единици, ЦУК, ЈП ‘Македонски шуми‘, националните паркови, шумската и граничната полиција, АРМ, органите на локалната самоуправа, медиумите, Црвениот крст и со другите надлежни субјекти и институции. Ќе има заеднички патроли на службеници на полицијата и на шумската полиција, со цел превенирање и санкционирање на несовесно однесување на поединци, надзор на претпријатијата што стопанисуваат со шуми и зајакната контрола на терен со примена на законската регулатива”, изјави портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.Од почетокот на годинава, противпожарната единица од Охрид имала 135 интервенции, што не е забележано во последниве 14 години. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
svr

Нападнат полицаец во Охрид

На осумнаесетти март оваа година околу 18 часот, на улицата „Момчило Јорданоски“ во Охрид, при преземање мерки од областа на безбедбноста, полициски службеник бил физички нападнат  од З.Ј.(53) од Охрид.Тој е приведен во полициската станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
noz-ubistvo-napad

Во училиште во Норвешка со нож повредил наставник и тројца вработен

Непознато лице со нож денеска влегло во училиште во Осло и повредило четири вработени, меѓу кои и еден наставник. Полицијата веднаш го уапси напаѓачот. Засега мотивот за нападот не е познат.Според првичните информации ученик e напаѓачот кој  со нож за леб од училишната кујна ги нападнал вработените во училиштето. Нема сериозни повреди, но сите се во шок, пренесуваат норвешките медиуми.Четирите повредени лица се училишни службеници и се префрлени во болница со помали повреди, пренесува агенцијата НТБ. 

Свет | пред 6 години

6 год.
ojo-1

Предложена мерка – притвор за три лица за Злоупотреба на службена положба и овластување

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје, достави Предлог за определување на мерка – Притвор против три лица, македонски државјани. За лицата постои основано сомневање дека сториле кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување, додека едно од лицата, се сомничи и за кривично дело Бесправно градење.Имено, во изминатиот период обвинителството донесе четири Наредби за спроведување на истражна постапка во кои се опфатени повеќе лица, меѓу кои и поранешниот градоначалник на една скопска општина.Во август 2018 година, обвинителството донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против пет лица заради постоење на основано сомневање дека сториле кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување, во три постапки за јавни набавки, при што двајца сториле кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување ” од чл.353 ст.5 во врска со ст.1 во врска со чл.22 во врска со чл. 45, додека тројца од осомничените за сторено кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување ” од чл.353 ст.5 во врска со ст.1 во врска со чл.45 од Кривичниот законик. На почетокот од овој месец истрагата е проширена поради постоење на основано сомневање дека поранешниот градоначалник и уште две лица сториле по едно кривично дело Бесправно градење.За истото кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување е донесена Наредба за спроведување на истражна постапка против две лица кои во 2015 година, пречекорувајќи ги своите службени овластувања во име и за сметка на општината спровеле јавна набавка за „Обнова на цветен расад на жардињери“ (пролетно и есенско садење – 2015), што било во надлежност на Град Скопје, притоа постапувајќи спротивно на член 48 од Законот за јавни набавки. Во овој случај му овозможиле на правното лице имотна корист на име на јавна набавка во износ од 7.209.600,00 денари без ДДВ на штета на Буџетот на општината.Во текот на 2016 година искористувајќи ги своите службени овластувања, осомничениот донел Одлука за јавна набавка за изградба на Плоштад Пецо Божиновски Кочо на локација каде според ГУП на Град Скопје 2012-2020 е предвидена примарна сообраќајница. Притоа постапувајќи спротивно на одредбите на Законот за јавни набавки и условите од Тендерската документација, му овозможиле на избраното правно лице- изведувач да се стекне со имотна корист од 20.970.000,00 денари без пресметан ДДВ на штета на Буџетот на општината.Беше донесена Наредба за за спроведување на истражна постапка против девет лица кои периодот од 2011-2017 година ја злоупотребиле својата службана положба и овластување со преземање на дејствија што не смееле да ги преземат и со пречекорување на границите на своите службени овластувања постапиле спротивно на „Законот за постапување со бесправно изградени објекти“, при што на времени објекти им дозволиле вклопување во урбанистичко планската документација и нивно впишување во јавните книги за недвижности како легални објекти. Воедно овозможиле на правни и физички лица со „Постапка за отуѓување на градежно земјиште сопственост на РМ со непосредна спогодба на сопственици на објекти или посебни делови од објекти за кои е донесено решение за утврдување на правен статус на бесправен објект врз основа на кое се запишани во јавната книга на недвижности“, незаконски да се стекнат со право на сопственост на објекти и ексклузивно право на откуп на земјиштето под објектот. На тој начин, било отуѓено градежно земјиште под објект во сопственост на РМ со површина од 1533 м2, како и градежно земјиште под и околу објект со површина од 722 м2. Во 2016 година овие земјишта како градежно неизградено земјиште имале вредност од најмалку 27.594.000,00 денари, односно 12.996.000,00 денари.Со оглед на тоа дека се работи за исти кривични дела и период кога биле сторени, а заради спроведување на единствена постапка, предметите се споени во еден предмет.Воедно, заради непречено водење на постапката, против шест лица за кои постои основано сомневање дека ја злоупотребиле својата службена положба и овластување, надлежниот обвинител до Судијата на претходна постапка достави и предлог за определување на мерки на претпазливост и тоа забрана за напуштање на живеалиште, односно престојувалиште, обврска повремено да се јавуваат на определено службено лице или државен орган и привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница односно забрана за нејзино издавање. 

пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Побаран притвор за дилер на дрога

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице, државјанин на Република Косово, поради постоење на основано сомнение дека  осомничениот го сторил кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот околу 20 часот на 17 март во близина на граничниот премин Блаце заради продажба неовластено држел 14 полиетиленски пакувања наркотична дрога – марихуана.  Дрогата со вкупна тежина од 14080,8 грама била ставена во  две јутани вреќи кои осомничениот ги носел со себе.Јавниот обвинител оцени дека постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство на осомниченото лице, како и особени околности кои го оправдуваат стравот дека  ќе го повтори кривичното дело,  поради што до судија на претходна постапка при Основниот суд  Скопје 1 Скопје достави предлог за определување на мерката притвор. 

пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Двајца скопјани каснати од куче скитник

На 18.03.2019 во 14.15 часот во Полициската станица Центар, Д.С.(35) од Скопје пријавил дека на 17.03.2019 година околу 02.00 часот на булевар „Партизански Одреди“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната потколеница.На 18.03.2019 во 14.20 часот во Полициската станица Центар, Г.Ч.(71) од Скопје пријавил дека истиот ден во 12.00 часот на улица „11-ти Октомври“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната нога.

Скопје | пред 6 години

6 год.
55211337_570419643457515_8355960467524419584_n

Утрово локализиран пожарот на Скопска Црна Гора

На 18.03.2019 во 14.30 часот во Полициското одделение Матејче било пријавено дека на место викано „Влаи Гроб“, атар на село Матејче, Скопска Црна Гора настанал пожар во кој горела нискотеблеста шума и сува трева.На 19.03.2019 во 08.00 часот пожарот бил локализиран од екипи на Територијалната противпожарна единица Куманово и ЈП „Македонски шуми“.

Скопје | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Со мотор удрил во бандера и се здобил со тешки телесни повреди

На 18.03.2019 во 17.00 часот на улица „Нов живот“ во Скопје, мотоцикл „Кавасаки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од З.И.(43) од Скопје, излетал од патот и удрил во бандера.Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот, кој бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“, каде му била укажана помош,. Додека, сопатничката С.И.(34) од Скопје се здобила со телесни повреди и по укажанатa помош во комплексот клиники „Мајка Тереза“ била пуштена на домашно лекување.Извршен бил увид на местото на настанот.

Скопје | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Судар меѓу мотор и автомобил, едно лице со тешки телесни повреди

На 18.03.2019 година во 11.10 часот на крстосница од улиците „11-ти Ноември“ и „Васил Главинов“ во Куманово, патничко возило „Голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.Р.(65) од село Липково, удрилo во мопед „Кавасаки“ со белгиски национални ознаки, управуван од А.А.(26) од село Челопек, кумановско и паркирано патничко возило „Ауди“ со швајцарски национални ознаки, сопственост на Ф.М.(32) од Куманово.Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил А.А. на кој му била укажана помош во болницата во Куманово.Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

Македонија | пред 6 години

6 год.
stevce-jakimovski

Јакимовски е приведен под сомнение дека легализирал земјиште на бизнисмени по пониски цени од реалните

Девет лица вработени во општина Карпош, кои биле блсики со приведениот ексградоначакник на општина Карпош се во Кривичниот суд, каде исказ ќе даваат пред истражен судија. Според неофицијални информации, за шест лица се бара мерка притвор, а за останатите одземање на пасошите.Јакимовски се товари за злоупотреба на службена положба, во постапка која ја отпочнало Основното јавно обвинителство.Постапката која ја води ОЈО се оеднесува на легализација на државно земјиште, кое бизнисмени го откупиле за пониска цена од реалната. Проневерата предизвикала штета од милион евра, а за ваквата последица Обвинителството го сомничи Јакимовски.Ова е второ приведување на Јакимовски. Тој минатото лето беше приведен и однесен во судот поради истрага на финансиската полиција, а судијата донесе одлука да му се одземе пасошот.Јакимовски е осомничен и во истрага на Специјалното јавно обвинителство под кодно име „Хармонија“.

Македонија | пред 6 години

6 год.
tabanovce

Албанка која имала забрана за влез приведена на Табановце

На 18.03.2019 во 23.00 часот на Граничниот премин „Табановце“ , при проверка на лицето Л.А.(22) од Република Албанија, било констатирано дека се наоѓала на листата  со мерка „’забрана за влез’’ до 09.09.2020.Таа била приведена и предадена на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

При претрес во дом на кумановец пронајдена марихуана

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.С.(37) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.На 23.11.2018 во Куманово полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
SJO

Нема договор за СЈО - нов обид в петок

Работните групи на власта и опозицијата на вчерашната прва средба четиричасовната средба во Министерството за правда , не постигнаа согласност околу предлог-законот за Јавното обвинителство со кој се решава и статусот на Специјалното јавното обвинителство. Ова е  еден од условите за почеток на преговорите со Европската Унија.Министерката за правда Рената Дескоска, која ја предводи работната група на власта, по средбата рече дека за нив е неприфатливо барањето СЈО да биде дел од Обвинителството за организиран криминал, ниту прекинувањето на истрагите и обвиненијата.За опозицијата пак е неприфатливо СЈО да не одговара пред никого и само да создава буџет, кој никој од надвор нема да го контролира, истакна вечерва Иван Менкиноски кој е претставник на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.Друга клучна разлика е разликата околу судбинатата на истраги кои се во тек од страна на СЈО, предистражни постапки и обвиненија што се покренати по 18 месеци од предавањето на материјалите.Двете страни се договориле уште еднаш да ги разгледаат изнесените аргументи, да се преиспитаат ставовите и ако евентуално има одредени поместувања, повторно да се состанат в петок.

пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања