Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
siljanovska-davkova

Силјановска: Оние кои победија под мотото живот се причина што младите си заминуваат

Универзитетската професорка Гордана Силјановска Давкова, кандидат за претседател на Република Македонија од ВМРО-ДПМНЕ во вчерашното гостување во емисијата Отворено на ТВ Алфа истакна дека на средбата со граѓаните кои што ги имаше изминатиот период најчесто поставувани прашања биле како се да спречи секојдневното масовно иселување на младите од државата, потенцирајќи дека власта не го донела животот кој што го ветувала.-Најповторуваното прашање е до кога нашите најблиски, до кога нашите млади ќе си заминуваат, има ли лек за тоа. Тоа е прашањето кое што можеби најчесто го слушам. Се разбира статистиката е страшна, бидејќи над 58 проценти од младите велат дека си заминуваат зошто дома во Македонија не препознаваат живот, е сега како да им објасните оние кои победија под мотото живот, носат живот, сега не само што не овозможуваат за нив, туку и на оние кои остануваме животот ни е во прашање, вели Силјановска Давкова.

Македонија | пред 6 години

6 год.
22046560_1844972422498958_7995973371322572763_n

Јоци го предизвика Шилегов: Со точак вози до Радишани, па сам да видиш што има по пат

Новинарката Јорданка Иваноска - Јоци преку својот Фејсбук профил го повика градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов со точак да вози од Собрание до Радишани и да провери колку и дали има инфраструктура.„Градоначалников скопски со фаца ала Џон Вејн ни порачал од тротинетот , на нас кои го плаќаме, да не се мрзиме секој ден.Фала богу уште имаме одлична смисла за хумор, и покрај катастрофалното владеење на СДСМ, па пресмешкиве негови ќе ги сместиме во рубрика - ,,вицотека и други промискуитети".Туку, го предизвикувам ,,спортистов" кој се слика на електро-тротинет пред претседателски избори, а пред локални се сликаше на точак на кеј. И оттогаш не се симна од кола.Петре, елај си на точак, јас и ти, да видам дали и како ќе извозиш од Градско собрание до Радишани. И да не' снимаат.Значи, 10 километри до таму и назад =20 километри.Под 1. Провери си ја кондицијата, да не поцркаш негде попат.Под 2. Самиот да си видиш колку и дали има инфраструктура на наведената релација, па што ги повикуваш скопјани на ,,здрав" живот.Каде да возат ? На улица ?Ќе пројдеме од ѓубриштата и румби тумбите во Визбегово, висините на бул.Словенија, ќе ти ги покажам депониите во таа околина, ќе пројдеме од Топаана и Бутел (има угорнини и тука, и ѓубре, може и кола да не' згази), па ќе одиме до Радишане, да видиш што се' има попат.Бива да се возиме ? Пиши во инбокс, закажи, нема да ти биде првпат.Секако дека нема да закажеш. Немаш кондиција, све ти е, брате - поза.Ајдееее , Петрееее...најбољи си. Не се плаши “, стои во објавата.

Македонија | пред 6 години

6 год.
1797325_bug_ls-213420

(ВИДЕО) Полицајци сами се испрскаа со солзавец

Припадници на бугарската полиција во Софија во обид да ја преземат контролата над демонстрациите пред Парламентот сами меѓу себе се испрскале со солзавец.Учесниците на протестот што се одржа вчера барале промена на Уставот и трансформација на земјата во „директна демократија“.На видеото од протестот се гледа како еден од полицајците употребил солзавец, кој, поради ветерот, се вратил кон лицата на останатите полицајци. Тие биле принудени да се повлечат и да ги измијат очите за да го намалат ефектот на солзавецот.Видео од инцидентот се шири на социјалните мрежи и веднаш стана едно од најгледаните видеа на интернет.

Свет | пред 6 години

6 год.
dzaferi

Џафери на Конференција на Јадранско-јонската иницијатива во Будва

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери ќе учествува на 16. Конференција на претседатели на Парламенти на Јадранско-јонската иницијатива, која на 18 и 19 март 2019 година ќе се одржи во Будва, Црна Гора.Во рамките на конференцијата, претседателот Џафери ќе се обрати на темата „Парламентарните тела како значаен ресурс за јакнење на соработката во приоритетните области за државите членки на Јадранско - јонската иницијатива", а предвидено е да оствари и билатерални средби со своите колеги од регионот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
presuda-27-2

ВМРО-ДПМНЕ: Професионалци и искрени патриоти се судат за дело кое не го сториле за да се понижат и заплашат

Заев и Пендаровски наместо правда промовираат монтирани процеси, политички реваншизам и нарачани пресуди.На тој начин се обидуваат да рашират страв и да го свртат вниманието од криминалот во кој што заглавија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„СДСМ уништи се што значи право и правда. Две години само кршење на уставот и законите. Неправото стана пракса, а правосудните органи алатка за прогон на политички неистомисленици.211 години затвор за обвинетите за настаните од 27-ми април се врв на политичкиот реваншизам.Професионалци и искрени патриоти се судат за дело кое не го сториле. Се кршат нивните човекови права и се злоупотребува институцијата притвор, само да се понижат и заплашат.Власта делува надвор од правото. Ниту делото за кое ги обвини Русковска обвинителството, а ги осуди Кацарска судството го сториле, ниту пак притворите кои им ги определија се правно издржани.Случајот 27-ми април е инквизиција на 21 век, незабележан во модерна Европа.Неправото и кршењето на законите мора да запре. СДСМ и нивните пулени кои го имаат окупирано системот мора да си заминат. Единствен начин за тоа е победа на претседателските избори на Гордана Силјановска Давкова, што ќе биде причина за распишување на предвремени парламентарни избори за пад на СДСМ, се вели во соопштението.

Македонија | пред 6 години

6 год.
policija-2

12 сообраќајки во Скопје, повредени шест лица

Еден мотоцикл се здобил со тешки повреди, а пет лица со лесни повреди во пет сообраќајни незгоди од вкупно 12 што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во шест сообраќајки е причинета материјална штета.Според податоците на СВР Скопје, полицијата евидентирала 39 возачи кои возеле побрзо од дозволеното, 17 пред да се стекнат со правото на управување моторно возило и шест почетници.Од сообраќај се исклучени и пет технички неисправни и 14 нерегистрирани возила. Казнети се и 90 возачи за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 66 возила.Санкционирани се и тројца пешаци, пет возачи кои поминале на црвено светло, двајца возачи кои не дале првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премин, шест за неправилно престројување, еден за неправилно престигнување, како и еден возач кој не дал првенство на минување на возила во зона на крстосница. Казнети се и пет возачи на мотор, мопед и мотоцикл за некористење на заштитен шлем, шест возачи за неносење сигурносен појас и 20 возачи кои зборувале на мобилен телефон додека возеле.

Скопје | пред 6 години

6 год.
siljanoska-12

Силјановска: Стево извини што ги амнестиравте вратарите на терористите

Кандидатката за претседателка од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова на својот новоотворен Твитер профил започна хаштаг #СтевоИзвини. Во првиот таков твит осудените за 27 април ги нарече терористи и саркастично му се извини на Пендаровски за амнестијата на пратениците кои ги отворија вратите.-Бидејќи мојот противкандидат Стево упорно бара да се правдам за нешто што воопшто не е поврзано со мене, а истото неколку пати и на јавни настапи го имам осудено, еве го прифаќам предизвикот на Стево. #СтевоИзвини за тоа што ги амнестиравте вратарите на терористите, напиша Силјановска.

Македонија | пред 6 години

6 год.
53595314_10219282272233162_6611182500909678592_n

Никола Буџак: Во Германија ми вратија документи со образложение дека Република Македонија не постои

Никола Буџак, кој живее и работи во Германија на својот Фејсбук профил ги соопшти непријатностите со кои се соочил по промената на името на државата.„Ако се прашувате што се смени со „Северна Македонија” еве на пример во Германија ми вратија документи од сите мои дипломи, уверение за положени испити во Република Македонија уредно преведени и заверени на нотар со образложение дека таква земја не постои. Па сега да Ве прашам Вас сите во која земја дипломиравте Вие? Каде учевте Вие? Кои сте Вие?“, напиша Никола.

Македонија | пред 6 години

6 год.
oliver-andonov-1

Уапсен Стевчо Јакимовски

Ексградоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски утрово е приведен откако за тоа налог издало Основното јавно обвинителство, брифираат извори оттаму за „Скопје 1”.Неофицијално, тој е приведен поради опасност од бегство, за него се бара мерка привор. Јакимовски е опфатен во два претмети на обвинителствата а се гони за злоупотреба на службена положба и овластувања.Потврда за ова нема, а детали се очекуваат наскоро. Јакимовски ќе биде изведен пред судија на претходна постапка, каде ќе биде испитан.

Македонија | пред 6 години

6 год.
zaev-dimitrov

Владина делегација на средба со Столтенберг во Брисел

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, придружуван од заменик претседателот на Владата за европски прашања, Бујар Османи, заменик претседателката на Владата и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денес ќе престојуваат во еднодневна работна посета во Брисел, во седиштата на ЕУ и НАТО.Владината делегација во Европската Комисија на ЕУ ќе учествува во работата на Комитетот за стабилизација и асоцијација, со кој ќе претседава премиерот Заев, а во седиштето на НАТО е предвидена билатерална средба со Генералниот секретар Јенс Столтенберг.Според програмата, во Европската Комисија ќе се одржи прес-конференција на премиерот Заев со високата претставничка на ЕУ и еврокомесарка за надворешни работи и безбедност, Федерика Могерини и со еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, а во седиштето на НАТО е предвидена заедничка прес-конференција на премиерот Заев и Генералниот секретар, Јенс Столтенберг.

Македонија | пред 6 години

6 год.
petrovec-pozar

ДЗС апелира до граѓаните да не палат огнови

Поради зачестените полски и шумски пожари деновиве, Дирекцијата за заштита и спасување упатува апел и предупредување до сите кои работат или се движат на отворен простор да не палат огнови.Апелот посебно се однесува на земјоделците кои интензивно се подготвуваат за пролетната сеидба и ги чистат и палат отпадоците и стрништата на нивите.Апелот се однесува и за оние кои се движат и работат во шумите, на излетниците, но и на сите граѓани, зашто доволно е само мала искра за да се потпали сувата трева или околната нискостеблеста вегетација.Исто така, граѓаните не треба да вршат палење на отпад и друг горлив материјал и да не фрлаат отпушоци од цигари и догорчиња. Доколку забележат пожар на отворен простор граѓанска должност на секој граѓанин е најбрзо што може да го пријави во надлежните институции.Од брзината на јавувањето, содржината и точноста на информации зависи и исходот, односно успехот на акцијата за гасење на пожарот.Дирекцијата за заштита и спасување будно ја следи ситуацијата со пожарите во државава и реагира онаму каде што е потребно, во интерес на граѓаните и животната средина.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Променливо облачно со услови за дожд

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно, во попладневните часови ќе има услови за локален дожд со грмежи, особено во планинските подрачја.Дневните температури ќе бидат во Скопје 20 Целзиусови степени, Маврово и Охрид 18, Прилеп 19, Кавадарци и Крива Паланка 21, Берово 17, Дојран 22.Во среда ќе има зголемена облачност со локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен северен ветер, што во следните денови ќе услови позначително намалување на дневната температура. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
avtopat-tetovo-skopje

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.Ве информираме дека автопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци не е пуштен за сообраќај. На автопатот се вршат проверки од безбедносен карактер. Апелираме до сите возачи да не го користат автопатот.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони.

Македонија | пред 6 години

6 год.
struja-4

Без струја повеќе делови од Скопје

Од „ЕВН Македонија“ АД информираат дека заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија ќе останат:Во периодот од 09:00 до 14:00 часот корисниците од викендиците во с. Долна Матка. (Општина Сарај)Во периодот од 08:00 до 16:00 часот корисниците од селата Драчевица, Цветово, Мала Река, Црвена Вода, Палиград, Алдинци, Вртекица, Пагаруша, Долно и Горно Количани, фирмата Принцес во Мала Река и предавателот на Т- Mobile во с. Цветово. (Општина Студеничани)Во перидот од 09:00 до 14:30 часот корисниците од ул. Саса бр. 18. (Општина Кисела Вода)Во периодот од 09:00 до 15:00 часот корисниците од улиците 1, 2, 3, 4, 5, 6 и 7 во с. Батинци. (Општина Студеничани)Во периодот од 08:05 д 10:35 часот корисниците од фирмите Колид, Анета, Електроводомонт, Даниел Рухти, ИГМ Циглана, ТИПО, Европа 92, ЗИК Момин Поток, Астекс, Графика, Еуротехника, МАККАБ, ИГМ Вратница, АЛМА М, Медика, УНИ Компани, трафостаниците на воена пошта Мал Логор, ВП 2 и ВП 3, Еуробулс, Слободанка, Мусли Компани, БЛИФ, Хисар и Гипсар, (Општина Карпош)Во периодот од 09:00 до 14:00 часот корисниците од ул. Пандил Шишков бр. 3. (Општина Аеродром)Во периодот од 08:30 до 12:00 часот корисниците од селата Ајватовци, Бунарџик, Грушино, Бучинци, Мршевци и Бујковци. (Општина Илинден)Во периодот од 09:00 до 11:00 часот корисниците од броевите 35 и 4 на ул. Васил Ѓоргов. (Општина Центар)

Скопје | пред 6 години

6 год.
izjava-zaev.Still076

(ВИДЕО) Горат стрништа и ниви од Скопје до Охрид

Од Скопје до Охрид секојдневно оваа пролет горат стотици ниви кои намерно се палатза да не се чисти ѓубрето на нив, или горат стрништа, трева и други површини кои некој ги пали за да ослободи простор за на него нешто да сади или гради.Неретко огнот доаѓа и до коловозот на овој патен правец, а последниов викенд гореше до пругата Скопје - Кичево, но и до самата аеродромска писта на аеродромот во Охрид.Се пали се што некој ќе процени дека треба да изгори, од трската кај Струга, струшките села Калишта и Радожда, трската во Преспа, па сега се палат и цели планини за да се ослободи просторот.Во меѓувреме државата како да не постои и секој прави што сака.ВИДЕО ОД ОГНОТ ПОКРАЈ ПРУГАТА ВО КИЧЕВО И АЕРОДРОМОТ ВО ОХРИД

Македонија | пред 6 години

6 год.
Silegov-trotinet

(ФОТО) Петре мисли дека има хејтери, за јавноста е мизерен

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, изминативе денови е присутен во јавноста со неговиот електричен тротинет. Тој повторно објави фотографии како тој со тротинет оди и се враќа од работа.„За разноразните хејтери (кои, кога ќе размислам, всушност, се мразат самите себеси), повторно од работа накај дома ...И да, денеска, преку 65 километри. На состаноци, средби. Се може кога се сака.Сакајте го Скопје ...“, стои во објавата на Фејсбук.https://www.facebook.com/petreshilegov/posts/2840511149506798Откако Петре Шилегов го објави статусот, на твитер се појавија многу шеги на негова сметка. Се реагираше и на Фејсбук. “Не знам што се замислува типов, ама е мизерен”, “Петре ти си никој и ништо за да има хејтери, океј маче?”, се дел од коментарите.Деновиве се појавија фотомонтажи по социјалните мрежи, како фотографијата каде Шилегов излегува од Клиниката за токсикологија со тротинет.

Скопје | пред 6 години

6 год.
455705064_221688-768x1076

Некст тајм најави нов видео запис за песната „Нешто ќе те питам бабо“

Дуото „Некст тајм“ на својот Фејсбук профил најави промоција на својот нов видео запис за песната „Нешто ќе те питам бабо“.Промоцијата ќе се одржи во Драмскиот театар (Карпош), а е закажана на 25 март со почеток во 20 часот.Во продолжение Ви го пренесуваме Фејсбук статусот на дуото „Некст тајм“:СО ГОРДОСТ ВИ НАЈАВУВАМЕ ПРОМОЦИЈАЗА НОВ ВИДЕО ЗАПИС, ЗА УШТЕ ЕДНАМАКЕДОНСКА НАРОДНА ПЕСНА“НЕШТО ЌЕ ТЕ ПИТАМ БАБО”ПОНЕДЕЛНИК 25.03.2019 СО ПОЧЕТОК ВО 20:00 ЧАСОТ, ДРАМСКИ ТЕАТАР(КАРПОШ) СКОПЈЕ.ВЛЕЗОТ Е СЛОБОДЕН ЗА СИТЕ ЉУБИТЕЛИ И ПОДРЖУВАЧИ НА МАКЕДОНСКАТА МУЗИКА И НЕКСТ ТАЈМ.ВЕРУВАМЕ ДЕКА И ПО ТРЕТ ПАТ ЌЕ ВЕ НАПРАВИМЕ ГОРДИ И ЌЕ ЈА ЗАЧУВАМЕ МАКЕДОНСКАТА ПЕСНА ЗАЕДНО!!!

Магазин | пред 6 години

6 год.
siljanovska-davkova

Силјановска до Пендаровски: Што не го продадовте мерцедесот на Грујо?

Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, професорката Гордана Силјановска Давкова преку Твитер упати порака до Стево Пендаровски кандидат за претседател од редовите на СДСМ.„Стево извини што не го продадовте мерцедесот на Грујо и што граѓаните се возат во стари и неисправни амбулантни возила. Најбитно е Заевизмот да си се вози. Возиме напред“, напиша Силјановска на Твитер.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Gjorge-Ivanov1

И шурата на Иванов купил два стана во истата зграда на Водно

Покрај претседателот Иванов, во истата зграда на Водно два стана купил и неговиот шура. Во деталниот преглед на податоците за катастарската парцела до која дојде телевизија 24 со барање за слободен пристап до информации, стои дека до синот на Иванов ќе живеат и неговите братучеди. Братот на првата дама, Сашо Тоневски купил по еден стан за синот и за ќерката. На вториот кат, каде се наоѓа и поголемиот стан на Иванов, шурата купил стан од 109 метри квадратни. Вториот стан е исто на мансардата како Иванови, од 96 метри квадратни. И двете деца имаат и по една гаража.Државната антикорупциска комисија отвори предмет по добрен глас за да го проверува имотот на претседателот Ѓорге Иванов. Антикорупционерите сега ќе проверуваат каков се имот поседува претседателот и од каде му се парите за двата стана, кои според проценките чинат над 250 илјади евра. Иванов во Антикорупциска не пријавил дека трошел пари од банкарските сметки, ниту дека зел кредит за купување на станови. Иванов побара антикорупционерите да ги истражат имотите и на другите функционери во државата.

Македонија | пред 6 години

6 год.
55211337_570419643457515_8355960467524419584_n

Пожарот на Скопска Црна Гора ќе се гасне рано наутро

Eкипи на БППЕ на Град Скопје интервенираат на гаснење на пожарот на Скопска Црна Гора, но поради ветрот и непристапниот терен гаснењето е отежнато. Пожарот се шири кон с. Никуштак, с.Виштица и кон с. Матејче во горниот дел од планинскиот превој. Гори сува трева и мешана шума.Од страна на општина Гази Баба упатено е барање за ангажирање на воздухопловите на ДЗС во раните утрински часови.Екипите на БППЕ ќе останат на лице место во текот на ноќта за да го контролираат ширењето на пожарот.  

Скопје | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања