Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
vucic-111

„Блиц“: Вучиќ ќе ги помилува сите кои беа уапсени на протестите

Српскиот претседател Александар Вучиќ ќе ги помилува сите лица што беа уапсени на протестите, кои ќе побараат помилување, јави „Блиц“.– Оние кои ќе побараат помилување ќе бидат ослободени, а претседателот нема надлежности во врска со прекршочните постапки, изјавил за „Блиц“ извор близок до Претседателството.Како што пренесува „Блиц“, помилувањето се однесува на сите, освен на оние кои во зградата на РТС внеле моторна пила и им се заканувале на новинарите.– Помилувања нема да има ниту за оние лица кои „тепале и со нож нападнале полицајци“ на протестот пред Претседателството на Србија, наведе „Блиц“.Претставниците на Сојузот за Србија (СС) претходно ги повикаа надлежните и српскиот претседател Александар Вучиќ да ги ослободи уапсените луѓе за немирите на протестите и најавија дека во спротивно ќе организираат мирни протести и дежурства пред Претседателството.Тие најавија дека кампањата ќе продолжи под слоганот „За децата нема да ви простиме“, а еден од лидерите на СС, Драган Ѓилас, рече дека акцијата за упад во Радио Телевизија Србија не била планирана.– Вучиќ има правни и уставни овластувања да донесе одлука за амнестијата за овие луѓе и да ги прекине постапките и да ги врати овие млади луѓе назад во нивното семејство и училиштето”, рече Ѓилас на прес-конференцијата.Зоран Лутовац од СС рече дека ќе го чекаат законскиот рок за поднесување жалби за апсења, за да се интензивираат нивните постапки, но сепак тие не сакаат да објаснат на кој начин.– Сакаме да видиме кои законски можности ги имаме, рече тој, додавајќи дека ова мора да се реши во следните 24 часа.

Свет | пред 6 години

6 год.
siljanovska-1

Силјановска: Кривичниот законик е со определена цел, наменски да се спасат од судењата определени личности

За истите кои од мене бараат посилно да сум ги осудела настаните од 27-ми април, лицата кои ги отвориле портите на злото станаа лица кои отвораат европски порти. Тоа е хипокризија и цинизам, изјави кандидатката за претседател на Република Македонија од ВМРО-ДПМНЕ, професорката Гордана Силјановска Давкова во нејзиното гостување на Алфа Телевизија.Таа посочи дека законот за амнестија за овие настани е далеку од закон за амнестија и владеење на правото, туку чудно помилување и селективна правда бидејќи закон за амнестија важи за сите кои биле инволвирани во определени дела или настан.Во врска со судството Силјановска Давкова потенцираше дека истото е далеку од независно и за тоа доволно зборува што за да се случат уставните измени селективно се ослободуваа лица, само за да се обезбеди двотретинско мнозинство во Собранието.– Судството е далеку од независно судство. Тоа особено се виде во трката по високата цел како што се нарекуваше Преспанскиот договор, референдумот, законот за употреба на јазиците, особено во врска со уставните измени кога нужноста од мнозинство доведе до чудни постапувања на пратениците. Да не зборувам и за измените на кривичниот законик кој е со определена цел, наменски да се спасат од судењата определени личности повторно на линија на одржување на коалицијата, нагласи професорката Силјановска Давкова.

Македонија | пред 6 години

6 год.
gordana-siljanovska

Силјановска: Ако Пендаровски се чувствува небезбеден, како треба да се чувтвуваат граѓаните

Да јас се чувствувам безбедна. Се уште одам на работа пешки, талкам по скопските улици и се чувствувам безбедна. Мислам дека ако сте биле долги години дел од структурите и голем дел од животот сте го поминале во врска со безбедносните прашање веројатно сметате дека кога знаете многу за другите луѓе, и тие сакаат да знаат за вас, па се чувствувате небезбедно, изјави професорката и кандидат за претседател на Република Македонија Гордана Силјановска Давкова во нејзиното вечерашно гостување во емисијата Отворено на телевизија Алфа.Според неа изјавите на противкандидатот Стево Пендаровски се чудни бидејќи доколу тој се чувствува небезбеден а е на власт, тогаш како би требало да се чувствуват граѓаните на Република Македонија.Слушнав дека и специјалната јавна обвинителка исто така смета дека ја следат. Не знам што да кажам, оние кои што треба да не убедуваат во нашата безбедност бидејќи јавниот обвинител може да бара од ОТА, вас или мене или некој друг да го преслушкуваат од безбедносни причини, да сметаат дека се небезбедни, тоа лошо звучи бидејќи ја прикажува Република Македонија небезбедна држава, а во небезбеден амбиент во небезбедна земја има проблеми со одржување на фер и демократски избори, смета Силјановска Давкова.

Македонија | пред 6 години

6 год.
semejstvo-ivanovi-e1546276005688

СДСМ: Како синот на Иванов купил два стана кога не е вработен?

Партискиот послушник Ѓорге Иванов како и во изминатите години, и денеска молчи, велат од СДСМ.„Наместо молк, Иванов треба да излезе пред јавноста и да одговори:Со кои пари синот на Иванов купил два стана на најатрактивна локација во Скопје, кога не е вработен?Ако становите му ги купиле неговите родители, тогаш зошто не се пријавени во нивните анкетни листови?И со кои пари ги купиле становите, бидејќи во анкетниот лист нема наведено ниту еден подигнат кредит?“, се вели во соопштението

Македонија | пред 6 години

6 год.
1-2

Дескоска: Имплементирање на меѓународни стандарди, а не обиди за избегнување на одговорност на сторители на кривични дела

Денеска се одржува првата средба во Министерството за правда на која треба да се разгледуваат забелешките и амандманите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за Законот за Јавното обвинителство, во кое е регулиран и статусот и автономијата на Специјалното јавно обвинителство.На средбата, од страна на Министерството за правда  учествува министерката Рената Дескоска,  додека пак делегацијата од ВМРО-ДПМНЕ ја предводи Иван Менкиноски, а присуствува и претставник на ДУИ, г. Артан Груби.Пред почетокот на средбата, министерката Дескоска даде изјава за медиумите која ја пренесуваме интегрално.-Денеска е првата средба на којашто треба да дискутираме поконкретно за забелешките коишто ги има ВМРО ДПМНE за Законот за Јавното обвинителство. Согласно договорот кој го имаме за работата на работната група, ВМРО ДПМНЕ треба да достават амандмани на законот со цел да можеме да работиме ефикасно, за да може да се донесе законот согласно роковите коишто ги имаме од Европската Унија.Се што ќе значи подобрување на текстот во насока на имплементирање стандарди на ЕУ – ќе бидат прифатени. Секако, заедничката желба на Министерството за правда и Владата на Република Северна Македонија е да имаме текст којшто ќе значи имплементирани меѓународни стандарди, но, секако, сите присутни на состанокот мора да бидат свесни дека под стандардите коишто ќе значат објективно, капацитетно Јавно обвинителство, и СЈО како траен орган, не можеме да отидеме, бидејќи носење на закон само за да се донесе без оглед на квалитетот не е нешто што можеме да го оправдаме, ниту пак е потребно. Од таа причина мојата порака до сите учесници денеска е дека мораме да работиме заедно на носење на квалитетен закон којшто ќе имплементира меѓународни стандарди, а не да се прават обиди за избегнување на одговорност од поранешни или идни сторители на кривични дела.Во однос на прашањето за барањето на ВМРО – ДПМНЕ, Катица Јанева да не биде специјална јавна обвинителка, Дескоска одговори:„Мандатот на специјалната обвинителка според сегашниот закон истекува оваа година. Со оглед на тоа што ниту Мицковски, ниту Зоран Заев, ниту пак Министерството за правда избира јавен обвинител, прашањето понатаму за избор кој ќе продолжи да ја врши функцијата специјален јавен обвинител е прашање коешто ќе треба да го одговорат членовите на Советот за Јавно обвинителство.Од тие причини не треба да разговараме за луѓе, туку за создавање на систем заснован на принципи којшто ќе гарантира и утре непристапно водење на постапките од страна на било кое обвинителство.”Какви се шансите да се добие обвинител по избор на опозицијата беше следното прашање на кое министерката за правда одговори:„Препораките кои ги имаме за начинот на избор, за критериумите, укажуваат дека треба да имаме процедура во којашто политичките партии нема да имаат мешање. Тоа се европски стандарди и ние ќе се залагаме за имплементирање на европските стандарди со цел законот да биде позитивно оценет од Европската Комисија и да ни се овозможи отворање на преговорите.”„Во рамките на Законот за Јавното обвинителство, содржани се и решенијата за СЈО. Главната дебата согласно најавите коишто ги слушнавме од Мицковски очекуваме да се води околу СЈО, но ако има и препораки за подобрување на текстот во другиот дел на текстот ние сме подготвени да разговараме и за нив”, истакна Дескоска. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
moskva-na

Русија ја призна Северна Македонија

Русија ја призна денеска нашата држава под новото уставно име – Република Северна Македонија, соопшти Министерството за надворешни работи на Руската Федерација.Во соопштението од руското МНР се нагласува дека на 18 февруари во руската Амбасада во Скопје е добиена нота од нашето МНР со кое се известува дека официјалното име на државата е променето во Република Северна Македонија.-Руската Федерација ја призна таа држава под новото име – Република Северна Македонија, се нагласува во соопштението од руското МНР.

Македонија | пред 6 години

6 год.
55211337_570419643457515_8355960467524419584_n

(ФОТО) Пожар над Скопска Црна Гора, чадот и миризбата се чувствуваат во Ѓорче Петров

Пожар во кумановски дел на скопска Црна Гора. Чад и оган може да се забележат вечерва од зад планината. Гори ниска мешана шума и бор.Пожарот е во местото викано Влајингроб и полека се шири кон с. Никуштак, с.Виштица и кон с. Матејче во горниот дел од планинскиот превој. Испратена е екипа на Шумско стопанство но неможе да се дејствува поради непристапен терен и немање соодветен пат до местото кое е зафатено со пожарот.Од страна на Градоначалникот на општина Липково упатено е барање за ангажирање на воздухопловите на ДЗС, заради неможноста да се дејствува од терен.

Скопје | пред 6 години

6 год.
49948075_282787959078136_8610624802379530240_n

Пратениците потрошиле 5 милиони евра за патувања, а годинава граѓаните ќе платат нови 13 милиони евра

Собранието распиша тендер за Aнгажирање на агенција за сместување во земјата и странство. Законодавниот дом бара агенција која ќе ги сместува пратениците и спикерот во хотели кога ќе патуваат во земјава и надвор, а имајќи предвид дека е отворен процесот за евтоатлантските интеграции на земјава тие имаат набиени агенди.Покрај тендерот за агенција за хотелско сместување, Собранието распиша и тендер за авиобилети.Според тендерот проценета вредност на договорот без ДДВ за јавна набавка на услуги за потребите на Собранието за набавка на авио-билети е во висина од 13 милиони денари за 2 години, со тоа што дел се донација од Швајцарската агенција за развој за потребите на Парламентарен институт. Ова не значи дека сите средства задолжително ќе се потрошат, се ќе биде во зависност од меѓународната активност. Дел од средствата се рефундираат од организаторите, во зависност од настанот. Сега има актуелна рамковна спогодба со 4 агенции и договорот е сукцесивен. За секоја набавка има посебно барање до 4 компании и се бира најекономичната и најрационална понуда. Очекуваната провизија е 0,01 процент.Оваа постапка е потранспарентна и поконкурентна. Инаку двата тендера ке бидат објавени на Европски сајт за јавни набавки за да може и меѓународни агенции да конкурираат. Постапката трае 45 дена, а пред самиот почеток на постапката се спроведува технички дијалог на кој немавме ниту една забелешка.Патните расходи за авио билети за 2018 година биле 5 милиони 687.163 денари.13 милиони денари се предвидени и за сместување за период од две години. Дел од средствата се од донација од Швајцарската агенција за развој за потребите на Парламентарен институт. Очекуваната провизија е 0,01 процент. До сега секој одделен сектор сам резервираше хотели, се вршеше резерваци со картички, и сега нема секој одделно да резервира хотели и треба да се исполни минимумот услови, минимум ѕвезди, 1 км. оддалеченост од н астанот поради заштеда на средства за локален превоз и да има минимум три понуди, што значи ќе се избира најекономична и најповолна понуда.Собранието на Република Северна Македонија има Календар за претстојни активности од областа на меѓународна соработка . За 2019 година, се планирани 106 настани. Се работи меѓу другото за седници на ПС на НАТО, годишна сесија на ПС на Совет на Европа, Студиска посета на нАТО, Состанок на комисии, Парламентарно собрание на ОБСЕ, состанок на МПК-РМ и ЕУ, Генерално собрание на ОН, Рос-Рот семинар, Комисија за миграции на ПС на СЕ. Во Собранието има 8 постојани делегации за мултилатерална соработка и 46 делегации за билатерална соработка. Има соработка на ниво на работни тела, на пример за соработка на Националниот совет за европски интеграции и Комисија за европски прашања.За секое патување по добиената покана, заседава и одлучува Претседателството на Собранието. Во 2015 година за авио билети се потрошени 4,780,510.00 а за сместување 5,140,831.00, 2017 година, поради настаните и делумното неработење на Собранието за сместување се потрошени 3,234,062.00 и за авио билети 1,887,032.00.Во 2019 Собранието го очекува интензивна меѓународна соработка. Отпочнат е скрининг процесот по поглавја на кои учествуваат и административни службеници од Собранието.

Македонија | пред 6 години

6 год.
2-1

Средба на премиерот Заев со шефот на Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје, Јанковиќ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, денеска се сретна со Зоран Јанковиќ, шеф на Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје.На средбата е изразена поддршка за процесот на интеграција на Република Северна Македонија во НАТО и е истакната важноста од евроинтеграциите, во момент кога земјата бележи резултати на планот на реформите и добрососедските односи.Заклучено е дека сите во државата треба да се посветат на заокружување на реформскиот процес, посебно во правосудството и на успешни претседателски избори, што ќе и овозможи на државата да продолжи напред.-Ова се клучни моменти за евро-атлантската иднина на државата. Владата го знае својот дел од одговорноста и заедно со сите политички и општествени чинители во државата, вклучувајќи го и дијалогот со опозицијата, мотивира имплементација на реформите, посебно во делот на правосудството со цел добивање датум за почеток на преговорите со ЕУ во јуни, како и успешно заокружување на процесот на НАТО интеграциите, до крајот на годината.Истовремено посветени сме на обезбедување регуларен и успешен изборен процес за претседател на државата и очекуваме сите во државата да го имаат предвид својот дел од одговорноста во овој значаен период за Република Северна Македонија, рече премиерот Заев.На средбата е разговарано и за поддршката што Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје ја обезбедува на нашата држава, експертска и друг вид потребна помош, во процесот на целосно интегрирањe во НАТО.-Нашата цел е Република  Северна Македонија, низ учеството во мисиите на НАТО, опременоста на Армијата, преку постепеното зголемување финансиски средства за Армијата, да биде достоинствена 30-та земја членка на НАТО, рече премиерот Зоран Заев, на средбата со шефот на Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје, Зоран Јанковиќ.

Македонија | пред 6 години

6 год.
1-3-3

Пендаровски:Во нашата земја мора да воведеме нова политичка култура и нов начин на водење на политиката

Политичките партии не смеат да го кочат или блокираат развојот на државата. За жал во минатото бевме сведоци кога тесно партиските интереси беа претставувани како државни интереси или како интереси на сите граѓани кои живееја во нашата земја, истакна Стево Пендаровски, заеднички кандидат за претседател.Во таков случај најголема жртва се имено граѓаните и нивните интереси бидејќи тесно партиските елити своите приватни финансиски интереси си ги претставуваат како интереси на сите нас. Тоа повеќе не смее да се дозволи.Во нашата земја мора да воведеме нова политичка култура и нов начин на водење на политиката. Јас ќе бидам како претседател решително против тоа, тесно партиските интереси да бидат претставувани како интереси на сите граѓани.Партиските интереси си имаат свое место меѓутоа несмее да дојде до спојување на интересите на една тесна партиска клика со интересите на сите нас, бидејќи во тој случај трпат економските интереси на државата, на граѓаните, трпат нашите интеграции и најмногу трпат правата и слободите на граѓаните.Како претседател на државата имам намера да бидам решително против секој обид тесно партиските интереси да бидат претставувани како интереси на целата држава.Во мене граѓаните ќе имаат најголем заштитник на своите права и слободи и најголем промотор на овој нов тип на политика кои ни е потребен после долги години стагнирање во оваа сфера, истакна Стево Пендаровски, заеднички кандидат за претседател.  

Македонија | пред 6 години

6 год.
3-4

Мицкоски: Време е за казна за изневерените очекувања, да се обединиме, да ја сочуваме татковината и донесеме правдата

Изминатите неколку дена поминав речиси 1000 километри низ нашата татковина. Разговори, средби со народот и можам да го кажам следното:Ништо од тоа што ќе направи не може да биде чесно, ако на една власт и недостига правда. Чекањето на ветениот живот, заврши со неветена неправда која е секојдневие. Неправдата сторена било каде и било кому е закана за правдата насекаде. Каква и неправда да се случи некому, тоа влијае на сите нас заедно. Правдата без слободата и моќта на народот е безмоќна, а моќта без правдата е тиранска. Волтер велеше успехот е секогаш дете на храброста, истакна Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.Доаѓаат нови ветришта, а народот повеќе нема да дозволи да биде излажан. На власта би и порачал да се воздржи од плукање против ветрот, бидејќи се во животот се менува, но и се враќа. Секоја неправда, секоја солза на старата мајка за своето чедо, остава трага. Секоја година затвор од оние 211 години робија, ќе тежи на нечистата совест на оваа неправедна власт. Секоја нова воздишка на младиот човек со надеж дека може да биде подобро е истата како и секоја друга во изминатите 28 години, но и тој исто како и сите ние знаеме дека ние самите сме носители на нашата судбина и ќе биде подобро само доколку се избориме за тоа. А тоа зависи од секој еден од нас.Да си бидеме искрени едни со други и да си признаеме дека нема човек кој веќе верува дека оваа власт може да биде подобро или дека може за било што да си го одржат ветувањето. Тогаш нема што да се чека. Време е за казна за изневерените очекувања, лагите и неправдите, за измамата со чувствата на граѓаните. Време е да се покаже дека овде има достоинствен народ што не дозволува да биде потценет и излажан. Ова веќе е битка за нашето достоинство, нашата верба во вредностите и за тоа што сакаме да бидеме во иднина. Ова е битка за сонот кој го сонуваме откако знаеме за себе, за нашата татковина, за татковината за која мечтаеме, која ја сонуваме и за која вреди да се бориме.Секоја генерација си има своја битка, оваа битка е нашата, можеби е најважната бидејќи во прашање е опстанокот на нашата земја и она што правиме сега ќе не следи во годините потоа. Да, од сите нас зависи победата која ќе ја донесеме, затоа да се избориме за правото, правната држава и владеењето на правото. Ова битка е околу победата, а победата е Македонија со секој еден нејзин човек. И нека се знае дека сето ова вреди, за нашите деца, за родителите, за роднините и пријателите, оние кои заминаа, но и оние кои останаа, за нашите предци кои не обврзаа, но и поколенијата кои не смееме да ги разочараме, истакна Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.Да се обединиме, здружиме, соединиме за правда, правда за секого, правда за секој еден човек и успех каков што заслужува. Да го поразиме Заевизмот, за да ја спасиме Македонија!

Македонија | пред 6 години

6 год.
ojo

ОЈО Велес ја расчистува сообраќајната несреќа во која загина мотоциклист

Вчера околу 16.40 часот на автопатот Гевгелија-Скопје на оддалеченост од 6,5 км. по мостот Виничани се случи сообраќајна незгода во која учествувало патничко моторно возило и двајца мотоциклисти. При движење во ист правец на автомобил-комбе Мерцедес Спринтер со швајцарска регистарска ознака управувано од лице на возраст од 74 години и два мотоцикли, во момент едниот мотоцикл со голема брзина го престигнал комбето. Веднаш потоа другиот мотоцикл се удрил во комбето од што возачот паднал на коловозот, бил исфрлен на просторот помеѓу банкините кои го раздвојуваат автопатот и починал на самото место.Од страна на дежурниот јавен обвинител во содејство со увидна екипа на Секторот за внатрешни работи Велес извршен е увид на местото на настанот. Притоа се фиксирани пронајдените траги и предмети. Надлежниот јавен обвинител издаде Наредба за вонреден технички преглед на возилата кои учествувале во незгодата- комбето и мотоциклот. Издадена е и наредба за проверка на крв и урина кај возачот на комбето и за обдукција на починатото лице, кое било на возраст од 30 години. Во текот на вршењето на увидот земени се првични изјави од возачот на комбето и од мотоциклистот кој бил учесник во сообраќајот истовремено со сега починатиот, а со кој заедно се движеле паралелно со патничкото моторно возило.Основното јавно обвинителство Велес во континуитет презема и други дејствија во насока на утврдување на фактите во предметот

пред 6 години

6 год.
ojo-1

Поднесено обвинение за обид за изнуда

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против лице на кое му се става на товар дека сторило кривично дело – Изнуда, предвидено и казниво согласно член 258 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.Обвинетиот во текот на ноември и декември 2018 година, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, упатувал сериозни закани преку телефон на оштетена, тврдејќи дека поседува документи со кои би можел да го извади од притвор нејзиниот сопруг.За да и ги достави тие документи, осомничениот од неа барал да му исплати сума од 150 илјади евра, а истовремено и се заканувал дека доколку пријави ќе постави бомба и дека „ќе биде лошо за неа и за нејзините внуци“. Оштетената не му го исплатила бараниот износ и тој не успеал да ја реализира намерата.За обвинетиот на сила се претходно определените мерки за претпазливост: забрана за напуштање на живеалиштето/престојувалиштето, обврска на обвинетиот да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, како и забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со определени лица.

пред 6 години

6 год.
dzamija-3

Инспекцијата ги потврди нерегуларностите: Изградбата на минарето е запрена, пропишана и парична казна

Продолжувањето на изградбата на 32 метри високото минаре на Алипашината џамија во центарот на Охрид, кое изминатите две години предизвикува бурна реакција меѓу жителите на градот кои за денес најавија и мирни протести, е запрена од страна на инспекцијата на Управата за заштита на културно наследство.Како што посочија од оваа институција за Вечер, инспекцијата која во петокот излегла на терен утврдила неправилности и отстапувања од конзерваторското одобрение поради што инвеститорот е и парично санкциониран.– Проблемот е во тоа што инвеститорот не се придржува до конзерваторското одобрение и за џамијата и за минарето. По спроведениот надзор донесено е решение за запирање на работите. Иако инвеститорот тврди дека има анекс на конзерваторското одобрение, тоа не е доставено до нас и колку што знаеме, е предмет на Основното јавно обвинителство (ОЈО). Изградбата е стопирана и има парична санкција, што исто така беше направено и минатата година. Нашите ингеренции се до тука, а понатаму ингеренциите треба да ги преземе градежната инспекција, вели Звонимир Николовски, раководител на секторот за превенција и инспекциски надзор на културното наследство, при УЗКН. Како што посочува Николовски, крајната цел е запирање на градежните активности со оглед дека, како што вели, неправилности има и во ентериерот на самата џамија.Текстот во целост на: vecer.press

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Заев: Силно ја поддржуваме работата на СЈО, да се тргнат личните предрасуди

Заев:Денеска бев повикан од судот за настани од Јуни месец 2016та година, за директни закани против мене, против мојот живот, како оштетено лице сум, во случајот којшто го води ЈО, на моја пријава преку мој адвокат.П: Ќе може да не потсетите?Заев: Се работи за директни закани преку фејсбук, во една организирана форма којашто има за цел моја ликвидација.П: Од кого конкретно?Заев: Од конкретни личности коишто јас не знам ни дали смеам да тоа јавно го кажувам.П: Дали е Миленко?Заев: Не е.П: Премиере, до кој степен е дојдено ова со СЈО, како е возможно ова вака сега на маса седите и се пазарите за криминал?Заев: Не, заради тоа што законот за Јавното Обвинителство се носи со 2/3 мнозинство. И треба да се разговара за да се обезбеди тоа 2/3 мнозинство. Ако го има, ќе има нов закон за Јавно Обвинителство, ако го нема, државата продолжува да функционира со последните закони за Јавно Обвинителство. Ниту има потреба од пазар, ни па има некој потреба за да постигне некои цели преку ваквите разговори.П: Дали е пазарење за криминал ова?Заев: Не, апсолутно не е, според мене се работи за разговори, за обезбедување на функционален правен систем, којшто има за цел да воспостави зајакнато Јавно Обвинителство во Република Северна Македонија во чиишто рамки имаме намера да го вратиме СЈО со создадени капацитети од делот на обвинителството, Јавните обвинители, истражители, да продолжат и да и служат на државата и на граѓаните.П: Дали може политичка партија да бира кој и се допаѓа а кој не?Заев: Јас верувам дека не, заради тоа што институциите на системот се тие коишто бираат, за среќа во Јавното обвинителство тоа е Јавнообвинителски совет, не е ниту Парламентот, не ниту Владата, и тука ја правиме дистинкцијата т.е. разграничување на независноста на правосудството, од делот на политиката како што е презентирана преку Парламентот или преку Владата.П: Само Катица Јанева и тимот е проблемот или има и други проблеми во Законот?Заев: Останувам на тоа што јас го кажав после лидерската средба со лидерот на ВМРО ДПМНЕ господинот Христијан Мицкоски. Впрочем, тој го кажа дека има проблем со Катица Јанева и со нејзиниот тим на јавни обвинители, до тука беше, до тука и јас коментирав, дали има тој проблеми со истражителите, со администрацијата тој треба да ви каже, јас немам проблем со никој од нив, ниту се сметам да бидам повикан дали имам или немам. Кој сум јас, кој е Мицкоски, кои сме сите? Ова е сериозна институција на Република Северна Македонија, и пред се се работи за нашиот државотворен аспект на поставување во формата на одлучување преку репрезенти од нашите политички партии а тоа се пратениците. Република Северна Македонија ќе ја биде и ќе биде добра држава, се надевам дека нема да троши и губи време сериозен јавнообвинителски систем мора да има, со помош на меѓународната зедница, на сите експерти ќе имаме прекрасен закон со сите укажувања од Венецијанската Комисија и сето она што е вредно за државата. Оттука и нашата одговорност како чинители во општеството треба да си ја понесеме. Јас верувам дека ова не се преговори, ова се разговори на работни групи помеѓу двете најголеми политички партии, а ние сме веќе претставени преку коалицијата во владата за да се убедиме сите дека личните предрасуди треба да се тргнат на страна и да го поддржиме тоа што е добро за граѓаните и за нашата земја.П: Ваш коментар за пресудата на 27-ми април, дали мислите дека за некои од обвинетите се пресудени премногу високи казни како што обвинуваа?Заев: Јас тоа што можам да искоментирам е дека се работи за судска пресуда, судската пресуда треба да се почитува. Ние политичарите не смееме многу што да коментираме тука во судските пресуди, посебно што и јас бев таргет на 27-ми април, не би сакал да навлегувам во суштината. За мене пред се како граѓанин но еве и како претседател на владата е важно никогаш повеќе да не се повтори. Ако казните и санкциите тоа го оствариле тогаш е постигната целта.П: Имате информации дека за Груевски повторно ќе се прати допис до Унгарија затоа што ова е веќе друго дело?Заев: ЗНие нема да престанеме да се бориме согласно правните можности кои ни стојат на располагање. Република Северна Македонија е меѓународно интегрирана земја, постапува по меѓународните правила и закони на дејствување и тие се на наша страна, ќе продолжиме правно да се бориме заради тоа што сите други политички алатки којшто ни стојат на располагање не би сакале да ги искористиме затоа што се работи за земја –пријател. Ние политичарите доаѓаме и заминуваме земјите наши се пријатели и треба да останат пријатели затоа исправниот систем е да ја водиме борбата до крај додека не ја добиеме правдата и законитоста на меѓународните правила да настапат во сила.П: За социјалните закони?Заев: За социјалните закони имам само информација од министерката, не сум се слушнал со службите од Парламентот, планирано е на 25-ти да има седница и да бидат ставени, тие се усогласени. Се надевам дека ќе поминат брзо, ако може да поминат и да бидат објавени до крајот на месецот, граѓаните ќе можат уште за март или почетокот на април да ја добијат зголемената социјална помош која е зголемена за 300 отсто, додатокот за трето дете и и државната социјална пензија која што се дава како социјален придонес сето ова е за доброто на државата. Парите во буџетот ги имаме, 2 милјарди и 200 илјади се оставени плус пари во споредба со минатата. Но. прво дали Парламентот ќе го изгласа во март месец за да може, меѓу 1-ви и 5-ти да се исплати, и второ е дали претседателот Иванов ќе го потпише. Така што ние нашето треба да го направиме, се надевам ако не се стигне сега, ќе се стигне почетокот на мај да се исплати за април.П: Очекувате ли на заминување уште една амнестија?Заев: Не верувам, нема потреба од таа работа, нема потреба, нема такви случаеви. Ниту некој планирал, ниту било што, делот на законот за амнестија се случи во рамките на помирувањето во еден сериозен процес кога на државата и требаше 2/3 мнозинство, јавно го кажав тоа и не бегам од тоа. Верувам дека Парламентот нема потреба повеќе да посегнува за вакви работи, заради тоа што овој случај беше јасно издефинициран кајшто се одделија сите којшто учествуваа во организцијата и насилството, од сите оние коишто беа заведени во таквиот случај. Согласно тоа не верувам дека никој во институциите на системот ниту министерството за правда да отвори вакви постапки а има надлежности, ниту претседателот Иванов. Не очекувам вакви работи заради тоа што самиот закон не ги дозволува можностите за амнестија на претседателот Иванов. Прочитајте го уште еднаш, апелрим до сите вас непостои законска можност во моментов претседателот на државата да амнестира.

Македонија | пред 6 години

6 год.
rusija1

Средба Николовски - Баздникин: Не постои застој при влез на македонските камиони во Руската федерација

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска имаше работен состанок со амбасадорот на Руската федерација, Сергеј Баздникин, на кој што главна тема беа последните информации за извозот на македонските земјоделско-прехранбени производи во Русија.Според официјалните податоци од руските надлежни институции и од надлежните институции на Република Северна Македонија, не постои застој при влез на македонските камиони во Руската федерација.Според последните податоци од Државниот инспекторат за земјоделство на РСМ, сите компании/извозници од РСМ , кои подигнале фитосанитарни сертификати со новото устано име Република Северна Македонија, без никаков проблем ги поминале граничните премини кон Русија, со што е овозможен непречен влез на камионите и пласман на македонските земјоделско-прехранбени производи на рускиот пазар. Ова го потврди и рускиот амбасадор Баздникин, кој на состанокот децидно посочи, дека од руска страна не постои ниту официјално известување, ниту било каква друга пречка за влез на македонските камиони во Русија, поради промената на уставното име на државата.Во изминативе пет дена во Русија се влезени шест македонски фирми/извозници кои во оваа земја извезуваат градинарски производи и овошје.Освен на оваа тема, министерот Николовски како претседател на македонскиот дел од Меѓувладината комисија за научно-техничка и трговско-економска соработка, го извести амбасадорот Баздникин, дека од македонска страна во консултација со руската страна ќе се интензивираат подготовителните активности и ќе се предложи датумот за одржување на седница на Комисијата во најкус рок. Истовремено во овој период двете страни ќе ги утврдат областите за идна соработка меѓу двете држави. Рускиот амбасадор Баздникин, ја потенцираше заедничката заложба за рестартирање на работата на Комисијата, која што нема одржано седница од 2014 година.Руската федерација е значаен економски партнер на Република Северна Македонија, а последните податоци покажуваат пораст на извозот во Русија. Трговската размена помеѓу Република Северна Македонија и Руската федерација во делот на земјоделско-прехранбените производи, во првиот месец од оваа година споредено со истиот месец 2018 година е зголемен за 90%, и изнесува 1,6 милиони евра. Зголемениот извоз се должи пред се на извозот на јаболки во количина од 3.145 тони во вредност од 1,2 милиони евра.Вкупниот извоз за истиот период во Руската федерација е зголемен за 41 отсто.

Македонија | пред 6 години

6 год.
dzamija-2

Здружението „Совест“ закажа средба со Заев, го одложи протестот

Здружение на граѓани за заштита и афирмација на културнитевредности “Совест„ го одложуваат мирниот протест на неодредено време. Во соопштението кое го испратија до медиумите од Совест ја откриваат причината за одложувањето на протестот.Во соопштението се вели:Ве известуваме дека закажаниот мирен протест на ЗГ “СОВЕСТ“, на 19 март 2019 година наплоштадот ЧИНАР, се одложува на неодредено време.Ваквиот развој на настаните се должи на реакцијата на институциите и нивно конечно прифаќањена одговорноста.Во таа насока е закажаната средба на претставници со ЗГ “СОВЕСТ“ со премиеротЗоран Заев, за 20 март во Скопје.Се надеваме дека она за што искрено се залагавме во изминативе две и пол години – почитувањена законите и зачувување на вредностите на Охрид, ќе вроди со плод и нема да продолжинезаконското постапување во однос на Али пашината џамија.Со почит,ЗГ “СОВЕСТ“ ОхридПретседател,Михаил Трендафилов Здружение на граѓани за заштита и афирмација на културните вредности “Совест„ - Охрид.

Македонија | пред 6 години

6 год.
malme-1

На Охридскиот аеродром слета првиот авион од Малме

ТАВ Македонија на Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид го пречека првиот лет на Виз ер од Малме, во исто време одбележувајќи го отворањето на две нови дестинации од Охрид – Малме и Милано  Со   традиционална   свеченост,  ТАВ   Македонија  ги   пречека  118-те   патници   што пристигнаа од Малме, шестиот најголем град во Скандинавија, на охридскиот аеродром, денеска, 18-ти март, во 11:25 часот, со Ербас A 320 на Визер. Половина час подоцна, во 11:55 часот, воздухопловот полета од  Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид  назад кон Малме со 60 патници.Утре, 19-ти март, во 17:25 часот, охридскиот аеродром ќе ги пречека првите патници кои ќе пристигнат со првиот лет на Визер од Милано, италијанскиот град познат како еден од главните градови во светот на модата и дизајнот. Новите линии на Визе ер ќе сообраќаат два пати неделно со Ербас A 320, со 180 седишта.Двете нови директни линии ќе сообраќаат во текот на целата година, со две неделни фреквенции.  Почнувајќи од  денеска, 18-ти  март, летот од/до  Малме  ќе   сообраќа секој понеделник и петок, со време на пристигнување во 11:25 часот, време на поаѓање 11:55 часот;   додека   летот   од/до   Милано   Малпенса   од   утре,   19-ти   март,   ќе   сообраќа   секој вторник и сабота, со време на пристигнување во 17:25 часот, и време на поаѓање во 17:55 часот.Овој распоред на летовите важи до крајот на март, односно до крајот на зимската сезона. Според распоредот на летови за летната сезона во 2019 година, од 1-ви и 4-ти април, соодветно, Милано Малпенса ќе пристигнува во 18:55 часот, а ќе полетува во 19:25 часот, додека летовите од Малме ќе пристигнуваат на охридскиот аеродром во 11:20 часот и ќе поаѓаат назад во 11:50 часот, двата лета ќе сообраќаат секој понеделник и петок.Од   менаџментот   на  ТАВ   Македонија  го   изразија   нивното   огромно   задоволство   за континуираниот развој на мрежата на авиолинии на  Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид.-Среќни сме да ги пречекаме и да го најавиме додавањето на Малме и на Милано на мапата со дестинации како две авиолинии што ќе сообраќаат во текот на целата година   на   Аеродромот   Св.   Апостол   Павле   Охрид.  Оваа   прилика   не   е   само   за                                                                                                                                          одбележување на проширувањето на мрежата на линии од охридскиот аеродром, туку ова исто значи и отворање два нови дојдовни пазари, Шведска и Италија, за патници и туристи кои доаѓаат во посета на прекрасниот Охрид. Во исто време, двете неделни фреквенции, ќе бидат од корист за целата локална заедница долж Охридското Езеро и за економијата во нашата земја воопшто.  Директните линии Охрид-Малме и Охрид- Милано   (Малпенса)   може   да   се   користат   како   поволна   конекција   при   патување   во Шведска   или   Италија.  ТАВ   Македонија   секогаш   се   радува   на   новите   авиолинии   и новите можности  за  патниците  кои  ги  користат  двата  аеродрома  во  Скопје  и  во Охрид, а денес ни е драго што се задоволени потребите и барањата на патниците.Со воведувањето на овие две нови дестинации, веруваме дека ќе има бројни можности за   македонските   граѓани   да   го   прошират   и   да   го   зголемат   нивното   патувачко искуство. Би сакал да се заблагодарам на Виз ер за нивната посветеност кон развој на воздухопловството   во   нашата   земја,   како   и   на   Владата   за   нивната   постојана поддршка, изјави Неџат Курт,  Координатор на Аеродроми во ТАВ Македонија.Билетите за двете нови авиолинии, Охрид-Малме, Охрид-Милано Малпенса, и обратно, се веќе во продажба преку веб-сајтот на Визер www.wizzair.com.Со додавањето на Малме и  Милано,  како  нови дестинации, сега од  Аеродромот  Св. Апостол Павле – Охрид  има 5 редовни линии, Виена, Базел, Цирих, Малме и Милано, како   и  8  сезонски   дестинации   до:   Амстердам,   Брисел,  Тел   Авив,   Варшава,   Катовице, Истанбул, Ајндховен и Талин, на кои оперираат 11 авиокомпании.ТАВ   Македонија  како   аеродромски   оператор   на   двата   македонски   аеродрома, продолжува со порастот во бројот на патници.  Имено, во текот на јануари и февруари 2019г., вкупно  305.246  патници (7%  годишен пораст), патувале преку двата македонски аеродрома – Меѓународен Аеродром Скопје и Аеродром Св. Апостол Павле – Охрид.ТАВ   Македонија   ја   заврши   2018   година   со   вкупно   2,3   милиони   патници   на   двата аеродрома, со 16% годишен пораст, и со 19.750 летови, односно 9% годишен пораст. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

За ширење говор на омраза на социјалните мрежи следуваат кривични пријави

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика во координација со надлежното обвинителство континуирано презема мерки и активности за санкционирање на ширењето на говорот на омраза на социјалните мрежи, најчесто на Фејсбук, а таков е случајот и со објавата од извесна Фросина Тина Мартиновска која деновиве е споделена на оваа социјална мрежа и по документирањето на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.Ја информираме јавноста и дека од извршените проверки во персоналната евиденција на МВР констатирано е дека лице Фросина Мартиновска не работи во Министерството за внатрешни работи, како што беше пренесено во дел од медиумите. Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика и понатаму ќе продолжи со активностите со цел санкционирање на ваквите случаи. Ги повикуваме сите граѓани ваквите случаи да ги пријават во најблиската полициска станица или на адресата cybercrime@moi.gov.mk

Македонија | пред 6 години

6 год.
2019-03-18m

Министерот Манчевски ја отвори Неделата на роботика

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, се обрати на отворањето на Неделата на роботика-Робомак 2019. Настанот е во организација на Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, по повод 10 години од организирање на познатата манифестација Робомак и 60 години од постоење на ФЕИТ.Како што истакна министерот Манчевски, ваквиот вид на настани и натпревари се одлична можност и корисно искуство, како дополнителен мотив за уште повеќе да млади луѓе да ја засакаат оваа наука и постојано да се вложуваат.„Живееме во динамично време, особено во сферата на дигитализиацијата каде веќе секој следен ден некаде во светот се открива нов пронајдок, робот со нова вештина, млад човек кој ги поместува границите на возможното. Северна Македонија е мала земја, но младите луѓе се нашиот ресурс, нашата иднина. Само со вложување во вас, со давање на можности да се надградувате себеси, со обезбедување на услови да се развивате и стекнувате нови вештини, ние како држава можеме да бидеме конкурентни и да имаме со што да се претставиме пред светот“, истакна министерот Манчевски.Министерот информираше за активностите кои ја поставија Северна Македонија на мапата на држави каде активно се работи на дигитализација и на стекнување на дигитални вештини.„Нашите училишта оваа година се приклучија на европската недела на кодирањето. Имав можност да присуствувам на еден таков настан, каде можев да се уверам дека младите имаат голема желба, но и се доволно љубопитни и заинтересирани за сите можности што ги нуди дигитализацијата. Исто така, нашите најмлади беа дел и од европскиот натпревар First Lego лига, а веќе од минатата недела сите училишта во земјава се дел од регионалниот проект Училишта на 21 век. Сепак, ова не е доволно и треба уште многу да се вложува. Како што веќе напоменав ова се динамични времиња и тоа што денес е иновација многу брзо е веќе стара вест и се заменува со нов пронајдок“, заклучи министерот Манчевски.Во рамките на Неделата на роботиката ќе се реализираат низа активности наменети за најмладите – учениците во основните училишта, за средношколците и за студентите од сите факултети во  државата и од странство. Истата ќе заврши со финалниот натпревар на Робомак кој ќе се одржи на 23 март во Домот на АРМ со почеток во 18 часот.Со оваа активност, ФЕИТ сака да ја подигне свеста за роботиката во земјава и да ги заинтересира најмладите да се вклучат во проучување на оваа област, да ги мотивира средношколците да се запишат на техничките факултети и да покаже дека, освен теорија, на Факултетите се работат и практични активности.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања