Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
tepacka1

Охриѓанец нападнал скопјанец

На седумнаесетти март оваа година во 20 часот и 20 минути, на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад од Б.П.(25) од Охрид врз С.Д.(21) од Скопје.Полициската станица од Охрид, презема мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
tramvaj

Во Утрехт пукано во трамвај со патници, се истражува можноста за тероризам

Неколку луѓе се повредени откако маж отворил оган во трамвај во холандскиот град Утрехт, објави полицијата. На местото на инцидентот се итни служби, како и антитерористичка единица.  Нападот се случил утрово на периферијата на градот, во близина на болницата Оуденријн, а полицијата ги блокира улиците околу местото на инцидентот.Портпарол на полицијата изјави дека нападот се случил во или во близина на трамвајот на Скверот 24 октомври, кој е веднаш затворен, а над местото на инцидентот кружат хеликоптери.Тој рече дека напачот пукал од автомобил при шо веднаш избегал. Се истражува можноста да се работи за тероризам. 

Свет | пред 6 години

6 год.
tutun-1

Државата лани изгубила над 18 милиони евра поради нелегалниот бизнис со режан тутун

Она што е загрижувачко е дека нелегалниот тутун претставува сериознo здравствено прашање, затоа што има непознато потекло и сомнителни состојки, без каква било контрола на квалитетотЕдиницата за економски и компјутерски криминал при Секторот за внатрешни работи Скопје деновиве заплени над 317 килограми сечкан тутун за пушење кој требал да биде пуштен на продажба на „Бит пазар“ во Скопје, а за кој не била платена акциза во висина од околу 500.000 денари. Под сомнение за шверц на режан тутун против три лица се поднесени кривични пријави. Од МВР соопштија дека на 06.03.2019 околу 19.00 часот тројцата го донеле тутунот во изнајмен магацински простор во близина на „Бит пазар“. Во моментот додека го внесувале во магацинот, биле затекнати од полициски службеници од Единицата за прв одговор и интервенција Алфа при СВР Скопје. Во возилото биле пронајдени 80 кутии фино сечкан тутун од по 850 грама, а при извршениот претрес во магацинскиот простор биле пронајдени уште 286 кутии со иста грамажа, како и 19 пластични ќеси од по 350 грама.Нелегалниот бизнис со сечкан тутун последниве години е во голем замав, на што неодамна алармираа од Стопанската комора на Македонија. Според проценките на Комората, буџетот на државата лани изгубил повеќе од 940 милиони денари (или близу 9 отсто) во акцизни давачки поради нелегалниот тутун. Дополнително, државата изгубила уште 200 милиони денари од ДДВ. Севкупно, државниот буџет лани изгубил повеќе од 1,1 милијарда денари или 18,5 милиони евра.Претставниците на тутунската индустрија во земјава предупредија на огромен пораст на нелегална продажба на режан тутун, кој последниве две години веќе може да се најде насекаде, и истовремено предупредија дека поради сивиот пазар на режан тутун, легалниот пазар на тутун ќе претрпи пад повисок од 11 отсто. Ова е алармантно ако се знае дека во периодот од 2015 до 2017 година просечното годишно намалување на пазарот било блиску до 1,9 отсто. Или, поради раст на цените на цигарите од 2015 година наваму, како последица на перманентно зголемување на акцизата, би се очекувало вкупниот пазар да се намалува помеѓу 2 и 4 отсто годишно. Сепак, намалувањето на пазарот во 2018 година е далеку поголемо, а главното објаснување на разликата помеѓу очекуваното и намалување (2 до  4 отсто) и фактичкото намалување (11 отсто) е токму раст на нелегалниот пазар на режан тутун. На тоа укажува и фактот дека најголем пад на акцизни контролни марки е забележан за најевтините легални брендови, што значи дека потрошувачите на најевтините легални брендови се префрлаат на режан тутун.Продажбата на нелегален тутун стана општо раширена, па денес може да се купи на кој било зелен пазар ширум земјата, дури и во некои малопродажни места, преку испорака до дома со нарачка преку мобилен телефон итн. Истовремено има и огромен пораст на туби за виткање хартија, што се користат само за режан тутун.Според еден од продавачите на режан тутун, неговата дневна продажба варира од 100 кг до 150 кг и тоа само на едно „продажно место“ на еден пазар. Истовремено, претставниците на легалните увозници на режан тутун велат дека од она што може да се најде на пазарот, само 20 отсто е увезено легално, а се друго е тутун влезен по нелегални патишта.Она што е исто така загрижувачко е што нелегалниот тутун претставува сериозно здравствено прашање, затоа што има непознато потекло и сомнителни состојки, без каква било контрола на квалитетот.Од Стопанската комора предупредија дека доколку Владата веднаш не започне со сеопфатна борба против трговијата со нелегален тутун, државните приходи од акцизи на тутун уште повеќе ќе се намалат во блиска иднина. Односно дека загубите од акцизни давачки би можеле да достигнат 1,8 милијарди во 2019 година и 3,3 милијарди денари во 2020 година, со дополнителни загуби од ДДВ од 400 милиони денари во 2019 година и 740 милиони денари во 2020 година.

Македонија | пред 6 години

6 год.
5

Димитров и Османи во Брисел на работен појадок со министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров и заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во рамки на посетата во Брисел учествуваа на работен појадок со министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската унија, во организација на Грција и Романија.На работниот појадок, министерот Никола Димитров брифираше за тековните достигнувања во контекст на евро-интеграциите, за спроведувањето на Договорот од Преспа, како и за генералните очекувања од земјите членки во насока на донесување на одлука за почеток на пристапните преговори во јуни оваа година.„Нашата работа е да ве убедиме дека она што го имаме денес во Северна Македонија е можност за ЕУ. Нашата цел е да се трансформираме и да станеме европски во начинот на кој функционира нашиот систем. Во последната деценија Европа постојано се менува, станувајќи на некој начин движечка цел што треба да ја следиме. Но, нашите интереси остануваат исти - ни треба трансформативната моќ на ЕУ за создавање на европски, стабилен и просперитетен Балкан“, истакна министерот за надворешни работи Никола Димитров.На појадокот свое обраќање имаше и вицепремиерот Бујар Османи, кој направи осврт на динамиката и квалитетот во имплементацијата на реформите, согласно Планот 18, кој ги одразува насоките и заклучоците од минатиот јунски самит на Советот на ЕУ.„Република Северна Македонија, покрај исклучително големиот успех во адресирањето на отворените политички прашања - Преспанскиот договор со Република Грција и Договорот за добрососедство со Република Бугарија, во ниту еден момент не дозволи намалување на фокусот на земјата од реформската агенда. Имаме солидна динамика на имплементацијата на реформите од Планот 18, и сериозен напредок во сите дефинирани области: владеење на правото, безбедносните и разузнавачките служби, реформата на јавната администрација и борбата против организираниот криминал и корупцијата,“ истакна Османи изразувајќи надеж дека оваа реформска динамика ќе биде објективно изразена во наредниот извештај на Европската Комисија, што ќе претставува основа за конфирмација на одлуката од страна на Европскиот совет во јуни, за почеток на преговорите со Република Северна Македонија оваа година.

Македонија | пред 6 години

6 год.
mvr

Пронајдени и вратени двајцата малолетници што се оддалечија од дом во Велес

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се пронајдени и вратени дома двајцата малолетници за кои беше пријавено дека се оддалечиле од дом во Велес.Имено, како што претходно ја информиравме јавноста, на 15.03.2019 во 22.00 часот во ПС Куманово, Р.Х.(44) од Куманово пријавил дека неговата 14-годишна ќерка А.Х. се оддалечила од домот, а истиот ден околу 21.20 во ПС Велес, Т.Ј.(40) од Велес пријавил дека околу 19 часот, во неговиот дом дошла токму А.Х. , која била во љубовна врска со неговиот син А.Ј.(15). А.Х. неколку пати претходно доаѓала во куќата. Двајцата малолетници му кажале на Т.Ј. дека сакаат да живеат заедно, по што Т.Ј. им кажал дека ќе ги пријави во полиција затоа што се малолетници и не сака да има проблеми со полицијата. По тоа малолетниците излегле од домот. Веднаш се преземени мерки и активности од полициски службеници на СВР Велес за пронаоѓање на А.Х. и А.Ј. и синоќа (17.3.2019) малолетниците се вратени во домовите.

Македонија | пред 6 години

6 год.
tutun20prilep-2

Заврши откупот на тутунот од реколтата 2018, откупна цена од 214,24 денари за килограм

Заврши откупот на тутунот од реколтата 2018. Според податоците од Државниот инспекторат за земјоделство, откупени се над 25,2 милиони киограми тутун по просечна откупна цена од 214,24 денари за килограм. Од страна откупните компании кон тутунопроизводителите се исплатени над 5,3 милјарди денари денари или 98,24 отсто од откупениот тутун. Од ДИЗ посочуваат дека откупот на тутун заврши во рамки на законскиот рок односно заклучно со 15 март 2019 година и се одвиваше непречено.Во подрачните единици на Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство низ државата во тек е вадењето евидентни листови, како лиценци за годинашното тутунопроизводство. Од Платежната агенција веќе информираа дека штом завршат сите административни процедури околу контролите, ќе следи и исплатата на субвенциите за производителите на тутун.Во реколтата 2018 се засеаја 14.802 хектари со тутун, а склучија 34.104 договори со 9 откупни претпријатија. Подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, пријавија 23.430 издадени евидентни листови. Вкупната договорена количина за откуп изнесува над 29.000 тони тутун. Споредено со реколтата 2017, за производство на тутун 2018-та се издадоа 57 евидентни листови повеќе од 2017, и се склучија над 4.700 повеќе договори. Зголемување има и на засадените површини со тутун, и тоа за 387 хектари.За зголемениот интерес големо влијание имаше високата откупна цена на тутунот од реколтата 2017 која изнесуваше 217,60 денари за килограм, како и новиот модел на зголемени субвенции според кој субвенцијата за прва класа е 80 денари за килограм, 70 денари за втора класа, и 60 денари за трета класа и дополнителните класи.Новата производствена реколта ќе стартува според постоечкиот Закон за тутун и тутунски производи, односно и оваа година ќе се издаваат евидентните листови односно т.н „бели картони“. Новиот Закон за тутун, производи од тутун и сродни производи е во собраниска процедура, и новото законско решение предвидува укинување на евидентните листови или т.н „бели картони“, процес кој ќе започне да се применува од 2020 година. Со оваа законска одредба МЗШВ значајно ќе ги намали административните процедури за тутунарите на начин што, тутунарите ќе склучуваат договори директно со откупните претпријатија. Исто така Предлог Закон за тутун, производи од тутун и сродни производи се проширува опфатот на уредувањето во однос на постоечкиот Закон за тутун и тутунски производи со три нови глави во кои се предлагаат одредби за уредување на сродните тутунски производи и тоа: несогорливи производи од тутун, електронски цигари и растителни (билни) производи за пушење. Производителите и увозниците кои ставаат во промет електронски цигари и/или контејнери за еднократно или повеќекратно полнење, поднесуваат барање за пуштање во промет до Министерството за здравство, за што добиваат одобрение. Производителите и увозниците на несогорливи производи од тутун должни се да достават известување до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за сите несогорливи производи од тутун кои што имаат намера да ги стават во промет. Одредбите од законот кои се однесуваат на поимите дефинирани за несогорлив тутун и електронска цигара ќе бидат употребени за определување на надоместок согласно Законот за акцизите од 1 јули 2019 година.Новите законски одредби ќе овозможат транспарентност во врска со содржината на договорите кои треба јавно да се објават најдоцна до 28 февруари во тековната година на огласна табла во седиштето на откупувачот и на локалната веб страната на откупувачот. Воедно, ќе се создаде можност за дополнително отворање на откупни пунктови во текот на откупот, како и други придобивки за подобрување на квалитетот на услугите и задоволството на тутунопроизводителите, откупувачите, производителите на тутунски и сродни производи, потрошувачите и бизнис заедницата од работењето на тутунското стопанство. Истовремено, овој закон предвидува понатамошно усогласување со европските директиви и најдобри примери од ЕУ во контекст на прилагодување кон европските стандар.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Полицијата ги бркаше тркачите низ булеварите во Скопје

Во периодот од 17.30 часот на 17.03.2019 до 01.00 часот на 18.03.2019 година од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје беше спроведена акциска контрола на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје со цел откривање и санкционирање на т.н. „диви тркачи“.Од страна на полициски службеници преземени се мерки против 34 возачи. 19 возила се упатени на вонреден технички преглед поради зголемена бучавост и 15 се упатени на вонреден технички преглед поради поставени фолии без атест. Од возилата што се упатени на вонреден технички преглед поради зголемена бучавост, четири мотоцикли се задржани во полициска станица.По однос на останати прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила, кон возачи преземени се вкупно седум мерки за сторени сообраќајни прекршоци.Министерството за внатрешни работи и во наредните денови ќе продолжи со засилени контроли со цел санкционирање на оние што ги кршат законите и ја загрозуваат безбедноста на учесниците во сообраќајот.

Скопје | пред 6 години

6 год.
siljanovska-davkova

Силјановска: За разлика од Стево, јас немам партиски војници кои извршуваат наредби за да бидат вработени

Кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, на својот Фејсбук профил напиша дека за разлика од нејзиниот противкандидат, Стево Пендаровски, таа нема штаб и луѓе кои како војници извршуваат партиски наредби со цел да добијат од партија вработување.„Јас, за разлика од Стево, немам штаб. Немам луѓе што како војници извршуваат партиски наредби, со надеж дека ако ја завршат добро работата ќе добијат од партија вработување, унапредување или место во некој управен одбор. Имам тим од луѓе кои ги обединува љубовта кон татковината и желбата да се воспостави владеење на правото. Дел се блиски до ВМРО-ДПМНЕ, дел често ги критикувале нивните политики. Но, сите се мотивирани со идејата нашата земја да оди напред и водени од граѓанската должност да дадат свој придонес кон создавање на општество што ќе почива на основите на правото и правдата, напиша Силјановска.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Викендов МВР казни стотици граѓани во Скопје

Во текот на изминатите денови (15, 16 и 17.03.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 144 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.Од сообраќај се исклучени 67 возачи од кои: тројца возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 58 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и шест возачи затоа што биле возачи-почетници.Исто така, исклучени од сообраќај се и 49 возила бидејќи 42 биле нерегистрирани и седум возила биле технички неисправни. Санкционирани се осум возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, тројца поради недавање првенство на минување на пешаци, двајца возачи поради неправилно престигнување, 11 возачи поради некористење заштитен шлем при управување на моторцикл, 10 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 33 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.Во однос на пешаците санкционирани се тројца пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатите денови издадени се 163 мандатни платни налози и 153 возила се подигнати со специјално возило "пајак".Изминатиот ден се случиле 19 сообраќајни незгоди во кои 10 лица се здобиле со телесни повреди. 

Скопје | пред 6 години

6 год.
pozar

Браќа правеле скара, по што настанал пожар во која изгоре шума

На 17.03.2019 во 10.50 часот во Полициската станица Берово било пријавено дека на место викано „Сливница“, атар на село Русиново, беровско, настанал пожар во кој била зафатена букова шума.По преземени мерки било констатирано дека истиот ден околу 10.45 часот на наведеното место, Д.Т.(31) и неговиот брат И.Т.(28), двајцата од село Смојмирово, запалиле оган за скара и поради небрежност огнот се проширил и почнал  да се шири.Пожарот бил целосно изгаснат во 14.30 часот од екипи од Територијалната противпожарна заштита Берово, ШС „Малешево“.Од извршениот увид било констатирано дека изгореле околу осум хектари сува трева и папрат.

Македонија | пред 6 години

6 год.
petrovec-pozar

Кочанчанец палел трева, по што изгорел во огнот

На 17.03.2019 во 15.30 часот било пријавено дека над село Оризари, кочанско, на место викано „Бели Камења“, при палење на трева во нива од страна на Б.П.(82) од истото село, настанал пожар. Во пожарот настрадал Б.П. кој починал на местото на настанот.Од екипа на Територијалната противпожарна единица Кочани пожарот бил изгаснат,  а по овластување на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Судар меѓу мотор и комбе, почина едно лице

На 17.03.2019 во 16.00 часот на автопатот Градско - Велес, во близина на место викано „Усек“, се случила сообраќајна незгода помеѓу комбе „Мерцедес Спринтер“ со швајцарски национални ознаки, управувано од З.Д.(74) од с.Претор, ресенско, (со привремен престој во Швајцарија) и мотоцикл „БМВ“, управуван од А.Д.(30) од Скопје.Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот на мотоциклот.Извршен бил увид од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Почина 21-годишно момче откако со мотор удрил во автомобил

На 17.03.2019 во 14.45 часот на регионалниот пат меѓу Гостивар и село Вруток се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Ауди“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од М.З.(62) од Гостивар и мотоцикл „Кавасаки“ со гостиварски регистарски ознаки, управуван од З.З.(21) од Гостивар.Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот на мотоциклот. Извршен бил увид од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гостивар.

Македонија | пред 6 години

6 год.
vmro_dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: Тоа што сега има странски инвестиции е поради успешните политики на ВМРО-ДПМНЕ во минатото

Зоран Заев и СДСМ манипулираат со граѓаните. Вчера Драган Тевдовски потврди дека политиките на ВМРО-ДПМНЕ во економијата биле добри. Тоа што сега има странски инвестиции кои ја реинвестирале добивката е резултат на успешните политики на ВМРО-ДПМНЕ во минатото, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.„Граѓаните се свесни дека СДСМ и Заев ја урнисуваат економијата. За две години колку што се на власт долгот е зголемен за  над половина милијарди евра.Граѓаните се се посиромашни. Зоран Заев и неговата криминална влада мора да си одат. Победата на претседателските избори на Гордана Силјановска Давкова ќе биде гласило за распишување на предвремени парламентарни избори“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 6 години

6 год.
zorica-cavkova

Ќерката на Чавков: Лага е дека татко ми монтирал случаеви

Ќерката на Митко Чавков вели дека се лаги и клевети тврдењата дека нејзиниот татко монтирал процеси додека беше на власт како министер за внатрешни работи и како директор на БЈБ. Таа се огласи по коментарот на поранешниот директор на Агенцијата за финансиско разузнавање, Ване Цветанов, дека Чавков уништувал семејства и дека освен 30 монтирани случаи имало истраги по негова нарачка и против невладините организации вклучени во „Шарената револуција“.Зорица Чавкова вели дека во јавноста се пласираат лаги за оцрнување на нејзиниот татко.„Ова е класична лага дека монтирал случаеви. Ова сега што се случува е одмазда. Ова е драконска казна. После оваа пресуда сега следува негово шиканирање, омаловажување и оцрнување. Сакаат да го направат криминалец во секој поглед“, изјави Чавкова за ТВ21.

Македонија | пред 6 години

6 год.
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Напредокот на земјата се рефлектира и врз напредокот на економијата

Напредокот на земјава во последните 2 години, по децениското уназадување, и успехот во интегративниот процес кон ЕУ и НАТО позитивно влијае и врз економијата, велат од СДСМ.„Тоа го потврдува и рекордниот износ на странски инвестиции во 2018 година од 624,5 милиони евра.Паралелно со растот на странските инвестиции расте индустриското производство и извозот, растат платите.Извозот од индустриските зони во 2018 порасна за 20 отсто и инзесува 2,4 милијарди евра.Реалните економски политики придонесоа во 2018 година растот на индустриското производство да биде најголем во последните седум години.Инвестициите обезбедуваат нови и подобро платени работни места. Во 2018 година забележен е пад на стапката на невработеност на 19,4 отсто, додека платите растат во сите сектори.Спроведувањето на реални економски политики позитивно влијае врз економскиот раст и животниот стандард на граѓаните.Членството во НАТО и ЕУ дополнително ќе ги интензивира овие позитивни економски текови, во интерес на граѓаните. Затоа е многу важно да продолжиме по вистинскиот пат по кој тргна нашатата татковина, тоа е патот на интеграциите, на напредокот, на иднината.Северна Македонија тргна напред и враќање назад нема“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 6 години

6 год.
fiskalni333

Со новата мерка граѓаните ќе добијат 172 евра годишен поврат на ДДВ

Македонско семество кое троши за минималните основни потреби, односно 32.670 денари, колку што изнесува социјалната потрошувачка кошница, ќе добие годишен поврат на ДДВ од само 172 евра, пресмета Фајненс Тинк во својата анализа за овој проект што треба да стартува на почетокот од втората половина од 2019-та, пишува Фактор.мкАко едно такво домаќинство троши 392.040 денари годишно, преку сметките на државата ѝ плаќа ДДВ во износ од 1.146 евра. Според тоа, може да очекува поврат на ДДВ од 172 евра за една година, односно 15 отсто од сумата..Само најбогатите домаќинства кои годишно трошат 1,2 милиони денари (околу 20 илјади евра) ќе можат да вратат една просечна плата со новонајавената мерка за поврат на ДДВ.Вкупниот годишен поврат на ДДВ кај сите домаќинства ќе изнесува 49,5 милиони евра, иако премиерот Зоран Заев најави дека годишно со повратот на ДДВ граѓаните ќе добијат меѓу 60 и 100 милиони евра годишно.

Македонија | пред 6 години

6 год.
pendarovski4

Пендаровски: Не сум само кандидат на СДСМ и ДУИ

Првпат Македонците и Албанците на претседателски избори во Северна Македонија ќе имаат заеднички кандидат, Стево Пендаровски, кој порачува дека рецепт за успех на избори во една мултиетничка држава е да се обезбеди поддршката на сите етнички заедници и мнозинството граѓани, пишува белградскиот весник „Политика“.– Имам поддршка од 31 политичка партија и не сум само кандидат на СДСМ и ДУИ, бидејќи во коалицијата која ме поддржува има и три други политички партии на Албанците, како и политички партии на Србите, Турците, Бошњаците, Ромите и Власите. Гаранцијата за успех никогаш не може да биде 100 процентна, бидејќи многу работи зависат од кандидатот и кампањата, но рецепт за успех на избори во една мултиетничка држава, како што е Република Северна Македонија, е всушност да се обезбеди поддршка од сите етнички заедници и мнозинството граѓани, изјави Пендаровски во интервју за „Политика“.Пендаровски, кој е национален координатор за НАТО во кабинетот на премиерот Зоран Заев, истакна дека зголемениот интерес на големите сили за Балканот има врска со аспирациите на Црна Гора и Северна Македонија за членство во НАТО, на што се спротивставува Русија.Тој очекува дека со влезот на Северна Македонија во Алијансата тензиите ќе се намалат, а тогаш Скопје ќе може поинтензивно да ги подобри односите со Москва.– На линија со клучните меѓународни фактори од двете страни на Атлантикот, идниот одговор меѓу Србија и Косово треба да ја зајакне, а не да ја ослабне регионалната стабилност. Треба да се затвори тој вековен проблем, но притоа да не се отвори друг проблем, смета Пендаровски.Тој нагласи дека меѓу Србија и Северна Македонија не постојат отворени политички прашања, а економската и трговската размена имаат констатно позитивен раст.– Има простор за унапредување на економските односи. Оптимист сум дека во годините кои се пред нас на тој план ќе имаме голем напредок, имајќи предвид дека сите имаме иста целта – подобар живот за сите наши граѓани, нагласи Пендаровски во интервјуто за српскиот весник.

Македонија | пред 6 години

6 год.
presuda-27-1

ВМРО-ДПМНЕ: Притворот за Чавков и останатите лица од 27 април е незаконски

Целиот процес поврзан со случувањата на 27-ми април е политички монтиран и мотивиран. Пресудите се драконски и нарачани од ликови како Заев и Пендаровски кои сопствениот очај го лечат со одмазда кон сите кои мислат поинаку и не се согласуваат со нивните антидржавни политики, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Судот противзаконски ги определи и притворите на обвинетите во случајот 27-ми април. Правен преседан од светски рамки е да се определува притвор, при важечка гаранција.Судот постапи спротивно на член 144 став 2 од ЗКП, кој вели дека судот може да определи две мерки, освен кога определува притвор. Законот е јасен, притворот за Митко Чавков и останатите лица кои претходно имаа изречено мерка за обезбедување присуство - гаранција е незаконски.Обвинетите со ниту една постапка, во ниту еден момент не биле недостапни за судот. Дел од нив имаат високи гаранции кои го опфаќаат целиот нивен имот, тие се семејни луѓе со деца, сопруги и стари родители. Мерката притвор е целосно незаконска и неоснована.Кацарска судството и Русковска обвинителството целосно ги извршуваат нарачките на Заев, кој преку правосудството врши политички прогон врз неистомислениците.Постапката против десетици македонски припадници на безбедносните сили и патриоти е неаргументирана и без докази. Во пресудата исчитана од Русковска немаше елементи на кривичното дело тероризам, ниту докази за поврзаноста и причинско последичните врски помеѓу делото и обвинетите. Пресудата е чист политички памфлет на лик на соопштенијата на СДСМ.Кацарска судството и Русковска обвинителството не работат согласно закон, работат по диктат. Незаконието мора да запре, затоа потребно е победа над СДСМ на предвремени парламентарни избори, кои се возможни со победа на Гордана Силјановска Давкова на претседателските избори“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

19 сообраќајки изминатиот викенд, 10 лица со телесни повреди

Десет лица се здобиле со лесни телесни повреди во девет сообраќајни незгоди од вкупно 19 што се случиле изминатиов викенд на подрачјето на Град Скопје. Во 10 сообраќајни незгоди е причинета матерјална штета.Според податоците на МВР, полицијата исклучила од сообраќај 144 возачи кои се движеле со поголема брзина, тројца возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 58 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и шест почетници.Полицијата од сообраќај исклучила седум технички несправни возила и 42 нерегистрирани возила.Евидентирани биле и 163 возачи за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ биле подигнати 153 возила.Казнети се и тројца пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин, осум возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, тројца возачи кои не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, двајца за неправилно престигнување, 11 за не користење на заштитен шлем од страна на возачите на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл, десет за не носење сигурносен појас  за време на управување на моторно возило и 33 за користење на мобилен телефон за време на управување моторно возило.

Скопје | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања