Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
dimitrov-nikola

Димитров и Османи на средба со министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров денеска во Брисел ќе учествуваат на работниот појадок со министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ што го организираат министрите за надворешни работи на Грција и Романија, Катругалос и Малешкану.Според МНР, Димитров ќе брифира за тековните достигнувања во контекст на евроинтеграциите, за спроведувањето на Договорот од Преспа, реформските резултати и генералните очекувања од земјите-членки во насока на донесување одлука за почеток на пристапните преговори со земјата во јуни оваа година.Димитров и Османи ќе бидат дел од владината делегација што ја предводи премиерот Зоран Заев на утрешниот редовен 15. состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу нашата земја и ЕУ. Со оглед на ротирачкото претседателство, со состанокот ќе претседава премиерот Заев, додека копретседавач ќе биде високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини. Советот ќе биде претставуван и од еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, а во владината делегација од македонска страна ќе биде и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.За време на престојот во Брисел предвидено е Димитров да оствари средба со Хан и да има средби со повеќе министри за надворешни работи од земјите-членки на ЕУ, како и други средби со претставници од европските институции.

Македонија | пред 6 години

6 год.
siljanovska-davkova

Силјановска Давкова:Македонијо, време е да ја спречиме оваа еколошка катастрофа што се случува во Охрид и Струга!

Кандидатот за претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова денеска во работна посета на Охрид и Струга.Таа по посетата на градот и средбата со граѓаните на социјалната мрежа фејсбук напиша:-Беззаконие владее среде прекрасна природа, од Лагадин до струшкото крајбрежје!Ако ја сакаме Македонија ќе ја чуваме со закон.Македонијо, време е да ја спречиме оваа еколошка катастрофа што се случува во Охрид и Струга.До кога локалната самоуправа и Владата ќе го игнорираат гласот на граѓаните?До кога ќе се игнорираат препораките на еколошките невладини организации? Право и правда, наспроти профит и клиентелизам, стои во Фејсбук статусот на Силјановска.https://www.facebook.com/kandidat.za.pretsedatel/photos/pcb.800435210314356/800435136981030/?type=3&theater

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Пожар на Водно - гори сува трева

На потегот меѓу селата Нерези и Крушопек на падините на Водно гори сува трева, информира за МИА командантот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски.Според него, на терен се две противпожарни екипи кои работат на локализирање на пожарот.

Скопје | пред 6 години

6 год.
vucicc-sah

(ФОТО) Вучиќ вежба за „мат потег“

Претседателот на Србија Александар Вучиќ на својот Твитер профил сподели фотографија на која се гледа како игра шах со министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ.Тој сакајќи да пренесе некаква порака на Твитер напиша:-Во Претседателството, кратка пауза пред попладневните активности. Српската храброст и чесност секогаш ги победуваат насилниците.Инаку Претседателот на Република Србија ја напушти зградата на Претседателството на главната врата при што имаше краток разговор со малкумината останати пред објектот.Демонстрантите довикуваа и го навредуваа, а Вучиќ им одговори: „Нема ништо од тоа“.Претходно демонстрантите тврдеа дека нема да му дозволат да замине, односно дека ќе замине од објектот „само низ глувчешки канали“.Вучиќ заминал преку спореден излез.

Свет | пред 6 години

6 год.
53926413_126169931854314_7708060089667551232_n

Силјановска на Твитер: Не се секирајте се разминавме :)

Двајцата претседателски кандидати поддржани од владејачката коалиција и од опозицијата, Стево Пендаровски и Гордана Силјановска денеска преубавото време, но и агендата ги донесе во Охрид. Тие оддржуваат одделни средби со граѓаните.Токму тоа што и двајцата избраа ист ден за Охрид ја инспирира Силјановска Давкова да се пошегува на Твитер. Опозицискиот кндидат за претседател напиша:„Твитерџии ве поздравувам од преубавиот Охрид. И мојот противкандидат денес е во Охрид. Не се секирајте се разминавме:) 

Македонија | пред 6 години

6 год.
kamioni

Русија не сака Северно Македонски зеленчук туку Македонски

Македонски извозници натоварени седат во Полска, чекаат да заминат за Калинин град во Русија, велат извори за Сител. Стравуваат да тргнат за да не бидат вратени од руските цариници, поради неусогласеност на документите од двете земји по промената на името на државава. Од државниот инспекторат за земјоделство посочија дека засега не е вратен никој. Еден камион натоварен со овошје и зеленчук успеал да ја помине границата кон Русија. Но се чекале да пристигнат и другите, објави сител.мк.Земјоделците пак стравуваат за пласманот на производите. На само неколку дена пред да почне откупот на пролетната зелка не се сигурни дали ќе тргне извозот кон Русија.Во меѓувреме од македонско- руската стопанска комора на сила е предупредувањето според кое транспортерите не би требало да тргнат кон Русија и да почекаат неколку дена додека надлежните институции во двете земји не ги усогласат документи за непречен проток на производи.Текстот во целост на Сител.мк

Македонија | пред 6 години

6 год.
1-9

Пендаровски од Охрид: Како претседател ќе водам напред, македонските граѓани ќе бидат лидери на балканското пријателство

Посебно задоволство ми е што сум денеска меѓу охриѓани и што се наоѓам во Охрид кој бил отсекогаш и денеска е духовен, цивилизациски и историски центар на Балканот. Во последниве две години новата влада на Република Северна Македонија започна со сосема поинаква политика, и започна да ја вади земјата од изолацијата во која беше претходно 11 години. Значи, со тој тип на политика постепено Македонија си го зазема своето место на природна раскрсница на Балканот, истакна Стево Пендаровски, заеднички кандидат за претседател.Наместо да продуцираме лоши вести, ние почнавме да продуцираме добри вести и да се поврзуваме со сите соседи и со Европа и светот.По носењето на тешки одлуки во изминативе две години ние практично ги затворивме сите отворени прашања што ги имавме со нашите соседи и сега доаѓа период кога граѓаните на  Северна Македонија ќе почувствуваат благодет од тие одлуки кои беа донесени. Започнува интензивно инфраструктурно поврзување со сите соседи, започнува интензивирање на економските и трговските односи со сите нив.Сакам да кажам дека јас и досега бев дел од оваа владејачка структура која ги поддржуваше тие политики таа стратешка ориентација на Македонија, а како претседател имам намера да ги предводам тие процеси.Помина времето кога Северна Македонија беше земја во која никој не доаѓаше, а нас никаде не не канеа. Денеска сме пример за поширокиот регион и тоа е единствениот начин, земја на крстопат како што е нашата да просперира и конечно да стане дел од семејството на модерни нации и држави, истакна Стево Пендаровски, заеднички кандидат за претседател.На трбинина со охриѓани Пендаровски го посочи успехот на државава кој се постигна за релативно краток период. Преку градење на одлични добрососедски односи, преку решавање на долгогодишните спорови Северна Македонија стана држава пријател со соседите и демократскиот свет.-Благодарение на тоа градење пријателства следуваат бројни економски придобивки за граѓаните. Конечно после 32 години имаме железничко поврзување со Грција и интезивно градење на пругата кон Бугарија. Наскоро започнува изградба на автопат кој ќе не поврзе со Албанија а веќе се гради автотпатот кон Косово. - истакна Пендаровски.Република Северна Македонија станува политички и стратешки лидер на Балканот.-рече Пендаровски на средбата со пензионерите од Охрид.-Не можеме да напредуваме ако останеме изолирани. Сите предизвици за мир, стабилност и подобар живот треба да ги водиме заеднички, бидејќи само така може да успееме. Со здружени сили Македонија ја претвораме од држава која решава политички проблеми, во силна и отворена земја со која сите се гордееме. Македонските граѓани со својот претседател ќе бидат лидери на балканското пријателство, на еден Европски Балкан. Јас ќе бидам таков претседател, кој ќе обединува, кој ќе води напред, кон ЕУ, кон НАТО, кон пријателства и нови европски вредности на Балканот, во интерес на сите наши граѓани, додаде Пендаровски Заедничкиот кандидат, за претседател, Пендаровски посетата на балканскиот бисер, Охрид ја заокружи со средба со младите.Средбите на Пендаровски денеска попладне продолжуваат со граѓаните на Кичево.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Разбојништво во казино во Скопје

На 17.03.2019 околу 04.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во казино на булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје непознат сторител извршил разбојништво и одзел пари од дневниот промет.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

6 год.
tepacka1

Малолетнички се степале во угостителски објект во Скопје

На 16.03.2019 во 15.00 часот во Полициската станица Центар, А.П.(47) од Скопје пријавила дека на 15.03.2019 во 22.00 часот во угостителски објект на улица „Костурски Херои“ нејзината 15-годишна ќерка била физички нападната од две малолетнички, што ги познавала.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

6 год.
Zaev-Tevdovski

ВМРО-ДПМНЕ: Тевдовски и Заев за две години долгот го зголемија за над половина милијарди евра

Драган Тевдовски потврди дека политиките на ВМРО-ДПМНЕ во економијата биле добри. Тоа што сега има странски инвестиции кои ја реинвестирале добивката е резултат на успешните политики на ВМРО-ДПМНЕ во минатото, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.„Тевдовски и Заев ја урнисуваат економијата. За две години колку што се на власт долгот е зголемен за  над половина милијарди евра.Тевдовски и Заев не направија ништо. Нивото на  капитални инвестиции во 2018 година беше на најниско историско ниво, истото е случај и оваа година. Имено во првиот месец од годинава реализирани се само 1% од годишно предвидените.Финансиската политика е очајна, тоа го знаат и Тевдовски и Заев, а го знаат и граѓаните. 500.000 граѓани живеат на прагот на сиромаштија.Граѓаните се се посиромашни. СДСМ и Зоран Заев  мора да си одат. Победата на претседателските избори на  Гордана Силјановска Давкова ќе  биде причина за распишување на предвремени  парламентарни избори“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Физички нападната малолетничка од Скопје

На 16.03.2019 во 14.15 часот во Полициската станица Центар, Н.Т.(44) од пријавила дека истиот ден во 09.30 часот на улица „Киро Крстевски Платник“ нејзината 17-годишна ќерка била физички нападната од К.Ж.(22) од Скопје.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

6 год.
policija-traka

Автомобил удри во 7-годишно момче

На 16.03.2019 околу 18.00 часот на улица „Зија Мерсовски“ во Дебар, патничко  возило „Голф“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од А.Р.(35) од Дебар удрило во седумгодишно момче од Дебар.Детето било пренесено во општата болница во Дебар. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Дебар.

Македонија | пред 6 години

6 год.
1796479testerals-1

Познат идентитетот на лицето кое со моторна пила влезе во РТС

Претседателот Александар Вучиќ на прес-конференција денес изјави дека полицијата го идентификувала лицето кое синоќа со моторна пила влезе во зградата на РТС.„Надлежните си ја работат својата работа, немој да се грижите и за него а и за уште многу други“ изјави Вучиќ во своето обраќање, нагласувајќи дека ваквата метода или уцена, може да помине во друга замја, но не и во Србија.

Свет | пред 6 години

6 год.
siljanovska

Силјановска со моќно видео - ветува дека ќе биде заштитник на граѓаните

Кандидатот за претседател, Гордана Силјановска Давкова на Фејсбук објави видео со кое ветува промена.„Нема правда, ниту пак има мир. Една жена ветува промена. Таа е лицето на вистината, заштитничка на граѓаните. Ја сака Македонија“, се наведува во видеото.Во видеото има инсерти од протестите за името, протести по убиството на Никола Саздовски, има потсетување на убиството Смилковско езеро, и други убиства.https://www.facebook.com/kandidat.za.pretsedatel/videos/368380963887038/

Македонија | пред 6 години

6 год.
Slika-1-1-1

Јанушев: Македонија ќе ја вратиме на вистинскиот пат

Генералникот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев ги посети населените места Раштани, Оризари и Башино Село во велешко. Од овде граѓаните посочија дека власта предводена од СДСМ нема реализирано ниту едно ветување и нема ништо направено за нивниот регион.– Македонија ќе ја вратиме на вистинскиот пат. Сплотени, сите заедно, до нова победа на претстојните претседателски избори, затоа што Македонија тоа го заслужува, порача Јанушев од велешко

Македонија | пред 6 години

6 год.
Capture-1

Славева: Сопругата на Младенов потврди дека Заев е човек кој лаже и се обидува да профитира од туѓи трагедии

Никола Младенов не бил убиен. Тогашните органи на истрагата НЕ прикривале никого. Напротив, професионално ја завршиле работата и ја утврдиле фактичката состојба.Зоран Заев е ликот кој бесрамно лажел и се обидел политички да профитира од трагичната несреќа. Нечовечно и некрофилски ги манипулираше семејството, пријателите и јавноста изјавувајќи дека станува збор за убиство и ветуваше дека тој ќе ја откриел вистината, изјави Маја Славева од ВМРО-ДПМНЕ.„Три години подоцна вистината ја откри сопругата на Младенов. Таа потврди дека Зоран Заев е човек без образ кој лаже и се обидува да профитира од туѓи трагедии. Сопругата на Младенов откри дека се работи за сообраќајна незгода предизвикана од неприлагодена брзина.Три дена после оваа информација Заев молчи и се крие. Нема ни извинување, ни покајување, ниту објаснување кој му ја смислил лагата која што ја пласираше во јавноста и дали вредело манипулирањето на јавноста.Молкот од страна на колегите на Младенов и новинарските здруженија, јасно покажува дека веќе никој не му верува на Заев и не очекува ништо од таков карактер.Неговата манипулација со несреќата на Младенов јасно говори колку бескрупулозно си поигруваше и со судбините на роднините на убиените кај Смилковското езеро, и со случајот на Мартин Нешковски, и со Диво Насеље. Заев молчи и не ги коментира заканите на кумановската група кон лидерот на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи и на терористите кои убиваа полицајци им ветуваше вистина која што ќе ги ослободи.Зоран Заев и СДСМ веќе немаат кредибилитет да ја водат државата. Со секој изминат ден се открива нова бесрамна лага. Луѓе како Заев, доколку имаат барем малку совест, сами би се повлекле. За жал, Зоран Заев нема образ. Заев и неговата сенка Пендаровски мора да бидат поразени за да се врати честитоста во Македонија“, вели Славева.

Македонија | пред 6 години

6 год.
pendarovski465465513

Пендаровски: Како претседател целиот мој мандат ќе ги штитам правата на граѓаните

Кандидатот за претседател од СДСМ, Стево Пендаровски утрово објави видео во кое порача дека како претседател има намера без отстапка во целиот мандат да ги штити правата на граѓаните.„Вчера првпат видовме првостепена пресуда за насилниците кои на 27. април сакаа да го спречат мирниот трансфер на власт. Меѓутоа, за жал, опозициониот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ не смогна сили да го осуди тој чин. Со луѓе кои немаат доблест да осудат чин на насилство Македонија не може да биде демократска држава и не може да оди напред. Како претседател имам намера без отстапка во целиот мој мандат да ги штитам правата на граѓаните и жестоко да се борам против секој обид за лимитирање на нивните права и слободи“, порача Стево Пендаровски.https://www.facebook.com/SPendarovski/videos/2299265307019110/ 

Македонија | пред 6 години

6 год.
DSC_0529

Владо приреди спектакл: Со „Нусе“ ја размрда публиката, на „Чаирска романтика“ се играше валцер (Видео+Галерија)

Заедно со публиката во еден глас, вчера, Владо Јанески ги пееше неговите најголеми хитови. Присутните од сите возрасти танцуваа и се забавуваа, а Јанески прослави 25 години кариера на музичката сцена. Концертот во организација на „Прагма продукција“ ќе остане запаметен по одличната атмосфера и исполнетата ВИП Арена.Со понудениот репероар, Јанески ја потсети публиката на „Чаирска романтика“, „Дома си е дома“, „Ова е наше Скопје“, легендарните „Нусе“ и „Мучос денарос“, „Не заборавај да се сетиш на мене“, евровизиската „Не зори зоро“.Романтичарот ги разнежни срцата на публиката која растела со неговите песни, па така, дел од нив, концертот го искористија за танц со саканите.Коментирајќи ги озборувањата на социјалните мрежи, како најава за „10 девојки“, Јанески потсети на интересен твит кој го кажа низ насмевка.„Кога Владо Јанески кој е геј можел да има 10 девојки, можеш и ти“, рече Јанески.Владо на сцената беше дочекан со громогласен аплауз, а неговите обожаватели со вклучени телефони правеа снимки од концертот. Тој рече дека дел од песните најубаво се пеат во Скопје.„Да ни остане оваа дружба, да биде традиција. И секако, да се гледаме секоја година“, рече Владо за време на концертот.Пред да ја отпее „Црно тиквешко“, му се заблагодари на композиторот и негов долгогодишен соработник Глигор Копров за целата помош која му ја дал низ годините. Тогаш, се исклучија сите светилки, а публиката ја осветливаше салата со телефони.За време на свирката го придружуваше охридскиот вирутоз на гитара Дамјан Пејчиноски. Придружен вокал му беше и Стево Чипишевски. Позади клавијатурата застана Влатко Плевлеш.„Од овој ден“, Јанески ја прогласи за свадбарска песна, а однапред изјави дека ги одбил сите покани да настапи на свадби.По првата пауза на концертот, Владо се симна меѓу публиката во стилот на Лепа Брена во 80-те години. Тој се забавуваше и фотографираше со нив.На крајот, Владо Јанески доби громогласен аплауз. Публиката беше презадоволна од приреденото, организирано од „Прагла продукција“, а во салата гласно се коментираше за чаирскиот романтичар. Погледнете дел од атмосферата, во продолжение...[embed]https://www.facebook.com/skopje1mk/videos/2156542817760942/[/embed]ФОТО и извештај: Скопје1.мк

Магазин | пред 6 години

6 год.
Capture

(ВИДЕО) На комбе со патници му излета гумата во сред Скопје

Во групата „Ѕид на сообраќајниот срам“ се појави видео кое предизвика несигурност кај возачите и пешаците во сообраќајот.На видеото може да се забележи како на комбе кое превезува патници на кружниот тек во Ѓорче Петров му излетува гумата и непрекинато се движи.https://www.facebook.com/aleksandar.kondic.1481/videos/2269901366412190/

Скопје | пред 6 години

6 год.
53926413_126169931854314_7708060089667551232_n

Силјановска со чаша вино пред себе го покани Пендаровски на ТВ дуел

,, Рок музика, одлично друштво и една идеја да отворам Твитер….и тука го чекам Стево на дуел…секаде…во секое време! “.Со оваа порака напишана на ФБ профилот на кандидатката за претседател од ВМРО ДПМНЕ, Гордана Силјановска, од ресторан во Охрид, таа со вино пред себе го покани уште еднаш Стево Пендаровски на ТВ дуел.Таа смета дека СДСМ има вишок време и идеи само за соопштенија, а никако да најдат време за да одговарат на повик на дуел.не ги прифаќа критиките на своја сметка дека го оправдува насилството што се случи на 27 април во Собрание на РМ.,,Во исчекување на 4-то соопштение за денес, да ве потсетам… Вие го оправдавте крвавиот четврток со амнестирање на портирите на злото“- пишува на нејзиниот ФБ профил.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања