Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
Нема фотографија

Тетовец каснат од куче на плоштадот во Скопје

На 16.03.2019 во 19.25 часот во Полициската станица Центар, В.М.(31) од Тетово пријавил дека истиот ден во 16.00 часот на „Плоштад Македонија“ бил каснат од куче скитник  во пределот на левата потколеница.

Скопје | пред 6 години

6 год.
1796479testerals-1

(ВИДЕО) Демонстрант со моторна пила влезе во РТС

На 15-от протест „1 од 5 милиони“ во Белград, насобраните граѓани од пред факултетот, тргнаа низ централните белградски улици, по што ја блокираа зградата на РТС, па внатре влегоа лидерот на Двери и една од организаторките, кои бараат гостување во „Дневникот“ и оставка од Вучиќ и Брнабиќ, а еден од нив инаше и моторна пила во рацете.На снимките кои ги преплавија социјалите мрежи, се гледа како човекот мафта со моторната пила после упадот во зградата на РТС.Моторта пила ја носеше човек кој на себе имаше бела фантомка.

Свет | пред 6 години

6 год.
vmro-dpmne-zgrada-650x396-1

ВМРО-ДПМНЕ: За Пендаровски и Заев не постои ниту устав, ниту закон, ниту право, ниту правдина

За Пендаровски и за Заев  не  постои ниту устав, ниту закон, ниту право, ниту правдина, ова стои во денешната реакција на ВМРО-ДПМНЕ во врска со соопштението на СДСМ.-Случајот 27-ми април, е политички монтиран процес, против сите неистомисленици на Зоран Заев. Според изреченото во пресудата нема ниту еден аргумент и доказ за делото за кое се товарат сега осудените. Македонија е единствената држава во Европа во која во 21 век во затворите има политички затвореници, луѓе кои имаат различни политички ставови со Зоран Заев. Злото наречено СДСМ мора што побргу да си замине.Со победа на Гордана Силјановска Давкова,  ќе биде почеток на рушење на заевизмот и мотив за распишување на предвремени парламентарни избори, стои во писмената реакција на партијата.

Македонија | пред 6 години

6 год.
policija-ilustracija

Тешка сообраќајка во Скопје, пет лица итно пренесени во болница

На 16.03.2019 околу 23.50 часот на булевар „Александар Македонски“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Рено меган“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.М.Д.(22) од село Сопиште, скопско и патничко возило „Опел вектра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(22) од Скопје.Со повреди се здобиле двајцата возачи, како и Н.А.(19) од Скопје и И.А.(22) од Скопје, сопатници во возилото „Опел вектра“ и сопатничката во возилото „Рено меган“,  К.Л.(20) од Скопје.  Повредените од возилото „Опел Вектра“ со возила  на итна медицинска помош биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“,  каде им била укажана лекарска помош.Додека, повредените од возилото „Рено Меган“ биле пренесени во градската општа болница „8-ми Септември“ каде им била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. 

Скопје | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Автомобил излета од патот во Берово, повредени пет лица

На 17.03.2019 околу 04.30 часот на место викано „Трската“ во Берово, патничко возило „Сеат леон“ со беровски регистарски ознаки, управувано од Д.Ш.(27) од село Умлена, пехчевско, изгубило контрола и излетало од патот.Притоа со повреди се здобиле возачот и четворицата сопатници М.Т.(27), М.Т.(27), М.П.(32), тројцата од село Смојмирово и  П.П.(23) од Пехчево.Сите биле пренесени во Здравствен дом Берово каде им била укажана лекарска помош, по што П.П. и М.Т. биле пренесени во Клиничката болница Штип.Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Берово.

пред 6 години

6 год.
b0e64fd0d4bb388d91f7ae215ced368c_w790

58 возила подигнати со „пајак“ во Скопје

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје на 16.03.2019 година во периодот од 06.00 до 22.00 часот спроведе акциска контрола за откривање возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје.Притоа, констатирано е дека 56 возачи ја пречекориле брзината на движење со моторно возило.  Откриени се и 51 останати прекршоци. Издадени се вкупно 75 мандатни платни налози и 20 прекршочни платни налози, а 12 возачи се писмено опоменати. Со специјално возило "пајак" се подигнати 58 возила кои биле непрописно паркирани во централното градско подрачје.

Скопје | пред 6 години

6 год.
ubien-meksikanski-novinar

Мексикански новинар кој истражувал за наркобандите застрелан во неговиот дом

Мексикански новинар кој ја истражувал работата на наркобандите во северната мексиканска држава Сонора починал завчера откако бил застрелан во својот дом, недалеку од границата со САД, јави агенцијата „Ројтерс“.Сантијаго Баросо, непознат сторител го застрелал неколку пати, а новинарот починал кратко потоа во болница, објави канцеларијата на државниот обвинител.https://twitter.com/SonoraRed/status/1106820997406048256?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1106820997406048256&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.blic.rs%2Fvesti%2Fsvet%2Fnovinar-ubijen-na-vratima-svoje-kuce-neko-je-pokucao-otvorio-je-a-onda-su-se-zaculi%2FkbdkvpeБаросо работел во пограничниот град Сан Луис Рио Колорадо, кој е на 32 километри оддалеченост од Јума во Аризона, од другата страна на границата. Работел како радио водител, пишувал за неделникот „Контрасења“ и бил директор на порталот „Ред 563“.Иако се уште не е познато дали неговото убиство е поврзано со неговата работа, Баросо е трет новинар кој годинава е убиен во Мексико, една од најопасните земји за луѓето кои се занимаваат со оваа професија.

Свет | пред 6 години

6 год.
VIK_8062

Тевдовски: Во април минималната бруто плата ќе се зголеми за околу 600 денари

Политиката на зголемување на платите е приоритет на Владата. Затоа Владата презема низа мерки за раст на платите, меѓу кои и покачувањето на минималната плата, но и воспоставување на законски механизам за нејзино редовно усогласување. Ова го вели министерствот за финансии Драган Тевдoвски во интервју за Радио Слободна Европа. Тој посочува дека покрај покачувањето на платите, расте и продуктивноста, а се зголемува и вработеноста.-Главниот приоритет на Владата е платите да растат, бидејќи животниот стандард на мнозинството граѓани, кои немаат приходи од капитал, зависи од платите. Кога растат платите, расте и животниот стандард. Зголемувањето на минималната плата придонесе за значајно зголемување на најниските плати, но и за придвижување на спиралата на плати – што значи дека почнаа да растат и платите повисоки од минималната. За  мене како економист е важно дека ова направи и придвижување на продуктивноста. Работник кој е подобро платен повеќе придонесува - вели Тевдовски.Тој посочува дека со законското решение за минимална плата е поставен механизам за нејзино редовно усогласување, зависно од растот на просечната плата, на бруто домашниот производ и растот на цените.-Сега во април Министерството за труд и социјална политика најави дека минималната бруто плата ќе се зголеми за околу 600 денари. Платите продолжуваат да растат. Tреба да се направат дискусии со работодавачите, бидејќи постои простор за дополнително зголемување на минималната плата - вели министерот за финансии.Во однос на растот на БДП, Тевдовски вели дека е клучно тоа што се случува широко базиран раст, односно дека се јавува во повеќе сектори и не се должи на државна интервенција, за разлика од порано.-Сега приватниот сектор го влече растот и тоа во повеќе сегменти. На пример, расте преработувачката индустрија, растат услугите, трговијата, градежниот сектор – еве гледаме во четвртиот квартал растот е околу 19%. Потрошувачката кај домаќинствата исто така забележува раст, што се должи на растот на бројот на вработени, но и поради растот на платите кој минатата година е највисок во споредба со последните девет години. Странските инвестиции изнесуваат 624,5 милиони евра и се скоро три пати повисоки во однос на просечното ниво од претходните осум години. Еден од најважните показатели дека економијата се движи во правилна насока е намалувањето на невработеноста. Таа за првпат од независноста се спушти под 20%. На годишно ниво во 2018 вработеноста е зголемена за околу 20.000 лица. Со намалување на невработеноста и растот на платите се подобрува животниот стандард-вели Тевдовски.Во однос на јавниот долг Тевдовски вели дека истиот е стабилизиран и дека сега за разлика од порано не се троши на проекти како жални врби, споменици и фасади.-Јавниот долг во 2008 година од 23% од БДП порасна на 48,8% од БДП кон крајот на 2016 година. Сега на крајот на 2018 година тој изнесува 48,7% од БДП- вели Тевдовски и посочува дека како резултат на растот на довербата на инвеститорите, намалени се каматите за сервисирање на долговите. Тој додава дека во 2020 и 2021 година, по основ на стари долгови од претходната власт, доспевале за враќање околу 880 милиони евра, сума која оваа власт ја намалила со реоткуп на еврообврзницата.Во однос на капиталните инвестици, министерот за финансии вели дека за разлика од минатата година, Јавното претпријатие за државни патишта, кое не спаѓа под Буџетот, има одлична реализација, која е за три пати повисока од лани. Тој вели дека и Министерството за финансии има одлична реализација на капитални инвестиции и e оптимист дека до крајот на годината ќе има добра реализација на планираното.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Jqnk9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvTWpJN01EQV8vOTViZjZiMjE2MWRmNjZjZDlkMThkOTMwMjFlYmQxNGUuanBlZ5GTAs0C5ACBAAE

Фејсбук отстрани 1,5 милиони снимки од нападот во Нов Зеланд

Тимот на компанијата „Фејсбук“ соопшти дека во првите 24 часа по нападот на двете џамии во Нов Зеланд, отстранил околу милион и пол снимки од истиот.„Во првите 24 часа отстранивме 1,5 милиони снимки од нападот, од кои над 1,2 милиони беа блокирани во текот на нивното прикачување“, соопштиле од „Фејсбук“, а објави агенцијата „Ројтерс“.Компанијата објави дека ќе ги отстрани и сите измонтирани верзии на снимката кои не прикажуваат графички содржини од почит кон луѓето засегнати од пукањето во џамиите.

Свет | пред 6 години

6 год.
51352852_777130685978142_866252714139451392_n

СДСМ: Силјановска е продолжена рака на груевизмот на кој му се поклони и кој го промовира

Кандидатката на Христијан Мицкоски, Гордана Силјановска е само продолжена рака на груевизмот на кој му се поклони и кој го промовира, велат од СДСМ.„Силјановска не осудува насилство, напротив, застана во одбрана на насилниците од 27 април, исто како што тоа го сторија Мицкоски и Груевски.Таа воопшто не се срами што е поддржана од политичка структура чиј врв е главен осомничен за насилниот упад во Собранието кога се случи обид за убиства и обид за државен удар и погазување на уставниот поредок.Силјаноска не е чесна пред граѓаните. Додека лажно се претставува како натпартиски кандидат, длабоко е заглавена во матрицата на груевизмот и ги промовира погубните политики на ВМРО-ДПМНЕ за одбрана на криминалот и насилството“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 6 години

6 год.
presuda-27-2

ВМРО-ДПМНЕ: Драконските казни за обвинетите од 27-ми април се доказ за стравот кој владее на Бихачка

211-те години затвор досудени во политички монтираниот случај за 27-ми април ги погребаа правото и правдата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Политичкиот прогон во Македонија ја достигнува својата кулминиција. Од ден во ден е се поголем бројот на жртвите на заевизмот, на политичкиот прогон и тортурата на власта врз политичките неистомисленици.Македонија е заробена држава, во која е укинато владеењето на правото, Кацарска судството суди како што Заев наложува, а Рускоска обвинителството монтира политички случаи за политичките противници на Заев. Тие се олицетворение на заевизмот, систем во кој правото и правдината се само мисловни именки.16-те драконски казни за обвинетите во политичката монтировка  наречена 27-ми април е доказ за стравот кој владее на Бихачка, стравот на Зоран Заев од гневот на граѓаните, стравот од изборен пораз кој е се по извесен. Политичкиот прогон е само уште еден очаен обид на аболицираниот Заев да ја задржи власта и да продолжи со своето криминално владеење.Крајот на политичка кариера на Заев е блиску. Тој избега од предвремени парламентарни избори, но волјата на граѓаните ќе победи на претседателските избори. Зоран Заев нема повторно  да ги излаже граѓаните, а Пендаровски е само опачина на на неговиот лик и уште еден синоним за Заевизмот.  21-ви април ќе го означи почетокот на крајот на одродената и криминална власт превдодена од аболицираниот Заев и враќањето на правото и правдината во Република Македонија“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 6 години

6 год.
zimbabwe-cyclone-1-768x432

(ВИДЕО) 24 лица загинаа во налет на циклон во Зимбабве

Најмалку 24 лица загинаа, а околу 40 се водат како исчезнати, во источниот дел на Зимбабве по налет на циклонот „Идаи“, кој исто така претходно ги погоди Мозамбик и Малави, соопштија властите во Хараре.https://twitter.com/lheart_nashzw/status/1106953842481082368?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1106953842481082368&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.blic.rs%2Fvesti%2Fsvet%2Ftropski-ciklon-odneo-zivote-najmanje-24-osobe-poginule-desetine-ljudi-nestalo%2Fczpb79mВојската е веднаш испратена на местото на инцидентот во потрага по преживеани жители и расчистување на теренот.https://twitter.com/Robbiechik/status/1107012567145287682?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1107012567145287682&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.blic.rs%2Fvesti%2Fsvet%2Ftropski-ciklon-odneo-zivote-najmanje-24-osobe-poginule-desetine-ljudi-nestalo%2Fczpb79mНеколку илјади луѓе се погодени од невремето во пограничниот дел во близина на Мозамбик, нагласија локалните власти.https://twitter.com/ZrcsRed/status/1106946475102220291?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1106946475102220291&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.blic.rs%2Fvesti%2Fsvet%2Ftropski-ciklon-odneo-zivote-najmanje-24-osobe-poginule-desetine-ljudi-nestalo%2Fczpb79mВо Мозамбик загинаа 19 лица, додека 56 во Малави. Половина милион жители на Мозамбик останаа без електрична енергија, а во градот Бејра се уништени неколку илјади куќи, соопшти Националниот институт за спречување на катастрофи.

Свет | пред 6 години

6 год.
Cpdk9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvTnpVN01EQV8vMDBmOWNmOTM2ZWMwM2QxM2FjNDVlNGExOGMyMjMyYjkuanBlZ5GTAs0C5ACBAAE

Најмалку 50 загинти во поплава во Индонезија

Најмалку 50 лица го загубија животот, а 59 се повредени во поплавите кои ја погодија индонезиската провинција Папуа, соопштија денеска локалните власти.Силен ветар и поројни дождови ја зафатија вчера областа околу главниот град на провинцијата, Џајапура, предизвикувајќи големи поплави.Најтешко погоден од поплавите е градот Сентани, каде спасувачките екипи трагаат по преживеани, но се стравува дека бројот на жртвите би можел да се зголеми.https://twitter.com/TimeWashington/status/1107183838759927808?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1107183838759927808&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.blic.rs%2Fvesti%2Fsvet%2Ftragedija-u-indoneziji-najmanje-50-ljudi-poginulo-u-poplavama%2Fs8qzy8c

Свет | пред 6 години

6 год.
53857812_302540883717966_7268550936602083328_n

(ФОТО) Депонија во двор на училиште во скопски Бутел во време на епидемија

Пцовисани животни, смет, делови од стари автомобили е само дел од она што може да се забележи во стариот објект на основното училиште „Живко Брајковски“ во Општина Бутел, објави тв21.Загрижениот родител кој се јави во нивната редакција вели дека ова е недозволиво во време на разни епидемии. Бара веднаш да биде реагирано.Нови случаи на заразени со МРСА, нема информираат од Центарот за јавно здравје. Но, паниката кај родителите на дечињата што одат во градинката и во училиштето каде што се откриени заразените со бактеријата постои. Родителите бараат да им се земат брисеви на децата и да се направи дезинфекција на училиштата. „Оваа бактерија се пренесува кожа на кожа, со директен контакт. Не се пренесува преку воздухот, нема логика да се дезинфизира. Социјалните мрежи го прават своето и родителите инсистираат. Два дена по ред доаѓаат родителите и ги носат децата, нема потреба“, изјави Александар Стојанов – Центар за Јавно здравје.До сега едно дете е заразено со МРСА има од основното училиште „Панајот Гиновски“ во Бутел, а три случаи се регистрирани во детската градинка „Снежана“ во Чаир.

Скопје | пред 6 години

6 год.
STEVO

Пендаровски во посета на Охрид

Претседателскиот кандидат на коалицијата предводена од СДСМ, Стево Пендароски, денешниот, втор ден од викендот, ќе го мине во средби и разговори со охриѓани и нивните гости.Како што информираше претседателот на Општинската организација на СДСМ за Охрид, Лазе Танески, Пендароски, најнапред ќе се задржи во непосредни средби и размена на мислења, со продавачи и граѓани – купувачи, на градскиот пазар во Охрид.Претпладнето, исто така, ќе го помине во средби со граѓаните по старата охридска чаршија, крајезерскиот кеј, како и во старото градско јадро, кај  бројните црквите и останатите древни споменици на нашата историја и култура.Поширока средба со граѓаните, претставници на невладини организации и други асоцијации, претседателскиот кандидат Пендароски, ќе има во 13 часотво, хотелот “Милениум – палас”.Како што најавуваат од ОО на СДСМ во Охрид, средбата и разговарите, се од отворен карактер, со цел интертактивна размнена на мислења за иднината на земјата, посебно од аспект на проблемите и потребите на младите, потоа за придобивките од членството во НАТО, како директен позитивен одраз за економијата, сигурноста, како и за други прашања од секојдневниот живот, како што се заедништвото и помирувањето, општо и  интра-етнички, помегу Македонците, односно за концептот едно општество за сите.

Македонија | пред 6 години

6 год.
vane-cvetanov

Ване Цветанов за Чавков: Нечовекот кој уништи стотици семејства, сега глуми жртва

Поранешниот директор на Управата за финансиско разузнавање, Ване Цветанов, ја коментира пораката која ја испрати осудениот на 18 години затворска казна екс директор на БЈБ, Митко Чавков.Претходно Чавков ја обвини власта дека ја нарачала, како што рече, пресудата против него. Цветанов вели дека токму Чавков е тој што нарачуваше и монтираше процеси против неистомисленици на претходната власт.„Нечовекот кој што монтираше повеќе од 30 случаи, уништи стотици семејства, кој што лично беше дел од врвот на мафијата и режимот, кој што од нула - за 7 години направи градежна фирма вредна милиони евра, ОБВИНУВА за неправеден судски процес и за криминална власт?Чавков монтираше и случај против 21 невладина организација, за Шарената револуција. Монтираше тешки кривични дела за наводно РУШЕЊЕ НА ДРЖАВНИОТ ПОРЕДОК. Со боја? За тој случај Чавков подготвуваше затворски казни повеќе од 300 години.Почитувани,Дали има погнасна работа од ситуацијата, во која што монструмот глуми жрва?“, стои во објавата.

Македонија | пред 6 години

6 год.
54279318_2257009037848509_3635603603185467392_n

Црвен крст одбележува 74 години од своето постоење

Црвен крст на Република Македонија денес одбележува 74 години од своето постоење и 24 години од полноправно членство во Меѓународната Федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина.Црвен крст на град Скопје, денеска на Денот на формирање на Црвениот крст на РМ и Ден на крводарителство во државава, ќе се одржи јавен настан во Градскиот парк – Скопје.Во рамки на настанот ќе биде поставен промотивнен штанд со материјали поврзани со крводарителство и историјатот на Црвен крст, а најавено е присуство на волонтерите помеѓу граѓаните кои ќе информираат за крводарувањето и за Црвениот крст.

Македонија | пред 6 години

6 год.
ulica

Изменет сообраќаен режим на ул. „Даме Груев“

Сообраќајот на улицата „Даме Груев“ во Скопје денеска ќе се одвива со изменет режим заради потребите на „Скопје филм студио“ за снимање на филмот „Хомо“. Продукцијата информира дека сообраќајот ќе биде стопиран од 6 до 18 часот, а возилата ќе се  пренасочуваат кон околните улици, со повремени пропуштања.

Скопје | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Сончево и топло со температура до 25 степени

Сончево и топло со слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Температурата ќе се движи од 16 до 25 степени.Во Скопје сончево и топло време со температура од 1 до 23 степени.Утре и во вторник претпладне ќе се задржи стабилно, суво и топло време. Во вторник во попладневните часови ќе има услови за локален дожд со грмежи, особено во планинските подрачја. Во среда ќе има зголемена облачност со локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен северен ветер, што во следните денови ќе услови позначително намалување на дневната температура.

Македонија | пред 6 години

6 год.
avtopat-tetovo-skopje

Сообраќајот се одвива по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.Ве информираме дека автопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци не е пуштен за сообраќај. На автопатот се вршат проверки од безбедносен карактер. Апелираме до сите возачи да не го користат автопатот.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања