Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
vmro_dpmne

ВМРО ДПМНЕ реакција: За Пендаровски и за Заев не постои ниту устав, ниту закон, ниту право, ниту правдина

Пендаровски и Заев се лице и опачина на истата паричка. За Пендаровски и за Заев не постои ниту устав, ниту закон, ниту право, ниту правдина. Пендаровски и Заев се нарачатели на политички монтираните процеси. Случајот 27 април, е политички монтиран процес, против сите неистомисленици на Зоран Заев. Според изреченото во пресудата нема ниту еден аргумент и доказ за делото за кое се товарат сега осудените, се вели во реакцијата од ВМРО ДПМНЕ на на изјавата на Стево Пендаровски.Чавков и останатите професионалци од МВР, како и граѓаните кои се осудени се жртва на политички прогон. Никаде во цивилизирана Европа не се притвораат луѓе два дена пред изрекување на пресудата и тоа врз основа на фингирана службена белешека.Принципот на владеењето на правото е укинат во Република Македонија, под власта на СДСМ. Република Македонија само тоне, а на удар на правосудните институции, кои се претворени во алатка за прогон на власта се сите неистомисленици на Зоран Заев.Злото наречено СДСМ мора што побргу да си замине. Потребна е масовна излезност на избори и победа на Гордана Силјановска Давкова, што ќе биде причина за распишување на предвремени парламентарни избори, се вели во реакцијата од ВМРО ДПМНЕ на на изјавата на Стево Пендаровски..

Македонија | пред 6 години

6 год.
avtomobil-prevrten

ФОТО: Автомобил се преврте на автопатот Скопје – Тетово

Нова несреќа на автопатот Скопје – Тетово, автомобил се превртел и преминал во лентата која води кон спротивен правец, пробивајќи ја заштитната ограда која го дели автопатот, објави порталот javno.mk .Несреќата се сличила околу 15:30 часот пред наплатната рампа Желино.Текстот во целост на javno.mk .

Македонија | пред 6 години

6 год.
DSC_3176

Пендаровски: Силјановска не е чесна пред граѓаните, не е правично да се брани насилството од 27 април

Столбот на секоја држава и општество е правото и правдата. Вчера, ја чувме првостепената пресуда за немилите настани  од 27 април, кога група насилници организирана од врвот на тогашната партија на власт, влезе во Парламентот со цел да го спречи мирниот трансфер на власта, истакна Стево Пендаровски, заеднички кандидат за претседател.За жал таа партија и нејзиното сегашно раководство, не смогнаа сила да го осудат тој чин, да се оградат од насилниците и да побараат извинување од сите Македонски граѓани. Уште полошо, кандидатот на таа партија за претседател на државата, го релативизираше настанот и рече дека некои други луѓе кои беа на страната на жртвите, требало да бидат процесуирани, а не насилниците кои посегнаа по животот на пратениците.Како претседател, мојата прва и основна задача, ќе биде да ги штитам граѓаните и нивните права и слободи. И жестоко да се спротивставам на секој обид ако некој сака  тие права и слободи на граѓаните да ги лимитира или да ги одземе.Република Северна Македонија не може да оди напред и не може да биде третирана како демократска држава со луѓе кои сакаат да не вратат во мрачното минато и со луѓе кои немаат доблест да се извинат за она што партијата која сега ги предлага за највисоката функција во државата го има направено пред неколку години, истакна Стево Пендаровски, заеднички кандидат за претседател.

Македонија | пред 6 години

6 год.
tepacka-1

Физички пресметки во Велес, Тетово, Скопје, Охрид

На 15.03.2019 во 01.30 часот во Полициската станица Велес, Р.С.(21) од Велес пријавил дека на улица „Лазо Осмаков“ бил физички нападнат од Н.П. и А.Ј.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 15.03.2019 во 11.30 часот во Полициската станица Тетово, Х.З.(51) од село Мала Речица, тетовско, пријавил дека на 13.03.2019 околу 13.15 часот на улица „Илинденска“ во Тетово неговиот 15-годишен син бил физички нападнат од лицето Б.Ш. од Тетово и уште неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 15.03.2019 во 13.40 часот во Полициската станица Карпош, Е.В.(42) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 12.40 часот, на булевар „Партизански Одреди“, нејзината 16-годишна ќерка била физички нападната од две нејзини врснички. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 15.03.2019 во 17.45 часот во Полициската станица Охрид, вработен во банка во Охрид пријавил дека истиот ден околу 16.45 часот, додека бил на работното место, физички бил нападнат од лицето. Н.У.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
tepacka1

Физичка пресметка меѓу ученици во „Јахја Кемал“

На 15.03.2019 околу 11.00 часот во Полициската станица Центар било пријавено дека во ходник на училишниот кампус „Јахја Кемал“ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу дваца малолетници на возраст од 15(од Скопје) и 17(од Куманово) години. Во присуство на старатели, на двајцата малолетници им бил сочинет записник за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

Скопје | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Кривична пријава за 22 годишен скопјанец поради тешка кражба

СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава против О.С.(22) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“. На 19.12.2018 во периодот од 18.30 до 23.40 часот во куќа на улица „Саса-24“ во Скопје пријавениот со употреба на сила извршил тешка кражба, при што одзел пари и златен накит.

Скопје | пред 6 години

6 год.
mvr

МВР демант: Има постапка за дисциплинска одговорност и Љ.Т е суспендиран до завршување на истата

Најостро ги демантираме лагите и дезинформациите што на денешната прес конференција ги искажа политичката партија ВМРО-ДПМНЕ , а во врска со статусот на полицискиот службеник Љ.Т., кој токму од МВР, односно во истрагата на Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во содејство со Обвинителството за организиран криминал и корупција е осомничен за сторено кривично дело, се вели во демаптот од МВРПо добиено писмено одобрение од надлежното Обвинителството, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, поведе постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и наложи истиот да биде суспендиран до завршување на дисциплинската постапка. Љ.Т не извршува работни задачи поради користење боледување, а во моментот вршител на должност- раководител на СВР Штип е помошник началникот кој работните задачи ги извршува согласно законот. Веднаш штом ќе биде затворено боледувањето, односно Љ.Т ќе се појави во просториите на СВР Штип, решението за времено отстранување од работа односно суспензија, како што налагаат законските прописи, ќе му биде врачено. Значи, ова е само уште една во низата невистини што ги шири оваа политичка партија, стои во демантот од МВР.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Dimsa-IZJAVA-1603-Glavna-Slika

Арсовски: Шилегов се врзува со сомнителни бизнисмени од Хрватска за кои има кривични истраги, нудејќи им ја скопската депонија

Петре Шилегов го доведува во опасност здравјето на сите Скопјани, жители на Скопје и околината. Петре Шилегов се врзува со сомнителни бизнисмени од Хрватска за кои има кривични истраги, нудејќи им ја скопската депонија, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Со оглед на сомнителнотп минато и бизниси на партнерите кои ги одбра Шилегов постои сериозна загриженост дека најрадиоактивното и најопасно ѓубре од странство, може да се носи и рециклира токму тука во Скопје и со тоа да ги труе сите скопјани.Петре Шилегов и Град Скопје во скопската депонија како партнери внесуваат конзорциум од германска, хрватска и македонска фирма, патем македонската фирма е со хрватски капитал, но со сомнителни сопственици со криминално досие за кои се водат истраги и за кои има кривични пријави во Загреб, односно Хрватска.Прашуваме, дали е точно дека нов партнер на Шилегов како градоначалник на Градот Скопје, ќе биде контроверзниот хрватски бизнисмен Петар Припуз, сопственик на хрватската компанија за рециклажа на отпад ЦИОС. Дали е толно дека за истиот Петар Припуз се водат повеќе случаи за корупција, даночно затајување, како и оштета на градот Загреб, каде што заедно со загребскиот градоначалник Милан Бандиќ беше уапсен пред извесно време.Партнерот на Шилегов и Градот, Петар Припуз, исто така се товари дека затаил над 13 милиони евра данок, со тоа што издавал фиктивни фактури на фирми кои требало да му бидат добавувачи и никогаш не се утврдило дали навистина отпадот бил купен од негова страна односно стигнал физички кај него.Дали сега Припуз, откако е контаминирана неговата работа и неговата фирма во Загреб и Хрватска, си наоѓа нов партнер во Градот Скопје и во Петре Шилегов како градоначалник, за да може да реализира нови сомнителни бизниси со овој најопасен отпад кој што го увезува и рециклира?Никој не води контрола колку и каков отпад се увезува во Република Македонија, а сега откако овие структури на чело со Петар Припуз влегуваат да работат во Скопје, постои сомневање дека целиот тој отпад од странство ќе се увезува тука и ќе се рециклира тука во Скопје, а најголемата штета ќе ја трпат скопјани, патем ќе бидат труени.Инаку секаде низ светот, бизнисот со рециклажа на отпад и отпадни материи се смета за еден од најкоруптивните и најдобрите пералници на пари.Дали скопјани ќе се трујат од радиоактивен отпад кој ќе се рециклира токму тука во депонијата во Скопје?Ова ли е грижата на Шилегов за скопјани. Можно труење од радиоактивен отпад и сомнителни партнери на градот кои се гонат во своите земји за опасен криминал.Ова лудило мора да прекине.Ги повикуваме сите граѓански организации, сите надлежни институции, министерството за животна средина и останатите, да го запрат во намерите Петре Шилегов, бидејќи се работи за животот на сите скопјани.И онака Градот Скопје е најзагаден град во светот, не ни треба и ефективно труење од рециклажа на најопасниот отпад од кој што ќе се увезува од странство, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

6 год.
vmro-za-stip

ВМРО ДПМНЕ: Началник на СВР Штип е Трајковски, против кого е поднесена кривична пријава за криумчарење на мигранти

Спасовски и СДСМ во МВР на позиции држат лица против кои се води крвична постапка за тешки кривични дела против човечноста. Спасовски веќе два месеци на позицијата началник на СВР Штип го држи Љупчо Трајковски, против кого според нашите информации е поднесена кривична пријава за криумчарење на мигранти според чл.418-б од КЗ, истакна Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Против Трајковски надлежниот суд има изреченомерка на претпазливост - одземање на патна исправа. Трајковски, иако осомничен за сериозно крвично дело, против човечноста и меѓународното право, за кое според ст. 5 од чл. 418- б, бидејќи истиот е службено лице му се заканува казна затвор од најмалку десет години, сеуште ја извршува функцијата началник.Како може граѓаните од Источна Македонија да се чувствуваат безбедни кога главниот полицаец на истокот е лице кое е осомничено за кривично дело за кое казната затвор е над десет години.Дали Спасовски и СДСМ го држат на позиција Трајковски со цел истиот да им биде од полза за изборите? Ако знаеме дека истиот свесен за казната која му стои над глава би бил лесен за команда на неговите криминогени шефови Заев и Спасовски.Дали Трајковски е оставен на позицијата началник за да ги извршува криминалните работи на СДСМ?Трајковски не е прв случај во кој што првите соработници на Спасовски се фатени во криминал, а потоа остануваат да ги вршат функциите. Неговиот советник Драгам Симоновски беше приведен под сомнение дека уценувал преку оддавање на ПИ мерки. Притвор немаше, советникот на Спасовски продолжи да си оди на работа, а доказите мистериозно исчезнаа и Русковска обвинителството се откажа од прогон.Луѓе како Трајковски и Симоновски не смеат да бидат лице на МВР. Граѓаните заслужуваат чесна и професионална полиција, а не полиција со која командувааг криминалци.МВР мора да биде во функција на граѓаните. Потребна е промена на СДСМ. За да се случи тоа потребна е масовна излезеност на претседателските избори и гласање за Гордана Силјановска Давкова, истакна Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

6 год.
k2

Општина Аеродром ја реорганизира својата служба за комунална чистота

Во присуство на повеќе жители на Општина Аеродром и на градоначалникот Златко Марин, денес во паркчето кај споменикот „Јане Сандански“ беше претставена новата реорганизација на комуналната служба на Општина Аеродром, со цел обезбедување почисти јавни површини на целата територија на Општината.Имено, во рамките на новата организација се предвидува ангажирање фирма со механизација и опрема за чистење смет и расчистување мини депонии, како и 10 специјални возила, т.н. „метачки на смет“ и цистерни за миење на улиците и на јавните пешачки површини.Дополнително се ангажирани и повеќе сезонски работници, односно бројот на извршители за одржување на пешачките патеки и јавната чистота во целост се зголемува од 120 на 200, со цел да се постигне поголема ефикасност на новиот начин на работа, а во служба на граѓаните.Идејата на оваа реформа е, всушност, поефикасно и побрзо решавање на проблемите од аспект на хигиената на општината, но и да се поттикнат самите граѓани да бидат свесни и да ги пријавуваат проблемите со кои се соочуваат, како и сметот и малите депонии во нивното опкружување.За таа цел, Општина Аеродром го отвори и телефонскиот број 075 316 515 на кој ќе може да се пријавуваат нечистотиите, со цел нивно поефикасно санирање.

Скопје | пред 6 години

6 год.
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Гордана, неправда е насилството да го нарекуваш праведност

Кандидатот на Мицкоски, Гордана Силјановска не само што не го осудува насилството во собранието на 27 Април, туку се стави во одбрана на насилниците, стои во соопштението од СДСМ.Гордана, неправда е насилството да го нарекуваш праведност Не е чесно, ниту праведно да се брани насилство, ниту еднаш да не  се осуди организираниот насилен упад во Собранието.Силјановска свесно застана зад груевизмот, свесно застана зад матрицата на насилство, криминал и конфликти.Толку од натпартискиот кандидат на Христијан Мицкоски,кој си одбра кандидат за претседател кој ќе ги следи и поддржува деструктивните и криминални политики на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението од СДСМ.

Македонија | пред 6 години

6 год.
sveti-nikole2

Мицкоски: Не победуваат ниту побројните, ниту помоќните, туку оние кои се храбри и мотивирани

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари средба со граѓаните на Свети Николе.На средбата тој посочи дека бруталноста на неправдата може единствено да се порази со отпор, со неоткажување и борба до победа, за вистинска правда. Не смееме никогаш да се откажуваме од она за што мислиме дека е правилно и за што вреди да се бориме, вели Мицкоски, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Лидерот на ВМРДО-ДПМНЕ истакна дека победата ја носат храбрите и мотивираните. Победуваат оние чија љубов кон татковината е поголема од самоволието на власта. Не победуваат ниту побројните, ниту помоќните, победуваат оние кои се храбри и оние кои што се мотивирани, додаде тој.Мицкоски потенцираше дека мора да се застане цврсто на нозе, рамо до рамо и да продолжиме да се бориме затоа што се бориме за сонот за Македонија.И како ќе минуваат годините секој еден од нас ќе може да каже дека сме застанеле цврсто, сме се спротивставиле и победиле, вели тој.Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ констатираше дека претседателските избори се шанса за цврсто и одлучно да се порази Заевизмот. Овие избори се шанса граѓаните да се изборат за правдата и правдината, за човечкото достоинство и честитост, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
heroin-pakuvanja

Пресечен канал за трговија на хероин

Одделот за криминалистичка полиција во содејство со Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал-Единица за недозволена трговија со дрога при Министерството за внатрешни работи и Царинската управа пресече канал за трговија на хероин.На 13.03.2019 на Граничен премин „Табановце“, при преглед на автобус со швајцарски регистарски ознаки, кој сообраќал на релација Гостивар – Берн, Швајцарија, под задните седишта пронајдена е кеса во која имало две пакувања со околу еден килограм хероин. Дрогата била одземена, а по извршеното вештачење било утврдено дека станува збор за хероин со тежина од 998,63 грама.Во Полициската станица Куманово биле приведени К.П.(41) и А.Б.(38), двајцата од село Долно Количани-Скопје, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Golema-akcija-za-cistenje-an-vizbegovo-4

Град Скопје со акција за чистење на дивите депонии во населбата Визбегово

Во текот на денешниот ден, здружените екипи на скопските јавните претпријатија започнаа генерално чистење на Јадранската магистрала во населбата Визбегово.Акцијата се одвива на потегот од булевар „Словенија“ кон Момин поток каде беа создадени нови диви депонии од несовесно фрлање на комунален и кабаст отпад.На денешната голема акција за чистење присуствуваа градоначалникот Шилегов, како и директорите на јавните претпријатија „Комунална хигиена“ и „Паркови и зеленило“,Абдусамед Шабани и Адриан Муча.Поради поволните временски услови, се спроведува и машинско миење на Јадранската магистрала со автоцистерна, а од механизацијата се употребуваат специјални комунални возила - патарки, метларки и кипери.Акцијата ќе продолжи во текот на целиот викенд, а во неа земаа учество екипите на ЈП „Комунална хигиена“, ЈП „Паркови и зеленило“ и ЈП „Улици и патишта“.

Скопје | пред 6 години

6 год.
presuda-27-1

Чавков на ФБ: Обвинението е неосновано, казната драконска, a вилата ако ја најдете ја подарувам на „истражувачките новинари“

Поранешниот директор на БЈБ, Митко Чавков кој вчера беше осуден на 18 години затворска казна за собраниските инциденти од 27 април, се огласи на „Фејсбук“.Обвинението го нарече монструозно и неосновано и порача дека казната е драконска.Нарачката на мафијата која владее со Република Македонија е реализирана:– Монструозно обвинение – неосновано– Драконска казнаГи повикувам сите членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ како и добронамерните граѓани на Република Македонија кои не се политички определени да се обединат околу каузата на ВМРО-ДПМНЕ и да се порази злосторничката организација која ги киднапира сите институции.ПОДЕЛБИТЕ СЕ ВО КОРИСТ САМО НА МАФИЈАТА!2. Вилата на Халкидики ( ако ја најдете да постои), ја поклонувам на ,,истражувачките новинари“.3. Најавувам тужба за фингираната службена белешка. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
goran-angelov

Емотивна порака на Ангелов упатена до сопругата: Чувај се, чувај ми ги децата, пази ми ја и мајка

На социјалните мрежи се појави емотивна порака на Горан Ангелов Ќосето,  упатена до сопругата Наташа! Тој напиша:Моето веќе се виде Наташа, јас не верувам дека повеќе ќе можам да разгорам огниште. Нема да има кога. Нате, мојов живот повеќе не ми припаѓа мене. Тој и е завештаен на една друга армасица, понесреќна и посвета од сите нас. Нејзе и припаѓам со цело мое битие, до последна капка крв, до последен здив.Тоа е Македонија.Ќе ми фалите секој момент од денот, секоја секунда, и ти и децата, а и старата.  Сакам сите да знаат, дека не постои таков пишан збор кој може да ја опише мојата почит кон тебе и кон све што правиш за нашето семејство.Чувај се, чувај ми ги децата. Пази ми ја и мајка, тешко и е.Не тагувај, да знаеш дека и покрај све, мене ми е задоволство да и го посветам мојот живот на Македонија.Чувај ми се, Наташа.Горан 

Македонија | пред 6 години

6 год.
jane-cento

Јане Ченто го врати решението за притвор на судот, бидејќи пишувало Република Северна Македонија

Јане Ченто му го врати решението за притвор на судот, бидејќи пишувало Република Северна Македонија и напишал дека нема да прима документи на кои пишува Република Северна Македонија.Преку неговиот адвокат Дончо Наков, Јане Ченто се обрати со писмо:-Почитувани браќа, сестри и пријатели, денес се случи тоа што и се очекуваше во држава во која владее хунта и режим, како што не е видено во Македонија, но имам да порачам нешто. Браќа и сестри, никој не е вечен, така и оваа криминална хунта ќе си оди еден ден, им се гледа крајот. Ако мислат дека ќе ме замолчат со тоа што ме осудија 15 години затвор, се лажат. Има начин и од затвор да ја водам оваа борба против оваа хунта и верувајте, нема ни еден ден да се откажам од борбата за Македонија. Пренесете им надвор, еден ден ќе паднат ама нема да бегаат од Македонија, туку ќе одговараат за сите злодела што ни ги направија и нас и на македонскиот народ. Македонија ќе се разбуди за брзо време, а тогаш ќе изгрее ново сонце на слободата.Им благодарам на сите мои роднини и пријалите кои изминативе месеци ми помагаа. Нема да ги спомнам поради нивна лична заштита од оваа хунта, за да не ги прогласи и нив за терористи.Пренесете му на Крсто, Сашо и останата багра дека тоа што си сееле тоа и ќе си жнеат еден ден, а тој ден ќе дојде многу брзо. Животот е долг, борбата за Македонија никогаш нема да запре во моето срце.Пријатели мои да се живи и здрави и верувајте ќе дојдат подобри времина. Главата горе, горди мои македонци.На апелациониот суд остануваат посериозни проблеми. Жалам за престојниот срам што падна врз оваа судска власт. И на крај не се плашам од затворот, ниту од бесот на бедниот тиранин, кој ни го смести ова. Судот не осуди, но тоа и не толку важно, историјата ќе не ослободи. Еден ден ќе изгрее сонцете на слободата.Вам почитувани судии длабоко ви се заблогодарувам, што искрено дозволивте да се искажеме во овј судски процес. Искрено, не чувствувам огоеченост кон вас, разбирам дека во одреден дел бевте хумани и знам дека претседателот во овај судечки совед е човек со голема професионалност и не може да ја сокрие одбивноста кон овие случувања и беше принуден да донесе неправедна одлука.Да живее Република Македонија.Јане Ченто - 15.03.2019https://www.facebook.com/slobodazacentojane/photos/a.757897797586403/2242623065780528/?type=3&theater 

пред 6 години

6 год.
brendon

Убиецот Тарант, со скаменето лице изведен пред суд, маж со нож сакал да го убие во судот

Првоосмничениот Брентон Тарант (28) кој во вчерашниот терористички напад во местото Крајстчерч , Нов Зеланд, уби 49 луѓе, облечен во затворска облека, без чевли, и во лисици пред судот го изведоа двајца полицајци. Тој не зборувал пред судот.Убиецот Тарант, кој е опишан како „бел националист и екстремист“, според присутните во судот, стоел мирно за време на постапката. Тој останува во притвор без можност за негово ослободување, а пред судот повторно треба да се појави на 5 април.Уште двајца осомничени се во притвор, а никој од приведените нема полициско досие.На сите фотографии неговото лице е замаглено според одлуката на новозеландскиот суд кој кажа дека идентификацијата на неговиот идентитет ќе биде важен дел во постапката против него.По краткото сослушување одреден му е истражен затвор. Обвинет е за убиство на еден маж,  првата идентификувана  жртва, а тоа е 71-годишниот Дауд Наби, човек роден во Авганистан. Судот истакнал дека обвинението дефинитивно ќе биде проширено, најверојатно по идентификувањето на сите жртви.Еден маж се обиде да влезе во судот во Крајстчрч, на кој пред судија беше изведен терористот. Тој наводно сакал да го нападне и со нож да го избоде терористот.Неидентификуваниот маж наводно на новозеландски новинари им го покажал ножот што го имал со себе, пренесува Би-би-си.Полицијата претходно објави дек поради големите тензии судењето ќе биде затворено.Тарант пораснал во градот Графтон во Австралија, а пред нападот живеел во град на југот на Нов Зеланд, Данедин, кој е 360 километри одалечен од Крајстчрч.Полицијата во моментов ги истражува неговите врски во Графтон и околината. 

Свет | пред 6 години

6 год.
tutun-1

Скопјани сакале да продаваат тутун, но на „црно“

Единицата за економски и компјутерски криминал при Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против Р.М.(34), В.М.(32) и С.Д.(28), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека извршиле кривично дело „избегнување на плаќање акциза“, казниво по член 279-б, а во врска со член 22 од Кривичниот законик.Првопријавениот Р.М., од непознато лице набавил вкупно 317.75 килограми ситно сецкан тутун за пушење со намера да го продава на „Бит пазар“ во Скопје, при што избегнал и не платил акциза на која е обврзан со Закон за акцизите во вкупен износ од 428.962,50 денари и за истиот износ го оштетил буџетот на РС Македонија.Р.М., заедно со В.М. и С.Д., на 06.03.2019 околу 19.00 часот го донеле тутунот во изнајмен магацински простор на улица „Албер Станик“, во близина на „Бит пазар“. Во моментот додека го внесувале тутунот во магацинот биле затекнати од полициски службеници од Единицата за прв одговор и интервенција Алфа при СВР Скопје. Од извршениот преглед на возилото, сопственост на првопријавениот, биле пронајдени 80 кутии фино сецкан тутун од по 850 грама, а при извршениот претрес во магацинскиот простор биле пронајдени уште 286 кутии од по 850 грама фино сецкан тутун и 19 пластични кеси од по 350 гр. фино сецкан тутун.Пријавените лица биле лишени од слобода, а тутунот и возилото биле одземени и врз основа на наредба од ОЈО Скопје биле предадени во Агенција за управување со одземен имот во Скопје.

Скопје | пред 6 години

6 год.
stojance-angelov

Стојанче Ангелов на Твитер: Строги, но праведни затворски казни за пеколниот план од 27 април

Лидерот на партијата „Достоинство“ преку социјалните мрежи ја прокоментира одлуката на судот со која обвинетите за случајот 27 април добиваат вкупно 211 години затворска казна.Строги но праведни затворски казни за организаторите и извршителите на пеколниот план и насилства од крвавиот 27 април. Игор Дурловски кој наивно наседна на овој план доби ослободителна пресуда. Груевски го следел објавувањето на пресудата од луксузен хотел во Будимпешта, напиша Ангелов на Твитер.https://twitter.com/StojanceAngelov/status/1106531077471043584?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1106531077471043584&ref_url=https%3A%2F%2Ffaktor.mk%2Fstojanche-angelov-strogi-no-pravedni-zatvorski-kazni-za-pekolniot-plan-od-27-april%3Ffbclid%3DIwAR2fEB_gd1y-OvCrvEPxoAPExQwvnXGliNNjitqtCOguitAlYnQvPHWGexE 

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања