Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
7 год.
vlada-kran-1

(ФОТО) Кран пред Владата, вечерва ќе се поставува таблата „Влада на Северна Македонија“

Владата на Северна Македонија, по теркот на Владата на Груевски, отстранува, но и става табли во доцните вечерни саати. Така вечерва по дождливо време градежна мехаизација - кран пред Владата, се чека знак да се постави таблата „ Влада на Северна Македонија“.Инаку во текот на денот на платото пред зградата на Владата се извршуваат подготовки за церемонија за подигање на знамето на НАТО, коешто ќе има свое место пред Владата.Официјалното прво подигање на знамето ќе се изврши во текот на утрешниот ден. Денеска се поставуваа столици за гостите што ќе присуствуваат на свеченоста, а припадници на Гардата на АРМ ги вежбаа активностите што ќе треба да ги изведат.Натписот „Влада на Република Северна Република Македонија“, ќе биде поставен на македонски и на албански јазик.

Македонија | пред 7 години

7 год.
zlatna-maska

„100 години Требениште" дел од неа и златните маски - од март до крајот на август ќе бидат изложени во Скопје

Петте златни маски, како и останатите над 400 предмети пронајдени на локалитетот Требениште кај Охрид, на почетокот на март ќе бидат изложени пред јавноста во рамките на изложбата што во Археолошкиот музеј во Скопје, се организира заедно со Охридскиот музеј и музеите од Софија и Белград.Изложбата ќе биде под наслов: „100 години требениште“ . Трите матични археолошки музејски институции од Македонија, Србија и Бугарија со овој проект ја одбележат стогодишнината од откривањето на локалитетот Требениште кај Охрид. „Тоа се наодите откриени при археолошките истражувања на бугарски, српски и македонски археолози.Ова е првпат по сто години од откривањето на првата златна маска во 2018, сите артефакти од овој локалитет да бидат претставени на едно место што според Горан Санев, директор на Археолошкиот музеј е најочекуваната и најзначајната изожба за македонската, балканската и европската археологија. Вчера во музејот беше промовиран и каталогот за изложбата подготвено од 26 автори на 408 страни.За „100 години требениште“ интерес веќе пројавиле археолошките музеи од Париз, Берлин, Виена и Загреб. Изложбата ќе може да се види шест месеци, од март до крајот на август 2019

Македонија | пред 7 години

7 год.
1-god-6

(ФОТО) Една година од смртта на Калина и Александар, планинарите ја искачија Клепа

Фото: Лејла ИбраимоскаЕГ Грин Пауер и Планинарски предизвик „12 врвови„ изминатиов викенд организираа еднодневно традиционално зимско искачување на врвот Клепа(1150 мнв). Во акцијата како организатори се приклучија и градоначалниците на општините Градско и Росоман низ кои поминува патеката. За сите учесници беа обезбедени бесплатен ручек, пијалок и десерт во конаците на манастирот Св. Архангел во близина на село Горно Чичево.Поради стратешката местоположба, врвот Клепа долго време бил центар на воени бази и на фронтовската линија, така што на неговиот врв се наоѓаат остатоци од бункери, засолништа и археолошки наоѓалишта.ЦЕЛТА на акцијата беше да се промовира малку качуваниот врв Клепа, да се поттикне земјоделското(рурално) население) во овој реон за движење низ планина, како и да се манифестира соработка помеѓу планинарските клубови и друштва.Во чест на прерано заминатите Калина и Александар, на дел од патеката ќе се засадат садници обезбедени ЈП "Македонски Шуми".

Македонија | пред 7 години

7 год.
studenti-gubre

ЈП „Комунална хигиена“ ќе го чисти отпадот во дворот на студентскиот дом „Пелагонија“

На 12.2.2019 (вторник) со почеток во 13 часот, ЈП „Комунална хигиена“ –Скопје ќе започне акција за чистење на енормната количина на насобран отпад во дворот на студентскиот дом „Пелагонија“, во општината Кисела Вода.И покрај фактот дека чистењето на ваквите површини не спаѓа во ингеренциите на ЈП „Комунална хигиена“ –Скопје, Претпријатието ќе ги спроведе овие активности, со цел да се спречи ширењето на зарази и да се заштити животната средина.Ве каниме да присуствувате на овој настан во студентскиот дом „Пелагонија“, во чиишто рамки директорот на ЈП „Комунална хигиена“ –Скопје, Абдусамед Шабани, градоначалникот на Градот Скопје, Петре Шилегов и градоначалникот на општината Кисела Вода, Филип Темелковски, ќе им се обратат на граѓаните со апел за совесно постапување со отпадот и штетноста од создавањето на дивите депонии коишто директно ја загрозуваат животната околина и претставуваат закана за здравјето на граѓаните, велат од ЈП „Комунална хигиена“ –Скопје.

Скопје | пред 7 години

7 год.
mirjana-najcevska

Најчевска на ФБ: Прашање е зошто синот на пратеничка е избран? Ај сиктер бе апаши од сите партии

Фејсбук статус на професорката Мирјана Најчевска. Овој пат таа изреволтирана по објавата дека синот на пратеничката на СДСМ, Мира Стојчевска е вработен во ЕЛЕМ. Најчевска на ФБ пишува:Безобразни манипуланти.Воопшто не е прашањето дали синот на госпожата министрка, пардон пратеничка ги исполнувал условите дадени во конкурсот.Прашањето е зошто баш синот на госпожата министрка, пардон пратеничка е избран?Доколку имло еден единствен кандидат кој на еднакво ниво ги исполнувал условите, требало да биде избран тој друг кандидат, а доколку имало некој кој во нешто (Макар и најмало нешто) бил подобар, тогаш тој кандидат морал !!!!!!! да биде избран.Се разбравме?Или и понатаму ќе не прават будали на здрав разум.Ај сиктер бе сите апаши од сите партии. Симнете се од грбачата на граѓаните.Нема бре ни случајно да гласам на нарените избори, макар тоа да значи и враќање на Груевски, напиша професорката Најчевска на ФБ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
gdu

ГДУ: Пријатно не изненади Дамјан Манчевски со пораката „Да одиме по ѓаволите“

Пријатно сме изненадени од искреноста на министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, кој отворено ни „укажа да одиме по ѓаволите“. Пораката е упатена до сите оние кои воопшто не беа воодушевени од политиките на „Пастирот”, но не покажуваат ентузијазам и кон политиките на „Духовниот реформатор”, реагира ГДУ.Во соопштението од ГДУ уште додаваат:– Без еуфемизми, кратко и јасно е укажано дека еднаш востановеното мото „Согласно Уставот и законите”, e мантра која со задоволство е прегрната и од овој „владин состав”. На јавноста и останува во иднина да биде особено внимателна какви „врски” воспоставува, затоа што лесно може да се случи резултатите од нив да се во спротивност со „кадровската политика” на власта. Овој „ударнички бран” на вработувања на „најдобрите” e одлична предигра на претстојните избори – какви и да се. Граѓанско Демократската Унија ги охрабрува и останатите членови од кабинетот на премиерот да го следат примерот на нивниот колега Манчевски и да ја поделат својата искреност со јавноста, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
elem

ЕЛЕМ: Синот на Мира Стојчевска ги исполнувал сите критериуми во огласот

Откако ВМРО-ДПМНЕ денеска истакна дека синот на пратеничката Мира Стојчевска е вработен во ЕЛЕМ, реакција од компанијата.  реакција.Како што истакнаа, тој ги исполнувал сите критериуми за работното место во ЕЛЕМ.„АД Државни електрани на Македонија ја известува јавноста дека лицето Виктор Стојчевски е примен во редовен работен однос во компанијата по претходно објавен оглас за вработување. За работното место за кое конкурирал, наведениот ги исполнувал сите критериуми наведени во огласот. Комисијата одлучила почитувајќи ги сите законски одредби“, додаваат оттаму.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Филипче: Погубните политики на ВМРО-ДПМНЕ допринесоа да имаме жртви од морбили

Министерот за здравство, Венко Филипче, во вестите на 1 ТВ ја обвини претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ за тоа што денеска епидемијата на мали сипаници ја зема третата жртва, откако почина 13-месечно детенце.-За жал веќе има три смртни случаи, морам да кажам дека ми е жал, но до тука не доведоа погубните политики на ВМРО-ДПМНЕ. Токму таа погубна политика на претходната партија на власт не доведе до тука, како и на силните антивакцинални кампањи – рече министерот во краткото гостување во вестите на 1ТВ.Како што рече Филипче, две од починатите дечиња не можеле да се вакцинираат, едно поради здравствена состојба, а другото затоа што било премало.Филипче вели дека дневно има 4 до 5 нови случаи на заразени од морбили.  Тој додава дека комисијата за заразни болести, која заседавала денеска во Министерството, одлучила од утре да се повикаат родителите да ги вакцинираат и своите 6-месечни бебиња кои не се вакцинирани.

Македонија | пред 7 години

7 год.
alkohol

Пијан скопјанец ги истепал, сопругата, синот, ќерката и момчето од ќерката

Пијан скопјанец ги истепал сите членови на своето семејство, па и момчето на неговата ќерка, информираше МВР.Според полицијата, инцидентот се случил вчера околу 22 часот во скопската населба Ѓорче Петров.Насилството го пријавила 50 годишна жена, според која, нејзиниот 54-годишен сопруг пијан дошол дома и почнал да се расправа со неа. Тој не се задоволил со расправијата, па почнал да ја тепа сопругата, а потоа се нафрлил и на ќерката. Во нивна одбрана застанало момчето на ќерката, како и синот на насилникот, но и нив ги нападнал.Полицијата работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
1-6

(ВИДЕО) Мицкоски побара оставка од Филипче: Неспособноста од власта одзема животи

Неспособноста на Заев и Филипче се плаќа со животите на граѓаните, оставка веднаш, вели лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Тој преку видео порака ја критикува состојбата во здравството во земјава.https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/videos/605176119934544/ 

Македонија | пред 7 години

7 год.
brak-mazi

Отвора ли власта пат за истополови бракови?

Здружението на граѓани „Традиционално семејство“ бара пратениците да не ги усвојат измените на постоечкиот Закон за спречување и заштита од дискриминација, пренесува Алфа. Според „Традиционално семејство“ предложените измени ќе овозможат склучување на истополови бракови, со што директно се врши упад во институцијата брак како единствена заедница помегу еден маж и една жена.Во новиот Предлог-закон не се опфатени седум точки, мегу кои и точката 6, со која нема да се смета за дискриминација уредувањето на бракот исклучиво како заедница на спротивни полови.Алфа го пренесува апелот на здружението апелираат пратениците да го не го гласаат законот бидејќи, само на тој начин ќе можат да го спречат разнебитувањето на македонското семејството.

Македонија | пред 7 години

7 год.
detska-klinika-1

Родител на починатото едногодишно дете: 6 саати чекавме да не примат и му дадоа само парацетамол

Во средата отидовме на Инфективна клиника околу пладне. Детето беше изнемоштено, рекоа дека се морбили, а јас им кажав за болеста на детето го лечевме во Белград, сведочи родител на 13 месечното бебе што почина викендов, објави курир.мк.-Се им кажав за болеста на детето, а тие не пратија на Детска клиника на пулмологија. И оттука почнува префрлањето од Детска велат одете на Инфективна, тие пак не пратија на детска, вели родителот.Родителот, како што посочува, прво почнале да го префрлаат проблемот, а второ не сакале да преземат одговорност-Изгубив точно 6 саати додека го примат. Дури после 18 часот и толку шетање детето немаше примено никаква терапија, потоа му дадоа само парацетамол. Детето и потоа немаше примено антибиотик. Ние како родители алармиравме, а лекарите префрлаа од еден на друг, даваа некои површни објаснувања, вели родителот.Текстот во целост на курир.мк

Скопје | пред 7 години

7 год.
ohridsko-leto

Охридско лето: Задоволни сме од средствата кои ни ги додели Министерството

Според програмата на Министерството за култура од годишнитe конкурси за проекти од национален интерес во културата за 2019 година, за реализација на претстојното фестивалско издание на Охридско лето се издвоени 25 милиони денари, за разлика од лани кога Фестивалот доби 23 милиони денари. Од Охридско лето велат дека се задоволни од издвоените средства кои се повисоки за 2 милиони денари и додаваат дека ќе донесат врвни уметници на фестивалската сцена од 12 јули до 20 август.-Програмата на годинешново Охридско лето се подготвува. Летово ќе имаме прилика да видиме уметници од музичкиот и драмскиот свет кои се во самиот врв во светот. Изразуваме благодарност што Министерството имаше слух да ги зголеми средствата во споредба со минатогодишната распределба во рамките на конкурсот. Работиме напорно Фестивалот „Охридско лето“ како најголема манифестација под капата на Министерството за култура да реализира уште едно возвишено фестивалско издание со квалитетна, уникатна, атрактивна и возбудлива програма, велат од Охридско лето.Фестивалот Охридско лето покрај средствата од Министерството за култура обезбедува и сопствени средства од продажба на билети, како и спонзорски средства.-Кај спонзорите постои подготвеност за поголема финансиска поддршка се со цел на фестивалот летово да видиме врвни музички и драмски имиња од земјава и од странство, додаваат од Охридско лето.Од таму најавуваат дека „Охридско лето ќе ги оправда очекувањата на љубителите на уметноста, очекувањата на спонзорите, помагателите и пријателите. Тоа, како што велат, е потврда дека „Охридско лето “ успева да воспостави високи стандарди но и гаранција дека во наредните години ќе го продолжи континуираниот растеж, во секоја смисла.

Македонија | пред 7 години

7 год.
51459313_2045586168828991_5849902846228561920_n

Комити до власта: Знаеме дека барате начин да ги ослободите убијците на Саздо

Навивачката група ,,Комити” чиј член беше убиеното дете Никола Саздовски-Саздо побараа од властите да не си поигруваат со нивното трпение иид  не им ја вреѓаат интелегенцијата.„Металната кутија ќе ви се удри од глава еден ден... Млад човек го загуби животот од свирепо убиство, а вие барате алиби за да релативизирате или да ги ослободите убијците.Немојте да ни вреѓате интелигенција. Немојте да ни ја надразнувате болката. Немојте да ни газите на жуљ. Немојте да ја тестирате нашата решителност. Немојте да правите политички калкулации. Не прифаќаме ништо друго освен најстрога казна за убијците“, пишува на Фејсбук страната „Комити Скопје“.https://www.facebook.com/KomitiZapad87/photos/a.372824616105163/2045586165495658/?type=3&theater

Македонија | пред 7 години

7 год.
trajce-braced-zoran-zaev

ФОТО: Братучед му на Заев се паркирал на сред Рекорд за да натовари брендирана облека

Братучед му на премиерот Зоран Заев се паркирал на сред Рекорд за да натовари брендирана облека. Оваа објава со фотографија предмалку се појави на социјалната мрежа фејсбук. Во објавата пишува:„Си застана на пешачки у сред Центар на Скопје, со Мерцедес Мајбах од пола милион евра за да го видат сите. Со кеси дека пазарел у Хуго Бос и со најголемиот чалам у СВЕТ!Зашо?Затоа што е Трајче, братучет му на Зоран Заев, стои во објавата на ФБ.

Скопје | пред 7 години

7 год.
memorandum-1

(ВИДЕО) МИОА, МП и Академијата за судии и јавни обвинители потпишаа меморандум за соработка

Министерството за информатичко општество и администрација, Министерството за правда и Академијата за судии и јавни обвинители потпишаа меморандум за соработка. Целта на меморандумот е зајакнување и унапредување на конзистентна примена за Законот за општа управна постапка и Законот за управните спорови. Ова произлегува и од оценската мисија на Европската Комисија за административна правда.„Но, ова не го правиме ниту за ЕУ, ниту за било кој друг. Ова го правиме за граѓаните. За граѓаните да не заглавуваат во административните лавиринти поради недоволно познавање на законите или недоволна координација помеѓу институциите кои водат управни постапки, како и правосудните органи кои одлучуваат по нив“, потенцираше министерот Манчевски.Како што истакна министерот Манчевски, МИОА утврдува листа на учесници на обуките од редот на вработените. Листа на обучувачи кои ќе ги спроведат обуки како и програмата на обуките ќе ја утврдуваат трите институции заедно за да бидат сигурни дека експерти од оваа област ќе го пренесат своето знаење.Министерот Манчевски потсети дека во изминатиот период МИОА отвори точка за информирање и за обезбедување на практични совети за јавните органи за примената на ЗОУП. Тоа значи дека преку едноставна алатка за користење овластените лица ќе можат по електронски пат да се обратат со свои прашања и проблеми со кои се соочуваат во врска со примената на ЗОУП.Министерката за правда проф. д-р Рената Дескоска, информираше за новите измени во Законот за правни постапки.„Целта е да се скрати процедурата односно Управниот суд да одлучува мериторно. Тоа ќе резултира со ефикасна судска постапка, а управните судови ќе мора да го решат спорот и да кажат кој е во право. Со овој меморандум, ќе ги обучиме и запознаеме административните службеници и судовите за начинот на кој тие треба да постапат во управните постапки и управните спорови. Со тоа создаваме поефикасни постапки и граѓаните побрзо ќе дојдат до административна правда“, рече министерката Дескоска.Како што потенцираше таа, новина е и воведувањето на јавна главна расправа, како што е праксата во граѓанските и кривичните судови, каде на граѓаните им се овозможува простор да ги изложат своите аргументи за или против постапката.Директорката на Академијата за судии и јавни обвинители проф. д-р Наташа Габер-Дамјановска, се осврна на вклученоста на Академијата во процесот на обуки.„Особено е важен овој организиран одговор на потребите на граѓаните во управните постапки. Академијата ги остава на располагање сите капацитети од едукативна природа со цел да се гарантираа квалитетни и успешни обуки“, истакна Габер-Дамјановска.

Македонија | пред 7 години

7 год.
pozar-trska

Изгоре трска кај Калишта

Во Полициската станица во Струга, вчера околу 16:20 часот било пријавено дека на патот кон село Калишта, настанал пожар при што била изгорена површина со трска.– Екипа на Територијалната противпожарна единица Струга го изгаснала пожарот, а повредени лица нема. Извршен е увид, информираат од МВР.

Македонија | пред 7 години

7 год.
nuri-bajrami

Манчевски и Дескоска не гледаат непотизам во именувањето на баџанакот на Џафери во Антикорупциската комисија

Министрите Дамјан Манчевски и Рената Дескоска не гледаат непотизам во именувањето на баџанакот на спикерот Талат Џафери во Антикорупциската комисија. Според нив со избирањето на баџанакот на Талат Џафери за нов член на антикорупциската комисија не е прекршување на законот за избор на нови антикорупционери.Според Манчевски членови на сдсм биле најдискриминирани граѓани во државата со тоа што им било забрането да се вработуваат во јавен и приватен сектор 10 години Тој порача антикорупциската комисија е институцијата која треба да провери дали во новите вработувања има и непотизам и судирна интереси.И Манчевски и Дескоска сметаат дека на Нури Бајрами треба да му се даде шанса и да се види како ќе работи и колку ќе се бори против корупцијата.

Македонија | пред 7 години

7 год.
pretepan

Физичка пресметка на улицата „Вардар“ во Охрид

На единаесетти февруари оваа година, околу 05 часот, на улицата „Вардар“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад. Учесниците во тепачката се двајца Охриѓани.По целосно документирање на настанот, СВР Охрид против нив ќе поднесе соодветна пријава.

Македонија | пред 7 години

7 год.
arsovski-1

(ВИДЕО) ВМРО ДПМНЕ: Пратеничката на СДСМ, Мира Стојчевска својот син го вработи во ЕЛЕМ

Пратеничката на СДСМ Мира Стојчевска позната во јавноста по рекордните патни трошоци во износ од 12 илјади евра, според информациите до кои дојдовме и ги добивме ќе се радува и на вработувањето на својот син Виктор Стојчевски во ЕЛЕМ кому денес му е прв работен ден, истакна на пресс конференција Димче Арсовски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Арсовски додаде:Дали е точно дека Виктор Стојчевски своето вработување во ЕЛЕМ го заслужил со навредливите коментари упатени кон граѓаните кои ги нарекуваше „хибернирани кретени по улиците на Скопје“ или пак бил најдобар кандидат затоа што мајка му креваше рака за промена на името, покачувањето на акцизите или отворањето на измислени места за заменици директори во јавните претпријатија?Зошто власта го сокри ова вработување? Јавноста треба да знае дали синот на Мира – или така позната како Мира- изел е вработен на јавен конкурс? Уште колку кандидати биле пријавени за ова работно место? Во што бил синот на Мира - дизел подобар од останатите кандидати?Почитувани,Ова се прашања кои заслужуваат и мора да добијат одговор.Илјадниците евра кои граѓаните годишно и ги даваат на Мира Стојчевска, сега ќе бидат дополнети со прилично солидна плата кој што ќе ја зема нејзиниот син. Тоа е за СДСМ и Зоран Заев борба против непотизмот и корупцијата во Република Македонија.Токму заради ваквиот однос на Зоран Заев и СДСМ, над 400.000 граѓани живеат во тешка беда и сиромаштија, помасовно од кога било, а Македонија тоне на листите на Транспаренси Интернешнл.Уште за колку вработувања на синови, ќерки, мајки и сестри ќе разбере јавноста во наредниот период. Само да потсетиме во сите овие случаи за непотизам се работи за огромни плати и хонорари кои се далеку повисоки од просечната плата која што ја земаат граѓаните.Само за потсетување како владата го третира буџетот и јавното претпријатие ЕЛЕМ. Од досега познатите факти своите најблиски во ЕЛЕМ ги згрижија Мирослав Грчев, Асаф Адеми и Талат Џафери.Време е СДСМ да си замине од власт и да запре овој општ грабеж кој што и се случува на граѓаните, истакна Арсовски.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања