Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
7 год.
havai

(ВИДЕО) Снежна бура на Хаваите

Снежната бура ги погоди Хаваите. Бурата предизвика хаос бидејќи голем број домаќинства останаа без струја, а беа поплавени и голем број патишта. Невремето проследено со врнежи од снег, доведе до прекин на електричната енергија до голем број домаќинства и поплави, додека силниот ветер корнеше гранки, кои предизвика оштетувања на некои домови и објекти и блокираа повеќе патни правци.Снегот не е невообичаен за планинските врвови на Хаваите, но неговата појава на височина од 1.900 метри е досега нерегистрирана појава на овие острови во централниот дел на Тихиот Океан.

Свет | пред 7 години

7 год.
biban

Д-р Јадранка Бибан до Заев: Ставете ме министер и ќе ви покажам дека може!!

Ставете ме министер и ќе ви покажам дека може, напиша на својот фејцбук профил Д-р Јадранка Бибан. Таа во својата објава на социјлната мрежа фејсбук уште пишува:Минатава недела дигнав температура, имав треска, болки во зглобовите и малаксаност. Охо, ова е грип си реков, можда свински, магарешки, или некој вироза, што и да е... Висока беше температурата, скоро 40 степени па решив да појдам во една од државните клиники малку да се освежам со инфузија со физиолошки раствор и витамини...Па јас оддамна не сум била таму...Колегите и повеќе од колегијални, сестрите професионални и љубезни, ама внатре болницана се распаднала...Кровот прокиснат и мувлосан, чаршафиштата се гледа стари од социјализмот, ќебињата непрани најмалку една деценија.Па онде здрав човек ќе се разболи а не пак болен да оздрави. Секоја чест на колегиве што издржуваат да поминат работно време и да работат професионално во оние услови. Па не нов клинички центар да се изгради, што сака нека биде, со ваква здравствена политика се ќе се посере за два месеци. Прекрасни болници, намерно запуштени и уништени.Па како барем еден министер или премиер не се најде од мајка роден што се вика, да направи нешто вистинско во здравствениот систем. Па стајте ме мене министер, ни плата ми треба ни ништо, колку пари има за здравство толку, има се да се донесе во ред за една година. Не е до парите, до шупката зината е!П.С. Споделете го ова можи ќе го прочита Заев и ќе ме викне😊🤓😏... за да ме стави министер, напиша  на ФБ  Д-р Јадранка Бибан. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
studenti-gubre

(ФОТО) Студентска култура?

На социјалните мрежи се појави фотографија од десетици кеси со губре под прозорите на женската зграда на студентскиот дом „Пелагонија“.По објавувањето на фотографијата на Фејсбук , истата наиде на бројни коментари од граѓаните кои ја критикуваат (не)културата на студентите.https://www.facebook.com/bilievski/posts/2044775778909537

Македонија | пред 7 години

7 год.
belorisija

Во Белорусија со нож до смрт избодел наставичка и ученик

Средношколец во Белорусија со нож до смрт избодел наставничка и ученик.Според белоруското Министерство за внатрешни работи, ученикот кој бил 10 одделение ја нападнал наставничката пред да таа да започне со својот час. Во инцидентот тој избодел и двајца ученици кои се обиделе да ја заштитат наставничката.Настанот се случил во градот Столбци, на околу 65 километри од престолнината Минск.Наставничката и еден од нападнатите ученици починале на лице место, а двајцата други ученици се сместени во болница.Полицијата го уапсила напаѓачот. Се истражуваат причините за инцидентот.

Свет | пред 7 години

7 год.
veseli

Државниот врв во Приштина итно ќе се состани

Претседателот на косовскиот парламент, Кадри Весели, ги повикал на итен состанок претседателот на државата Хашим Тачи, премиерот Рамуш Харадинај и вицепремиерот Фатмир Лимај, пренесува агенцијата „Спутник“ повикувајќи се на косовски медиуми.И покрај тоа што впечатокот е дека косовските лидери се „миленици на Западот“ и во добри односи со сите западни земји, сепак реалноста е поинаква.Неофицијално според белградскиот весник „Блиц“ Берлин „го избегнува“ косовскиот претседател Хашим Тачи, бидејќи, наводно, не можел да му го прости „предавството“ на агенти на гермнската разузнавачка служба БНД од пред неколку години.Косово се наоѓа заплеткано во незапаметена политичка криза, откако можната разврска од дијалогот со Србија предизвика дополнителна поделба во тамошните политички кругови, пренесува порталот „Еурактив“.Инаку ЕУ бараше таксите кон Србија да бидат укинати бидејќи Србија нема да ги продолжи преговорите додека тоа не се случи. Владата на Косово го отфри барањето. Но, кога САД го побараа истото, дојде до поделба меѓу косовските политички лидери – Карди Весели и Рамуш Харадинај. Политичките лидери на Косово и на Србија, во повеќе наврати истакнуваа дека се против ваквата идеја.

Свет | пред 7 години

7 год.
vlada-zname-nato

Генерална проба - како ќе се крева знамето на НАТО пред Влада?

Владата се подготвува за кревање на знамето на НАТО пред владината зграда, објави порталот мкд.мк.Денеска пред влезот на Владата беа наредени столчиња, а присутни беа повеќе лица во униформи. Од Владата објаснуваат дека ова денеска било „проба“ на церемонијата на поставување на знамето на НАТО, а дополнително ќе информираат кога таа ќе се одржи. Претходно утринава од Владата беше отстранет натписот „Влада на Република Македонија“.извор: мкд.мкфото: мкд.мк

Скопје | пред 7 години

7 год.
KIR_0837

По три смртни случаи, седум нови заболени од морбили во Скопје

Седум новозаболени со морбили вчера се јавиле на преглед на Клиниката за инфективни болести, информираа од таа јавна здравствена установа.Од нив три се задржани на лекување на Клиниката и тоа една 32-годишна пациентка од Сарај, едно дете на возраст од една и пол година од Кисела Вода и уште едно дете на возраст од една и пол година од Чаир. Сите биле невакцинирани.Четворица од заболените се амбулантски прегледани и се пуштени на домашно лекувањеНа Клиниката има 26 пациенти од кои четворица се возрасни, 22 се деца од кои најголем број се на возраст од една и под една година.

Скопје | пред 7 години

7 год.
obvinitelstvo1

Мајките обвинителки, ќерките вработени во Обвинителството

Непотизмот во извршната власт е тема што се провлекува со децении, а особено е актуелна изминативе недели. Но, за непотизмот во Јавното обвинителство многу малку јавно се говори. Соговорници за „Макфакс“ тврдат дека непотизмот во оваа институција, кој со години го има, сериозно влијае врз имиџот и довербата во јавноста на оваа институција, а трендот и натаму не запира.Ќерката на вишата јавна обвинителка, Елизабета Ристевска, Јована, од петокот работи како помлад јавнообвинителски службеник во Основното јавно обвинителство, дознава „Макфакс“. Од Јавното обвинителството ја потврдија информацијата. Од таму информираа дека кандидатката по направената селекција, се покажала како најсоодветна за таа позиција.Прочитајте повеќе на www.makfax.com.mk

Македонија | пред 7 години

7 год.
dua-bigger-head

Харадинај: Дуа Липа докажа дека со талент се преминуваат сите граници

Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај, ѝ честита на пејачката по потекло од Косово, Дуа Липа, за освоените две награди „Греми“.Тој на „Фејсбук“ напиша дека Дуа уште еднаш докажала дека со работа и талент се преминуваат сите граници.„Честитки, Дуа! Косово е среќно што во светот се претставува со твоето име“, напиша Харадинај.Дуа Липа освои „Греми“ за најдобар млад уметник и за најдобра песна за нумерата „Електрисити“.

Магазин | пред 7 години

7 год.
zaev-gruevski

По теркот на Груевски, премиерот Заев преку ноќ отстранува натписи за да стави Северна Македонија

Владата преку ноќ ја отстрани таблата од фасадата со натписот - Влада на Република Македонија. Дека го нема стариот назив, јавноста дозна утрово кога фасадата осамна без старата табла. Од Владата не појаснуваат зошто на овој начин е отстранет стариот назив, иако пред на дојдат на власт ветија дека сите одлуки и постапки ќе ги извршуваат транспарентно. Од таму само информираа дека натписот бил отстранет затоа што во текот на денот ќе се организирала церемонија пред платото на Владата со подигнување на знамето на НАТО.Засега нема информации кои институции, по Владата, ќе го впишат новото име, но сè поизвесно е дека Собранието, Министерството за надворешни работи и Министерството за одбрана ќе бидат следните институции што ќе ги заменат старите табли со нови на кои на ќе биде впишано името Република Северна Македонија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
ministerstvo-za-kultura-5

Здружение на историчари: Ни денар за македонската „Историја“, а 123.000 за албанските историчари

Здружението на Историчари реагираше во врска со конкурсот на Министерството за култура. Тие велат дека Минатата година не биле одобрени средства за списанието „Историја“ со образложение дека не претставува „национален приоритет“.„Во Годишната програма на Министерството за култура за 2019 година, како и минатата година, не се предвидени средства за публикување на „Историја“ – референтно научно списание на Здружението на историчарите на Република Македонија (ЗИРМ).Минатогодишната причина за неодобрените средства беше дека списанието „Историја“ не претставува „национален приоритет“. Оваа година очекуваме слично образложение. Членовите на Комисијата што ги разгледуваше пријавите, веројатно сметаат дека тоа што „Историја“ е наднационално списание, во кое, како ретко каде, најсликовито се изразени мултиетничноста и мултиконфесионалноста во нашата држава, не претставува национален приоритет.Господа, членови на Комисијата, вие секако знаете, но ние пак ќе ве потсетиме дека:ЗИРМ е најстарото историско здружение во Р. Македонија, формирано во 1952 година.Списанието „Историја“, понекогаш еднаш, а некогаш два пати годишно, излегува во континуитет од 1965 година. Доколку беше „од национален приоритет“, оваа година ќе излезеа 69-тиот и 70-тиот број од списанието.Во списанието „Историја“ свои научни трудови објавувале великаните на македонската научна мисла – Блаже Конески, Љубен Лапе, Харалампије Поленаковиќ, Михаил Петрушевски, Христо Андонов-Полјански, Михаило Апостолски, Крум Тошев, Манол Пандевски, Цветан Грозданов, Александар Матковски, Иван Катарџиев, Димитар Митрев, Димче Коцо...Токму во списанието „Историја“, во далечната 1968 година, Ш. Рахими го објави својот научен труд „Ѓерг Кастриот Скендербег“. На страниците на „Историја“, големиот Али Вишко пишуваше за историјата на Тетово и Тетовско, а Рамиз Абдули за Зеф Луш Марку. Низа автори од Албанија, Македонија, Русија и други земји пишуваа за историјата на Албанците. Токму во „Историја“, се напишани првите научни статии на овие простори за историјата на Власите, Торбешите, Евреите и Србите од Македонија. Во „Историја“ Јусуф Хамза пишуваше за историјата на Турците во Македонија.Во „Историја“, во втората половина на 1960-тите, беа за прв пат кај нас зачнати теми од родова проблематика, теми за историјата на жените Македонки, Албанки, Турчинки и за женските движења во нашата земја.Врвни научници од САД, Кина, Велика Британија, Германија, Италија, Шпанија, Русија, Холандија, Чешка, Полска, Словачка, Романија и од поранешните југословенски републики, во „Историја“ објавуваа свои статии за историјата на Македонија и нејзините народи. Впрочем, во редакцискиот одбор на списанието членуваат професори и научници од Велика Британија, Турција, Полска, Русија, Германија и Хрватска. Сега треба да им се заблагодариме и да им кажеме дека нашето и нивно списание не е „национален приоритет“.Списанието претставуваше отскочна даска за десетици млади научници – идни академици и универзитетски професори, кои во далечните 60-ти, 70-ти, 80-ти и 90-ти го имаа своето научно деби токму во „Историја“Во бројните рубрики (Статии, настава/дидактика, прилози, осврти, прикази и критики, материјали, библиографија, хроники, белешки, од културното минато и тн.) „Историја“ им отстапуваше простор на просветните работници од основните и средните училишта за нови идеи, критики и методи за унапредување на наставата по историја.Скромните средства што ги побаравме од Министерството за култура ќе беа наменети за печатење на списанието и негова распределба меѓу просветните работници и други историчари од Република Македонија. Пред сѐ ним им се извинуваме што „Историја“ не е национален приоритет.P.S: Им честитаме на колегите од Здружението на историчари Албанци од Македонија, на кои, откако минатата година им беа доделени 80 000 денари за два броја од нивното списание „Историски истражувања“, овој пат им се одобрени 123 000 денари за печатење на бр. 13 и 14 од списанието. Се работи за младо списание, на кое што секако му е потребна помош. Нам ќе ни биде чест да придонесеме со научни трудови за афирмација на нивното списание. Секако, кога во некои идни времиња „Историја“ повторно ќе биде национален приоритет, ќе ни претставува задоволство доколку и колегите од Здружението на историчари Албанци од Македонија испратат свои научни статии во „Историја“, како што тоа во минатото го правеа Рахими, Вишко, Абдули, професорката Ледиа Душку и други историчари Албанци“, се вели во соопштението од Здружението на историчари.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mkd-408987

Почина македонскиот поет Методија Фотев

Утрово, понеделник 11.02.2019 година, по кусо боледување, почина македонскиот романсиер и поет Методија Фотев (роден на 14 март 1932 година во Љубојно, Преспанско). Беше член на Друштвото на писатели на Македонија од 1957 година. Неговото книжевно творештво го сочинуваат повеќе романи: „Потомците на Кат“ (1966), „Селани и војници“ (1969), „Големите скитачи“ (1970), „Неплодна вода“ (1978), „Вивариум“ (2010), како и поетската збирка „Поезија не за одмор“ (2002). Добитник е на наградите: „11 Октомври“, „13 Ноември“, „Рациново признание“.Погребот ќе се одржи утре, во присуство на најтесниот семеен круг.

Македонија | пред 7 години

7 год.
tom-odell

Концерт на Тom Odell во Скопје oваа среда во МКЦ

Музичката сензација на новата генерација, вонсериски талентираниот и наградуван британски кантавтор Tom Odell кој во моментов е на светска турнеја на која го промовира својот трет студиски албум „Jubilee road“, ќе го видиме за прв пат во живо и во Скопје, оваа среда во МКЦ.Tom Odell вниманието на јавноста го сврте уште со неговиот прв албум „Long Way Down“ во 2013 година. Lilly Allen го спореди со David Bowie, додека Taylor Swift изјави дека е негов голем фан. Следната, 2014 година година Tom Odell добива и награди за авторско достигнување, меѓу кои и BRIT, Critic Choice, но сепак најголемата награда за неговата работа стигнува од публиката- повеќе од успешни настапи на некои од најголемите светски фестивали: Glastonbury, Coachella, T In The Park, Sziget, Exit, како и распродадени шоуа ширум светот, што се потврда дека и со сите негови песни успева да допре до публиката и дека е на вистинскиот пат да стане голема музичка ѕвезда!Промоцијата на третиот албум „Jubilee road“ кој излезе во октомври минатата година, ја почна со објавување на синглот „If you wanna love somebody“, а потоа следеше и со видеозапис за истиот, а на одлична реакција наиде и песната „Half as good as you“, која ја сними со својата долгогодишна пријателка и соработничка, популарната Alice Merton.Неодамна објави и уште еден видео спот, со кој публиката ја запозна со новиот албум „Jubilee road“. Станува збор за песната „You are gonna break my heart tonight“.По распродадените концерти во Северна Америка и Канада, Tom Odell се врати во Европа, каде прва станица му беше Глазгов, а потоа следеа два распродадени концерти во Белфаст и Даблин. Во почетокот на ноември минатата година, после вкупно 12 конецрти во Англија, турнејата се пресели во Германија и во останатите земји низ Европа, како Франција, Полска, Чешка, Белгија, Литванија, Латвија, Финска, Русија, Украина, Словенија, Хрватска, Србија, Унгарија, Бугарија, Романија, Македонија и Турција.

Магазин | пред 7 години

7 год.
20190211120118

Најголем дел од возилата на противпожарните единици се од минатиот век

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ја објави базата на податоци за возилата на сите 30 територијални противпожарни единици во земјава.Базата на податоци открива дека противпожарните единици располагаат со само 220 возила. Притоа, овде спаѓаат не само цистерните и возилата за гасење пожар, туку и сите други возила на противпожарните екипи. Просечната старост на овие возила е 27 години и дури 154 од 220-те возила (70%) се произведени во минатиот век.За споредба, министерствата и општините (според базата на податоци што Центарот за граѓански комуникации ја објави во октомври 2018 година) имаат на располагање 2645 патнички возила, што значи дека на секое 12-то патничко возило доаѓа по едно специјално противпожарно возило. Кај патничките возила има обратна ситуација, односно само 29% се од минатиот век, а 71% се купени во новиот милениум. Наспроти 27-те години на противпожарните возила, патничките просечно се стари 12,5 години.Податоците од оваа база се ставаат на располагање во отворен формат за да послужат како основа за натамошно користење и истражување. Во крајна линија, целта е сите заедно да придонесеме за подобрување на квалитетот и условите за живот во земјава.Оваа база на податоци е дел од предвидените десет истражувања и бази на податоци за трошењето на јавните пари кои ќе се реализираат во рамките на проектот Јавно трошење за јавно добро, поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Целта на проектот што го спроведува ЦГК е зголемување на ефективноста на јавното трошење преку намалување на корупцијата и зголемување на транспарентноста.

Македонија | пред 7 години

7 год.
morbili

13 месечно бебе од Тетово почина од морбили

Министерството за здравство јави за уште една жртва на мали сипаници, со што во период од неколку дена починаа три бебиња.Синоќа починало 13-месечно бебе од Тетовскиот Регион, кое претходно не било вакцинирано.Министерството за здравство изразува жалење за смртта на детето и упати апел до сите родители најодговорно да ги сфатат препораките за вакцинирање со МРП-вакцината.Завчера од морбили почина 13-месечно бебе од Свети Николе, а во петокот на Клиниката за инфективини болести почина шестмесечно бебе со мали сипаници, кое имало компликација на белите дробови.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Filipov

Ѓорѓи Филипов ќе поднесе пријава за кандидат за претседател на СДСМ

Поранешниот македонски амбасадор во Германија, Ѓорѓи Филипов во планира да поднесе пријава за кандидат за претседател на СДСМ.Тој преку соопштение до јавноста информираше за планираните активности.„Почитувани новинари и медиумски куќи, Јас, амбасадорот проф. д-р Ѓорѓи Филипов, утре, 11 февруари 2019 год., понеделник, ќе поднесам Пријава за кандидат за Претседател на Република Македонија на Отворениот повик за Претседателските избори за 2019 година на СДСМ. По тој повод, ве поканувам на прес-конференцијата закажана на 11.Февруари 2019, со почеток во 12.00 часот во хотелот Александар Палас, Скопје. Ќе ми биде задоволство да ви се обратам и да одговорам на вашите прашања – се наведува во информацијата испратена до медиумите на екс амбасадорот Филипов.

Македонија | пред 7 години

7 год.
korica-kalina

Вечерва промоција на книгата „Дневникот на една планинарка“ од Калина Велевска

Денес во 20 часот во Младинскиот културен центар ќе биде промовирана книгата „Дневникот на една планинарка“ од Калина Велевска. Станува збор за избор од текстовите што беа објавувани на порталот „Мис“, како своевиден дневник, а во кои Калина ги пренесуваше своите впечатоци од планинарските тури во Македонија но и во соседните земји.Калина Велевска (1990), дипломиран правник, вработена во Основното јавно обвинителство, трагично го загуби својот живот, заедно со Александар Миновски, на 10 февруари 2018 година на Кајмакчалан.Книгата е во издание на „Репро принт“, издавачката куќа која го издава и дневниот весник „Нова Македонија“, каде што Велевска еден период соработуваше како новинар-почетник.

Магазин | пред 7 години

7 год.
gxUk9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvWkdRN01EQV8vNTE3NGEwOTgyODk2NzJkZjI3MzAzOWFkNGE1OWRhNjMuanBlZ5CBoTAB

Во еда од најлибералните земји ќе се отвори Европски Алкатраз

Островот Линдхолм во Данска, која е една од најлибералните земји во ЕУ, наскоро ќе стане вистински Алкатраз.На него ќе бидат сместени мигантите кои имаат криминално минато, а поради воената состојба или други околности не можат да бидат депортирани во нивната земја.

Свет | пред 7 години

7 год.
mile

На Груевски му е гајле за притворите на Божиновски и Јанакиески: Не чуствувам вина

Во интервју за Инфомакс, на прашањето дали чувствува вина поради тоа што во моментот кога замина од Македонија, неговите поранешни соработници беа пpитвopени, Никола Груевски одговори дека тој не чувствува вина.„Тие треба да ја чувствуваат вината , јас ја чувствувам горчината што сум дел од ова време во кое што во мојата држава, во која што живеев, работев и правев се да оди напред, дојде марионетска власт која што освен што направи крупни негативни работи за македонскиот национален идентитет, име итн. безмилосно се пресметува со политичките неистомисленици како што не се случило од 50-тите години на минатиот век“, вели Груевски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Скопјанка касната од куче скитник

На 10.02.2019 година во 11.00 часот во Полициската станица Центар, А.Г.(29) од Скопје пријавила дека истиот ден 09.30 часот на ул. „Кеј 13-ти Ноември“ била касната од куче скитник во пределот на левата потколеница.

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања