Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
7 год.
granata-1

Пронајдена ганата од Прва светска војна

На 10.02.2019 година околу 12.00 часот во атарот на село Крклино, битолско, односно на парцела лоцирана на локалниот пат помеѓу село Крклино и село Горно Оризари,  била пронајдена артилериска граната калибар 75 мм од Прва светска војна.Полициски службеници излегле на местото, а пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување ја подигнал гранатата за понатамошна постапка.

Македонија | пред 7 години

7 год.
soobrakajna-nesreka

Автомобил удрил во метален столб, возачот со тешки телесни повреди

На 10.02.2019 година околу 09.00 часот на обиколница од автопат „Мајка Тереза“, кај Смилковско езеро, патничко возило „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Ј.(35) од Скопје, излетало од коловозот и удрило во дрва и ограда со метален столб.Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот И.Ј., кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.  Увид на местото извршила екипа на СВР Скопје.

Скопје | пред 7 години

7 год.
tabanovce

Србин уапсен на граничниот премин Табановце

На 11.02.2019 година во 04.30 часот на Граничен премин Табановце, при пасошка контрола, било констатирано дека Ј.Ј.(57) од Панчево, Република Србија, се наоѓа на стоп – листа.Во 05.00 часот лицето било предадено на полициски службеници од Полициската станица Куманово за понатамошна постапка.

Македонија | пред 7 години

7 год.
brza-pomos

Скопјанец возејки мопед изгубил контрола и паднал на коловозот

На 10.02.2019 година во 11.30 часот на крстосница од улиците „Архитект Никола Добровиќ“  и ул. „Христо Татарчев“ во Скопје, мопед „Гилера сталкер“ со скопски регистарски ознаки, управуван од С.И.(38) од Скопје, изгубил контрола и паднал на коловозот.Притоа, со тешки телесни повреди се здобил С.И. кој бил пренесен во Градска општа болница „Свети Наум Охридски“.  Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 7 години

7 год.
777-620x350-1

Европските Либерал-демократи со поддршка за Македонија

Делегација на Либерално-демократската партија, составена од Претседателот на ЛДП, Горан Милевски и Зоран Шапуриќ, министер во владата на РМ од редовите на ЛДП, учествуваше на состанокот на Советот на АЛДЕ (Алијанса на либерали и демократи за Европа) кој се одржа на 9 и 10 февруари 2019 година во Берлин, Германија.„На состанокот на Советот, помеѓу другото беше усвоена и Резолуција со која Европските либерал-демократи ја подржуваат Македонија во напорите за полноправно членство во НАТО и отпочнување на преговорите со Европската Унија, оваа година.Со Резолуцијата се поздравува Преспанската спогодба и решавањето на долгогодишниот спор помеѓу Македонија и Грција, како позитивен пример за градење на доброседедски односи во Регионот на Југоисточна Европа и во Европа, воопшто.АЛДЕ, исто така, го поздравува потпишување на Протоколот за приемот на Македонија во НАТО и ги повикува сите земји членки на НАТО да го ратифицираат протоклот во што е можно покус рок, притоа потенцирајќи ја својата долгогодишна поддршка на Македонија и на Либерално демократската партија.Истовремено со усвоената Резолуција се осудува давањето на азил на поранешниот премиер Никола Груевски од страна на Унгарија.За време на настанот, делегацијата на ЛДП оствари бројни средби со Претседатели на сестринските партии од Европа како и со Пратеници во европскиот Парламент од редовите на АЛДЕ“, се вели во соопштението од партијата.

Македонија | пред 7 години

7 год.
nema-voda

Без вода дел од Драчево

Денес поради дефект на приклучна цевка Ф-1“ на ул.Дреновска клисура 27 од нас.Драчево, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на улиците:nДреновска Kлисура, Стари Новакиња и Димитар Гуштанов до санирање на дефектот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
2

Пожар во Идризово, причинета материјална штета

Утрово околу 4 часот во казнено проправниот дом Идризово избил пожарПожарот избил на кровот и по еден час бил ставен под контрола. Со ова причинета е материјална штета од околу 15 000 денари.Од противпожарната бригада известија дека интервенирале со едно возило и четири пожарникари.

Скопје | пред 7 години

7 год.
zemjodelci

СДСМ: Двојно зголемени субвенциите за оризопроизводителите

Новите програми за зголемена финансиска поддршка за земјоделците ја потврдуваат заложбата на Владата предводена од СДСМ за развој и унапредување на земјоделството, велат од владејачката СДСМ.„Се зголемуваат субвенциите за јаболкопроизводителите од 33.000 на 41.000 денари по хектар. Значително поголеми субвенции ќе добијат и производителите на ориз. Финанската поддршка за оризопроизводителите ќе се зголеми од 12.000 на 25.000 денари по хектар со кроистен сертифициран семенски материјал, односно од 6.000 на 18.000 денари по хектар без задолжителна употреба на сертифициран семенски материјал.Со мерката „зелена нафта“ земјоделците што имаат поледелски, градинарски, овошни култури и лозови насади добиваат поддршка од 30 отсто за набавка на нафта за земјоделската механизација.Вкупната државна поддршка за мерката изнесува 200 милиони денари, а со неа ќе бидат опфатени 55.000 земјоделци.Зголемена финансиска поддршка е обезбедена и за сточарите, овоштарите и градинарите.Ова се само дел од новите развојни мерки што обезбедуваат зголемена поддршка и повеќе пари кај земјоделците и мерки, што го унапредуваат и развиваат земјоделството како една од клучните стопански гранки. Владата предводена од СДСМ останува посвестена на вистинска грижа за земјоделците“, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Screenshot_4-13

(ФОТО) Таблите со Северна Македонија вандализирани

Само што беа поставени таблите на кои е напишано името Република Северна Македонија настрадаа од непознати активисти – пишува порталот “Експрес.мк”.Граѓани на социјалните мрежи објавуваат дека на неколку места синоќа биле прешкртани таблите во делот каде е напишан зборот Северна.По неколкуте пријавени инциденти со таблите извори во МВР велат дека се размислува за оперативен план за заштита на таблите особено за тие што се поставени во граничниот појас со Грција – додаваат од “Експрес”. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
Visar-Vishka8

Вишка: Со таа злоба најдалеку можете до Лесковац да одите!

Советникот на министерот за култура Асаф Адемир, Висар Вишка, се огласи на својот Фејсбук профил во врска со распределбата на финансиските средства на министерството.„И још једном:)Комисиите се составени од професионалци предложени од коалициони партнери.А тоа се: СДСМ, ДУИ и БЕСА. Се разбира дека тие од СДСМ не ги познаваат Албанските уметници, а албанците имаат сепак колку толку познавање на мак уметници.Претседателите на комисиите се претежно македонци.Се гласа со мнозинство гласови, да не речам консензус.Индивидуално сите другачије би одлучиле. Јас не сум среќен со многу аматери што се финансираат со години. Ама не одлучувам ниту јас ниту МИНИСТЕРОТ.Затоа:Го оправдувам незадоволството и слободата тоа да го искажете јавно.Но ич не прифаќам националистичка злоба вперена во погрешна адреса.Со таа злоба до Табановце, најдалеку Лесковац можете да одите.Јас сеуште ништо не работам во МК, ниту конкурирав со свој проект за да нема конфликт на интерес.Така да, лајте под туѓ прозор;)Раус!“, напиша Вишка на својот профил.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Без вода корисниците од Момин Поток

Денес поради изведување водоводен приклучок ф-400мм на ул.Октомвриска Револуција бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Момин Поток, Скупи 3а, 5а и резиденцијата на МПЦ од 09:00 ч. до завршување.

Скопје | пред 7 години

7 год.
EFOC_YEH_A3

Изложба на дела од работилницата "Емоции за еден град" – изложба за подобро утре

Дела од работилницата што се реализираше во склоп на изложбата Celebrate Life / Емоции за еден град на дизајнерот Горан Костовски – Ind.o.g. ќе биде поставена на 16ти февруари 2019 година во Кафе Винил во Дебар Маало со почеток во 20 часот.Загадениот воздух е темата која што ќе ја обработува изложбата, проблем кој што беше мапиран по пат на истражување како дел од изложбата на Индог.Илустрациите се дела на млади графички дизајнери и артисти од различни градови и го коментираат загадувањето на воздухот во Скопје со ПМ10 честички кои што во изминатите десет години е од два до четири и пол пати повисоко од граничните вредности пропишани од ЕУ за квалитет на воздухот.Куратор на изложбата е Индог и ќе може да се погледнат дела на: Medina Hodja, NaVe, Гога Стојковска, Дарко Лековски, Дијана Недева, Димитар Чаки Чакар, Јован Јосифовски, Кристијан Стевковски, Мартин Митровски, Матејин Бојан.Изложбата ќе биде поставена до 28 февруари 2019 година.

Магазин | пред 7 години

7 год.
cover

Чудовиштата живеат во фотографиите - изложба на илустрации на дизајнерот Давид Ристевски

Самостојната изложба на комбинација од илустрации со реални фотографии на дизајнерот Давид Ристевски, попознат како Dreadpen, ќе биде отворена на 12 февруари со почеток во 19.30 часот, во Concept 37 во Скопје. Изложбата носи наслов Photo Invasion и е инспирирана од Instagram фотографии, не/секојдневни искуства, стрипови, цртани и филмови.На изложбата ќе има инвазија на "украдени" слики од Instagram со илустрации од чудовишта со различен вид, изглед и форма. Оваа комбинација на реална фотографија со илустрација добива нова димензија и порака.Процесот на создавање на ликовите најчесто е спонтан и на некој начин претставува имагинарен излез од секојдневието кој еволуира во карактер. Со тек на време тој карактер прераснува во подобро осмислен и со своја приказна“- додава Ристевски.Исто така, на изложбата ќе може да се најдат и парчиња од новата зимска колекција на Dreadpen, кои заедно со сликите ќе бидат од продажен карактер.

Магазин | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Доколку се одржат и парламентарни и претседателски избори за регуларноста ќе гарантира техничка влада

Зоран Заев знае дека ја нема поддршката од граѓаните. Зоран Заев знае дека во фер и демократски изборен натпревар ќе виде поразен и ќе мора да си замине. Заев е исплашен бидејќи со заминувањето од власт институциите ќе бидат ослободени и ќе ги истражуваат криминалите на власта, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Затоа Заев и СДСМ бегаат од предвремени парламентарни избори заедно со претседателските. Доколку истовремено се одржат и парламентарни и претседателски избори за нивната регуларност ќе гарантира техничка влада и нема да може некзнето да се крадат стотици илјади гласови како на референдумот.Клучно оправдување на власта е дека предвремените парламентарни избори оваа пролет би ги закочиле реформските процеси кои ја придвижуваат државата на патот кон Европската Унија.Не е реформски процес политиката ,,едно евро за Заев, едно евро за Вицето’’. Не е реформа општиот грабеж на парите на граѓаните, преку криминални грантови, тендери и субценции.Не е реформа руинираното здравство како резултат на неспособноста на СДСМ, неспособност на власта која граѓаните неретко ја плаќаат со своите животи.Можеби кога говори за реформи СДСМ мисли на 400-те илјади граѓани кои секојдневно се борат со сиромаштијата и живеат со еден оброк дневно или можеби 80-те проценти на млади луѓе кои од најмали нозе прават планови како да ја напуштат државата?Дали можеби  клучна реформа и мега проект е отстранувањето на оградата од пред влада?Време е да се стави крај на црнилата, време е да се стави крај на погубните политики на власта, а  за сите оние реформи кои се од суштинско значење за македонското членство во Европската Унија, власта во периодот на техничката влада ќе добие целосна поддршка од техничките министри на ВМРО-ДПМНЕ.Предвремените парламентарни избори и техничката влада ќе го спречат и изборниот фалсификат за кој сме сигурни дека СДСМ го припрема со оглед на начинот на кој што беше спроведен референдумот за промена на името и локалните избори 2017-та година. Техничката влада ќе ги спречи ,,брзите’’ гласачи кои ,,гласаат’’  на секои 2,4 секунди, полнењето на кутии и поткупот на гласачи и секаков вид на изборни нерегуларности во очи на претседателските избори и на денот на изборите“, се наведува во партиското соопштение.

Македонија | пред 7 години

7 год.
ministerstvo-za-kultura-5

Ќе се разгледуваат апликациите кои беа одбиени на Годишните конкурси на Министерството за култура

Денес со почеток во 10 часот во просториите на Министерството за култура, ќе започнат со работа сите стручни комисии по одделни дејности кои ќе имаат задача повторно да ги разгледаат сите апликации кои беа одбиени на Годишните конкурси на Министерството за култура за 2019 година.Одлуките за сите одбиени апликации ќе бидат поништени, и по нивното повторно разгледување, доколку се утврдат недоследности, листата на поддржани проекти од национален интерес ќе биде дополнета.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Shkola-PRM_1

Започнува Школа за млади лидери на претседателот Иванов

Вкупно 40 учесници и над 20 предавачи од Македонија, Европа и светот ќе бидат дел од 10-та Школа за млади лидери, што по иницијатива на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, ќе се одржи од 11 до 22 февруари во Струга.Програмата на школата опфаќа предавања и обуки во сферите на лидерството и менаџментот од страна на еминентни предавачи и гости од врвни образовни и професионални институции, менаџмент-симулации и практични вежби.Идејата на претседателот Иванов е да се овозможи на младите талентирани и амбициозни луѓе да ги надградуваат и усовршуваат своите вештини, да ја развиваат својата креативност и менаџерски способности.На свеченото отворање на десеттата Школа за млади лидери во понеделник, 11 февруари 2019 година, во Струга, покрај претседателот Иванов, ќе се обрати и д-р Талал Абу-Газалех, претседател на Tag-org, глобалната организација за професионални услуги и едукација. На првиот ден од Школата за млади лидери предавање ќе одржи г. Сани Шенер, извршен директор на ТАВ аеродроми, а ќе се одржи и панел дискусија за предизвиците на 4-та индустриска револуција, тема што ќе биде во фокусот на десеттата Школа за млади лидери.Меѓу предавачите на годинешната Школа за млади лидери се г-ѓа Пинар Ајваз Арикан, Генерален Директор на Turkish Airlines во Скопје, г. Штефан Петер, Претседател на извршниот одбор на ЕВН Македонија, г-ѓа Фанија Самак од компанијата Микросам од Прилеп, г-ѓа Нина Ангеловска, коосновач на Grouper.mk, г-ѓа Љупка Арсова, Инженер за животна средина во Источната Истражувачка група, со седиште во САД, д-р Разије Невзат, Координатор на Одделот за социјални медиуми и дигитален маркетинг на Источен Медитеран Универзитет, г. Хозе Антонио Моралес, директор на Lincoln Island Initiatives, со седиште во Словенија, д-р Рашела Мизрахи од Бар Илан Универзитет, Израел, г. Методија Колоски, Претседател на Обединетата Македонска Дијаспора, г. Тонис Нирк, дипломатски претставник за дигитална економија од Естонија. Предавања на школата ќе одржат и други истакнати поединци, лидери на успешни компании, и претставници на етаблирани институции од Македонија, Европа и светот.Во рамки на одржувањето на 10. Школа за млади лидери, учесниците ќе го посетат новиот аеродром во Истанбул, отворен во октомври 2018 година, каде ќе бидат запознаени со неговото менаџирање како најголем аеродром во светот, а ќе го посетат и седиштето на авиокомпанијата Turkish Airlines.Школата за млади лидери е лична иницијатива на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов. Во изминатите девет години на школата учествуваа 360 млади луѓе и над 200 реномирани предавачи, меѓу кои поранешниот Генерален секретар на ОН, г. Бан Ки-мун, поранешните претседатели на Чешка и на Латвија, г. Вацлав Клаус, г-ѓа Ваира Вике – Фреиберга и г. Валдис Затлерс, поранешните претседатели на Србија, на Бугарија и на Албанија, г. Борис Тадиќ, г. Георги Прванов, г. Петар Стојанов, г. Бамир Топи и г. Реџеп Меидани, поранешниот потпретседател на Европската комисија и поранешен министер за надворешни работи на Италија, г. Франко Фратини, претседателите на Светската и на Европската академија на науките и уметностите, г. Иво Шлаус и г. Феликс Унгер, како и голем број амбасадори, функционери од Европската унија, директори на меѓународни институти и успешни бизнис компании и професори од реномирани светски универзитети.Школата за млади лидери беше прогласена за најдобар социјално одговорен проект во Европа за 2017 година од страна на Светскиот форум на бизнис ангели, а по тој повод оваа организација во 2018 година на претседателот Иванов му ја врачи наградата за Најдобар светски лидер кој инвестира во новата генерација.Учесниците на досегашните школи се организирани во Алумни асоцијација – ИСЛАА, регистрирана како посебно здружение, каде низ семинари, панел дискусии, предавања и учества во младински настани, се овозможува продолжување на развојот на нивните знаења и вештини.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

22 сообраќајки за време на викендот во Скопје

Две лица се тешко, а девет полесно повредени во вкупно 22 сообраќајки случени во текот на изминатиот викенд на подрачјето на СВР Скопје. Во 11 сообраќајки била причинета материјална штета.Од МВР информираат дека викендов сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Санкционирани се 194 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, 15 возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, седум возачи кои не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, четворица возачи за неправилно престројување, еден возач за неправилно престигнување, 10 возачи за не поседување зимска опрема во возилата, 20 возачи за не носење сигурносен појас и 44 возачи користеле мобилен телефон за време на управување на моторно возило.Санкционирани се и 15 пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин и осум пешаци кои поминале коловоз на црвено светло.Затекнати се 229 непрописно паркирани возила, а со специјалното возило пајак се отстранети 154 возила.Од сообраќај се исклучени 30 возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 29 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, четворица возачи почетници, како и 30 нерегистрирани возила и едно технички неисправно возило.

Скопје | пред 7 години

7 год.
3-3

Заев заедно со својата сопруга присуствуваа на отворањето на Европските младински олимписки игри во Сараево

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев заедно со својата сопруга Зорица Заева присуствуваа на церемонијата на отворање на Европските младински олимписки игри во Сараево, Босна и Херцеговина.Нашата држава на овој фестивал ја претставуваат Ана – Марија Зафировска и Никола Петковски. Обајцата на 12-ти февруари ќе се натпреваруваат во дисциплината „крос кантри“. За нив учеството на Европските младински олимписки игри е прво интернационално искуство и одлична можност за подготовка за претстојните олимписки игри во 2022 година.Премиерот Заев искажувајќи ја поддршката за овие двајца млади луѓе, рече дека за една земја нема поголем амбасадор од спортот.„Ја користам приликата да ги споделам чувствата, прекрасни овде на отворањето на Европските младински олимписки игри или Европски младински олимписки фестивал, којшто по повод 35 години од Олимписките игри, Сараево ’84 и познатиот Вучко се отвораат денеска овде.Навистина чувството е прекрасно. Мене ме потсетува на оние 10 години кога ги имав, кога буквално цела Југославија, цела Европа и верувам целиот свет беше фокусиран со очите широко отворени кон Сараево ’84 година. А имав денеска прилика и да ги видам чувствата на премиерот Денис Звиздиќ, којшто лично бил пред 35 години овде на отворањето на Олимписките игри во Сараево.Настанот е прекрасен. Навистина ја испрати и пораката на спортот и тоа што спортот може да го направи, единството, обединувањето, презентирањето на сите земји, младите категории и младинците коишто доаѓаат после нас,Верувам дека овие олимписки игри уште еднаш ќе помогнат на целиот Балкан, на целиот регион овде да се движи напред, кон европските вредности“, изјави Заев.

Македонија | пред 7 години

7 год.
777-620x350

(ВИДЕО) Момче неколку минути висеше на жичара во Босна и Херцеговина

Момче неколку минути висеше на жичара во Босна и Херцеговина.Драмата започнала кога детето се закачило со скиите на жичарата. Тој не успеал да се симне на време па ските му се заплеткале. Работниците ја застанале жичарата и му ги извадиле скиите со цел да му помогнат.https://www.facebook.com/CrnaHronikaBiHofficial/videos/324492664851756/

Свет | пред 7 години

7 год.
Rucna-Bomba-kasikara-granata-620x350

Маж загина откако активирал бомба во стан

Непознат маж загина од експлозија на бомба во населбата Варберг на југот на Стокхолм, соопшти полицијата.Според локалните медиуми тој активирал бомба во стан.Полицијата соопшти дека во тек е истрага за причината за експлозијата.

Свет | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања