Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
7 год.
mak-Nato-1

(ФОТО) Подигнато знамето на НАТО пред Влада

Во моментов на платото пред владата се одржува церемонија, на која се подигнува знамето на НАТО. Иако Македонија, со потпишувањето на пристапниот протокол доби место во Алијансата, постојат повеќе чекори до полноправното членство.Во првиот ред на свеченоста седат Љубчо Георгиевски, Хари Костов, Владо Бучковски и Мендух Тачи. Забележливо е едно празно столче, за кое се претпоставува дека било наменето за некогашнот претседател Бранко Црвенковски.Најкус период во кој што една земја станала полноправна членка по по потпишување на пристапниот протокол биле девет месеци.Според објаснувањето на НАТО, сега сојузниците треба да го ратификуваат протоколот за пристапување на Македонија според своите национални процедури.Откако сите сојузници ќе го ратификуваат протоколот, според процедурата, генералниот секретар на НАТО формално ја поканува земјата да му се приклучи на Северноатлантскиот сојуз.  

Македонија | пред 7 години

7 год.
aerodrom-skopje

На Граничен премин Аеродром Скопје пронајдено лице кое било на листа со мерка „Апси”

На 11.02.2019 година во 22.10 часот на Граничен премин Аеродром Скопје, при пасошка контрола, било констатирано дека С.В.(25) од Скопје се наоѓа на листата со мерка „Апси” по Наредба од Основен суд Скопје 1 поради сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ по член 131 став 1 од Кривичниот законик. Лицето било лишено од слобода и предадено на полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар.

пред 7 години

7 год.
zaev-cipras

Уште една номинација за нобелова награда за мир за Заев и Ципрас

Претседателот на Социјалдемократската партија на Црна Гора, Ранко Кривокапиќ, упати до норвешкиот Нобелов институт формална номинација годинашната Нобелова награда за мир да им се додели на премиерите на Македонија и на Грација, Зоран Заев и Алексис Ципрас. Причината иста, потпишувањето на Преспанската спогодба со која се решава спор стар 27 години, пишуваат црногорските медиуми.„Со овој историски Договор е затворено прашање, кое, не само што ја блокираше европската и евроатлантската иднина на Македонија долги 27 години, туку создаваше и јаз меѓу двете соседни земји. На овој начин двајцата премиери покажаа политичка подготвеност да носат надворешнополитички одлуки кои се однесуваат не само на иднината на нивните добрососедски односи, туку и на Европа во целина. Нивните лични напори и подготвеност на компромис за доброто на граѓаните на двете земји, се најдобар пример за мудро и долгорочно политичко визионерство, кое е неопходен предуслов за секое вистинско лидерство“, се наведува во поднесената номинацијата.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mvr1

МВР: За 24 часа четири сообраќајни незгоди, 100 мандатни платни налози и 78 возила се подигнати со специјално возило "пајак"

Во текот на изминатот ден (11.02.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно четири сообраќајни незгоди од кои две сообраќајни незгоди со телесни повреди и две со материјална штета. Во сообраќајните незгоди две лица се здобиле со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 73 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.Од сообраќај се исклучени 16 возачи од кои: двајца возачи затоа што управувале возило под дејство на алкохол, 13 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и еден возач затоа што бил возач-почетник. Исто така исклучени од сообраќај се и 16 возила бидејќи 15 биле нерегистрирани и едно затоа што било технички неисправно. Санкционирани се двајца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, пет возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, еден поради неправилно престројување, еден поради непоседување пропишана зимска опрема, 30 поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 33 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.Во однос на пешаците санкционирани се пет пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин и двајца пешаци поради поминување коловоз на црвено светло. Во текот на изминатите денови издадени се 100 мандатни платни налози и 78 возила се подигнати со специјално возило "пајак".

Скопје | пред 7 години

7 год.
plmi-skopje

Само 16 од 138 палми во Скопје ја преживеаа зимата

Во интервју за 24инфо директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, Адријан Муча изјави дека од засадените 138 палми во Скопје, во моментот се останати само 16.„Во моментот се останати уште 16 палми коишто се наоѓаат на кејот на Вардар. Како јавно претпријатие во соработка со Град Скопје, низ секоја зелена површина ќе засадиме цвеќиња и дрвја коишто ќе можат да се адаптираат на климатските промени и на нашето поднебје“, изјави Муча.Набавката на 1.100-те палми во Македонија чинеше околу половина милион евра. Како дополнителен трошок, тие лете беа туширани со специјални прскалки, а зиме беа облекувани во чоја и најлони. Градските власти велеа и дека издржуваат температури и под минус 15 степени.. 

Скопје | пред 7 години

7 год.
161753_jelena-karleusa_ff

Крлеуша без шминка, би ја препознаете ли доколку ја сретнете по улица?

Не запираат написите по медиумите за аферата на Јелена Карлеуша и фудбалерот Огњен Врањеш. Фудбалерот не запир да објавува фотографии со цел да ја омаловажи Јелена.Првите обиди му беа со експлицитните фотографии и преписки по социјалните мрежи во кои објави крајно интимни разговори.Сето тоа ј разгневи Крлеуша, па најави и судски спор.Најново Врањеш објви фотографија која наводно му ја пратила Јалена, на која таае крајно не препознатлива. Брем во каво светло не сме ја виделе Крлеуша, што мислите?

Магазин | пред 7 години

7 год.
rabota1

(ФОТО) Македонија виско на врвот, но по стапка на невработеност

Според „Голд брокер“, Македонија во моментов го дели шестото место со Ангола во светот според стапката на невработеност.Недостижен на врвот е Конго со 46 отсто, втора е Босна и Херцеговина со 35 отсто, а трето Косово со 30 отсто.Пред Македонија се само уште Јужна Африка со 27 отсто и Нигерија со 23 отсто.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Kamcev-Mijalkov

СЈО обелодени детали од истрагата: „Империјата“ на Камчев и Мијалков изградена од офшор фирми, испрани милиони евра

Десетици фирми се дел од истрагата за случајот „Империја“, во која главни осомничени се Јордан Камчев и Сашо Мијалков. Дел од фирмите се во Македонија, а другите се офшор компании од Панама, Америка, Холандски Антили, Сејшели, Девствени острови, Велика Британија. Преку нив биле префрлани пари во македонските компании најчесто низ банки од Кипар, кои биле користени како основачки влогови, или со нив се купувале имоти, акции. Обезбедени се многу документи, докази за трансфери на пари, а има и сведоци кои проговориле како осомничените ја граделе империјата. Дел од нив се плашат да зборуваат јавно, па најверојатно ќе добијат статус на загрозени сведоци, објави irl.mk.Според порталот докази се обезбедени од прислушуваните разговори, од посебни истражни мерки, од претресите во фирмите и домовите на осомничените и преку меѓународна правна помош од властите каде се формирани офшор фирмите.Од СЈО брифираат дека од јуни до октомври лани под посебни истражни мерки биле Јордан Камчев и други осомничени, но Сашо Мијалков не бил слушан и следен. Интересно е дека како „таргет“ за овој случај од „бомбите“ кои ги има СЈО биле сопругата на Камчев, Ана Камчева, потоа братот на Сашо Мијалков, Влатко Мијалков, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и новинарката Оливера Трајковска. Преку нивните разговори со осомничените биле добиени многу траги во кој правец да се движи истрагата.Досегашната истрага открива дека Јордан Камчев е кралот на офшорите, а заедно со неговиот некогашен пријател Сашо Мијалков кој користејќи ја моќната функција преку македонски фирми испрале милиони евра. СЈО обезбедило докази како се испрани 2,3 милиони евра преку „Ексико“ и „Финзи“. А, се уште се утврдува како се переле парите кои влегувале и излегувале од Македонија преку фирми од Израел, Швајцарија, Америка, Бахами, Кипар. Вкупната досега детектирана сума е 10,3 милиони евра.Со лажен стечај Јордан Камчев почнува да ја гради империјата...Порталот irl.mk обработува теми ...Камчев мозокот, Мијалков моќникот...Иста адреса во Америка на две офшор фирми...Груевски или Камчев – чии се парите со кои беа купени атрактивни плацеви на Водно...Со политичките потреси во земјава и смената на власта, почнува и распадот на пријателството на Мијалков и Камчев. Кавгите почнуваат во октомври 2017, а делбата на бизнисот официјално завршува во јуни 2018 година.Случајно или не во тој период почнуваат и посебните истражни мерки, а со нив не е опфатен Мијалков. Тој дури помага со неговото влијание во ВМРО-ДПМНЕ да придобие дел од пратениците да гласаат за договорот од Преспа.Камчев и Мијалков беа уапсени лани во ноември откако Никола Груевски избега од земјава, а по помалку од два месеца беа пуштени во домашен притвор.Од СЈО информираат дека се истражува и како од градежната фирма „Бетон Штип“ Јордан осомничените извлекле 4 милиони евра. Истрагата е насочена и кон „ЗИК Пелагонија“, МПМ (Јордан Камчев, Јана Станисављева и Срџан Керим), Графички центар и кон фирмата „Бест веј инвестмент“.Текстот во целост: irl.mk

пред 7 години

7 год.
ojo-1

ОЈО поднесе обвинение против членови на група кои вршеле изнуда и продолжена уцена на едно оштетено лице

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против две лица за сторено кривично дело – Изнуда од член 258 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.Обвинетите, заедно со уште едно лице кое е недостапно на органите на прогонот и по кое е распишана потерница, на 14.12.2018 година во еден трговски центар во Скопје со умисла се обиделе да присилат оштетено лице да им даде 10.000 евра. Притоа дејствувале како група, со намера да прибават противправна имотна корист и употребиле сериозна закана по животот на оштетениот.Имено, обвинетите неколку дена претходно телефонски го контактирале оштетениот и го принудиле на средба на која агресивно се однесувале и упатувале закани по неговиот и по животот на членовите на неговото семејство, барајќи да им исплати 10.000 евра. Оштетениот се согласил да се сретне со нив на 14.12.2018 година во еден трговски центар и да им ги даде парите, но намерата ја пријавил во полиција од каде му биле дадени обележани банкноти. Обвинетите се упатиле на договорената средба и пред трговскиот центар се раздвоиле. На оштетениот му се пристапил еден од обвинетите, додека другите го чекале во близина. Но, во тој момент ги забележал полициските службеници задолжени за безбедноста на оштетениот, започнал да бега и заминал во непознат правец. Останатите двајца обвинети биле затекнати и задржани во близина на местото на настанот и не успеале да го довршат кривичното дело.Во текот на истражната постапка беше утврдено дека една од обвинетите во периодот од 17.10.2016 година до 21.07.2017 година, со умисла искористувајќи исти прилики и ист траен однос, во повеќе наврати зела парични средства од истото оштетено лице. Таа, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, му се заканувала на оштетениот дека за него ќе открие нешто што може да наштети на неговата чест или неговиот углед и со тоа го присилила да и даде 10.500 евра и уште 450.000 денари. Со тоа, обвинетата сторила продолжено кривично дело – Уцена од член 259 став 1 од Кривичниот законик, па обвинителниот акт за неа се однесува и на ова кривично дело.Ценејќи дека и натаму постојат сите околности заради кои на двајцата обвинети претходно им беше определена мерка притвор, надлежниот јавен обвинител до Судот достави и предлог за продолжување на оваа мерка.

пред 7 години

7 год.
sneg-sad

Ледени бури во САД- затворени училишта

Во повеќе американски сојузни држави, училиштата се затворени поради снегот и ледените бури што повторно го зафатија северозападниот дел на САД.Снежната покривка во сојузната држава Вашингтон изнесува 36 сантиметри. З само еден месец, оваа сојузна држава ја зафатија три снежни бури.Според метеоролозите се очекуваат снег да паѓа и во текот на денот.Северна Калифорнија односно округот Хумболт е погоден бура, откако повеќе од 15 години не паднал снег.

Свет | пред 7 години

7 год.
protest-pazar

Законот за пазари пред уставен?

Тезгаџиите ќе поднесат иницијатива до Уставниот суд за укинување на Законот за пазари. Тие се закануваат со генерален штрајк, ако целосно не се укине Законот за трговија на зелените пазари. Според нив тој мора целосно да се повлече.Пазарчиите излез од проблемот кој ги затекна, бараат сплотено. Пазарџиит од сите градови како ќе делуваат.По најавите дека ќе има генерален штрајк, Министерот Бектеши уверува дека Законот ќе биде променет, а за тоа има време од една година.Инаку Законот за пазари беше предмет и на препукувања меѓу партиите. Опозицијата бараше целосно укинување и носење нов закон, а власта одложување на постојниот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
deponija-iscistena

Сепак имале срам - исчистена депонијата кај студенстксиот дом ,,Пелагонија“

Откако ЈП ,,Комунална хигиена“, ги засука ракавите, остана без работа. Исчистена депонијата во атарот на студенстксиот дом ,,Пелагонија“, во Кисела Вода.По силните реакции и критики во јавноста, некој ја исчисти депонијата зад домот.Да се надеваме дека студентите и раководството по критиките кои ги добија на социјалните мрежи, ја научија ГЛАВНАТА животна лекција.

Скопје | пред 7 години

7 год.
gordana-siljanovska

Силјановска: Омбдусманот да започне ревизија на вработувањата на блиските на функционерите и да ја исправи неправдата

Гордана Силјановска Давкова, кандидат за претседател на државата за непотизмот реагираше на својот Фејсбук профил.„За вработувањата на синови, ќерки, сестри, и други блиски роднини на партиски и државни функционериАпелирам Народниот правобранител да покрене постапка за утврдување на прекршување на едно од основните права на граѓаните, правото на еднаквост при остварување на правото на работа.Стотици можеби илјадници луѓе се жртви на партиски инжинеринг во кој од процесот на пристап до вработување се елиминирани луѓе со високи квалитети.Високо едуцирани кандидати, вредни, искусни експерти, студенти, магистри, доктори на науки со највисоки оценки станаа жртви на системот за да се вработат блиски роднини на актуелни политичари во врвот на партиите и власта.Наспроти студенти со просек 10 во јавните претпријатија се вработуваат луѓе за кои воопшто не дознавме какви квалификации поседуваат.Не очекувам оваа власт да го спречи непотизмот на своите највисоки претставници.Но верувам дека Омбдусманот може по анализа на процедурите при вработување на децата и роднините на политичарите да започне ревизија на оваа дискриминација со која ќе биде исправена неправдата.Без обезбедување еднаквост за сите свесно се туркаат младите луѓе надвор и се зголемува недовербата на граѓаните кон владеење на правото и принципот на еднаквост кој е еден од темелите на нашиот уставен поредок.II. ОСНОВНИ СЛОБОДИ И ПРАВА НА ЧОВЕКОТ И ГРАЃАНИНОТ1. Граѓански и политички слободи и праваЧлен 9Граѓаните на Република Македонија се еднакви во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување, имотната и општествената положба.Граѓаните пред Уставот и законите се еднакви“, напиша Силјановска.

Македонија | пред 7 години

7 год.
makraduli

Макрадули во одбрaна на Манчевски: Прашајте паталец дека ни знаење, ни искуство не помагаше за вработување

Заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули на својот Фејсбук профил застана во одбрана на министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, кој изјави дека „10 години членовите на СДСМ беа најдискриминирани граѓани во државата“.„За изјавата на министерот Манчевски, спремен сум да дебатирам со сите оние кои го негираат неговиот став. Се разбира ако имаат време.Како паталец со примери дека ниту искуство, ниту знаење нити просек, а не пак SCi трудови помагаат.Секако не сум бил единствен, некои поминале многу полошо и подолго, ама мора да повториме една лекција: солидарноста е одлика на социјалдемократите. Не за вработување, за Поддршка зборувам. Тоа преведено во претстојните избори значи: единствен кандидат за едноставна победа“, напиша Макрадули.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Комисијата за заразни болести со нови препораки за справување со епидемијата на морбили

На состанокот на Комисијата за заразни болести при Министерство за здравство донесени се нови дополнителни мерки за заштита на населението од епидемијата на морбили.„- Сите родители кои имаат деца со наполнети 6 месеци, а живеат на територијата на градот Скопје, од утре треба да се јават во најблискиот вакцинален пункт за да ги вакцинираат своите деца со МРП вакцината.Родителите пак, кои имаат деца на училишна возраст, а не се ревакцинирани или воопшто не примиле МРП вакцина, да ги вакцинираат децата, и ова се однесува за сите деца кои живеат во Македонија. Комисијата му предложи на Министерството да се почне со теренска вакцинација.- Родителите кои ќе се посомневаат дека нивните деца се заразиле со морбили, или имаат висока температура или пак веќе имаат осип на кожата прво да се јават на преглед во пунктови во Здравствените домови и по проценка на лекар од пунктовите, само со упат да се насочуваат кон Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.- За да се намали притисокот од пациенти на Клиниката за детски болести и Клиниката за Инфективни болести и фебрилни состојби, граѓаните се упатуваат во трите пунктови во поликлиниките „Јане Сандански“, „Бит-пазар“ и „Ѓорче Петров“. Во овие пунктови има дежурни лекари кои работат секој работен ден од 19.30 часот до 7.30 наутро, а за викендите се на располагање 24 часа во текот на денот.- Во работните денови, родителите треба децата прво да ги однесат на матичен лекар. На овие три места ќе се вршат комплетни прегледи со лабораторија на децата чии родители ќе се посомневаат дека можеби се заболени од морбили (мали сипаници). Доколку лекарите утврдат дека е потребно, пациентите ќе ги упатуваат на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Апелираме до сите родители, кои ќе забележат или ќе се посомневаат на првите знаци на болеста, висока температура, децата прво да ги однесат на овие три пунктови.На средбата беше констатирано дека вакцините кои се аплицираат во сите здравствени домови се со проверен квалитет, од европски производител и имаат добар рок на траење. Комисијата укажа дека само со колективен имунитет, или 95 отсто вакцинирано население со МРП вакцината, ќе може да ја спречиме епидемијата и смртноста кај населението, кај најранливата категорија, децата кои воопшто не примиле вакцина поради возраста или поради некои други хронични заболувања. Сите предходни мерки кои ги донесе Комисијата сѐ уште се на сила.Тоа значи дека децата кои не се вакцинирани со МРП нема да се примаат во градинките, се апелира за интензивна и неодложна вакцинација на децата кои се во добро здравје за да се подигне колективниот имунитет. Да се вакцинираат сите здравствени работници кои имаат непосреден контакт со пациенти заболени од морбили. Најстрого се забранува и посета на болни во сите здравствени установи.Потсетуваме, морбилите се високо заразно заболување кое лесно се пренесува по капков пат. Едно лице со морбили (мали сипаници) може да зарази 9 од 10 лица околу него кои не се вакцинирани.Досега се вакцинирани 6.276 деца само во Скопје, а пред прогласувањето на епидемијата во населбата Радишани, на 19 декември годинава, беа регистрирани околу 15 илјади невакцинирани деца со МРП вакцина. Родителите треба многу сериозно да ги сфатат насоките и од Комисијата за заразни болести и да ги почитуваат препораките на Министерството за здравство.Потсетуваме дека покрај вакцинацијата, не постои друг лек во светски рамки кој е познат на медицината базирана на докази. Со апстиненција од вакцинација, родителите го доведуваат своето дете во огромен ризик. МРП вакцината е со одличен квалитет, од европски производител, има добар рок на траење и поседува два сертификати за квалитет. Апел до родителите да ги вакцинираат децата, само така ќе ја спречиме епидемијата и ќе заштитиме некое друго дете од зараза и смрт поради компликации од морбилите“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Romansa-vo-maloto-gradce-Cover-Final-page-001

Роман за предвоените Евреи на македонски јазик

Романот „Романса во малото гратче“, своевиден реквием за предвоените Евреи, деновиве излезе од печат во издание на „Прозарт Медиа“.Автобиорафскиот роман, сметан за ремек-дело на авторот, е сместен во мало местенце во Литванија во пресрет на Втората светска војна, родно место на писателот Григориј Канович, познат како еден од најважните еврејски автори на нашето време.Воден од споменот на неговата сакана мајка, маестралниот раскажувач нè шета низ средината на својот семеен свет, рекреирајќи го минатото кое е неповратно уништено. Канович живо се сеќава на неговото родно место, на политичката криза од 1930-тите, на богатите трговци и чистачи на чевли, луѓето, озборувањата… Секако, тој го следи и растечкиот страв од нацистите, руската инвазија, политичкиот прогон и апсењата и прогонетите, што ја обликуваа нацијата.„Романса во малото гратче“ e роман полн со нежна наклоност, мека иронија и остри забелешки.Преводот од руски јазик е на Обухова Елена Сергеевна и Никола ШукановПисателот Канович го преживеал холокаустот речиси по чудо. Сега, тој е познат и ценет како чувар на колективното сеќавање на генерациите литвански Евреи и врвен прозен мајстор.

Магазин | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Променливо облачно време со локален снег

Денес времето ќе биде променливо облачно и постудено со повремен локален снеr, особено на запад и претежно претпладне. Ќе дува засилен северен ветер најизразен долж Повардарието и на југозапад. Температурата ќе се движи од 0 до 9 степени.Во Скопје променливо облачно време со сончеви периоди и температура од 2 до 5 степени.Утре врмето ќе биде променливо облачно со локални слаби врнежи од снег претежно на северозапад. Ќе дува засилен северен ветер.

Македонија | пред 7 години

7 год.
48372034_10210501433691358_8811544708221239296_o

Снег во Маврово, Крушево, Ѓавато и Плетвар

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на некои повисоки места во западните делови од државата има остатоци на кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонија Пат. Врнежи од снег со среден интензитет се бележат во Крушево, Маврово, Струга и на планинските премини Ѓавато и Плетвар, а со послаб интензитет на планинските премини Стража, Пресека, во Дебар и Кичево.ГП Виадукт трејд ДООЕЛ-Гостивар известува дека градежни активности ќе се изведуваат на обиколница , односно на делот од Хиподрм до Стенковец во времетраење од понеделник 11.02.2019 до 13.02.2019 (среда).Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони

Македонија | пред 7 години

7 год.
l9Gk9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvT1dVN01EQV8vYjdmNTRhNWI5ODA5NTYxNzRkODE1NGQwMThiNDljZDAuanBlZ5GTAs0C5ACBoTAB

Сообраќајот се одвива по влажни коловози, снег на Стража, Буково и Попова Шапка

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, каде наместа има остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонија Пат, а со слаб интензитет на планинските премини Стража и Буково. Во Крушево врнежите се од дожд и снег.ГП Виадукт трејд ДООЕЛ-Гостивар известува дека градежни активности ќе се изведуваат на обиколница , односно на делот од Хиподром до Стенковец во времетраење од денес понеделник 11.02.2019 до 13.02.2019 (среда).Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони

Македонија | пред 7 години

7 год.
dik

Премиерот Заев на средба со членовите на ДИК

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, придружуван од Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, денеска, се сретна со членовите на Државната изборна комисија (ДИК), предводени од нејзиниот претседател Оливер Деркоски.На средбата, се разговараше за тековни прашања поврзани со подготовките на сите потребни услови за успешна реализација на претстојните претседателски избори и предвремени локални избори во трите општини, Дебар, Охрид и Ново Село.„Владата дава принципиелна поддршка, согласно законските овластувања, да обезбеди реализација на законските потреби на Државната изборна комисија, затоа што организирани слободни и фер избори се врвна демократска придобивка, се јакне демократијата и се отстрануваат сомнежи за какви било нерегуларности“, рече премиерот Зоран Заев на средбата со членовите на ДИК.Претседателот на ДИК, Деркоски и членовите на Комисијата посочија дека таа работи професионално и го информираа премиерот Заев за преземени активности, меѓу кои активна и ефикасна едукација на членовите на Избирачките одбори, како и на Општинските изборни комисии со цел навремено, достоинствено и целосно да одговорат на законските обврски пред граѓаните.„Максимално сме посветени, со зголемен интензитет на ангажирање на луѓе и логистика, согласно законските прописи, да ги оствариме приоритетите и целите за реализација на фер и демократски избори“, нагласи претседателот на ДИК, Деркоски.На работната средба, сите учесници се согласија дека одржувањето на избори е тест за политичката зрелост на државата и изразија подготвеност и посветеност за максимална транспарентност, почит и кредибилитет на претстојните претседателски избори и локални избори во три града во државата.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања